build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Св. Недела - Кисела Вода (Расадник)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Св. Недела - Кисела Вода (Расадник)
    Posted: 16-Mar-2013 at 20:49
Ќе се гради црква „Св. Недела“ во Расадник

Објавено: 11.05.2012



Во завршна фаза се подготовките за реализација на проектот за изградба на црквата „Св. Недела” во населбата Кисела Вода, кај Расадник. Иницијативниот одбор за изградба на црквата кој е составен од претставници од Македонската православна црква, бизнис – заедницата од општината Кисела Вода претставувана од сопствениците на компаниите Дизајн Фантазија, Тони Трајков и Пежо Македонија, Даниел Војновски, како и претставници од локалната самоуправа, одржаа состанок во просториите на МПЦ, при што ги дефинираа деталите околу изградбата на црквата.

На состанокот присуствуваа и Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и градоначалникот на општината Кисела Вода, Марјан Ѓорчев. Црквата ќе се гради на предвидената локација помеѓу спортската сала Расадник и СП – маркетот на развиена површина од 580 квадратни метри, којашто опфаќа подрум, приземје и кат за хор. До црквата е предвидено да се изгради и помошен објект со вкупна развиена површина од 300 квадратни метри. Како главни донатори се јавуваат општината Кисела Вода и дел од бизнис-заедницата во општината.
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 16-Mar-2013 at 20:49
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 16-May-2013 at 15:25

ИЗГРАДБАТА ЗАКОЧЕНА ПОРАДИ ИМОТНО-ПРАВНИ ПРОБЛЕМИ


Од црквата Св. Недела во Кисела Вода нема ниту цигла

Од црквата Света Недела што требаше да започне со изградба минатата година во близина на салата Расадник, досега нема поставено ниту една цигла. Од општината објаснуваат дека застојот се должи на проблеми со имотно-правните односи

Жителите на Кисела Вода се уште ќе треба да почекаат за да ја добијат новата црква која требаше да се изгради кај салата Расадник. Нејзината изградба беше одамна најавувана, а уште во месец мај минатата година во просториите на Македонската православна црква беше одржан состанок на кој присуствуваа архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и градоначалникот на Кисела Вода, Марјан Ѓорчев за да ги дефинираат деталите околу нејзината изградба. Сепак и покрај плановите, оттогаш помина нецела година, но досега не е поставена ниту една цигла за почетокот на градежните работи на верскиот објект.
Од општината Кисела Вода велат дека проблемот кој го кочи овој проект се нерешените имотно-правни односи.
- Со денационализацијата на земјиштето и нерасчистените имотно-правни односи на земјиштето каде што е предвидена нејзината изградба, градежните работи за црквата се одложија, вели Марјан Спасески, портпарол на општина Кисела Вода. Од таму за дополнителни информации не упатија да се обратиме во МПЦ, но и покрај обидите да стапиме во контакт со нив, сепак тие не беа достапни да ни дадат никакви информации околу изградбата на црквата.

Сепак, жителите од Кисела Вода и покрај информациите дека засега од нова црква нема ништо, сепак се надеваат дека ќе се решат имотните односи и дека конечно ќе го добијат ветениот објект. Тие се пожалија дека немаат црква во својата населба, а до оние што им се најблиску патот е прилично долг.
- Во црква одиме во Св. Петка, таа ни е поедноставна за стигнување пеш и со автобус, додека патот до црквата "Св. Јован" што се наоѓа накај последна 24-ка е многу лош и има многу вртење, па затоа таму одиме само за Ѓурѓовден. Црквата што ја најавија за изградба кај салата Расадник ќе беше одлично решение за жителите во Кисела Вода и конечно ќе добиевме црква во нашето маало. Бидејќи станува збор за верски објект што би бил многу важен за нашата населба, се надевам дека ќе се најде начин тој да се изгради, вели Јана Додевска од населбата Кисела Вода.

Новата црква беше предвидено да се гради на локацијата помеѓу спортската сала Расадник и СП-маркетот на површина од 580 метри квадратни. Според плановите, таа треба да има подрумски простории, приземје и кат за хор. До црквата требаше да се гради и помошен објект со вкупна површина од 300 метри квадратни. Како главни донатори беа споменувани општината Кисела Вода и дел од бизнис-заедницата во општината. Сепак, и покрај долгиот застој останува да видиме дали во иднина ќе се изгради ветената црква.

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A1479DAA894FD149AB88B446CEBB4CF6&utm_source=daily.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 700
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 30-Sep-2015 at 00:24










Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.121 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.