build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Предлози за дислокација на дел од спомениците
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Предлози за дислокација на дел од спомениците

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1893
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 13-Jun-2017 at 00:16
Originally posted by FoSsiL

Повели... nation is a large aggregate of people united by common descent, history, culture, or language, inhabiting a particular country or territory.
By comparison, a nation is more impersonal, abstract, and overtly political than an ethnic group. It is a cultural-political community that has become conscious of its autonomy, unity, and particular interests.

synonyms: country, sovereign state, state, land, realm, kingdom, republic;

А за 1945, признавам, грешка. 1944.

Слободно вади си ги дефинициите од каде сакаш, држава и нација не е едно исто.

Edited by Dexter26 - 13-Jun-2017 at 00:16
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1299
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 13-Jun-2017 at 00:21
Не знам зошто воопшто се започна историскиов муабет. Антички или сегашни, хелензирани, латинаризирани или словенизирани, Македонци се Македонци. Секој што себеси се нарекувал Македонец и што се борел за Македонија и во име на Македонија сега, во минатото и во антиката, припаѓа на и во Македонската историја.

Тоа ќе биде така СЕ ДОДЕКА не си го смениме името и самите себеси се укинеме а со тоа го изгубиме и ексклузивното право на било каква античка или пак модерна историја поврзана со името Македонија и Македонци.

Тогаш кога ќе дозволиме да си го смениме името, не само што ќе биде проблем античката историја за нас, туку и поновата ќе ни биде негирана и под знак прашање. Многу од идиотите не го размислуваат тоа.

Edited by HugoGoulding - 13-Jun-2017 at 00:30
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 381
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 13-Jun-2017 at 02:00
Originally posted by FoSsiL

Сака да каже дека македонската нација како нација е воспоставена во 1945 и затоа нема многу историја. Македонскиот етнос, или народност има и претходно, но... обично таа историја и исплеткана со историите на другите балкански народи. Но според мене воопшто не е проблем тоа. Македонија и Македонците можат да се повикуваат на историја уште од 19 век па наваму, и на заедничка или историја на регионот во која секако имаме удел и ние од време на населување на Словените, времето на просветителите, Самуил, Византија, Отоманците и сл. Но тоа не е наша македонска историја зашто во тоа време Македонија како нација/држава не постоела.

Проблем настанува кога ние пробуваме да си го темелиме идентитетот и вредноста на античка историја на Македонија како регион. Не дека тоа не е историја која не опфаќа нас и територијата на која живееме, но дефинитивно не е основа на идентитетот и вредноста на македонската нација. Било која историја или ликови од тоа време претствувајќи ги за свои и идентификувајќи се со нив е навреда за самиот македонец. Со поистоветување со истата ние само правиме од себе кловнови и ништо повеќе. Без да навлегувам во ситуацијата со грците, воопшто не е важно во случајот.

Па така, денес имаме проблем со идентитетот, и поради тоа лечиме фрустрации со тоа дека ние сме биле не знам библиска нација и дека сѐ потекнува од нас.

А Македонците како нација постојат едвај 70тина години.

Таа теза антички vs. словенски Македонци не ја наметна ВМРО-ДПМНЕ, туку СДСМ и сите тие пост-југословенски Кока Кола “социјалисти“.

Сакаш да ми кажеш дека во денешниот генетски код на Македонците владее само словенската компонента? Ние зборуваме словенски јазик, но тоа не значи дека нашиот генетски код е исклучиво словенски. Далеку од тоа. На територијата Македонија живееле, твореле и создавале различни народи и култури коишто се помешале и тотално асимилирале со Словените. Сите тие народи низ историјата на оваа област наречена Македонија (Вардар, Егеј, Пирин, Преспа) го сочинуваат генетскиот код на денешниот Македонец. Што тука е нејасно? Сеуште не сум сретнал денешен Македонец да се идентификува како директен потомок на Александар Македонски и Античките Македонци. Тоа беше чист спин на СДСМ и сите тие опозициони невладини структури (денес владини). Кога Словените дошле на Балканот (многу контроверзна теза) сигурно не сретнале само овци, крави, коњи, змии, туку разни народи и култури. Што е проблемот да се слават тие разни народи и култури како дел од националното и културното богатство на регионот Македонија? Проблемот не е во тезата антички vs. словенски Македонци, туку тоа што сите тие пројугословенски комунисти од Македонија заедно со нивниот гуру фирер Тито извршија предавство на нашиот народ што живееше во Егејска Македонија и го оставија тој наш народ во тотален заборав. Цели 60 години никој во Македонија не смееше да спомне за нив. Постоеше културна блокада. Сакале или не да признаете Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ изврши деблокада на културната и националната изолација помеѓу Македонците од РМ со Македонците во Грција, Бугарија и Албанија.

