build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов објект на Комерцијална Банка (Сан Марко)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 06-Apr-2008 at 13:41
Originally posted by La Linea

Почнаа со работа Banana

[

Znaci parkot ke otide? Unhappy nema veze zgradata si e super i na dobro mesto e.


Edited by dejan - 06-Apr-2008 at 13:41
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 06-Apr-2008 at 16:54
Аман бе екологисти. Ода вас дерман да се немало!!!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 06-Apr-2008 at 16:59
Приметувате ли несхто кај овој објект на левиот крај на сликата, во ќошот на градилиштето. Мене ми личи на остатоци од темели. Да не е случајно ова од некоја зграда од пред земјотресот?!
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 06-Apr-2008 at 18:21
ej sega vidov koga si ja sredil temava. Sega ukopcav, poshto na predhodnata tema kaj shto diskutiravme ednata slika ja nemav videno. Jasno e se. Ja preeska si mislev deka delot so dvete nastavci od strana e ustvari preden dal, atoa ustvari doaga kako zaden del.



Da i jas sega sfativ za shto tochno stanuva zbor. Thumbs%20Up

Edited by gotsomekicks - 06-Apr-2008 at 18:33
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 06-Apr-2008 at 18:23

Е баш ми мило што се потполнува просторот таму зградата е одлицна и е вклопена со оклната содржина (мислам естетски) а урбанистички не знам не ми е тоа струката Yes

Back to Top
skywings View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote skywings Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 06-Apr-2008 at 18:32
Originally posted by lslcrew

Аман бе екологисти. Ода вас дерман да се немало!!!
 
Big%20smileBig%20smileBig%20smile
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 06-Apr-2008 at 22:39

Оооо, убави новости, дали веќе има и рокови за крај на изградбата?Applause

Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 06-Apr-2008 at 22:42
cekaj be UrbanFreak ,,, uste ne pocnale ti koga ke zavrsat ,Big%20smileBig%20smile znaes kako vo Skopje se odviva gradenjeto---Ke bide kat tatBig%20smile
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 07-Apr-2008 at 00:38
Originally posted by lslcrew

Аман бе екологисти. Ода вас дерман да се немало!!!

haha:p baram po vesnicive nekoj da se pozhali za zeleniloto
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 07-Apr-2008 at 23:01
blejd ги изеде Утрински (и сите други) со информацијава за три дена . Не ни знаат кој е инвеститорот... аматери

Се гради осумкатна деловна зграда на плоштадот

Објектот ќе биде со површина за градба од 518 квадрати и максимална висина од 29 метри

Од вчера, дел од тревната површина непосредно до плоштадот „Македонија“ е претворена во градилиште на кое ќе се гради осумкатна деловна зграда. Од рано изутрината се слушаше бучава од булдожери и друга механизација која почна да го раскопува теренот на кој, според важечкиот Детален урбанистички план, е предвидена изградба на објект со комерцијални и деловни намени. Подготовката на парцелата за градба, нејзиното оградување и стационирање на механизацијата започна да се врши уште во минатата недела.

Од Општина Центар вчера информираа дека станува збор за изградба на административно-деловен објект со површина за градба од 518 квадратни метри. Зградата, согласно со ДУП, ќе може да достигне максимална висина од 29 метри, односно ќе може да има приземје, седум ката и потпокрив. Општинарите вчера не беа во можност да кажат кој е инвеститор на објектот. Единствено посочија дека градежната дозвола ја издале пред еден месец. Инаку, парцелата е во приватна сопственост на неколку лица.

„Денеска на градилиштето, согласно со законските прописи, ќе биде поставена информативната табла на која ќе бидат истакнати деталите за објектот, поточно неговиот изглед согласно со проектот, како и информацијата за инвеститорот“, посочија од Општина Центар. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D35B09DF49C17D46AAD96F2B0A1347F7


Edited by pbanks - 07-Apr-2008 at 23:02
Back to Top
KamaZ View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Apr-2008
Location: Sk/Rotterdam
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KamaZ Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 08-Apr-2008 at 22:42
Само што поминав да ѕирнам дали ставиле табла и ја ставиле денеска изглеа. Инвеститор е Сан Марко - Италија Dunno?! А рок на завршување е декември 2009. Со оглед на тоа колку брзо почнаа да работат ништо чудно и да го завршат до тогаш. Инаку одобрние за градба имаат добиено на 10 март 2008 (пишува нели на таблата).
Бајдвеј, одамна сакав да прашам нешто. Некој имаше извадено скенови од книга што ја купил во Скопје и книгата беше нешто како македонска архитектура во 20тиот век или така нешто. Имаше слики од макетите на Скопје за после земјотресот. Која е книгата и каде ја има? Ако ви текнува за што зборам тогаш фала за информацијата унапредBig%20smile.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 08-Apr-2008 at 22:51


