build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Предлози за дислокација на дел од спомениците

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10862
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 22-May-2017 at 08:10
Originally posted by kultuzin

Дo сегa збoревме зa грaдење штo требало дa се грaди штo не и тн. Oд сегa ќе збoриме зa рушење, преместувaње и тн. Типичнo зa нaс три чекора нaпред двa назад и се вo местo стoиме.


Целиот муабет со уривање и отстранување, т.е. преместување воопшто и немаше ни да го има ако уште од почеток се следеа советите на стручната јавност и целиот проект се спроведеше по востановените правила и прописи во градежништвото, урбанизмот итн. Сега само се прават обиди да се минимизира штетата. А штетата е голема.
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3187
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 22-May-2017 at 08:25
Ми се чини дека постојат релативизатори на важноста на проектот „Скопје 2014“ во јасно осмислената изградба на недемократски режим во Македонија.

Архитектурата која беше искористена во рамките на „Скопје 2014“ е намерно избрана за да вдахне страхопочит на обичниот граѓанин кон власта. Неокласицизмот и класицизмот, во историски контекст да го земеме само дваесеттиот век, се идеална алатка за вбризгување на тоталитаризам во рамките на едно општество. Тоа се архитектонските стилови кои Сталин ги преферира уште во раната фаза на изградбата на сталинизмот, тоа се стилови кои ги употребува Чаушеску за замрзнување на неизбежната појава на посттоталиризмот во Романија. Едноставно кажано, архитектонски стилови кои треба да создадат привид за постоење на бесмртна држава.

Како второ, со урбанистичкото планирање и (не)процедурите низ кои мина „Скопје 2014“ се изгради и де-факто неправната држава. Во суштината на ваквата држава е селективното делење на правда и важењето на законите. Тоа значи дека можат да се изгласуваат ДУП-ови на секои четири месеци без никаква дискусија од професионалци и без никакво консултирање на граѓаните од местото каде ќе се градат тие грдосии.

Нам ни се случи да имаме ДЕВЕТ усвоени верзии на ДУП Мал Ринг во периодот на Груевизмот! Ако одиме цел век наназад, ние ќе увидиме дека толкави промени на урбанистичката документација за Скопје се немаат случено. Значи, газење на целокупната постапка. Споменици од национален карактер ги изгласа Општина Центар, изработка на целосно нов ДУП (вграден постепено) без меѓународен конкурс, менување на закони за да се прикаже привидна легалност, пуштање на објекти без употребни дозволи итн итн итн.

И третата димензија на „Скопје 2014“ е клиентелизмот. За да создадете недемократско општество, вие мора на ваша страна да купите едно кило на просечни архитекти, докажани транзициски профитери и армија на поддржувачи од своите редови. „Скопје 2014“ и енормно високиот износ за изградба на овие објекти беа идеална подлошка за спојување на авторитаризмот со клиентелизмот, кои да не заборавиме успешно функционираа на подрачјето на Јужна Европа од Португалија и Шпанија до Грција до 70-тите години.

Да заклучам, „Скопје 2014“ НЕМА ТАКА ЛЕСНО ДА СЕ ЗАБОРАВИ!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 22-May-2017 at 09:31
Previous
 
Единствена утеха е тоа што како што гипс архитектурата лесно се распукнува и распаѓа, така и самоволието на пастирот и пвеводбениците се распаѓа како кула од карти.
 
За споредба, сталинистичката архитектура беше доволно силна за сталинизмот да потрае со децении, дури и да го надживее вождот Јосиф Висарионович Сталин.
 
Иако груевизмот и сталинизмот имаат заеднички карактер, сепак архитектурата не може да се споредува, бидејќи дури и злосторник како Јосиф Висарионович Сталин имал некакви основни познавања од архитектурата и имал некаков прифатлив архитектонски вкус.


Edited by Dexter26 - 22-May-2017 at 09:34
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 22-May-2017 at 11:10
Originally posted by HugoGoulding



Прифаќам критики и револт, но не ја сфаќам желбата за деструкција и компулсивна потреба за омаловажување и омраза. На крај краева, транспаретно или не, вака или онака, во овој проект учествуваа уметници и архитекти. Имаше и уметници и архитекти кои застанаа зад овој проектот.


Предолго на тие критики и револт се одговараше со омаловажување, потценување, потсмев, еден садизам од позиција на супериорност... па се до екстремот каде што луѓето беа прогласувани за предавници, деструктивци и мразачи на своето.