Сите модерни нации се настанати кон средината на 19 век. Во екс-ЈУ имаше ситуација 4 нации да зборуваат буквално ист јазик, а да се идентификуваат различно.

Edited by Kid_A - 13-Jun-2017 at 02:05
Back to Top
Jonski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Jun-2017
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote Jonski Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 13-Jun-2017 at 09:48
Originally posted by Kid_A

Погрешно, не го оставија тој народ таму бидејќи Грците го депортираа и тука голем број дојда откако беа пратени по Русија исто Југославија само што излезе од војна, по твојава не-логика и партијашки муабет Југославија со главен град Скопје требаше да ја нападне Грција/Британија/Франција за да го врати Егеј на Македонците ти се молам. Така да муабетот со фирерот можам да го заклучам како чисто партијашки. Тоа е број еден, број два Фирер можам да го кажам и лицето Н.Г. со тоа што ја до-партизираше (да да и СДСМ се криви но никој од ДПМНЕ не ги гонеше think about it) оваа држава и не направи ништо од тие негови евро-атлански интеграции а не да ја направи платата од 18.000 на 12.000 туку си направи свој Дизмаленд и си играше со историја како што сакаше. А да сигурно мислиш на деблоакада кога ги носеше оние од Пустец како вреќи компири да гласаат за него да сигурно за таква "деболкада" мислиш. Да останам on-topic, како што кажа еден дечко погоре спомениците се сега повеќе проблем отколку афирмација бидејќи некој мислел дека покрај брокер имал диплома и по архитектура, уметност, историја на уметност и секако де-урбанизам

Originally posted by FoSsiL

Повели... nation is a large aggregate of people united by common descent, history, culture, or language, inhabiting a particular country or territory.
By comparison, a nation is more impersonal, abstract, and overtly political than an ethnic group. It is a cultural-political community that has become conscious of its autonomy, unity, and particular interests.

synonyms: country, sovereign state, state, land, realm, kingdom, republic;

А за 1945, признавам, грешка. 1944.
Вака ќе ти кажам пак. Античкото минато се злоупотребува и не се изучува for the sake of science туку за егото на партиски полтрони и нивните босови и тоа не се правеше за да се бара извинување за геноциди и неправди туку за да покаже некој колку му е поголем, тоа што се спомениците. И извини 20 век е многу поважен за Македонците отколку тој братубиствен 19 век имам аргументи но не сакам тука да ги наметнувам.

Македонскиот идентитет е проблем за еве Грција зашто се врзува за географска одредница и тоа автоматски значи територија за освојување од посилниот зашто ете Македонците низ вековите не успеале тоа нивно кралство да го адаптираат за нови времиња и поради фактот што постојано имало превласт и за тој трон.

Бидејќи живееме во свет со гладни кучиња за власт и територија од памтивек па наваму право имаат сите на тоа што ќе освојат а не што се родиле на таа територија и создале нешто конструктивно. Попластично не можам дa го кажам ова:

Освојуваш ќе те освојат. Дај да си ги величиме Кирил и Методиј и луѓе како Тодор Скалоски и Шпато. Уште си ги мериме со мечот на Александар и камата и пиштолот на останатите.

Да земеме интернетов да го облагородиме со достојна култура да преведеме некој грчки текст може случајно ќе најдеш уште некој македонски писател од 2 век наместо да спориш нешти што не си го ни прочитал/изучил.

Штура и празна ќе остане нашата историја ако не ги запишеме како што треба тие наши дејци
и историски ликови ќе се каеме што не сме зачувале касета или едноставно не сме ги дигитализирале.

Edited by Jonski - 13-Jun-2017 at 10:14
Сервилноста е лоша болес
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4672
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 13-Jun-2017 at 10:35
Ама сите изгледа не читате убаво изгледа што сум пишал.

