build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3233343536 77>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #661 Posted: 03-Nov-2013 at 03:02
 
http://youtu.be/r4KlvM7SQOM


со мобилен и сам возиш сам снимаш толку, ЛОШ квалитет, не бев трпелив да го дочекам апаратот....

Edited by elnino - 03-Nov-2013 at 03:06
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #662 Posted: 03-Nov-2013 at 04:22
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12982
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #663 Posted: 03-Nov-2013 at 10:04
Браво за сликите и за видеото. Се радувам кога ќе видам дека нештата се движат во позитивна насока.  Thumbs%20Up
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12982
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #664 Posted: 03-Nov-2013 at 10:21

Нов асфалт за патниот правец Крива Паланка – село Мождивњак



Во завршна фаза е реконструкцијата на патот кој Крива Паланка ги поврзува селата Мождивњак и Конопница.

Станува збор за патен правец Крива Паланка Паланка-село Мождивњак, преку село Конопница кој е во должина од 2.670 метри.

Како што информираат од Општината, овој пат се реконструира со средства од програмата на Владата за реконструкција и рехабилитација на локалната патна инфраструктура, за која од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) беа обезбедени 409.000 евра.

Со овие средтсва, покрај патот Крива Паланка – село Мождивњак, дел ќе бидат наменети и за реконструкција на патот од Крива Паланка до село Мартиница, преку населба Скрљава, со вкупна должина од 1130 метри.

http://lokalno.mk/nov-asfalt-za-patniot-pravec-kriva-palanka-selo-mozhdivnjak/

За сè има вторпат
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #665 Posted: 03-Nov-2013 at 18:51

Регионалниот 108 беше изгребан горниот строј, но долниот е во беспрекорна состојба...

еве продолжеток на остнатите 13км до Кавадарци

http://www.youtube.com/watch?v=Fnwb2IqSzd8




Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2393
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #666 Posted: 03-Nov-2013 at 18:59
Најдов еден сајт со квалитет на патиштата низ светот.

Македонија има скор 3.1,додека соседите имаат: Албанија(3.5), Србија(2.5), Бугарија (2.1), Грција (4.1).

Подобар квалитет на патна мрежа од имаме и од Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и од членките на ЕУ- Полска, Романија,Летонија, Eстонија и Малта.

Најдобра патна мрежа имаат Франција (6.6), Сингапур (6.6) и Швајцарија (6.5), а најлоша: Молдавија (1.3), Монголија (1.7) и Босна и Херцеговина (1.8), со напомена дека недостасуваат податоци за повеќе земји во Африка, Централна Азија, Океанија и Карибите.

Еве го линкот:

http://www.datapult.info/en/content/quality-roads-wef-globalcompetitivenessreport-2010-11

Edited by phenomenon - 03-Nov-2013 at 19:05
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #667 Posted: 03-Nov-2013 at 19:07
Според линкот Албанија има подобар квалитет на патната мрежа од нас за 0.5 што е просто неверојатно кога би знаеле дека Албанија во моментов скоро и да нема асални патишта, а од друга страна Бугарија има пониска оцена од нас, а има можеби 10 пати подобра инфраструктура и реновирани патишта.
Според мене податоците се далеку од релевантни.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #668 Posted: 03-Nov-2013 at 19:19
Албанија има и во моментов многу гради патишта.Има доста и автопатски делници.тамо каде се реконструирани нивните патишта,коловозот е многу порамен него кај нас.возењето е течно и мазно,без оглед на кривините и угорниците
Back to Top
antigona View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 16-Jan-2012
Online Status: Offline
Posts: 48
  Quote antigona Quote  Post ReplyReply #669 Posted: 03-Nov-2013 at 23:37
Па зарем е ова можно кај нас, конечно пат кој не е само обновен со квалитетна подлога и асфалт, па згора на тоа е и со хоризонтална и вертикална патна сигнализација според потребниот стандард! Целокупниот имиџ на Македонија би се променил кога сите патишта би изгледале како ново-реновираниот пат Росоман/Кавадарци - Мушов Гров. Особено ќе обрнам внимание на фактот дека на оваа реновирана патна делница хоризонталната сигнализација опфаќа не само средишна бела лента, туку и бели ленти и по страните, што е исклучително значајно за безбедноста на возењето, особено навечер. Честитки и да не се застане само на овој пат!

Edited by antigona - 03-Nov-2013 at 23:39
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #670 Posted: 04-Nov-2013 at 00:19
исто вака се прави и на патот дебар-струга.бели ленти по краевите,банкини каде ги нема,нови столбчина,знаци,посебно оние за оштра кривина кои ги има на секое поопасно место
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #671 Posted: 04-Nov-2013 at 00:23
 да се возиш навечер е вистинско уживање, не се заморуваш.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2393
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #672 Posted: 04-Nov-2013 at 00:41



Навистина импресивен е патот Кавадарци-Мушов Гроб. Дај Боже истата фирма да го прави и патот за Кокино.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #673 Posted: 04-Nov-2013 at 13:16
Започна асфалтирањето на локалниот пат до манастирот св. Богородица кај Суводол


По повеќемесечна интензивна работа на подготовка на теренот што значеше трасирање и пробивање на потполно нова траса од селото Суводол до возобновениоТ манастир Св. Богородица, градежната оператива на компанијата „Илинден“ започна со асфлатирање на овој нов локален патен правец.