И тој модус не е помрднат ми 1 милиметар и ден денеска.

Доколку имавме една нормална дебата (како општество) каде ќе најдевме соодветни решенија, амбиентот немаше да биде таков.

Токму аргументите кои ги кажуваш во вториот дел од постот ќе беа убава основа за дискусија и постигнување на генерален консензус, но во некое друго време. Денеска го имаме проектот кој остави горчлив вкус кај голем дел од народот, па дури и сегментите на проектот кои се условно кажано издржани на овој или оној начин ќе продолжат да ја носат таа дамка на еден дилетантски, политикантски, аматерски и насилнички пристап.

Ако човек си ги среди впечатоците, токму тоа е проблемот во овој проект а не битката меѓу „барокот“ и „современата“ за која истрошивме толку многу енергија на форумов. Крунски доказ за тоа е зградата на филхармонијата која се отвори вчера каде го гледаме истиот тој дилентантизам во една посовремена форма. Ако СК2014 беше проект базиран на современа архитектура а филхармонијата е некој примерок на таков хипотетички проект, мојот став ќе беше истиот.

Ако има ревизии на овој проект, новата гарнитура треба да покаже најпрвин како се прави тоа. Ревизијата треба да ја прават експертски и независни тела, а никако Зоран Заев или било кој друг сличен по методологијата „Миле, ми текна...“


Edited by pbanks - 22-May-2017 at 11:13
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 22-May-2017 at 11:31
Originally posted by pbanks


Доколку имавме една нормална дебата (како општество) каде ќе најдевме соодветни решенија, амбиентот немаше да биде таков.


Нормална дебата со КОГО? Еве од сите овде на формуот ти си еден со кого може да се дебатира. Но што е со другите? Да се дебатира со некој кој е ПЛАТЕН да не му се допаѓа ништо или за некој кој е политички ОТРУЕН? Точно е дека треба да има НОРМАЛНА дебата но за тоа ти треба НОРМАЛНО граѓанско општество.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 22-May-2017 at 11:43


Originally posted by pbanks


Предолго на тие критики и револт се одговараше со омаловажување, потценување, потсмев, еден садизам од позиција на супериорност... па се до екстремот каде што луѓето беа прогласувани за предавници, деструктивци и мразачи на своето.

И тој модус не е помрднат ми 1 милиметар и ден денеска.


Кои се тие што се платени? На која основа го тврдиш тоа? Кога ќе се постави оваа теза, дали мислиш дека останува простор за дискусија? Општеството е затруено со овакви тези и било каква дискусија е невозможна.

Како второ. Што ако застапуваат некоја опција? Дали е забрането да се застапуваат опции во демократска земја? Дали фактот што некој е една или за друга опција треба да игра било каква улога при анализата на аргументите што ги искажуваат или силата на аргументите треба да биде единственото мерило дали држи вода тоа што го зборуваат или не?

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 22-May-2017 at 11:44
Originally posted by kultuzin

Originally posted by pbanks

Доколку имавме една нормална дебата (како општество) каде ќе најдевме соодветни решенија, амбиентот немаше да биде таков.

 
Нормална дебата со КОГО? Еве од сите овде на формуот ти си еден со кого може да се дебатира. Но што е со другите? Да се дебатира со некој кој е ПЛАТЕН да не му се допаѓа ништо или за некој кој е политички ОТРУЕН? Точно е дека треба да има НОРМАЛНА дебата но за тоа ти треба НОРМАЛНО граѓанско општество.

 
Сакаш да кажеш дека потврдуваш дека немаше вистинска нормална дебата за проектот Скопје 2014 кога за прв пат беше прикажана анимацијата за проектот во 2010 година ?
 
Тоа објаснува зошто проектот е нетранспарентен уште од моментот кога беше прикажана анимацијата во февруари 2010, а за нетранспарентноста на неговата реализација па да не правиме муабет.


Edited by Dexter26 - 22-May-2017 at 12:03
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3805
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 22-May-2017 at 12:05
Originally posted by Џоле

Originally posted by kultuzin

Дo сегa збoревме зa грaдење штo требало дa се грaди штo не и тн. Oд сегa ќе збoриме зa рушење, преместувaње и тн. Типичнo зa нaс три чекора нaпред двa назад и се вo местo стoиме.


Целиот муабет со уривање и отстранување, т.е. преместување воопшто и немаше ни да го има ако уште од почеток се следеа советите на стручната јавност и целиот проект се спроведеше по востановените правила и прописи во градежништвото, урбанизмот итн. Сега само се прават обиди да се минимизира штетата. А штетата е голема.