Италијанскиот инвеститор го споменуваат во контекст на пола Мал Ринг. Од стоковна куќа ТИПО, па до објектот на парцелата на народна банка и еве и Магос. За позадината на тој италијански инвеститор има повеќе муабети но искрено не се замарам премногу. Се додека е според планот и доколку изгледа пристојно не ми е гајле чиви се парите.

За книгата што ја спомнуваш ќе ти каже Ла Линеа, тој ги набави тие скенови.


Edited by pbanks - 08-Apr-2008 at 22:52
Back to Top
KamaZ View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Apr-2008
Location: Sk/Rotterdam
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KamaZ Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 08-Apr-2008 at 22:58
Фала! Доста ажурно го следиш форумовSmile
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 08-Apr-2008 at 23:09
 Previouspa ako ne se lazam @Pbanks e osnovac i creator na forumov ...
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 08-Apr-2008 at 23:21

Осумкатница на плоштадот во Скопје

Објектот само го означи стартот на планираната градежна офанзива во строгиот центар

Деспина Трајковска

Осумкатната административна зграда на плоштадот „Македонија“ ќе биде изградена од мермер и стакло, а ќе има и една купола. Од проектантската куќа „Магос“, која е изработувач на проектот за објектот, ја искористиле максималната висина од 29 метри, колку што е дозволено со ДУП и испланирале објектот да има приземје, седум ката и потпокрив. Објектот ќе има подземен паркинг. Вкупната површина ќе изнесува 4.500 квадратни метри. Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Илинден“.

Станува збор за инвестиција на италијанската компанија „Сан Марко“ во соработка со скопската фирма „Уни-М“. Проценето е дека изградбата на објектот ќе чини околу девет милиони евра.

И од Градот ги потврдуваат овие информации, додавајќи дека комуналиите за објектот се уплатени, а дека сопственици на парцелата се неколку приватни лица.

Почетокот на изградбата на осумкатната административна зграда, всушност, само го означи стартот на планираната градежна офанзива во строгиот центар.

Со неодамнешната корекција на ДУП за Мал ринг, на маркичките за објектите што гравитираат околу плоштадот, висината им е зголемена од 22,5 на 29 метри. Тоа значи е дозволена изградба на објекти на осум ката, или на седум ката и потпокрив.

Планот предвидува и изградба на катна гаража и шесткатница зад поранешен „Метропол“, како и надградба на Стоковната куќа. ДУП дава можност и за изградба на плус еден кат на ГТЦ, како и на постојните блокови згради околу плоштадот. Во зеленилото, пак, спроти кафулето „Тренд“, има маркичка за изградба на голем хотел.

Од Општина Центар вчера не добивме одговор дали се поднесени барања за одобренија за градење на планираните објекти околу плоштадот, или можеби дозволите веќе се издадени. На општинарите како да им премина во практика и им стана дел од работните обврски да не даваат никакви информации, особено од областа на урбанизмот.

На Лидија Неделковска, шеф на кабинетот на градоначалничката Виолета Аларова, дури и два дена не и' беа доволни да обезбеди информација за инвеститорот на објектот што се гради пред „Телеком“, а од општинскиот Сектор за урбанизам, пак, не даваат никакви информации, потенцирајќи дека „се' оди преку Лидија“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E47E618B63D8F742A708D046A4B493C7
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 08-Apr-2008 at 23:53
Originally posted by KamaZ


Бајдвеј, одамна сакав да прашам нешто. Некој имаше извадено скенови од книга што ја купил во Скопје и книгата беше нешто како македонска архитектура во 20тиот век или така нешто. Имаше слики од макетите на Скопје за после земјотресот. Која е книгата и каде ја има? Ако ви текнува за што зборам тогаш фала за информацијата унапредBig%20smile.


