build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пошумување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 24-Mar-2008 at 17:10
Има одделен дел од вестите за вакви слични вести - нешто како „занимливости“ ќе му дојде. Исто беше кога на CNN ја најавија Македонија како прва WiFi земја во светот - тоа е нешто бе луѓе Thumbs%20Up
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 24-Mar-2008 at 17:23
Има и „еко репорт“ Big%20smile
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 24-Mar-2008 at 23:07
Originally posted by La Linea

Има одделен дел од вестите за вакви слични вести - нешто како „занимливости“ ќе му дојде. Исто беше кога на CNN ја најавија Македонија како прва WiFi земја во светот - тоа е нешто бе луѓе Thumbs%20Up

И тоа, после не гледат луѓето во друго светло...нели Македонската влада го користеше тоа дека Македонија е прво WiFi земја во светот?? Добро е
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 08-Apr-2008 at 00:21
Do koga....  Ohno  Bash 
 

ПОШУМЕНИТЕ ПОВРШИНИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ СТАНАА ГОЛИ ЛЕДИНИ 

Дрвцата ги снема пред да пркнат

Од пошумените десет хектари во Горна Матка се останати одвај дваесетина садници,но и тие брзо ќе бидат докусурени од кравите што вчера се гоштеваа на овој терен

Наместо дрвца што почнале да развиваат листови, во месноста Горна Матка кај Скопје, која беше пошумена пред нецел месец, вчера затекнавме триесетина крави како пасат на голиот терен. Од сопственикот на кравите ни глас, а од садниците ни трага. На десет хектари, колку што лани изгоре шума од оваа месност, годинава организирано беа посадени дрвца заради нејзино обновување. Сега се останати одвај дваесетина садници, од кои повеќето се зимзелени дрвца. Трагите низ браздите покажуваат дека дел од дрвцата се откопани со лопати, но поголем дел од нив изеле говедата на жителите на околните села. На само еден километар од пошумената површина е викенд-населбата Горна Матка, но таа е практично мртва во текот на неделата. Најблиското село е оддалечено неколку километри. Но, никој од селаните не сака да каже чии се говедата што пасат во пошумениот дел и кој ги краде садниците.По кривулестиот пат, кој води кон ловиштето „Јасен“, не сретнавме ниту еден автомобил, а за еден час, колку што се задржавме на пасиштето, не дојде ниту еден човек. Во меѓувреме, говедата, од кои повеќето беа без ушни маркички, ги докусурија и преостанатите садници.

КОНТРОЛИТЕ ТРААТ

Во Министерството за земјоделство немаат сознанија колку е успешна акцијата со пошумувањето зашто контролите се' уште не биле завршени. Увид на теренот вршеле Јавното претпријатие „Македонски шуми“, кое ја организира акцијата, и Шумската полиција.Се вршат контроли според случаен избор на површините. Не знаеме колку од садниците се зафатени зашто луѓето се' уште се на терен. Ако се утврди дека дел од површините оштетило месното население, ќе следуваат кривични постапки. Ако на самото место се најдат говеда, врз основа на ушните маркички ќе се утврди сопственикот и против него ќе се поднесе кривична пријава - изјавија во Министерството. Оттаму тврдат дека нивни луѓе последен пат биле во Горна Матка пред една недела и тогаш сите засадени дрвца биле на број. Целата засадена површина не може да се исконтролира бидејќи тоа би траело со месеци. Се прават контроли по случаен избор и се утврдува вистинската состојба - велат во ресорот.

НАДЛЕЖНИТЕ НЕ ГЛЕДААТ ПРОБЛЕМ

Во„Македонски шуми“објаснуваат дека според нивните информации, засега нема големи проблеми. - Ако се откријат крави што пасат во пошумено подрачје, сопствениците на говедата ќе ги утврдиме многу лесно, по што ќе следува судска постапка и штетата ќе се наплати - изјави Владимир Бахчовановски, директор на Јавното претпријатие. На Денот на дрвото, на 12 март, во земјава беа посадени 2.056.000 дрвца, колку што има жители во државава. Во масовната акција беа вклучени голем број граѓани. Акцијата ја поддржаа Владата, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, ЕУ и голем број други институции и организации. Целта беше да се обнови и да се збогати шумскиот фонд, кој лани беше погоден од голем број пожари. Според планот, акцијата треба да се повторува на секои 10 години. Според податоците од Министерството за земјоделство, Владата за набавка на садниците и за подготовка на почвата потрошила 73 милиони денари (1,2 милион евра).Парите се обезбедени од буџетот на Министерството, од Програмата за проширена репродукција на шумите. Садниците беа платени по просечна цена од 15 денари за едно дрвце. Од нив, 500.000 беа набавени преку јавен оглас, а остатокот од „Македонски шуми“ - соопштија од Министерството.

