build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 46>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11543
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #501 Posted: 25-Apr-2012 at 21:43
Originally posted by elnino


незнаев точно како да закачам слики........се помачив искрено ама неможев.....

Не е тешко
Ѕирни овде:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=181

Со оглед дека веќе си ставил некои слики на photobucket, сега се што треба да направиш е да го копираш кодот кај IMG code (По дифолт подесување се појавува кога лебдиш врз некоја слика и се копира автоматски кога ќе кликнеш во полето. Потоа едноставно го пастираш овде).

Еве една од твојот албум:


Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #502 Posted: 26-Apr-2012 at 00:40































сликите погоре се од патниот правец Кавадарци-мрежичко-мајден

проектот е реконструкција на крак витачево-мушов гроб должина 16,1 КМ

вредност 14 Милиони
алпине бау заедно со Пелагонија......

шифрата на патот не ја знам ама тука каде што завржува на последната.....се врзува на делницата Демир Капија-Мајден-Витолиште-Старавина-биТола кој е граден во текот на бачканските војни и во СХС.......
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #503 Posted: 26-Apr-2012 at 00:46
инаку патот е правен за рудникот Ржаново........во 70тите......и истиот е конструиран за да издржи тежина од 100 тона........ивичниците се големи(длабоки 70см)......но поради неоджавање и стоење на водата на асфалтот се расипа скроз.......инаку патот го кроистат најмногу ЈП мак Шуми, Кожувчанка Фени и Горска Вода.......
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11543
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #504 Posted: 19-May-2012 at 21:30
Еве некои дефиниции од законот за јавни патишта:

Член 4

Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење:


1. „Пат” е сообраќаен објект на кој се врши сообраќај;


2. „Јавен пат” е пат кој е определен како јавен пат и може да биде државен или општински;


3. „Државен пат” е јавен пат категоризиран како автопат, експресен пат, магистрален и регионален пат од прва и втора категорија;


4. „Автопат” е јавен пат специјално проектиран и изграден за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со физички раздвоени коловози по насоки, кој има најмалку две сообраќајни ленти и по една лента за принудно застанување во секоја насока, со раскрсници вон ниво, без вкрстување со друг пат, железничка пруга или со пешачка патека, на кој сообраќајот може да се вклучи, односно исклучи само на одредени места и посебно изградени приклучоци на јавните патишта на соодветна коловозна лента на автопат и кој е заштитен од пристап надвор од овие површини и има места за одмор на патници и сервиси за возила;


5. „Експресен пат” е јавен пат кој е специјално изграден и наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, означен со пропишан сообраќаен знак, со најмалку по една лента за секоја насока и лента за застанување, на кој сообраќајот може да се вклучи, односно исклучи само на одредени и посебно изградени приклучоци и кој е заштитен од пристап надвор од овие површини;


6. „Меѓународен пат” е јавен пат кој со меѓународен договор или спогодба што ги ратификувала Република Македонија е распореден во мрежата на меѓународни патишта;


7. „Магистрален пат” е јавен пат кој поврзува поважни региони на државата и кој се надоврзува на соодветните патишта на соседните држави;


8. „Регионален пат од прва категорија” е јавен пат кој поврзува подрачја на две или повеќе општини во државата и е од посебно значење за државата;


9. „Регионален пат од втора категорија” е јавен пат со функција на општински пат, а кој поради значењето за државата е категоризиран како државен пат;


10. „Општински пат” е јавен пат кој поврзува населени места на општината и е од значење за сообраќајот во општината;


11. „Земјен пат” е пат без изградена коловозна конструкција;


12. “Макадамски пат” е пат со изградена коловозна конструкција без асфалтирана или бетонирана засторна површина;


13. „Коловоз” е дел од површината на патот наменет првенствено за сообраќај на моторни возила, кој е составен од една или повеќе сообраќајни ленти;

 

14. „Труп на пат” е конструктивен елемент што го сочинуваат горниот и долниот строј на патот, вклучувајќи го и земјиштето на кое е изграден;


15. „Патен појас” е просторот од двете страни на трупот на патот кој се протега најмалку еден метар сметано од крајниот раб на напречниот пресек на патот;


16. „Воздушен простор” е заштитен простор од минимум седум метри над највисоката точка на коловозот или на патниот објект, а кој се протега над целата воздушна заштитена зона;


