build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хотел Бетон (седиште на ВМРО-ДПМНЕ)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 624
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 30-Jan-2021 at 17:29
Се најдовме негде... 😊

Edited by vladegf - 30-Jan-2021 at 17:29
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 30-Jan-2021 at 22:42
Originally posted by user8642

Српсково влијание во македонски јазик е сосема нормална појава и Е дел од македонскиот јазик. Како што се англицизми, турцизми, и секакви други влијанија......


Така е, се согласувам со сѐ што кажа во овој дел! Инаку тие зборови кои ги нарековте „србизми“ се нормална појава не поради врската со Белгра, туку бидејќи голем дел од Северот со центар во Куманово (на наша територија) се дел од Торлачкиот дијалект или говорно подрачје каде се дели ист или сличен вокабулар а граматиката подлежи на падежи.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D1%80%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82

#TheMoreYouKnowTheBetter
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 30-Jan-2021 at 22:42
Originally posted by user8642

Прифатете ја Северна и поздравете го преспански договор, едноставно е, ставете се на линија на нормалниот свет, доста инат! Зградата преку ноќ ќе стане културно наследство, може и некој дипломат ќе ви влезе у неа. А тогаш може и ќе се изгради консензус за спречување на лудолото околу треска!

Ме интересира во која смисла да го прифатиме? Дали треба како некој дебил во приватните разговори, при комуникација со семејството да користам "Северна"? При пополнување формулари или еве како што некои ликови почнаа во коментарите на фејсбук да употребуваат "Северна"?
Од друга страна Северна е реалност и така ќе биде долго време, но тоа не значи дека поединецот треба како некој бот да прифати се што ќе му се наложи, барем во приватниот живот, штом веќе е ограничен во формалниот.
Ако така лесно се менуваше идентитет, досега како на копче ќе не вклучуваа и исклучуваа, но не е така, па сметам дека треба да продолжи таа пркост на народот во врска со Северна, пркост не толку кон придавката (мене лично Северна не ми смета, туку другите членови од договорот), туку спрема ограниченоста да се користи "македонско", симболите и правото да се заштити своето малцинство во соседните земји (да му се обезбедат основите права).
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 30-Jan-2021 at 22:56
Па да се прифати во смисла дека прво партиските функционери и органи ќе го користат и нема да се дава ниаккви дипломатски сигнали дека некој кога ќе дошол на власт ќе го укинел договорот што е дел од меѓународното право врзано за државата Македонија. Дека нема никој да дава сигнали дека ќе направи нешто што ќе ја стави државата на курс да добие санкции од совет за безбедност, ете во таа смисла.

Второ, незнам каков ти е овој рецепт, сам викаш дека Северна е реалност, ама народот ќе пркосел по дома. Кое е тоа лудило, што треба сите да станеме подвоени личности?

Ете затоа македонците како народ имаат слаба позиција, и му се случува и Сарај, и Тикток, и Мавровка и све. Кога сите македонски партии ќе дадат јасен сигнал дека водат политика согласно меѓународното право и согласно интересите на сили кои го владеат овој простор, е тогаш ќе биде јака позицијата на Македонците, а тоа подразбира целосна поддршка зад договорот од Преспа.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 30-Jan-2021 at 23:25
Не знам што не сфаќаш, јас не можам да спречам на мојот пасош/извод да пишува Северна, но можам да останам на своите сфаќања во врска со мојот идентитет и слободно да го негирам новиот, политички создаден северномакедонски идентитет. Зарем не е пркосење ако во дворот вееш 16 крако сонце, сметаш дека во Грција и Тугарија има илјадници Македонци без основни права, сметаш дека не си создаден од некого во 19/20 век?
North Macedonian се користи се повеќе, иако спротивно на Преспанскиот договор, но очигледно нечија агенда успешно поминува.
Јас сум за развој на ова заостанато општество, за европски вредности и интеграција, но како кога Европа сама се посерува на своите принципи? За жал, Балканот е такво место што може да раскара и поголеми играчи и не сметам дека ние сме кривецот за тоа. Не за џабе Британците одамна го имаат измислено терминот Balkanization, па дури и во филм го имаат употребено.
На крај, Мицко секако дека нема да направи подобро, туку само ќе ја искористи ситуацијата на сменето име и ќе продолжи со веќе чуените демагогии, па можеби Уругвај стил власт на чело со Левица е најдобра опција каде што секој ќе пафка и ќе кулира.
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 30-Jan-2021 at 23:45
Originally posted by JovanOdGjorche



