build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Масакр на охридскиот кеј

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 16-Apr-2008 at 20:08
@Clover:Rollin

Edited by gotsomekicks - 16-Apr-2008 at 20:08
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5365
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 22-Dec-2010 at 16:16
Датум: 22.12.2010, 09:55
Не го штитиме доволно Охрид



На градот и на Езерото му се потребни итни мерки за заштита од натамошно уништување на културните и природните реткости

Итно да се преземат сериозни чекори за да се зачуваат автентичната охридска архитектура, културните знаменитости и ендемичната природа на Охридското Езеро беше истакнато на Форумот, со кој се одбележаа 30 години од впишувањето на Охрид на листата со Светското културно наследство под заштита на УНЕСКО. Повеќе учесници на форумот сметаат дека не се почитуваат пропозициите според кои Охрид е запишан на престижната листа. Според Коста Балабанов, историчар на уметноста, еден од подготвувачите на досието со кое пред 30 години Охрид бил кандидиран за листата на УНЕСКО, им порача на надлежните институции уште еднаш и многу педантно да ги прочитаат пропозициите на УНЕСКО.

- Многу работи од пропозициите што важат за вакво културно и природно наследство веќе не се почитуваат во Охрид. Треба да се формираат стручни комисии што треба да утврдат дали охридската градска архитектура с` уште ги поседува квалитетите поради кои градот влегол на листата на УНЕСКО. Стручна комисија треба да каже до која мера не се почитува и што треба да се преземе - вели Балабанов.

Зоран Павлов, претседател на Македонскиот национален комитет при Меѓународниот совет за споменици и места (ИКОМОС), вели дека се работи за заштитата на културното наследство. Проблеми има со урбанистичката мафија, со прекумерната градба, особено во стариот дел на градот, кое е јадрото на Охридскиот регион.

- Охрид е наш и наше е да одлучиме дали ќе сакаме да имаме богатство од светски рамки или ќе се спуштиме на локално ниво - вели Павлов.

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, рече дека општината се соочува со сериозни предизвици во заштитата на природното наследство.

- На Охридското Езеро се гледа повеќе како на акумулација за производство на електрична енергија отколку како на светско природно наследство. С` уште Грашница и други реки и притоки го загадуваат езерото. С` уште се загадува и од албанската страна и 30 години не се најде начин како да се пречистува езерото - рече Петрески. (Е.Е.) #


http://dnevnik.mk/?ItemID=5F8986BE5F548B4A84632CA699F8F97F
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1176
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 06-Jan-2011 at 02:34
Види,види која изјава...истиот тој градоначалник шо е газда на многу згради од тнр. урбан хаос и милион парцели во и околу Охрид   
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.121 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.