17. “Заштитен појас“ е земјен појас од двете страни на патниот појас во кој не можат да се градат објекти, освен објекти кои се во функција на патот;


17-a. “Објекти во функција на патот“ се објекти кои служат за потребите на возилата и патниците учесници во сообраќајот;”


18. „Непречен пресек на пат“ е нормален пресек на подолжната оска на патот во кој се вклучени коловозот, банкини, разделен појас, косини, риголи, одводни канали, патна опрема и објекти за заштита на животната средина;


19. „Крстосница” е површина на која се вкрстосуваат или соединуваат два или повеќе јавни патишта;


20. „Улица” е сообраќајница во населено место наменета за сообраќај на возила која може да биде сочинета од коловоз, тротоари, велосипедски патеки и разделни острова;


21. „Јавно паркиралиште” е посебно уреден и обележан простор наменет за паркирање на определен вид возила. Јавните паркиралишта можат да бидат надвор од површините опфатени со патиштата и улиците или на самите патишта и улици;


22. „Магистрална улица” е сообраќајница во населено место која поминува низ поголемиот дел од населеното место и се поврзува со магистрален или регионален пат;


23. „Собирна улица”е сообраќајница во населено место која го собира сообраќајот од сервисни, станбени и локални улици и се поврзува со магистрална улица или општински пат;


24. „Сервисна улица” е сообраќајница во населено место која ги поврзува собирните улици со станбените и локалните улици;


25. „Станбена улица” е сообраќајница во населено место која ги поврзува станбените и деловните објекти со собирната и сервисната улица;


26. „Патарина“ е наплата на одреден надоместок за возило кое поминува растојание меѓу две точки на патната инфраструктура во зависност од поминатото растојание и видот на возилото;


27. „Надоместок за употреба на пат (патна такса)“ е наплата на одреден износ кој на соодветно возило му дава право за одреден период да ја користи патната инфраструктура;


28. „Објекти на јавен пат“ се мостови, подвозници, надвозници, пропусти, тунели, галерии, потпорни конструкции, подземни и надземни премини, објекти за наплата на патарина и слично и


29. „Пристапен пат“ е дел од јавниот пат со кој јавниот пат се надоврзува до објектите на тој пат.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1473
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #505 Posted: 30-May-2012 at 14:54
Како сликава држи вода, тоа е чудо невидено.
 
Eeek
 



Edited by Dexter26 - 30-May-2012 at 14:55
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4138
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #506 Posted: 30-May-2012 at 18:53
Го имав видено за Србија Пат пред 4-5 месеци, а тие сигурно го украле од друго место. Ама држи вода! Како што држат вода дупките по магистралните патишта!
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #507 Posted: 01-Jun-2012 at 08:49
неофицијално патниот правец висорамнина Витачево-месност Мушов Гроб....во должина од 16км, од горните слики ке престане да се гради......демек фирмата која го добила тендерот......незнамкоја е н.з. од Штип или Кочани е......е во ликвидација и тендерот е пропаднат.......патот се асфалтира само 4км прв слој.......сега др=авата пак ке распишува тендер и ова лето пак ке е загубено...бтв подизведувач е Пелагонија и многу лошо го изведуваше патот.......
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5576
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #508 Posted: 05-Jun-2012 at 23:43
Локалниот пат за с:Црнилишта,Прилепско.поголема катастрофа во живот не сум видел.Луѓето се гревови божји



By gjokomkd at 2012-06-05

By gjokomkd at 2012-06-05

By gjokomkd at 2012-06-05
Back to Top
N23 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2038
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #509 Posted: 06-Jun-2012 at 00:26
Објавив една од сликиве на фб, и сосема очекувано каков одговор добив:

Ако бараш ваков пат, да не ти сликам патишта во АНКАРА, ИСТАНБУЛ. А сум видел бетер и во РИМ , МИЛАНО, ВЕНЕЦИЈА... во шума нз што очекуваш. Џабе си се црниш самиот себе!

