build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ветерници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 670
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 19-Jan-2015 at 08:37
I uste edna rabota, mora da se ima rezervni konvencionalni kapaciteti vo slucaj koga nema da duva vetar ili koga ke nema sonce. Ahilova peta na energijata od obnovlivi izvori e toa sto se uste nema resenija za skladiranje na dobienata energija.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 19-Jan-2015 at 12:13
Исто како и за нуклеарка-треба да се има капацитет кој ќе ја покрие загубата во случај на дефект,хаварија...Значи ако изградиме енергетски капацитет од 500 мв,треба да се има резерва за да се избегнат пенали од превземање на хавариска енергија
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 11-Jul-2015 at 18:29
Лидер во обновливата енергија: Ветерниците во Данска произведоа 140% од потребната електрична енергија

Данска, држава која е лидер во полето на обновливата енергија, неделава произведе електрична енергија што ги надмина потребите за истата, на оваа држава.



Имено, во текот на ноќта во четвртокот, поради нетипично силен ветер, ветерните турбини во Данска произведоа 116 % од потребите за електрична енергија, бројка што до петокот утрината стигна до 140 проценти.

Поголемиот дел од вишокот на електрична енергија, Данска ја сподели со Германија и Норвешка, а остатокот со Шведска.

Од европската асоцијација за енергија од ветер изјавија: „Ова покажува дека свет снабден стопроцентно со обновлива енергија, не е фантазија“.

Иако ова беше резултат на нетипично силен ветер што не е константен во Данска, се проценува дека пред 2020 година, овој обновлив систем ќе произведува вкупно 50 % од потребната електрична енергија во државата.

Моментално вкупниот процент на електрична енергија што се добива од ветерните турбини во Данска изнесува 29%. Иако примарниот извор на енергија во Данска сè уште е белиот јаглен, државата сепак е еден од светските лидери во полето на обновлива енергија и првата која почна да произведува електрична енергија преку ветерници, за комерцијални цели.

http://kajgana.com/lider-vo-obnovlivata-energija-veternicite-vo-danska-proizvedoa-140-od-potrebnata-elektrichna
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 670
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 14-Jul-2015 at 09:03
kakov e toa bel jaglen?
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 07-Aug-2015 at 14:47
Ветерниот парк „Богданци“ произведува струја за три града

Користењето на обновливите извори на енергија е тренд што сѐ повеќе зема замав насекаде во светот, поради што се наметнува прашањето дали со инвестиции во нови ветерни паркови Македонија во иднина може да смета на постепено заменување на производството на струја од термоцентрали?



СО ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ДО ПОГОЛЕМО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Паркот на ветерни електроцентрали „Богданци“, лоциран во месноста Ранавец крај Богданци, влезе во редовно производство на електрична енергија по поминатите процедури на тестирање на опремата и нејзините перформанси. Од ЕЛЕМ велат дека во периодот од вклучувањето во пробна работа во април лани до почетокот на јули годинава, овој капацитет испорачал над 135.000 мегават-часа електрична енергија. Само во првите 11 месеци од работењето ветерниот парк го испорачал проектираното годишно производство од 100.000 мегават-часа. Во првата половина од годинава во паркот „Богданци“ биле произведени 65.000 мегават-часа електрична енергија, односно 70 отсто од вкупно планираното производство за годинава.

Користењето на обновливите извори на енергија е тренд што сѐ повеќе зема замав насекаде во светот, поради што се наметнува прашањето дали со инвестиции во нови ветерни паркови Македонија во иднина може да смета на постепено заменување на производството на струја од термоцентрали. Упатените во енергетскиот сектор изразуваат сомневање за потенцијалите на ветерот во Македонија, посочувајќи дека е копнена земја со планини, поради што природните предуслови за ветер не се најповолни. Според нив, иднината на енергијата е во сонцето, кое годишно испорачува 17 илјади пати повеќе енергија од севкупните потреби.

УШТЕ ШЕСТ ВЕТЕРНИ ТУРБИНИ

Надлежните од ЕЛЕМ велат дека со производство од најмалку 100 гигават-часа природно одржлива енергија веќе ги снабдува домаќинствата на над 60.000 граѓани на Македонија или еден поголем град, како Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар.

- Во основа, годишното производство од овој капацитет е речиси еднакво на потребите на потрошувачите од Богданци, Гевгелија и од Дојран - велат од ЕЛЕМ.

Оттаму истакнуваат дека со овој ветерен парк се зголеми учеството на обновливите извори во портфолиото на ЕЛЕМ за 36,8 мегавати и претставува уште еден показател за грижата кон животната средина.

