build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Бетон (седиште на ВМРО-ДПМНЕ)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 773
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 24-Aug-2016 at 15:58
Задната третина се соѕидува и се поставува фасада на овој објект



Edited by mirakuliks - 24-Aug-2016 at 15:59
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 488
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 06-Oct-2016 at 20:27
Robbi-MKD да го консултирам дали оваа сала(на видеото) што последно често се појавува на по медиуми е во новото седиште на гујо?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11442
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 01-Nov-2016 at 22:17
ИСТРАЖУВАЊA

Како жолтата зграда прерасна во неокласичен дворец

Школски пример за тоа како со малку пари и со неприкосновена политичка моќ може да се дојде до голем имот

Автор: Владо Апостолов

Објавено на 01 ноември 2016


Власта носи привилегии, апсолутната власт, пак, носи голем имот. Вака некако може да се преформулира позната максима на англискиот историчар Лорд Ектон во случајот со ВМРО-ДПМНЕ и со нејзиното ново, поголемо и накитено седиште во центарот на Скопје.

Денес тоа здание личи на неокласичен дворец, кој блеска со сите свои осум ката плус спорната тераса, буквално стуткан во триаголникот меѓу сивите остроаголни згради на хотелот „Бест вестерн“ и онаа на „Технометал-Вардар“.

Трагајќи по тоа како препознатливата жолта трикатница на ВМРО-ДПМНЕ се претвори во габаритен објект висок 29 метри, стигнавме до заклучок дека новото седиште ќе беше само нечија замисла, доколку партијата не ги поседуваше сите лостови на власта.

Приказнава е школски пример за тоа како со малку пари и со неприкосновена политичка моќ може да се дојде до голем имот.

Платиле по 110 евра за квадрат

ВМРО-ДПМНЕ управуваше со центарот на градот уште од самиот почеток на милениумов, меѓутоа дури откако партијата се зацврсти на централно ниво во 2007, советниците во општината Центар ги утврдиле границите на денешново здание.

Тогаш за прв пат по 1997 година го смениле деталниот урбанистички план (ДУП) и околу жолтата трикатница, која зафаќаше 200 квадратни метри, нацртале нова градежна парцела со површина од околу 1.200 квадрати.

Според овој ДУП, првичната идеја била таму да подигнат нова шесткатница со канцеларии, висока 25 метри и со габарит од нешто помалку од 700 квадрати, меѓутоа за да можела партијата да се шири и да се извишува, прво требало да ја регулира сопственоста врз земјиштето.

Целата градежна парцела се простирала врз државно земјиште и според официјалните документи уште на почетокот од наредната 2008 Катастарот ги земал работите во свои раце, прекројувајќи и спојувајќи парцели, така што ВМРО-ДПМНЕ можела потоа со еден договор во пакет да ја купи целата земја.

Тоа се случило веќе наредната 2009.

Таа година во јуни Миле Јанакиески во име на Министерството за транспорт и врски ѝ го продал целото земјиште на ВМРО-ДПМНЕ по пат на непосредна спогодба. Од страната на партијата овој договор го потпишал Мартин Протоѓер во улога на тогашен генерален секретар.

Со други зборови, ВМРО-ДПМНЕ од државата што ја водела самата партија купила две парцели, онаа под жолтата зграда и поголемата околу неа, со вкупна површина од 1.241 метар квадратен или речиси колку што изнесува градежната парцела за новото седиште. Партијата го купила земјиштето за нешто повеќе од 130.000 евра, односно приближно за 110 евра по квадрат.

Тоа е цена која е далеку пониска од пазарната во најатрактивната општина во Македонија, бидејќи истото Министерство за транспорт и врски во центарот на Скопје наредната 2010 година продаде државно земјиште на јавна аукција за 3.000 евра по квадрат.

Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ го искористила Законот за градежно земјиште, поточно одредбата која вели дека сопствениците на легалните објекти може да ја приватизираат целата градежна парцела со договор во четири очи според цените што ги одредува Владата.

Ова се впрочем и единствените пари што ВМРО-ДПМНЕ ги вложила за изградбата на новата зграда, бидејќи подоцна го ангажираше „Бетон“ – АД Скопје како коинвеститор.

Партијата го даде земјиштето, компанијата го градеше објектот.

Им се брзало за дозвола за градење

Откако ВМРО-ДПМНЕ го пазарила земјиштето, објектот почнал да се шири и да расте во височина.

Во наредните години со неколку промени на ДУП-от за Мал ринг, габаритот на објектот пораснал од почетните 700 квадрати на околу 1.200 или колку што е целата градежна парцела, скокнал од 25 на 29 метри со што се зголемил и бројот на катови од шест со приземје на осум со приземје и поткровје на кое подоцна му е доградена и тераса.

