build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7273747576>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1461 Posted: 19-May-2020 at 14:43
Што мислите за овој пат Тетово-Призрен. Многу корисна работа, крати 100км до Северна Албанија и Црна Гора, никако да има нешто опипливо дека е можно да се реализира.

https://vistinomer.mk/izgradbata-na-patot-tetovo-prizren-nikako-da-zapochne/




Edited by user8642 - 19-May-2020 at 14:44
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1997
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1462 Posted: 19-May-2020 at 14:46
Колку милијарди би чинело? Прво нека направат експресен до Јажинце.

„Една од варијантите е најдолгиот тунел со шест километри и 400 метри, втора варијанта со тунел од 3 километри и третата варијанта е 1. 700 метри тунел. Сите три варијанти се разликуваат. Подолгата варијанта на тунелот подразбира дека тунелот е на 1.500 метри надморска височина и е предвиден помеѓу двете села Божовце и Вешала, втората варијанта е 3.200 метри тунел, на 1500 метри надморска височина, исто така, предвидено меѓу двете села Божовце и Вешала. Третата варијанта, во должина од 1.800 метри, е предвиден над селото Вешала, но е на 1.800 метри надморска височина. Според експертите, најдобра варијанта со ниска цена е втората, онаа за тунел долг 3.200 метри.“
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1463 Posted: 19-May-2020 at 22:32
Не мислам дека некогаш би се остварил (барем не во следниве 30 години), а е понуден во програмата на ДУИ бидејќи е проект што е актуелен во Косово (во форма на автопат), па пали кај населението во тој регион. Ниту една од партиите во македонскиот блок не го има спомнато досега. Претпоставувам ќе гледаме да го изградиме автопатот до Блаце до 2030 година како главно поврзување со Косово, а во меѓувреме Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк што ќе го забави можното реализирање на проектот дополнително.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1997
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1464 Posted: 19-May-2020 at 22:36
Касно е 2030 за 13 еани километри до Блаце!
За тунелов некои Арапи се моткаа, не знам што бидна. Еколошки не би бил сјаен, а ако треба да го финансираат робовладетелите од Заливот поарно ништо да не биде.

П.С. Качаник и делови од Гора не се кај нас. Ужас е мапана!
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1465 Posted: 19-May-2020 at 22:54
Затоа реков ќе гледаме да го изградиме до 2030 Crazy Идеално би било порано, се разбира дека е премногу 10 години, но да не заборавиме колку години се градат одредени крупни проекти кај нас. Не е толку до должината колку до желбата.
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 729
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #1466 Posted: 20-May-2020 at 18:40
Значи ајде ве молам, воопшто не би коментирал вакви проекти. Ова е слично како што едно време се сакаше коридорот 8, меѓународен коридор кој врзува пристаништа да се прецрта и да оди низ Дебар. Ај што нема нацинална оправданост проектов не е до толку битно, нели треба да отвараме граници и да бидеме големо европско семејство, ама пред се нема никаква економска оправданост.
Ние имаме толку многу други приоритети за да зборуваме за вакви идеи, а камо ли за можни реализации.
Значи едноставно е: Коридорите 8, 10 и 10д дополнително и патот за Приштина (не знам официјално дали се води за некаков крак на коридор) мора да се целосно автопати, никакви ипровизации. Остатокот од патиштата помеѓу градовите да е главно експресни. Притоа да се стандардизира што точно се мисли под експресен пат. Бидејќи низ светот има различни примери за експресни патишта. И најбитно од се континуирано одржување на постоечката инфраструктура. Тука треба да се движи дебатата. Ние имаме правописни грешки по вертикална сигнализација на патиштата а овде зборуваме за тунел под Шара, која што од неодамна е и национален парк.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1997
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1467 Posted: 21-May-2020 at 12:25
Шара сѐ уште не е национален парк, во септември се очекува да завршат формалностите.