Таа книга ја имаш во “ТРИ“, до кино Милениум. Се вика „100 години (некаква) архитектура“ Придонесот на Југославија и Македонија, нешто слично Thumbs%20Up На корицата е МНТ

Е сега, може да си се помешал исто со сликите што ги сликнав од една монографија на Скопје по земјотресот, ама сигурен сум дека мислиш на таа од Три. 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 08-Apr-2008 at 23:58
Абе што бидна со онаа зградата на парцела 5.6. Оддамна е во застој. Нејзе ја немаме опфатено на форумов!
Back to Top
KamaZ View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Apr-2008
Location: Sk/Rotterdam
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KamaZ Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 09-Apr-2008 at 00:42
Фала Ла Линеа. На таа книга мислев!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 10-Apr-2008 at 14:15

Еве од денеска. Инаку може многу лесно да се извади слика со поголема резолуција од таа што ја дава идивиди. Всушноста јаваскриптата ја смалува сликата, која што има волкава оригинална големина. Еве овдека поубаво се гледа, мене се повеќе ми изгледа дека има некои темели од старо скопје, ама неможат уште да бидам сто посто сигурен.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11886
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 10-Apr-2008 at 23:30
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1366&ArticleID=88598

НАДЛЕЖНИТЕ НЕ ЗНААТ ШТО СЕ ГРАДИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
Објектот на скопскиот плоштад тајна

Наташа Јанчиќ

Во центарот на Скопје, на градскиот плоштад, пред зградата на „Македонски телекомуникации“, од пред неколку дена се гради објект. Никој од надлежните не заеше точно да потврди што се гради, иако во јавноста се шпекулира дека е можно на оваа локација да никне хотел или банка. Во Општина Центар не знаат да кажат за намената на овој објект. Од Министерството за транспорт и врски, пак, велат дека тоа не е државно земјиште и затоа не се запознати со градбата. Според нив, надлежна за земјиштето е Општина Центар. Сепак, како што се дознава, инвеститор на градбата е италијанската компанија „Сан Марко“, во соработка со скопската фирма „Уни-М“. Објектот, според информациите, се гради на површина од 3.500 квадратни метри и ќе биде висок 29 метри, со приземје, осум ката и со дополнителен кат под покривот. Виолета Аларова, градоначалничката на општина Центар, вели дека не знае ни што ќе се гради ниту кој гради. - Не сум урбанист по професија. Јас само ги потпишувам одлуките што ги подготвуваат луѓето надлежни за тоа. Мене ми е битно се да биде во рамките на законот - објаснува Аларова. Ниту од Министерство за транспорт и врски не беа информирани што се гради во централното градско подрачје. - Не знам за каков објект се работи. Министерството не е надлежно за таа локација. За повеќе информации обратете се во катастар. А, прашајте и во Општина Центар, таму мора да знаат кој го гради објектот. Во одобрението за градба што општината го издава треба да стои кој што гради - објаснува Драган Симоновски, портпарол на Министерството за транспорт и врски. Во врска со овој објект Мирослав Грчев, поранешниот градоначалник на општината Центар, вели дека не е спорна градбата туку целиот Детален урбанистички план донесен пред шест месеци. Според него, посебно е чудно што на локацијата „Мал ринг“ висината на градбите порасна од 22, 5 на 29 метри. - Овој план центарот на градот го третира како да е периферија, а тој содржи токму најголем број репрезентативни објекти, заштитени со закон. До Уставниот суд поднесов иницијатива да се разгледа и оцени деталниот план, но од таму се уште нема одговор - истакна Мирослав Грчев. За време на поднесувањето на ДУП за „Мал ринг“ Министерството за транспорт и врски беше цел на експертите затоа што со зголемувањето на висината на објектот би добиле дополнителни четири милиони евра. Инаку, со години Општина Центар ветуваше дека ќе ја избрише маркичката за изградба на објект на ова место за да не се задушува плоштадот со градби. Во моментот кога се донесуваше новиот ДУП за „Мал ринг“, меркичката беше само препишана од стариот план. Аларова пред пет години дури бараше средба со претставници од Градот и од Министерството за транспорт и врски за да се вклучат во осмислувањето на „Малиот ринг“ и бараше од планот да се избришат не само старата зграда на Народна банка, туку и ред други маркички околу плоштадот. Но, таква средба не се случи и сите маркички за градење околу плоштадот останаа неизбришани.



Edited by Cloverstack - 10-Apr-2008 at 23:31
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.