- Во наредниот период се очекува да се реализира и втората фаза од ветерниот парк, кој предвидува монтажа на дополнителни шест ветерни турбини, со што инсталираната моќност на оваа прва електроцентрала што го користи ветерот како погонска сила ќе достигне 50 мегавати. Со дополнителната инсталирана моќност се очекува првиот ветерен парк во Македонија да произведува околу 125 милиони киловат-часа годишно - појаснуваат од ЕЛЕМ.

Во ЕЛЕМ велат дека станува збор за исплатлив проект, кој се очекува да ја врати инвестицијата за период од околу седум години. Оттаму истакнуваат дека спровеле мерење на брзината на ветерот на уште три локации каде што биле инсталирани мерни станици со висина од 30 до 50 метри.

- Станува збор за месноста Богословец кај Свети Николе, Шашаварлија кај Штип и Флора на Кожув. Студијата за оправданост покажа дека локацијата кај Богданци е најповолна за изградба на ветерен парк со големина од 50 мегавати - изјавија од ЕЛЕМ.

ОГРАНИЧЕН ПОТЕНЦИЈАЛ

Енергетичарот и екологист Љупчо Гаштеовски вели дека најпогодни услови за појава на ветер се морски брегови, особено западни, копнени рамнини по должината на географската ширина и високи планини.
- Македонија е копнена земја, заградена од сите страни со планини, и условите за појава на ветер се минимални. Според базната студија за користење на обновливите извори на енергија, во нашата држава може да се инсталираат ветерници до околу 150 мегавати електромоќност - појаснува Гаштеовски.

Според него, за да се градат ветерници треба да се имаат сигурни податоци за ветровитоста на локацијата. Тој вели дека, покрај брзината на ветерот, битна улога за изградба на ветерни централи имаат и неговата честота и константност, конфигурацијата на теренот, инфраструктурата и слично.

- Моќноста на енергија на ветерот зависи од третиот степен на брзината. При брзина на ветер од 6 до 8 метри во секунда, ветерниците ќе можат да извлечат електрична моќност од 133 до 315 вати по квадратен метар од елисата - објаснува енергетичарот.

Гаштеовски вели дека најголем проблем, покрај големата инвестиција, е што ветровите се непостојани и тоа создава тешкотија за интеграција на ветерниците во електросистемот.

- При секое престанување на ветерот мора да има нов балансен извор на енергија (акумулациска хидроцентрала) и тој да се вклучи или да се повлече од увоз, што е доста скапо. Друг проблем со ветерот е што обично дува ноќно време, кога и потребите од струја се помали и струјата е поевтина - смета Гаштеовски.

Тој вели дека ветер со брзина под 4 метри во секунда не е надежен за градба на ветерен парк.
- Во Македонија се направи набрзина еден атлас и се посочија десетина локации, од кои најветровити предели се Овче Поле и Повардарие, јужно од Демир Капија, а другото е по високите планини - вели енергетичарот.

Тој додаде дека во првата деценија од овој милениум ветерот направи голем енергетски пробив. Германија прва изгради мултимегаватни ветерници, кои многу повеќе можат да извлечат енергија над сета конкуренција и нудат најдобра мрежна интеграција. Ги направија највисоките (199 метри) и најмоќните ветерници од 7,5 мегавати.

СО ИНОВАЦИИ ДО ПОГОЛЕМО ПРОИЗВОДСТВО

Според Вани Николов, градежен инженер, конструктор и иноватор, ветерниците не се решение за енергетската ефикасност. Тој смета дека тие повеќе се направени за да се биде во чекор со времето.
- За тој ветерен парк се вложени милиони евра и таа инвестиција нема никогаш да се врати. Според мене, овие ветерни паркови бараат многу повеќе пари отколку што може да се добие енергија, бидејќи ветерот во Македонија е варијабилен и нестабилен - објаснува Николов.

Тој истакна дека направил прототип на ветерница за производство на електрична енергија што е многу поефикасна од поставените во Богданци.

- Се работи за ветерница со хоризонтално поставени перки, која повеќе личи на воденично коло.
Хоризонталната поставеност на перките овозможува поефикасно искористување на струењето на воздухот, при што коефициентот на полезно дејство е неколкупати повисок од оној на класичните типови ветерници, што се должи на истонасочната поставеност при дејството на ветерот. Степенот на полезно дејство во комбинација со нискобуџетните трошоци за производство укажува дека вреди да се размисли во оваа насока за развој на ветерните централи - објаснува Николов.

