build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Палата Лазар Поп Трајков (спроти Хотел Бристол)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 5>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Палата Лазар Поп Трајков (спроти Хотел Бристол)
    Posted: 17-Nov-2011 at 21:36
Владата ќе ги смести административците на улица Македонија


Владата денеска објави оглас за избор на идејно решение за изградба на административна зграда на улица Македонија, спроти хотелот „Бристол“, објект предвиден со Деталниот урбанистички план на општина Центар, кој го опфаќа делот од Стара железничка до Републичкотo Собрание.
Конкурсот бара идеја за објектот наречен „Јавна администрација – Државни институции“, во кој ќе бидат сместени Централниот регистар на РМ, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија, Регулаторната комисија за енергетика, Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давател на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ, Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката – Скопје и Фондот за осигурување на депозити.
Во конкурсот е предвидена прва награда и два откупа. Првонаградениот ќе добие 550.000 денари, а за двата откупа се резервирани 450.000 и 300.000 денари.
Рокот за пријавување е до 9 јануари 2012 година.

Б.И.
http://www.time.mk/read/NONE/84750933d1/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Jan-2012 at 00:18

Седум идеи за десеткатницата спроти „Бристол

Зградата ќе почне да се гради летово, ќе ја финансираат сите институции што ќе се сместат во неа

Деспина Трајковска


Седум идеи се во игра околу изгледот на фасадата на десеткатницата што ќе се гради спроти „Бристол“ во која ќе се сместат седум владини институции. Никој се' уште не знае дали некоја од предложените фасади е стилска, или модернистичка, бидејќи во повикот за идејното решение не се инсистираше на одреден стил. Но, со оглед на тоа дека беше укажано фасадата да се вклопи во планираниот амбиент на соседните објекти, а токму во непосредна близина за свои потреби ЕЛЕМ ќе ја гради другата десеткатница во стил на класицизмот, извесно е дека и овој објект ќе биде стилски.

Сепак, како точно ќе изгледа зградата во која ќе се смести половина влада, ќе се знае за најмногу два месеца. Од Службата за општи и заеднички работи до тогаш очекуваат да се избере конечното решение. Велат дека утре комисијата ќе почне со отворање и разгледување на пристигнатите трудови.

„Сметаме дека за месец до два ќе биде донесен конечен заклучок. Потоа ќе следи период на изготвување на проектите, тендерирање за изведувач и другите потребни процедури. Очекуваме со изградба на објектот да се почне најдоцна до почетокот на летото“, вели Васе Доневски, директор на владината служба.

Доневски објаснува дека владината служба е задолжена да ги заврши процедурите за избор на изгледот на фасадата, изработката на проектот, да најде изведувач и да ја обезбеди градежната дозвола, додека, пак, институциите што ќе се сместат во зградата ќе инвестираат во објектот. Предвидено е во десеткатницата работни простории да има за Централен регистар, за Комисијата за хартии од вредност, за Агенцијата за супервизија, за Регулаторна комисија, М-НАВ, а дел од објектот ќе биде резервиран и за АД за станбен и деловен простор и за Фондот за осигурување на депозити.

Веднаш до неа, во другата десеткатница сопствени канцеларии ќе има ЕЛЕМ. И тие се во потрага по изглед на фасада на објектот која е планирано да биде во стилот на класицизмот.

Инаку, маркиците за двете згради беа нацртани со последната корекција на предметниот ДУП. Тој предвиде и изградба на катна гаража во непосредна близина. Иако јавноста, а пред се' граѓаните од овој реон реагираа на урбанистичките замисли, сепак, Општина Центар не се премисли во намерите. Во моментов се чека исходот од граѓанската иницијатива поднесена до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на урбанистичкиот план.

Избор од 11 решенија за катната гаража

Фасадата за катната гаража што треба да се гради во непосредна близина на двете десеткатници, на паркингот кај „Автомакедонија“ ќе се избира меѓу 11 предложени идеи. Толку идејни решенија се доставени до Министерството за транспорт и врски кое е задолжено да ги истера постапките за овој објект. Во јавниот повик не се инсистираше на одредени услови за изгледот на фасадата, но беше потенцирано таа да биде во согласност со околните планирани објекти. Иако од Министерството не планираат да ја градат катната гаража, сепак, договорено е тие да го изберат нејзиниот изглед.

