build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 4142434445 65>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #841 Posted: 22-Jul-2014 at 14:15
„Гранит“ ќе го реконструира патот Лозово - Кадрифаково



Градежната компанијата „Гранит“ ќе работи на реконструкџија и рехабилитација и на патниот правец Велес - Кадрифаково во делот кој ги поврзува селата Лозово - Сарамзалино - Кадрифаково.

Компанијата е избрана за најдобар понудувач на тендерот распишан од Јавното претпријатие за државни патишта.

Вредноста на договорените работи изнесува 391.676.123 ден (околу 6, 4 милиони евра).

Компанијата има рок работите да ги заврши за 18 месеци.

http://duma.mk/ekonomija/11763-2014-07-22-07-29-30
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #842 Posted: 23-Jul-2014 at 06:43
СИТЕ СЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ПОПРАВКАТА НА ПАТОТ КОН СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Велес - Локалниот пат до велешкото село Иванковци, во должина од 10 километри, неодамна беше реконструиран, проширен и на него беше поставен нов асфалт. Но, само неколку дена по завршување на градежните работи дел од трасата е неупотреблив и лош за возење. На ова реагираат мештаните, кои се чудат како може патот веднаш да се уништи и се сомневаат во квалитетот на изведбата.

„На поправка на патот чекавме цели 20 години, но попусто. Штом изведувачот си замина, на дел од трасата почнаа да се јавуваат пукнатини и оштетувања. Видоа дека ја згрешија работата, па почнаа да го санираат и сега е како крпен, на секои десетина метри е поправан. Згора на тоа остатоците од асфалтот се покрај патот. Изведувачот ниту ги фрли ниту ги отстрани“, вели жител на село Иванковци.

Мештаните потенцираат дека се земјоделци, имаат доста механизација и затоа патот треба да биде добро изграден, за да ги издржи тешките машини, а не да се поправа само заради естетика.

И од ЈП за државни патишта не се задоволни од изведбата. До нив стигнале информациите од надлежниот надзорен инженер за одредени недостатоци, по што е извршен увид во градежните работи.

„Изведбата на патот се работеше според проектна документација и за да се провери зошто е дојдено до оштетување, земени се примероци од асфалтот и од тампонот. Тоа го направија две независни институции, Градежниот факултет и Градежен институт ’Македонија‘. Овие примероци треба да ги утврдат причините за неквалитетната изведба на еден дел од патот. Се очекува во текот на наредната недела да добиеме извештај и препорака од овие институции која ќе вклучува мерки за санација на оштетените делови од патот, по што ќе се издаде налог на изведувачот за санирање на оштетените делови“, велат од ЈП за државни патишта.

За реконструкција на овој пат државата оддели 750.000 евра.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=34D2D51BEE78654AADD764D826FB848F
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #843 Posted: 31-Jul-2014 at 14:10
Заем за реконструкција на над 112 километри магистрални и регионални патишта

Собранието, во рамки на 11.седница денеска го донесе Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта, кој ќе се склучи меѓу Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка и Јавното претпријатие за државни патишта.



Заменик министерот за финансии Ардијан Џеладини истакна дека Предлог-законот е во насока на создавање на квалитетна инфраструктура за подобрување на економските перспективи на земјата и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
Владата во соработка со ЈП „Државни патишта“ за рехабилитација на магистралните и регионалните патишта обезбеди заем од Светската банка во износ од 52 милиони евра преку чија реализација ќе се подобри поврзаноста на избрани магистрални и регионални патишта со коридорите 8 и 10 и подобрување на безбедноста на патиштата ширум државата.
Џеладини информираше дека првиот дел од проектот е наменет за градежни работи и притоа ќе се реконструираат 112 километри магистрални и регионални делници кои ги предложи јавното претпријатие за државни патишта.
Во првата година ќе се рехабилитираат три патишта и тоа Битола-Макази, Ресен-Буково и Бошков Мост - Дебар. Од втората до петата година од проектот ќе се реконструираат патишта во договор со Светската банка по предлог на ЈП „Државни патишта“. Вториот дел се однесува на институционално управување и зајакнување на проектот. Заемот е со рок на исплата од 23 години со грејс период од шест години.
Пратеничката Лилјана Кузмановска истакна дека ова е исклучително поволен заем кој е во износ од 52 милиони евра и е со ниска каматна стапка и рок на отплата од 23 години со шест години грејс период.
- Многу е важно што ќе бидат реконструирани над 112 километри магистрални и регионални патишта и во исто време да се изврши поправка на свлечишта на земјиштата во одредени делови на државата како и зајакнување на капацитетот на јавното претпријатие за државни патишта, изјави Кузмановска. Како пратеник од Битола изрази задоволство што во правата година од реализација на овој проект ќе се работи на патниот правец Битола - Макази и Битола - Охрид.
оа беше зацртано во нашата изборна програма и во програмата на Владата. - Тоа ние како пратеници и Влада го реализираме она што беше потреба и барање и наше ветување во време на изборите, рече пратеничката.
Реџаил Исмаили од ДУИ истакна дека неговата пратеничка група ќе го поддржи законот посочувајќи на неговата важност за граѓаните. Посочи на патот Бошков Мост - Дебар, што е од особено значење за граѓаните од тој дел на земјата.
Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за рибарство и аквакултура и на Законот за внатрешни работи со архивски броеви 07-2996/1 и 07-2997/1.
Претходно со двотретинско мнозинство беше изгласан и новиот состав на Комисијата за верификација на фактите.