Стручна јавност??? На кого мислиш на Мирослав Грчев и компанија ????
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 22-May-2017 at 12:15
Софија Куновска: „Во знак на добра воља и влог за подобрување на добрососедските односи со Грција треба веднаш да се отстрани споменикот “Воин на коњ“ и спомениците на роднините на воинот на коњ од Мал ринг- Центар, Скопје.
П.С. А пред се и над се заради сопствената идентификација како Словени а не како антички Македонци“

Полека малце другари, барем СДСМ да ги добиеше избориве, па да ја разберев еуфоријава. А примеров на Куновска само говори дека не е секој за политика (подобро како Хилари - private и public position). Со реваншизам и рушење, нови гласови тешко.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1146
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 22-May-2017 at 12:34
Originally posted by HugoGoulding


Да се направеше на најтраспарентен начин па и да беше во најмодерен стил пак ќе имаше препукувања, негодувања, натегање, протести, дезинформации и говор на омраза, критики итн итн. Пак ќе имаше тон истурена негативна енергија и опструкции и крајно спротиставени страни. Пак ќе имаше политика наместо архитектура. Пак ќе имаше грешки и пропусти. Па и сите објекти да беа во модерен стил. Тогаш муабетот ќе беше, "аман со овие грди стакларници и искривени чудни форми насекаде, на Скопје му требаше архитектура и објекти и уметност налик Рим, Прага а не ова". Не сакам да оправдувам ништо и никој, но тоа е реалноста и менталитетот тука. Не дека ова што е сега може да се спореди со Рим и Прага но сепак треба да се земат во предвид многу фактори кога се прават такви споредби.

Да се направеше на најтранспарентен начин Скопје 2014 ќе изгледаше сосема поинаку.

Originally posted by HugoGoulding

Дел од идеите во овој проект постоеле и во минатото и не беа паднати од небо. Како што знам поставување на споменици од Делчев, Даме, Карев и други важни личности од македонската историја биле планирани и порано. Била планирана и фонтана со Александар на плоштад. МНТ, Хотелот и Офицерски на плоштад и други објекти во овој стил ги има во цртежи од Грчев итн итн.

Ако некој не е информиран, имало идеји за сплавови на Вардар кои требале да наликуваат на бродови и да бидат во склоп на новите градски плажи на Вардар уште многу многу порано од ова. Така да ..

И за Берлин имало планови целосно да се сруши центарот за да стане вистински центар на Третиот Рајх Welthauptstadt Germania, дали тоа значи дека сега треба да го уништат центарот зашто некому така му текнало?

Originally posted by kultuzin

Дo сегa збoревме зa грaдење штo требало дa се грaди штo не и тн. Oд сегa ќе збoриме зa рушење, преместувaње и тн. Типичнo зa нaс три чекора нaпред двa назад и се вo местo стoиме.

Па ти си ја отворил темава

Originally posted by kultuzin

Стручна јавност??? На кого мислиш на Мирослав Грчев и компанија ????

Мирослав Грчев е само еден од многуте македонски и светски архитекти. ААМ и Архитектонски и Градежен Факултет се само дел од оние кои [u[мораа да бидат консултирани за Скопје 2014, наместо мала група нестручни луѓе да одлучува за се'.

Вчера предложив судбината на Скопје (а со тоа и Скопје 2014) да биде решена на собири, т.е. дебати на кои ќе учествуваат сите засегнати - централна и локална власт, архитекти и урбанисти, заинтересирани граѓани, како и луѓе од правната и економската фела. Може да поставиме анкета на темава, со прашање:

„Како сакате да се реши „Скопје 2014“?“

Понудените одговори би биле:

-Да остане како што е;
-За него да се дискутира и одлучува на собири наменети за тоа;
-Да се сруши.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2262
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 22-May-2017 at 14:13
Originally posted by kultuzin

Стручна јавност??? На кого мислиш на Мирослав Грчев и компанија ????


Не, мисли на оние ненадминати стручњаци кои одвоија едвај три милиони евра за реконструкција на главната железничка станица во Скопје и Македонија, но затоа за панорамско тркало го одврзаа кесето и дадоа осумнаесет милиони евра.

