build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 69707172>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 797
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1401 Posted: 09-Jan-2020 at 20:13
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12546
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1402 Posted: 10-Jan-2020 at 10:01
Ај, баш да видиме...

Годинава ќе се возиме по првите километри од Кичево – Охрид и по експресниот пат Штип – Крупиште

Околу 25 километри нови експресни патишта и автопати ќе можат да се користат од македонските возачи годинава, доколку се остварат планираните проекти од Годишната програма за работа на Јавното претпријатие за државни патишта. Пролетва како прва фаза од изградбата на новата патна врска меѓу Штип и Кочани ќе бидат пуштени во употреба 14,3 километри од експресниот пат Штип – Крупиште. Воедно, десетина километри од автопатот Кичево – Охрид годинава треба да бидат отворени за сообраќај, во делот меѓу Врбјани и Охрид.

Постојат различни проценки за тоа колкав дел од автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен во употреба во 2020 година. Реалистичкото сценарио вели дека ќе може да се вози по околу 10 – тина километри, додека министерот за транспорт и врски Горан Сугарески деновиве изјави дека ќе направат сѐ за да се стави во функција целокупната делница од Врбјани до Охрид, долга 30 километри.

Годинава ќе биде значајна за комплетирање на клучните проекти од патната инфраструктура во земјава. Инвестиционата програма на ЈП за државни патишта за 2020 година предвидува вложување на 195 милиони евра во патиштата. Лани ова претпријатие исполнило речиси 85 отсто од планираните инвестиции во неговата Годишна програма за работа, односно околу 180 милиони евра.



Од новите проекти на кои ќе треба допрва да почне да се работи, 2020 година ќе ја одбележи изведбата на првите 2 километри од автопатот Скопје – Блаце. Изградбата на почетната фаза од овој автопат треба да стартува во првиот квартал од годината, а паралелно на неа ќе се работи и на довршување на проектната документација за втората фаза од целокупната траса долга 13 километри. Во периодот април – јуни треба да се распише и тендерската постапка за избор на компанија што ќе ја гради втората фаза. За проектот вреден 110 милиони евра целосно се обезбедени финансиските средства, а се очекува градежната механизација до крајот на 2020 година да работи паралелно на изведбата на двете етапи од автопатот Скопје – Блаце.

Годинава ќе биде значајна за распишувањето на новиот тендер за изведба на делницата меѓу Фаришката и Дреновската клисура на експресниот пат Градско – Прилеп, каде што има позначајно доцнење на изведбата на проектот, меѓу другото, и поради минатогодишното раскинување на договорот меѓу ЈП за државни патишта и шпанскиот изведувач. Месецов ќе биде објавена нова постапка за избор на фирма, која што ќе треба да продолжи со изградбата на преостанатите 65 отсто од идниот пат долг 10 километри.

Годинава треба да се распише и тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево. Станува збор за делницата од Кичево до селото Букојчани, со должина од 12,7 километри. Проектот е во вредност од 105 милиони евра, од кои 20 милиони евра се обезбедени како неповратен грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан, 79,2 милиони евра преку кредит од ЕБОР, додека од државниот буџет би се обезбедиле 6 милиони евра.

Меѓу позначајните проекти што треба да продолжат со изведба во следните 12 месеци е и втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани (делница Крупиште – Кочани), втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп (делница Градско – Дреново), како и двете фази од експресните патишта Ранковце – Крива Паланка и Штип – Радовиш. Сите овие проекти треба да се пуштат во сообраќај во текот на 2021 година.

