build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

California Resort Gevgelija

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
luna View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-May-2008
Location: gevgelia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote luna Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 10-May-2008 at 23:35
Se nadevam deka ovie nasive nema da napravat nekoja glupost...pa da se otkazat investitorite od takov BOZENSTVEN proekt.Sekako onie koi cekaat za vrabotuvanje izgleda ke pocekaat za 2/3 godini....no vredi da se ceka.

Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 31-May-2008 at 09:59
Здраво,
Ако е до градоначалникот тој без проблем ке им издаде дозвола за градба него инвеститорот чека да поминат изборите пред да продолжи  да гради.Од хотелот веке закупија и деловен простор во градот кај им се канцелариите и каде ке се поднесуваат аликациите заа вработување
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 31-May-2008 at 10:07
Originally posted by Raisinloaf

Здраво,
Ако е до градоначалникот тој без проблем ке им издаде дозвола за градба него инвеститорот чека да поминат изборите пред да продолжи  да гради.Од хотелот веке закупија и деловен простор во градот кај им се канцелариите и каде ке се поднесуваат аликациите заа вработување


Но знаеш ли дали сите дозволи се извадени и само се чекаат изборите или сепак документацијата не комплетна?

Ако го погледнеш овој скорешен текст од Капитал се говори дека за овој проект и за Терме Олимпиа сеуште фали документација.

Ако е така како што говориш тоа е супер. Мислам дека овој комплекс е побитен од оној на Принцес, според големината, содржините и бројот на луѓе кој ќе ги вработи.

П.С. Те молам постирај слики од Гевгелиските градилишта од се што можеш, жално е ваков градежен бум да не биде достојно проследен


Edited by pbanks - 31-May-2008 at 10:13
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 31-May-2008 at 12:54
За тоа дали документацијата за градежните дозволи е целосно готова незнам со сигурност да кажам но штом дознаам нешто веднаш ке бидете информирани.И штом бидам во можност да направам фотки од градилиштата веднаш ке бидат постирани.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 25-Jun-2008 at 15:31
Идиоти! Bash

Но.... од каде сега Министерството за транспорт? Па нели дозволи се вадат во локална самоуправа??

Кој лаже тука... Министерството за транспорт, Калифорнија ресорт, Општина Гевгелија или Тотал?

Пропадна инвестицијата на Калифорнија Ресорт во Гевгелија?
 
Гевгелија може да остане без инвестицијата на американската компанија Калифорнија Ресорт тешка 160 милиони евра поради тоа што Министертвото за транспорт и врски се уште нема издадено одобрение за градба.
Станува збор за огромниот туристичко забавен комплекс кој оваа реномирана компанија требаше да почне да го гради во април годинава, на влезот на Гевгелија.
“Застојот во работата е поради неажурноста на Министерството за транспорт и врски, поради што, финалната дозвола за градба за која се предадени сите потребни документи се уште стои во фиоките на Министерството и не му е издадена на инвеститорот“, велат од одделот за урбанизам во Општината.
Оттаму исто така велат дека за 27 јули е закажано собрание на Советот на општината, на кое доколку ја добијат дозволата од Министерството ќе дадат зелено светло за почеток на изградбата.
“Откако ги собравме сите потребни одобренија за пренаменување на земјоделското во градежно земјиште, како и одобрението од Водостопанство за изградата на комплексот покрај Вардар, процедурата заглави во Министерството за транспорт, каде што само треба да ја издадат дозволата“ објаснуваат од Општина Гевгелија, потенцирајќи дека инвеститорот е нестрплив и во секој момент може да се откаже од изградбата на елитниот комплекс.
Изградбата на комплексот на Калифорнија Ресорт требаше да почне во април. Ресортот вклучува хотел, шопинг центар, казино, конгресни сали и други објекти, а беше најавено дека ќе отвори 1.500 нови работни места. Локацијата каде што треба да гради Калифорнија Ресорт се наоѓа на влезот од Гевгелија, покрај реката Вардар, на површина од 4,5 хектари.
Претходно инвеститорот, австралиски бизнисмен со грчко потекло, го купи земјиштето од државата по цена од 10 евра за квадратен метар.
Поради ваквите проблеми со државните институции не можеме да им дадеме гаранција и на другите заинтересирани инвеститори, кои сакаат да градат во Гевгелија, нагласуваат од општината.
Во меѓувреме, информираат оттаму, градежните работи на теренот каде ќе никне хотелот Шератон се одвиваат со нормално темпо. Од инвеститорот Принцес груп најавиле дека луксузниот хотел ќе биде изграден следната година.


http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11200&mid=303&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12172
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 26-Jun-2008 at 15:44
Originally posted by pbanks


Но.... од каде сега Министерството за транспорт? Па нели дозволи се вадат во локална самоуправа??