Тоа е реалноста кај нас, затоа нема чудење што добар дел од народот е задоволен со се.
23ka.wordpress.com
Back to Top
elnino View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 44
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #510 Posted: 17-Jun-2012 at 23:21
хахаха, кај сака да е патот ако има минимална наклонетост од 1,-1,5% да бега водата, добар горен строј добра набиеност и дебел и квалитетен асфалт со сите попатни елементи како канавки да се нови чисти испусти и се.......значи главниот проблем е сепак водата и редовно одржување патот ке трае 30 години.....јас се обложуам па макар и секоа ден да врне,......а тој така шо пише е искомлексиран
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2943
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #511 Posted: 06-Jul-2012 at 14:30
Знае ли некој (или барем како претпоставка), од каде е планирано да започнува автопатот Миладиновци-Штип. Прашањето поточно гласи каде точно треба да биде клучката кај Миладиновци:
а) постоечката клучка кај ОКТА ќе се направи со 4 краци
б) јужно од сегашната клучка, помеѓу Аеродромот и ОКТА
в) северно од сегашната клучка, помеѓу ОКТА и Куманово

Одговорете дури и ако имате само претпоставки Smile


Edited by Andrej_LJ - 06-Jul-2012 at 14:30
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #512 Posted: 06-Jul-2012 at 14:36
Најлогично е да биде под а). Мислам дека на сликите кои ја прикажуваат еколошката студија (веројатно ги има некаде во нишкава) може да се забележи истово.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2943
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #513 Posted: 06-Jul-2012 at 15:17
Глупостиве ги прашувам оти правам нов целосен систем за патната сигнализација во Македонија.
Инаку кој е државниот код на Косово: КС или РКС?
Регионалните патишта се обележуваат со RXXX бројка, во жолто квадратче со црни букви, а магистралните со МX на темно плава основа нели?
Е сега дали има цртичка помеѓу буквата и бројот на патот? Нпр. кое е правилно: R100 или R-100 / M1 или M-1? На различни извори и мапи различно се обележани. Инаку на А и Е патиштата нема - помеѓу.


Edited by Andrej_LJ - 06-Jul-2012 at 15:18
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11543
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #514 Posted: 06-Jul-2012 at 15:40


Автопатот дефинитивно е планирано да почнува кај постоечката клучка Миладиновци, со нејзина модификација во четирикрачна. (инаку да не внесуваме забуна со имињата бидејќи спомна клучка кај ОКТА, таму има друга клучка специјално за влез во рафинеријата, а оваа клучка кај што ќе почнува автопатот и официјално се вика клучка „Миладиновци“).

За Косово немам поим...

Инаку во право си за номенклатурата на Р и М патиштата, а цртичка помеѓу буквата и бројот на патот ставаат или не ставаат во зависност од моменталната „инспирација“, но најчесто ставаат и што е побитно според регулативата правилно е со цртичка, сигурен сум бидејќи и јас бев во дилема за ова и некаде во некој документ имам налетано на одговор (најчесто дури ставаат цртичка и кај Е патиштата  Roll%20eyes ).

Енивеј, дали си во тек со новиот развој на настаните:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1430

?

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2943
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #515 Posted: 06-Jul-2012 at 17:25
Originally posted by Cloverstack



Автопатот дефинитивно е планирано да почнува кај постоечката клучка Миладиновци, со нејзина модификација во четирикрачна. (инаку да не внесуваме забуна со имињата бидејќи спомна клучка кај ОКТА, таму има друга клучка специјално за влез во рафинеријата, а оваа клучка кај што ќе почнува автопатот и официјално се вика клучка „Миладиновци“).

За Косово немам поим...

Инаку во право си за номенклатурата на Р и М патиштата, а цртичка помеѓу буквата и бројот на патот ставаат или не ставаат во зависност од моменталната „инспирација“, но најчесто ставаат и што е побитно според регулативата правилно е со цртичка, сигурен сум бидејќи и јас бев во дилема за ова и некаде во некој документ имам налетано на одговор (најчесто дури ставаат цртичка и кај Е патиштата  Roll%20eyes ).

Енивеј, дали си во тек со новиот развој на настаните:
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1430

?