http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=45332

Edited by jyvation - 31-Jul-2014 at 14:26
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #844 Posted: 31-Jul-2014 at 22:30
ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ОХРИД - БИТОЛА ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ РЕКОНСТРУИРА

Патниот правец Охрид - Битола ќе започне да се реконструира. Ова го најави пратеникот од 5 изборна единица Александар Николоски кој нагласува дека реконструкцијата на патната инфраструктура кон Охрид била негова заложба. Денес пратенците во Собранието на Р. Македонија дале зелено светло во процедува да влезе Законот за гаранција на заем кај Светска банка, со кој, меѓу другото, се предвидува изградба на патниот правец од Охрид до Битола, а треба да се реконструираат вкупно 112 км магистрални и регионални патишат во земјава, вели Николоски.

„Од кои во првата фаза за една година треба да се гради патниот правец Охрид - Битола, а опфатена е делницатат Битола – Макази – Ресен и Ресен Буково. Вкупата иневстиција е во вредност од 52 милиони евра. Заемот е под исклучително поволни услови со рок на отплата од 23 години до 2037 година, со 6 години грејс период и ниска каматна стапка“, објаснува Николоски.

Поврзувaњето со обиколницата околу Охрид и со изградбата на обиколницата околу Ресен се очекува побрзо поврзување на патниот правец кој не трeба да е подолг од 30 до 40 минути, напоменува Николоски.

pat„Она што морам да го кажам е дека во рок од 6 месеци од денес да бидат завршени сите процедури и да биде избран изведувач. Тој треба за 1 година да го изгради патот најдоцна до 2015 зимата да имаме комплетно рехабилитиран и реновиран пат од Охрод до Битола. Тоа е децениска заложба меѓу двата града во одлжина од 72 км и во нормални услови Битола треба да е трговски партнер на Охрид, а Охрид да е место за одмор на битолчани“, појаснува пратеникот Николски.

Овој патен правец во моментов е во лоша состојба па со неговата изградба, какои со изгардбата на автопатот Охрид – Кичево, се очекува да се потикне локалната економија и да поефиксано да се поврзат охридскиот, струшкиот, ресенскиот и битолскиот регион.

http://tvm.mk/vesti/ohrid/18452-patniot-pravec-ohrid-bitola-kje-pochne-da-se-rekonstruira

Edited by Џоле - 31-Jul-2014 at 22:30
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #845 Posted: 31-Jul-2014 at 23:16
Овој патен правец навистина на некој места беше хорор а го користат сите што идат од средна источна и јужна Македонија кон Охрид. Како и оние кои идат од Грција и Бугарија.
Back to Top
Vasilij View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Jun-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 47
  Quote Vasilij Quote  Post ReplyReply #846 Posted: 01-Aug-2014 at 08:28
Ова скоро сите патишта се во западна македонија, значи со тие 52 милиони евра нема да биде опфатен ниту еден патен правец во источна македонија.Сега со изградбата на автопатот Штип-Скопје и реконструкцијата на Велес- Кадрифаково испаѓа дека само Штип директно би добил многу добро поврзување со централна македонија и главниот град.А што правиме со останатите градови од источна македонија:Штип-Кочани е претесен а има густ сообраќај, Штип - Радовиш е во катастрофална состојба, а правците Струмица-Берово и Пехчево - Делчево плачат за реконструкција...
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #847 Posted: 01-Aug-2014 at 10:44
Originally posted by Vasilij

Штип - Радовиш е во катастрофална состојба


Штип Радовиш ќе почне да се гради 2017 и ќе биде експресен пат. Има проекти и за источна Македонија. Мислам дека не треба да се жалиме. Плус Битола-Прилеп-Ресен-Охрид-Струга имаат жители колку комплет цела источна Македонија вклучувајќи го и Штип.