Тој појаснува дека системот е многу малку искористен и енергијата што ја има ветерот кога дува просечно е околу 120 килограми на квадратен метар.

- Ветерниците на овој начин со создавање вакуум користат само 10 отсто од тие 120 килограми на квадратен метар, т.е. 12 килограми на квадратен метар на ветерот ги користи, а тоа е многу малку. Ветерница од мојот тип е многу поискористлива и поефикасна, ја користи силата на ветерот околу 60-70 отсто, цената за изградба е помала и одржувањето е помало и поевтино, за разлика од другите ветерници, бидејќи поправка на една чини 60 отсто од нова ветерница - истакна Николов.
Шпанци инвестираа во нов вид ветерници
Шпанската компанија „Вортекс“ развила нов концепт на производство на „зелена енергија“ со помош на ветерници без перки. Овие ветерници всушност се бели столбови поставени во земја, кои енергијата ја произведуваат со осцилации поради јачината на ветерот, а тоа изгледа како да се тресат. Додека така се поместуваат овие столбови личат на витли, по што компанијата што ги произведува го добила името.
Ефектот на „вител“ е постигнат со посебни магнети со чија помош и ветерниците се тресат, колку што тоа е можно, без разлика на јачината на ветерот. Додека вибрираат тие всушност произведуваат енергија, која е 40 отсто поевтина од онаа што ја произведуваат ветерниците со крила. Но не е само енергијата поевтина, туку и производството на ветерниците, бидејќи перките за стандардните ветерници се скапи, како и нивното одржување.
Со оглед на нивниот дизајн, во иднина ќе биде можно на помала површина да се постават повеќе од овие столбови, со што ќе се надомести нивниот најголем недостаток - тоа што произведуваат 30 отсто помалку енергија од класичните ветерници. Од „Вортекс“ велат дека првите помали модели на овие ветерници ќе се испорачаат идната година, а поголемите модели од 2018 година.
Градежниот инженер и иноватор Николов смета дека овие ветерници без перки не се ефикасни.
- Тие работат на база на вибрации и индицираат струја, но таа е мала и слаба, сето ова е направено како експеримент за да се покаже до кое технолошко ниво е дојден светот, и нормално е сето тоа, но Македонија е премногу назад во однос на овие земји - вели Николов.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=871595684&id=10&prilog=0&setIzdanie=23536
Back to Top
SugarBlue View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 02-Aug-2015
Location: Eindhoven
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote SugarBlue Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 07-Aug-2015 at 15:57
Пример за одлична инвестиција.
Ќе биде супер ако се продолжи да се подигнуваат ветерници во тој дел од Македонија. Искрено би сакал да видам и една поголема соларна централа.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 29-Dec-2017 at 09:53
Thor ќе ја гради првата приватна ветерна електрана

Компанијата Thor ќе ја гради првата приватна ветерна електрана во Македонија откако нивното барање беше разгледано и одобрено од страна на владата на вчерашната 46 седница. Станува збор за ветерната електрана „Босилково“ на територија на Свети Николе и Штип со проектиран капацитет од 33 мегавати.

„Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со поднесеното барање на ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ, Скопје за издавање на овластување за изградба на Ветерна електрана Богословец и донесе одлуката за одобрување за изградба на оваа ветерна електрана, како прва од ваков тип во приватна сопственост“ стои во владиното соопштение.

Со проектот Парк на ветерни електрани Богословец, општина Свети Николе и општина Штип предвидено е да се изградат 10 столба на коишто ќе се постават турбини со моќност од 3,3MW, да се догради и прошири постојниот пристапен пат и да се изгради ТС 20(30)/110kV со приклучен далновод 2x110kV.
Приклучокот на паркот на ветерни електрани на постојниот 110kV вод ТС Овче Поле – ТС Штип ќе се направи со изградба на далновод 2x110 kV и трафостаница ТС 33/110kV Богословец, се дел од идеите на изведувачот Thor.

http://faktor.mk/thor-kje-ja-gradi-prvata-privatna-veterna-elektrana-
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2034
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 29-Dec-2017 at 10:53
Браво! А кој е сопственикот?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3652
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 29-Apr-2018 at 15:40

Обезбедени пари за последните ветерници во Богданци

Објавено во: Економија 29 Април, 2018

Во 2019-та ќе се комплетира ветерниот парк кај Богданци откако денеска беше потврдено дека започнува процесот за изградба на последните   четири„турбини“.

