build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 79>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 23-Oct-2008 at 23:21
Originally posted by lslcrew

Во нишкава се задржуваме на дискусија околу патната мрежа низ Македонија, и делниците од коридорот 8 и 10 кои се наоѓаат во Македонија. Не гледам причина да разгледуваме вести од српскиот или бугарскиот дел од коридорите.


тука не би се сложил со тебе до крај. Не е страшно ако споделиме информација околу ова бидејќи Граница-Солун и Граница-Лесковац и те како не тангираат а посебно во контекст на коридорот. Немора да правиме специјални анализи и разговори за нив повремен апдејт околу статусот не е на одмет.

Еве јас можам да дадам блиц информација околу ова бидејќи минатата недела бев до Србија. Од граница се градат првите ~25км и тоа интензивно. Мислам дека ќе бидат готови до летото.
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 26-Oct-2008 at 15:27

Patista ne se davaat pod konsesija, koa ke opnat posle 10 evra patarina ke mu ja mislat posle.

Treba i te kako da se diskutiraat site drzavi koj se involvirani vo koridorotot 8 i 10 posto nie sme eden del od tie patista. Mora da znaeme do kade se gradat tie patista.

Nego kaj e toa dimitrovgrad??
Back to Top
evolutionary View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 198
  Quote evolutionary Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 26-Oct-2008 at 17:40
Na istok na Srbija e Dimitrovgrad, a ima i eden u Bugarija kaj Plovdiv samo mislam deka ne mislis na toj.
Knowledge Reigns Supreme Over Nearly Everyone
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 27-Oct-2008 at 01:05

Патот на свилата му дава значење на Коридорот 8

Проектот за обновување на некогашниот пат на свилата, кој неодамна беше промовиран во Турција, ќе има позитивно влијание врз развојот на националните економии на 22 азиски и европски земји од Кина до Македонија и Албанија во рамките на Црноморската трансферзала и од Кина до Русија во рамките на Сибирската. Проектот беше промовиран на Самитот на бизнисмените и претставници на владите на земјите што се на патот на свилата - Кина, Казахстан, Узбекистан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан, Иран, Грузија, Азербејџан, Русија, БиХ, Косово, Романија, Бугарија, Украина, Белорусија, Албанија, Македонија, Молдавија, Авганистан, Монголија и Северен Кипар.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F01DB85A32EF1242B1674AE0681294D6


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 01-Nov-2008 at 14:48
ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА МАКСИМАЛНО ДОЗВОЛЕНАТА БРЗИНА ЌЕ СЕ ОДЛОЖИ ЗА ГОДИНАИПОЛ
Нема пат за 130 км/ч
Официјалното образложение за одложување на примената на Законот за безбеност во сообраќајот е дека Агенцијата за државни патишта нема пари за набавка на нова сигнализација

Најмалку уште година и пол на возачите нема да им биде дозволено на автопатиштата низ Македонија да возат со зголемените брзини кои се предвидени во Законот за безбедност на сообраќајот. Новиот Закон е на сила од август годинава, а се него максимално дозволените брзини на автопатиштата од 120 се зголемени на 130 и од 100 на 110 километри на час.
Агенцијата за државни патишта пред стапувањето на Законот на сила најави дека има конкретни патни правци на кои веднаш може да се зголемат брзините и дека промената на знаците ќе се направи наскоро. Но, по само неполни три месеци Агенцијата го смени мислењето. Патните правци кои тогаш се споменуваа како подготвени за новите брзини беа Скопје -Петровец, Скопје-Миладиновци и Скопје-Тетово во двете насоки, како и патниот правец М1 Куманово- Демир Капија.
“Нема никакви шанси до крајот на годинава да се променат знаците. Во буџетот на Агенцијата немаме пари за новата сигнализиција. Ќе треба да го чекаме новиот буџет. Исто така треба да се изготви техничка документација по која ќе се распише тендер за избор на фирма која ќе ги направи проценките и ќе ја постави сигнализацијата. Избраната фирма ќе работи заедно со консултанти од градежен факултет и преставници од Министерството за транспорт и врски”, велат од Агенцијата.
Уште пред да стапи на сила Законот, експерти за Вест изјавија дека зголемувањето на брзините е избрзано и не соодветствува на реалната состојба и условите на патиштата. Тие тогаш побараа објаснување кои се причините за измена на досегашниот закон. Со зголемувањето на максимално дозволената брзина од 120 на 130 км/ч место да се намали бројот на сообраќајките, како што објаснуваат тие, оправдано е да се очекува тој да се зголеми.
Изготвувачите на Законот, пак, тврдат дека со зголемувањето на брзините треба да се зголеми пропусната моќ на автопатиштата во Македонија, но и да се намалат сообраќајките кои се предизвикани од возила кои возат бавно по автопатиштата.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=159045&idg=8&idb=2513&rubrika=Makedonija
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 14-Nov-2008 at 15:28
АНАЛИЗА - НЕМА БЕЗБЕДНИ ПАТИШТА
Цела Македонија црна точка
За безбедни патишта во Македонија може да се сметаат само неколку делници кои се изградени во последните две години, тврдат сообраќајните експерти