Тунелов нема економска оправданост. Тетово и Призрен се средно-големи градови кои немаат повеќе од 200.000 жители во своите региони и немаат голема економска активност, а овој пат не е дел од меѓународен коридор. Изградба на автопат до Блаце, експресен пат до Јажинце и подобрување на патот преку Гора би биле доволни во следниве неколку децении. Треба многу услови да се исполнат за околу 2050 да биде исплатлив патов: големо подобрување на економиите на Македонија и Косово, силно индустриско и сервисно јакнење на Тетово и Призрен, значително зголемување на населението во двата региона и можност за развивање автопатска мрежа низ заштитени подрачја.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1468 Posted: 21-May-2020 at 13:36
Овој тунел и да се изгради, Тетово и Презрен може само колатерлана корист да имаат зашто се блиску, не би се правело секако заради локално населние. Пред се е потребен на економиите на Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора. Дури и мислам дека отворено може да се разговара за фондови од блиски исток кои пред се од идеолошки причини се присутни по западен балкан, ако нив им е идеолошки исплатливо да финансираат дел, нас економски уште повеќе ни е исплатливо.

Има математика во тунел под Шара, не е туку така празен муабет!
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 157
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1469 Posted: 21-May-2020 at 13:46
Со оглед на сообраќајот Тетово-Јажинце, како и на претежно рамнинскиот терен, можеби тука треба да се размислува и директно за автопатско поврзување, како што е случајот и со Струмица-Ново Село. Двојно побрзо би се стигнувало од Тетово до Качаник отколку преку Скопје со исти брзини и ранг на пат, и би го презел целиот сообраќај помеѓу Полог и Косово. Секако, за ова треба интерес и од косовска страна, но мислам дека не е лошо да се гледа како опција.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1470 Posted: 23-May-2020 at 19:20
Фамозната втора фаза...

06 мај - Општина Чашка

Денес започнаa градежните активности на втората и завршна фаза од региналниот патен правец Р 2340(Р 513) - Гостиражни кон с. Богомила во должина од 5.4 км, финансиран од програмата на Јавно Претпријатие за Државни Патишта во висина од 40 000 000 денари.

Изведувач на градежните активности е ЈП “Македонија пат" кој согласно градежната динамика оваа завршна фаза треба да ја заврши во следниве три месеци.

Со комплетното асвалтирање на регионалниот пат конечно се решава деценискиот проблем на жителите од овие региони за конечно поврзување на општина Чашка и општина Долнени (Прилепско) .
Минатата година се проби,тампонираше и асвалтираше половина од вкупно 10.8 км должина на регионалниот пат.

Големите заложби на оваа Влада во изминатиов период за модернизација на патната инфраструктура како ширум нашата држава така и во Општина Чашка во голема мера ќе го олесни животот на граѓаните и ќе овозможи непречен проток на стоки и услуги.

https://www.facebook.com/GoranStojanovskiGradonacalnikNaOpstinaCaska/posts/1521606808012307


Поназад имав и некоја информација за мостот нов во Богомила, неможам да најдам правилна нумерација на патов, во објавата стои еден број, на мапата на ЈПДП друг борј, и по ново и по старо не се поклопуваат броевите. Незнам дали има на друго место да сте пишувале затоа тука го пуштив.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 900
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1471 Posted: 23-May-2020 at 20:37
Бидејќи свежо возен патов, да споделам информации

1. Навистина се донесени машини за довршување на патот
2. Скоро целиот пат од велешка страна (од Богомила) не е завршен
3. Од прилепска страна е целосно асфалтиран
4. Бидејќи се оди на принципот, тури земја, малку чакал, фрли асфалт, асфалтот од прилепската страна веќе е пропаднат на некои места, а на многу други е набабрен

Во суштина вечноста ќе му биде до наредната зима.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1472 Posted: 24-May-2020 at 02:48
Малку надвор од темата, кој го интересира gaming, може а се позанимава со EuroTrack Simulator, интересен е на youtube има клипови, некои предели во Македонија прилично автентично се реконструирани.