За годинава е планирана реконструкција на три автопатски делници од Коридорите 8 и 10 со должина од 28 километри. Во овој пакет се вклучени делниците Хиподром – Миладиновци, Миладиновци – Петровец и Петровец – Хиподром. Во наредните 12 месеци ќе продолжи реконструкцијата на главните патни врски кон Бугарија и Албанија, кои се составен дел од Коридорот 8. Во март треба да заврши реконструкцијата на делницата Ранковце – Крива Паланка. Истовремено, треба да отпочнат градежните работи на Куманово – Страцин и Крива Паланка – Деве Баир. Кон Албанија, во 2020 година конечно ќе стартува со изведба на долгогодишното ветување – рехабилитацијата на патот Струга – Ќафасан.

https://meta.mk/godinava-%d1%9ce-se-vozime-po-prvite-kilometri-od-kichevo-ohrid-i-po-ekspresniot-pat-shtip-krupishte/
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 636
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1403 Posted: 10-Jan-2020 at 11:23
Кога ќе речат дека ќе се објават тендери во "текот на годината" обично бидува на 20ти декември да ги објават.

Што треба да значи тоа дека ќе се пуштат првите 10 километри од Кичево - Охрид? На таа делница се вози по нов асфалт после Врбјани (во насока на Охрид) веќе 2 години и должината е повеќе од 10 километри. Како што имам спомнато на темата за автопатот тоа се најмизерните километри некогаш изградени во МК. На кој начин ќе ги пуштат во употреба или ќе ги отворат за сообраќај? Друг пат и нема. Тие веројатно ќе бидат комплетно руинирани (со оглед на квалитетот) додека се пушти комплетно автопатот. Па пишува и дека тоа е реалистично сценарио, а е фактичка состојба веќе подолго време.

Во однос на Кичево - Букојчани пишува дека ќе се распише тендер за градба, додека во програмата за 2020 пишува изработка на основен и инфраструктурен проект. Кога ќе успеат едното, кога другото?

Што бидна со проширувањето на Тетово - Гостивар? Го најавуваа од крајот на 2018, во програмата за 2019 беше вклучен како реконструкција и рехабилитација на ниво на стандарден автопат, а во програмата за 2020 го нема никаде.

Исто така информација што не е спомната во текстот од Мета.мк - ако се најдат средства наводно ќе се изработела техничка документација за автопат Прилеп - Битола, автопат Струга - Ќафасан, експресен пат Струмица - граница со Бугарија. Fun fact: најавена документација за трите делници имаше и во 2019, но ништо не напредуваше во меѓувреме. Имаше најавена документација и за автопат Велес - Прилеп?? која сега повеќе ја нема во програмата за 2020.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 551
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1404 Posted: 11-Jan-2020 at 12:03
Gledam vo programata za 2020 godina planirana e rekonstrukcija na delnica Stobi - Gradsko , i na Tec negotino - Negotino , a izostaven e delot pomegju Negotino i Stobi , neznam zosto taka , isto taka i sanacija na desen kolovoz na klucka Gevgelija so granicen premin Bogorodica , a i tuka ne vidov nikade sanacija na voznite lenti na samiot granicen premin , dali nekoj vo skoro koj sto pominal nakaj grcija primeti dali se popraveni lentite ili seuste ne se cepnati ?
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #1405 Posted: 18-Jan-2020 at 12:45
Гостување на Зоран Китанов во Сител од 15.01.2020, со неколку апдејти за дел од патната мрежа. Мислам дека во врска со патарините е потполно во право, но тешко му оди објаснувањето на аргументите зошто во Севернава се плаќаат најниски патарини.


Edited by AleksandarTheGreat - 18-Jan-2020 at 12:48
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 551
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1406 Posted: 18-Jan-2020 at 13:37
Originally posted by AleksandarTheGreat




Гостување на Зоран Китанов во Сител од 15.01.2020, со неколку апдејти за дел од патната мрежа. Мислам дека во врска со патарините е потполно во право, но тешко му оди објаснувањето на аргументите зошто во Севернава се плаќаат најниски патарини.


