build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ветерници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 18-May-2013 at 14:32
Originally posted by Џоле

Истата вест ја објавува денес Утрински весник...
 
Почнува изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“
 
АД „Електрани на Македонија“ денеска официјално ќе ја почне изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“.
 
Станува збор за прв ваков капцитет во Република Македонија кој ќе обезбеди чиста енергија од обновлив извор користејќи го ветерот како погонска сила.
 
Компанијата потпиша договор со Siemens Wind од Данска во конзорциум со грчки Siemens AS за испорака, транспорт, монтажа, пуштање во работа и одржување на 16 турбини на ветер.
 
Инсталираната моќност на секоја од турбините е 2,3 мега вати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата 93 метри. Монтажата на ветерниците ќе обезбеди вкупна инсталирана моќност од 36.8 мега вати.
 
Локацијата нуди можност во иднината да се постават дополнителни ветерни турбини кои би го заокружиле овој ветерен парк со инсталирана моќност од 50 мега вати.
 
Во моментот се работи на изведбата на потребната инфраструктура и придружните објекти за ветерниот парк преку договор со конзорциумот „Терна Сименс“ за изведба на патната инфраструктура, приклучниот далековод, командната зграда и 20/110 кило волти трафостаница.
 
Дел од средствата за реализацијата на проектот ветерен парк Богданци се обезбедени преку креди од германската КФВ банка потпишан во април минатата година. За проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра, германската КФВ банка обезбеди 32,9 милиони евра, а останатите 22,6 милиони ќе ги обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.
 
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3AF1AFA1D4154E4E9FA3AE3B621FCC20

 
И Сител повторно ја објавува истата вест, со кристално истиот наслов, со кристално истата слика и со кристално истиот текст, на денешен ден, сабота, 18 мај 2013.
 
http://www.sitel.com.mk/pochnuva-izgradbata-na-parkot-na-veterni-elektrani-bogdanci
 

Почнува изградбата на Паркот на ветерни електрани „Богданци“


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13357
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 18-May-2013 at 18:38
Сега ми е јасно зошто по двапати најавуваат започнување на проектот за ветерници „Богданци“ - го чекале премиерот да ја фрли првата лопата

http://brif.mk/makedonija/zapocna-izgradbata-na-veterniot-park-bogdanci/

Edited by Џоле - 18-May-2013 at 18:38
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 18-May-2013 at 19:28
јас сепак мислам(претпоставувам од тоа што гледам на сликите) дека првиот пат било кога се започнала да се гради инфраструктурата на паркот.гледаме дека има веќе изградено објект,трафостаница, од вестите се виде дека и далекуводното поле се работи....вероватно денес се започнува со поставувањето на самите ветерници бидејќи се најавува релативно краток рок за изградбата

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 18-May-2013 at 20:00
55 милиони евра инвестиција за околу 100 ГВ/ч годишно произведена енергија. Не е воопшто лошо, од друга страна немора со години да се чека да се изгради брана, акумулација, тунел и сл. Незнам само колкави се трошоците за одржување на овој ветерен парк, кога би се спредил да речеме со Козјак или Св. Петка? Јас мислам дека и тука е поевтин.

Во секој случај се радувам на оваа инвестиција, и целосно ја поддржувам. Неќам ни да правам споредби со спомениците во Скопје и во што разумна држава која е увозно зависна и меѓу најсиромашните во Европа треба да вложува.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 18-Jul-2013 at 08:43

Ветерниците на Сименс наскоро во Богданци

18/07/2013  //  Пред 57 минути  //  ИНФРАСТРУКТУРА  //  Коментирај

turbines

Долгонајавуваниот ветерен парк во Богданци, пионер на државата во производството на струја од ветер, ќе значи само нови 2% од сегашното годишно производство на струја. Инвестицијата се проценува на 55,5 милиони евра.

Конзорциумот од Siemens Wind од  Данска  и Siemens AS од Грција наскоро треба да му ги испорачаат на ЕЛЕМ 16-те турбини на ветер за Паркот на ветерни електрани во Богданци. На локацијата Ранавец, кај Богданци привршува изградбата на командната зграда, трафостаницата на која ќе биде поврзан ветерниот парк. Во моментот се работи и на ископ на темелите каде што треба да се постават овие електрани. Во текот на летото ветерниците треба да пристигнат во земјава, по што ќе почне нивната монтажа, откриваат од ЕЛЕМ за Фактор.