Министерството за финансии обезбеди 18 милиони евра од германската КХВ банка. Ветерниците кај Богданци ги посетија претставници на косовската Влада која планира по примерот на Македонија да подигаат  ветерен парк и во Косово.

Македонските енергетски власти најавуваат ветерници кај Миравци и  соларна централа кај Осломеј.

https://faktor.mk/obezbedeni-pari-za-poslednite-veternici-vo-bogdanci?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 10-Feb-2020 at 16:28
Ветерниот парк Богданци го натфрли планот на производство на струја

Ветерниот парк Богданци во јануари годинава произведе речиси двојно повеќе електрична енергија од планираното, односно имаше 95-отстотно натфрлање на планот, информираат од АД ЕСМ.

Според официјалните резултати на АД ЕСМ, за претходниот месец се испорачани 15.968 мегава часови електрична енергија.

Како што информираат од ЕСМ, во 2019 година овој капацитет за производство од обновливи извори произведе 101.807 мегават часови електрична енергија што претставува натфрлање на годишниот план за шест проценти. Со постигнатиот резултат, ветерниот парк Богданци учествувал со 2,4 отсто во вкупното производство на АД ЕСМ за минатата година.

Во тек е јавниот повик на АД ЕСМ за проширување на ветерниот парк со нови ветерници. Рокот за пријавување на заинтересираните компании истекува на 2 март годинава.

plusinfo.mk
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 07-Sep-2020 at 12:12
Ветерниот парк „Богданци“ со рекордно производство на струја до крајот на август

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ до крајот на август испорачал рекордни над 87 гигават-часови електрична енергија, што претставува натфрлање на планираното производство за тој период за 37,5 отсто.

„Четири месеци пред крајот на годинава, овој производствен капацитет што го користи ветерот како погонска сила, веќе остварил над 91 проценти од годишниот производствен план, предвиден во енергетскиот биланс. Производството на ветерниот парк „Богданци“ во првата половина од 2020 година заклучно со 30-ти јуни е 68.452 мегават-часови (мгвч) или за 43,5 отсто повеќе од планираните 47.712 мгвч“, соопштија од Електрани на Северна Македонија, ЕСМ.

Според ЕСМ, производството е поголемо од планираното поради поволните временски услови и ветровите поголеми од 4 метри во секунда, кои се во проектираниот работен опсег на ВЕЦ „Богданци“.

„Со реализација на втората фаза целосно се заокружува проектот „Ветерен парк Богданци“ на проектираната инсталирана моќност од 50 мегавати и вкупно годишно производство од околу 137 гигават-часови. Ветерниот парк „Богданци“- втора фаза, кој е во постапката за реализација, се состои нови 4 до 6 турбини, секоја со номинална моќност од 3 до 4 мегавати. Со втората фаза се врши зголемување на капацитетот на постоечкиот за дополнителни 13,2 до 15 мегавати. Планираната инвестиција на проектот е 21 милиони евра, од кои 18 милиони евра се од германската КфВ банка, а 3 милиони евра се средства на АД ЕСМ“, информираат од компанијата.

Инаку, енергијата од ветерот за производство на струја сè уште е незначително искористена во земјава иако постојат добри географски потенцијали, што е потврдено од сите досегашни студии според кои има најмалку 15 поволни локации за изградба на ветерни паркови.

Покрај засега единствениот парк на ветерни електрани во Богданци, пуштен во употреба во 2014 година, вториот ветерен парк треба да се гради во близина на Миравци, кај Гевгелија, со кој се предвидува да се збогати енергетскиот систем со уште 127 гигават-часови струја од обновливи извори на енергија. Проектот е дел од инвестицискиот план на ЕСМ од 2018 до 2022 година. Како што од ЕСМ изјавија за „Мета.мк“, течат подготвителните активности за отпочнување на проектот ПВЕ „Миравци“, а најмалку една година ќе трае испитувањето на влијанието на овој проект врз животната средина.

Предвидена е изработка на физибилити студија и биомониторинг заради заштита на животната средина, во согласност со нашата законска регулатива и онаа на ЕУ, а според ЕСМ, во изминатиот период меѓународните финансиски институции пројавиле голем интерес за финансирање на ветерниот парк кај Миравци.