Ova e se ubavi najavi na direktorot , daj boze da ispadne se kako sto kazuva , posebno mi privlece vnimanie toa deka ovaa godina Svetska banka ke odobrela proekt za izgradba na toaleti niz koridor 10 i 8 , toa ke dojde nesto kako parking za polnenje na elektricni vozila so toalet , kako mesto za odmor , bas da vidime koj tocki se opredeleni za toa vo videoto ne gi spomna , i konecno delot od Katlanovo do Petrovec da se napravi so 3 lenti...

Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #1407 Posted: 20-Jan-2020 at 09:35
Originally posted by WolfLeader

Originally posted by AleksandarTheGreat



Ova e se ubavi najavi na direktorot , daj boze da ispadne se kako sto kazuva , posebno mi privlece vnimanie toa deka ovaa godina Svetska banka ke odobrela proekt za izgradba na toaleti niz koridor 10 i 8 , toa ke dojde nesto kako parking za polnenje na elektricni vozila so toalet , kako mesto za odmor , bas da vidime koj tocki se opredeleni za toa vo videoto ne gi spomna , i konecno delot od Katlanovo do Petrovec da se napravi so 3 lenti...



Оди на 14:15 од видеото и таму ќе видиш дека ги посочува општините Неготино и Демир Капија од чии градоначалници побарал да вметнат проекти за одмаралишта со придружни содржини. Big%20smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9073
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1408 Posted: 20-Jan-2020 at 10:43
Originally posted by AleksandarTheGreat

Гостување на Зоран Китанов во Сител од 15.01.2020, со неколку апдејти за дел од патната мрежа. Мислам дека во врска со патарините е потполно во право, но тешко му оди објаснувањето на аргументите зошто во Севернава се плаќаат најниски патарини.


Не е во право за патарините. Каков е тој муабет за наследена ситуација? Наследено беше да имаме и двојници броеви во 1990те па денеска имаме оптички линкови.

Ниту примерот дека вињета ќе биде потребна од Скопје до Драчево му држи вода.

За се има решние ако се има волја.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9073
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1409 Posted: 20-Jan-2020 at 10:45
Уште еден детал ми фати внимание. Зборува дека се спремаат трета лента на Катланово-Велес. И тоа е тотална глупост. Треба да се планира комплетирање на тој автопат покрај трасата Велес-Скопје. Можеби не ни е приоритет, но ова е фрлање на пари во ветер.


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12546
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1410 Posted: 20-Jan-2020 at 11:46
Интересна вест...

ТЕТОВЕЦОТ ЕЛМИР МУСТАФАИ СТАНА ПРВ РЕВИЗОР ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Тетовецот Елмир Мустафаи стана првиот ревизор за безбедност на патиштата во Македонија. Мустафаи е магистер по сообраќај, транспортно планирање и инженерство, а стручниот испит за безбедност на патиштата го положи на Факултетот за сообраќај во Загреб, бидејќи кај нас не постојат услови за стекнување на ова звање.

„Мојата работа е да утврдам која од предложените варијанти со предлог проектот за изградба на некој пат е најдобра, односно најбезбедна за одвивање на сообраќајот. Ова е важно бидејќи, според статистиките, патот е причината за 5-20% сообраќајни незгоди. Вакви ревизии на безбедноста на патиштата кај нас досега не се правеа бидејќи немаше стручни лица, но тие во наредниот период ќе бидат многу потребни. Тоа произлегува од Директивата на Европската комисија, каде стои дека секоја земја кандидат за ЕУ е должна да врши ревизии на безбедноста на сите автопати и државни патишта што минуваат низ европските ТЕМ коридори. На крајот од 2018 година, кај нас се направени измени во Законот за јавните патишта и тој е усогласен со европската Директива. Ревизијата треба да се спроведува уште на идејниот и основниот градежен проект, потоа на проектот за реализација, пред да се пушти патот во употреба и неколку месеци по пуштањето во употреба“, вели Мустафаи.