Па така летото 2012, ВМРО-ДПМНЕ преку весниците бараше коинвеститор што ќе изгради објект од два дела, кои ќе имаат посебни влезови и откако ќе финишира градењето, фирмата ќе биде обврзана едниот дел да ѝ го отстапи на ВМРО-ДПМНЕ по принципот „клуч на рака“.

И додека траеле подготовките за новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ, се случија локалните избори на кои партијата по повеќе од една деценија ја изгуби власта во општината Центар.

И за време на изборите поради скандалот со гласачите од Пустец, меѓутоа посебно по „бомбите“ на Зоран Заев и по истрагите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), се дозна дека ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се трудела да не ја изгуби оваа општина, а подоцна кога сфатила дека тоа е невозможно со сите усилби го одложувала предавањето на локалната самоуправа избоксувајќи втор и трет круг на изборите.

Токму меѓу вториот и третиот круг на гласањето во општина Центар, на 10 април 2013 администрацијата на градоначалникот во заминување, Владимир Тодоровиќ, на ВМРО-ДПМНЕ ѝ издала одобрение за градба на седиштето. Со тоа законски го покрила и обезбедила градењето на новото седиште и практично се спасила од ревизијата на урбанистичките планови, кои новиот градоначалник Андреј Жерновски се обиде да ја спроведе.

Има уште еден проблем со актуелната градежна маркичка на ова партиско седиште.

Она што е спорно од аспект на процедура е тоа што маркичката за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2012 добила преширока ознака Б, објект за комерцијални и деловни намени, а не поконкретна ознака Б4 – деловни простории или Б5 – хотел.

Правилникот за урбанистичко планирање на Министерството за транспорт и врски, кој има сила на подзаконски акт, не дозволува во деталните урбанистички планови вака прешироко да се обележуваат градежните маркички туку стриктно бара да се дефинира нивната конкретна намена, хотел или, пак, деловни простории.

Проблемот е во тоа што ВМРО-ДПМНЕ на овој начин била привилегирана да гради што сака во доменот на она што спаѓа под комерцијални и деловни објекти, а таа привилегија ја немаат другите организации, фирми и граѓаните.

За крај, вреди да се спомне дека скопски „Бетон“, кој со свои средства го изгради новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ врз земја што партијата ја купи по повластена цена, е градежната компанија што доби третина од парите наменети за изградба на „Скопје 2014“, дури 215 милиони евра до сега.

Таа е прва на листата фирми што добиле најмногу пари од проектот што го водеше ВМРО-ДПМНЕ преку Владата и преку општината Центар.

http://prizma.mk/kako-zholtata-zgrada-prerasna-vo-neoklasichen-dvorets/
За сè има вторпат
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 488
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 01-Nov-2016 at 22:59
Најлошиот дел од сето ова е што по читањето на анализава, не се осеќам изненаден или напизден... Едноставно како да си прочитав сиже на IMDb.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11442
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 14-Nov-2016 at 00:08
Skopje by Carsten Bartmann, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3323
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 06-Dec-2016 at 12:31
ВМРО-ДПМНЕ – Како изгледа седиштето на најбогатата партија во Европа

Внатрешноста на новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не беше изложена за очите на јавноста. Партијата строго контролира кој влегува, а кој излегува. Таму не се одржуваат прес-конференции, а на оние кои влегуваат не им е дозволено да ги понесат мобилните телефони. Накусо, ВМРО-ДПНЕ има обезбедување посилно и од она на Американската амбасада. Сепак, на фан страницата на Фејсбук на „Странски служби“ (саркастично име на група индивидуалци кои на комичен начин прават осврти на актуелните политички случувања) се појавија оригинални фотографии од седиштето на партијата. Претходно, НОВАТВ објави фотографии од дел од уметничките слики кои се поставени на ѕидовите во седиштето, додека СКУП објави дека ВМРО-ДПМНЕ е најбогатата политичка партија во Европа, побогата и од онаа на германската канцеларка Ангела Меркел.

Повеќе на: http://novatv.mk/vmro-dpmne-kako-izgleda-sedishteto-na-najbogatata-partija-vo-evropa/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1316
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 22-May-2017 at 12:07
Ристоска: Бараме замрзнување на зградата на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени се и генералните секретари

...Ќе бараме замрзнување на дел од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, имотот на партијата не се користи само за целите на партијата, има имоти кои се пасишта. Има 12 барања, во просек по 3 имоти, ваквиот имот имаме докази дека е предмет на кривично дело, Ќе се бара замрзнување на имотот на партиската зграда”, рече Ристоска...

http://a1on.mk/archives/742455
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.