build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ветерници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Ветерници
    Posted: 10-Jan-2008 at 17:32

Леле колку сум скептичен за ова со зелен пазар...

А еве нешто што би било многу интересно да се оствари

СТРУЈА ОД ШТИПСКИОТ ВЕТЕР

Словенци, Германци и Австријци сакаат да градат ветерници во источна Македонија

пишува: ИВАН БОЈАЏИСКИ

Жител на нашиот главен град прашува штипјанец што има ново во Штип. „Па, дува многу силен ветер“, рекол штипјанецот. „Ама, јас те прашав што е ново“, рекол скопјанецот и продолжил по својот пат.

Тоа дека во Штип има ветер и не е некоја новост. Но, ако во минатото ветерот бил синоним за непријатна клима во градот под Исарот, денес ветерот е тој кој во него привлекува светски бизнисмени кои трагаат по еколошки чиста, обновлива, вечна енергија. Во последните дваесетина дена, ветерот во Штип „додува“ бизнисмени од Словенија, Германија и Австрија. Тие се распрашуваа за тоа дали во градот и во неговата поблиска околина има ветер, дали се вршени мерења на неговата силина и константност, какви се законските можности нивните компании, на определени локации да постават мерни инструменти, а потоа и да добијат концесии за поставување ветерници за производство на струја. Странците беа кај градоначалникот Панде Сарев и кај бизнисменот Ристе Љуботенски, доктор по екологија, човек кој пред десетина години ги изврши првите мерења на енергијата на ветерот, кој тврди дека за најмногу три години ќе ја ја изгради првата вистинска ветерница за производство на струја. Странците не криеја дека поседуваат сателитски слики кои им укажале дека источниот дел на Македонија е едно од најповолните подрачја во Европа во однос на присуството на ветерот, дека неговата енергија е значајна за производство на струја и правење големи пари од тоа.

ИМПРЕСИОНИРАНОСТ Данило Дураковиќ, менаџер на словенечката фирма „Комита“, ни потврди дека неговата компанија е подготвена, во инсталирањето ветерници во ветровитите подрачја во државава да вложи 150 милиони евра. „Татко ми беше офицер во поранешната армија и службуваше во Штип. Јас сум роден во овој град, но подоцна моето семејство се исели од Македонија. Мене во потсвеста ми останаа сеќавањата за ветерот во Штип, а кога ветерот стана интересен за производство на струја се сетив на тој факт и еве ме пак во родниот град. Се надевам дека со својот капитал нашата фирма ќе дојде на овие простори“, ни изјави Дураковиќ. Тој не криеше дека енергијата е клучното прашање на векот што го живееме и дека многу компании би сакале да го вложат слободниот капитал во енергетскиот сектор како мошне исплатлив бизнис. Тил Келпе, менаџер на “Бундесвербанд Винденергие“ од Хамбург, Германија, потврди дека нивен тим наскоро ќе дојде во Штип, зашто регионот, од аспект на ветерот имал голем потенцијал и, како таков, им бил мошне надежен од аспект на нивната заинтересираност за ширење на бизнисот во секторот на обновливата енергија.

Интересот на странците за енергијата на ветерот е производ на две сознајни нешта: прво, дека живееме во век на големата потрага по нови енергетски ресурси, битка која се води на сите делови од Земјината топка и второ, дека источниот дел од државата е можното ново елдорадо за бизнисмените кои гледаат со децении однапред, за оние „ што прават пари“ кои имаа(т) нос да ги насетат новите можности за големи профити, но и за државата да го супституира традиционалното производство на струја кое го имаме сега, чии ресурси не се обновливи, а уште помалу еколошки. На пројавениот интерес на странските бизнисмени (нашите, како и секогаш, доцнат) влијае и фактот дека од идната година Република Македонија ќе може да смета на претпристапните фондови од Европската унија, при што најголем дел од нив ќе бидат наменети за секторот енергетика, со акцент на „зелената“, односно еколошки чиста, обновлива енергија.

ОГРОМЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Кон средината на минатата деценија, во период од три години, д-р Ристе Љуботенски, изврши мерења на присуството, силината и константноста на ветерот на повеќе локации во источна Македонија. Овие мерења му биле неопходни за утврдување на можностите за економската исплатливост на силината на ветерот во производството на електрична енергија. „Тригодишните мерења покажаа дека во источна Македонија постојат сите услови за производство на струја преку искористување на енергијата на ветерот. И пред десет години пресметките покажуваа висока исплатливост на инвестициите. Денес технологијата на производство на централите на ветер е на многу повисоко ниво, бидејќи се употребуваат нови легури во производството на самите ветерници, што значително придонесува за зголемена ефикасност во преобразбата на енергијата на ветерот во електрична енергија. Тоа значи дека денес, од секој аспект, секоја инвестиција во оваа смисла е длабоко оправдана. Ова уште повеќе што светот создаде технологија за значително поефикасно складирање на струјата добиена од ветерот. Всушност, според моите истражувања и анализи, нашава држава има потенцијал со користење на енергијата на ветерот да добие 4.000 мегавати електрична енергија, што е за 6,5 пати повеќе од моќноста на РЕК ’Битола‘“, вели Љуботенски.

Според Љуботенски, Овчеполието, Штипско, потегот Неготино-Радовишко (регионот околу Конче), Ѓуриште кај Свети Николе, Пробиштипско, Виничко, Плачковичкиот терен, Осоговските Планини се најветровитите места во Македонија. Тој тврди дека на овој потег може да се изгради цело море од ветерници кои значително би го подобриле билансот на производство на електрична енергија од домашно потекло. „Пред десет години, кога ги завршив мерењата, со компанија од Данска, најпозната во производството на ветерници за добивање електрична енергија, постигнав договор за инвестирање во овој сектор. Но, тогаш во нашава држава не постоеше законска можност за приватни инвестиции во производството на струја. Ветерниците требаше да се постават во Штипско, но целиот процес се одложи се' до денес. Ќе бидам упорен и по најмногу три години ќе го реализирам овој свој сон“, вели Љуботенски. Тој е цврсто решен во близина на својата винарска визба, која е лоцирана шест километри од Штип на патот кон Радовиш, да инсталира ветерница со јачина од 250 киловат-часови, во што ќе инвестира половина милион евра. Ќе има доволно струја за својот капацитет, но и пазарен вишок. Вели дека инвестициите во ветерници се скапи, дека започуваат да се враќаат по десетина години, но нивното одржување понатаму не бара никакви пари, а овозможува високи профити.

БОРБА ЗА ЛОКАЦИИ Штипскиот градоначалник Панде Сарев вели дека странските бизнисмени кои биле кај него настојувале на секој начин да дојдат до повеќе податоци за ветерот во Македонија. „Тие самите рекоа дека сателитските снимки кои ги анализирале им го покажале патот кон Македонија и Штип како централна дестинација. Тврдеа дека плачковичкиот дел, Овчеполието и Штипско, просторот над рудникот ’Бучим‘ кај Радовиш, Ѓуриште кај Свети Николе имале неверојатно големи предиспозиции за производство на струја од ветерот. Од нас побараа да им дадеме локации на кои би поставиле инструменти за мерење на јачината и брзината на ветерот. Словенецот Дураковиќ рече дека тие би сакале да потрошат две години во мерењето на капацитетот на ветерот. Дека ветерот станува значаен фактор на енергетски план говори и фактот што ЕЛЕМ, пред една година, постави свои мерни инструменти во атарот на потплачковичкото село Шашаварлија“, потенцира Сарев.

Љуботенски, пак, тврди дека нашиот проблем што приватниот бизнис не вложува во овој сегмент лежи во фактот што државата се' уште нема административен капацитет за такво нешто. „Во рамките на ЕЛЕМ треба да има посебен оддел на кој единствена работата ќе му е да ги создава административните, законски предуслови за производство на ваков вид енергија. Тоа што државата треба да изгради стратегија воопшто не значи дека во неа ќе нема место за приватната иницијатива. Македонија има силна пропаганда за привлекување странски инвестиции, но странците главно купуваат готови фабрики или други објекти од разни деловни области. Мудроста е во тоа да се привлечат инвеститори кои би вложиле капитал во нови објекти. Енергетскиот сектор, можностите на земјата во моментално најбараната - еколошки чиста и обновлива енергија - широко ја отвора вратата за домашни и за странски инвеститори“, смета Љуботенски.