Стручниот испит Мустафаи го полагал во Загреб пред петчлена комисија, во која имало двајца претставници од Словенија и тројца од Хрватска. Сега чека од Факултетот за сообраќај во Загреб да му го испратат сертификатот, тој да се верифицира во Македонија, со што и официјално ќе стане првиот ревизор за безбедност на патиштата во Македонија.

„Мојата работа ќе биде да дадам мислење за одреден проект дали ги задоволува безбедносните аспекти. Досега, при изградба на патиштата не се правеле ревизии на безбедноста зашто не постоеле ревизори. Оваа Директива на ЕУ не случајно е донесена, бидејќи се сака бројот на жртви во сообраќајот да се сведе на нула. Во Осло, на пример, лани само едно лице загинало во сообраќајки. Кај нас на патиштата гинат од 120 до 150 луѓе годишно“, посочува Мустафаи.

Тој работи во Општина Тетово како советник за развој на сообраќајот и вели дека во Општината малку се обрнува внимание на оваа проблематика, иако градот има огромни проблеми со сообраќајот.

„Поразително е што во Општина Тетово има само еден инспектор за сообраќај и патишта кој ги опслужува не само Општина Тетово туку и другите пет општини во регионот. Тетово има потреба од јавен превоз. Сега таа дејност се извршува со комби возила, но тие не можат да се лиценцираат. Во Тетово е формирано Јавно претпријатие за јавен превоз, но уште нема добиено градски автобуси. За одвивање на јавен превоз потребна е сообраќајна студија, што градот за последен пат ја направил во 1981“, вели Мустафаи.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tetovetsot-elmir-mustafai-stana-prv-revizor-za-bezbednost-na-patishtata-vo-makedonija/?fbclid=IwAR3_yHvCKWja08Wa10YzJgDxX3y5bEJU3OZxs8j8X43uqpOxFYPMW3Ji5j4#.XiQV65vH8iU.facebook
За сè има вторпат
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #1411 Posted: 20-Jan-2020 at 12:56
Originally posted by pbanks

Уште еден детал ми фати внимание. Зборува дека се спремаат трета лента на Катланово-Велес. И тоа е тотална глупост. Треба да се планира комплетирање на тој автопат покрај трасата Велес-Скопје. Можеби не ни е приоритет, но ова е фрлање на пари во ветер.




За претходно кажаното за патарините, пак ќе речам дека е во право, пошто 100% сум сигурен дека во државава се плаќаат најниски патарини пресметано по километар.

А дека планирање 3та лента на постоечкиот Скопје-Велес, кој и онака е претесен и со многу кривини, е тешка глупост мислам дека му е јасно и на самиот Китанов. Треба на постоечкиот Велес-Скопје да се испроектира и изгради паралелен во спротивен правец, и тоа ни е јасно на сите. Дополнително на ова да се направи и автопат Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија па да може да се каже дека државава има добра патна инфраструктура.



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9073
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1412 Posted: 20-Jan-2020 at 13:44
Originally posted by AleksandarTheGreat



За претходно кажаното за патарините, пак ќе речам дека е во право, пошто 100% сум сигурен дека во државава се плаќаат најниски патарини пресметано по километар.


Види, замерката мислам дека на никого не му е за цената по километар, туку за фреквенцијата на патарини.

Во најмала рака требаше да се оди на систем како во Србија/Хрватска ако не на вињета.

Ако ги земеш во предвид летните гужви, македонија е сериозно тесно грло. Бидејќи сме мала земја, на дистанца од помалку од 200км, има 2 гранични премини и 5 патарини.




Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 66
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #1413 Posted: 20-Jan-2020 at 18:47
Originally posted by AleksandarTheGreat

Гостување на Зоран Китанов во Сител од 15.01.2020, со неколку апдејти за дел од патната мрежа. Мислам дека во врска со патарините е потполно во право, но тешко му оди објаснувањето на аргументите зошто во Севернава се плаќаат најниски патарини.


