build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3637383940 68>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 115
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #741 Posted: 17-Dec-2013 at 17:35
Во фаза на реализација е и автопатската делница Демир Капија-Смоквица во должина од 28 километри, проект во вредност од 210 милиони евра.

- Веќе се реализирани 36% од предвидените активности. На првиот тунел се пробиени 27%, а на вториот 22,8%, а од земјаните работи реализирани се над 90% и веќе е почнато и асфалтирање - истакна Георгиевски

Ако не е грешка би било добро да видиме и некоја фотографија. Поминал ли некој скоро ?
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #742 Posted: 17-Dec-2013 at 17:54
Вака рече директорот Љ.Г,го слушав на некои вести(вероватно канал 5) и дословно така рече.Не се превртени зборовите
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #743 Posted: 23-Dec-2013 at 21:02
Оваа вест е од 10 декември, а станува збор за патот што води до ски центарот Кожуф

Извршен е технички прием на пристапниот пат Р112



Извршен е технички прием на пристапниот регионален пат Р112. Патот е комплетно саниран и расчистени се сите одрони на камења и земјани свлечишта кои претставуваа проблем за нормално одвивање на сообраќај кон планинскиот масив Кожуф. За патот преку зимската сезона ќе се грижи Македонија пат која ќе има постојано дежурство на потегот од Смрдлива вода која се наоѓа на надморска висина од 700 метри се до центарот на надморска висина од 1860 метри.Најновите информации за состојбата и безбедноста во одвивањето на сообраќај навремено и постојано ќе бидат ажурирани на нашата официјална интернет страна.

http://skikozuf.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=175:-112&catid=34:novosti&Itemid=115&lang=mk
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #744 Posted: 23-Dec-2013 at 22:04
Додека сме на оваа тема се сеќавам дека делницата од автопатот Тетово-Скопје не и беше издаден технички прием,т.е. не ги задоволи условите од комисијата.После што бидна незнам
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #745 Posted: 25-Dec-2013 at 02:17
Вторник, 24 Декември 2013 11:54

Министерството за финансии и општина Маврово Ростуше денеска потпишаа договор за финансирање на проектот „Изградба на улично осветлување на две секции од регионалниот пат Маврово-Дебар “ во вредност од 6.426.634 денари. Средствата се обезебедени преку проектот за подобрување на општински услуги МСИП кој го спроведува Министерството за финансии заедно со локалните власти, со финансиска поддршка од Светска банка.

pat-54-

Проектот предвидува набавка и изградба на јавно улично електрично осветлување на две секции од регионалниот пат Маврово-Дебар кои се наоѓаат на територијата на општината Маврово Ростуше.

Првата локација ги поврзува населените места Ростуше, Велебрдо и Требиште каде во тек е изградба на спортско-рекреативен комплекс. Со осветлувањето на оваа локација ќе се овозможи развој на спортско-рекреативните активности во општината.

Втората локација се однесува на осветлување на економската зона која се наоѓа под с. Жировница, каде се веќе сместени две фабрики и еден угостителски објект. Со осветлувањето на овој дел од патот ќе се зголеми атрактивноста на зоната за потенцијалните инвеститори и ќе се поттикнат економските активности во општината кои ќе придонесат за забрзување на економскиот развој и зголемување на вработеноста.

Инаку, проектот за подобрување на општинските услуги МСИП досега финансира проекти на 30 општини кои треба да придонесат за подобрување на инфраструктурата во општините, енергетската ефикасност, водовод и канализација, за изградба на градинки и други проекти кои ќе придонесат за подобрување на животот во општините, стои во соопштението од Финансии.

Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #746 Posted: 27-Dec-2013 at 21:52
осветлувањето на клучките е многу добра работа, ме бендисува многу, мал потфат со големо значење. кој како сака нека каже
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #747 Posted: 28-Dec-2013 at 17:23
Originally posted by elnino

осветлувањето на клучките е многу добра работа, ме бендисува многу, мал потфат со големо значење. кој како сака нека каже


Мислам дека ќе нема кој да не се согласи со тебе. Ете на вакви работи треба да се концентрираме!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Raso_mk View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Dec-2013
Location: Deutschland
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Raso_mk Quote  Post ReplyReply #748 Posted: 28-Dec-2013 at 17:59
Originally posted by Џоле

Започна изградбата на локалниот пат Драч-Бунеш

Денoвиве интензивно се извршуваат градежни активности за реализација на проектот за изградба на локален пат од село Драч до село Бунеш во Општина Пробиштип.

Согласно проектната документација вкупната должина на локалниот пат изнесува 2.200 метри со ширина од 3,5 метри.

Како што информираат од Општина Пробиштип, вкупната инвестиција на изградбата на овој локален пат изнесува околу 14,5 милиони денари, средства обезбедени од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и дел од Буџетот на општината Пробиштип.