Валентина Ангеловска

 
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 08-Apr-2008 at 00:39
LOL  Si vikam kaj mi otide postot.....a shto e potragichno 5 minuti barav soodvetna nishka Bash
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 08-Apr-2008 at 00:40
ПОШУМЕНИТЕ ПОВРШИНИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ СТАНАА ГОЛИ ЛЕДИНИ


Bash Bash Bash

Плус тоа паѓа во вода оптимизмот од текстот во пост #3

Да се надеваме дека е редок изолиран пример...


Edited by Cloverstack - 08-Apr-2008 at 00:41
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 08-Apr-2008 at 00:42
Ах бре државо, абе до кога?! Абе незнам дали да плачам, дали да се смеам! Абе бољи да ги украдеа, барем ќе растеа некаде, вака....!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 08-Apr-2008 at 17:19
Ohno




Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 09-Apr-2008 at 06:14
Сагата продолжува..........во денешната емисија од "голо брдо" ..........  Crazy  
 
 

ПОШУМУВАЊЕто ИСКОРИСТЕНО ЗА ПРИВАТЕН БИЗНИС

Украдените дрвца завршија на Автопазарот

„Македонски шуми“ ќе ги проверува куќите во месноста Горна Матка за да се открие кој ги откопал дрвцата од пошумените површини

Поголем дел од дрвцата што се искорнати од пошумените региони во околината на Скопје во неделата се продавале на Автопазарот, велат граѓани на кои им биле нудени садниците. Многу поголема била понудата на зимзелени дрвца отколку на листопадни бидејќи, според продавачите, тие полесно се продавале. Цената на една садница била од 20 до 40 денари во зависност од големината на дрвцето. Ова е речиси двојно повисока цена од таа што ја пријави Владата при набавката на расадниот материјал. Во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ велат дека нивните екипи се на терен и дека против сите лица за кои ќе се утврди дека учествувале во кражбата ќе се поведат кривични постапки. По завчерашната контрола е утврдено дека дрвцата не се оштетени од животни, односно не се испасени, туку луѓе ги ископале со лопати. Сега ќе се контролираат сите околни куќи за да се види каде завршиле садниците - изјави Владимир Бахчовановски, директор на Јавното претпријатие. Тој истакна дека на суд ќе одат и сопствениците на говедата што пасат во пошумените подрачја, а кои ќе бидат утврдени врз основа на ушните маркички на животните. Од сточарите ќе се бара да ја платат направената штета. Во „Македонски шуми“ велат дека пребројувањето на садниците се' уште трае, но според нивните информации, засега немало поголеми проблеми.

НОВО ПОШУМУВАЊЕ

Во Министерството за земјоделство објаснуваат дека целата површина што беше пошумена пред неполн месец не може да се исконтролира бидејќи постапката ќе трае со месеци. Сега се прават контроли според случаен избор.Рано е да се види колку е успешна акцијата зашто контролите не се завршени. Се контролираат само 10 отсто од површините. Не знаеме колку од садниците се зафатени бидејќи луѓето се' уште се на терен. Ако се утврди дека дел од површините се оштетени од месното население, ќе следуваат кривични постапки - велат во Министерството.За утре и задутре оттаму најавија акција за пресадување на површините што се соголени од крадците и од животните.На Денот на дрвото, 12 март, во земјава беа посадени 2.056.000 дрвца, колку што има жители во државава. Во оваа масовна акција беа вклучени голем број граѓани. Целта беше да се обнови и да се збогати шумскиот фонд, кој лани беше погоден од голем број пожари. Но, нашата завчерашна посета на месноста Горна Матка кај Скопје покажа дека на десетината хектари пошумена површина сега се останати одвај дваесетина дрвца, кои деновиве ќе бидат докусурени од кравите што пасат на голиот терен. Трагите низ браздите покажуваат дека дел од дрвцата се откопани со лопати, а дел се изедени од говедата.

СЕ ЧЕКААТ ПАРИ ЗА ДРВЦАТА

Парите за набавка на садниците се' уште не се префрлени од државниот буџет на сметката на „Македонски шуми“. Според податоците од Министерството за земјоделство, за садниците и за подготовка на почвата потрошени се 73 милиони денари (1,2 милион евра). Според нашите информации, Јавното претпријатие на една од последните владини седници побарало целиот трошок за акцијата „Засади ја својата иднина“ да се покрие преку Министерството за финансии. Министерот Трајко Славески воопшто не е запознат со оваа иницијатива.Ова не е наш проблем и досега никој не ме известил дека има ваква иницијатива, но мислам дека кај нас нема пари за оваа намена. Садниците треба да ги плати Министерството за земјоделство - вели тој.Од Министерството за земјоделство соопштија дека имаат одвоено средства за пошумување, но дека постапката за исплата е во тек.Претходно треба да се исконтролира колку од дрвцата се зафатени, колку се правилно засадени и слично. Дури по контролата може да се очекува исплата на парите за садниците - изјавија во ресорот. Оттаму посочуваат дека парите се обезбедени од Програмата за проширена репродукција на шумите. Садниците беа платени по просечна цена од 15 денари за едно дрвце. Во „Македонски шуми“ не коментираат. За нив е важно само да се обезбедат средствата.