„Ние ќе ја избереме фасадата за потенцијалниот инвеститор да не отстапи од изгледот на околината. Потоа парцелата ќе ја понудиме на продажба“, информираа од Министерството за транспорт. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BCE9B2B42562514C968F3907F8941836
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6990
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Jan-2012 at 00:20
сакаат да кажат дека објектот на гаражата почнале да го градат без позната фасада???

едит: мала збунка, дека се спомнуваше близина на бристол, мислев дека се работи за оваа локација
41°59'35.14"N
21°25'43.07"E


Edited by zabegan - 11-Jan-2012 at 02:02
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Superman View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote Superman Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 11-Jan-2012 at 01:53
„Ние ќе ја избереме фасадата за потенцијалниот инвеститор да не отстапи од изгледот на околината. Потоа парцелата ќе ја понудиме на продажба“.

Значи уште не е почната изградбата, не се ни знае кој ќе биде инвеститор. Најверојатно си се помешал со гаражата што се гради преку улица, кај стариот цветен пазар.

Патем, зошто побогу две катни гаражи на толку мало растојание и од кај излезе сеа и оваа кај паркингот кај Автомакедонија?!

Edited by Superman - 11-Jan-2012 at 01:54
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Mar-2012 at 12:31
Германска фирма ќе го прави панорамското тркало

...

Деновиве службата за општи и заеднички работи склучи договор и со архитектите Лазар Димов, Никола Стакинов и Живка Христова за идејно решение за една од зградите што ќе се градат во зеленилото спроти хотелот „Бристол“. Во зградата ќе бидат сместени повеќе државни агенции и акционерски друштва.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=361292773&id=14&prilog=0&setIzdanie=22523

Edited by Cloverstack - 06-Mar-2012 at 21:51
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Mar-2012 at 12:51

На лето ќе почне изградбата на зградата спроти „Бристол“

Новата административна зграда што ќе се гради во зеленилото спроти хотелот „Бристол“ ќе биде во стил неокласицизам, а е дело на тимот од тројца архитекти: Никола Стакинов, Лазар Димов и Живка Христова.
- Главниот проект би требало да биде готов за еден месец, а ќе го прави фирмата „Неимар инженеринг“. После тоа, од јуни или евентуално јули, зградата би требало да почне да се гради - вели Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Изградбата на дваесет и девет метарскиот административен објект ќе ја финансираат седумте институции кои ќе бидат сместени во неа, односно Централниот регистар, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија, Регулаторната комисија, М-НАВ, како и дел од АД за стопанисување со станбен и деловен простор и Фондот за осигурување на депозити. Владината Служба за општи и заеднички работи е задолжена само за изборот на идејното архитектонско решение, изработката на проектот, тендерот за изведувач и за обезбедување градежна дозвола.
Носењето на ДУП-от кој ги предвидува овие две згради, предизвика лавини негативни реакции кај граѓаните, но и кај стручната јавност, која обвини дека двете нови згради се продолжување на дехуманизацијата на градското централно подрачје и узурпација на просторот за домување и на зелените површини.

http://www.plusinfo.mk/vest/36479/Na-leto-kje-pochne-izgradbata-na-zgradata-sproti-Bristol

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 24-Apr-2012 at 14:31
Се испитува ваљда земјиштето или за што и да служи овој камион, за новите објекти спроти хотел Бристол

23ka.wordpress.com
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4673
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 24-Apr-2012 at 18:59
Се гледа дека дрвцава се скоро засадени... Треба да ги пресадат на некое друго место... наместо да ги уништат...
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 25-Apr-2012 at 11:47
steta sto ke se unisti toa parkce tamu
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Nov-2012 at 22:50

Барокната административна зграда ќе чини 14 милиони евра

Во објектот ќе инвестираат идните „станари“, седум владини институции, а ќе се гради во веќе уништениот парк спроти „Бристол“

Близу 14 милиони евра ќе чини зградата што ќе се гради во паркот спроти хотел „Бристол“, идна постојана адреса на седум владини институции. Објектот, кој се чини е еден од најскапите досега, а е наменет за администрација, ќе го гради „Бетон“ од Скопје. За изградба на зградата, според урбанистичкиот план, предвидена е парцела со големина од 1.069 квадратни метри и маркица за објект со максимална висина до 29 метри, што значи, дозволена е изградба на приземје, осум ката и потпокрив. Новото административно здание ќе биде во стилот на „Скопје 2014“, ќе има фасада во неокласицистички архитектонски стил. 