Изведувач на проектот е Друштвото за градежништво и трговија „Коле –транс Инженеринг“ Доо Штип.

Според договорот рокот за завршување на работите е три месеци, но според динамиката со која работи изведувачот се очекува патот да биде пуштен во употреба на крајот од месец јули.

http://lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=29417%3A2013-07-19-08-42-29&catid=128%3Aprobistip&Itemid=139&lang=mk



Знае ли некој дека село со име Драч не постои ни на карта ни по интернетов????
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #749 Posted: 28-Dec-2013 at 19:05
Пуштени во употреба два локални патни правци во Македонски Брод

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески вчера пуштија во употреба два локални патни правци.

Едниот пат е до селото Требовле од околу 4,5 километри и другиот до селото Зркле од 1,5 километри. Двата патни правци се изградени со пари од владината програма за локални патишта.

http://regioni.mk/pusteni-vo-upotreba-dva-lokalni-patni-pravci-vo-makedonski-brod/
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #750 Posted: 28-Dec-2013 at 19:33
Кога играле фудбал на оној свет,господ ги изведувал корнерите од Требовље.За тоа село ние имаме вакви коментари.На самиот крај на светот се наоѓа
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2364
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #751 Posted: 28-Dec-2013 at 21:09
Originally posted by Raso_mk



Знае ли некој дека село со име Драч не постои ни на карта ни по интернетов????



Нема село Драч. Се работи за селото Ратавица и патот е Ратавица-Бунеш. Колку пати треба да ви повторам дека нашиве новинари немаат врска со животот? Пишуваат глупости како недоветни иако информациите им се пред носот.

После долги години на очекување и барање на жителите на с. Бунеш и на сите оние кои што се иселиле но имотите им се таму, на 2 Август беше пуштен во употреба патот с. Ратавица – с. Бунеш. Средствата за изградба на патот, во износ од 14.514.000,00 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделието и рурален развој и од Општина Пробиштип. Конечно и селото Бунеш, а воедно и сите убавини од овој живописен крај се лесно достапни со новиот асфалтиран пат. Кога сме во овој дел од општината и околу селото Ратавица, од страна на раководителот на Одделението за комунални работи, локални патишта и улици, Соња Сентовска, најавено е дека наскоро се очекува проектот „Реконструкција и проширување на патот Пробиштип – с. Ратавица, преку месноста Леговец“ да продолжи. Околу 900 метри кои што останаа, сега ќе бидат завршени, па така овој најфрекфентен општински патен правец ќе ја добие својата целина и воедно ќе биде и подобар и побезбеден за патување. Средства за овој патен правец се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, во координација со ЈП за државни патишта.

Линкот кон целата вест:
http://probistip.mk/?p=2358


Edited by phenomenon - 28-Dec-2013 at 21:11
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Raso_mk View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Dec-2013
Location: Deutschland
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Raso_mk Quote  Post ReplyReply #752 Posted: 28-Dec-2013 at 22:49
Малку истражував. На Google maps над Ратавица се гледа еден заселок со десетина куќи. Тоа е најверојатно Драч. И не е само на таа новинарска статија, него многу често се споменува како село Драч. https://www.google.de/maps/preview#!q=41%C2%B0+57.867'%2C+22%C2%B0+13.338'&data=!1m4!1m3!1d23919!2d22.2223!3d41.96445!2m1!1e3!4m14!2m13!1m12!3m8!1m3!1d2166!2d22.2164676!3d41.9680053!3m2!1i1161!2i774!4f35!4m2!3d41.96445!4d22.2223&fid=7

Edited by Raso_mk - 28-Dec-2013 at 23:26
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2364
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #753 Posted: 29-Dec-2013 at 10:45
Originally posted by Raso_mk

Малку истражував. На Google maps над Ратавица се гледа еден заселок со десетина куќи. Тоа е најверојатно Драч. И не е само на таа новинарска статија, него многу често се споменува како село Драч. https://www.google.de/maps/preview#!q=41%C2%B0+57.867'%2C+22%C2%B0+13.338'&data=!1m4!1m3!1d23919!2d22.2223!3d41.96445!2m1!1e3!4m14!2m13!1m12!3m8!1m3!1d2166!2d22.2164676!3d41.9680053!3m2!1i1161!2i774!4f35!4m2!3d41.96445!4d22.2223&fid=7