Валентина Ангеловска

 

Dnevnik

Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 09-Apr-2008 at 07:10
AmanQuestionThumbs%20Down sto se sluchi so taa 'kontrola'...
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 09-Apr-2008 at 21:38
На некои места викаат 24 часовна контрола, за на матка викаат прошлата недела било ОК, за на некои места викаат уште е рано за контрола... WOW
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 13-Apr-2008 at 15:19
take 2
 

Реприза на акцијата

Горна Матка пак пошумена

Контролата на терен покажа дека 7.000 садници биле намерно откопани, вели Владимир Бахчовановски, директор на „Македонски шуми“

Нови 7.000 дрвца вчера беа засадени во Горна Матка, од каде што пред неколку дена беа ископани и однесени речиси сите садници што беа засадени во акцијата по повод Денот на дрвото.Откако „Дневник“ напиша дека на пошумените десет хектари на теренот се останати одвај дваесетина садници, со кои се гоштеваат крави, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ во соработка со локалното население организира ново пошумување. Во повторената акција учествуваа Шумската полиција, Министерството за земјоделство, евроамбасадорот Ерван Фуере и Иницијативниот одбор на акцијата „Засади ја својата иднина“.Директорот на „Македонски шуми“, Владимир Бахчовановски, рече дека повторното пошумување има цел да се покрие опожарената површина и да се создаде чувство кај месното население дека со садниците не се губат пасишта.Од контролата се испостави дека од вкупно 10.000 садници, 7.000 се откопани. Најголем дел од дрвцата беа пронајдени покрај местото на садење, што значи дека некој правел штета намерно - вели Бахчовановски.Повеќето дрвца што се искорнати од пошумените региони во околината на Скопје се продаваа на Автопазарот по цена од 20 до 40 денари. Контролите на Државниот инспекторат за шумарство и ловство покажале дека нема штети на другите локалитети каде што се пошумуваше и дека повеќе од деведесет отсто од дрвцата се зафатени и растат.За три-четири години на сите засадени опожарени места ќе се гледа дека има нова шума. Штета има само на овој локалитет и затоа има повторно пошумување. Лесно ќе ги најдеме сопствениците на говедата што пасеа во пошуменото подрачје. Против нив ќе се покрене судска постапка и штетата ќе се наплати - вели главниот државен инспектор Горан Стојковски.Казната за поединци е од 2.500 до 4.000 евра. Ако се утврди дека штетата е направена од користољубие, казната е од 5.000 до 8.000 евра. За правни лица казните се од 20.000 до 30.000 евра.Претседателот на иницијативниот одбор на акцијата, оперскиот пејач Борис Трајанов, смета дека треба да се едуцира месното население.Ние, заедно со претставниците од земјоделските здруженија, ќе одиме од месност во месност за да им објасниме дека дрвјата се наша иднина и дека со оваа акција не ги губат пасиштата, туку ја облагородуваат природата - вели Трајанов.На Денот на дрвото - 12 Март, во нашата земја беа посадени 2.056.000 дрвја, колку што има жители во државава. Целта беше да се даде придонес за обновувањето и за збогатувањето на шумскиот фонд во земјава, кој лани беше погоден од голем број пожари. Акцијата треба да се повторува на секои 10 години.

Валентина Ангеловска
Фото: Бисера Станковска

 
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 13-Apr-2008 at 17:46
Мило ми е што Дневник алармираше за ова. Без реакција веројатно ова ќе останеше непознаница за јавноста и уште поверојатно немаше да има повторно пошумување.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 14-Apr-2008 at 11:32
Sekogash sme brzi da kritikuvame.... pa aj da gi pofalime novinarive malce za azhurnosta  Big%20smile  Applause da se nadevame deka ke bidat ednakvo posveteni koga stanuva zbor za urbanata mafija....
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 04-Sep-2008 at 23:16

Шест месеци подоцна: од дрвцата нема ни трага

Сите креваат рамена кога е во прашање грижата за засадените дрвца. Главен виновник ќе испадне небото затоа што не беше дарежливо со дожд

 