Во Македонија има дури 169 црни точки кои ги прават високо небезбедни магистралните и регионалните патишта, тврдат експерти за патишта. Стручните лица вчера во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја оценуваа безбедноста од аспект на финансиските средства за изградба на патиштата, нивно проектирање и одржување.
Апсолутен рекордер по сообраќајки е делницата на излезот од тунелот кај Катланово на автопатот Велес - Скопје каде што секоја година има сообраќајни незгоди со по неколку жртви. Според сообраќајните експерти, втората црна точка по бројот на жртвите е на патот Велес - Штип, кај местото викано Крива Круша.
Никола Ангеловски, претседател на РСБСП, вчера изјави дека за безбедни може да се сметаат само неколку делници кои се изградени во последните две години. На сите останати патишта во Македонија, според Ангеловски, е неопходно да се изврши интервенција за подобрување на безбедноста.
М-р Горан Мијоски, претседател на Друштвото за патишта на Македонија, вели дека е застрашувачко што во последните неколку години цели патни правци се претворени во црни делници.
"Нема доволно пари за нивно одржување или за изградба на нови, поради што се повеќе се загрозува безбедноста на патниците и се предизвикуваат големи штети кај возилата. Показател за тоа се и податоците за постојаното зголемување на бројот на повредените и загинати лица во сообраќајните незгоди", рече вчера Мијоски.
Според студијата на Друштвото за патишта, во 2001 година во сообраќајки загинале 107 лица, а лани 199 лица. Бројот на повредени, пак, од сообраќајни незгоди се зголемил дури за три пати. Во 2001 година биле повредени 1.830 лица, а лани дури 5.541 лице.
Друштвото за патишта, кое до Владата поднело над стотина забелешки на актуелниот Закон за јавните патишта, предлага со законски измени значително да се зголемат приходите од горивата кои би оделе за финансирање на патиштата. Сега овие пари покриваат околу 20 отсто, а со предложените измени тие би покривале дури 50 отсто од вкупниот буџет за одржување и изградба на патиштата.
Друштвото предупредува и дека мора да се работи на поефикасна наплата на патните такси и на осовременување на системот за наплата. Годишните приходи од наплата на патарините се од 600 до 800 милиони денари. Според експертите, овој извор на приходи не би требало да е помал од 20 отсто од вкупниот буџет за финансирање на патиштата.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=159634&idg=8&idb=2524&rubrika=Makedonija
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 26-Nov-2008 at 14:40
Шест компании се пријавија на тендерот за поправка на 11 регионални патни правци

Скопје, 26 ноември (МИА) - Во Фондот за магистрални и регионални патишта денеска беа отворени понудите од тендерот за поправка на 11 регионални патни правци во државата.

Станува збор за најоштетени регионални патни правци со вкупна должина од 288 километри за чија поправка се обезбедени 35 милиони евра заем од Светска банка. Тоа се патните правци Илинден - Калугерец во должина од 19,2 км, Ржаничино - Овче Поле (35,78 км), Лакавица - Дреново (33,4 км), Давидово – Раброво (13,14 км), Страцин – Пробиштип (26,3 км), Струга – Дебар (24,2 км), Макази - Долно Дупени (37,52 км), Прилеп – Македонски Брод (32,3 км), Прилеп – Кривогаштани (21,95 км), Превалец – Стојмирово (13,6 км) и Струмица – Нов Дојран – Дојран во должина од 31,13 км. 