Според последната Стратегија за развој на енергетика до 2040 година, во земјава е предвидена изградба на електрани на ветер со вкупна инсталирана моќност од 750 мегавати и вкупно проценето годишно производство на струја од околу 1.800 гигават-часови. Од планираните вкупни капитални инвестиции во енергетскиот систем, кои до 2040 година се во размер од 9,4 до 17,5 милијарди евра, главниот фокус е ставен на инвестициите во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со поддршка и финансирање на програми од странски фондови, финансиски институции и донатори.

https://meta.mk/veterniot-park-bogdanczi-so-rekordno-proizvodstvo-na-struja-do-krajot-na-avgust/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 26-Feb-2021 at 11:01
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 17-Mar-2021 at 15:03
Нов ветерен парк со моќност од 30 мегавати ќе се гради во Богданци, странска инвестиција од 40 милиони евра

Премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Богданци Блаже Шапов и директорот на словенечката компанија „Интеренерго“ Блаж Штерк денеска ја промовираа изградбата на новиот ветерен парк „Гевгелија“ со моќност од 30 мегавати. Станува збор за инвестиција од 40 милиони евра, која ќе се гради на локација меѓу селата Стојаково и Селемли во Општина Богданци, во близина на границата со Грција.

Вториот по ред ветерен парк во Богданци ќе произведува 72 гигават часови електрична енергија, која што ќе биде доволна за снабдување на 18.000 домаќинства. Инвестицијата треба да се заврши во рок не подолг од две години, односно најдоцна до 2023 година. Ветерниот парк ќе се состои од шест ветерни турбини, при што за самата изградба на енергетскиот капацитет до максимум ќе се користат локални изведувачи.

„Деновите на производство на електрична енергија од фосилни горива изминуваат“, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој воедно додаде дека во Богданци ќе следува довршувањето на втората фаза од изградбата на ветерниот парк на АД ЕСМ, со која ќе се изведат четири дополнителни ветерни турбини во вредност од 21 милион евра. Со ова, првичниот ветерен парк на АД ЕСМ ќе добие дополнителна моќност од 13,2 мегавати за производство на електрична енергија.

Премиерот Зоран Заев рече државата енергетска компанија е при крај со повратот на инвестицијата по 6-7 години работење на ветерниот парк во Богданци, во кој првично се инвестираа 55 милиони евра.

„Имаме потенцијали да ја користиме енергијата на ветерот“, порача премиерот Заев, додавајќи дека истражувањата покажале 15-тина поволни локации низ целата земја за изградба на ветерни електрани.

Премиерот Заев рече дека со инвеститорите во новиот ветерен парк во Богданци е потпишан меморандум за соработка во полето на енергетиката во ноември минатата година и се надева дека во наредниот период ќе продолжи трагањето по локации за изградба на ветерници и искористување на другите обновливи извори на енергија.

Директорот на словенечката компанија „Интеренерго“ Блаж Штерк изјави дека станува збор за заедничка инвестиција на „Интеренерго“ од Љубљана со германскиот партнер „Тригал“.

„Имаме огромно корпоративно искуство во менаџирање на слични проекти“, изјави директото Блаж Штерк.

Тој додаде дека „Интеренерго“ од Љубљана се 100 отсто капитално поврзани со компанијата „Келаг“ од Австрија и се 10 години активни во доменот на трговија со електрична енергија во Македонија.

Градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов изрази надеж дека изградбата на втор ветерен парк во Богданци ќе претставува стимул и за нови странски инвестиции во наредниот период, и тоа не само во делот на искористување на ветерната енергија, туку и за развој на енергетски капацитети за ползување на сонцето како извор на енергија.

Градоначалникот Шапов најави дека со двата инвеститора во ветерните паркови ќе се разговара во иднина токму Богданци да биде локацијата за изработка на резервни делови и за сервисирање на опремата што ќе биде вградена во двата енергетски капацитети.

https://meta.mk/nov-veteren-park-so-mokjnost-od-30-megavati-kje-se-gradi-vo-bogdanczi-stranska-investiczija-od-40-milioni-evra
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 30-May-2021 at 10:12
Ветерни паркови во Богданци, Свети Николе и Демир Капија ќе генерираат чиста обновлива енергија

Три ветерни паркови кои ќе генерираат преку 90 мегавати енергија вредни 110 милиони евра ќе се градат во Богданци, Свети Николе и Демир Капија. Овие инвестиции вчера ги најави премиерот Зоран Заев на презентацијата на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата.

Ветерниот парк во Богданци е инвестиција на ЕНЕРГО системи Словенија и Австрија вредна 50 милиони евра. Овој ветерен парк се очекува да произведува 30 мегавати енергија.

Втората инвестиција е во Свети Николе 36 мегавати, а лиценцата е добиена од домашен инвеститор. Вкупната инвестиција во овој ветерн парк е 60 милиони евра.

