build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Скопје
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопје - „комиблок“ колекција

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 16-Jul-2008 at 02:33
1
Порта Влае - не баш класичен комиблок


2
Кули во К4



Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 06-Mar-2009 at 03:16
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 21-Mar-2009 at 18:18



Edited by beTon - 21-Mar-2009 at 20:20
Back to Top
KamaZ View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Apr-2008
Location: Sk/Rotterdam
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KamaZ Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 22-Mar-2009 at 12:33
Хммм, последнава слика некако обратна ми е. Мислам дека при скенирањето си останала транспонирана. Првиов ќош (доле средина) е на југо-западната страна на ново лисиче. На оваа слика испаѓа дека е на северо-западна. Кој е од Ново лисиче или барем го познава ќе ме разбере. Споредете со школото.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 22-Mar-2009 at 12:39

Во право си, еве ја корегирана


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 18-May-2009 at 14:45
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4411
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 29-May-2009 at 12:01


Мислам дека треба да се направи суб-форум за сите нишки за слики од Скопје, многу се.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 12-Jul-2009 at 20:15
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2395
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 19-Jan-2012 at 03:49
A што е по дефиниција „коми-блок“? Или кои се негови карактеристики? Пошто овде гледам слики малтене од цело Скопје.

Прашувам пошто вака на прв поглед (освен во оддржувањето на зградите и околишот) не гледам разлика со маала во многу западни градови, барем од она што гледам на нет.

Хамбург.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 8899
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 19-Jan-2012 at 10:02
Коми блок е всушност community block и од таму доаѓа кратенката, но луѓе ја злоупотребуваат придавајќи и друга конотација.

Инаку најслични блокови и маала на скопските имам видено во Мадрид.
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 19-Jan-2012 at 10:56
Најкласичен „коми-блок“ како што го опиша pbanks би требал да има заеднички функции - перални, клубови, па дури и градинки, дневен престој за деца, а во најектремните концепти и заедничка кујна. Вакви биле градени во СССР во „аванагардниот комунизам“ односно пред Сталин, а концептот е продолжен во Израел, ама во сосем друга форма. Денеска, елитните кондоминиуми во САД имаат вакви елементи. Можеби Железничарската зграда во Буњаковец е најблиску до овој концепт. Мислам дека е доста истражувано на оваа тема и има да се прочита, дури и на македонски.


Наркомфин во Москва (дом за вработените во Народен Комесаријат за Финансии - да нема забуни)


Во следниот период, Сталин форсирал историцистички блокови и најдобар пример би биле „проспектите“ што ги има секој град во тој дел на светот, но најекспонирани се веројатно оние во Источен Берлин. За среќа (а можеби и не) ние немаме примери од овој период (ама може да ги добиеме).


Источен Берлин

Потоа се појавуваат монтажните блокови, меѓу кои најпознат е т.н. „Хрушчовка“ односно тоа што ние го знаеме како „Карпош“ систем. Од тоа што сум дознал во разговори со луѓе кои живееле во СССР, квалитетот во изработката на нашите згради е далеку подобар (таму често имало грешки во поврзување на панели нпр). Во исто време такви системи се развиваат и во сите други земји - после II Светска војна низ цела Европа (па и светот) има голем проблем со домување, во почеток поради воените разурнувања, а подоцна и заради „бејби-бумот“. Според мене најупорни во разработката на овие системи се Германците (не им давале да прават тенкови, па морале да се занимаваат со нешто) и тоа и на двете страни - стигнале и до монтажни висококатници. Мој впечаток од Берлин е дека тоа што се нарекува „коми-блок“ постои и на двете страни од ѕидот, но источниот дел поминал низ „транзициски“ период кој си оставил траги, а западниот секогаш бил густо населен и со висока цена на земјиште. Денеска низ цел свет има многу добри примери за реконструкција на вакви блокови..