Сакаш ли и други примери?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1146
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 22-May-2017 at 14:19
Originally posted by <Fresno>

Софија Куновска: „Во знак на добра воља и влог за подобрување на добрососедските односи со Грција треба веднаш да се отстрани споменикот “Воин на коњ“ и спомениците на роднините на воинот на коњ од Мал ринг- Центар, Скопје.
П.С. А пред се и над се заради сопствената идентификација како Словени а не како антички Македонци“

И што е тука погрешно?

Originally posted by <Fresno>

Полека малце другари, барем СДСМ да ги добиеше избориве, па да ја разберев еуфоријава.

Победник е оној кој формира влада. Премиерот е од СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ е опозициска партија.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 22-May-2017 at 14:35
Originally posted by Staro Skopje


И што е тука погрешно?

Изјавава е погрешна на повеќе нивоа, но ок, ако се согласуваш твоја работа. Поентата ми е дека ваков потег може да направи огромни проблеми, во веќе поларизирано општество.
Originally posted by Staro Skopje


Победник е оној кој формира влада. Премиерот е од СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ е опозициска партија.

Мислам на легитимитет и широка поддршка за крупни чекори. Еве на локални за Град Скопје нека излезе било која партија со програма за рушење/дислокација, па доколку победи, ќе имаат некоја основа муабетиве.

Edited by <Fresno> - 22-May-2017 at 14:40
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8765
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 22-May-2017 at 15:04
Originally posted by <Fresno>


Изјавава е погрешна на повеќе нивоа, но ок, ако се согласуваш твоја работа. Поентата ми е дека ваков потег може да направи огромни проблеми, во веќе поларизирано општество.


Зарем не се поларизираше општеството токму со неговото поставување (и на низа други објекти) но и со уништување на постоечки објекти? Не сум за рушење „од око“ напишав погоре како мислам дека треба да иде ревитализацијата на центарот што не значи дека треба да направиме реставрација на СК2010. Но, да не се правиме луди дека овдека имаме муабет за кокошката и јајцето, јасно е тука причинско-последичното следство, потезите за поделба се веќе направени одамна.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 22-May-2017 at 15:21

Затоа и реков веќе поларизирано општество. Не гледам како инфантилни изјави од овој тип водат кон деполаризација, а и воопшто кон општ прогрес во државава.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3187
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 22-May-2017 at 18:19
Да не заборавиме тука уште една работа. Сето ова што досега го кажавме овде е поврзано со она домашниот фактор. Но, да не ја заборавиме меѓународната стручна заедница. На пример, пост-земјотресно Скопје со најпрепознатливите објекти од овој период ќе патуваат на светска изложба во Њујорк догодина, а по мои информации вакви изложби ќе има и на други локации. Врвна полска институција е заинтересирана за организирање на идентичен настан во оваа земја.

Да заклучам, за пост-земјотресно Скопје допрва ќе слушаме позитивни оддеци низ светот, од кои македонската стручна и општа јавност ќе мора да потпадне под влијание.

За жал, за „Скопје 2014“ се подготвуваат идентични истражувачки проекти, но во сосема спротивна негативна рамка. Ние не можеме да претпоставуваме како угледни меѓународни архитекти, асоцијации или организации ќе реагираат во иднина, нели?

Edited by BOJAN - 22-May-2017 at 18:20
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 07-Jun-2017 at 22:28
во целава дискусија смешно ми е што се спомнува на неколку наврати дека корекција на Ск2014 е залудно трошење пари, а тоа што значително поголеми суми беа употребени на негово градење не е битно... ок

проблемот не се средствата, туку што не треба да се гледа на работите од аспект на реваншизам и да се најдат соодветни решенија за сторената штета... Ск2014 беше изградено на база на реваншизам, омраза и комплекси, не намеравам да ја продолжиме таа традиција во друго руво

некои од објектите и спомениците од Ск2014 претставуваат голема пречка за квалитетот и идниот развој на просторите на кои се наоѓаат и не гледам ништо спорно во тоа да се отстранат или да се спречат тие во изградба
за жал, најголем проблем претставуваат вселивите објекти кои веќе се во функција и за кои за жал нема никакво лесно решение... кога никој не го спречи нивното градење, ќе мора да се научиме да ги трпиме

