build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Деловни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нов објект на Комерцијална Банка (Сан Марко)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 29>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 21-May-2011 at 16:27
Веројатно кога ќе биде вселен и ќе се уреди околината околу него. А за вселување... ако присака Комерцијална ново седиште (и ново лого!).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 21-May-2011 at 16:29
Сам си прашвам, сам си одговарам



КОМЕРЦИЈАЛНА ЈА ПРОДАВА ЗГРАДАТА САН МАРКО ВО СКОПЈЕ

14 април 2011

Комерцијална банка денеска почна да ја продава една од најрепрезентативните, но истовременио и најконтроверзни згради на плоштадот Македонија – овалната метално-стаклена зграда во непосредна близина на Телеком, популарно наречена Сан Марко. Планираната продажба ги демантира шпекулациите дека управата на Комерцијална ќе се всели во објектот, бидејќи експресно го презеде во своја сопственост само месец и половина откако ја активираше хипотеката.

Комерцијална банка објави дека деловната зграда ќе ја нуди на продажба со почетна цена од 13,5 милиони евра. Јавноста веќе неколку години не разбра кој е вистинскиот газда на овој објект. Оваа зграда е само една од морето имот што банките го запленија откако кредитокорисниците престанаа да ги плаќаат ратите од кредитите. Од вкупно 3,1 милијарда евра кредити што банките до февруари ги одобриле, 218 милиони евра се сомнителни побарувања, покажува статистиката на Народната банка на Македонија.

Вкупната вредност на имот што Комерцијална банка во минатата недела за првпат го објави на лицитација е проценет на 15,8 милиони евра. Во оваа вредност најголемо учество има шесткатната метално-стаклена зграда со куполен врв на централниот плоштад. За изградбата на овој објект фирмата Уни-М пред неколку години зајми од Комерцијална банка 12,3 милиони евра. За оваа фирма во Македонија се знае само дека со неа менаџира Марина Новичиќ и дека се наоѓа во стан во Дебар Маало. Зградата ја градеше претпријатието Илинден. Своевремено пред градежниот објект на огласната табла за инвеститор стоеше името на италијанската фирма Сан Марко.

Активирана хипотека во октомври 2010 година

Поради неплаќање на ратите од заемот, Комерцијална на 5 октомври 2010 година ја активираше хипотеката што ја положи на Уни-М, а тоа беше репрезентативниот деловен објект. Невообичаено брзо, потоа банката самата ја откупи. Ова ги поттикна шпекулациите дека управата на Комерцијална ќе се сели во објектот.

“Постапката за наплата со продажба на деловната зграда е спроведена пред надлежен извршител на јавни лицитации. На првата лицитација, одржана на 25 октомври лани, не се јавија заинтересирани купувачи. На втората лицитација, која се одржа на 22 ноември 2010 година, Комерцијална банка се јави како купувач и се стекна со правен основ за сопственост на деловната зграда. Банката го објави имотот за продажба по завршување на постапката за комплетирање на имотно-правната документација и добивање на имотен лист за објектот на име на банката. При купување на имотот на лицитација пред извршител целата постапка ја спроведува извршителот и новиот сопственик на имотот нема обврски кон претходниот сопственик“, информираат во Комерцијална банка.
Во банката велат дека Надзорниот одбор на банката сe уште не одлучил како ќе се користи објектот. Минатонеделниот оглас покажува дека управата на Комерцијална не планира да се сели од другата страна на Вардар, на плоштад Македонија. Барем не засега.

Запленет имот вреден 50 милиони евра

Се проценува дека вкупната вредност на имотот што банките го заплениле од фирмите и од граѓаните кои престанале да си ги плаќаат ратите за кредитите изнесува околу 50 милиони евра. Вредноста на спорните и на ненаплатливите побарувања постојано расте. Спорните кредити во февруари достигнаа 7% од вкупно одобрените заеми.

“Статистичките бројки за спорни и ненаплатливи кредити растат, но состојбата се подобрува. Активирањето на неколку големи колатерали, како што е млекарницата Сведмилк и зградата на УНИ-М, само статистички ја искривуваат вистината. А таа е дека сe повеќе се намалуваат ненаплатливите заеми и се подобрува банкарското портфолио“, убедуваат банкарите.