Клипов почнува со излез од Битола, клучката е добро симулирана, итн...



Edited by user8642 - 24-May-2020 at 02:49
Back to Top
mile_ohrid View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Nov-2015
Location: Ohrid
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote mile_ohrid Quote  Post ReplyReply #1473 Posted: 04-Jun-2020 at 17:12
Здраво,

Да не има некој свежи информации, до каде се клучките кај ТИРЗ Прилеп и ТИРЗ Струга?
Колку што се сеќавам требаше крај на Јуни почеток на мај да се готови.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1474 Posted: 04-Jun-2020 at 17:50
Натпатникот во ТИРЗ Прилеп кај бензинската од Макпетрол е при крај, ама наводно граделе два натпатници таму. Во ТИРЗ Струга е исто така при крај, го асфалтирале крајот на мај/почеток на јуни.
Back to Top
mile_ohrid View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Nov-2015
Location: Ohrid
Online Status: Offline
Posts: 3
  Quote mile_ohrid Quote  Post ReplyReply #1475 Posted: 05-Jun-2020 at 15:13
Фала за инфо.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1476 Posted: 06-Jun-2020 at 02:54
Цело време дискутираме за автопати и како може да се рашири автопатската мрежа, а не дискутираме баш многу како да се рашири и мрежата на регионални патишта. А има многу такви локални патишта со капацитет да станат регионални, особена кајшто мрежата со регионални патишта на Македонија не е многу густа. Еве еден пример таков. Конекција Драчево-Богомила, врска помеќу Р2131 - Р2336, како и поврзување со Р2344 кој сега заврува како крак во слепо во Јаболчиште. Со асфалтирањето сега на патот Богомила-Прилеп уште повеќе може да добие на значајност ваква конекција. Исто така пред некоја година се асфалтираше и за прв пат патот Велес-Јаболчиште. Со санирање на неколку "црни точки" и изградба на неколку мостови само, особено мост пред Алдинци или такви слични точки, може да се добие сосема разумен регионален пат кој би го донел Прилеп на 110км од Скопје преку регионален пат, Брод на 105км.

А секако има потенцијал да биде најживописната низ Македонија. Тука е Китка, Јакупица со Солунска, Караџица, Бопгомила, Нежилово, Бабуна, најпознатите 3 планинарски низ Македонија покрај еден пат.

Во прилог и .KMZ file кого го интересира подетално.
https://filebin.net/cbuq9mda3nz25t7p/R_Dracevo-Bogomila.kmz?t=n4gxxoqm




Edited by user8642 - 06-Jun-2020 at 03:04
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1477 Posted: 06-Jun-2020 at 02:56
И две алтернативни можни траси во делот на Китка/Алдинци/Караџица до Јаболчиште



Edited by user8642 - 06-Jun-2020 at 02:57
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1478 Posted: 06-Jun-2020 at 03:02
Како изгледа тоа на мапа:

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5038
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1479 Posted: 09-Jun-2020 at 13:20
Можеби не е соодветна нишката за оваа вест но не најдов нешто соодветно...
....

Битола ја добива првата еколошка звукозаштитна ограда во државава со висок коефициент на апсорпција на звукот.









https://www.facebook.com/drzavnipatista/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5038
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1480 Posted: 10-Jun-2020 at 15:59
Со санација на свлечиштето на регионалниот пат Р1308, делница Макази–Маркова Нога (близу село Штрбово, место викано Долги Рид) решаваме долгогодишен проблем на граѓаните на Општина Ресен и на големиот број на туристи кои се движат по овој регионален пат.

Патот го поврзува градот Ресен и околината со Граничниот премин Маркова Нога кој го подготвуваме инфраструктурно за отворање. Обезбедуваме поголема безбедност на граѓаните и туристите и подобри услови за интензивирање на прекуграничната соработка








https://www.facebook.com/drzavnipatista

Edited by stef4o - 10-Jun-2020 at 15:59
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7273747576>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.295 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.