Да во тек сум, но не им ја признавам нити под разно. Crazy Да правам систем за сообраќајна сигнализација по малоумен систем ми изгледа тотално безсмислено, затоа си терам по нумарација која јас ја имам направено, а ги вклучува само А и Е патиштата, додека другите ги зимам од ОупенСтриитМеп (М се заменети со Е во најголемиот број случаи).
Што се однесува до М и Р патиштата, мислам дека е попаметно да се замени Р со R заради поголема препознатливост (Regional road), така што најверојатно ќе терам така.
Инаку знаците ќе бидат направени врз основа на идната/планираната ситуација на терен, не денешната. Затоа и прашав за клучката Миладиновци, за знаците да ги направам од таму кон Штип и Струмица.
Има многу интересни новитети кои ги планирам, многу важни и применливи новитети кои се во употреба во Европа.
Еве како ја замислувам јас нумерацијата на А-патиштата кај нас (се разбира А значи автопати, но не по целата должина. Се работи за здружување на А и М патиштата во едно):



А1-Е75 (К10)  Табановце - Миладиновци - Петровец - Велес - Гевгелија
А2-Е65-Е871 (К8) Деве Баир - Куманово - Миладиновци - Скопска Обиколница - Тетово -Кичево - Охрид-север
А3-Е65 Блаце - Скопска Обиколница - Миладиновци - Штип - Струмица - Ново Село
А4-Е65 Делчево - Штип - Велес - Битола - Охрид-исток
А5-Е852 Ќафасан - Струга - Охрид-север - Охрид-исток - Охрид-југ - Пештани - Св. Наум
А6-Е65 Битола - Лерин

Започнав според едни знаци кои ги направив набрзина за Софија и ми се бендисаа. Се разбира нашите ќе бидат уште порафинирани, обмислени, исчистени и точни.Не ми е целта да направам примери на табли, туку целосен последователен систем, каде точно ќе се знае од кога до кога, каде и кој град ќе се означува, во кои случаи би се означувал град во странство, меѓународен код на држава, означување на транзитот на камиони, означување на граничните премини...
Еве го знакот од Софија, каков што сличен би имало на Скопската Обиколница:



Еве еден пробен знак во Македонија. Се наоѓа крај Куманово, односно денешната клучка Куманово, која се прекрстува во Куманово-запад или Куманово-центар, бидејќи кога би се изградил К8 кон Кр. Паланка, Куманово сигурно би  добил уште една клучка: Куманово-север:



Инаку системот е мешавина од оној во Хрватска и Чешка.
***Иначе луѓе знаевте дека во Македонија има уште едно Е-коридорче, кое е многу кратко и врви од Охрид до Ќафасан, со бројка Е852? Јас тоа го имам откриено пред неколку години, но го имам заборавено. Не паметам да сум видел накај Охрид/Струга да го има на било кој знак.


Edited by Andrej_LJ - 06-Jul-2012 at 17:38
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5576
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #516 Posted: 14-Jul-2012 at 14:58
Ѓорѓиев: До крајот на годината ќе се изградат 76 локални и 4 регионални патишта


До крајот на годинава ќе бидат изградени дополнителни 76 локални патишта со вкупна должина од 176 километри, во вредност од околу 15 милиони евра, за кои се потпишани договори, и најмалку 4 регионални правци во должина од 74 километри, во вредност од над 10 милиони евра, соопшти портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

-Динамиката е следна јули: 25 локални патишта со должина од 54 километри и инвестиција од 4,54 милиони евра; август: 26 локални патишта со должина од 62 километри и инвестиција од 4,78 милиони евра; септември: 8 локални патишта со должина од 19 километри и инвестиција од 1,11 милиони евра; октомври: 10 локални патишта со должина од 25 километри и инвестиција од 2,26 милиони евра и ноември: 7 локални патишта со должина од 16 километри и инвестиција од 1,56 милиони евра, информираше Ѓорѓиев.

Тој, исто така, рече дека во тек е постапка за избор на изведувачи за 32 локални патни правци за Пелагониски, Југозападен, Полошки и Скопски регион, која ќе заврши за 20 дена и тоа значи дополнителни нови 30 локални патишта.

Владиниот портпарол информираше дека на почетокот на август ќе бидат распишани два повика за избор на изведувачи за околу 60 дополнителни локални патни правци за сите осум региони, чија градба би започнала крајот на оваа година.

-Апелираме до градоначалниците да аплицираат во Агенцијата за државни патишта со свои проекти итно и најскоро, за да влезат во програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и да ги задоволат интересите на граѓаните, рече Ѓеорѓиев.

