build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ветерници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 19-Dec-2010 at 13:32

Корејци ќе градат ветерници во Штип

Од идното лето, компјутерските анимации на ветерниците со кои од ветрот ќе се произведува електрична енергија, а лоцирани во околината на Штип, стануваат реалност. Корејскиот „Самсунг хеви индустри“, вториот по големина корејски енергетски концерн „Косеб“ и нашата „Инвал Македонија“, стартуваат со градба на фарма на ветерници за производство на струја во штипскиот регион.

- Конзорциумот кој го сочинуваат Самсунг Хеви Индустри, Косеб и Инвал Македонија. Македонскиот партнер досега успешно го развива еден од поголемите инвестициони потфати не само во Македонија, но и во регионов. Проектот тежи 150 милиони евра, изјави генералниот маркетинг менаџер на Самсунг хеви индустри, Тајон Чо.

- Планирани се поставувања на 40 ветерни турбини на четири локации околу Штип со поединечна сила од 2,5 мегавати, објасни Чо.

Штипските локални власти задоволни. За градоначалникот на Штип, Зоран Алексов конечно добро познатиот штипски ветер ќе биде корисен за жителите на овој регион.

Во вторник, првите луѓе на Самсунг и Косеб во македонската Влада со домаќинот- вицепремиерот Владо Пешевски ќе ги детализираат финалните елементи од инвестицијата. Се очекува да се формира конзорциум, кој ќе менаџира со градбата и работата на првата македонска фарма на ветерници.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=68713
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 27-Jan-2011 at 09:15
До крајот на летото Инвал ќе ги има сите документи за да отпочне со конструкција на ветерници во Штип

Градоначалникот на Штип, д-р Зоран Алексов денес оствари средба со претставници на шпанската фирма Инвал. Како што е познато, шпанската компанија „Инвал грин енерџи“ учествува во проект за фарма на ветерници во непосредна близина на Штип.

Пред извесно време беше потпишан заеднички договор за формирање на конзорциум меѓу најголемиот производител на електрична енергија во Јужна Кореја КОСЕП, компанијата “Самсунг хеви инсустрис“ и Инвал-Македонија. Во содејство со Министерството за транспорт и врски и формираната фирма ќерка „Инвал Македонија“, шпанците почнаа со етапна реализација на проектот кој според нивна проценка тежи 240 милиони евра.

Денешната средба беше со цел да се добијат информации околу текот на проектот како и да се разгледаат можностите за меѓуопштинска соработка со Кореја. Професор од Барцелона Ју кој беше во делегацијата и кој еден вид на посредник помеѓу фирмите кои го сочинуваат конзорциумот изјави дека би било добро да се разменат искуства:

 

-Знаете дека Кореја е високо-технолошки развиена земја. Ние не сме овде само да направиме бизнис, туку и да размениме исксуства, да ги пренесеме во вашата земја, не кое било поле со цел продлабочување на соработката – изјави Ју.

Градоначалникот Алексов изјави дека е задоволен од досегашната соработка со претставниците на Инвал како и можноста за црпење искуства од Кореја:

- Се надевам дека ќе најдеме начин да ја продлабочиме соработката бидејќи ние имаме потреба од размена на искуства. Овој разговор треба да помогне во изнаоѓањето на можни начини на соработка. Што се однесува до проектот ветерници, тој се одвива успешно а формирањето на конзорциумот со подршка на Владата е јасен факт дека наскоро ветерниците ќе се градат во Штип.

Претставникот на Инвал-Македонија, Џорди Молинаро изјави дека проектот за фарма на ветерници оваа година ќе има практичен старт:

- Вчера претставници на Самсунг беа во Скопје а имаа разговори со една силна меѓународна финансиска институција за обезбедување на финансиски средства за овој проект со ветерници. До крајот на летото,до септември, се надеваме дека ќе ја комплетираме целата документација со што би почнале со практична реализација односно конструкција на полето на ветерници – додаде Молинаро.