На тендерот понуди доставија шест компании и тоа Пелагонија Инжинеринг, Гранит, ИНГРА, Струга – Илинден, Алпине Бау и Страбаг.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=59450391&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%A1%D0%9E%D0%9E%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%8C%D0%90%D0%88+%D0%98+%D0%92%D0%A0%D0%A1%D0%9A%D0%98



Edited by lslcrew - 27-Nov-2008 at 08:10
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 27-Nov-2008 at 11:53
Милијардерот Дерипаска сака да ги санира македонските патишта
Официјално најбогатиот Русин, Олег Дерипаска, е заинтересиран да ги санира македонските патишта. Австриската компанија „Страбаг“, каде што Дерипаска поседува 25 отсто од акциите, се пријавила на тендерот на Фондот за магистрални и регионални патишта. Вчера беа отворени понудите од тендерот за поправка на 11 регионални патни правци во државата.

Станува збор за најоштетени регионални патни правци со вкупна должина од 288 километри ,за чија поправка се обезбедени 35 милиони евра заем од Светската банка. Покрај „Страбаг“, на тендерот понуди доставија шест компании, и тоа „Пелагонија инженеринг“, „Гранит“, „ИНГРА“, „Струга–Илинден“ и „Алпине Бау“ од Австрија.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=246&ArticleID=12117

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 28-Nov-2008 at 16:51

Ќе ги искористи ли Владата парите за изградба на патишта?

четврток, 27 ноември 2008, 19:18

Владата нема гаранција дека 50-те милиони евра државни пари наменети за изградба на патишта идната година ќе бидат искористени. И во изминатите години, во буџетот беа предвидени значајни средства за изградба на инфраструктура.

Но, Владата овие средства неколкупати со ребаланс ги пренасочуваше за други цели.  Директорката на Агенцијата за државни патишта, Наташа Валкановска, е оптимист дека во 2009 државата ќе изгради најмногу патишта досега, доколку тоа го дозволат долгите и компликувани процедури.

Дел од економските експерти предлагаат - заради макроекономската стабилност на земјата,  Владата да размисли за ребаланс, со кој ќе ги пренасочи парите наменети за инфраструктура - во инвестиции кои носат поголем профит на краток рок.

Во буџетот за идната година, Владата предвидува вкупно 500 милиони евра за капитални инвестиции. Десетти дел од овие пари се наменети  за изградба и поправка на патишта. Покрај ова, Владата се задолжи уште 70 милиони евра од Светската банка, за реконструкција на локалните и регионални патишта.

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=2628


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 28-Nov-2008 at 19:32
Originally posted by lslcrew

Директорката на Агенцијата за државни патишта, Наташа Валкановска, е оптимист



Типкава беше оптимист и за обиколницата и тоа дека ќе се завршела комплетно неколку месеци пред рокот (јуни 2008). Видовме како заврши тоа. Јас лично сум уморен од лесно искажаниот оптимизам, сакам да видам нешто и на дело.


Edited by Cloverstack - 28-Nov-2008 at 19:56
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 08-Dec-2008 at 00:28
 
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ СЕ ЖАЛИ
Пари за патишта има, општините не бараат

Општините не се заинтересирани за асфалтирање на селските патишта. Од Министерството за транспорт и врски креваат раменици и велат дека само 23 од вкупно 84 општини поднеле проекти за реконструкција на локалните и на регионалните патишта. - Голем проблем имаме со општините. Тие треба да бидат заинтересирани за поднесување проекти за изградба на локалните патишта, а тие се комплетно неорганизирани во поднесувањето проекти. Која општина побрза да поднесе проект, таму побрзо ќе се изгради пат - вели Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски. Планот е со проектот да се реконструираат 2.000 километри патишта, за што е потребна изработка на околу 200 проекти. Загрижувачки е некои од поголемите општини, како Струмица, Гевгелија, Велес и Прилеп, да немаат поднесено проект за асфалтирање на ниту еден пат. - Светска банка наложува да одиме по региони. Тоа значи ако има шест различни региони, за секој регион ние мора да имаме изработено минимум 10 проекти за да стартуваме со реконструкцијата. А само 18 проекти се одобрени од Светска банка и тоа во различни региони. Има голем број општини со многу население што немаат поднесено проекти - додава министерот ЈанакиевскиПроектот е вреди 120 милиони евра, парите се обезбедени од Светска банка и од Европската банка за реконструкција и развој. Од Министерството за транспорт велат дека пари има, останува општините да побрзаат со поднесувањето на проектите за да може првиот селски пат да се асфалтира во почетокот на следната година.

