build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 73747576>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 904
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1481 Posted: 10-Jun-2020 at 20:04
Само да потсетиме дека одронов кај Штрбово се случи пред едно добри 3 (можеби и повеќе) години, па така не знам ама ова е како да кажам редовна активност и не треба да се прави помпа, па уште и изјави и не знам што. Јас знам дека доаѓаат избори, ама малку усул треба да се има, затоа што сигурно жителите таму добро памтат колку пати им ветиле.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1482 Posted: 20-Jun-2020 at 13:30
По 2 месеци од реконструкцијата на регионалниот пат Богданци-Дојран









од фб група Ѕид на сообраќајниот срам
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 176
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1483 Posted: 20-Jun-2020 at 13:40
Originally posted by stef4o

По 2 месеци од реконструкцијата на регионалниот пат Богданци-Дојран









од фб група Ѕид на сообраќајниот срам


Не е ни целосно реконструиран.
Од тој крај сум, и често кога одам се гледа, има едно место и каде што асфалтот се менува, па треба да се поднамали и вози внимателно.
На еден друг дел од овој регионален пат, се вози за мерак.

Edited by The Wild Boy - 20-Jun-2020 at 13:40
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 176
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1484 Posted: 20-Jun-2020 at 17:31
Edit:
Сега видов дека ова е Богданци Дојран.
Делот кај грчата гробница (лево кон Валандово, а десно се оди кон Струмица низ валандовско брдо), па се до с. Фурка, барем ние кога го одевме, тоа што го имаа направено за милина се возеше.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1485 Posted: 27-Jun-2020 at 11:53
Kako i da e toa , za 2 meseci da se osteti vaka asvaltna podloga znaci uste eden dokaz deka kvalitetot na izvedba e katastrofalen , nadzor nema , tenderi se delat na vestacki firmi nepoznati za nikogo , materijalot koj sto se stava ne e kontroliran od nitu edna institucija ni nadzor , ustvari ova ne e ni asvalt ova e nekoja glina pomesana so ulje , stvarno sum prosetal niz dosta drzavi , ama vaka loso izvedeni rekonstrukcii kako sto ima vo MK veruvajte nema vo nitu edna drzava , ova e samo mackanje na oci deka nesto e sraboteno a ustvari ne e nisto , i toa e praksa na sekoja vlada , kvalitet jok.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 176
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1486 Posted: 27-Jun-2020 at 14:32
Originally posted by WolfLeader

Kako i da e toa , za 2 meseci da se osteti vaka asvaltna podloga znaci uste eden dokaz deka kvalitetot na izvedba e katastrofalen , nadzor nema , tenderi se delat na vestacki firmi nepoznati za nikogo , materijalot koj sto se stava ne e kontroliran od nitu edna institucija ni nadzor , ustvari ova ne e ni asvalt ova e nekoja glina pomesana so ulje , stvarno sum prosetal niz dosta drzavi , ama vaka loso izvedeni rekonstrukcii kako sto ima vo MK veruvajte nema vo nitu edna drzava , ova e samo mackanje na oci deka nesto e sraboteno a ustvari ne e nisto , i toa e praksa na sekoja vlada , kvalitet jok.


Back to Top
Bistro View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 16-Dec-2018
Online Status: Offline
Posts: 63
  Quote Bistro Quote  Post ReplyReply #1487 Posted: 27-Jun-2020 at 16:39
Тоа намерно се прави за по 3-4 години повторно да можат да бараат средства за реконструкција а тоа се провизии, проценти, тендери и + фалење за избори дека еве тие ги направиле улиците и патиштата а за квалитетот - е тоа е споредно. Велам општо сите партии не критикувам посебно власт или опозиција
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1488 Posted: 28-Jun-2020 at 15:13
Pa ili e namerno kako sto kazuvas drzi voda toa , ili pa stvarno ne gi biduva da napravat nesto asalno , treto nema ) Pa da sekoja vlada e ista nema zbor tuka , isti se site , cudno bi bilo da dojde nekoj porazlicen .... Kako i da e narodot si trpe , si krse koli , voze po nebezbedni patista , se gubat zivoti sekoj den i toa e toa.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7258
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1489 Posted: 29-Jun-2020 at 02:11
можно е проблемот да лежи во тоа што асфалтот нема добра подлога, а рабници и сливници се мисловна именка кај нас
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1490 Posted: 29-Jun-2020 at 11:41
СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ГРИЖЕТЕ СЕ И ВИЕ!

Деновиве ве запознавме со нашиот пријател RoboGREEN кој неуморно работи на нашите патишта и се грижи за Вашата безбедност во сообраќајот.

RoboGREEN во изминатиов период искоси и расчисти вкупно 2,961,679.01 м2 и тоа на многу клучки и патни правци низ државава.

Но, за жал тој се уште нема моќ да може да го собере и ѓубрето кое се појавува откако ќе искоси и ќе го расчисти теренот.