некаде во Москва

реконструиран plattenbau во Берлин

Последни се системите со тунелска оплата како во Аеродром и Ново Лисиче. Мислам дека треба да помине малку подолг период за да се даде добра оцена за оваа техника на градба. Од урбанистички аспект се извлекоа многу поуки од претходните грешки, па овие населби се многу подобро планирани. Сепак има и доста лоши примери, посебно во предградијата на Париз и други големи градови..

Сето ова го напишав за да ја илустрирам злоупотребата на терминот „коми-блок“ особено во Источна Европа..

Edited by mladen_s - 19-Jan-2012 at 13:03
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 19-Jan-2012 at 12:30
Прекрасна и мошне интересна анализа.
Инаку, прв пат слушам за „Стаљин“ во нашиов јазик Smile
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 19-Jan-2012 at 13:02

Упс.. И мене ми беше чудно кога го пишував, требаше да проверам..
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 19-Jan-2012 at 13:50
Стаљин е правото име на нашиот амбасадор Мартин Тренески,татко ми му бил учител во с.Кленоец
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2395
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 20-Jan-2012 at 23:40
Фала на инфото, пбанкс и младен.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1338
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 23-Dec-2015 at 23:25

Градски ѕид, Станбени блокови и кули – Скопје / 1968 год.

Извор : “СКОПЈЕ ЦЕНТАР – ГРАДСКИ ЅИД, Станбени блокови и кули” Завод за станбено-комунално стопанисување на град Скопје, 1968

Материјалот го приложи и обработи: Моника Крстевска



Од изданието СКОПЈЕ ЦЕНТАР – ГРАДСКИ ЅИД, Станбени блокови и кули, издадено во 1968 година од Заводот за станбено-комунално стопанисување на град Скопје, споделуваме неколку извадоци и цртежи за урбанистичкото решение и положбата на станбените објекти во центарот на Скопје и композицијата на Градски ѕид.





Композицијата “Градски ѕид” беше проектирана од познатиот јапонски архитект Кензо Танге, после големиот земјотрес во Скопје, во 1963 година. Како составен дел од центарот на градот, композицијата го нагласува и обиколува централното градско јадро, а објектите се ситуирани десно од реката Вардар. Градскиот ѕид се состои од верижно поврзани блокови ( P+6, H=24m ) и кули ( P+12, H=45m ) – еден вид на прстенеста ѕидна рамка во модерна интерпретација.





Станбените блокови се со ориентација север-југ и североисток-југозапад, а становите во станбените кули се ориентирани во правец североисток-северозапад. Двата вида на објекти внесуваат разноликост во композицијата – кулите овозможуваат аерација на блоковите кои се виткаат кон центарот, а помеѓу станбените кули и блоковите се наоѓаат зелени површини, детски игралишта, градинки и простори за одмор, кои во решението се одвоени од надворешниот сообраќај со цел овозможување на безбедност.

Оваа композиција на блокови и кули, се состои со капацитет од околу 1814 станови, во кои се сместени околу 7800 корисници. Преку пристапни улици и пешачки патеки, композицијата воспоставува контакт со околината и во внатрешноста на истата се предвидени околу 1800 паркинг места, од кои, 1000 на отворено и под тремови, а околку 800 гаражирани во подземно ниво.

Структурата на становите во овие станбени објекти е :

Гарсониери……………………………………….56
Двособни…………………………………………308
Двеиполсобни…………………………………..448
Трисобни…………………………………………792
Четирисобни………………………………………38
Петсобни………………………………………….112

Освен тоа, секоја од кулите и блоковите беше предвидено да располага со помошни простории како – просторија за состаноци на куќен совет и игра за деца, двособен стан за хаузмајстор, работилница со остава, просторија за оставање на велосипеди и детски колички, заедничка сушална во мезанинот и сл.

На marh.mk има повеќе планови од зградите
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1338
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 28-Jun-2016 at 11:49
27 juni by Ani.build, on Flickr
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.107 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.