 
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 08-Dec-2008 at 00:45

ех што се вика децентрализација, мува не ги полазува што некој ги моли да си ги земат парите, најверојатно чекаат да им паднат на колена па да се смилуваат и да извадат некој издржан проект или можеби сакаат некој друг да им ја заврши работата зошто се несигурни во сопствените потенцијали! изгледа ќе ја вртиме работата на калдрми и земјени патишта, што да се мачат инжињерите да проектираат кога може да седат во канцеларија или дома на принуден одмор! истата приказна постојано, ќе се тревожат и ќе паѓаат во трансови додека да се најдат пари а после незнаат што со нив...

незнам дали може СК со проектот за трамот да бара средства од оваа кредитна линија? 

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 08-Dec-2008 at 00:48
Да не ти се верува, или се незаинтеpесирани или некомпетентни или пак можда патиштата во државава се толку добри па не им треба реконструкција Stern%20Smile
 
 
 
Него ги искараа градоначалниците дека не ги бива ни за еден проект, па можда нејкат више да се брукаат луѓето.....
 
 
 
Ај локалциве да не се доволно компетентни да изработат асален проект, ама цела држава Nuts 
 
 
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 11-Dec-2008 at 01:14
За обнова на патиштата ќе се задолжиме120 милиони евра

Опозицијата овој план го окарактеризира како недомаќински и загубарски бидејќи пари за оваа намена има во непродуктивните ставки во буџетот


Со заемот од ЕБОР ќе се обноват повеќе локални и регионални патишта

Македонија в година ќе се задолжи со 120 милиони евра за да ја обнови патна инфраструктура низ државата. Опозицијата вчера овој план го окарактеризира како недомаќински и загубарски. Владата ќе ги позајми парите од Светската банка и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).Министерот за финансии Трајко Славески вчера на комисиска расправа ја правдаше потребата државата да се задолжи со 50 милиони евра кај ЕБОР. Опозицијата категорично ги отфрли причините на Владата за новиот кредитен заем.

- Ова е најнеповолно време за задолжување во странство. Сега, кога глобалниот финансиски систем е во криза, парите се се' понедостапни и поскапи. Владата годишно во просек троши онолку пари за реклами колку што сега предлага да ја задолжи државата кај ЕБОР. Ако ги прераспредели средствата во буџетот, Владата ќе има домашни пари за обнова на патишта. На тој начин Владата не само што нема да ја зголеми надворешната задолженост на државата, туку ќе заштеди да не плаќа камати. Го одбиваме владиниот предлог да се задолжиме - изјави либералдемократот Јован Манасиевски.Пратеникот од СДСМ Игор Ивановски праша зошто Владата прво предвреме ги враќаше кредитите од ММФ и од Светската банка кои, според него, се сервисирале по поволни услови, а сега кога позајмувањето е неповолно таа се задолжува кај меѓународни кредитори.

- Условите на кредитот од ЕБОР се поповолни од кредитите што ги враќавме пред околу една година. Враќавме кредити земени уште од бивша Југославија со каматни стапки од 6 до 7 отсто. Сега се задолжуваме по услови од 4 отсто камата - тврди Славески.

Со заемот од ЕБОР ќе се обноват повеќе локални и регионални патишта. По грејс-периодот од четири години, кредитот ќе се враќа 15 години. Тој ќе се повлекува во две транши. Првата транша е во износ од 24,7 милиони евра. Таа ќе се даде за обнова на девет регионални патишта со вкупна должина од 160 километри. Откако ќе ја повлече првата транша, Владата ќе му плати на ЕБОР еднократна провизија од 250 илјади евра. Втората транша ќе изнесува 25 милиони евра. За овие пари општините ќе си конкурираат со своите предлози за регионални патишта.