“Во моментов,  веќе се работи на изведбата на потребната инфаструктура и придружни објекти за  ветропаркот преку договор со конзорциумот „Терна Сименс“  за изведба на патна инфраструктура, приклучен далековод , командна зграда и  20/110 киловолтна трафостаница. Согласно динамиката на работа, овој капацитет ќе биде вклучен во електро-енергетскиот систем на Република Македонија до крајот на годинава. Турбините се  меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Монтажата на овие ветерници ќе обезбеди  вкупна инсталирана моќност од 36,8 мегавати, со што се заокружува првата фаза во изградбата на овој визионерски енергетски објект“, објаснуваат за Фактор од ЕЛЕМ.

 Со влог од 55,5 милиони евра – ќе добиеме само нови 2% од сегашното годишно производство на струја?!

ОД ЕЛЕМ велат дека дел од парите за реализација на Првиот ветерен парк „Богданци“  се обезбедени преку кредит од германската КфВ банка, потпишан во април, минатата година. За проектот чијашто проценета вредност е 55,5 милиони евра, заемот КФВ Банка е во износ од речиси 48 милиони евра, додека 7,6 милиони  евра ќе обезбедиат Државните Електрани, од сопствени средства. Од компанијата оптимистички најавуваат дека ветерниот парк во Богранци ќе продуцира струја доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства или вкупно 60.000 граѓани.

Данско-грчкиот конзорциум е должен да ја испорача, транспортира и монтира опремата, да ја  пушти во употреба и да се грижи за одржувањето на ветерниот парк.

„За својот прв ваков проект, АД ЕЛЕМ си постави за цел минимално годишно производство од 100 гигават/часови од ветерна енергија или приближно 2% од моменталното годишно производство. Пресметувањето врз основа на широко употребуваните турбини со инсталиран капацитет помеѓу 2 и 2,5 мегавати, големината на паркот на ветерни електрани од 50 мегавати е одредена за исполнување на оваа цел. Деталната евалуација на локацијата покажа дека оваа големина на паркот на ветерни електрани ја оптимизира употребата на достапниот простор и ветерните ресурси, а дека токму локацијата „Ранавец“ е најповолна за намената во однос на сите останати локации на кои поставивме мерни станици за движењето на ветерот“, објаснуваат од компанијата.

Ветерот е обновлив извор на енергија кој секогаш, има приоритет пред сите останати обновливи извори на енергија , кога е во прашање електроенергетскиот систем. Во случај на ветер, доволно силен за производство на струја, ветерниците имаат приоритет пред хидроцентралите. Енергијата од ветер допрва влегува во електро-енергетскиот систем на Македонија, но е добар доколку се јави потреба за балансирање на енергијата.

Државата сака монопол над ветерниците?!

Според законските и подзаконските акти, максимално дозволениот инсталиран капацитет за производство на струја од ветар, која ќе се откупува по субвенционирана тарифа, на цела територија на Македонија е 150 мегавати. Оттука, ако се реализира инвестицијата на Електрани на Македонија, за приватен инвеститор ќе остане многу мал простор за инвестирање и откуп на струјата по субвенционирана цена.

Глобалната стратегија за развој на енергетиката значи вклучување на алтернативни извори на енергија, кои што се еколошки и економски оправдани. Меѓународните протоколи и обврски за намалување на емисијата на јаглерод диоксид, според Кјото протоколот, и наложуваат и на Македонија да го зголеми еколошкото производство на енергија. До 2020 година, 12% од произведената енергија треба да потекнува од ветер.

Државните Електрани во случај на производство на струја од ветер во ноќните часови, ќе ги штедат хидроцентралите, а со тоа ќе чуваат дел од водата за производство на електрична енергија.

Првичните најави на ЕЛЕМ беа дека ветерниот парк ќе почне да се гради есента минатата година.

Дали државата има точни информации за движењето на ветровите?

Изградба на ветерен парк од 100 мегават-часови струја пред две години најавија и од Инвал Македонија, фирма-ќерка на шпанската компанија Инвал, која заедно со јужнокорејските Самсунг хеви индустри и Косеб, требаше да изградат 66 ветерници во Штипско, проект проценет на 180 милиони евра. Но, нивните најави се уште не доживејаа реализација.

Кибернетичарот Трпе Груевски вели дека државата малку прави за да привлече инвеститори во ветерниците. Тој објаснува дека Македонија е една од ретките земји кои немаат квалитетна карта за да го покажат движењето на ветровите.