И „БУЧИМ“ ЗАИНТЕРЕСИРАН Во рудникот за бакар „Бучим“ сериозно се разгледува можноста за сопствени инвестиции во инсталирање ветерници. На такво нешто ги мотивира фактот што рудникот е во семејството на квалификувани (големи) потрошувачи на струја со што таа за нив станува мошне скапа. „До мај годинава цената на струјата во цената на готовиот производ учествуваше со 19,5 проценти. Откако се донесе уредбата која не' обврза 55 отсто од струјата да ја обезбедуваме од увоз, уделот на електричната енергија во цената на готовиот производ се зголеми на 30 проценти. Од Нова година целата струја ќе мора да ја набавуваме од увоз, по што струјата во цената на готовиот производ ќе учествува со преголеми 35 проценти. Во Германија еден мегават струја компаниите го плаќаат 60, а кај нас тој чини 80 евра. Поради тоа нашите намери сами да си обезбедиме струја која ќе ни ги намали трошоците на производството се мошне сериозни и во таа смисла веќе имавме некои контакти за вложување поголеми средства во ветерници“, вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор во рудникот.

Германското искуство со ветерниците е најдобро

„Германија најдобро ја користи енергијата на ветерот која во вкупното производство на струја учествува со приближно 30 проценти. Австрија, Данска, Холандија, Шпанија се отидени многу напред во користењето на енергетските можности на ветерот. Во Германија, последниве години, во самата архитектура на зградите, се инсталираат мали, бесшумни ветерници од десет киловати кои обезбедуваат автономија во снабдувањето со струја. Во Јапонија, во куќите се вградуваат мали централи на ветер со елипси од само 50 сантиметри. Тие се планираат во проектите на зградите. Тоа е голема „мода“ во земјата на изгрејсонцето. Ние имаме одлични предуслови за примена на такви решенија“, смета Љуботенски.


Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Jan-2008 at 19:36

Ова со ветерот е навистина интересно. Само не ми е јасно, како би бил дефиниран откупот и планирањето на производството, кога нели нема 365 дена по 24 часа ветер на ниту една локација??? Какви се гаранциите дека во секој момент тие ветерници ќе произведуваат струја, посебно што складирањето и акумулирањето на големи количини електрична енергија е многу неефикасно, скапо и речиси невозможно.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12101
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Jan-2008 at 20:27


Да ова е интересна тема.

Јасно е дека тој дел на Македонија има добар потенцијал за производство на електрична енергија од ветар.

А на глупостите на новинарот от типот за складирање на електрична енергија не би им обрнувал многу внимание. Претпоставувам дека при поголемо учество на ел. енергија добиена од ветар, системот најдобро би се балансирал со зголемување на домашните хидро капацитети, кои се најфлексибилни по некоја моја лаичка ама прилично очигледна логика. Исто така и со отвореност на пазарите на ел. енергија.

Еве уште една глупост:
Германија најдобро ја користи енергијата на ветерот која во вкупното производство на струја учествува со приближно 30 проценти.

Nuts

Во Германија во 2006 достигнале прилично голема искористеност на потенцијалите и вкупното учество на ветерот во производство на ел. енергија бил блиску до 5%. Тоа е секако фантастичен резултат, ама е далеку од 30% кои не знам како успеале да се најдат во текстов.


Edited by Cloverstack - 10-Jan-2008 at 20:37
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12101
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 10-Jan-2008 at 20:35
@ La Linea

Пак си забораил да ставиш линк LOL
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9091
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 10-Jan-2008 at 21:16
еве уште една вест

Општината Конче кај Радовиш почна да произведува струја на ветер за уличното осветлување
Струја на ветер. Денеска, за прв пат во Македонија, протекоа првите киловати електрична енергија произведена од мини ветерницата во општина Конче радовишко. Првичното производство е симболично. 50 киловати. За градоначалникот Стојан Лазаров доволно општината да ги избрише трошоците за потрошената струја за улично осветлување:
- На него се монтирани рефлектори и има дополнителен извоз за уште 6 улични светилки, а може да се користи за секаква намена.
 
Во деновите без ветер, енергијата не се губи. Од акумулатори сместени во телото на ветерницата, може да се користи струја четири денови нон стоп. Жителите тврдат, Конче е едно од нај ветровитите места во источна Македонија.
 
Договорот склучен, помеѓу Конче и австриската компанија Нес холдинг и консалтинг, годинава ги обврзува Австријците за старт на проектот Парк на ветерници. На сртот од Конечка планина, компанијата од Виена ќе постави 15 ветерници со значителна поголема производствена моќ, доволно да ги покрие потребите на жителите од радовишко и дел од штипскиот и струмички атар. Главен стожер во профункционирање на системот за производство на струја од ветер е германската асоцијација за технолошки развој ГЕ ТЕ ЗЕ.


