build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3940414243 63>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #801 Posted: 09-Mar-2014 at 12:42
Originally posted by gjoko

Така изгледа од сликата,двете траки на тоа место се доста разделени каде што започнува мостот за обиколницата.десно се врти за Скопје.

Овде го ставиле мислам бидејќи освен тоа место неконтролираат ништо друго во просторот Сарај-Кондово.На друго место ќе им го фрлат во вардар `со се плачки`


Жално ти е ова, али вистинито, затоа и знамето во Тетово, место на плоштадот, се наоѓа во дворот на црквата Св. Кирил и Методиј. Али да не мешаме политика тука во оваа нишка. Се навраќам на темата.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11323
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #802 Posted: 10-Mar-2014 at 14:33
Патот во Вевчани [K1-418] доби ограда за поголема безбедност...

За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11323
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #803 Posted: 13-Mar-2014 at 15:55
Патот од селото Вапила до селото Сирула кој од пред дваесетина дена започна комплетно да се реконструира е при крај. Проектот за патот од Вапила до Сирула опфаќа реконструкција на 1 700 метри и изработка на нов пат во должина од 2 700 метри.



Проектот за асфалтирање на патот од Вапила до Сирула е проект за кои општина Охрид доби зелено светло од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, а се дел од програмата на Локалната самоуправа за развој на руралните средини.



http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=3703
За сè има вторпат
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 687
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #804 Posted: 13-Mar-2014 at 19:45

Локалниот пат за село Прждево доби нова асфалтна лента во должина од 3,6 километри и широчина од 4 метри.

pat240
- Речиси целиот пат беше раскопан со безброј ударни дупки поради што сообраќајот отежнато се одвиваше. Постоеше опасност за возачите на моторните возила и пешаците. Проблемот беше разгледан и откако се обезбедија потребните средства, почна надградбата со поставување нова асфалтна лента од регионалниот пат М1 до крајот на Прждево, велат од општина Демир Капија.

Покрај поставувањето нов слој асфалт, од двете страни на патот се поставуваат банкини од еден метар, а се градат и канавки за одводнување на атмосферските води.

Инвеститор на зафатот е општината Демир Капија, а средствата се обезбедени од Светска банка и од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Градежните работи ги изведува АД Гранит Скопје.

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11323
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #805 Posted: 17-Mar-2014 at 00:24
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11323
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #806 Posted: 20-Mar-2014 at 09:28
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11323
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #807 Posted: 02-Apr-2014 at 08:00
На локалниот пат Јазла – с. Иванковци продолжуваат интензвините градежни активности за негова реконструкција и асфалтирање.

- Задоволен сум од текот на градежните работи, од кои преостануваат да се доизгради односно доасфалтира уште 1,5 километри од патот. Очекуваме согласно потпишаниот договор динамиката на работа на изградба на патот да заврши некаде во мај, а со тоа да добиеме модерен реконструиран пат во должина од околу 10 километри, со вредност од 750 илјади евра, средства кои ги обезбеди Владата на Република Македонија – истакна Јанакиески.



За сè има вторпат
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1805
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #808 Posted: 12-Apr-2014 at 15:27

Старите ограничувања на брзината сѐ уште стојат покрај автопатиштата

Знаци со брзина од 130 километри на час, за чие поставување има законска обврска, ќе можат да се постават само откако ќе има рехабилитација на делови на Коридорот 10, на потегот Куманово - Миладиновци и Велес - Катланово, тврдат надлежните

 
%20  
Ќе возиме до 130 километри на час, откако ќе се поправи коловозот

ШЕСТ ГОДИНИ ПО ЗАКОНОТ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ

Максималната брзина на патиштата во Македонија иако се зголеми за десет километри уште во 2008 година, целосна имплементација на законската обврска сѐ уште нема. Надлежните тврдат дека тоа ќе се случи по целосната рехабилитација на коловозот на повеќе патни делници. Во моментов возачите можат да ги видат старите сообраќајни знаци со ограничувања од 120 километри на час покрај делови од високофреквентниот Коридор 10. Слична е состојбата и со повеќето магистрални и регионални автоправци. Според законските измени пред шест години, брзината на движење на возилата на автопат од 120 километри премина на 130 километри на час, а на магистралните од 100 на 110 километри на час. Имплементацијата се одложи, бидејќи Агенцијата за државни патишта немаше доволно пари за да ја финансира новата сообраќајна сигнализација. Државниот инспекторат за транспорт тврди дека во моментов над 70 отсто од автопатиштата се со потребната сигнализација, но оти таа е направена според условите на патиштата. Од друга страна, експерти велат дека брошурите што се делат на граничните премини, каде што странците се информираат со новата дозволена брзина, час поскоро треба да се усогласат со реалноста, зашто може да доведат до забуна.