Така е, се согласувам со сѐ што кажа во овој дел! Инаку тие зборови кои ги нарековте „србизми“ се нормална појава не поради врската со Белгра, туку бидејќи голем дел од Северот со центар во Куманово (на наша територија) се дел од Торлачкиот дијалект или говорно подрачје каде се дели ист или сличен вокабулар а граматиката подлежи на падежи.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D1%80%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82

#TheMoreYouKnowTheBetter

Поголемо српско влијание има после 1945 и воглавно е поврзано со зборови од индустријалистички карактер. Пред тоа е дијалект дечки, македонски дијалект.
И ова "ваљда" и "јебига" кои често ги користам, но јбг не само србизми, нашиот јазик е богат и со други "изми".
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 31-Jan-2021 at 08:31
Лелеј во лингвистика и меѓународни односи забегала темава

Јас само ќе кажам дека србизмите и српската пропаганда која е всупност најсилна во Македонија,се најголемото ЗЛО што му се случува на овој народ и после 30 години "независност". Викате за Северна како ќе се навикнел народот а не размислувате како ќе се одвикне од Пинкове ѕвездице,Ѕвезде гранда,Реља меља,цеца стапов....дур не излезе овој народ психички од таа мочана југославија нема никогаш да напредне ни да се збилижи со другите соседи,барем еден нормален однос и економска соработка може и мора да имаме со сите.
Тука исто би ја посочил и архитектурата со која е уништено и се држи под ланец Скопје,комунистичко/бруталистичкиот РАК кој никој нејќе да го каже на глас затоа што ќе добие етикета дека го мрази сКуПјанцЕ или не ја цени неговара архитектура....која архитектура гол бетон ?? Да не го ценам тоа,го презирам и го презирам она што таа архитектура симболизира !

Од тука и околу Бетон една реченица,подобро да го завршеа барокно отколку да чмае вака како ругло,истото важи и за објектите на плоштад и фасадата на зградата до Пелистер,се надевам дека оваа влада колку и да трае ќе се победи сама и свооите несреќни изјави,закани и ветувања и како по кеј ќе продолжи низ цел град да ја менува мрачната бедна социјалистичка архитектура,ако не во барок барем во нешто модерно.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 31-Jan-2021 at 10:51
Originally posted by David



Јас само ќе кажам дека србизмите и српската пропаганда која е всупност најсилна во Македонија,се најголемото ЗЛО што му се случува на овој народ и после 30 години "независност". Викате за Северна како ќе се навикнел народот а не размислувате како ќе се одвикне од Пинкове ѕвездице,Ѕвезде гранда,Реља меља,цеца стапов....дур не излезе овој народ психички од таа мочана југославија нема никогаш да напредне ни да се збилижи со другите соседи,барем еден нормален однос и економска соработка може и мора да имаме со сите.


Е дојде и тој ден да се согласам со тебе Како што цел свет има културна пропаганда од Холивуд (што воедно е една од главните причини зошто англискиот стана јазик за меѓународна употреба, заедно со фактот што Британците го раширија на сите континенти), така и ние од 1945 примаме некакви српско-хрватски влијанија. Како е нормално просечниот Македонец да знае повеќе хрватски и босански глумци, пејачи и новинари (Тарик Филиповиќ anyone?) отколку бугарски? Ајде за грчките и албанските, друг јазик друга култура, ама и покрај апсурдноста на бугарските тврдења (и фактот што нивната телевизиска понуда е исто лоша како српската), сепак нашите навики не ни одат во прилог. Имаме и тоа како влијанија од север!

Па до ден денес половина Македонци пишуваат на латиница - фаќаат белешки на латиница со ливче и стило, пишуваат на излози, и тврдат упорно дека имало македонска латиница оти ја учеле во трето одделение.


Originally posted by JovanOdGjorche

Originally posted by user8642

Српсково влијание во македонски јазик е сосема нормална појава и Е дел од македонскиот јазик. Како што се англицизми, турцизми, и секакви други влијанија......