Како што е познато, околу Штип на три локации ќе се инсталираат 66 ветерници со вкупен капацитет од 198 мегавати. Годишно ќе произведуваат половина милион гигават-часови, која според пресметките на Шпанците е еднаква на годишна потрошувачка на струја на 115 илјади домаќинства. Овој начин на производство на струја значително штеди во емитување на т.н. „стаклени штетни гасови“ во атмосферата. Годишно во воздухот ќе има помалку 155 тони вакви гасови а според најавите за Штип е предвидено вработување на 50-тина лица.
Во досегашното 20 годишно искуство, Шпанците завршиле над100 вакви проекти низ светот. Во моментов за искористување на силата на ветрот стационирани се на европскиот југоисток.

http://www.stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/konstrukcija_na_veternici-26012011-5.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/konstrukcija_na_veternici-26012011-4.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/Novosti-2011/konstrukcija_na_veternici-26012011-2.jpg
http://www.stip.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 01-Mar-2011 at 20:59
decki ne sakam da zvucam ...kako so vikaat partiski orientiran ama sekogas koga se nablizuvaat izbori imaame iljadnici vakvi najavi i poveke ne veruvam vo vakvi najavi

Канадската дијаспора сака да инвестира 34 милиони евра во ветерници

Канадската компанија Трилиум Холдинг сака да инвестира 34 милиони евра во изградба на ветерници во Македонија.

Претставниците на компанијата на чие чело е македонски иселеник преку партнерство со фирма од земјава планираат да изградат 27 ветерници во близината на Богданци.

Изминатиот период го испитуваат потенцијалот на ветерот во југоисточна Македонија. Регионот веќе важи како еден од најпогодните за производство на електрична енергија од ветер и инвестиции во него веќе најавија и други компании.

- Нашиот интерес е заради поволностите и поддршката што ги нуди државата, но и барањата на ЕУ секоја земја да произведува обновлива енергија во извесен процент, што ја прави оваа дестинација актрактивна. Инвестиција од 34 милиони евра е значајна како сума, а ќе го подобри енергетскиот капацитет на земјата и ќе вработи македонски стручњаци - вели Васко Пастенаров, претставник на Трилиум Холдинг.

Трилиум Холдинг направиле првичен контакт со Агенцијата за странски инвестиции и за енергетика, а проектот го презентираат и пред инвеститори кои би вложиле дополнителен капитал.

Очекуваат потребните дозволи за изградба и вклучување во енергетскиот систем на земјава да ги добијат во текот на 2012-та, по што би влегле во следната фаза на инвестицијата. Покрај ветерниците заинтересирани се и за изградба на мали хидроцентрали.

Трилиум Пауер во Канада инвестира во најголемиот ветерен парк на слатки води на континтентот на Северна Америка. Ќе гради 800 ветерници на езерото Онтарио кои треба да заменат неколку електрани на јаглен кои се пред затворање.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/kanadskata-dijaspora-saka-da-investira-34-milioni-evra-vo-veternici
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 09-Apr-2011 at 19:04

Македонија ќе гради ветерници

Македонија наесен со финансиска поддршка на Германската развојна банка KFW ќе почне да го гради првиот Ветерен парк. За проектот вреден вкупно 55 милиони евра, договори денеска потпишаа Министерството за финанси, KFW Банката и АД ELEM.

- Денеска ја затворивме финансиската конструкција за изградба на Ветерниот парк Богданци. Со договорите што ги потпишавме со KFW Банката обезбедени се 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопстевени средства - рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по потпишувањето на договорите.

Во Ветерниот парк на 29 хектари ќе се постават 15 до 18 ветерници, секоја со капацитет од 2 до 3 мегавати. Вкупната производна моќ на Ветерниот парк ќе биде 100 гигават часови, а капацитетот 37 мегавати.

- Целта е искористување на обновливите извори енергија при производство на струја, намалување на емисија на стакленички гасови, но и намалување на увозната зависност на Македонија од електрична енергија - истакна директорот на АД ЕЛЕМ Влатко Чинговски.http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=75900BFE2E578A4E9D7A4C55158A7A6E

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 09-Apr-2011 at 20:24
А што се случи со долгонајавуваниот проект на Шпанците во Штипско за поставување на ветерници? Дали некој има инфо?
 
Инаку сега гледав на сајтот на ЕЛЕМ, вкупната моќност на овој парки ќе биде отприлика како и моќноста на хидроцентралата Св. Петка (Матка 2). Не е којзнае што, но не е ни лошо и што е најважно за поздрав е бидејќи е обновливо, без согорување фосилни горива. Се надевам ќе повлечат нога за уште многу вакви проекти.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 09-Apr-2011 at 21:20
Одличен проект.