Edited by zabegan - 07-Jun-2017 at 22:31
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Понтифик View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Mar-2017
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Понтифик Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 09-Jun-2017 at 02:23
Сеуште е рано да се прави било што со Ск 2014, освен, се разбира, да се стопира. Прво треба да се промени свеста на населението, зборувам и за левите и за десните и од сите етноси. Ако дојде до едно такво барем пристојно колективно издигнување соблекувањето на фасади ќе се наложи како природен процес како и рушењето или дислоцирањето некои од објектите кои се дел од 11 годишната психотична епизода. Што се однесува до мене, Александар, Филип и Олимпија во знак на добрососедство треба да и се подарат на Грција (се разбира РМ да го плати транспортот и евентуалното монтирање таму), Цар Самуил да се подари на Бугарија (нели е бугарски цар и е родум од Софија) или да оди во Охрид (да се корегира натписот од Самоил во Самуил). Јустинијан Први може во Правен факултет да се испрати, или подобро на сред село Таор да се постави, нели таму бил роден човекот, па да се одбележи. Оној бункерот посветен на мајка Тереза на сред пешачка зона да се сруши, тотално ненужен. Триумфална - динамит. Бродовите да се расчленат и ситните делови нека ги однесе водата в море. Централата на АЕК во некој футуризам да се преоблече најочаен објект според мене е тој. Се разбира има уште но ова за почеток е одлично. А да, и мостот на уметноста и мост око да бидат лишени од сите скулптури и да се преименуваат во мост во Мост 1 и Мост 2 и да не се прави разлика кој е прв а кој втор - бидејќи тие мостови тоа го заслужуваат. И тоа е тоа отприлика. Доволно е ова барем да се направи и државата ќе доживее голема катарза. Секако штом ќе проработат институциите и ќе функционира правосудството.
Само тъмен ум като моя може да знае всички тайни, защото са тъмни, толкова тъмни...но в теб.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 09-Jun-2017 at 06:22


Не знам дали си сериозен или си обичен трол или ова што го пишуваш е резултат на површно или комплетно не знаење.

Кој тоа тебе ти кажал дека споменик на значајна историска личност може да се постави исклучиво само во местото/градот од каде што таа личност е роден/родена?

Што се однесува до глупостите кои ги напиша за споменик-фонтаната со Александар и Филип II. Македонија со самото тоа што го носи името Македонија и народот Македонци има право да поставува споменици од сите оние кои твореле, се бореле за тоа име и во тоа име. На територија на денешна Република Македонија има илјадници артефакти кои потекнуваат од времето на aнтиката и се директно поврзани со времето на Филип и Александар и др, почнувајќи од монети, штитови и други значајни артефакти. Очигледно не си бил во Археолошкиот музеј за тоа да го знаеш, па ти препорачувам тоа да го направиш што поскоро дур новата "реформска" блада не го затвори или узурпура неговото функционирање во духот на добрососедство како што викаш и ти и повторно започне периодот на распродавање на црно на сите артефакти кои се пронајдени тука во Грција и наоколу (како што досега беше пракса пред сите да бидат уредно сместени во една зграда односно музеј) и потоа нашите соседи да претставуваат дека тие се пронајдени таму и поради тоа, тоа да го претставуваат како нивна и само нивна ексклузивна историја и сопственост. Но да не навлагаме во историја, Александар па и Филип II се историски личности со интернационално значење и познатост, не гледам проблем да ги има во држава која го носи името Македонија. Би било смешно да ги има во Албанија или Австрија (во Австрија има споменик од Александар Македонски), а во целиот апсурд најсмешно би било да ги има во Грција, поготово Атина, Александар и Филип личности против кои античките Грци се бореле и од кои биле покорени. Да подигнеш споменик од окупаторот.

Настрана тоа, јас мислам најдобор би било да се самоукинеме како држава, народ, култура, идентитет, име, симболи, историја. Сите соседи ќе ни дојдат и ќе ни оддадат почит на нашето добрососедство и саможртва која сме ја направиле за они да бидат среќни и задоволни.


Edited by HugoGoulding - 09-Jun-2017 at 06:28
Back to Top
Понтифик View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 04-Mar-2017
Online Status: Offline
Posts: 24
  Quote Понтифик Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 09-Jun-2017 at 11:02
Ја пропушташ поентата, немаш никаква културолошка и антрополошка подлога во себе.Паралаелата со споменикот на Александар Велики во Австрија исто ти е неиздржана и слаб аргумент. Овдека се работи за нешто друго, првоначално поривот за да ги има кај нас овие споменици не е општоцивилизациски. И да те потсетам ова е СЛАВЈАНСКА Македонија и треба да се потпреме единствено на тоа наследство. И во Бугарија има несекојдневни тракиски богатства по музеите но врз нив не се гради идентитет.
Само тъмен ум като моя може да знае всички тайни, защото са тъмни, толкова тъмни...но в теб.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.