Со последниве заеми надворешната задолженост на Македонија ќе се искачи на околу половина милијарда евра. Меѓународниот монетарен фонд во својот годишен извештај за Македонија неделава ја предупреди Владата дека треба да внимава да не ја зголемува задолженоста на државата. Освен со кредитите кај меѓународните финансиски институции за патната, железничката и за енергетската инфраструктура, државата може да ја зголеми задолженоста и затоа што ќе го зголеми дефицитот во буџетот на 2,8 отсто од проектираниот бруто-домашен производ во 2009 година. Годинава тој изнесуваше 1,5 отсто од реализираниот БДП. Досега Македонија јазот во државната каса го покриваше со заеми од ММФ. Македонија има најмала надворешна задолженост од сите држави во регионов.

ИНФО-Нови кредити

Владата ќе ги позајми парите од Светската банка и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за да ја обнови патна инфраструктура низ државата.Опозицијата категорично ги отфрли причините на Владата за новиот кредитен заем.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=983CACD39A5C5B4FBCD04D8C80DD0112


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 11-Dec-2008 at 12:42
Ова не се КАПИТАЛНИ проекти, капитален проект е автопат КУманово-Крива Паланка-граница со БГ, автопат Скопје-Блаце, патиштата низ источна Македонија, посебно Штип-Струмица и Штип-Велес.
Патот кон ски-центарот Кожув или оној кон Банско се минорни во споредба со овие капитални инвестиции.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 11-Dec-2008 at 21:41
Охрид, 11 декември (МИА)Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при неодамнешната работна посета на Охрид најави дека Владата, односно ресорното Министерство, издвоиле 11,8 милиони денари за реконструкција на постоечките пристаништа и изградба на ново пристаниште на Охридското Езеро, во чиј состав ќе биде изградена и соодветна бензинска пумпа.

Според Јанакиески, на тој начин ќе се надмине проблемот со снабдувањето гориво за бродовите и чамците.

Тој најави и реконструкција на обиколницата на Охрид, односно улицата „Железничка“, што ги спојува магистралните правци кон Скопје односно Битола. Работните зафати на оваа важна сообраќајница во Охрид е предвидено да започнат во февруари идната година.

Предвидена е реализација на проект за осовременување на делницата на потегот Охрид – Свети Наум, чија изградба би почнала во текот на 2010 година. Тој патен правец е изграден во 50-те години на минатиот век и не соодветствува на современите потреби за патен сообраќај. Проблеми во одвивањето на сообраќајот особено се јавуваат во летните месеци кога значајно се зголемува фреквенцијата на возила на тој патен правец.

http://www.mia.com.mk/
Back to Top
BlacK View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 11-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 95
  Quote BlacK Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 13-Dec-2008 at 02:36

Државата незаинтересирана да гради автопатишта

Во буџетот за идната година не е предвиден ниту денар за изградба на нов автопат

Билјана Ангеловска

Во Македонија има 242,5 километри изграден автопат, во кои се вклучени и оние 26,5 километри обиколница на Скопје, која се' уште не е целосно предадена во употреба. Тоа, генерално гледано, е малку, со оглед на тоа што сме држава со исклучително важна и поволна географска местоположба, каде што се вкрстуваат коридорите 8 и 10, најважните патни правци кои ја поврзуваат Европа со Блискиот Исток.

Двата коридора претставуваат стратегиски патни правци за Македонија. Коридорот 10, со вкупна должина од 172 километри, се протега од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица. Во состав на овој Коридор е и автопатот-крак Велес - Меџитлија, кој ги поврзува Велес, Прилеп и Битола со Грција. Од К-10 се изградени 132 километри. Автопатот Исток - Запад, пак, односно, К- 8 низ Македонија се протега со вкупна должина од 304 километри. Но, од нив се изградени само 84 километри, поточно, едвај 28 проценти, а завршува и изградбата на обиколницата на Скопје, како составен дел од К-8.