целиот текст на :
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41114154426&id=12&prilog=0&setIzdanie=

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1805
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #809 Posted: 20-Apr-2014 at 17:25
Скоро цел регионален пат од Клечовце до Војник (Кумановски регион) реновиран пред 2-3 години должина околу 5 км.

Лошо снимано од моја страна а уште полошо изработено видео, доколку сум во можност ќе го преправам видеото па ќе го сменам тука, но сепак може да се гледа.



Edited by daci92 - 20-Apr-2014 at 17:28
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11866
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #810 Posted: 20-Apr-2014 at 19:07



Дали знаеш која е ознаката на овој пат?

BTW патов е потесен од 5 метри или грешам?

Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1805
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #811 Posted: 20-Apr-2014 at 19:16
Во документот за патишта на roads.org.mk е означен како 29277 а мислам дека не е потесен од 5 метри ,најверојатно е помеѓу 5 и 6 метри бидејќи на него може нормално да се разминат 2 возила, само кога се работи за автобуси има потреба од подзастанување. Но не ме фаќај за збор не сум сигурен можно е да грешам.
Едит:
Сум грешел ,во документот го пишува дека е потесен од 5 метри.


Edited by daci92 - 20-Apr-2014 at 19:27
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11323
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #812 Posted: 23-Apr-2014 at 08:42
Две мои фотографии од патот [2235] Леуново-Никифорово (во близина на Мавровско езеро)

DSC03477 by george k. 1981, on Flickr

DSC03478 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11323
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #813 Posted: 24-Apr-2014 at 18:54
Преземено од ЅЅС...

Известување

1.ГД Гранит АД и Интеграл Инженеринг од Република Српска потпишаа нов договор со Јавното претпријатие Автопатишта на Република Српска. Предмет на договорот е Изградба на автопат Бања Лука - Добој делница Бања Лука - Прњавор. Нето вредноста на договорот изнесува   158.000.000 ЕУР со рок на изведување 3 години. Во вкупната вредност ГД Гранит АД учествува 40% со вредност од 63.200.000 ЕУР.

2.Во земјата ГД Гранит АД потпиша два нови договори за работа како подизведувач на Sinohydro Corporation Limited:

-Проект Миладиновци - Свети Николе - Штип со нето вредност од 32.553.493 ЕУР и рок на изведување 2 години;

-Проект автопат Кичево - Охрид со нето вредност од 99.668.949 ЕУР и рок на изведување 38 месеци.

24.04 2014 год                                                                       ГД Гранит АД

Edited by Џоле - 24-Apr-2014 at 18:55
За сè има вторпат
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 687
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #814 Posted: 06-May-2014 at 21:18

Штипското село Лесковица доби асфалтирани улици

m-asfalt-leskovica

Двојна причина за прославување имаше денес во село Лесковица. Се славеше верскиот празник Свети Ѓорѓи и асфалтирањето на селските улици во должина од 1,3 километри. Надминувањето на најголемиот проблем на жителите на Лесковица е со средства од Агенцијата за рурален развој во износ од 3,5 милиони денари.

Нови патишта ќе добијат уште неколку штипски села. Доколку навреме овде се поставеше квалитетна патна инфраструктура, веројатно немаша да има толкава миграција и иселување од Лесковица, велат жителите на Лесковица. Од над 800 жители, сега во Лесковица живеат едвај педесеттина.

Средените селски улици и добриот пат до селото, го прави ова место привлечна дестинација за викенд туристи, главно од Штип и од Неготино.

Наскоро ќе почнат градежните работи и за поставување пат до селото Пухче. За да се поврзи ова село со модерен пат, ќе се асфалтира траса во должина од околу 4 километри, со средствата од ЈП за државни патишта во износ од околу 35 милиони денари. Жителите на Пухче пат треба да добијат до крајот на годината.

И Пухче ја има судбината на многу штипски и македонски села, кои се испразнија и каде останаа да живеат малку луѓе. Но, Пухче е познато и по соживотот што го имаат христијаните и муслиманите.

Недопрената природа ги влече назад оние кои одамна го напуштиле селото. Решавањето на главните инфраструктурни проблеми во селата во Општина Штип е во насока на заживување и зајакнување на селата.

извор

Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 687
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #815 Posted: 08-May-2014 at 22:17

vinicka-krsla

Деновиве во виничкото село Кршла заврши асфалтирањето на земјениот пат кој поврзува неколку маала од селото со главниот пат кој води до градот.

Патот е во должина од 650 метри и ширина од 3,5 метри, а градежните активности ги спроведе градежното претпријатие “Бетон“ од Скопје.

Покрај асфалтирање на земјениот пат беше извршена и реконструкција на истиот патен правец кај мостот на Виничка Кршла, во непосредна близина на депонијата за градежен шут.