Извор: Канал 5
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Jan-2008 at 01:03
Previous БРАВО! Applause

А чекајте малце - „складирање на енергија“? Па зарем не може да се извезува - ако станува збор за вишок на енергија? Зарем е теоретски возможно СКЛАДИРАЊЕ на толкаво количество енергија?!

@Clover ... Bonk

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=51D3CB12BA768F47922E916DB724E2AD


Edited by La Linea - 11-Jan-2008 at 01:04
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Feb-2008 at 19:08


Трка да се искористи ветерот во Штип

Претставници од пет европски држави барале одобренија од општината за поставување ветерници

Иван Бојаџиски

Штип - Светски бизнисмени, претставници на компании кои вложуваат во новите енергетски можности, го опседнаа Штип. Во градот под Исарот тие доаѓаат на крилјата од ветерот, поттикнати од неговите големи енергетски можности. При средбите со градското раководство сите странци говорат дека сателитските снимки им покажале дека Штип и околината се европски подрачја во кои вреди да се инвестира во ветерници. Тие само го потврдиле фактот дека на ова подрачје ветерот е константен, што е негова најголема вредност за тој да се стави во функција на производство на електрична енергија.

Градоначалникот на Штип, Панде Сарев, вели дека досега кај нив дошле претставници од пет европски држави. Сите тие барале општината ургентно да им даде одобрение за поставување ветерници.

„Порано од нас се бараше терен за поставување мерни инструменти со кои ќе се констатирало присуството и константноста на ветерот. Сега директно се бара поставување ветерници. Тој факт говори дека тие, од повеќе свои извори, добиле сигурни сигнали дека на штипскиот простор може да се прави профитабилен бизнис преку користење на постојаната енергија на ветерот.

- Кај нас дојдоа компанијата „Комита“ од Словенија, потоа СЕБА и СКК од Германија, компании од Шпанија и од Австрија. Сите се подготвени да инвестираат големи пари и на нашава општина да и' плаќаат надомест од еден процент од цената по која ќе ја продаваат струјата. Некои од нив бараат терени веднаш, зашто имале можности една ветерница да постават само за една недела“, вели Сарев.

Ристе Љуботенски, експерт по екологија, пред 13 години прв почна да ја мери енергијата на ветерот во овие краишта. Според него, овој енергетски извор е светски тренд. Љуботенски тврди дека секоја инвестиција се исплатува под услов инвеститорот да е подготвен извесно време да чека на првите профити.

„Влогот во ветерници не е мал. За производство на еден киловат струја од ветер мора да се вложи 1.000 евра. Во ветерница од 250 киловати потребно е вложување од 250.000 евра, а во ветерница која би произведувала еден мегават - еден милион евра. Инвестицијата се враќа по најмалку седум години, но она што е најважно за овој процес е фактот дека одржувањето на ветерниците е речиси бесплатно. Или за одржување на една ветерница годишно се вложува сто долари“, објаснува Љуботенски. Тој е цврсто решен првата ветерница од 250 киловати да ја изгради во близина на својата винарска визба „Имако вино“ на шестиот километар покрај патот Штип-Радовиш.

Штипско и Овчеполието, Плачковичкиот регион и просторот околу Конче, се подрачја на кои дуваат најповолни ветрови за производство на електрична енергија. Градоначалникот Сарев вели дека посети на Штип најавиле уште три компании од три европски земји. Сите тие биле заинтересирани за новата штипска и македонска енергетска можност -ветерот. Најави за инвестирање во овој бизнис доаѓаат и од домашни фирми, меѓу нив и од самиот Штип, но тие од градоначалникот побарале да не бидат објавувани нивните имиња.



Извор: Утрински весник.

Супер Banana

Не разбирам. Дали ова значи дека овие компании ќе добијат дозволи да градат ветерници?


Edited by La Linea - 13-Feb-2008 at 19:10
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Apr-2008 at 00:57
ДОМАШНИ ФИРМИ БАРААТ АЛТЕРНАТИВНИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Ветерници над Охрид
На Галичица се мери брзината на ветерот за да се утврди дали Охрид може да користи алтернативни извори на енергија