Во текот на летото се очекува да започне и изградбата на Ветерниот парк во Демир Капија, каде што инвеститор е турска компанија. Вредноста на оваа инвестиција е 50 милиони евра, за ветерници кои ќе генерираат 30 мегавати. Плановите за ветерните паркови, премиерот Зоран Заев ги најави на презентацијата на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата со кои се планираат инвестиции во вредност од над 8 милијарди евра во македонската економија.

https://novatv.mk/veterni-parkovi-vo-bogdantsi-sveti-nikole-i-demir-kapija-ke-generiraat-chista-obnovliva-energija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 02-Jun-2021 at 07:11
Заев не издржа и откри: Германска WPD ќе гради ветерници во кумановско-кривопаланечкиот регион

Германската компанија ВПД (WPD) ќе го гради ветерниот парк на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка од 400 мегавати, што го најави премиерот Зоран Заев при презентацијата на Интервентниот план за инвестиции за следните 6 гопдини.

Ова го откри премиерот во емисија на ТВ Клан во која рече дека компанијата ќе вложи 500.000.000 евра за да го реализира проектот.

Инвеститорот, како што информира Заев, го доставил целиот пакет на документација во Владата и веќе завршуваат финалните преговори.

– Се работи за инвеститор кој има веќе 5 000 мегавати изградено од кои што овде на Балканот се 500 мега-вати ветеренци. Ќе направиме се да постигнеме договор и да влеземе во Парламентот со Законот за стратешки инвестиции – најави премиерот.

Германската компанија има инсталирано ветерници и фотонапонски централи во 28 земји во Европа, Азија и на американскиот континент.

https://plusinfo.mk/zaev-ne-izdrzha-i-otkri-germanska-wpd-e-gradi-veternici-vo-kumanovsko-krivopalanechkiot-region/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 29-Aug-2021 at 13:41
Во близина на селото Богословец ќе се гради првиот приватен ветерен парк во државва

Во близина на селото Богословец ќе се гради првиот приватен ветерен парк во државва, инвестиција во вредност од 61 милион евра. Во пролетта 2025 година се очекува да почне со работа и во наредните 25 години да овозможи зелена енергија за околу 20 илјади домаќинства во државата.

Првиот приватен парк на ветерници во земјава Богословец во домашна сопственост денеска станува реалност. Овој проект е исклучителен придонес кон пренасочување и на нашето национално производство на електрична енергија кон обновливи извори и надополнување на електричното производство приклучено на државниот оператор. Ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капаците во земјата и ќе придонесе кон намалување на ЦО2 емисите од над 87.000 тони годишно“, рече премиерот Зоран Заев на свеченоста по повод стартот на инвестицијата.

Според него, од голема важност за целиот инвестициски циклус е дека при изградбата се запазуваат еколошките стандарди и истовремено се поддржуваат општите цели на земјата за климатска транзиција и обновлива енергија.

„Го имплементираме зеленото сценарио за развој на земјата која треба да обезбеди економски и економски бенефити. Имаме потенцијали енергијата од ветерот за производство да струја треба да ја искористиме. Во земјата постојат одлични географски потенцијали, а тоа го потврдуваат и сите досегашни студии според кои има најмалку 15 поволни локации за изградба на ветерници. Во најголем дел по долината на реката Вардар, односно Повардарието, во Овче Поле, околу Свети Николе, Штип, Крива Паланка, Куманово и на повисоките планински делови“, рече Заев.

Премиерот потенцира дека според последната Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година во земјата е предвидено изградба на ветерни електрани со вкупна инсталирана моќност од 750 мегавати и вкупно проценето годишно производство на струја од околу 1 800 гигават часови.

„Од планираните вкупни капитални инвестиции во енергетскиот сектор кои до 2040 година се во размер од 9,4 до 17,5 милијарди евра главниот фокус е на инвестициите во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Развивме сериозни енергетски стратешки планови и една од точките на Акција 21 како и во Интервентниот план на Владата за инвестиции 2021-2027 година е току енергетиката. Тоа го потврдуваат и резултатите. Нашата земја е на врвот, меѓу шампионите во регионот по раст на обовливи извори на енергија, само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати што претставува раст од 10,1 процент и е во рамките на светскиот просек за зголемување од 10,3 проценти“, рече Заев.

Како дел од процесот на енергетска транзиција и спроведување на праведната транзиција во енергетскиот сектор, Заев истакна дека се воведува еколошка такса за загадувачите, вклучувајќи ги и нафтените деривати , а во наредните години и еколошка такса на јагленот и производството на електрична енергија од јаглен во согласност со политиките на ЕУ и обврските од Парискиот договор.