“Сите мои иницијативи на овој план досега пропаднаа. Потребно е Македонија на 28 метереолошки станици да инсталира автоматски метеоролошки пунктови на височина од 60 до 100 метри, кои деноноќно, во период од една до три години, ќе ги мерат движењето и интензитетот на ветерот. На основа на овие податоци ќе се знае на која локација, височина и со кој капацитет би се граделе ветерници. Оваа карта ќе им помогне на инвеститорите за вложување во ваков вид енергија. Ова се главните причини зошто до денес нема развој на обновливите извори на енергија“, вели Груевски.

http://faktor.mk/archives/59171

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 09-Sep-2013 at 22:22
ВО СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ ПРИСТИГНАА ВЕТЕРНИТЕ ТУРБИНИ

Богданскиот ветер ќе засвети до крајот на годинава!


Струјата ќе биде доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства, односно 60.000 граѓани, а минималното годишно производство од 100 гигават-часови од ветерна енергија е приближно 2% од моменталното годишно производство

До крајот на годинава или почетокот на 2014-та, во Македонија ќе потечат првите киловати струја произведени од ветер, бидејќи во Богданци со забрзано темпо се реализира проектот со кој се очекува да никне првиот македонски ветропарк. Предвидено е да има 16 ветерници што ќе произведуваат чиста енергија од обновлив извор, односно ветерот ќе се користи како погонска сила.
Во моментов интензивно се работи на подготовка на темелите за поставување на ветерниците. Струјата ќе биде доволна да се снабдат околу 15.000 домаќинства, односно 60.000 граѓани, а минималното годишно производство од 100 гигават-часови од ветерна енергија е приближно 2% од моменталното годишно производство.

Како што велат од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), се работи со полна пареа и доколку се оди според предвидениот план и динамиката на реализација на проектот до крајот на овој месец или почетокот на наредниот ќе се почне со монтажа на ветерните турбини. При крај е и со изградбата на командната зграда, патот и трафостаницата на која ветерниот парк ќе биде приклучен. Ветерните турбини веќе се пристигнати, се наоѓаат во Солунското пристаниште, при што се чека да бидат транспортирани до Богданци.

Данско-грчкиот конзорциумот од Siemens Wind од Данска и Siemens AS од Грција треба да му ги испорачаат на ЕЛЕМ турбините на ветер за Паркот на ветерни електрани на локацијата Ранавец, кај Богданци. Конзорциумот има обврска, покрај испораката да ја транспортира и монтира опремата, како и да ја пушти во употреба. Дел од нејзините обврски се и грижата и одржувањето на паркот.

Се работи за квалитетни турбини произведени од германски бренд и се најдобри во својата класа, а нивната инсталирана моќност поединечно е 2,3 мегавати. Висината на столбот изнесува 84 метри, дијаметарот на елисата изнесува 93 метри, а вкупната инсталирана моќност ќе достигне 36,8 мегавати.

Финансиската конструкција за ветропаркот е 55,5 милиони евра, при што најголемиот дел се обезбедени со кредит од германската КфВ банка од 48 милиони евра и 7,6 милиони евра се обезбедени од сопствени средства, од Државните електрани.
За премиерот Никола Груевски, со реализацијата на овој проект се почнува ново поглавје во енергетската стратегија и портфолио на Република Македонија. Тој на поставувањето на камен-темелникот на ветропаркот посочи дека со изградбата на вакви паркови на ветерници, македонското стопанство ќе добие сигурен, обновлив, незагадувачки и долгорочен извор на енергија.

Според него, ваквата тенденција е неминовно потребна ако се имаат предвид високите цени на нафтата како енергенс, ограниченоста на природните енергетски суровини и делумно искористениот хидропотенцијал во земјава.
Локацијата нуди можност во иднина да се постават дополнителни ветерни турбини кои би го заокружиле проектот со инсталирана моќност до 50 мегавати.

Германија произведува 3.247 мегавати струја од ветер

Во земјите од ЕУ се повеќе се форсира производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како што се ветер, сонце и вода. Силата на инсталираните ветерници во земјите од ЕУ достигнува 6.247 мегавати, што може да ги задоволи потребите на 40 милиони Европејци. Ова производство претставува само 2% од инсталираниот енергетски капацитет на овие земји.
Годишно во овој сектор се прави обрт од 6,8 милијарди евра, а во него се вработени 95.000 стручни лица. Енергијата на ветерот најмногу се користи во Германија, Данска, Шпанија и Холандија. Во Германија инсталирани се 3.247 мегавати, што е за четири пати поголемо од вкупната инсталирана сила на РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Според податоците од Здружението на германската индустрија за производство на опрема за енергетско искористување на ветер (ВДМА Пауер Систем ), Германија заедно со Шпанија остваруваат над половината од европските инсталирани капацитети и произведуваат струја од ветер во износ од 86.076 мегавати. По нив следува тројката: Италија, Франција и Велика Британија. На списокот без капацитети на ветер" се наведени Исланд, Лихтенштајн, Малта и засега Македонија.