Извршителите раскажуваат дека ретко се јавуваат купувачи на првите лицитации, бидејќи цените на движниот и на недвижниот имот тогаш се највисоки. На втората лицитација, која најдоцна мора да се одржи по еден месец, банките се должни за една третина да ја намалат вредноста на имотот од првичната проценка. На лицитациите нема случајни учесници и извидници. Секој што сака да учествува мора да уплати во банка 10% од вредноста на имотот што се нуди на продажба. Учесниците не може да си го вратат депозитот без разлика од исходот на продажбата.

Се продава имот вреден 24 милиони евра

Комерцијална банка објави и дека ќе продава запленет движен и недвижен имот со вкупна вредност од околу 24 милиони евра. Од тоа, околу 15,8 милиони евра е имот кој банката веќе самата си го откупила.

Меѓу другото, Комерцијална банка денес ќе продава и Mercedes Benz 200ml, вреден 7.500 евра.

Билјана Крстевска


http://www.kapital.mk/mk/dneven_vesnik/28108/komercijalna_ja_prodava_zgradata_san_marko_vo_skopje.aspx?iId=60

Го љуфнавме мерцедесот!

Edited by гитардемон - 21-May-2011 at 16:33
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 21-May-2011 at 18:42
За 7,5 илјади Мерцедес... ех да ги имав...

Туку... Тоа би испаднало и доста добро решение со оглед дека сп Уставен Суд зградата им стана малку клаустрофобична, добро не баш, ама цела им ја задскри...

Јас би им рекол цела да ја земат... но тие си ја знаат својата бизнис политика...

Најважно ќе биде да се среди и опреми објектов кој е прекрасен и да се всели, кои ќе бидат станарите и не е толку важно... барем не за мене...

И секако да се одржува, криво ми е што една брисолеја е падната, се надевам дека кога ќе дојде време за вселување нема да ја остават така...

Интересно е што така прилично мала зграда има толку висока цена, но најверојатно тоа се должи на високиот квалитет и примамливост..
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 23-May-2011 at 09:52
mislam deka e rano za ocenuvanje, bidejki ima uste nekolku detali da se zavrshat pred da se pusti vo upotreba. mozebi tie detali ke vlijaat na ocenata. brisoleite ke se izmijat i ke se smenat normalno, nema da se ostavat taka
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 25-May-2011 at 17:26
slucajno naletav na eden katalog, ama bidejki e pdf nemam kako da go objavam, pa gi kropnav samo slikite koi najveke mi se svigaa. ako uspeam da gi smenam vo jpg ke go stavam cel katalog









Edited by xnx - 25-May-2011 at 17:27
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 624
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 24-Mar-2012 at 19:35
Има нешто ново околу овој објект?
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 23-Nov-2012 at 20:01
od sigurni izvori komercijalna kaj i da e ke se vseli vo objektov, veke se izgrabotuva i enterier, e sega vo koj pravec ke ja odrzuva i dokompletira zgradata ke vidime...

Edited by xnx - 23-Nov-2012 at 20:02
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 23-Nov-2012 at 20:21
добра вест,иначе е многу лошо ваков добар објект да го нагризува времето.да е некој полураспаднат објект од времето на ЈУ,ајде, ама ваков да зјаи празен и неосветлен е лошо
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 23-Nov-2012 at 20:37
треба да му сменат еден брисолеј... т.е. да му достават... зашто му фали... 
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 23-Nov-2012 at 20:38
Originally posted by xnx

od sigurni izvori komercijalna kaj i da e ke se vseli vo objektov, veke se izgrabotuva i enterier, e sega vo koj pravec ke ja odrzuva i dokompletira zgradata ke vidime...


Прекрасна вест  

Edited by Cloverstack - 24-Nov-2012 at 02:47
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 24-Nov-2012 at 11:02
Originally posted by FoSsiL

треба да му сменат еден брисолеј... т.е. да му достават... зашто му фали... 

da, ima 3 skrsheni, zatoa rekov se nadevam deka ke ja tretiraat zgradava kako sto dolikuva i nema da si praat sami izmeni na fasadata
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 26-Dec-2012 at 16:03
mislam deka se selat vo magos

Комерцијална банка ја продаде дирекцијата за 21,7 милиони евра

Дирекцијата на Комерцијална банка е продадена по цена од 965 евра за квадратен метар.

Комерцијална банка ја продаде зградата во која се наоѓа дирекцијата за 21,7 милиони евра, објави денеска менаџментот на најголемата домашна банка. Менаџментот извести дека денеска склучиле договор за продажба на 22.525 квадратни метри административен простор за вкупна цена 21.736.625 евра, односно по 965 евра за квадратен метар.

