build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ветерници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 629
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 19-Jan-2015 at 08:37
I uste edna rabota, mora da se ima rezervni konvencionalni kapaciteti vo slucaj koga nema da duva vetar ili koga ke nema sonce. Ahilova peta na energijata od obnovlivi izvori e toa sto se uste nema resenija za skladiranje na dobienata energija.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 19-Jan-2015 at 12:13
Исто како и за нуклеарка-треба да се има капацитет кој ќе ја покрие загубата во случај на дефект,хаварија...Значи ако изградиме енергетски капацитет од 500 мв,треба да се има резерва за да се избегнат пенали од превземање на хавариска енергија
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 11-Jul-2015 at 18:29
Лидер во обновливата енергија: Ветерниците во Данска произведоа 140% од потребната електрична енергија

Данска, држава која е лидер во полето на обновливата енергија, неделава произведе електрична енергија што ги надмина потребите за истата, на оваа држава.



Имено, во текот на ноќта во четвртокот, поради нетипично силен ветер, ветерните турбини во Данска произведоа 116 % од потребите за електрична енергија, бројка што до петокот утрината стигна до 140 проценти.

Поголемиот дел од вишокот на електрична енергија, Данска ја сподели со Германија и Норвешка, а остатокот со Шведска.

Од европската асоцијација за енергија од ветер изјавија: „Ова покажува дека свет снабден стопроцентно со обновлива енергија, не е фантазија“.

Иако ова беше резултат на нетипично силен ветер што не е константен во Данска, се проценува дека пред 2020 година, овој обновлив систем ќе произведува вкупно 50 % од потребната електрична енергија во државата.

Моментално вкупниот процент на електрична енергија што се добива од ветерните турбини во Данска изнесува 29%. Иако примарниот извор на енергија во Данска сè уште е белиот јаглен, државата сепак е еден од светските лидери во полето на обновлива енергија и првата која почна да произведува електрична енергија преку ветерници, за комерцијални цели.

http://kajgana.com/lider-vo-obnovlivata-energija-veternicite-vo-danska-proizvedoa-140-od-potrebnata-elektrichna
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 629
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 14-Jul-2015 at 09:03
kakov e toa bel jaglen?
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4188
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 07-Aug-2015 at 14:47
Ветерниот парк „Богданци“ произведува струја за три града

Користењето на обновливите извори на енергија е тренд што сѐ повеќе зема замав насекаде во светот, поради што се наметнува прашањето дали со инвестиции во нови ветерни паркови Македонија во иднина може да смета на постепено заменување на производството на струја од термоцентрали?



СО ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ДО ПОГОЛЕМО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Паркот на ветерни електроцентрали „Богданци“, лоциран во месноста Ранавец крај Богданци, влезе во редовно производство на електрична енергија по поминатите процедури на тестирање на опремата и нејзините перформанси. Од ЕЛЕМ велат дека во периодот од вклучувањето во пробна работа во април лани до почетокот на јули годинава, овој капацитет испорачал над 135.000 мегават-часа електрична енергија. Само во првите 11 месеци од работењето ветерниот парк го испорачал проектираното годишно производство од 100.000 мегават-часа. Во првата половина од годинава во паркот „Богданци“ биле произведени 65.000 мегават-часа електрична енергија, односно 70 отсто од вкупно планираното производство за годинава.

Користењето на обновливите извори на енергија е тренд што сѐ повеќе зема замав насекаде во светот, поради што се наметнува прашањето дали со инвестиции во нови ветерни паркови Македонија во иднина може да смета на постепено заменување на производството на струја од термоцентрали. Упатените во енергетскиот сектор изразуваат сомневање за потенцијалите на ветерот во Македонија, посочувајќи дека е копнена земја со планини, поради што природните предуслови за ветер не се најповолни. Според нив, иднината на енергијата е во сонцето, кое годишно испорачува 17 илјади пати повеќе енергија од севкупните потреби.

УШТЕ ШЕСТ ВЕТЕРНИ ТУРБИНИ

Надлежните од ЕЛЕМ велат дека со производство од најмалку 100 гигават-часа природно одржлива енергија веќе ги снабдува домаќинствата на над 60.000 граѓани на Македонија или еден поголем град, како Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар.

- Во основа, годишното производство од овој капацитет е речиси еднакво на потребите на потрошувачите од Богданци, Гевгелија и од Дојран - велат од ЕЛЕМ.

Оттаму истакнуваат дека со овој ветерен парк се зголеми учеството на обновливите извори во портфолиото на ЕЛЕМ за 36,8 мегавати и претставува уште еден показател за грижата кон животната средина.

- Во наредниот период се очекува да се реализира и втората фаза од ветерниот парк, кој предвидува монтажа на дополнителни шест ветерни турбини, со што инсталираната моќност на оваа прва електроцентрала што го користи ветерот како погонска сила ќе достигне 50 мегавати. Со дополнителната инсталирана моќност се очекува првиот ветерен парк во Македонија да произведува околу 125 милиони киловат-часа годишно - појаснуваат од ЕЛЕМ.