Дека се неопходни уште многу километри квалитетни патишта - нема дилема. Сите се согласни дека патната инфраструктура во Македонија е во исклучително лоша состојба. Не само што нема доволно патишта од највисока категорија, автопати, туку и оние кои се веќе изградени, се наоѓаат во катастрофална состојба, со дупки, крпени и недоволно безбедни за брз сообраќај. Оттаму, зачудува односот на државата кон овој многу важен сообраќаен сегмент, со оглед на тоа што воопшто не размислува да вложува во изградба на нови километри автопат.

Во предложениот буџет за наредната година не е предвиден ниту еден денар за изградба на автопатишта. Единствено Агенцијата за државни патишта има распишано тендер за изработка на проект за изградба на делницата од Демир Капија до Смоквица, од Коридорот 10, во должина од 27 километри, а во тек е и изградбата на 7,6 километри патен правец Табановце - Куманово, кој ќе биде автопатско решение и ќе чини близу 9 милиони евра, но се гради со заеднички средства, односно, со помал дел домашно учество и со заем од Светска банка.

И, тоа е се' што планира државата да го гради како автопат со сопствени средства. Затоа, пак, седум патни правци од Коридорот 8, со вкупна должина од 560 километри, ќе бидат изградени со автопатско решение, но преку давање под концесија. Станува збор за делниците: Романовце - Деве Баир (граница со Бугарија), во должина од 70 километри, обиколница на Скопје - Блаце (граница со Косово), 13 километри, од Гостивар до Требеништа, односно, до аеродромот во Охрид, 93 километри, од Ќафасан, поточно од границата со Албанија до Битола во должина од 85 километри, 130 километри од границата со Грција, Меџитлија до Велес, 120 километри од Велес до Обел, границата со Бугарија, и околу 50 километри од патниот правец Штип - Миладиновци. Треба да се напомене дека изградбата на овие патни правци ќе биде комплетна обврска на идниот концесионер, што значи дека државата нема да вложи ништо.

Факт е дека фокусот на вниманието на Владата во делот на патната инфраструктура речиси комплетно е насочен кон изградба на регионални и локални патишта, за што во буџетот за наредната година се предвидени прилично големи средства. Иако станува збор за десетина делници чијашто изградба има голема важност, сепак, тие се, пред се', од регионално и локално значење, кое нема некоја поголема улога во категоризацијата на државава според нивото на патната инфраструктура. Неоспорно е дека сообраќајната мрежа во Македонија би требало да биде подеднакво добра и кога станува збор за регионалните и кога се во прашање магистралните патишта. Сепак, рангот најмногу зависи од процентот на застапеност на највисоката категорија пат, што значи, од километрите изграден автопат.

И, додека во Македонија никој не се потресува околу тоа дека државава ни е многу сиромашна во поглед на патната инфраструктура, во земјите од најблиското опкружување состојбата е сосема поинаква. На пример, Хрватска има една од најразгранетите и најизградени мрежи автопат во Европа. Така, според последните податоци на Европското здружение на концесионери на автопатишта (АСЕЦАП), Хрватска досега има изградено 1.163 километри автопат, што е 260 километри на еден милион жители. Со тој податок, Хрватска се наоѓа на извонредното второ место, веднаш зад Шпанија, која на милион жители има изградено околу 320 километри автопат.

АСЕЦАП има анализирано податоци во 16 држави, меѓу кои се Полска, Србија, Словенија, Мароко, Австрија, Грција, Португалија, Норвешка и други. Висока четврта позиција на табелата зазема Словенија, која со приближна големина и број на население како Македонија, има 220 километри автопат на милион жители. Соседите Грција и Србија се позиционирани на 12., односно 13. место со изградени меѓу 80 и 70 километри автопат на милион жители, а на крајот на табелата е Полска, која има само 40-ина километри автопат на еден милион жители.

Дека цената на чинење на изградба на еден километар автопат не е главниот фактор поради кој кај нас речиси не се градат автопатишта, најдобар пример, повторно е Хрватска. Во оваа држава изградбата на еден километар автопат на добар, лесен терен чини 6 милиони евра, додека ако се работи за тежок терен, каде што има потреба од изградба на мостови, или тунели, цената се качува и до 12 милиони евра. Во Австрија, пак, ист таков километар автопат чини околу 22 милиона евра, а на полесен терен би можел да се изгради за половина цена поевтино.