Засега официјално не се открива кој е новиот сопственик на деловниот објект на банката што се наоѓа во центарот на Скопје веднаш до објектот на Македонската опера и балет (МОБ). Се шпекулира дека купувач на досегашната дирекција на Комерцијална банка може да биде некое од министерствата или Владата на Република Македонија.

Според неофицијални информации, менаџментот и администрацијата на Комерцијална банка сега ќе се селат во објект на плоштадот „Македонија“, кој досега се наоѓаше под хипотека на таа банка за невратени побарувања на компанијата што го изградила. Комерцијална банка досега во неколку наврати неуспешно се обидуваше да го продаде овој деловен објект.

http://www.mkd.mk/86091/ekonomija/komercijalna-banka-ja-prodade-direkcijata-za-217-milioni-evra/


Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1974
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 26-Dec-2012 at 16:09
Се знае тоа одамна. Веќе се при крај проектите за инсталациите во новата зграда.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 26-Dec-2012 at 17:08

http://ekonomski.mk/?p=18572

Комерцијална банка ја продаде зградата, се сели во нов објект

Комерцијална банка ја продаде зградата во којашто сега се наоѓа седиштето на банката. Банката објави дека објектот го продала за 21.736.625 евра.

„Со оглед на тоа дека во рамките на продадените објекти се опфатени и објекти во кои Комерцијална банка ја обавува својата дејност, во иднина се планира банката да ја извршува својата дејност во други објекти во нејзина сопственост“, соопштија од Комерцијална банка.

Иако од банката не кажуваат во кој објект се селат, според неофицијалните информации, станува збор за зградата Сан Марко на плоштадот Македонија во Скопје, пишува Капитал.

Комерцијална банка стана сопственик на овој објект откако реализираше хипотека за одобрен кредит за негова изградба на фирмата Уни-М. Првично, Комерцијална банка се обиде да ја продаде зградата Сан Марко со почетна цена од 13,5 милиони евра.

Станува збор за шесткатен метално-стаклен објект со куполен врв. За изградбата на овој објект фирмата Уни-М пред неколку години зеде кредит од Комерцијална банка во износ од 12,3 милиони евра. Поради неплаќање на кредитот, Комерцијална банка на 5 октомври 2010 година ја активираше хипотеката врз репрезентативниот деловен објект, а потоа ја откупи.

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 26-Dec-2012 at 17:19
штом тивко помина без многу врева ѕидот пред банката(уставниот),вероватно дилот е направен уште порано(помеѓу банката и вероватно владата како купувач или посредник)
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 26-Dec-2012 at 18:14
Originally posted by axel

mislam deka se selat vo magos

Комерцијална банка ја продаде дирекцијата за 21,7 милиони евра

Дирекцијата на Комерцијална банка е продадена по цена од 965 евра за квадратен метар.

Комерцијална банка ја продаде зградата во која се наоѓа дирекцијата за 21,7 милиони евра, објави денеска менаџментот на најголемата домашна банка. Менаџментот извести дека денеска склучиле договор за продажба на 22.525 квадратни метри административен простор за вкупна цена 21.736.625 евра, односно по 965 евра за квадратен метар.

Засега официјално не се открива кој е новиот сопственик на деловниот објект на банката што се наоѓа во центарот на Скопје веднаш до објектот на Македонската опера и балет (МОБ). Се шпекулира дека купувач на досегашната дирекција на Комерцијална банка може да биде некое од министерствата или Владата на Република Македонија.

Според неофицијални информации, менаџментот и администрацијата на Комерцијална банка сега ќе се селат во објект на плоштадот „Македонија“, кој досега се наоѓаше под хипотека на таа банка за невратени побарувања на компанијата што го изградила. Комерцијална банка досега во неколку наврати неуспешно се обидуваше да го продаде овој деловен објект.

http://www.mkd.mk/86091/ekonomija/komercijalna-banka-ja-prodade-direkcijata-za-217-milioni-evra/




Ем добија порепрезентативен објект, ем народот убави ја обештети КБ за барокниот ѕид. Ова е пример за бомбона бизнис WallbashSuicide
23ka.wordpress.com
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 26-Dec-2012 at 18:14
Nesto mi mirisa na BAROK!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 27-Dec-2012 at 00:12
мислам дека информацијава има врска со оваа тема ,па затоа ја постирав тука


По завршување на огласите за купување објекти заради намалување на трошоци на работење:


Комерцијална се сели на Плоштад, а Владата во Комерцијална?!