По извршеното косење, кастрење и сечење на дрвата депониите „дојдоа” до израз. Секаков вид на отпад, расфрлани гуми, делови од автомобили, ѓубре итн. Тоа беше грдата слика во многу патни појаси, канали за одводнување на автопатите, клучките и сл. Па така, работниците кои му помагаа на RoboGREEN верувале или не собраа 1,527.28 м3 отпад!

Машала!

Јавното претпријатие за државни патишта се грижи за вашата бездедност, но, замолуваме да ни помогнете во грижата и притоа потсетуваме дека имаме поставено канти за собирање на отпад на сите наплатни станици по коридорите VIII и X, како и на сите означени паркинг места за одмор.

Апелираме да ни помогнете да ја задржиме убавата слика!

Потсетуваме и опоменуваме дека фрлениот отпад на коловозот претставува опасност за сите учесници во сообраќајот после Вас!











https://www.facebook.com/drzavnipatista/
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 80
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #1491 Posted: 29-Jun-2020 at 13:09
Na teren se primetuva rabotata na ovie roboti i masini, mislam deka treba da se kupat uste 10 i niz cela drzava da bide cakum pakum. Da mozat redovnno da vrtat i shishaat.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Online
Posts: 1712
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #1492 Posted: 29-Jun-2020 at 13:18
Originally posted by MKDSTRUGA

Na teren se primetuva rabotata na ovie roboti i masini, mislam deka treba da se kupat uste 10 i niz cela drzava da bide cakum pakum. Da mozat redovnno da vrtat i shishaat.
Nema sto da mislis, vakvi masini trebase odam da bidat kupeni. Toa e edna od dejnostite na "Makedonija pat", za toa plakame patarini.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1493 Posted: 01-Jul-2020 at 16:10
На мое огромно задоволство, денеска заедно со градоначалникот Јованоски извршивме увид во асфалтирањето на патот во Мариовскиот крај, Лагово-Штавица -Витолиште, значаен патен правец за тој дел.Ова практично беше и барање на жителите од овој крај.
Силни градежни работи реализираме во Прилеп и Прилепско, само во патната мрежа во моментов во Прилеп и околината инвестираме преку 70 милиони евра.
Завршивме со:
· рехабилитација на стариот пат од Прилеп до Битола,
· транзитот низ Прилеп и
· патот од Прилеп до Прилепско Езеро.
Во моментов ги рехабилитираме:
· патот до Норово,
· од Лажани до Житоше,
· привршуваме со патот од Дреново до Фариш.
Во текот на овој месец ги објавуваме тендерите за рехабилитација на патиштата:
· Фариш-Прилеп
· Кривогаштани–Крушево
а претходно го рехабилитиравме патниот правец Рапеш-Старавина.
Дополнително обезбедивме 1,2 милиони евра за санација на локалните улици во Прилеп





https://www.facebook.com/SugareskiGoran/
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 87
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #1494 Posted: 01-Jul-2020 at 21:18
Super e robotot sto kosi ama sto pravime so drvata vo sredisnata linija. Spored mene treba da gi trgnat site drva. Ne izgledaat ubavo, teski se za odrzuvanje a i nekako nemas preglednost dodeka vozis megu drva.
Back to Top
Realistic88 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Dec-2019
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote Realistic88 Quote  Post ReplyReply #1495 Posted: 02-Jul-2020 at 03:15
Katastrofa e ova sho se raboti vo nashata si drzavicka.
Malku gledam zamackale so asfalt i toa e toa.

no onie dupki se posle nekolku dena od asfaltirajne, znaci neshto ne e kako shto treba.

Losho
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 606
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1496 Posted: 04-Jul-2020 at 21:05
Pa koga ke stavis ubava podloga na pat , dobro nabien tampon , i koga ke stavis ubav asvalt nema da ima vakvi ostetuvanja za tolku kratko vreme.

Inace vakvi roboti treba da ima poveke niz drzavata i da rabotat redovno , na mnogu delnici eve na koridor 10 trevata vekje e izlezena na samiot asvalt , sto ne e voopsto ubavo za gledanje.

Jas seuste stojam na faktot deka koridor 10 i 8 treba da se dadat na privatna stranska kompanija pod koncesija i da gi odrzuva redovno i da si naplakja patarina , oti eve gi gledame rezultatite od vladinata Makedonija pat kolku dobro raboti i kakvi rezultati ima ....
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1497 Posted: 06-Jul-2020 at 15:25
Originally posted by Bakica

Super e robotot sto kosi ama sto pravime so drvata vo sredisnata linija. Spored mene treba da gi trgnat site drva. Ne izgledaat ubavo, teski se za odrzuvanje a i nekako nemas preglednost dodeka vozis megu drva.


