build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Патна мрежа (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Патна мрежа (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 767778
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 81
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #1541 Posted: 31-Aug-2020 at 19:40
Originally posted by гитардемон



Китанов јавно кажа дека е две во едно: звучна препрека за да не им пречи бучавата, но и обратно физичка препрека за да не влегуваат локалците на регионалниот пат.



ахам. смртно се загрижени за бучавата кај циганите.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1542 Posted: 02-Sep-2020 at 15:06
НА +40 И ВО ДРУШТВО НА ЗМИИ, СЕ БЕТОНИРА СВЛЕЧИШТЕТО НА КАРПАТА ЦУЦКА КАЈ ВЕЛЕС



Привршува санацијата на карпата Цуцка и на свлечиштото на влезот во Велес од правец на Градско. Таа започна во средина на април, а изведувачот најавува дека до крајот на месецов ќе завршат градежните работи, што е порано од рокот кој беше даден, крајот на октомври. Во изведбата на градежните работи активно се вклучени четворица алпинисти, кои работат на поставувањето на мрежата, односно анкерисувањето.

„На ова жешко време, друштво по карпите ни прават змиите. Ни малку не е лесно да се искачуваме и работиме на +40 во сенка, со шлемови“, вели Игор Сакалиев.

Бидејќи деновиве се работи на пругата, железничкиот сообраќај на релацијата Велес-Гевгелија и обратно е запрен од 8 до 16 часот.

„Деновиве вршиме торкетирање на бетон на долниот дел од свлечиштето, кој е на ниво под регионалниот пат. Потоа продолжуваме со уште еден дел од карпата, над патот. Работи кои потоа треба да се извршат се изработка на одводен канал за вода со бетонски ивичњак и асфалтирање на оваа делница. При рушењето на карпите се поставуваа анкери кои се длабоки и до шест метри. Врз тие анкери се поставени мрежи, по што се вршеше двократно бетонирање и поставување на еластични мрежи. Така се спречува натамошно паѓање на камења од карпата. Поставена е бариера за заштита од одрони со минимум кинетичка енергија на апсорпција од 1.000 килоџули“, кажа Блажо Петров, градежен инженер во изведувачот „Стентон градба“.

Инвеститор на работите е ЈП за државни патишта, кое најави дека вкупните предвидени зафати ќе чинат 62,4 милиони денари.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-40-i-vo-drushtvo-na-zmii-se-betonira-svlechishtoto-na-karpata-tsutska-kaj-veles/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1543 Posted: 03-Sep-2020 at 12:14
Рехабилитација на регионален пат Р2337 Крушево-Слива-Пуста Река
За прв пат по 45 години ЈПДП со рехабилитацијата решава децениски проблем на граѓаните кои го користат регионалниот пат Р2337 Крушево-Слива-Пуста Река. Инфраструктурата е важна и влијае на квалитетот на живеење на сите сегменти, а во туристички крај влијае и на развојот на руралниот туризам.
Должина: 14 км
Вредност: 48,42 милиони евра
Статус: асфалтирани 9,5 км; се работи и натаму тековно на преостанатиот дел.







https://www.facebook.com/drzavnipatista
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1544 Posted: 06-Sep-2020 at 17:54
Патниот правец Струга – Ќафасан останува во тешка состојба



Сѐ уште нема реконструкција на патот Струга – Ќафасан кој поради пандемијата со Ковид 19 и затворањето на границата со Косово на Блаце е единствената алтернатива за граѓаните кои со своите возила патуваат кон Албанија. Министерството за транспорт и врски многу пати ветуваше дека ќе се поправи патот. Ова го ветува и новиот министер Благоја Бочварски, велејќи дека ќе биде запознаен со деталите од Јавното претпријатие за државни патишта.

Од Јавното претпријатие за државни патишта, иако во мај соопштија дека за десет дена ќе го распишат тендерот за реконструкција на патот, велат дека продолжуваат да работат на изработка на проектни документи.