Споредено со Европа, изградбата на автопат во Македонија е речиси без пари, бидејќи еден километар на лесен терен може да се изгради дури и за помалку од еден милион евра, а на терен со мостови, достигнува до едвај три милиони евра. Оттаму, сосем логично звучи објаснувањето на нашите градежни фирми дека интересот сами да градат патишта од највисока категорија е занемарлив поради неисплатливост на објектот.

Како што велат градежниците, никој не сака да гради автопат онаму каде густината на сообраќај е толку мала што ќе требаат години и години додека се исплати инвестицијата. Значи, единствено државата е таа која треба да вложува во изградба на патишта од највисока категорија, па дури и онаму каде што фреквенцијата од возила не е многу голема.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=928315E6D6CB764D8CA4EAAE6A389CF9

Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 15-Dec-2008 at 19:16
Текстот е благо речено безвезен и неточен. Инаку целосно ги поддржувам намерите на Владата прво да се реконструираат локалните, регионалните и селските патишта па потоа (или уште поубаво паралелно) да се градат автопатите. Крајно време е македонската провинција да заживее, да се отворат работни места во руралните региони и да се поттикнат луѓето да си живеат во малите средини. Срамно е пола држава да живее во Скопје и време е да се стимулира животот во малите градчиња и селца. Можам еден пример од Словенија да наведам. Кога се давани парите за изградба на автопатот Братство и Единство, на републичко ниво во Југославија, тие ни динар немаат вложено во тој автопат,туку сите средства ги намениле за изградба на регионални патни правци. Затоа денеска во Љубљана живее околу 1/10 од целото население.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 16-Dec-2008 at 16:01
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЦЕЛОСНА САНАЦИЈА НА ЛОКАЛНOT ПАТ ИЛИНДЕН-ХИПОДРОМ
11.12.2008

Согласно програма на општина Илинден за реконструкција и санација на патната инфраструктура на територија на општината, продолжуваат градежните активности во населба Илинден.


Со завршените градежните активности целосно е опфатено проширување, тампонирање, асфалтирање, обележување како и поставување на сообрќајна сигнализација на локалниот пат Илинден-Хиподром, како и поставување на ивичњаци на краевите на патот во вкупна должина од 1.400 метри.


Овој пат претставува главен влез во општината и комуникација со градот Скопје, како и главен пат во индустриската зона Илинден.


Во изминатиот период тој се наоѓаше во многу лоша состојба, раскопан и уништен со што создаваше огромни проблеми за безбедноста на граѓаните при нивното вршење на секојдневните активности.


Со извршената целосна санација локалниот пат Илинден-Хиподром значително ќе се подобри состојбата на локалните патишта во општина Илинден како и воедно ќе им се овозможи како на граѓаните така и на бројните стопански објекти да имаат подобра и поквалитетна комуникација.


Средставата за целосната санација и реконструкција на локалниот пат Илинден-Хиподром во населеното место Илинден се обезбедени од Буџетот на општина Илинден.



http://www.ilinden.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=192
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 08-Jan-2009 at 10:59
Најавена реконструкција на три патни правци во Гевгелија

Скопје, 8 јануари (МИА) -  Агенцијата за магистрални и регионални патишта во Програмата за рехабилитација и реконструкција на локалната патна мрежа во Македонија во првата фаза од реализацијата предвиде и три локални патни проекти за општина Гевгелија.

Станува збор за инфраструктурни зафати од Понов мост до Богородица и патниот правец Конско - Хума, прифатени како приоритетни од Министерството за транспорт и врски, а ќе следи и реконструкција на локалниот пат Негорци - Сременин.

- Вкупната вредност на трите проекти изнесува 50 милиони денари. Парите се обезбедени преку Светската Банка, а стартот на градежните работи може да почне веднаш по распишување на тендер за избор на најповолен изведувач, информираат од Секторот за комунални дејности при општина Гевгелија. 

Од гевгелиската локална самоуправа најавуваат дека годинава ќе се гради и нов патен правец, што треба да ги поврзува стопанските капацитети од улица „Индустриска“ со регионалниот пат Гевгелија - Негорци.

http://www.mia.com.mk/


Edited by lslcrew - 08-Jan-2009 at 19:15
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 79>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.