Дали некој има податок колку струја произведуваме локално, а колку увезуваме во моментов?
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 09-Apr-2011 at 21:35

Според CIA Factbook, а и официјалниот сајт на ЕЛЕМ е тука некаде (годишното производство и потрошувачка)

Field%20info%20displayed%20for%20all%20countries%20in%20alpha%20order.
6.819 billion kWh (2010 est.)
country comparison to the world: 101
Field%20info%20displayed%20for%20all%20countries%20in%20alpha%20order.
8.189 billion kWh (2010 est.)
country comparison to the world: 94
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 09-Apr-2011 at 22:03
Кога сме веќе толку големи увозници на енергенси за транспорт, дали постои стратегија како да се надмине прво и основно разликата од тие 1bn kWh да биде од домашно производство, а второ и домашното производство да биде од домашни извори (не со увезен гас, јаглен итн., туку со локални ресурси)?

Ова мислам дека треба да биде број 1 приоритет, со оглед на се поголемата енергетска криза и луди цени на енергетскиот пазар што се предвидуваат за во иднина.
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 10-Apr-2011 at 03:44
Не сум експерт, но секој што бил во Богданци знае дека местото е #1 во ветер.

---надополнето---

За Ветерниците од страницата на ЕЛЕМ

На страна 1/10 пишува „Последната Физибилити Студија ја проценува локацијата Богданци како
локација со потенцијал за инсталирање на капацитет од 45 MW“

„Со Проектот се предвидува
производство на приближно 105 GWh на електрична енергија годишно“

„30 ветерни турбини“

Координати: север: 41o13’45.1“ исток: 22o33’39.4“

Почеток на Проектот: Крај на 2011
Завршување на Проектот: До крајот на 2014

...

Мислам дека во самиот документ ги има сите други потребни информации. Едно што не ми беше јасно е ова:


Без проектната активност, еквивалентната електрична енергија која ќе се
произведе ќе биде снабдена од термоелектраната Неготино што би
резултитрало во штетни GHG емисии. Факторот на емисија на
националната мрежа е проценет на 0.91 tCO2e по произведен MWh.
Покрај тоа, предложениот проект ќе придонесе за намалувањето на
Македонската зависност од увозна електрична енергија“

Дали ЕЛЕМ кажува дека со овие ветерници ќе поништи потребата од употреба на Неготино (мазут)? Зарем толку многу струја ќе произведуваат?

Edited by theMac3donian - 14-Apr-2011 at 04:21
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 18-Apr-2011 at 04:45

Џабе дува ветерот



Во Свети Николе и во Радовиш велат дека работите се застанати, а во Штип ја чекале есента

Иван Бојаџиски

ШТИП - Изминаа шест години од првите најави, а во нашава држава не е изградено ниту едно поле на ветерници. Kако што сега стојат работите, македонскиот ветер џабе ќе си дува и во наредните години, бидејќи освен добро познатите ветувања, на теренот не се работи ништо конкретно. Иста е ситуацијата и со искористувањето на топлината од сонцето. Засега воопшто не се размислува за енергијата од геотермалните води и од биогасот.

Во Штипско, Радовишко и во Овчеполието локации, за кои странски инвеститори имаа најимпресивни најави за вложување во ветерници, состојбата си е иста како и во почетокот.

„Утрински весник“ во време и услови кога се случуваат катастрофи на нуклеарки во светот и кога истиот тој свет се свртува кон таканаречената зелена, односно еколошки чиста енергија, истражуваше на тема зошто џабе дува македонскиот ветер, односно зошто и натаму не се користи неговата несомнена енергетска моќ.

Од сите три општини во кои требаше да се остварува значително производство на електрична енергија добивме одговори што јасно кажуваат дека нема абер од искористување на силата на ветерот. Во Свети Николе и во Радовиш велат дека работите се застанати, нови идеи нема, а во Штип ја чекале есента кога ќе се случело нешто поопипливо.

Само да се потсетиме. Пред пет-шест години во истите локални самоуправи доаѓаа странски инвеститори, кои се интересираа за можни места каде што би поставиле ветерници. Ги имаше од Австрија, Холандија, Германија, Шпанија, Израел, Белгија, Англија, Русија. Сите до последен беа децидни во своите изјави дека овој дел од Македонија, просто, „плаче“ за ветерници.