Во ЕЛЕМ велат дека станува збор за исплатлив проект, кој се очекува да ја врати инвестицијата за период од околу седум години. Оттаму истакнуваат дека спровеле мерење на брзината на ветерот на уште три локации каде што биле инсталирани мерни станици со висина од 30 до 50 метри.

- Станува збор за месноста Богословец кај Свети Николе, Шашаварлија кај Штип и Флора на Кожув. Студијата за оправданост покажа дека локацијата кај Богданци е најповолна за изградба на ветерен парк со големина од 50 мегавати - изјавија од ЕЛЕМ.

ОГРАНИЧЕН ПОТЕНЦИЈАЛ

Енергетичарот и екологист Љупчо Гаштеовски вели дека најпогодни услови за појава на ветер се морски брегови, особено западни, копнени рамнини по должината на географската ширина и високи планини.
- Македонија е копнена земја, заградена од сите страни со планини, и условите за појава на ветер се минимални. Според базната студија за користење на обновливите извори на енергија, во нашата држава може да се инсталираат ветерници до околу 150 мегавати електромоќност - појаснува Гаштеовски.

Според него, за да се градат ветерници треба да се имаат сигурни податоци за ветровитоста на локацијата. Тој вели дека, покрај брзината на ветерот, битна улога за изградба на ветерни централи имаат и неговата честота и константност, конфигурацијата на теренот, инфраструктурата и слично.

- Моќноста на енергија на ветерот зависи од третиот степен на брзината. При брзина на ветер од 6 до 8 метри во секунда, ветерниците ќе можат да извлечат електрична моќност од 133 до 315 вати по квадратен метар од елисата - објаснува енергетичарот.

Гаштеовски вели дека најголем проблем, покрај големата инвестиција, е што ветровите се непостојани и тоа создава тешкотија за интеграција на ветерниците во електросистемот.

- При секое престанување на ветерот мора да има нов балансен извор на енергија (акумулациска хидроцентрала) и тој да се вклучи или да се повлече од увоз, што е доста скапо. Друг проблем со ветерот е што обично дува ноќно време, кога и потребите од струја се помали и струјата е поевтина - смета Гаштеовски.

Тој вели дека ветер со брзина под 4 метри во секунда не е надежен за градба на ветерен парк.
- Во Македонија се направи набрзина еден атлас и се посочија десетина локации, од кои најветровити предели се Овче Поле и Повардарие, јужно од Демир Капија, а другото е по високите планини - вели енергетичарот.

Тој додаде дека во првата деценија од овој милениум ветерот направи голем енергетски пробив. Германија прва изгради мултимегаватни ветерници, кои многу повеќе можат да извлечат енергија над сета конкуренција и нудат најдобра мрежна интеграција. Ги направија највисоките (199 метри) и најмоќните ветерници од 7,5 мегавати.

СО ИНОВАЦИИ ДО ПОГОЛЕМО ПРОИЗВОДСТВО

Според Вани Николов, градежен инженер, конструктор и иноватор, ветерниците не се решение за енергетската ефикасност. Тој смета дека тие повеќе се направени за да се биде во чекор со времето.
- За тој ветерен парк се вложени милиони евра и таа инвестиција нема никогаш да се врати. Според мене, овие ветерни паркови бараат многу повеќе пари отколку што може да се добие енергија, бидејќи ветерот во Македонија е варијабилен и нестабилен - објаснува Николов.

Тој истакна дека направил прототип на ветерница за производство на електрична енергија што е многу поефикасна од поставените во Богданци.

- Се работи за ветерница со хоризонтално поставени перки, која повеќе личи на воденично коло.
Хоризонталната поставеност на перките овозможува поефикасно искористување на струењето на воздухот, при што коефициентот на полезно дејство е неколкупати повисок од оној на класичните типови ветерници, што се должи на истонасочната поставеност при дејството на ветерот. Степенот на полезно дејство во комбинација со нискобуџетните трошоци за производство укажува дека вреди да се размисли во оваа насока за развој на ветерните централи - објаснува Николов.

Тој појаснува дека системот е многу малку искористен и енергијата што ја има ветерот кога дува просечно е околу 120 килограми на квадратен метар.