Како што досега најавуваа од владината служба за општи и заеднички работи, во зградата ќе се сместат седум владини институции. Предвидено е во неа да има работни простории за Централен регистар, Комисијата за хартии од вредност, за Агенцијата за супервизија, за Регулаторна комисија за енергетика, М-НАВ, а дел од објектот ќе биде резервиран и за АД за станбен и деловен простор и за Фондот за осигурување депозити. Од владината служба напоменаа дека во објектот ќе инвестираат идните „станари“, а обврска на Службата единствено била да ги заврши административните работи, избор на фасада, изведувач, обезбедување градежна дозвола... 

Изградбата на објектот ќе почне наскоро доколку дозволат временските услови. Теренот за градба веќе се подготвува. Пред речиси нецел месец деценискиот парк спроти „Бристол“ буквално беше масакриран преку ноќ.

Инаку, освен овој објект во непосредна близина е планирано да се гради уште една административна зграда за потребите на ЕЛЕМ. И таа ќе биде во стилот на „Скопје 2014“, а ќе се гради во продолжение на хотелот „Бристол“ на местото на скверот со скулптура. (Дс.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=5AF77A2D5784764683896358180BF1A5
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2359
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Nov-2012 at 23:50
Инаку, освен овој објект во непосредна близина е планирано да се гради уште една административна зграда за потребите на ЕЛЕМ. И таа ќе биде во стилот на „Скопје 2014“, а ќе се гради во продолжение на хотелот „Бристол“ на местото на скверот со скулптура.

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Nov-2012 at 23:56
Тоа е. Затоа не е лошо во иднина ексукрзиите низ Европа да ги прават уште во 4 одделение, за да после идните генерации немаат комплекси од тоа зашто у Скопје нема барок, зошто нема улици кои во целата должина ќе бидат покриени со згради од страните, а за жал нема да се прашуваат зошто имаме села у град а тоа надвор го нема (не за друго, коа веќе ќе наполнат 30 години ќе имаа доста градови прошетано па цел тој концепт ќе им стане досаден). Лоша работа се комплексите.
23ka.wordpress.com
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Jan-2013 at 14:51
23.01.2013, 16:37

Барокна осумкатница ќе никне до „Бристол“



Ова е трет државен стилски објект во реонот, а е наменет за владина служба, Советот за радиодифузија и за Станбеното претпријатие

ДЕСПИНА ТРАЈКОВСКА

Државни објекти во стилот на „Скопје 2014“ ќе го окупираат хотелот „Бристол“ и малку зеленило што остана во негова близина. Откако паркот спроти хотелот беше уништен за изградба на две осумкатници наменети за државни институции, наскоро минато ќе стане и скверот во продолжение на хотелот. Тој простор се токми за изградба на нова осумкатница во која ќе се сместат владината Служба за општи и заеднички работи, Советот за радиодифузија и Станбеното претпријатие.

И оваа зграда ќе има фасада во стилот на „Скопје 2014“. Ќе се работи по идејно решение на Жарко Чаушевски и Никола Стакинов, првиот автор на неколку објекти од големиот проект, меѓу кои и на новиот изглед на владината зграда, објектот на „Водовод и канализација“, стилските сендвичарници...

Колку ќе чини изградбата на овој државен објект, кога ќе почне неговата изградба и други детали, надлежните велат допрва ќе се утврдуваат. Засега е договорено изградбата да ја финансираат трите институции за чии потреби ќе се гради зградата.

„Сега ќе се работи изведбениот проект, па ќе бараме изведувач и истовремено ќе се почне процедурата за добивање градежна дозвола. Вредноста на објектот и рокот за негова изведба ќе бидат познати по завршување на тие постапки. Можам да кажам дека објектот ќе има убава фасада, во неокласичен стил“, изјави вчера Васил Доневски, директор на владината Служба.

Согласно со урбанистичкиот план, дозволено е објектот да се изгради до висина од 29 метри, односно да има осум ката и потпокрив. Парцелата има површина од 746 квадратни метри, а за градба се предвидени 410 квадрати.