Edited by kultuzin - 01-Aug-2014 at 10:47
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #848 Posted: 01-Aug-2014 at 12:25
Originally posted by kultuzin

Originally posted by Vasilij

Штип - Радовиш е во катастрофална состојба


Штип Радовиш ќе почне да се гради 2017 и ќе биде експресен пат. Има проекти и за источна Македонија. Мислам дека не треба да се жалиме. Плус Битола-Прилеп-Ресен-Охрид-Струга имаат жители колку комплет цела источна Македонија вклучувајќи го и Штип.


Па со вакво темпо што ги градат патиштата во Источна Македонија би требало за 10 години да се изгради т.е во 2027-ма.
Го возев патов пред 2 недели.Тесен и со кривини е само кај Лакавица и Пилав тепе ресторанот.Тоа се све на све 15-тина километри.Останатата делница е добра и со мали корекции и нов асфалт би требало да врши работа.За 2 години би требало да се среди и веќе во 2017-та заедно со автопатот да имаме убаво поврзување на релација Скопје-Струмица.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #849 Posted: 02-Aug-2014 at 12:07
Тунелите кај Демир Капија немаат никакво осветлување



фотографија (не баш најдобра) Небојша Гелевски
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #850 Posted: 07-Aug-2014 at 22:08
ЗА НОВ АСФАЛТЕН ПАТ ВО KОНОПНИЦА 2,3 МИЛИОНА ДЕНАРИ

Општина Kрива Паланка асфалтира уште еден километар локален пат во селото Kонопница каде што изминатиот период се реализираа повеќе проекти за изградба на патната инфраструктура. Вкупната инвестицијата изнесува 2,3 милиона денари, од кои 1,2 милион се обезбедени од Бирото за регионален развој, а другите од Општина Kрива Паланка.

Асфалтирањето е извршено во рамките на проектот „Создавање предуслови за рурален развој, развој на туризмот и мобилност во регионот преку реконструкција на патната инфраструктура во село Kонопница“. Проектот е реализиран преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион во рамките на програмата за регионален развој за 2014 година на Министерството за локална самоуправа.

Селото Kонопница е едно од најгусто населените селски населби, кое се наоѓа во близина на Kрива Паланка, со многубројни млади домаќинства и обновени селски стопанства. За ревитализацијата на оваа населба Општината вложува значајни средства во изградба на неопходната инфраструктура и други развојни проекти.

http://dnevnik.mk/?ItemID=53794B2896B7F644B7272285AC9D1EB7
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #851 Posted: 12-Aug-2014 at 17:34
Се обновува патот Маврово- Маврови Анови

12.08.2014 16:42
Започна обновата на патот Маврово – Маврови Анови во должина од 6 километри. Од Јавното претпријатие за државни патишта најавуваат дека работите ќе завршат до февруари следната година...



Оштетениот коловоз, стеснувањата и одроните повеќе нема да бидат проблем за возачите. Започна обновата на регионалниот пат Маврово – Маврови Анови и санацијата на свлечиштето кај Белички канал. Патот е долг шест километри, а со проширувањето просечната широчина ќе изнесува 5,5 метри.

„Се работи и на прошурањето и на опцијата за изградба на тротоарски површини во делот каде што имаме концентрација на објекти, односно каде што има населени места. Тоа е во должина од околу 1,5 до 2 километри“, изјави Љупчо Георгиевски – Директор на ЈП за државни патишта.

Околу Мавровското езеро има околу 1600 викендички, сместувачки капацитети и компании за кои е потребна соодветна патна инфраструктура.

„За нас како општина значи многу бидејќи се решава еден од најгорливите проблеми“, рече Мукрем Мехмеди – Градоначалник на о. Маврово – Ростуше.

Возачите се задоволни што конечно се обновува оваа делница. Туристите, пак, велат дека ова ќе придонесе за почести посети на Маврово.

„Ако е патот подобар, ќе има подобри услови за туристите. Има голем капацитет за возила. Убаво што се обновува, бидејќи беше многу ископан“, рекоа возачи и туристи.

Инвестицијата е 76,5 милиони денари обезбедени со заем од Светска Банка. Од ЈП за државни патишта најавуваат дека обновата ќе трае до февруари следната година.

Паралелно се работи на изготвување проект за обнова на целиот регионоален пат околу Мавровското езеро.

Подобрувањето на патната инфраструктура, покрај за безбедноста во сообраќајот, за овој регион е важно и за развојот на туризмот.