- Ветерниците на овој начин со создавање вакуум користат само 10 отсто од тие 120 килограми на квадратен метар, т.е. 12 килограми на квадратен метар на ветерот ги користи, а тоа е многу малку. Ветерница од мојот тип е многу поискористлива и поефикасна, ја користи силата на ветерот околу 60-70 отсто, цената за изградба е помала и одржувањето е помало и поевтино, за разлика од другите ветерници, бидејќи поправка на една чини 60 отсто од нова ветерница - истакна Николов.
Шпанци инвестираа во нов вид ветерници
Шпанската компанија „Вортекс“ развила нов концепт на производство на „зелена енергија“ со помош на ветерници без перки. Овие ветерници всушност се бели столбови поставени во земја, кои енергијата ја произведуваат со осцилации поради јачината на ветерот, а тоа изгледа како да се тресат. Додека така се поместуваат овие столбови личат на витли, по што компанијата што ги произведува го добила името.
Ефектот на „вител“ е постигнат со посебни магнети со чија помош и ветерниците се тресат, колку што тоа е можно, без разлика на јачината на ветерот. Додека вибрираат тие всушност произведуваат енергија, која е 40 отсто поевтина од онаа што ја произведуваат ветерниците со крила. Но не е само енергијата поевтина, туку и производството на ветерниците, бидејќи перките за стандардните ветерници се скапи, како и нивното одржување.
Со оглед на нивниот дизајн, во иднина ќе биде можно на помала површина да се постават повеќе од овие столбови, со што ќе се надомести нивниот најголем недостаток - тоа што произведуваат 30 отсто помалку енергија од класичните ветерници. Од „Вортекс“ велат дека првите помали модели на овие ветерници ќе се испорачаат идната година, а поголемите модели од 2018 година.
Градежниот инженер и иноватор Николов смета дека овие ветерници без перки не се ефикасни.
- Тие работат на база на вибрации и индицираат струја, но таа е мала и слаба, сето ова е направено како експеримент за да се покаже до кое технолошко ниво е дојден светот, и нормално е сето тоа, но Македонија е премногу назад во однос на овие земји - вели Николов.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=871595684&id=10&prilog=0&setIzdanie=23536
Back to Top
SugarBlue View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 02-Aug-2015
Location: Eindhoven
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote SugarBlue Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 07-Aug-2015 at 15:57
Пример за одлична инвестиција.
Ќе биде супер ако се продолжи да се подигнуваат ветерници во тој дел од Македонија. Искрено би сакал да видам и една поголема соларна централа.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12540
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 29-Dec-2017 at 09:53
Thor ќе ја гради првата приватна ветерна електрана

Компанијата Thor ќе ја гради првата приватна ветерна електрана во Македонија откако нивното барање беше разгледано и одобрено од страна на владата на вчерашната 46 седница. Станува збор за ветерната електрана „Босилково“ на територија на Свети Николе и Штип со проектиран капацитет од 33 мегавати.

„Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со поднесеното барање на ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ, Скопје за издавање на овластување за изградба на Ветерна електрана Богословец и донесе одлуката за одобрување за изградба на оваа ветерна електрана, како прва од ваков тип во приватна сопственост“ стои во владиното соопштение.

Со проектот Парк на ветерни електрани Богословец, општина Свети Николе и општина Штип предвидено е да се изградат 10 столба на коишто ќе се постават турбини со моќност од 3,3MW, да се догради и прошири постојниот пристапен пат и да се изгради ТС 20(30)/110kV со приклучен далновод 2x110kV.
Приклучокот на паркот на ветерни електрани на постојниот 110kV вод ТС Овче Поле – ТС Штип ќе се направи со изградба на далновод 2x110 kV и трафостаница ТС 33/110kV Богословец, се дел од идеите на изведувачот Thor.

http://faktor.mk/thor-kje-ja-gradi-prvata-privatna-veterna-elektrana-
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1870
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 29-Dec-2017 at 10:53
Браво! А кој е сопственикот?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3642
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 29-Apr-2018 at 15:40

Обезбедени пари за последните ветерници во Богданци

Објавено во: Економија 29 Април, 2018

Во 2019-та ќе се комплетира ветерниот парк кај Богданци откако денеска беше потврдено дека започнува процесот за изградба на последните   четири„турбини“.

Министерството за финансии обезбеди 18 милиони евра од германската КХВ банка. Ветерниците кај Богданци ги посетија претставници на косовската Влада која планира по примерот на Македонија да подигаат  ветерен парк и во Косово.

Македонските енергетски власти најавуваат ветерници кај Миравци и  соларна централа кај Осломеј.

https://faktor.mk/obezbedeni-pari-za-poslednite-veternici-vo-bogdanci?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12540
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 10-Feb-2020 at 16:28
Ветерниот парк Богданци го натфрли планот на производство на струја

Ветерниот парк Богданци во јануари годинава произведе речиси двојно повеќе електрична енергија од планираното, односно имаше 95-отстотно натфрлање на планот, информираат од АД ЕСМ.

Според официјалните резултати на АД ЕСМ, за претходниот месец се испорачани 15.968 мегава часови електрична енергија.

Како што информираат од ЕСМ, во 2019 година овој капацитет за производство од обновливи извори произведе 101.807 мегават часови електрична енергија што претставува натфрлање на годишниот план за шест проценти. Со постигнатиот резултат, ветерниот парк Богданци учествувал со 2,4 отсто во вкупното производство на АД ЕСМ за минатата година.

Во тек е јавниот повик на АД ЕСМ за проширување на ветерниот парк со нови ветерници. Рокот за пријавување на заинтересираните компании истекува на 2 март годинава.

plusinfo.mk
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.