build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Привремени и напуштени објекти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 18-Aug-2009 at 18:42

Урнат привремен објект што 15 години стоел без дозвола


 

Од општината Центар велат дека на местото на запуштените трафики зад новиот објект на НЛБ Тутунска банка ќе направат ново паркче

 
 
%20  
Општината Центар ќе направи уште еден парк на своето подрачје на аголот меѓу булеварот Водњанска и улицата Железничка, зад новиот објект на НЛБ Тутунска банка. Градежната инспекција на општината вчера од ова место отстрани два запуштени привремени објекти, од кои едниот стоел на тоа место дури 15 години без соодветна дозвола. Милан Пижула, градежниот инспектор на Центар вели дека сопствениците на оваа поранешна сендвичарница веќе добиле решение самите да си го отстранат објектот.

- Тоа беше доставено пред еден месец. Но сопственикот не си го тргна привремениот објект, па затоа ние моравме да интервенираме. Имавме асистенција од полицијата и немаше никакви проблеми додека траеше акцијата за отстранување. Сопственикот дојде, си ги зема сите предмети што му беа потребни од трафиката и си замина без никакви забелешки - објасни Пижула.

Во деталниот урбанистички план со кој е опфатена таа локација се предвидува на неа да има парк, низ кој ќе поминуваат пешачки патеки и ќе се постават клупи и канти за отпадоци. Засега нема конкретни најави кога точно ќе почне да се уредува ова новонајавено зеленило, но вчерашното уривање на запуштените трафики се вршеше заради реализација на планот.

Минатата недела поради реализирање урбанистички план беа тргнати и трафиките на улицата Илинденска покрај фонтаната „Лотос“ пред Градскиот парк. Планирано е и да се дислоцираат и привремените објекти покрај булеварот Водњанска.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81891031262&id=14&prilog=0&setIzdanie=21766
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 01-Feb-2010 at 15:27
Опожарени шест трафики во центарот на Скопје

Три трафики на улица 11 Октомври на автобуската постојка кај Зелено пазарче, изгореа, а три се помалку зафатени од пожарот, што се случил синоќа.

Според полицијата повеќе зафатени од огнот биле ТП Ален, трафиката на ЈСП, како трафиката во која се сместени Тобако Прч и Дрита трејд.

Причините за пожарот, засега не се познати, а не се знае ниту колкава материјална штета е причинета.



makfax.com.mk
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 04-Apr-2010 at 20:50

Аеродром ги принудува газдите да купат нови киосци

Револт и забуна предизвика Општина Аеродром кај сопствениците на трафики со одлуката со која ги принудува да ги тргнат старите киосци и на нивно место да постават нови, со изедначен изглед. Од Аеродром тврдат дека корисниците немаат продолжени договори, а ако сакаат да склучат нови, ќе мора да купат нови трафики.

- Вината за договорите не е наша. Аеродром изминативе години не ни ги продолжи, иако баравме. Тоа впрочем е нормално во другите општини - велат сопственици на киосци.

Надлежните не одговорија на прашањето на кој Закон или Правилник сега се повикуваат за ретроактивно да ги принудуваат сопствениците да купуваат нови киосци со друг изглед, што е предвидено со проект.

- Општина Аеродром има право и обврска да се грижи за изгледот на Општината, значи и за објектите и за локации на нејзина територија. Затоа и предвидовме киосците да бидат типизирани. За таа цел е потребно постојните киосци да бидат заменети со типски, според проектот што е предвиден - изјавија од одделението за односи со јавноста на општината.

Тие само објаснија дека оваа одлука е во согласност со Правилникот за урбана опрема на градската власт, усвоен неодамна. Но, разликата е во тоа што во него се зборува за поставување нови трафики на скопските тротоари по неколку години забрана.

Проблемот со старите привремени објекти, кој допрва ќе треба да се разрешува и да се види кој е во право, е што многу од нив се со документи стари и по една-две децении, издадени од органи на Општина Кисела Вода, пред формирањето на Аеродром. Кога биле поставувани, се воделе од тогашните стандарди, а нивната правна важност е да стојат на јавна површина до реализација на урбанистички план, односно додека нешто не почне да се гради на тоа место. Дозволата им се продолжуваше на секои две години, а закуп и' плаќаа на општината.