Горан Адамовски

 

Штип, Велес - Шест милиони садници во октомври, по десет милиони садници во март и во октомври в година, најавуваат од Иницијативниот одбор на Денот на дрвото за новите акции што ќе се случат половина година по првата, во која два милиона садници беа засадени на 67 локации низ земјава. „Утрински весник“ посети неколку локации каде што на 12 март се насадуваа садниците и, според тоа што го видовме, невозможно е на тие места ќе израснат борови или багреми зашто најголемиот дел од посадените дрвца никаде ги нема. Оние садници што може да се видат се суви, а пашата на овците и добитокот ги уништува последните надежи дека мотото при садењето „Кислород за следните поколенија“ навистина ќе се оствари. Расфрлани хартии, шишиња, амбалажи... Ништо необично за депонија. Оваа е во Штип, поточно на десетина километри од градот, до кој се стига по асфалтираниот пат, полн со дупки. Необичното е тоа што под ѓубрето биле посадено неколку десетици илјади садници, кои ќе ги видите само ако загазите во ѓубрето. „Првичниот план беше садниците да се засадат во околните ридови на градот, но потоа, надлежните се одлучија за оваа локација, бидејќи се сметаше дека кога ќе пораснат дрвјата, ќе го чуваат градот од ѓубрето, кое ветрот го разнесува“, објаснуваат штипјани. Но, тешко ќе се случи дрвјата да пораснат, бидејќи и на надлежните сега им стана јасно дека земјата била сува и дека „можеби и не била добра идејата таму да се засадуваат садниците“. Можеби и затоа садниците се оставени на милост и немилост. Вода гледаат само ако заврне, што е ретко. Требало да ги полеваат вработените од ЈП „Исар“, кои се грижат за депонијата. Но, и работниците што ги затековме признаваат дека тоа ретко го прават, бидејќи „вода нема ни за градот ни за жителите“. Во „Македонски шуми“ велат дека не се фатил само првиот ред, а дека другите садници заживеале! Во Иницијативниот одбор за акцијата „Денот на дрвото“ се согласуваат дека акцијата требало да биде подобро организирана. „Нашата цел беше да ги посадиме дрвцата и да ја подигнеме свеста кај граѓаните, а во државата постојат институции што треба да се грижат за нивно заживување. Ние како граѓанска иницијатива, ниту можеме да се грижиме, ниту имаме имаме ингеренции“, велат од Одборот. Експертите велат дека најдобро време за пошумување е кон крајот на април и почетокот на мај, кога паѓаат поројни дождови, како и кон крајот на октомври и почетокот на ноември пред снежните врнежи. Првата акција беше реализирана во март, кога времето е суво, иако следните два дена по пошумувањето се погодија врнежливи. „Климатските услови се најбитни, бидејќи, нормално, садниците не можат да се вадат со класичен систем за наводнување, а да се качуваат цистерни со вода на ридовите е скапа работа. Влажната почва и воздух го вршат најголемиот дел. Од друга страна, постојаното налевање на садниците може да предизвика контраефект“, вели Владимир Бахчовановски, директор на ЈП „Македонски шуми“. Според него, претпријатието коректно си ја врши „домашната задача“. Но, жителите на велешката населба Превалец, во чија близина кај месноста Голик, на површина од 30 хектари, беа засадени 60.000 садници, велат дека шумар не виделе со месеци. „Ги засадија дрвцата, првите неколку недели редовно ги наводнуваа, ама сега никој не се грижи за нив. Им дадоа живот, ама не ги оставија да живеат“, велат жителите на Превалец. Садниците беа засадени во близина на црквата, на ридот од каде што се гледаат градот и фабриката „Порцеланка“. Овој реон, иако не беше зафатен од ланските пожари, организаторите одлучиле да го пошумат поради пристапноста на теренот, но, пред се', поради неговата близина до градот, имајќи ја предвид потребата од шумски предели на Велес поради долгогодишната лоша еколошка состојба. Во Општина Велес тогаш негодуваа што за локација не биле одбрани опожарени места или, пак, делот во близина на езерото Младост. Но, организациониот одбор го одбра Голик, иако се чини дека црн бор и багремови дрвца нема никогаш да израснат. Од „Македонски шуми“ тврдат поинаку. „Во јуни биле зафатени 95 проценти од садниците, а шумарски инженер постојано патролира таму“, тврдат од „Македонски шуми“. Но, жителите на Превалец, освен што негодуваат за немарноста на надлежните кон садниците, револтирани и се и од тоа што тие биле насадени на место што го користеле за напасување на својот добиток. „Никој не не' праша, а ќе им кажевме дека таму ги носевме животните на пасење. Немаше да ни биде криво ако од садниците испаднеше нешто. Вака, ем нема пасишта ем ништо од дрвцата. Двојна штета за нас“, се жалат жителите на оваа велешка приградска населба. Денот на дрвото, кој беше неработен ден, првпат беше обележан на 12 март годинава. Македонија засади над 2 милиона садници, по една за секој жител. Се садеше на 67 локации низ целата држава, меѓу кои и на местата што настрадаа во пожарите минатата година. Големата иницијатива предизвика „мобилизација“ на над 150.000 граѓани, кои излегоа и организирано посадија дрвца. Политичари, дипломати, пејачи, уметници, ученици и пензионери се вклучија во акцијата, која поради масовноста заврши за само неколку часа. „Оваа акција ќе цути, ќе расте заедно со дрвјата што ги засадивме“, изјавуваа граѓаните. Иницијативниот одбор се подготвува за новата акција. Во ноември ќе бидат засадени шест милиони садници. Поучени од минатото искуство, уверуваат дека овој пат организацијата ќе биде многу подобра. „Во март бевме изненадени колку граѓаните позитивно ја прифатија акцијата и затоа сега настапуваме многу поамбициозно“, велат од Одборот. Тие признаваат дека првите резултати од оваа иницијатива ќе можат да се почувствуваат откако ќе бидат изведени пет-шест акции и кога кај граѓаните и општеството во целина, ќе се разбуди екосвеста.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0604E1A84DE5BE4EAF1B917646A0C588
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 05-Sep-2008 at 23:04