На сите нив ќеиф им правеше сознанието дека кај нас ветриштата биле константни, што е од големо значење за производството на струја на ваков начин.

Најимпресивната и најнадежна изјава во 2008 година ја даде израелскиот бизнисмен Дејвид Браун, кој како прв човек на израелско-англиска компанија најави инвестиција од дури една милијарда евра. „Светот е пред вистинска и голема енергетска револуција, се свртува кон таканаречената зелена енергија, која се добива од сонцето, ветерот, биогасот и геотермалните води.

Сето тоа во Македонија го има во големи количини. Подготвени сме веднаш откако ќе добиеме дозвола од македонските власти да инсталираме поле од 90 ветерници од по три мегавати во Овчеполието и во Штипско. Но, наша генерална цел е југоисточниот дел на Македонија да го покриеме со сончеви колектори за производство на струја. Подготвени сме во овие процеси веднаш да инвестираме една милијарда евра“, рече пред три години Браун. Потоа се' да падне во заборав и никој не го постави прашањето зошто пропадна големата идеја.

„Ништо не се случува по тоа прашање, никој не доаѓа, никој не се јавува, нема никаков интерес. Тоа е се' што можам да кажам во однос на овие на големо најавувани проекти“, вели Роберт Георгиев, градоначалник на Свети Николе.

Неговиот радовишки колега Роберт Велков очекува работите да се помрднат од мртва точка по изборите. „Есента 2008 година претставници на компанијата ‘Нова енергија‘ од Австрија беа кај нас, барајќи погодни локации за првично инсталирање на 15 ветерници со сила од по три мегавати. Во договор со државната власт обезбедивме локации, ама тие повеќе не се јавија кај нас. Наша процена е дека овој процес ќе се придвижи дури по изборите, бидејќи нема странска компанија што би инвестирала во држава во време на избори“, укажува градоначалникот Велков.

Претставници на шпанската компанија „Инвал“, која во Македонија формира фирма-ќерка „Инвал Македонија“, во јануари годинава го посетија Штип. Тогаш тие потенцираа дека формирале нова компанија под име „Инвал грин енерџи“. Шпанците се пофалија дека потпишале договор со компанијата „Самсунг хеви индустри“ од Јужна Кореја како најголем производител на електрична енергија во таа држава, и дека отсега, па натаму и во инвестирањето во енергијата на ветерот ќе настапувале заедно.

„Тие остануваат на својот проект, во инсталирање полиња на ветерници на потегот Штип - Радовиш - Конче да вложат 240 милиони евра. Станува збор за 66 ветерници со вкупен капацитет од 198 мегавати и годишно производство на половина милион гигават-часа електрична енергија.

Според нив, од овие ветерници ќе се обезбедува енергија доволна за 115.000 семејства, а ќе вработеле педесетина лица. Се договоривме реализацијата да почне од септември годинава. Нам ни останува да се надеваме дека тоа така и ќе биде и дека овој процес повеќе нема да се одолжува“, изјави штипскиот градоначалник Зоран Алексов. (И.Б.)


ИЗВОР

Edited by theMac3donian - 18-Apr-2011 at 04:45
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 18-Apr-2011 at 10:37
Во 2006  година,  ЕЛЕМ започна да бара локација за ветерен парк во
Македонија со поддршка од Норвешкото NTE (Nord-Trondelag
Electricitetsverk).  Беа избрани четири потенцијални локации за Ветерен
Парк и во Јуни, 2006  година беа инсталирани мерни станици за ветер со
мерна висина од 30 и 50 метри. Во Октомври 2008 година со проценка на
локациите беше дефинирана најпогодната локација за ветерен парк од
сите четири локации, а тоа беше Богданци во јужниот дел на Македонија.
Последната Физибилити Студија ја проценува локацијата Богданци како
локација со потенцијал за инсталирање на капацитет од 45 MW. 
Проектната активност е 45 MW  ветерен парк кој што ќе произведува
обновлива енергија. Произведената електрична енергија ќе биде пуштена
во Македонската мрежа и воглавно ќе ја заменува електричната енергија
произведена од термоелектраните на јаглен. Со Проектот се предвидува
производство на приближно 105 GWh на електрична енергија годишно.
 