Општина Виница овој инфраструктурен зафат го реализираше со средства од Европската Инвестициона Банка.

-Другиот пат предвиден за оваа година е с.Липец река Осојница во должина од 3,7 км и треба да биде завршен до крајот на годината. Средствата се 4 милиони и 600 илјади денари. Значењето на овој пат е што во последните неколку години се засејуваат поголеми површини на винова лоза, рече Емил Дончев, градоначалник на Виница.

Намерата е овој пат да се поврзе со патниот правец што води до селото Калиманци со што, според Дончев, се заокружува патната инфраструктура што ја поврзува Виница со соседната Општина Делчево. Локалната самоуправа планира и други инфраструктурни зафати.

Еден од капиталните проекти што се однесува до инфраструктурата во Виница годинава е изградбата на атмосферска канализација во градот и асфалтирање на локалниот пат од Виница до с. Јакимово.

vinicka-krsla1

Извор: http://kanal8.mk/index.php/1866-asfaltiran-patot-do-vinicka-krsla



Edited by Danielbtmk - 08-May-2014 at 22:18
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11323
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #816 Posted: 17-May-2014 at 08:02
СЕ ПРОШИРУВА ПАТОТ ДО МАНАСТИРОТ „СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ“

Бигорски манастир - За два месеца треба да завршат работите околу реконструкцијата на пристапниот пат до манастирот „Св. Јован Бигорски“. На овој дел од регионалниот пат Маврови Анови - Дебар ќе се врши проширување и замена на асфалтната подлога. Градежните екипи на ГП „Илинден“ од Струга, завчера ги почнаа земјените работи за проширување на патот.

Според игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, пристапниот пат одамна е дотраен, полн со дупки, на места пропаднат и тешко прооден за возилата, особено во зимскиот период и многу тесен. Со проширувањето и реконструкцијата ќе се овозможи посетителите домашните и странски туристи полесно да дојдат до манастирот. По оваа делница во иднина ќе можат да сообраќаат и автобуси, што досега беше забрането поради тесниот коловоз.

Должината на пристапниот пат до Бигорскиот манастир е околу 900 метри. Со проектот што го изработи Градежниот факултет од Скопје, патот ќе биде широк 6 метри и од двете страни ќе има банкини по половина метар. Истовремено, со овој зафат ќе се уреди и прошири и паркинг-просторот пред манастирот.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=036C6ABE3DFE2B4095C40CFE7380CEB3
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11323
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #817 Posted: 23-May-2014 at 10:00
Изградба на надвозникот за автопатот Е-75 кај Гевгелија

За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #818 Posted: 08-Jun-2014 at 23:20
Асфалтирана е и последната делница од локалниот пат за с.Кнежино,каде се наоѓа и познатиот кнежински манастир `СВ Ѓорѓија`.Ова место прераснува во туристичка дестинација која од ден на ден све повеќе е атрактивна.За одредени верски празници пристигнуваат по многу автобуси од цела земја,така да ова проширување и преасфалтирање на патот беше од исклучително значење.

вреди да се напомене дека одма во близина се наоѓа и `Куќата на уметноста`,што претставува мотел во кој во месец Август престојуваат уметници од целиот свет.

овој мотел е од оние кои вреди да се посети кога се оди попат за Охрид

IMAG0018 by , on Flickr

Edited by gjoko - 08-Jun-2014 at 23:21
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11323
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #819 Posted: 16-Jun-2014 at 01:19
Кичево и Дебар ќе се поврзат со поквалитетна патна врска



Друштвото за градежништво, промет и услуги „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ од Скопје е избрано од страна на ЈП за државни патишта, за изработка, дополнување и прилагодување на проектната документација за изградба на делницата Гарски мост – Извор од државниот пат Р2246. За реконструкција на делницата Бошков мост – Гарски мост, која е дел од истиот пат, во ноември минатата година веќе беше избрана градежната компанија „Илинден“ од Струга. Со овие два проекти, Дебар и реканскиот регион ќе добијат поквалитетна директна патна врска со Кичево. Во моментов само 12 километри, односно 36% од трасата помеѓу Бошков мост и Извор се асфалтирани, додека на останатиот дел сообраќајот се одвива по макадам. Најкратката алтернатива на постоечкиот макадамски пат помеѓу Дебар и Кичево е долга 88 километри и води преку Маврово.

„ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ има на располагање 18 месеци за изработка на потребната проектна документација. Вредноста на склучениот договор изнесува 23.175.200 денари (околу 377 илјади евра).

http://www.build.mk/?p=36008
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #820 Posted: 16-Jun-2014 at 10:35
Neznaat što zboruvaat ovie i kakva e teška trasata
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3940414243 63>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.