„Владата силно и посветено го поддржува инвестирањето во обновливите извори на енергија. Станува збор за сериозен процес на промена на јагленовите термоелектрани во фотонапонски, гасни електрани и ветерници“, посочи премиерот.

Министерот за економија Крешник Бектеши потенцираше дека изградбата на ветерната електрана „Богословец" е инвестиција на домашна компанија со која ќе се зголеми учеството на енергетиката произведена од ветерни електроцентрали во државата за дополнителни 36 мегавати.

„Ова нека биде пример за сите наши стопанственици – домашни, но секако и странските кои се повеќе од добредојдени да инвестираат во нашата држава за да ја користат можноста да инвестираат во обновливите извори на енергија во нашата држава бидејќи нашите закони тоа веќе го овозможуваат, нашата определба како Влада, како Министерство, како други институции кои се вклучени тоа го овозможуваат на транспарентен, конкурентен и отворен начин каде сите ќе бидат еднакви“, рече Бектеши.

Финансиски партнери на проектот се Ерсте банк, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, Австиската банка за развој, Фонд за зелен раст.

Владата ја одобри изградба на ветерниот парк на барање на „Тор Импекс", проектна компанија што го развива проектот за „Богословец". „Siemens Gamesa" ќе произведува и ќе инсталира осум ветерни турбини на локацијата. Напојувани од ротори со дијаметар од 145 метри со висина на јарбол од 102,5 метри, овие турбини ќе имаат вкупен капацитет од 36 MW откако ќе се активираат.

Проектот „Богословец" треба да придонесе за поставените цели на државата да го пренасочи национално производство на електрична енергија, во кое сè уште доминира кафен јаглен (лигнит), кон зелени извори. Државата сака да го зголеми за повеќе од 50 проценти својот национален обновлив капацитет до 2024 година, што доведува до дополнителни 400 MW и 160 MW соларна и ветерна енергија.

https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/vo-blizina-na-seloto-bogoslovec-kje-se-gradi-prviot-privaten-veteren-park-vo
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 11-Oct-2021 at 17:15
Во полн ек се градежните работи на првиот ветерпарк на потегот на село Богословец во Свети Николе.
За година и половина се очекува 8-те ветерници да започнат со производство на 36 мегавати електрична енергија.
Вкупната вредност на сите фази од оваа инвестиција ќе изнесува 61.000.000 евра.
Воедно на потегот на село Азамбегово наскоро ќе започнат со градба уште 8 инвеститори, кои ќе изградат 25 мегавати фотонапонски централи.







https://www.facebook.com/sasovelkovskizasvnikole
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13895
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 12-Oct-2021 at 15:31
Оваа вест е објавена и погоре пред неколку месеци, но деновиве доста зачестено ја има по медиумите, не знам дали е само предизборно или навистина ќе се оствари...

---------------------------

Германска компанија ќе гради ветерници од Куманово до Крива Паланка за 500 милиони евра

На полињата од Куманово до Крива Паланка ќе има 69 ветерни турбини, и ќе снабдува со електрична енергија 290.000 домаќинства. Проектот ќе овозможи годишно намалување на загадувањето за 310.000 тони јаглерод диоксид.

Германската компанија ВПД ќе гради 415-мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Станува збор за проектот „Вирови“, кој треба да биде готов за шест години.

„Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, а 290.000 домаќинства ќе снабдува со електрична енергија. Работи во 28 земји со над 5.000 мегавати на час. Договорот за стратешко партнерство меѓу македонската Влада и ВПД е на 45 години.

https://www.dw.com/mk/%D0%B3%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B4%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-500-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0/a-59480605?maca=maz-rss-maz-eco_timemk-4723-xml-mrss

--------------------

Ха-ха, само што го пишав горниот коментар и одам на фликр профилот на владата, кога:

Прес-конференција за инвестицијата - ветерен парк „Вирови“ [12.10.2021"> by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr

Се чини дека сепак ќе се оствари проектов.

Но – Veteren Park Virovi Ги мрзело кирилица да користат.

Edited by Џоле - 12-Oct-2021 at 15:38
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12451
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 12-Oct-2021 at 17:32



Мислам дека ни е потребна една голема акумулација со реверзибилна хидроелектрана. Ваљда на Чебрен и Галиште конечно им е созреано времето, и кога би се направиле како реверзибилен систем, тоа фантастично би функционирало во комбинација со окрупнувањето на вкупната моќност на ветропарковите.