Сопствениците на киосци, како што во меѓувреме се информирале, мора да платат многу висока цена за нов типизиран објект, околу 10.000 евра, или приближно иста и доколку би го продале.

- Ние сме непријатно изненадени. Пред неколку дена не' повикаа на состанок и само ни кажаа дека имаме рок од 10 дена да отпочнеме постапка за замена на киосците. Десет илјади евра се нешто незамисливо за нас. Ние сме продавачи на весници и цигари. Плаќаме од 13.000 до 15.000 денари за закуп на земјиште годишно, а најавено ни е дека ќе плаќаме околу 800 евра. Ако ги тужиме на суд, ќе поминат години додека се докаже кој е во право - се пожали сопственик на киоск, кој сакаше да остане анонимен.

Иако корисниците тврдат дека поседуваат легални документи, издадени од надлежни органи во минатото, кои се' уште се со правно дејство, од Општината велат дека повиканите киосците ги користат без никаква правна основа, поточно без продолжени договори. Засегнатите сопственици на трафики велат дека тоа е така затоа што Аеродром изминативе години од непознати причини не им ги обновувала договорите.

- Целта на оваа акција, од една страна, е да се регулираат односите со постојните корисници, кои со години ги користат киосците без никаков надомест. Цената на чинење не ни е позната, а немаме склучено ниту договор со фирма за изработка на киосци. На сопствениците на трафики им се дава можност сами да пронајдат кој ќе им изработи киоск според предвидениот проект - изјавија од Општината.

Ако корисниците не постапат според новите правила, од Аеродром најавуваат дека општинската инспекција ќе биде принудена да ги отстранува киосците. Оттаму се надеваат дека нема да дојде до тоа. Тврдат дека тоа не им е целта, туку на постојните корисници да им овозможат да ги задржат локациите, но со регулирани односи со Општината.

Јорданка Ивановска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F78A38C4EADF5B498BD3DA2B9CA605A0
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 06-Apr-2010 at 23:14

Протест против новите киосци во Аеродром

Сопствениците не сакаат да платат 10.000 евра за изработка на нов киоск и 400 евра месечна кирија без ДДВ, оти тоа е прескапо за нив, а немаат доверба во Општината, оти им нуди договори во времетраење од само две години

Сопствениците на трафиките и на другите привремени објекти поставени на територијата на Аеродром вчера протестираа пред општинската зграда против одлуката на Советот која ги задолжува на свој трошок да набават нови типизирани киосци и за нив да плаќаат и до 400 евра месечна кирија без ДДВ.

Сопствениците на киосци сметаат дека киријата е нереално висока и не дозволуваат Општината да ги условува со, според нив, невозможни работи.

- Во трафика во близина на трговскиот центар „Бисер“ работиме повеќе од две децении. Сега, по толку време, општината не' условува или да инвестираме во нов објект, кој чини 10 илјади евра и да плаќаме месечна кирија од 400 евра или да се откажеме од киоскот. Нам не ни требаат киосци од метал и стакло, нашите објекти се веќе типизирани и квалитетни, би можеле да ги смениме само тендите, кои се различни. Зошто во време на рецесија да правиме непотребни трошоци? Зад барањата на општината се наѕираат матни зделки. Тие не' условуваат: земи или остави - вели една сопственичка на трафика.

За сопствениците е спорно тоа што ќе мора да вложат до 10 илјади евра за нов киоск, а парите ќе мора да ги вратат за две години, оти на толку време ќе им бидат склучени новите договори со Општината Аеродром.

- Ние ќе инвестираме, ќе разработиме и по две години некој друг ќе си дојде на готово. Нема шанси за такво нешто. Бараме од Општината да размисли добро што прави, оти ако не се реши овој проблем до крајот на неделата, пред Општината заедно со нас ќе дојдат и пазарџиите и сопствениците на дуќаните од „Бисер“, оти Општината со неколку непромислени потези ги уништи граѓаните, а се обиде само да ја наполни својата каса - револтирани се сопствениците на трафики.