„Денот на дрвото“ и во октомври, но сега ќе се внимава на локациите

Иницијативниот одбор очекува Владата и „Македонски шуми“ подобро да се грижат за садниците

Горан Адамовски


Шест милиони садници на 100 локации во 35 општини низ земјава ќе бидат насадени во втората акција за пошумување „Денот на дрвото“, што ќе се одржи кон крајот на октомври или почетокот на ноември годинава. Иницијативниот одбор, по успешното деби на 12 март, очекува уште поголема масовност од граѓаните, а ветува и подобра организација на целиот настан. Денот на акцијата ќе биде дополнително утврден, во зависност од временските услови, а Владата дополнително ќе одлучи дали и тој ден, како при првата акција, ќе биде неработен.

Иницијативниот одбор најавува дека ваквите акции ќе се одвиваат и наредните години, а веќе за во март, најавува голем собир, на кој, покрај соседните земји, ќе учествуваат и светски познати личности, меѓу кои и добитничката за Нобелова награда за мир, која во својата родна земја и во соседството насади 40 милиони дрвца.

„Задоволни сме како помина првата акција и затоа продолжуваме со цел да ја разбудиме екосвеста во целото општество. Акцијата и наредните години редовно ќе се одржува во март и во октомври, а целта ни е годишно да засадуваме 20 милиони садници“, изјави Борис Трајанов, еден од водечките луѓе на Иницијативниот одбор.

Овој пат се очекува учество на околу 200.000 граѓани, а поучени од минатото искуство, сега нема да се сади на суви површини. За нив, веќе в година ќе бидат направени специјални садници. Тогаш, на Македонија би требало да и' се придружат и сите балкански соседи, „засадувајќи ја својата иднина“. Во почетокот на идниот месец, за ова ќе стане збор на собирот на министрите за земјоделие на земјите од Балканот, кој ќе се одржи во Колашин, Црна Гора.

Организаторите ветуваат дека сега ќе бидат преземени сите мерки за да не се повторат грешките од првата акција, кога најголемиот дел од садниците не се фатија поради лошите временски услови, негрижата на надлежните и пашата на добитокот.

„Кај Владата и кај раководните од ‘Македонски шуми‘ има огромна решителност да се справат со овој проблем“, вели Томе Костадиновски од Одборот. Неговиот пријател Љупчо Бубо Каров, во една реченица најдобро ја опиша ситуацијата.

„Ние можеме да засадиме 10,20 или 60 милиони дрвца, за што се потребни илјадници луѓе, а еден човек може да ги запали за еден ден“, апелира Каров до граѓаните да ја разбудат свеста за еколошката животна средина.

На 12 март годинава беа засадени два милиона садници на 67 локации низ земјава, во која учествуваа 150.000 граѓани.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=84B2283D7B54E54F9B0C029B2AC14901
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 02-Nov-2008 at 18:10

Денот на дрвото се одлага поради временските услови

Поради невообичаено високата температура за овој дел од годината, која е несоодветна за садење листопадни дрвја, а по препорака на експертите од Шумарскиот факултет-Скопје, големата граѓанска акција “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина !“ која беше планирана за 29 октомври, се одлага за 19 ноември.