Студијата е подолга, го издвоив само делот кој што на нас, од форумски аспект ни е битен. Сакам да потенцирам дека 105 GWh на електрична енергија годишно само од овој парк, воопшто не е занемарлива бројка. При тоа за не заборавиме, се работи за обновлив вид на енергија со минимално влијание врз животната средина.
 
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 20-Apr-2011 at 16:46
ЕЛЕМ започна со активностите за изградба на паркот на ветерни електрани “Богданци“

АД “Електрани на Македонија“ во соработка со германската консултантска куќа “Фихтнер“ започна со реализација на активности за изградба на проектот Парк на ветерни електрани “Богданци“.

Активностите ќе се спроведуваат во рок од 20 месеци, а ќе започнат со изработка на  тендер за набавка на опрема, изградба на пристапни патишта,  трафостаница и приклучок на мрежа.

Компанијата “Фихтнер“ ќе биде партнер консултант  на “ЕЛЕМ“  до целосно завршување на изградбата на паркот на ветерни електрани.  

Средствата за реализација на овие активности во износ од 1,2 милиони евра се дел од кредитот  обезбеден од германската КфВ Банка,  потпишан на деветти април, годинава.

За проектот вреден вкупно 55 милиони евра, германската КФВ Банка обезбеди  32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди “ЕЛЕМ“ од сопствени средства.

Во ПВЕ “Богданци“, на 29 хектари ќе се постават 15 до 18 ветерници, секоја со инсталирана моќност од 2 до 3 мегавати. Вкупното производство на Паркот на ветерни електрани “Богданци“ќе биде 100 гигават часови годишно, а инсталираната моќност  во првата фаза од реализацијата ќе изнесува 37 МЊ, додека во втората фаза предвидено е да се инсталираат ветерни турбини со кои моќноста на ПВЕ “Боданци“  ќе се зголеми до вкупно 50 мегавати.

Целта на овој Пилот Проект е истиот да ја промовира енергијата на ветрот како возможен и остварлив извор на електрична енергија во земјава.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 20.04.2011 2:50:02 PM
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=85508&kategorija=2


Edited by Мартин - 20-Apr-2011 at 16:46
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 04-May-2011 at 20:31
Македонија има атлас на ветрови стар дури шест години

Државата сака монопол на ветерниците

Катерина Попоска
Државата%20сака%20монопол%20на%20ветерниците

Иако до 2020 година Македонија мора 12% од произведената енергија да ја добие од ветар, ветерните електрани засега се само проект на хартија. Дека состојбата на терен ќе оди тешко, доказ е непостоењето квалитетна и детална студија - Атлас на ветрови. Последната датира од 2005 година и е само прелиминарна. Но, како пречка се појавуваат и законите и амбицијата на државата да има ексклузивно право во производство на електрична енергија од ветар.

Според законите, максимално дозволениот инсталиран капацитет за производство на струја од ветар, која ќе се откупува по субвенционирана тарифа, на цела територија на Македонија е 150 мегавати. Оттука, ако се реализира инвестицијата на Електрани на Македонија и на приватната фирма Инвал Македонија за изградба на ветерници, простор за влез на нов инвеститор нема.Директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, неодамна во интервју за “Капитал“ изјави дека секоја сериозна држава треба да размисли кој е бенефитот ако бизнисот со ветерници и го препушти на некоја приватна компанија.

“Инсистирам ЕЛЕМ да гради ветерници. Ако, на пример, во ноќните часови произведуваме струја од ветар, може да затвориме некоја од хидроцентралите, па водата ќе ја чуваме. Поради интензитетот на ветрот, ако не произведуваме струја од некоја хидроцентрала, може да пумпаме вода во неа и да ја чуваме за друг ден. Замислете, ако се работи за приватна фирма, која на најмал ветар ќе ја уклучи ветерницата, ќе го фактурира тоа за 89 евра по мегават-час на МЕПСО, а ние ќе мора да го намалиме производството, и како државна фирма ќе изгубиме 30 евра регулирана цена. Таа енергија државата ќе ја чини 130 евра, бидејќи прво на приватната фирма ќе треба да и платиме 89 евра, а нејзината енергија ќе има приоритет. Одговорна држава мора ова да го има предвид. Државната компанија треба да биде прва во овој проект за да ги видиме сите импликации што ќе се појават на пазарот“, вели Чингоски.