Покрај локалните патишта, додаде тој, континуирано се работи и на изградба, реконструкција и рехабилитација и на регионалните патни правци.

-До ноември 2012 година ќе бидат завршени 4 патни правци: Струга – Дебар, Кавадарци – Мушов Гроб, Ангелци – Вељуса – Водоча – Баница, Радовиш – Конче – Лубница. Вкупната должина на овие патишта е 74 километри, во вредност до над 10 милиони евра“, информираше портпаролот на Владата.

Тој потсети дека во тек се повици за избор на најповолен понудувач за регионалната делница Бошков мост – Гарски мост во вкупна должина од 8,2 километри, и за Тетово – Јажинце во вкупна должина од 16 километри, за кои се очекува по изборот веднаш да се отпочне со градба.

-Оваа Влада е прва влада која силно и програмски се осврна на овој битен сектор на локална и регионална комуникација и има реализирано повеќе стотици километри проекти, и во идниот период Владата ќе ангажира и внимание и средства за поддршка на патната инфраструктура, истакна Ѓеорѓиев.

Тој информираше дека во 2010 година се завршени 53 локални патишта во вкупна должина од 116 километри, а во 2011 се завршени дополнителни 76 локални патишта во вкупна должина од 155 километри. Заклучно со јуни 2012 година се завршени дополнителни 24 локални патишта во вкупна должина од 45 километри.
http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/785049/index.html
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1223
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #517 Posted: 15-Jul-2012 at 17:56
Samo tolku?
A sto e so ekspresnite patista i sekako avtopatistata, ili sega se blizat lokalni izbori pa ke se skoncentrirtat na lokalno nivo?
Back to Top
N23 View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2038
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #518 Posted: 29-Jul-2012 at 20:24
Изјава од претседателот на Владата, а пренесена во Вест. За жал ја нема во електронското издание.

- Деведесет и девет отсто од луѓето патуваат еднаш во годината по автопат. Луѓето секојдневно патуваат по локални патишта и затоа во голема мера се фокусиравме на нив. Не ни е цел да се фалиме со километри автопатишта.
Нормално се пофалил со Куманово-Табановце и скопската обиколница, или за 6 години изградени околу 40 км.

Изолирај, апстинирај, централизирај. Немам други зборови за вакви изјави, кога очигледно некој свесно сака сите или да ги пресели во Скопје или да си седат само во своите места.
23ka.wordpress.com
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 5576
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #519 Posted: 28-Aug-2012 at 22:17
Поставен камен-темелник за патот до манастирот Трескавец
Вторник, 28 Август 2012 20:06

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Денеска беше поставен камен темелникот за изградба на сега тешко пристапниот пат до манастирот во должина од 7,5 километри, а со ширина од 3,5 метри.


Првично, финасиската конструција на прoeктот, кој го изработи прилепската локална самоуправа, се проценува на околу 81 милион денари, средства кои ќе ги обезбеди Министерството за транспорт и врски преку Владата на Република Македонија.

Манастирот Трескавец е споменик на културата. Посебно црквата Успение на пресвета Богородица каде во неколку наврати се вршени реставраторски работи. Но, ставен е на листата на 100 најзагрозени светски споменици на културата.

Токму затоа формирано е координативно тело во кое е и министерката за култура Елизабета Канческа Милеска. Еден од главните услови да се преземат чекори за поголема заштита на манастирот беше и изградбата на патот.

Според планот, патот треба да биде готов за година и пол.

http://kurir.mk/republika/opstini/82679-Postaven-kamen-temelnik-za-patot-do-manastirot-Treskavec
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 282
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #520 Posted: 13-Sep-2012 at 19:48
Vo vrska so makedonija pat neznaev kade da go stavam a i slikata e ukradena od ovoj forum nas kamion na asfaltiranje vo negotino od kade si ima vrska mojata slika so krizata vo makedonija pat ??

Ревизијата откри дека нема контрола врз парите во Македонија пат

Соња Јованова
Анализирајќи ја работата на јавното претпријатие од 2008 до 2011 година,  Државниот завод за ревизија констатира дека воопшто нема контрола врз приходите и расходите, ниту врз јавните набавки и плаќањето данок
Што утврдија ревизорите?