„За делот Подмоље – Струга – Ќафасан со должина од 20,2 километри, ве известуваме дека санацијата е предвидена во годишната програма на претпријатието за 2020 година со средства од Европската банка за обнова и развој. Во моментов се работи на комплетирање на проектните документи. Очекуваме во текот на октомври 2020 година да биде објавен тендерот за избор на најповолен понудувач, по што ќе следи последната фаза, односно од крајот на годината градежните работи ќе започнат“, наведуваат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Од ова претпријатие истото го соопштија и во март годинава кога жителите од оваа област излегоа на протест. Директорот на ова претпријатие, Зоран Китанов, тогаш вети дека тендерот ќе биде објавен за 20 дена. Но, тоа не се случи ниту после шест месеци.

https://alsat-m.tv/mk/патниот-правец-струга-ќафасан-остану/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1545 Posted: 07-Sep-2020 at 08:43
Патот Струга -Ќафасан уништен со години – многу ветувања, без реализација, новиот министер не е запознаен



https://tv21.tv/mk/patot-struga-kafasan-unishten-so-godini-mnogu-vetuvana-bez-realizatsija-noviot-minister-ne-e-zapoznaen/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1546 Posted: 13-Sep-2020 at 10:54
Патот во Крушино – сè уште не почнале градежните работи

Патот во Крушино кој беше уништен пред неколку години кога почнаа градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, за кој известуваше ТВ21 пред одредено време, продолжува да биде уништен.

Пред еден месец од компанијата „Гранит“ која го добила тендерот за изградба на овој пат, рекоа дека на крајот на август ќе почнат градежните активности штом добијат дозвола од надлежните институции.

Изгледа се уште има застој и документите за овој пат останале во канцелариите на институциите.

Градежните работи на патот , кој е доста фреквентен од кичевчани и е неопходен за жителите на Кнежино, е во застој веќе неколку години.

ТВ21 ја контактираше и компанијата Гранит, која треба да ги започне работите во овој дел и која пред еден месец вети дека ќе започне со работа на крајот на август. Повторно рекоа дека се подготвени да почнат со работа веднаш штом Јавното претпријатие Државни патишта даде зелено светло дека документацијата е подготвена и може да почнат со работа.

Од Јавното претпријатие за Државни патишта велат дека ја испратиле документацијата до општина Кичево за да добијат согласност, иако тој пат е во надлежност на гореспоменатото Претпријатие.

Од општина Кичево велат дека немаат добиено ниту еден документ во врска со овој пат.

Овој пат многу често го посетуваат кичевчани кои спортуваат трчање или велосипедизам, но и семејствата кои излегуваат на излет во Крушино. Но, состојба во која е овој пат го комплицира слободното движење на возилата и велосипедите. Малку подолу има дупка направена при изградбата на патот, а ова покажува на опасноста што го имаат возачите во случај на лизгање при влажно време. За ова отворена дупка околу патот нема никаков знак за предупредување за опасноста.

https://tv21.tv/mk/patot-vo-krushino-se-ushte-ne-pochnale-gradezhnite-raboti/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1547 Posted: 17-Sep-2020 at 14:11
Нема скоро проширување на Охридската „магистрала“!

Министерот за Транспорт и врски Благоја Бочварски најави интензивна помош и на општините, особено во инфраструктурата заради подобрување на квалитетот на животот на локалното население. За таа цел предвидени се 70 милиони евра за локални и регионални патишта.

Сепак Бочварски без конкретен одговор дали во приоритетот влегува и реконструкција и проширување на патот на охридското крајбрежје кој нема ниту тротоари, ниту пак велосипедски патеки, делува запуштено и пред се небезбедно за туристите кои се движат по него.

https://www.slobodenpecat.mk/nema-skoro-proshiruvane-na-ohridskata-magistrala/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1548 Posted: 18-Sep-2020 at 16:41
Поправка и рехабилитација на Р1302 делница, Струмица-Берово
Должина од 6,6 км
Ширина: 6 км
Вредност: 46,40 милиони денари
Статус: извршено е орапавување на постоечкиот коловоз од 0-3см во должина од 5.00км, како и крпење на ударни дупки, локална санација и поправка на деформации со асфалтна маса БНС 22A



https://www.facebook.com/drzavnipatista
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1549 Posted: 26-Sep-2020 at 12:19
Завршува втората фаза од рехабилитацијата на регионалниот пат Р1309 Кочани-Пониква
Обезбедуваме квалитетна сообраќајна поврзаност со туристичкиот центар Пониква и решаваме едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот во овој регион!
Иако, завршувањето на оваа делница беше предвидено за во април 2021 година, Јавното претпријатие за државни патишта ги приведува кон крај завршните работи. Денеска работиме на обележување на хоризонталната сигнализација и патот е подготвен да ги пречека првите туристи на Пониква.
Вредноста на инвестицијата е 49.09 милиони денари. Должината на сообраќајната делница е 7,4 км, ширината 6 м.
Да потсетиме. Првата фаза во должина од 12 км ја завршивме во 2019 година за што ЈПДП издвои 1,41 милиони евра, а со завршувањето на втората фаза комплетно е рехабилитирана целата делница Кочани-Пониква.







https://www.facebook.com/drzavnipatista
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 222
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #1550 Posted: 26-Sep-2020 at 13:12
Е ова е одлично рехабилитиран пат.