Ова ќе биде трет стилски државен објект со дозволена висина до 29 метри во околината на „Бристол“. Поради зградите, курбан отиде децениското зеленило и покрај противењата на жителите и дел од јавноста. Паркот спроти „Бристол“ веќе е претворен во градилиште. Таму веќе се гради објектот во кој е предвидено да се сместат седум државни институции, а до него е најавена изградба на нов објект на ЕЛЕМ.



http://grid.mk/read/news/500485647/1559583/barokna-osumkatnica-ke-nikne-do-bristol

Edited by HugoGoulding - 24-Jan-2013 at 14:52
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6990
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 24-Jan-2013 at 22:53
а може и на среде улица да изградат објект ако им текне, нема проблем...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Jan-2013 at 00:17
sramota kolku e ubavo ova parkce !!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1893
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Apr-2013 at 00:45
Не дека имам некаква доверба во идната општинска администрација на општина Центар, на крајот на краиштата, во политичарите стандардно имам 0% (НУЛА ПРОЦЕНТИ) доверба, но ајде да го држиме идниот градоначалник на општина Центар за дадениот збор.
 
Но дури и да се држи идниот градоначалник на општина Центар за дадениот збор, не смееме да го заборавиме тоа што го спомнав во повеќе наврати на форумов - дека владата на Република Македонија доколку сака, може повторно да и ги одземе ингеренциите на општина Центар од областа на градежништвото и урбанизмот, им треба само оправдание, а оправданија ги има безброј.
 
http://kajgana.com/zhernovski-bara-da-se-stopiraat-gradezhnite-raboti-sproti-bristol%E2%80%9C
 

Жерновски бара да се стопираат градежните работи спроти „Бристол“

 
22 април 2013
 
Андреј Жерновски од коалицијата Сојуз за иднината, кој на вчерашниот трет изборен круг победи на изборите во општина Центар, бара да се стопираат градежните активности спроти хотел Бристол, каде според него, требало да продолжи изградбата на две вискокатници во барокен стил.
 

 
Тој ја повика власта да почека со градењето и како што рече, уништувањето на зеленилото во Центар.
 
„Ни еден сантиметар од општина Центар нема да има промена доколку тоа не е верификувано од страна на жителите на општина Центар. Сакам да ја повикам власта да прекине со ова злодело што се прави во општина Центар и да почека да влезе новата општинска власт. Сето ова се прави после поразот кој беше признат од страна на власта. Со моето влегување во градоначалничкиот кабинет веднаш ќе биде направена ревизија на деталниот урбанистички план, ќе биде проверено дали воопшто има одобрение за градба. Мене ми е јасно дека ова е објект од прва категорија, дека министерството за транспорт и врски ја води целата процедура, меѓутоа сакаме до крај да ја провериме како дошло да имаме ваков урбанистички план. Сите ингеренции што ни се на располагање ќе ги преземеме само да го спречиме ова што денеска се прави“ изјави Жерновски.
 
Тој најави ревизија на сите проекти во Центар и да се провери дали е се законски.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11798
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 28-Apr-2013 at 13:38
1


2

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3600
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Apr-2013 at 13:49
Hm vekje docna e. Moj predlog e: Podzemna katna garaza a nad garazata parkce. Toe bi bilo kreativno i kje ima novi parking mesta. Mislam stom se kopalo, tamam
Inace steta kaj ulicata makedonija imase 2 parkcinja e sega dvete si zaminaa, kaj crkavata sto se gradi i sega ovde.. Sto e ova!Ohno


Edited by my Macedonia - 28-Apr-2013 at 13:51
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 713
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 28-Apr-2013 at 14:24
Мојот став е дека маркицата на овој не е толку проблем колку катноста. Објект со 5 ката колку околните нема да е толку страшно. За големи градови како Скопје во центарот на градот се непотребни такви мали паркчиња од неколку стотина квадрати. Потребни се големи паркови и дрвореди по сите улици.
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1748
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Apr-2013 at 21:06
Ме интересира дали некој знае зашто служеле тие столбичиња што се гледаат на сликата и исто така цирклажите (така изгледаат) околу целата дупка?
Инаку Стратус да во право си на некој начин но сепак не се согласувам со тебе ,бидејќи на Скопје му требаат што повеќе паркови ,како во Општина Аеродром ,паркови меѓу згради и реони (огромни и во голем број) за да се направи живеењето на жителите уште поубаво и поудобно ,незнам за тебе но јас секогаш ги користам парковите низ градов за одмор ,и овој беше еден од парковите каде што често одмарав ,а сега повеќе го нема ,ќе има две-три чудовишта на негово место.
Општина Центар и Град Скопје треба да се залагаат за повеќе паркови и зони за релаксација во градот, а особено во Центарот .

Зашто да ги следиме другите наместо да бидеме иновативни и поинакви ?



Edited by daci92 - 28-Apr-2013 at 21:06
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 5>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.