Ахам. гарант

http://balkans.aljazeera.net/vijesti/infografika-putarine-u-regiji-puno-skuplje-od-evropskih
Back to Top
AleksandarTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 12-Jul-2019
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote AleksandarTheGreat Quote  Post ReplyReply #1414 Posted: 20-Jan-2020 at 19:22
Многулоша ти е референцава, еве од Табановце до Богородица должината е 164 километри според GoogleMaps, а вкупно се плаќаат 360 денари за патарина:

Куманово - Скопје = 80 денари
Скопје - Велес = 120 денари
Велес - Неготино = 60 денари
Неготино - Гевгелија = 100 денари

Ако овие 360 денари = 5,853 ЕУР ги поделиш на бројот на километри, испаѓа дека на коридор 10 се плаќаат по 0,3569 ЕУР на 10 километри.

Истата пресметка ако се направи за делот од Скопје до Гостивар, иако е методолошки неисправно, излегува дека се плаќаат 0,32 ЕУР на 10 километри.

Roll%20eyes
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 551
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1415 Posted: 21-Jan-2020 at 11:53
Originally posted by AleksandarTheGreat


Originally posted by pbanks

Уште еден детал ми фати внимание. Зборува дека се спремаат трета лента на Катланово-Велес. И тоа е тотална глупост. Треба да се планира комплетирање на тој автопат покрај трасата Велес-Скопје. Можеби не ни е приоритет, но ова е фрлање на пари во ветер.


За претходно кажаното за патарините, пак ќе речам дека е во право, пошто 100% сум сигурен дека во државава се плаќаат најниски патарини пресметано по километар.
А дека планирање 3та лента на постоечкиот Скопје-Велес, кој и онака е претесен и со многу кривини, е тешка глупост мислам дека му е јасно и на самиот Китанов. Треба на постоечкиот Велес-Скопје да се испроектира и изгради паралелен во спротивен правец, и тоа ни е јасно на сите. Дополнително на ова да се направи и автопат Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија па да може да се каже дека државава има добра патна инфраструктура.


Mislam deka Kitanov kazuva za 3ta lenta na delot od Katlanovo do Petrovec koj sega e so dve lenti i e uzasen , toj vekje bil proektiran i se ocekuva ovaa godina da se pocni so rabota , a nikade vo negovoto intervju ne slusnav deka kazuva drugo prosiruvanje na 3ta lenta na SKopje-Veles ili obratno , od edna strana se karpi od druga strana e vardar , kade ke stavis 3ta lenta ??...
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 551
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1416 Posted: 21-Jan-2020 at 11:55
Originally posted by WolfLeader

Originally posted by AleksandarTheGreat


Originally posted by pbanks

Уште еден детал ми фати внимание. Зборува дека се спремаат трета лента на Катланово-Велес. И тоа е тотална глупост. Треба да се планира комплетирање на тој автопат покрај трасата Велес-Скопје. Можеби не ни е приоритет, но ова е фрлање на пари во ветер.


За претходно кажаното за патарините, пак ќе речам дека е во право, пошто 100% сум сигурен дека во државава се плаќаат најниски патарини пресметано по километар.
А дека планирање 3та лента на постоечкиот Скопје-Велес, кој и онака е претесен и со многу кривини, е тешка глупост мислам дека му е јасно и на самиот Китанов. Треба на постоечкиот Велес-Скопје да се испроектира и изгради паралелен во спротивен правец, и тоа ни е јасно на сите. Дополнително на ова да се направи и автопат Велес-Прилеп-Битола-Меџитлија па да може да се каже дека државава има добра патна инфраструктура.