(В.Ма.)
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C03099F420675241887AC8DE822A93FF
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 10-Sep-2013 at 15:32
Работава ми постанува дегутантна. Проектот доцни со реализација, а се пуштаат спинови до тој степен што ќе треба да ги пречекаме турбините со ракоплескање на граница. Претеруваат со текстови што значат едно големо ништо!

Во изградбата на ветерници треба да се појави иницијатива од приватни компании, тие треба да го придвижат иницијатива со искористување на ветерот за производство на енергија. Во моментов, нема никаков конкретен проект, ниту пак најава за вакво нешто во блиска иднина.
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 10-Nov-2013 at 17:31

Претставници на компании од Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Грција и Германија, кои учествуваат во тендерската постапка за изградба на ветерниот парк во Богданци, ги посетија двете мерни станици лоцирани на местото викано Ранавец, каде треба да биде изграден ветерниот парк со 16 турбини

Предлагач и инвеститор на проектот „Парк на ветерни електрани-Богданци“ е АД „ЕЛЕМ„ – Електрани на Македонија, во соработка со германската „KFW“ Банка која учествува во финансирањето на проектната реализација, а консултантските услуги се доверени на германската компанија „Fichtner“.

Меѓународниот повик за избор на изведувачи опфаќа два тендера, едниот е за избор на изведувачи за изградба на далеководот Валандово-Богданци, а другиот за изградба на ветерните турбини.

Од квалификуваните понудувачи во посета на Богданци пристигнаа претставници од сите компании кои влегле во потесниот круг за избор на најповолен понудувач.

Оние понудувачи кои аплицирале за изградбата на далеководот Валандово-Богданци направија обиколка и од страната на Валандово.

Пред непосредниот избор на најповолен изведувач на работите за изградба на ветерниот парк, вчера во Богданци пристигнаа и претставници од Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија претставувано од Ангела Ецкерт, претставничка за Македонија и Албанија, како и Силке Паулвиц, главна менаџерка на „KFW“ банката за развој за Македонија, Косово и Албанија.
http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=450


добро ова кај смрдлива вода ли е!?

Originally posted by axel




HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 12-Nov-2013 at 22:18

Првата ветерница пристигна во паркот на ЕЛЕМ во Богданци

Денеска и официјално стартува транспортот и монтажата на првата ветерна турбина од ветерниот парк Богданци, инвестиција вредна над 55 милиони евра.

Конвојот со 10 камиони натоварени со над 330 тони утрово тргна од солунското пристаниште кон локацијата на новата централа. Во специфичниот транспорт само возилото кое ја пренесува гондолата каде е сместен генераторот тежи 85 тони.

Според предвидената динамика неделно на локацијата ранавец ќе бидат качувани по две турбини до комплетирање на сите 16 колку што се предвидени со проектот.

Генералниот директорот на електрани македонија, Бошковски за Сител вели дека од овој нов капацитет ќе се обезбедува електрична енергија за 60 илјади граѓани.

Ветерниот парк Богданци ќе го зголеми учеството на производството на струја од обновливи извори. Инсталираната моќност ќе изнесува 36,8 мегавати или годишно производството ќе изнесува 100 гигават часови енергија.

Засега комплетно се завршени контролната зграда и основите каде ќе се поставуваат турбините. По нивната монтажа се очекува најдоцна до март електраната да биде пуштена во употреба и приклучена на електропртеносната мрежа

Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 12-Nov-2013 at 23:16
Видов денеска на граница Богородица, транспортери, и тоа огромни кои превезуваа делови за ветерница ...

и тоа мислам дека имаше ТИТАН на столбот залепено.

Во контекст на оваа вест погоре.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1139
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 13-Nov-2013 at 22:04


Еве овде неколку поквалитетни слики.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 12199
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 13-Nov-2013 at 23:15


1


2


3


4

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13357
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 22-Jan-2014 at 09:07
Паркот на ветерни електрани „Богданци“ е при краj

При крај е изградбата на паркот на ветерни електрани „Богданци“. Во ноември од пристаништето во Солун, преку граничниот премин Богородица, почна транспортот на компонентите на ветерните турбини. Денеска пристигна последниот камион со опрема. Најголем дел од ветерниците веќе се поставени.



На локацијата Ранавец кај Богданци овие денови завршува монтажата на 16-те ветерници. Ветерниот парк се очекува да биде ставен во функција најдоцна до март, најавуваат од АД ЕЛЕМ.