“Поради подолгиот топол период во текот на месец октомври, дојде до исушување на површинскиот дел од почвата. Пред да отпочне фазата на подготовка и вадење на садниците од расадник, како и нивно носење на терен и садење, потребна е одредена количина на влажност на почвата, за пошумувањето да биде успешно. Освен тоа широколисните видови (багрем, јасен, јавор, даб) сеуште не ги отфрлиле листовите и физиолошки не се спремни за садење. Затоа одложувањето на акцијата е неопходно“, велат експертите од Шумарски факултет во Скопје.

Според Борис Трајанов, иницијаторот на акцијата, иако сончевото и топло време би привлекло повеќе граѓани да излезат и да засадат дрво, сепак не смее да се заборави дека најважната мисија на акцијата е садниците да успеат.

Со оваа акција предвидено е  да се засадат 6 милиони дрвца на 100 локации низ Македонија, а акцијата ќе ја следат претставници од министерствата за земјоделство на Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна, Албанија, Косово и Турција, кои од неодамна се приклучија кон проектот “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина!“.

Нетпрес - 24.10.2008

. Алфа - 16.10.2008

Локациите се веќе одредени, а општините имаат задача да обезбедат доволно доброволци, бидејќи за разлика од првата акција, бројот на садниците сега е три пати поголем.

Организаторот на оваа акција, оперскиот пејач Борис Трајанов, вели дека општините треба да создадат услови садниците и да пораснат, зашто, како што вели, увидот на терен покажал дека добар дел од претходно насадените дрвца или сеисушиле, или биле уништени од добиток. Тој информира дека од следната година 12 март, кој Владата на Република Македонија го прогласи за Ден на дрвото ќе прерасне во балкански празник. Првите контакти преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се воспоставени со Општина Колашин во Црна Гора. За да може оваа манифестација да ги добие планираните балкански димензии, Трајанов ги повикува градоначалниците на македонските општини да се поврзат со своите колеги од збратимените општини на Балканот.

Порта3 - број 92 - 15.10.2008



Edited by beTon - 02-Nov-2008 at 18:50
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 02-Nov-2008 at 18:45
Ме интересира колкави се ефектите од ланското пошумување. Знаеме дек дел од садниците се украдоа, дел ги изедоа кози.............. Но баш би било интересно да се дознае колкав дел фати корења како што треба. Ако воопшто има таква анализа. 
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 14-Nov-2008 at 02:40
ШУМАРСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ

Брзото пошумување осудено на исушување


Новата масовна акција за пошумување „Ден на дрвото“ ќе се одржи на 19 ноември

Ако масовното есенско пошумување се направи како и пролетното, тоа ќе биде залудна акција и трошење пари, предупредуваат од Шумарскиот факултет во Скопје. Тие повикуваат наместо масовни еднодневни акции со кои најчесто погрешно се садат дрвјата тоа да се прави преку помали, подолгорочни и посериозно организирани активности.

Наставно-научниот совет на Факултетот вчера соопшти дека поради многуте пропусти во акцијата „Денот на дрвото“, голем дел од садниците се исуши. Затоа, акцијата во која за еден ден беа посадени два милиона садници не можела да се оцени како успешна. Експертите тврдат дека исушување ќе им се закани и на шест милиони садници за кои Владата планира да потроши 5,5 милиони евра за еден ден во акцијата закажана за 19 ноември. Се планира в година да се засадат дваесет милиони садници.

- Последната акција се изврши во несоодветни услови бидејќи се садеше на сува почва. Садниците се садеа плитко или предлабоко, корените се деформираа, на едно место се садеа повеќе садници... Сушното лето беше дополнителен проблем поради што преживеа само мал процент - оценуваат шумарските експерти. Тие укажуваат дека за успех на ваквите акции се потребни квалитетно семе, садници со пропишан квалитет, добра подготовка на теренот, исправно садење и одржување.

- Треба да се засади во најкус можен рок, а во меѓувреме дрвцата да се заштитат од сушење. Овој предуслов се нарушува ако во еден ден се подготвуваат 2, 6 или 10 милиони садници. Тогаш мора да почнат да се вадат дури и неколку недели однапред со што се намалува нивната виталност. Садењето треба да се изврши правилно бидејќи оваа навидум лесна операција крие причини за големи неуспеси при пошумувањето. На садниците потоа им е потребно неколку окопувања - укажуваат од Советот на Шумарскиот факултет. Според експертите, за да успее пошумувањето, потребни се стратегија и динамика на изведбата на акциите:

- Не сме толку богата држава за секоја година да трошиме толку многу пари за пошумувањето кое е осудено на неуспех. Сугерираме акцијата да премине во „Месец на дрвото“ за да се направи домаќински и стручно. Треба да се формира Фонд за пошумување. Желбата на граѓаните да учествуваат во тоа може да се задоволи со засадувањата на определени места.