Се надевам дека после месец дена нема да се рони асфалтот.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1551 Posted: 26-Sep-2020 at 13:26
Rokot na dobro renoviran pat vo Makedonija e 2 meseci , posle toa e propadnat
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1552 Posted: 06-Oct-2020 at 08:59
Рехабилитација на регионален пат Р2238, делница Маврово-Галичник
Должина: 8,9 км
Ширина: просечна од 4м
Вредност: 40 милиони денари
Статус: 80% завршено







https://www.facebook.com/drzavnipatista
Back to Top
goranmitev View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 29-Jan-2015
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote goranmitev Quote  Post ReplyReply #1553 Posted: 06-Oct-2020 at 14:14
Не дека има потреба за пошироки патишта, ама овие личат на велосипедски патеки
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 625
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #1554 Posted: 06-Oct-2020 at 23:21
Ako treba da se razminis so nekoj ke fatis po megjata de ))
Back to Top
AmyntA View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Nov-2011
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 81
  Quote AmyntA Quote  Post ReplyReply #1555 Posted: 07-Oct-2020 at 09:01
Originally posted by WolfLeader

Ako treba da se razminis so nekoj ke fatis po megjata de ))


Не берете гајле, На Мила аутото го собира за да скокне до Хациендата.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1556 Posted: 07-Oct-2020 at 17:13
Обезбедивме над 3 милиони евра за рехабилитација на делницата Кичево-Македонски Брод.
Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски извршија увид во градежните активности отпочнати на делницата кадешто во моментов е започнато со обработка на постоечката коловозна асфалтна површина.
Рехабилитацијата на регионалниот пат Р1303 делница Кичево–Македонски Брод, е во должина од 25,7 км и со ширина од 6 м. Издвоениот буџет со средства обезбедени од ЕБОР е 3,15 милиони евра.







https://www.facebook.com/drzavnipatista
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6940
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1557 Posted: 22-Oct-2020 at 11:14
ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ ПО ОДРОНОТ ЗАВРШИ САНАЦИЈАТА НА КАРПАТА ЦУЦКА КАЈ ВЕЛЕС, СО МЕТОД ШТО ДОСЕГА НЕ БИЛ ПРИМЕНЕТ ВО ЗЕМЈАТА



Откако осум месеци мораа да патуваат по автопат и по 15-ина километри повеќе за да стигнат до работните места, утринското и попладневното патешествие за вработените од две големи велешки фирми, Крзнарата и месната индустрија „Агриа“, од денеска е скратено. Јавното претпријатие за државни патишта вчера објави дека заврши санацијата на свлечиштето на карпата Цуцка, на регионалниот пат Велес-Градско, близу вливот на реката Тополка. Работите ги изведе градежната фирма „Стентон градба“.

„При работите беа изведени изградба на потпорен ѕид и санација на дел од патот близу железничката пруга кој беше уништен. Поставена е ограда која е толку силна што и натоварен камион да удри во неа нема да може да слета од патот. Поставени се мрежи кои нема да дозволат камења да паднат на патот. Асфалтиран е патот во должина од стотина метри, кој беше уништен од градежните работи“, изјави Блажо Петров од „Стентон градба“.

Санацијата започна во средината на март, рокот на изведбата беше осум месеци, а се работеше во три фази. Еден месец побрзо од најавеното, завршија градежните работи вредни 62 милиони денари. Поради овие активности отежнато и со прекини се одвиваше железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија.

„Ова е прва ваква изведба во земјава. Заштита од одронување на карпа со торкетирање досега не е применувана кај нас. Со тоа се заштитени патот и железничката пруга од повторни одрони“, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Одронот од карпата Цуцка се случи на 13 март 2018 и ги стопираше и железничкиот и патничкиот сообраќај. Железница реагираше бргу и за два дена го отстрани одронот, додека камењата од патот, за кои беше проценето дека се тешки 25 тони, беа отстранети после 24 дена.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dve-i-pol-godini-po-odronot-zavrshi-sanatsijata-na-karpata-tsutska-kaj-veles-so-metod-shto-dosega-ne-bil-primenet-vo-zemjata/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 985
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1558 Posted: 24-Oct-2020 at 21:49
Јас не сум градежен инженер, а верувам не се ни новинарите, ама исто така знам дека не е ниту министерот за транспорт и врски, па така ако тој нема поим што зборува, нема потреба и јас да се глупирам со изјави од типот дека е нешто прво вакво, кога не е. (Пат до брана Света Петка)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 767778

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.218 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.