Од Општина Аеродром велат дека одлуката за типизирање на објектите ја донел Советот со намера подобро и поубаво да се уреди општината. Општината го утврди изгледот на новите киосци, а сопствениците треба сами да ги изработат според проектот.

- Одлуката на Советот е во интерес на граѓаните. Советниците изгласаа дека на територијата на општината треба да се постават типизирани птивремени објекти во модерен стил, изработени од метал и стакло. Сите објекти ќе бидат со иста димензија и ќе зафаќаат површина од осум квадратни метри. Месечниот надомест за закуп ќе чини 400 евра на главните улици и булеварите и по 200 на сервисните улици, секако плус ДДВ. Тоа се цени според реалната пазарна вредност. Со поставување на новите објекти ќе се регулира статусот на сите киосци и трафики кои во овој момент работат без да платат ниту денар. Сопствениците на објектите имаат време уште неколку дена да поднесат барање за поставување привремен објект - изјавија од одделението за односи со јавноста во Општина Аеродром.

Сопствениците на објектите потврдуваат дека од 2004 година не и' плаќале закуп на општината оти, како што велат, општинарите не покажале интерес за соработка, односно не сакале да им ги продолжат договорите.

Марија Тасев

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 06-Apr-2010 at 23:20
Јас сум апсолутно ЗА типизација на времените објекти во Скопје но во ситуација кога секојдневно се измислуваат комбинации од овој тип за да мрзливите административци ги полнат своите каси, воопшто не го подржувам проектов.

Ајде да видиме некаков план од Општина Аеродром, една мапа на кои позиции се поставени времените објекти, кои се параметрите според кои се одредени локациите, каков е типизираниот киоск, имало ли конкурс за ова итн...

На сајтот освен баналните вести од типот дека имало маскенбал на 1 април Crazy сите релевантни информации се заглавени од прилика во 2008 година.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 06-Apr-2010 at 23:40
ама овака стварно е смешно и луѓево се во право.
 
1.Општината решава да ги смени киосците (океј)
2.Трговциве треба да си платат изработка (и ваљда со самото тоа преоѓаат во нивна трајна сопственост)
3. Да плаќаат кирија (добро, ваљда за местото)
4.На користење од 2 години (!?) не разбирам што е со двеве години и што после нив?
 
Па зар е можно да си платил све и после 2 години, не ти го продолжуваат договорот и доаѓа друг место тебе да го работи објектот, а ти си лупнал 10.000 евра, кои сите понатаму (нови сопственици на секои 2 години кога би се менувале на пр.) не би плаќале. Nuts
 
Па чекај ако е за 2 години тогаш зашто ја плаќаат изработката, нека ги плати општината, нека бидат во нејзина сопственост, а трговците нека плаќаат партиципација за користење на објектите, како што е киријата. Па макар бил тој износ додаден на тие 400. Не контам, не сум запознаен, коментирам на база на статијава (ама и нов е проблемов), ама најдискутабилен ми е временскиот рок 2 години.
 
Ова му доаѓа као ти градиш куќа со твои средства, живееш 2 години у нејзе и после ти си одиш, а во неа доаѓа да живее некој друг. Crazy
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 06-Apr-2010 at 23:50
Која е гаранцијата дека новиот градоначелник за 2-3-4 години нема да му текне да прави нов унифициран дизајн? Значи ќе повторам, унифициран дизајн ДА, но како дел од еден сеопфатен план за подигање на стандардите во градов а не како дел од некакви ад хок решенија на локалните моќници за да го полнат буџетот.

Инаку ниту мене не ми се јасни математиките, верувам дека за 400ЕУР месечно може да се земе локал еден дуќан во Бисер или околината со површина на трафика и без никакви дополнителни инвестиции да се продолжи бизнисот без човек да го боли глава од бистрите идеи на локалната администрација.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 07-Apr-2010 at 23:43

Трафиките станаа луксуз

Општина Аеродром им нареди на трафикантите да направат нови унифицирани трафики и им ги зголеми кириите