Mislam deka Kitanov kazuva za 3ta lenta na delot od Katlanovo do Petrovec koj sega e so dve lenti i e uzasen , toj vekje bil proektiran i se ocekuva ovaa godina da se pocni so rabota , a nikade vo negovoto intervju ne slusnav deka kazuva drugo prosiruvanje na 3ta lenta na SKopje-Veles , od edna strana se karpi od druga strana e vardar , kade ke stavis 3ta lenta ?? Nema logicko resenie kako toj pat bi prerasnal vo 3 lenti , edinstveno treba da se odrzuva asvaltnata podloga , malce podobro da se zastiti desniot del sto e pravo nadole vo vardar , da se stavat podobri bankini a po moznost i betonski , a od leva strana da se zastiti karpata od odron ,...
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 636
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1417 Posted: 21-Jan-2020 at 12:34
Така е, станува збор за Катланово - Петровец, а не за Скопје - Велес.
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #1418 Posted: 21-Jan-2020 at 13:52
I jas go slushav sega... Zbori za Petrovec-Miladinovci, a ne za Katlanovo-Veles.

Kje ostane ushte Skopje-Kumanovo i Katlanovo-Veles da se krenat na nivo na Avtopat. Za Skopje-Kumanovo neznam zasto ne go napravija toa pred 3 godini koga ja rekonstuiraa taa delnica (Togas ne bese Kitanov direktor). Katlanovo-Veles od druga strana e teska i skapa delnica.

Edited by Bakica - 21-Jan-2020 at 13:53
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 636
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1419 Posted: 14-Feb-2020 at 10:25
Автопатот Тетово – Гостивар е најфреквентниот пат во земјава

Девет од десетте најфреквентни патишта во 2019 година во земјава се изградени во профил на автопат, а најмногу возила лани биле регистрирани на автопатот Тетово – Гостивар. Просечниот годишен дневен сообраќај (ПГДС) е еден од главните индикатори во развиените земји за донесување на одлуки за инвестиции во нови патишта или за реконструкција и надградба на постојната инфраструктура.



Според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта, ПГДС на автопатот Тетово – Гостивар лани изнесувал 16.300 возила. Веднаш по него следуваат автопатските делници на источните влезови на Скопје: Хиподром – Кадино – Петровец со 15.887 и Миладиновци – Хиподром со 15.836 возила во просек дневно. Воедно, автопатите Скопје – Тетово, Миладиновци – Куманово, Петровец – Велес и скопската обиколница останале и минатата година високо на листата на патишта со највисока фреквенција на возила.

За одбележување е фактот дека една патна делница лани била преоптоварена со сообраќај, иако не станува збор за траса што е изградена на ниво на автопат. Станува збор за патот Струмица – Дабиље – Ново Село, којшто во 2019 година имал ПГДС од 12.297 возила.

Наспроти ова, бројките на ЈП за државни патишта покажуваат дека кај одредени проекти во кои се инвестираше во изминатиов период нема доволна фреквенција на возила преку која би се „исплатила“ инвестицијата. Па така, на автопатот Миладиновци – Штип, на потегот од клучка Миладиновци до клучка Кадрифаково, лани автоматските бројачи регистрирале ПГДС од 6.421 возила. На патниот правец Страцин – Крива Паланка, каде што во моментов се гради новиот експресен пат од Ранковце до Крива Паланка, во 2019 година бил измерен ПГДС од само 2.808 возила.

Покрај тоа што претставува индикатор при определувањето на идни инвестиции во патната инфраструктура, мерењето на фреквенцијата со автоматски бројачи го дава вкупниот број на возила што минуваат по одредени патишта, а со тоа и можноста да се осознае рокот во кој би се извршил поврат на вложените средства при изградба на нова делница на која би се наплаќала патарина.

https://meta.mk/avtopatot-tetovo-gostivar-e-na%d1%98frekventniot-pat-vo-zem%d1%98ava-infografik/
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Online
Posts: 106
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1420 Posted: 14-Feb-2020 at 15:52
Да нема некоја промена во начинот на мерење или обработување на податоците? Многу се разликуваат споредено со оние од 2015. Кај некои делници е зголемен и за 2-3 пати сообраќајот, а некаде пак е намален.


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 69707172>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.313 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.