Не можам да одговарам на сите поединечно, но, на кратко, никој (јас) не збореше за генетски кодови, ексклузивни и не-екслузивни права врз историја, грци и сл.

Туку, кажав дека реално македонската нација е оформена пред 70тина години со обиди и борба за оформување од претходно, од 19 век па до оформувањето.

Е сега сигурно не сме паднати од некоја друга планета, али муабетот мене ми е дека било која историја претходно иако не засега и убаво е да се знае, не може да се земе како основа за идентитет и вредност на македонската нација... И да нација е едно, а народност, етникум е друго...

Но некој има потреба очигледно Аце да му е темел на македонштината.

Што е пак до името, ја да сум ништо не би менувал, без разлика што грците си имаат проблем или си го измислија... ја не би идел по гзот на грците особено... али не заради некаква си античка историја или сл... напротив Аце не би ми било воопшто проблем да се отстрани од плоштад... А поради себе си и своите убедувања дека македонската нација па и народност нема потреба а и оправданост на ја темелиме на таа античка историја на Македонија.

Во однос на пишанато на Кид А... да не го препишувам тука истото... Да, сигурно во генезата имаш елементи од повеќето народи што живееле или поминале тука, вклучувајќи ги античките Македонци... али тоа е ирелевантно, затоа што и идентитетот обично на нацијата не се базира на генезата а на постигнатите како нација нешта што ги има. А тие нешта за македонската нација можат да се препишат од 19 век па наваму.

Без да влегувам во подлабока дискусија во однос на Грујо дека направил деблокада на култура... дефинитвно не, направи каша попара пропратена со корупција и криминал.

И ќе завршам со... проблемот што го имаме со Грција многу малку е ради историја а ради политика и интереси на некои од соседите да си ја делат Македонија, или да си ја оправдаат поделбата во 1913. Мислам на Грција и Србија.

Така да не се замајувајте со историја туку гледајте како паметно да се справиме со сегашноста.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8757
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 13-Jun-2017 at 10:51
А да си продолжевте во офтопик?
Back to Top
Jonski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Jun-2017
Online Status: Offline
Posts: 8
  Quote Jonski Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 13-Jun-2017 at 11:12
Originally posted by pbanks

А да си продолжевте во офтопик?

Толку нема повеќе да труеме, барем јас. Би се вратил на темата, дислокација во најголема мера треба да се направи на Воинот на Коњ, фонтаната и не е толку страшна. Она што би предложил е да се стопи војсководецот и со убави современи кирилични букви да се излие вертикално

М
А
К
Е
Д
О
Н
И
Ј
А

Идоли не ни требаат.
Сервилноста е лоша болес
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1299
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 20-Jun-2017 at 20:05
Значи нашите ќе фарбаме, рушиме, дислоцираме, а во друга држава на истите ќе се поклонуваме и цвеќе ќе оставаме.

Edited by HugoGoulding - 20-Jun-2017 at 20:22
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8757
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 20-Jun-2017 at 20:26

А да не буташе политика овдека?
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1299
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 21-Jun-2017 at 01:02
Не беше во политичка или историска конотација сликата.

Поентата беше дека тука заедно со нивниот идеолози и интелектуалци Грчев и Фрчко ќе ги рушат спомениците, а таму се поклонуваат пред истите.

Edited by HugoGoulding - 21-Jun-2017 at 01:04
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11783
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 21-Jun-2017 at 01:41

Кој го боел споменикот на Самоил во Скопје? Кој рекол дека ќе се руши? Што лупаш?
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1299
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 21-Jun-2017 at 12:55
Originally posted by Cloverstack

Кој го боел споменикот на Самоил во Скопје? Кој рекол дека ќе се руши? Што лупаш?

Не можам да ја најдам сликата, постаментот на Цар Самоил во Скопје беше вандализиран за време на платената шарената куртонлуција, со спреј беше ишкртана некоја парола "слепци" или така нешто.

И припази си го речникот.

Edited by HugoGoulding - 21-Jun-2017 at 12:59
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1299
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 21-Jun-2017 at 13:03
.