 нема контрола врз приходите, расходите, набавките, плаќањата и врз договорите за јавни набавки

 наплатата на патарина е злоупотребена

 нафта од државните резерви без надомест

 прикажување нереални приходи од трети лица

 прифаќање рок за плаќање до 15 дена, кој не се почитува

 набавка на ист производ во ист период од еден доставувач, но со различни договори

 3,8 милиони евра склучени јавни набавки без обезбедување фер конкуренција и еднаква положба на понудувачите

 кршење на Законот за ДДВ и на Законот за плаќање на долговите на рати.

Ниту еден од финансиските извештаи на Македонија пат во време кога со ова јавно претпријатие директорувал Горан Стојковиќ не е позитивен. Анализирајќи ја работата на претпријатието од 2008 до 2011 година, Државниот завод за ревизија констатира низа неправилности.

Утврдено е дека воопшто немало контрола врз приходите и расходите, набавките и плаќањата, но и врз тоа како се доделуваат договорите за јавни набавки. Иако е намалена ликвидноста на претпријатието, ревизорите забележаа дека констатно се зголемуваат расходите за штети, камати и судски трошоци, како и за долгови по основ на ДДВ. Иако е веќе и јавно познато, се забележува и дека наплатата на патарина е крајно злоупотребена, за што во тек се судски процеси.

Државниот завод за ревизија утврди и многу активности во претпријатието спротивни на законот, како на пример, покривањето на негативните финансиски извештаи и начинот на којшто Македонија пат добивала нафта од државните резерви.

„Македонија пат до 2010 година во трговските книги ја покрива загубата од 12 милиони евра, направена од 2006 до 2010 година, врз основа на акти без запазена хронологија. Уште од 2009 година на Македонија пат му беше одобрена нафта од државните резерви без надомест. Од 2009 година биле одобрени 2.335 илјади литри нафта во вредност од 1,5 милиони евра, што не е во согласност со законот. Исто така, менаџментот, во отсуство на реални приходи и во услови на загуба, прикажувало нереални приходи од трети лица за да прикаже позитивен извештај. На пример, планирани биле шест милиони евра, а биле остварени 500.000 евра“, пишува во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Иако речиси 90% од приходите на Македонија пат се пари што Агенцијата за државни патишта ги уплаќа од извршени работи, сепак, ревизорите утврдија дека не постоеле интерни контроли за да се види дали сите пари завршуваат во претпријатието. Затоа, ревизорите препорачуваат воведување автоматски систем за наплата на патарина.

4,6


милиони евра треба да плати Македонија пат за судски решенија и камати поради штети на пат

Констатирани се и низа нерегуларности во делот на јавните набавки. Иако Македонија пат работи со загуба, во многу од јавните набавки менаџментот ставал рок за плаќање до 15 дена, кој не биле почитуван. Од ист доставувач во ист период се вршеле набавки по ист производ, но со различни договори, што фрлало сомнеж за незаконското трошење пари, а не се користеле ниту електронски аукции. Вкупно 3,8 милиони евра склучени договори преку јавни набавки, според ревизорот, се спроведени без обезбедување фер конкуренција и еднаква положба на понудувачите.

„Не се извршени објави на две постапки за доделување договор за јавна набавка, набавка на индустриска сол за патиштата, кои без вклучен ДДВ се проценети на 500.000 евра. Не е презентирана банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорите, не се доставува извештај за секој склучен договор за да се објавуват на интернет-станицата на Бирото за јавни набавки“, пишува во извештајот на ревизорот.

Ревизорите предупредуваат дека Македонија пат ги крши Законот за ДДВ и Законот за плаќање на долговите на рати, со кој на јавните претпријатија им се дозволи да ги плаќаат долговите кон УЈП на рати. За данок Македонија пат должела 758.000 евра до 2010 година, кои треба да бидат платени до февруари 2013 година. Но, заклучно со 2011 година, поради неплаќање во континуитет се собрале вкупно 3,2 милиони евра долг кон УЈП.

http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/84054/revizijata_otkri_deka_nema_kontrola_vrz_parite_vo_makedonija_pat.aspx?iId=2737


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2425262728 46>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.171 seconds.

Copyright ©2007 - 2014  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.