ИНФО-Се садат пропусти

Масовни еднодневни акции за пошумување имаат многу пропусти, поради кои најголемиот дел од садниците се суши. Тоа се случува поради неподготвениот терен, сувата почва, лошото семе, неправилното засадување и неодржувањето на садниците. Ако и претстојната акција за садење шест милиони садници се спроведе како и претходната, се заканува сушење на дрвцата.

Дневник - 31.10.2008

"Екомисија" бара да се воведе фонд за пошумување - 18.03.2008

Еколошкото друштво "Екомисија" од Скопје бара повторно да се воведе Фонд за пошумување на голините, по неговото укинување во 1991 година.

"Екомисија" наведува дека првите пообемни акции за пошумување биле преземени набрзо по крајот на Втората светска војна, што според нив, укажува дека уште во тие времиња државата била свесна за многуте корисни функции на шумите, особено за спречување на ерозијата, поплавите и на штетите во земјоделството и на сообраќајниците.

"Поради тоа и беше основан тој фонд и успешно си ја вршеше својата задача дваесетина години, пошумувајќи годишно и до 10.000 хектари, се до 1991 година. Оттогаш наваму, поради непостоење посебен фонд за пошумување, се пошумуваат само околу 500 хектари годишно, што е симболично во споредба со ефектите што се постигнуваа додека постоеше Фондот за пошумување на голините", пишува во соопштението на еколошкото здружение.

Според нив, ваквата состојба е неприфатлива, бидејќи дрвокрадството и шумските пожари денес се помногубројни отколку порано.

"Во тек се климатски промени, а шумите и пошумувањата се едно од најефикасните средства за ублажување на климатските промени. Со оглед на сите овие аргументи кои недвосмислено говорат во прилог на еден посериозен пристап кон обврската за пошумување, се надеваме дека Владата внимателно ќе ја разгледа и позитивно ќе одговори на оваа наша иницијатива за повторно воспоставување на Фондот за пошумување или некоја институција со друго име и статус, но со постигнување на истата благородна цел", пишува "Екомисија".

Дневник - 18.03.2006

Ацо Трендафилов, професор на Шумарскиот факултет
Не смее да се сече повеќе од прирастот - 21.10.2005
 
Господине Трендафилов, во чија надлежност и кој е одговорен за пошумувањето во земјава?
- Пошумувањето е сообразено со Просторниот план на Македонија. Со иселување на жителите од некои региони шумата си ги зазема природните граници, на кои не може да влијае ниту човечкиот фактор. Во практика, таа граница се движи од 1.650 до 1.800 метри надморска височина.
Македонија е поделена на шумски стопански единици. За секоја единица се изготвува план за работење, кој се ревидира на 10 години. Одобрение за тој план дава министерот за земјоделство, а изготвувач е Заводот за уредување шуми "Шумапроект", кој сега се наоѓа во состав на ЈП "Македонски шуми". Тие прават планови за пошумување, а ревидирањето го прави Комисијата во Министерството за земјоделство. Никаде во Македонија не може да се стопанисува без план. По истекување на времето за спроведување на плановите, тие се менуваат.
Што содржат тие планови и дали има намалување на површините под шума?
- Во нив се содржани сите елементи за шума. Површината, видот на шумата и на дрвјата, дрвна маса, прираст... Основната интенција е зголемување и унапредување на шумските површини. Не смее да стане збор за намалување на шумскиот фонд ниту по површина ниту по квалитет. Во контекст на ова се прави постојано проширување на површините под шума. Доколку се прави трајна пренамена на шумска површина во нешумска, како што е случајот со Козјак, каде што површините под шума се претвораат во водна акумулација, тогаш корисникот на акумулацијата е обврзан, согласно со законот, на друго место или во тој слив, каде што има голо ерозивно земјиште, да подигне исто толкава површина под шума, пет години да ја одгледува и по тој период ја предаде на државата.
Каков е соодносот на пошумувањето и сечењето на шумите?
- Во рамките на поранешна Југославија, Македонија има најмногу направено во делот на пошумување, иако не можеме да се споредуваме, на пример со Бугарија, која во рамките на Европа е водечка земја. Таа има вештачки подигнато толку шуми колку што ние имаме површина под шуми вкупно. Сепак, можеме да бидеме задоволни со бројката на пошумување, иако не се знае колку од пошуменото успеало. Во земјава се пошумени околу 150.000 хектари, од кои 120.000 се вештачки подигнати шуми и шумски култури. Културите се 12-13 отсто од вкупниот шумски фонд. Најинтензивно пошумување е направено во време на постоење на Законот за пошумување на голи и ерозивни земјишта, а најинтензивен период на пошумување е од 1975 до 1989 година, кога постоеше и Фонд за пошумување. Просечно годишно во тој период се пошумуваа околу 7.000 хектари. Денеска, бидејќи Фондот се укина 1989 година, пошумувањето е многу помало и се движи околу 500 хектари. Секој што сака да подига шума, може бесплатно да подигне садочен материјал.
Кои се причините за намаленото пошумување?
- Помалото пошумување е резултат на финансиските проблеми, бидејќи годишно државата во пошумувањето учествува со 30 милиони денари и ние сме, веројатно, единствена земја во која државата учествува со толку малку средства во одржливиот развој. Над 65 отсто од шумите се нискостеблести, деградирани, со лош квалитет. Без помош од државата тешко може "Македонски шуми" долгорочно да финансира поголеми зафати во делот на пошумувањето.
Кој одредува колкаво сечење на шумите треба да има?
- Во делот на плановите има предвидено и планско сечење на шумите и не смее да се сече повеќе од прирастот. Ние, генерално, во земјава сечеме 65 до 68 отсто од прирастот. Значи, добар дел од прирастот не се сече, туку се остава.