Edited by HugoGoulding - 21-Jun-2017 at 13:08
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11783
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 21-Jun-2017 at 13:07
Originally posted by HugoGoulding

Не можам да ја најдам сликата, постаментот на Цар Самоил во Скопје беше вандализиран

Мхм, баш штета што не можеш да ја најдеш сликата... Во меѓувреме објасни ни повторно како стиропорот не би запаллив.

Originally posted by HugoGoulding

за време на шарената куртонлуција

Originally posted by HugoGoulding

И припази си го речникот.

Ќе припазам, еве ќе се угледам на тебе.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1299
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 21-Jun-2017 at 13:12
"Од истурениот прашок водата почна бргу да се пени, по што фонтаната мораше да биде исклучена. Во меѓувреме дел од демонстрантите истурија и боја во водата. Настрада и споменикот на „Цар Самоил“, кој беше исшаран со пароли напишани со црн спреј. Со пароли заврши и дел од мермерот на скалилата околу фонтаната"

"За време на вчерашните протести насобраните демонстранти продолжија да гаѓаат врз „Порта Македонија“ со јајца и со кеси со боја, а потоа откако се собраа на градскиот плоштад, следна мета беше фонтаната. Освен прашок, вчеравечер беше истурена и помала количина боја во водата. Неколкумина испишаа и графити со црн спреј врз мермерот на фонтаната, а слични натписи завршија и врз споменикот на Цар Самоил."

-

Така да немој да лупеташ и ти и твојот вештачки наметнат и поставен премиер.

Edited by HugoGoulding - 21-Jun-2017 at 13:13
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11783
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 21-Jun-2017 at 13:21

Вештачки наметнат премиер се станува на наместени избори, како што правеше претходниот, којшто сега е на пат за Идризово. Секако благодарен сум му што прислушкувајќи ја пола джрава, тонски ги овековечил и своите неброени криминали и злосторства.

И секако нема лекции за патриотизам и споменици да добивам од луѓе кои се посраа на добар дел од нашата историја, а не им сметаа споменици на Тодор Александров и на Ќосето, и величање на цела врховистичка багра во музејот на вмро. Особено не преку некакви цитати без линкови, мада е јасно дека се од разноразни курири и сители.

Edited by Cloverstack - 21-Jun-2017 at 13:24
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1299
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 21-Jun-2017 at 13:24
Ќе ја најдам сликата од вандализираниот споменик на Самоил во Скопје и ќе ги постирам, баш ги имав видено пред 3-4 недели и бев згрозен.

Што се однесува до моите цитати, слободно можеш да го копираш текстот и да го постираш во гугл и да видиш од кои медиуми е напишаното. Чипиран.

Edited by HugoGoulding - 21-Jun-2017 at 13:25
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11783
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 21-Jun-2017 at 13:26
Originally posted by HugoGoulding

Чипиран.

LOL

Симпатично ми е ова.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1299
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 21-Jun-2017 at 13:30
Eднакво си чипиран од едните, колку што мислиш дека другите се чипирани од другите.

Се гледа по тоа дека мислиш дека вандализираниот споменик на Самоил е теорија на заговор измислена од Курир или Сител.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11783
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 21-Jun-2017 at 14:01
Originally posted by HugoGoulding

Eднакво си чипиран од едните, колку што мислиш дека другите се чипирани од другите.

Се гледа по тоа дека мислиш дека вандализираниот споменик на Самоил е теорија на заговор измислена од Курир или Сител.

Остај го наводно вандализираниот споменик на Самоил, и погледни си ја вандализираната држава во каква состојба е после 11 години владеење на тие што редеа споменици на секој ќош. Како тоа не те загрижи сите тие години?

Да речеме дека споменикот на Самоил навистина бил вандализиран (мада дури ни за тоа не можеш да обезбедиш доказ)... Поединци можат да прават секакви бељи, споменици се вандализирале и ќе се вандализираат, и кај нас и секаде. Луѓето својот револт масовно го истурија врз триумфалната капија, врз прометеј со пелени и слични мултимилионски циркузи, а не врз споменикот на Самоил, такашто твојот обид да прогласуваш предавници и на ова поле, е прозирен и патетичен.

Од друга страна, организирно вандализирање на цела држава и општество, вандализирање на буџетот, вандализирање на националната историја, вандализирање на јавниот простор, вандализирање на приватноста на граѓаните, тоа не пречи нели?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.092 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.