Како што информираат од Општина Демир Хисар, дожината на трасата е околу 2.500 метри, каде се поставува квалитетен асфалт со нагазена дебелина од 7 сантиметри.


Патот ќе биде широк 7 метри, од кои 3,5 метри за асфалтну лента и по 70 сантиметри тампон банкини од двет страни на коловозот.


Како дел од градежните активности, целосно и квалитетно е решено одводнувањето и собирањето на атмосферските води, на поголемите свиоци изградени се неколку поголеми проширувања на теренот за полесно разминување на возилата.


Од Општина Демир Хосар информираат дека изградбата ќе зависи од временските прилики, додека средствата за изградба на овој капитален објект се обезбедени преку Светската банка.


Манастирот Св. Богородица е изграден со средства доделени во форма на грант што го доделија Министерството за култура и Светска банка во рамките на проектот „Развој на општините и културата“.

http://lokalno.mk/zapochna-asfaltiranjeto-na-lokalniot-pat-manastirot-sv-bogorodica-kaj-suvodol/


Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1748
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #674 Posted: 04-Nov-2013 at 14:00
Raskrsnicata kade se svrtuva za Konopiste trebalo da ja prosirat. Inaku patot e top!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12982
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #675 Posted: 04-Nov-2013 at 14:04
Асфалт до Еленец, село Цера, општина Македонска Каменица



Изминативе неколку дена интензивно се работи на изградба на асфалтен пат до манастирско-туристичкиот комплекс на месноста Еленец, село Цера. Со овој инфраструктурен проект значително ќе се подобри пристапот до комплексот. Изградбата на новиот асфалтен пат е дел од проектот за изградба на манастирско-туристичкиот комплекс Еленец, кој опфаќа и реконструкција на два од шестте манастирски конаци, изградба на еко-патеки, поставување на урбана опрема и осветлување. Финасиските средства се обезбедени преку IPA Програмата за прекугранична соработка, на која беше аплицирано заеднички со општина Белица, Бугарија. Вкупната сума која ќе ја добие општина Македонска Каменица за комплетна реализација на овој проект е околу 300.000 евра.









За сè има вторпат
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 126
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #676 Posted: 04-Nov-2013 at 16:22
можеше да, мене ми прече и што кривините не ги исправија по еден метар, може таков бил проектот, којзнае, една мана забележав, го нема проширувањето во кривини по формула како што е, за разминување на шлеперите на кожувчанка и Горска со останатите камиони на пример на Мак Шуми, веќе имаше мали судири
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #677 Posted: 04-Nov-2013 at 18:33
кај нас патишта и пруги се прават исклучиво по изохипси и пратејќи го теренот.забрането е све друго
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7327
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #678 Posted: 04-Nov-2013 at 21:46
патов е како создаден за рели настани... а за нормални возила и секојдневен сообраќај, не
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 692
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #679 Posted: 10-Nov-2013 at 13:59

Пуштен во употреба реконструираниот пат Пробиштип-Свети Николе

Пуштен е во употреба целосно модернизираниот регионален патен правец Свети Николе-Пробиштип во должина од 28 километри што досега не беше функционален. Станува збор за проект на Владата вреден 52 милиона денари што го реализира ЈП „Македонија пат“.

 

 sv-nikole-probistip

 

- За време на изборите дадовме ветување кое, не само што го исполнивме, туку и предвреме  го реализираме, сега, а не како што беше планирано во 2015 година, истакна премиерот Никола Груевски пред отворањето на делницата.

 

Според него, многу години ова беше само земјен коловоз и постарите жители, освен по маката да пристигнат до посакуваната локација, го паметат и како ветување дека ќе се изгради од многу претходни генерации политичари.  Делницата од патот меѓу селата Мечкуевци и Куково досега беше пробиена, со земјен коловоз, мала ширина и голем број нерамнини и препреки. Можеше да се помине само со теренско возило, а при врнежи од дожд патот беше целосно во прекин, Како што напомена, патот е целосно израмнет, тампониран и асфалтиран во должина од 5,5 километри и ширина на асфалтен коловоз 5,5 метри.

 На дел од овој патен правец, од приклучокот кај Свети Николе кон селото Немањица извршена е рехабилитација на посточекиот коловоз со негово приширување за 1,5 метар и е поставен целосно нов асфалтен слој во должина од 2 километра. За да се зголеми безбедноста на сообраќајот и патниот правец да биде функционален по целата должина од 28 километри, поставени се, рече премиерот, заштитени безбедносни огради на постоечките мостови и сообраќајни знаци, а е извршено и бележење со хоризонтална сигнализација на коловозот.

- Со изградбата на делницата меѓу селата Мечкуевци и Куково се комплетира регионалниот патен правец и се овозможува директна и најкратка врска меѓу Свети Николе и Пробиштип, како и на сите населени места што гравитираат на овој пат во двете општини. Растојанието меѓу Свети Николе и Пробиштип ќе се скрати за околу 25 километри што освен за жителите, е предност и за развој на економијата во двата града, потенцира Груевски.

Тој уште еднаш напомена дека Владата посветено работи на изградба на патната инфраструктура. Оваа година ќе биде заокружена со реконструкција и ревитализација на вкупно 136 километри регионални и магистрални патишта.

Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #680 Posted: 14-Nov-2013 at 12:05
Во меѓувреме, додека ние сме зафатени со процесот на селф(мас)дестракшн, ин Швицарска.






Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3233343536 77>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.