http://www.kapital.com.mk/MK/makedonija/66341/drzhavata_saka_monopol_na_veternicite.aspx
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 05-May-2011 at 02:22
Обично сум против вакви тенденции држава да гради се, но Чинговски дава логично објаснување. Треба да се бара модели да се избегнат такви работи и да може капитал приватен да влезе.
Back to Top
Ljubopitko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Ljubopitko Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 05-May-2011 at 23:05
Инфото од капитал дека Македонија до 2020 МОРА 12% од произведената енергија да ја добие од ветар ми е многу сомнителна.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 05-May-2011 at 23:12
Originally posted by Ljubopitko

Инфото од капитал дека Македонија до 2020 МОРА 12% од произведената енергија да ја добие од ветар ми е многу сомнителна.
И јас мислам дека е извадена од поширок контекст. Имаше некоја европска регулатива која ги обврзува ЕУ државите за одредени проценти од своето производство на електрична енергија да е од ветер или сонце. Баш ќе побарам подетално за ова деновиве и ќе ги изнесам точните бројки и проценти.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 11-May-2011 at 17:45
Ветерници ќе се произведуваат во Желино



Според најавите на швајцарскиот инвеститор, се очекува производството да почне кон крајот на оваа година, а доколку се покаже успешен, целосната инвестиција треба да биде во вредност од над 20 милиони евра и минимум 500 работни места.

Производството на „Енфло“ пред се е наменето за европскиот пазар. Првата хала е од 3.500 метри квадратни, а вкупната површина што е закупена од страна на компанијата е 24.000 метри квадратни (или 2,5 хектари). На ова земјиште се планира да бидат изградени вкупно четири производствени хали.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/29140-Veternici-ke-se-proizveduvaat-vo-Zelino
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 10-Jul-2011 at 17:51
Ветерниците во Македонија ги одвеа ветерот

Доколку се реализираа ветувањата на компаниите и политичарите, во Македонија досега ќе имаше неколку десетици изградени ветерници на локации во Штип, Свети Николе, Богданци, Водно и на други локации низ земјава кои беа дел од нереализираните проекти за искористување на ветерот како обновлива енергија во нашата држава. Плановите за изградба на ветерници останаа на хартија, со што Македонија остана единствената држава од европските земји – членки и кандидати за членство во ЕУ која нема изградено ниту еден објект за производство на енергија од ветерот.

Идејата за изградба на ветерници во Македонија датира уште од 1993 година од научниот труд „Ветерот како енергетски потенцијал во Македонија“ изработен од проф. д-р Арсен Арсенов од Електротехничкиот факултет и Пеце Ристевски од РХМЗ. Научниот труд ја разработува оправданоста од инсталирање ветерница на најветровитото место во Македонија, Три чешми кај Штип.

Во последните неколку години се пројави зголемен интерес од бројни компании да изградат вакви објекти, но досега не е реализиран ниту еден проект. Последната најава за изградба на ветерници дојде во март годинава од канадската компанија „Трилиум Холдинг“, која преку партнер од земјава најави проект за 27 ветерници во вредност од 34 милиони евра во Богданци. Претходно, во ноември минатата година беше потпишан договор за кредит за изградба на ветерен парк во Богданци со 30 ветерни турбини и со вкупна јачина од 45 мегавати. Без објаснување, во април годинава проектот беше намален на 15 до 18 ветерници со моќност од 37 мегавати. Државната компанија „ЕЛЕМ“ пресмета дека кредитот во вредност од 32,9 милиони евра од германската „КфВ“ банка претставува само дел од потребните 55 милиони евра за изградба на ветерниот парк, а останатиот дел од сумата ќе треба да ја обезбеди компанијата од сопствени средства.

За разлика од скорешните ветувања, плановите од пред неколку години за искористување на ветерот во производство на енергија се целосно заборавени. Во јули 2008 година беше потпишан договор за изградба на деведесет ветерници со вкупен капацитет од 200 мегавати електрична енергија од страна на израелско – британската компанија „ЕИЏ“ и градоначалникот на Свети Николе, Слободан Даневски. Плановите беа инвестицијата од 360 милиони евра да биде завршена до 2010 година, но досега не е ниту отпочнато поставувањето на ветерници низ Овчеполието.