Далеку од тоа дека само локалната самоуправа треба да аминува. Одреден степен на повеќекратна контрола е и добра работа, но нашиве треба конечно да научат да се координираат и да работат заедно на општиот интерес, наместо секој да тера на своја страна од било какви мотиви.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 27-Jun-2008 at 11:10


тоа е друга работа што го зборуваш како би требало да биде. Јас пробувам да ја сфатам фактичката ситуација. Во некои случаи централната власт пере раце дека нема никакви ингеренции во врска со даден проект бидејќи сите дозволи иделе преку локална самоуправа и vice versa, локалната власт во случајов пере раце со централната.

Тоа дека повеќекратна контрола е на место се сложувам.

Еве последни вести

Зошто не е почната изградбата на Калифорнија Ресорт во Гевгелија?
 
Од Министерството за транспорт и врски тврдат дека Деталниот урбанистички план кој ја опфаќа и локацијата каде треба да се гради комплексот на Калифорнија Ресорт во Гевгелија не е во согласност со законските одредби. Затоа, нагласуваат од Министерството, по разгледувањето на документот од страна на нивните стручни служби, ДУП-от и го вратиле на Општина Гевгелија на доработка.
Од Министерството објаснуваат дека тие немаат надлежност за издавање одобренија за градба за објекти од овој тип и дека тоа може да го направи исклучиво локалната власт, односно Општината Гевгелија.
Од Министерството за транспорт и врски остро реагираат на изјавите од Општина Гевгелија, кои Тотал ги пренесе, а во кои се вели дека поради неажурност на Министерството за транспорт може да се случи странскиот инвеститор Калифорнија Ресорт да се откаже од инвестирањето во Гевгелија.
“Министерството секогаш вложува особено внимание за овозможување на влез на странски инвестиции со запазување на законските одредби“, велат од службата за односи со јавност во Министерството.
Инаку, пред два дена Тотал, повикувајќи се на официјална изјава од Општина Гевгелија, пренесе дека градот може да остане без инвестицијата на компанијата Калифорнија Ресорт вредна 160 милиони евра, бидејќи процедурите за издавање одобрение за градба, според Општината Гевгелија, ги забавува Министерството.
“Застојот во работата е поради неажурноста на Министерството за транспорт и врски, поради неможноста да издадеме финална дозвола за градба, за која се предадени сите потребни документи“, рекоа за Тотал од одделот за урбанизам во Општината.
Оттаму исто така најавија дека за 27 јули било закажано собрание на Советот на општината, на кое, доколку во меѓувреме добијат дозвола од Министерството, ќе дадат Одобрение за градба на комплексот.
“Откако ги собравме сите потребни одобренија за пренаменување на земјоделското во градежно земјиште, како и одобрението од Водостопанство за изградата на комплексот покрај Вардар, процедурата заглави во Министерството за транспорт, каде што само треба да ја издадат дозволата“, рекоа од Општина Гевгелија, потенцирајќи дека инвеститорот е нестрплив и во секој момент може да се откаже од изградбата на елитниот комплекс.
Калифорнија Ресорт треба да гради огромен туристичко забавен комплекс, на локација на влезот на Гевгелија, долж реката Вардар, на површина од 4,5 хектари. Ресортот ќе вклучува хотел, шопинг центар, казино, конгресни сали и други објекти, а беше најавено дека ќе отвори 1.500 нови работни места.
Изградбата на комплексот на Калифорнија Ресорт, според најава од Општината, требаше да почне во април годинава.


Извор: Тотал
Back to Top
Aspar View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 04-Sep-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Aspar Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 04-Sep-2008 at 13:53

УСВОЕН УП "АДА"

Советот на општина Гевгелија, на последната седница го усвои Предлог-Урбанистичкиот план вон населено место за месноста "Ада" кај Мрзенци за изградба на туристичко-угостителскиот комплекс КАЛИФОРНИЈА РЕСОРТ. По донесувањето на урбанистичкиот план се создадени сите потребни предуслови за издавање на одобрение за градба и отпочнување со реализација на еден од капиталните стопански објекти во општина Гевгелија со странски вложувања.
Нацрт-Урбанистичкиот план беше утврден од страна на Советот на општината на 47. седница, одржана на 29 јануари годинава, врз основа на добиеното стручно мислење. По добиената согласност од Министерството за транспорт и врски Предлог-планот доби виза и од Советот на општина Гевгелија по што следува постапката за издавање на одобрение за градба. На урбанизираниот простор предвидена е изградба на голем туристичко-угостителски комплекс, за кој инвеститорот - фирмата ГИТОНИ, ќе вложи 120 милиони евра. Со реализацијата на овој проект ќе се создадат можности за отворање на 1500 нови работни места.