Од Владата информираат дека поголем број државни институции се обратиле со барање да им се изнајдат простории во кои ќе можат да ги вршат своите функции, бидејќи во просториите во кои моментално функционираат плаќаат огромни кирии, и тоа дваесет години наназад, а тоа им е трошок. Ако во предвид се има неодамнешниот оглас на Владата за купување објекти каде ќе бидат сместени владините служби, на кој единствено се јави Комерцијална банка, тогаш работите лесно се подведуваат по аналогија


Комерцијална банка ќе се сели од зградата покрај Вардар, која е нејзино седиште долги години. Од банката не кажуваат детали, туку со ценовно чувствителна информација објавена на веб страницата на Македонската берза кусо соопштуваат дека вчера склучиле Договор за продажба на објекти во нејзина сопственост и дека во иднина се планираат да ја извршуваат својата дејност во други објекти во нејзина сопственост.

Одговорните во Комерцијална банка не откриваат каде ќе биде новата централа на банката, но познато е дека во нејзина сопственост, добиена како хипотека за невратен кредит, е таканаречената стаклена зграда на плоштадот "Македонија". Овој објект банката неколку пати го продаваше на лицитација, но немаше купувачи. Зградата е нова, во одлична кондиција, а за да стане функционална, потребно е само внатрешно уредување.

Не го откриваат ниту купувачот на старите објекти со кои вчера е склучен договорот. Но ако се има предвид неодамнешниот оглас на Владата за купување објекти каде ќе бидат сместени владините служби, на кој единствено се јави Комерцијална банка, тогаш работите лесно се подведуваат по аналогија. Од Владата потврдија дека со еден економски оператор склучиле Договор за купување на објекти , без да информираат која е компанијата која и продала три згради. Во дописот од Влада, наведено е дека, е склучен договор за купопродажба на 22.525 квадратни метри деловен простор, распореден на три локации во Скопје за цена од 21.736.625 евра без давачки. Објектите ќе се отплатуваат 15 години и во нив ќе бидат сместени државните институции кои немаат свој простор и досега беа под кирија.

Од Владата информираат дека поголем број државни институции се обратиле со барање да им се изнајдат простории во кои ќе можат да ги вршат своите функции, бидејќи во просториите во кои моментално функционираат плаќаат огромни кирии, и тоа дваесет години наназад, а тоа им е трошок.
- За таа цел, согласно законот, и аналитичка проценка за односот трошок-добивка (кост-бенефит) транспарентно беше распишан јавен оглас на кој се бараше заинтересиран субјект кој има намера да продаде деловен простор кој ги исполнува бараните услови, објект кој државата би го купила и во него би ги сместила институциите за тие веќе да не мораат да плаќаат кирии. На тој оглас се јави еден заинтересиран економски оператор кој ги исполни бараните законски услови - изјавија од Владата.

Оттаму потенцираат дека месечните износи кои ќе се исплатуваат за купување на овој деловен простор се пониски отколку средствата кои досега институциите ги плаќаа како месечна кирија, со што од една страна се прави заштеда во буџетот, а од друга страна институциите добиваат свои сопствени објекти, во кои се создаваат соодветни услови за работа и поефикасно задоволување на правата и интересите на граѓаните и компаниите согласно стандардите и нормативите.

(С.Ву.)

вечер
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 27-Dec-2012 at 01:34
Previous
 
Објектите ќе се отплатуваат 15 години ?
 
Хаха, во наредните 15 години (од 2012 до 2027) ќе се сменат минимум 4 влади (под услов да се одржат само редовни парламентарни избори во 2015, во 2019, во 2023 и во 2027), ако не и повеќе (под претпоставка дека повторно би имало вонредни парламентарни избори), секоја од тие влади можеби ќе има поинакви политики на трошење и на штедење за разлика од актуелната влада, поради што може да се случи некоја од идните влади да одлучи да престане со плаќањата за откуп на тие објекти и да се врати на плаќање кирија или да го намали бројот на вработените во државната и во јавната администрација со цел да смести помал број на вработени во помал простор кој ќе биде во државна сопственост.
 
Ова само додава дополнителни задолжителни обврски во секој иден буџет на Република Македонија во наредните 15 години.


Edited by Dexter26 - 27-Dec-2012 at 01:36
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 27-Dec-2012 at 01:49
Хехе, ова личи ко наместена работа пред баѓи време .
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.