Во мај 2008 година беше објавена веста дека јужнокорејската компанија за производство на електрична енергија „Косеп“ и компанијата „Самсунг“ се заинтересирани за градат ветерници во Штип, а нивниот шпански партнер „Инвал“ неколку месеци подоцна најави изградба на фарма со ветерници во околината на Штип во вкупна вредност од 200 милиони евра. Проектот предвидуваше изградба на систем од 50 ветерници со вкупна моќност од 150 мегавати, а крајниот рок за поставување беше 18 месеци, односно до крајот на мај 2010 година. Во истиот период беше ветена и друга инвестиција од 20 милиони евра во изградба на 15 ветерници од австриската фирма „Нова енергија“ во близина на рудникот „Бучим“ во Радовиш.

Времето покажа дека ниту еден од овие проекти не е завршен до денес. Ветерот ги одвеа ветувањата за изградба на ветерници вредни 700 милиони евра, проекти кои ќе доведоа до поставување на стотици ветерници во Богданци, Свети Николе, Штип и Радовиш. За разлика од македонските донкихотски борби со ветерниците, земјите од регионот наголемо работат на искористување на ветерот како обновлив извор на енергија.

Хрватската компанија „Кончар“ уште во 1988 година го постави првиот ветроагрегат во Уљаник, а денес во оваа земја активно функционираат 50 – тина ветерници како дел од ветроелектраните Вратаруша, Орлице, Тртар – Кртолин, Равне 1 и Велика Попина со вкупна моќност од околу 73 мегавати. Во Хрватска постојат и неколку проекти во подготовка од оваа област.

Во Србија во април годинава беше инсталирана првата ветерница со моќност од 600 киловати во близина на српскиот град Тутин, додека во Романија само во почетокот на 2011 година се отпочнаа проекти вредни стотици милиони евра од страна на австриската компанија „Вербунд АГ“ и американската компанија „Конкорд Дивелопментс“. Ветроелектраната на австриски „Фербунд“ ќе произведува електрична енергија доволна за 170.000 романски домаќинства.


Бојан Блажевски
http://www.build.mk/?p=8532
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 10-Jul-2011 at 18:16
Previous
 
Хаха, баш така, ги одвеа ветерот. LOL
 
А бе ова ти е гага држава, сакаат се, ама без работа и без да платат за истото.
 
Луково Поле, Бошков Мост, Чебрене и Галишта, Вардарска Долина, ветерници, на хартија се опишани како веќе да функционираат со полна пареа, додека во пракса не е превземено ама баш ништо околу нивна реализација.
 
А ги ветуваат како да веќе утре ќе почнат да функционираат, ненормално смешни се, особено со овие економскиве зони, зјаат празни, а овие нашинциве фрлаат лопати како да веќе утре ќе се преплавиме со странски инвеститори.
 
Не бе, ова ти е пласибо држава, продавање магла, е баш тоа е, продавање магла.
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 724
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 10-Jul-2011 at 19:17
Стално сум бил скептичен спрема ветерниците, а што повеке влегувам во таа проблематика, станувам нејѕин најголем противник. Прво, голем демант ѕа новинарите ѕа тоа дека само во Македонија нема ветерници. Нема ниту во Србија, во Хрватска имаат поставено некоја шминкерска ветерница, нема ниту во Турција и тн. Не е ни важно.
Мојата поента е дека струјата од ветерници е НЕПРИФАТЛИВА ѕа Македонија. Кај нас нема доволно ветар ни по јачина, ни по константност ѕа таа да биде исплатлива. Поточно, таа нигде не е исплатлива, секаде ветерницити се подржано со дебели субвенции. Некои пресметки покажуваат дека би била поскапа од таа проиѕведена во Данските ветерници, така да би требало поголеми субвенции, вероајтно 8 до 9 евроценти по киловат.
Затоа е и наводната ѕаинтересираност на поедини странски компании, тие се тука да ги ѕемат субвенциите, ѕатоа мора внимателно да се игра со нив. Исто така има извесен притисок од европските институции, да прифатиме да субвенционира државата дел од обновлива енергија во енергетскиот микс. НО не ветерот! Хидроцентралите, сонцето и биоенергијата имаат поголема вредност за нас.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.