Зоран Јованоски

http://www.mrt.com.mk/node/12802

ПС:На оваа делница мене ми се има дупнато гума единствениот пат во изминативе 10 години
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #852 Posted: 12-Aug-2014 at 17:41








фото: МИА.мк

За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #853 Posted: 12-Aug-2014 at 19:11
И порано пишував(мислам два пати) дека ова чоече е способно и ќе остави белег зад себе.добро е што е сега во институција која одамна немала успешен директор
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #854 Posted: 12-Aug-2014 at 20:07
Незнам зошто не се потенцира не е до толку срамота дека ова е пат помеѓу две села , од село Маврово до село Маврови Анови или фактички до пред браната.
А за реконструкцијава стварно време беше.Сепак има и викенд куќи а и ски центар кој не се посетува само зимно време туку и летно време.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #855 Posted: 12-Aug-2014 at 22:55
несакаат да спомнат од каде потекнуваат,па се прават на Тошо []
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #856 Posted: 13-Aug-2014 at 12:10
ФОТО: Побезбедна и побрза комуникација со манастирот „Св. Јован Бигорски“ со новиот пат
Среда, 13 Август 2014 12:53

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски денес го пуштија во употреба реконструираниот локален пат што го поврзува манастирот „Св. Јован Бигорски“ со регионалниот пат Маврово-Дебар.
pattttt500

Станува збор за рехабилитација на патот во должина од еден километар. Патот е асфалтиран, извршено е проширување на сите кривини и изведен е потпорен ѕид во должина до 60 метри, а просечната ширина на коловозот е околу 6 метри.

По реконструкцијата се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот и побрза комуникација со манастирот „Св. Јован Бигорски“. Инвестицијата за градежните работи изнесува околу 9 милиони денари кои се обезбедени од заемот од Европската банка за обнова и развој.

Пешевски истакна дека Владата за подобрување на локалната патна мрежа во Македонија земала заем во износ од 34 милиони евра од Светска банка и 25 милиони евра од ЕБОР.

Вкупната должина на завршените локални патишта преку двете банки од 2010 година досега изнесува околу 641 километар односно 336 локални патишта со вредност од 50,5 милиони евра.

-Во тек е одобрување на тендерска документација од страна на СБ за 47 локални патишта со должина од околу 60 километри во вредност од 6,50 милиони евра чија реализација треба да биде во 2015 година, изјави Пешевски.

Георгиевски подвлече дека вкупната должина на локалните патишта кои се планира да се завршат во 2014 година е 125,6 километри или 72 локални патишта со вредност од 14 милиони евра.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/168464-FOTO-Pobezbedna-i-pobrza-komunikacija-so-manastirot-Sv-Jovan-Bigorski-so-noviot-pat?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed%3A+kurir%2Fmakedonija+%28%D0%9A%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%80+-+%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%29
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1514
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #857 Posted: 13-Aug-2014 at 13:36
Aman bre luge, ova se "samo" lokalni patista i "sramota" e tolku visoki vladini funkcioneri sekojdnevno da se falat so niv. Magistralite i avtopatistata ni se raspagaat a tie se fatile za selskite patista. Da ne bidam pogresno razbran, rekonstrukcijata na lokalnite patista e za pozdravuvanje, no vakvata promocija na najvisoko vladino nivo, pri katastrofalna sostojba na magistralite i avtopatistata, frustrira... Ostanavme na opaskata koga se vo prasanja patistata...
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #858 Posted: 13-Aug-2014 at 16:40
Originally posted by Denko

Aman bre luge, ova se "samo" lokalni patista i "sramota" e tolku visoki vladini funkcioneri sekojdnevno da se falat so niv. Magistralite i avtopatistata ni se raspagaat a tie se fatile za selskite patista. Da ne bidam pogresno razbran, rekonstrukcijata na lokalnite patista e za pozdravuvanje, no vakvata promocija na najvisoko vladino nivo, pri katastrofalna sostojba na magistralite i avtopatistata, frustrira... Ostanavme na opaskata koga se vo prasanja patistata...


Ова одамна е кај нас вака, само што сега овој новиов директор и за 500 метри пат се слика(дали така му е наредено од горе) и тоа ни дава надеж дека се подобрува патната инфраструктура во Македонија.
Можам да замислам кога ќе се изградат трите автопати што сликање ќе се удри на нив
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11445
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #859 Posted: 13-Aug-2014 at 17:23
Тие се резервирани за главучите во владата
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #860 Posted: 13-Aug-2014 at 18:39
Еве го патот за св.Јован бигорски


миа.мк
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 4142434445 65>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.187 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.