Ако велиш за дрвјата во средишниот појас на автопатите (ниски зимелени дрвја), тие се одличнио решение за заштита од фаровите на возилата од спротивен правец. А воопшто не се пречка за оној дел од прегледноста што треба да ја имаат возачите.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1498 Posted: 06-Jul-2020 at 15:52
Дел од жителите на Полошкиот регион сè уште се движат по земјен пат

Состојбата на дел од регионалните патни правци не е во согласност, не само со барањата за економски развој, туку и со стандардите за безбедно одвивање на сообраќајот. Во Полошкиот плански регион локалната патна мрежа е во лоша состојба.

Ова го пишува во Програмата за развој на Полошки плански регион 2015-2019 година, пишува „Порталб.мк“.

Во документот се наведуваат повеќе стратешки проекти и приоритети кои треба да донесат развој во Полошкиот регион, а со тоа и подобра живеачка што ќе ја почувствуваат жителите од овој дел на земјата.

Сепак, „Порталб,мк“ изврши увид во Програмата за развој на Полошкиот плански регион во која се нотираат повеќе регионални и магистрални патишта, како приоритетни за изградба, а дел од нив иако се зацртани програмски до 2019 година, не е исклучено дека ќе се најдат и во новата Програма за следните четири години.

„Модернизација на постоечката мрежа на „А“ патишта и изградба на нови (главни магистрали), потоа „А2“ Делница која ги опфаќа Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Гостивар – Дебар. Модернизирање на постоечките и изградба на нови регионални патишта: Тетово- Јажинце, Тетово-Пирок-Гостивар, Тетово – Попова Шапка, Тетово Брвеница-Чегране-Гостивар, Пршовце-Јегуновце-Радуша, Маврови Анови- Маврово, Желино-Шемшово-Јегуновце. Модернизација на постојните и изградба на нови локални патишта“ се нотираат како приоритетни инфраструктурни проекти во сегашната Програма 2015-2019.

Токму локалните патишта, кои учествуваат дури со 82 проценти во структурата на патиштата во Полошкиот регион, се „најпроблематични“ и чекаат изградба, рехабилитација и реконструкција.

Во Полошкиот регион, според податоците од Програмата сè уште има делови во кои се функционира буквално по земјен пат а тоа се: Србиново – Папрадиште – Туин (Осломеј, Кичево), Јегуновце – Долно Орашје – Радуша, Галичник – Селце – Лазарополе – Гари.

Податоците за Полошкиот регион во однос на квалитетот на локалните патишта не се оптимистички: 56 проценти се асфалтирани, 14 проценти се земјени, 11 се поплочени со макадам, 10 проценти се водат како непросечни локални патишта, а 9 проценти се со коцка.

„Во последните неколку години со користење на сопствени средства, како и средствата од Министерството за транспорт и врски дел од локалните патишта се реконструирани и надоградени (4,5 проценти)“ се наведува во Програмата за развој на Полошкиот регион.

На прашањето дали жителите ги почувствуваа ефектите од досегашните проекти, од Центарот на Полошкиот плански регион кратко одговориле дека „го стимулираат економскиот развој преку создавање на основна инфраструктура, исто така преку управување со водата за пиење, управувањето со отпадни води и со тврд отпадок на регионално ниво.“

Локалните власти во Полошкиот регион, кои заеднички ги дефинираат приоритетните проекти се обврзале, според Програмата, дека ќе ги интензивираат активностите и ќе ја зголемат поддршката во подготовка на техничка документација на урбанистички планови за населени и вон населени места со цел да се подобри патната инфраструктура.

За годинава предвидена е само рехабилитација на локалниот пат од село Сушички мост до депонијата Русино, Општина Гостивар – трета фаза за што ќе се потрошат 404.000 евра, како и изработка на Урбанистички планови во Врапчиште и во Боговиње.

https://meta.mk/del-od-zhitelite-na-poloshkiot-region-se-ushte-se-dvizhat-po-zemjen-pat/
Back to Top
Bakica View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 09-Feb-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 87
  Quote Bakica Quote  Post ReplyReply #1499 Posted: 06-Jul-2020 at 21:18
Originally posted by Cloverstack

Originally posted by Bakica

Super e robotot sto kosi ama sto pravime so drvata vo sredisnata linija. Spored mene treba da gi trgnat site drva. Ne izgledaat ubavo, teski se za odrzuvanje a i nekako nemas preglednost dodeka vozis megu drva.


Ако велиш за дрвјата во средишниот појас на автопатите (ниски зимелени дрвја), тие се одличнио решение за заштита од фаровите на возилата од спротивен правец. А воопшто не се пречка за оној дел од прегледноста што треба да ја имаат возачите.


Ne se soglasuvam. Ne se niski tuku se visoki drvja. Koga bi bile niski bi bilo ok. Vaka voopste ne e pregledno da vozis na avtopatot. Osven kaj nas jas nikade na drugo mesto ne sum nacekal drva na sredina na avtopat
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1500 Posted: 06-Jul-2020 at 21:39
Originally posted by Bakica

Vaka voopste ne e pregledno da vozis na avtopatot.


Што е тоа што не можеш да го видиш поради дрвјата?

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 73747576>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.