Така е, се согласувам со сѐ што кажа во овој дел! Инаку тие зборови кои ги нарековте „србизми“ се нормална појава не поради врската со Белгра, туку бидејќи голем дел од Северот со центар во Куманово (на наша територија) се дел од Торлачкиот дијалект или говорно подрачје каде се дели ист или сличен вокабулар а граматиката подлежи на падежи.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%BE%D1%80%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82

#TheMoreYouKnowTheBetter



Јасно ни е што е торлачки дијалект, а јасно ни е и што е јазичен континуум. Токму затоа Заев кажа дека струмичани зборуваат исто како луѓето во Петрич, ама се побуна народот тоа не можело, ама кумановци и врањанци можело, тоа било cute. Ете ја хипокризијата кај народот кој не сака да ја согледа реалноста.




Originally posted by Marxentric


Поголемо српско влијание има после 1945 и воглавно е поврзано со зборови од индустријалистички карактер. Пред тоа е дијалект дечки, македонски дијалект.
И ова "ваљда" и "јебига" кои често ги користам, но јбг не само србизми, нашиот јазик е богат и со други "изми".


А за тоа како се зборувало во Скопје, гледајте видео од 60-тите и 70-тите, и слушнете ги вашите баби и дедовци (пред 90-тите, пред да излезе Ране, пред белградските дизелаши), и после кажете ми колку звучи како вашиот денешен „дијалект“ како што го викате. Нормално е да има примеси, сепак е јазичен континуум, но србизацијата е непобитен факт во секоја сфера - не сме имале зборови за многу многу нешта (и до ден денес ги немаме). Да сме биле споени со Бугарија, ќе ни биле руско-бугарски некои технички термини.

Edited by гитардемон - 31-Jan-2021 at 10:57
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 1761
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 31-Jan-2021 at 15:33
@Marxcentric незнам зошто упорно одредени поголеми делови од народните маси во Македонија сеуште неможат да разберат дека не е создаден никаков нов Северномакедонски идентитет. Дека не постои никакво поедначување на Северна Македонија со македонскиот народ и дека промена на едното не повлекува промена на другото. Дури и да е создаден, а не е, е во корист на Македонците, заради тоа што сите 2 милиона во Македонија ќе бидат прикажани како северномакедонци, а нормално е во таков идентитет да издоминираат внатрешно словенските македонски одлики како јазик, традиции, и слично.

Србизацијата во Македонија или Југословенизација и слични будалаштини далеки се од само завршени историски процеси и ниту па само се случуваат заради интересите на Србија како држава. Видете денес што се случува. Бугарија, Грција, ЕУ, УСА, и кој све не ја оставија Македонија на ветрометина да може Вучич да изиграва Тито со 8000 вакцини, којшто патем и тие не се сеуште стигнати, а луѓево во МК пред пропагандата се удебети дека Србија ни помогнала, иако и тие вакцини сеуште ги нема. Значи не е само да Србија сака, него и може зашто другите ја оставија државава Македонија до потпаѓа под источњачки влијанија.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 17-Sep-2021 at 15:12
НЕДОГРАДЕНИОТ ХОТЕЛ НА БЕТОН КАЈ ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СЕ ПРОДАВА: Компанијата бара купувач и за други два хотели



Градежната компанија Бетон планира да ги продаде хотелот во Стар Дојран, хотелот во изградба во Скопје и хотелот Аура во Охрид. Компанијата планира оваа одлука да се усвои на Седницата на Собранието на акционери која ќе се одржи на 18 октомври.

Продажбата на хотелот Бетон во Стар Дојран е зделка со заинтересирана страна што значи дека веќе има купувач. Во предлог одлуката за продажба пишува дека станува збор за компанијата РЕПРО 21 ДООЕЛ од Скопје. Се продава за 1,1 милион евра без вклучен ДДВ, односно 1.298 милион евра со ДДВ.

За хотелот во Скопје и за хотелот Аура во Охрид одлуките за продажба ќе се донесат на Собранието на акционери.


Хотел Аура се наоѓа на Свети Стефан и е со вкупна површина од 3.525 квадратни метри

Инаку за хотелот во Дојран лани во октомври беше донесена одлука за продажба.

Хотелот пак кој ГП „Бетон“ во 2013 почна да го гради до белата палата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, неколку години стои како карабина. На оваа локација во строгиот центар на градот нема никакви градежни градежни активности. Хотелот е со деловен центар во изградба, кој се гради на основа од 776 квадратни метри.

https://faktor.mk/nedogradeniot-hotel-na-beton-kaj-vmro-dpmne-kje-se-prodava-kompanijata-bara-kupuvach-i-za-drugi-dva-hoteli-
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 131415

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.