Утрински - 21.10.2005

На белите дробови на Скопје итно им треба освежување - 15.04.2005
Наместо 65 хектари, на Водно годишно се пошумува едвај еден хектар
Неорганизираноста на пошумувањето се должи на укинувањето на државниот фонд за пошумување во 1980 година

Министерството за животна средина минатиот месец во рамките на Деновите на екологијата започна акција за пошумување на Водно. За седум дена беа насадени 2.000 садници на еден хектар, а неодамна слична акција организираа и Општина Карпош и полицијата, кои засадија 300 дрвца. Јавното претпријатие †Паркови и зеленило преговара и со †Македонски телекомуникацииии за засадување на 500 садници, а во мај Црвениот крст најави зазеленување на кругот на објектот на оваа институција на Водно со 300 садници.
Сепак, овие поединечни и неповрзани доброволни акции на македонските фирми и организации не се доволни ни од далеку за да ја задоволат потребната бројка од новонасадени дрвја во Парк-шума †Водно. Белите дробови на Скопје секоја година мора да се освежуваат со најмалку 65 хектари нова шума, а во последниве 25 години се садат едвај по еден хектар годишно. Неорганизираноста се должи на укинувањето на државниот фонд за пошумување во 1980 година, во кој се предвидувале пари за одгледување садници за таа намена и се организирало масовно садење со учество на работници, војска, или пак затвореници. Според одговорните во †Паркови и зеленилоои, еден хектар шума апсорбира од 50 до 70 тони прашина и 15 тони јаглероден моноксид, а испушта 11 тони кислород. Во последните пет години на Водно биле опожарени и се уништиле околу 40 хектари шума, а дрвца се насадиле само на 5 хектари. Тенденцијата на намалување на зелениот фонд во Парк-шума †Водно негативно ќе се одрази на квалитетот на живеењето во Скопје, со оглед на тоа дека Водно е филтер за воздухот што го дишат жителите на главниот град.  

>†Секоја акција е добредојдена, бидејќи само на тој начин и успеваме некако да пошумиме едвај околу еден хектар годишно. Сепак, мора да се нагласи дека тоа е далеку од доволно, бидејќи во шумско-стопанските основи е предвидено секоја година да се пошумуваат околу 65 хектари. На секој хектар се садат по 2.500 садници, од кои, кога ќе пораснат, треба да се селектираат и да останат околу 400. Секоја од малите садници чини од 10 до 15 денари. За нив е потребна голема подготвителна работа, вклучување и на механизација, масовно учество на работна сила, како и константно одржување по садењето. А за сето тоа се потребни пари кои ги нема ниту †Парковиии ниту Градот. Мора да се разбере важноста на Парк- шумата †Водно и нејзината функција за градот, па затоа најдобро ќе биде повторно да се формира државен фонд во кој ќе се одвојуваат средства за пошумување на Водно и на другите парк-шумиии, вели Слободанка Стефановска, заменик-директор во ЈП †Паркови и зеленилоои.

Утрински - Сања Наумовска - 15.04.2005

Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 16-Nov-2008 at 01:07
Јас сум за пошумување, ама организирано од страна Ј.П.Македонски шуми! Мислам дека македонските граѓани ќе се покажат како големи екологисти доколку ги одржуваат веќе пошумените предели, не ги сечат, не ги палат, не ги кршат и не ги користат како огрев. Во спротивно, се плашам дека и ова пошумување ќе заврши неуспешно, ќе се потрошат милиони денари и пак ништо!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.127 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.