Турбините се производство на Сименс од Данска и се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја турбина е 2,3 MW, висината на секој столб е 84 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри.



Паркот на ветерни електрани почна да се гради минатата година во мај. Проектот „Богданци“ предвидува изградба на 16 ветерни електрани кои се очекува да испорачуваат околу 100 GWh природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинства на 60.000 граѓани на Република Македонија. Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во производството на АД ЕЛЕМ.



Во овој проект вреден 55,5 милиони евра, заемот од Владата на Германија преку КФВ банката изнесува 47,9 милиони евра, додека 7,6 милиони евра веќе обезбеди АД ЕЛЕМ од сопствени средства.









http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/parkot-na-veterni-elektrani-bogdanci-e-pri-kraj-fotogalerija#11
За сè има вторпат
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 22-Jan-2014 at 12:32
Прво БРАВО што конечно се реализира оваа идеја во Македонија, иако имаме капаците за многу ветерни паркови низ земјава. Али како човек да не го искритикува следново (искрено претходно не бев заинтересиран како иде финансирањево):
- земаат кредит од 47,9 милиони евра
- а у исто време МЕПСО ќе дава 10 милиони за фасада!!!!!
Ок, не се исти фирми, ама не дека не може преку државни извори пари од МЕПСО да протечат у ЕЛЕМ и уместо за нерентабилни глупости, тие пари да се инвестираат во вакви проекти.
23ka.wordpress.com
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 650
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 22-Jan-2014 at 14:22
знам дека водам изгубена битка, но да не остане без коментар (иако испаѓам дежурен критичар за оваа тема).

Се е кажано во текстот горе освен еден податок -КОЛКУ ќе чини еден КвЧ? и кој ќе ја плати разликата? Дали ЕВН/ЕЛЕМ, буџетот на РМ, домаќинствата или индустријата (иако не верувам бидејќи количеството на струја е релативно мало па нема да има влијание во вкупната маса)?
Додека е само овој ветро парк нема да има големи проблеми (барем се надевам), имаме неколку ветерници колку за имиџ, но ДА НЕ СЕ ГРАДАТ други!!!
Џабе ќе се потрошат големи пари-а и тие се од кредит што е посебна тема, тие пари ќе отидат во Сименс и слични, ќе ќарат и пар лоби групи а струјата ќе биде прескапа!
За Македонија, барем додека сме на ова економско ниво, само јагленот е опција
Back to Top
Еден Дечко View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2013
Online Status: Offline
Posts: 277
  Quote Еден Дечко Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 22-Jan-2014 at 14:32
Честитки и од мене за успешната реализација на проектот.
Back to Top
marko.kostoff View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 104
  Quote marko.kostoff Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 22-Jan-2014 at 22:36


Edited by marko.kostoff - 29-Jan-2014 at 20:08
Back to Top
Еден Дечко View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2013
Online Status: Offline
Posts: 277
  Quote Еден Дечко Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 23-Jan-2014 at 01:47
Убаво изгледаат, би било одлично кога во летниот период некој би се досетил да направи некоја добра тура пејсажни фотографии, штознам на зајдисонце. Од естетски аспек на нас ни се секако интересни со оглед на тоа дека до сега не сме имале ваков тип на проекти.
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 23-Jan-2014 at 04:27
Па да, за ветерница ќе ти дадат пари од ЕБОР, да не ќе ти дадат за гасна централа.
50% од времето ако се вртат јас сум задоволен.

Ич не сакам ветерници, скапи се, не се вртат, безвезни се.
РЕК не работи со полн капацитет, опаѓа капацитетот секоја година, а и векот колку што разбрав му е уште 20тина години, а ние трошиме милиони на ветерници.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7449
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 23-Jan-2014 at 16:12
Originally posted by N23

Прво БРАВО што конечно се реализира оваа идеја во Македонија, иако имаме капаците за многу ветерни паркови низ земјава. Али како човек да не го искритикува следново (искрено претходно не бев заинтересиран како иде финансирањево):
- земаат кредит од 47,9 милиони евра
- а у исто време МЕПСО ќе дава 10 милиони за фасада!!!!!
Ок, не се исти фирми, ама не дека не може преку државни извори пари од МЕПСО да протечат у ЕЛЕМ и уместо за нерентабилни глупости, тие пари да се инвестираат во вакви проекти.
мене ми е сомнителна сета таа работа... пишано е официјално дека фирми како МЕПСО и ЈСП плаќаат за фасади и тркала и што се не, ама парите бог знае чии се... чисто прикривање колку да нема критика дека државата фрла пари на фирми и фасади
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.