Aj neka e nazdravje,belkim nema da ima kocenje na ovoj golem proekt znacaen ne samo za gevgelija tuka za cela makedonija   Applause
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 04-Sep-2008 at 14:05


Одлична вест Аспар Cheers Ове се има случено деновиве или?
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 04-Sep-2008 at 14:22
 
Да Big%20smile 
 
 
 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 04-Sep-2008 at 14:23
Originally posted by vardar

 
Да Big%20smile 
 
 
 
 
 


Само што проверив ама ти ме предухитри Gunz
Back to Top
kire85 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
  Quote kire85 Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 04-Sep-2008 at 17:43
Previous

Odlicna vest!!!Cheers




A dali zemjisteto kade sto treba da se gradi hotelot e vekje ottugjeno, odnosno vo sopstvenost na firmata GITONI?

Edited by kire85 - 04-Sep-2008 at 17:45
Back to Top
luna View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-May-2008
Location: gevgelia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote luna Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 29-Sep-2008 at 15:50
Dali nekoj znae sto se slucuva momentalno so ovoj dolgo ocekuvan objekt?????Nekoi velat deka konecno ke pocne izgradbata a nekoi velat deka gazdata se otkazal...sto e vistinata????
Preteraa vise ......taman se izraduvavme deka ke ima golem broj na vrabotuvanja....
Back to Top
luna View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-May-2008
Location: gevgelia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote luna Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 29-Sep-2008 at 15:51
Sto se slucuva so ovoj objekt, dali nekoj znae????Dali voopsto ke se pocne so izgradba????
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 29-Sep-2008 at 16:00
luna ти си од гевгелија, ти треба да знаеш што се дешава тамо.Roll%20eyes

Ако не те мрзи сликни една слика.
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 09-Oct-2008 at 18:37
Momentalno ne se slucuva nisto tie dobija dozvola i sega samo dokupuvaat mesto a izgradbata treba da zapocne vo februari
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 17-Oct-2008 at 11:10
Гевгелија стварно си игра со среќата Ohno

Калифорнија Ресорт си оди од Гевгелија?

Изградбата на заштитен ѕид на реката Варадар, во близина на Гевгелија  каде што компанијата Калифорнија Ресторт сака да гради хотелски комплекс ја кочи инвестицијата вредна 160 милиони евра.
Општина Гевгелија и компанијата- инвеститор не можат да расчистат кој треба да го изгради заштитниот ѕид на локацијата на која е предвидено изградба хотелскиот комплекс.
Инвеститорот за “Тотал“ изјави дека нема да ја започнат постапката за добивање на одобрение за градба се додека Општината не го подигне заштитниот ѕид покрај коритото на реката Вардар.
Зоран Шуклев, правен застапник на компанијата објаснува дека тој ѕид е неопходен, бидејќиевентуалната штета од излевање на реката би биле огромни и на штета на инвеститорот.
Од Општината пак тврдат дка надлежен за изградбата на овој ѕид е самиот инвеститор и тоа е услов за добивање на одобрението за градба.
Калифорнија Ресорт планира да гради огромен туристичко забавен комплекс на влезот на Гевгелија, на површина од 4,5 хектари. Комплексот ќе вклучува хотел, шопинг центар, казино, конгресни сали и други објекти, во кој треба да работат 1.500 луѓе.
Изградбата на комплексот на Калифорнија Ресорт требаше да почне во април годинава, а сега поради проблемот со заштитниот ѕид е неизвесна.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=12314
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 17-Oct-2008 at 14:56
Od sigurni izvori mozam da vi kazam deka hotelot ke se gradi a za kejot od samiot hotel vo proektite moze da se vidi deka tie planiraat da go uredat kejot vo toj del a momentalno samo dokupuvaat mesto
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9097
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 17-Oct-2008 at 14:59
Originally posted by Raisinloaf

Od sigurni izvori mozam da vi kazam deka hotelot ke se gradi a za kejot od samiot hotel vo proektite moze da se vidi deka tie planiraat da go uredat kejot vo toj del a momentalno samo dokupuvaat mesto


Јас најискрено се надевам дека си во право, со нетрпение го олечкуваме овој проект кој е далеку поголем од Шератон
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 18-Oct-2008 at 02:40
Raisinloaf: Дали си во можност да фатиш неколку кадри од Гевгелија? Навистина треба малку да ја освежиме нишката за фотографија со нови слики, и би било супер да сликнеш нешто - викендов е супер шанса бидејќи сите се послободни по викендите па претпоставувам дека би можел да одделиш саат да сликнеш нешто - макар 10 слики...
    Ова се однесува до сите што живеат надвор од Скопје, бидејќи навистина располагаме со малку материјал од другите градови. Апелирам сите малку да се активираат во поглед на постирање слики од своите градови. 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.