Ветрот не дува цело време, а и кога дува, често тоа не е во моменти кога енергетскиот систем има потреба од таа електрична енергија. Но реверзибилна хидроелектрана може да служи како огромна батерија. Кога има ветар, а нема побарувачка на ел. енергија, целиот тој вишок на производство ќе биде искористен за пумпање на вода од пониската кон повисоката акумулација. Кога нема ветар, а пазарот има потреба од ел. енергија, хидроелектраната ќе произведува токму тогаш и токму толку колку што треба   
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 13055
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 12-Oct-2021 at 17:37
Германската компанија „Впд“ ќе гради ветерен парк кај Куманово за 500 милиони евра

Паркот на ветерни електрани што ќе го гради германската компанија „Впд“ ќе има моќност од дури 415 мегавати. Ова најголемата директна инвестиција во Македонија по независноста. За споредба, трите блока на РЕК „Битола“, кои користат јаглен, имаат моќност од близу 700 мегавати

Во Македонија наскоро ќе почне изградбата на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, Ова е најголемата поединечна директна гринфилд инвестиција во македонија од независноста до денес.

Изградбата ја најавија денес премиерот Зоран Заев и германската компанија „Впд“. Ветерниот парк наречен „Вирови“ е најголем капацитет од обновливи извори на енергија во земјава, колку што имаат двата болка на РЕК „Битола“.

Поставени ќе бидат 69 нови ветерни турбини што е за четири пати повеќе од досегашните 16 на границата со Грција, кои ќе создаваат над 400 мегавати струја.

Оваа инвестиција „Независен“ ја најави уште во јуни оваа година по пишувањето на месечникот кој се занимава со прашања за енергија од ветерот „Виндпауер“. Германскиот инвеститор тогаш веќе имаше поднесено барање за статус на стратешки проект што ќе му даде повластен третман, според законот усвоен минатата година.

„Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, ќе снабдува 290.000 домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази.

„Ова не е само најголемата германска инвестиција во земјата, ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес. Таа е доказ дека зеленото сценарио и тоа како е возможно. Овој проект е повеќе од половина од предвидените 700 мегавати со стратегијата“, истакна Заев.

Според плановите проектот „Вирови“ треба да оди во три фази – во 2025, 2026 и 2027 година.

„Впд“ има за цел да го развие проектот преку две деловни единици во целосна сопственост: „Вирови“ формирана за специјална намена во Македонија и „Впд Адриа“, нејзина подружница за управување со развој на проекти во Западен Балкан. Портпаролот за „Виндпауер“ во јуни изјави дека овој проект може да биде само почеток и дека компанијата гледа потенцијал за понатамошни ветерни електрани во Македонија.

Единствениот парк на ветерници што е подигнат и функционира во Македонија е оној кај Богданци со моќност од 36,8 мегавати, а уште 43,2 мегавати се во фаза на развој.

За да се има предвид колку голем би бил овој проект на „Впд“ од 400 мегавати треба да се знае дека трите блока на РЕК „Битола“, кои користат јаглен, имаат моќност од близу 700 мегавати (3х225). Или, пак, двете турбини на ХЕЦ „Козјак“ имаат моќност од 82 мегавати, по 41 секоја.

Премиерот Заев изјави дека големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата, а доаѓаат зашто добро се сработени реформите.

„Ја донесовме потребната легислатива, создадовме услови за инвестирање во безбедна и сигурна земја, фер услови за сите. Работиме согласно европските правила, со сериозни и докажани инвеститори“, нагласи премиерот.

Инвестицијата ја поздрави и германската амбасадорка Анке Холштајн, посочувајќи дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид.

„Драго ми е што гледам се поголема соработка меѓу двете земји во полето на енергетиката. Проектот ги поддржува амбициозните цели на македонската Влада во енергетската транзиција, истакна амбасадорката и напомена дека договорот ќе трае 45 години.

Компанијата „Впд“, чие седиште е во Бремен, Германија, е една од водечките во светот која произведува енергија од обновливи извори. Таа има поставено ветерни електрани во 28 земји во светот, но повеќето во Европа. Има подигнато 2.400 ветерни турбини, кои произведуваат 5.150 мегавати. Таа поставува ветерни турбини во море и на копно. Проектите што сега ги развива „Впд“ предвидуваат подигнување ветерни турбини од 12.300 мегавати на копно и 13.800 мегавати во море.

https://nezavisen.mk/pochnuva-realizacijata-na-virovi-najgolemata-direktna-grinfild-investicija-vo-makedonskata-ekonomija/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 891011>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.