Види вака. И јас помислив на таа издвоена маала дека можеби е Драч. Но маала, било да е блиску до селото или прилично оддалечена од селото како што е случај со планинските села, не е и не може да биде село, зашто нема свој атар. Драч може да биде само дел од селото Ратавица, никако не може да биде село. Се надевам дека ти е јасно.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #754 Posted: 29-Dec-2013 at 12:09
Дали знае некој координати од Мушев гроб каде се наоѓа?
Back to Top
Raso_mk View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Dec-2013
Location: Deutschland
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Raso_mk Quote  Post ReplyReply #755 Posted: 29-Dec-2013 at 15:32
Според мене тука е: https://www.google.de/maps/preview#!q=41%C2%B0+12.642'%2C+22%C2%B0+1.651'&data=!1m4!1m3!1d6050!2d22.0275167!3d41.2107!2m1!1e3!4m14!2m13!1m12!3m8!1m3!1d1403!2d22.0301653!3d41.2111002!3m2!1i1600!2i774!4f35!4m2!3d41.2107!4d22.0275167&fid=7

Бидејќки Демир Капија преку регионалниот пат Р – 109 е поврзана со Конопиште – Мушев Гроб – Рожден, додека Кавадарци реконструира пат со кој се поврзува со Тиквешкиот дел од Мариово на планината Кожув и Козјак. Натака се Кожувчанка и Горска Вода, а и рудникот Р’жаново. А и патот од висорамнината Витачево води до Алшар. Според мене точката на која се поврзуваат сите овие нешта е Мушев Гроб
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #756 Posted: 29-Dec-2013 at 19:11
ОК,мада од сликите ми се чини дека патот е заминат малку подалеку од оваа локација
Back to Top
elnino View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Mar-2010
Location: kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote elnino Quote  Post ReplyReply #757 Posted: 04-Jan-2014 at 18:53
патот како што е реконструиран е точно на спојот на Р108 и Р109, додатокот од километар или километар и пол го договри Кожувчанка и таму извршена е само гребење на патот и ставање на нов асфалт без некое јако внимавање и нивелирање, се збори дека дал околу 80,000 евра на гранит.   Инаку не е првпат Кожувчанка да дава сам пари за тој пат, лани истотака и се вршеше крпење на удолницата кон село мрежичко од 7км(дел од Р109)

Мислам дека Р108 е Росоман-Кавадарци_мушов Гроб
а Р109 е Демир капија-Конопиште Мушов Гроб Мрежичко Мајдан (не рожден) Мала Круша Трибор па Витолиште


Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #758 Posted: 18-Jan-2014 at 17:49

Пуштени во употреба патиштата Тетово – Јажинце и Дебар – Струга



Во тетовското село Вратница беше пуштен во употреба регионалниот пат Тетово – Јажинце. Станува збор за инвестиција вредна 150 милиони денари со која е извршена комплетна рехабилитација на коловозот и е поставен нов асфалтен слој во должина од 16, 5 километри и ширина 7,10 метри.

А неколу часа подоцна во струшкото село Враништа беше пуштен во употреба регионалниот патен правец Струга – Дебар, со вкупна инвестиција од 580 милиони денари коловозот во должина од 50,9 километри е целосно реконструиран и рехабилитиран.

На пуштањето во употреба присуствуваа премиерот Никола Груевски и директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.

извор

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #759 Posted: 19-Jan-2014 at 15:55
Наскоро започнува доградбата на патот Негорци-Серменин со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на РМ.



За реализација на овој проект на општина Гевгелија и’ беа одобрени 18.900.000 денари за доградба на патот Негорци-Серменин со што всушност продолжува санацијата на овој значаен патен правец во општината. По објавениот јавен повик за изведувач на работите е избрана фирмата „Жикол“ која понуди најповолна понуда.

Минатата година со обезбедените 350.000 евра од Владата на РМ, во рамките на кредитната линија од Европската инвестициона банка, беа изградени најоштетените 4,5 километри од патот Негорци-Серменин. Исто така, беше изграден и дополнителен 1 км со средства од буџетот на општина Гевгелија, за што беа издвоени 7,4 милиони денари.Со најновата финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во износ од 18,9 милиони денари продолжува изградбата на овој пат до потпланинското село Серменин, кое што последниве години повторно се обновува.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12153
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #760 Posted: 24-Jan-2014 at 07:57
Изградба на пат од Дељадровци до манастирот „Свети Ѓорѓија“

Изградбата на патот ќе чини 2,7 милиони денари и се реализира во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој

Во општина Илинден денеска ќе почне изградбата на локален пат од населеното место Дељадровци до манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓија“.
         
Изградбата на патот ќе чини 2,7 милиони денари и се реализира во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој.

На отпочнувањето на градежните работи ќе присуствуваат заменик-министерот за земјоделство Зоран Коњановски и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Покрај ова, општина Илинден ќе реализира уште два проекта со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој. Станува збор за рехабилитацијата на локалниот пат Кадино-Миладиновци во должина од 2,7 километри и проектот за изработка на урбанистичката планска документација.

http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/95738-izgradba-na-pat-od-deljadrovci-do-manastirot-sveti-gjorgjija

Edited by Џоле - 24-Jan-2014 at 08:00
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3637383940 68>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.