На определени делови на планината Галичица кај Охрид, поставени се мерни инструменти кои треба да покажат дали градот може да се снабдува со струја од алтернативни извори на енергија, односно преку ветерници. Инструментите ги поставиле домашни фирми, а резултатите од нивните испитувања наскоро ќе бидат познати. Стручњаците најмногу ги интересирала брзината на ветерот и континуитетот во движењето на воздушните маси, ни изјави вчера градоначалникот на Охрид Александар Петревски, кој деновиве заедно со уште петнаесет градоначалници од Македонија престојуваше во Австрија. Нашите градоначалници имале можност да се запознаат со австриските искуства во користењето на водата за производство на струја, но и со алтернативните извори на енергија.
"Ние таму, посебно во Долна Австрија, имавме можност да видиме како водата, гасот, ветерот, па и отпадот се користат за производство на струја. Иако се работи за скапи проекти, за нас од Македонија посебно беше интересно искористувањето на отпадот и на ветерот во производството на електрична енергија. Можеби Охрид, поточно неговата околина и не е толку погоден за градба на ветерници, но за просторот на Овчеполието, според кажувањата на стручњаци, тие би покажале добри ефекти", ни изјави градоначалникот Петревски. (Д.Ч.)
http://vest.com.mk/default.asp?id=149829&idg=8&idb=2343&rubrika=Makedonija
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Apr-2008 at 00:59
Има некои проекти и за мариово, и за овче-поле мислам! Ај кога ќе се среди темава све ќе си дојде на место.
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Apr-2008 at 01:03
Ја го отворив топиков а ти ми го презема а? а што си ти @La Linea , a baska i si mnogu brz..SmileSmile

Edited by blejdsk - 08-Apr-2008 at 01:04
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Apr-2008 at 01:28

fight fight fight LOL

Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Apr-2008 at 02:01
Ова со ветерници неколку на галичица и може да допринесе за туризмот.. доволно ќе биде да бапнат една слика од галичица со ветерница на туристички флаер и готово - Охрид станува покрај антички град, и модерен и "зелен" град! Со памет може ова само добро да донесе
Back to Top
Katz View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 09-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Katz Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 09-Apr-2008 at 14:40
Originally posted by Cloverstack



Еве уште една глупост:
Германија најдобро ја користи енергијата на ветерот која во вкупното производство на струја учествува со приближно 30 проценти.

Nuts

Во Германија во 2006 достигнале прилично голема искористеност на потенцијалите и вкупното учество на ветерот во производство на ел. енергија бил блиску до 5%. Тоа е секако фантастичен резултат, ама е далеку од 30% кои не знам како успеале да се најдат во текстов.
 
Во 2004 година бев во најсеверната област Шлезвиг Холштајн во ветерен парк (2.400 ветерници, инсталирана моќност 1.600 мегавати). Тогаш 22 % од струјата во оваа област беше произведена од ветерници.
Посебно северниот дел на Германија има голем потенцијал и се инсталирани ветерници со моќност од преку 10.000 мегавати).
 
Повеќе за една од германските фирми што се заинтересирани да инвестираат во Македонија може да прочитате на www.seeba-online.de/
 
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 09-Apr-2008 at 19:54
Здраво Катз Cheers
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 09-Apr-2008 at 21:36
Добродојде Katz. Дали си истиот Katz од пунгас.ком ? 
Back to Top
Katz View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 09-Apr-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Katz Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 09-Apr-2008 at 22:38
Yup.
 
Фала за добродојдето.


Edited by Katz - 09-Apr-2008 at 22:39
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 09-Apr-2008 at 23:16

Велкам Катз Cheers

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Apr-2008 at 12:50
Одлични бројки! Cheers

Наскоро нови 40 ветроелектрани во Гевгелија

Дамнешната желба на гевгеличани за инсталирање на ветроелектрани станува реалност. Со издавањето на локациските услови од Министерството за животна средина се отвора постапката за инсталирање на 40 ветроелектрани со моќност од 1-3 мегавати и производство на максимум 4.5 милиони киловат часови годишно.

Овој атрактивен проект го реализира австриската компанија „Нова Енергија“ која преку ново отворената фирма „Ветропарк“ наскоро ќе започне со поставувањето на пробни ветроелектрани.
 

Net press
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 29.04.2008 13:55:40
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 30-Apr-2008 at 22:35

Се мисли 1-3 мегават по ветроелектрана или за сите 40??????? Question Ако е по 1-3 тогаш ова е стварно добра вест, на пример козјак има 80МВ а еден блок во рек битола 225 МВ така д анов какпацитет од 40-120МВ воопшто не е мала работа особено за наши услови.....
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Apr-2008 at 22:51

Просечно годишно производство на Козјак е 156 GWh, а максимално годишно производство на овие 40 ветерници ќе биде 4.5 GWh. Не е некоја фрапантна бројка, ама е супер почеток.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.