20:00 | 01.04.2010 | Автор: Шпиц
 

 
Сопствениците на трафиките во општина Аеродром имаат два месеца да ги урнат постојните објекти и на нивно место да постават нови унифицирани за кои треба самите да платат. Покрај тоа, на општината месечно треба да и плаќаат кирија од 50 евра по квадратен метар за земјиштето. Така, месечно ќе им дојде кирија од 400 до 600 евра. Ова досега се регулирало на годишно ниво и изнесувало околу 21. 000 денари.
Револтираните сопственици вчера се собраа пред општинската зграда.
- Нема никаква потреба да се унифицираат повторно објектите кога веќе се такви. Пред дваесетина години добивме локации и според тогашниот договор купивме и поставивме објекти од фирмата „Плопласт“ од Струга. Сами плативме за инфраструктурата и со години плаќаме нормален надоместок за земјиштето. Ова е апсурдно, не може за користење земја да се плаќа месечно, тоа секогаш се регулирало годишно - вели Борис Димитров, сопственик на трафика.
Според градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, трафиките 10 години работат со нерегулиран статус зашто договорите им истекле.
- Киосците на главните булевари ќе треба да плаќаат 400 евра, додека тие на споредните улици по 200 евра закупнина за месец. Сакаме на сегашните корисници да им дадеме предност и да склучиме договор со нив, но ако некому не му одговара цената, тогаш општината ќе издаде оглас за киосците за кои веќе постојат заинтересирани - рече Коневски.
Засегнатите велат дека одлуката на Советот на општината е противуставна бидејќи земјиштето на кое се поставени трафиките е државно, а не општинско. Сопствениците треба до 9 април да се изјаснат дали се согласуваат со новите услови.
- Ова навистина е нечесна игра и веројатно се оди кон тоа да се откажеме од објектите за да ги земе некој друг. Дури ни бараат да плаќаме кирија два месеца однапред. Ова ни е велигденската честитка од нашиот градоначалник - гневно вели една сопственичка.
Од оваа дејност егзистираат над 170 семејства.
 


Edited by SkyBoy - 07-Apr-2010 at 23:46
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 09-Apr-2010 at 23:59

Новата кирија за трафиките во Аеродром пред Уставен

Уставниот суд ќе ја испитува законитоста на новата одлука на Општина Аеродром, согласно која поскапе киријата за трафиките покрај булеварите.
Откако пред една недела Советот на Општината го изгласа новиот тарифник, според кој сопствениците треба место досегашните 36.000 денари годишна кирија, да плаќаат по 400 евра месечно, тие вчера поднеле жалба и до Министерството за транспорт и врски и до јавниот правобранител.
"Освен што ја дадовме одлуката на Уставен суд, се пожаливме и до сите други надлежни институции. Како што се најде решение за цветен пазар, треба и нас да нe решат, и нема да се откажеме од нашите барања", велат оштетените.
Сопствениците на киосците во вторникот ја блокираа Општината и најавија дека ќе продолжат да протестираат, сe додека градоначалникот не попушти.
Тие вчера пак побараа да се видат со Ивица Коневски, но само напразно се изначекаа пред општинската зграда.
(М.Ѓ.)

 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 16-Apr-2010 at 13:24

Новите киосци отворија стари маки

Изградбата на новите киосци во Аеродром ќе чини од 9.000 до 14.000 евра.

09:00 | 16.04.2010 | Автор: Шпиц

/ Новите киосци во општина Аеродром што треба да ги заменат старите ќе бидат изработени од алуминиум и од стакло и сопствениците ќе ги чинат од 9.000 до 14.000 евра. Лицата кои ги потпишаа новите договори со кои ќе плаќаат месечна кирија од 200 до 400 евра ќе ги постават новите објекти најдоцна до 1 јуни 2011 година. Тие не се обврзани урбаната опрема да ја набават преку една

фирма, туку ќе можат самостојно да ги изработат според проект од општината.
Од пред некој ден, општинската инспекција почна да издава решенија за отстранување на старите трафики на оние кои не го потпишале новиот договор за закуп.
- Не велиме дека не треба да се плаќа, но сумата што ни ја наложија е премногу висока и навистина најголем дел од нас нема да можат да го издржат тој товар. Општината го прави тоа што го наумила, а се плашам дека е можно да се случи и поголем инцидент кога ќе се почне уривањето на трафиките - вели сопственичка на трафика која не го потпишала новиот договор.
Незадоволните дуќанџии го обвинуваат градоначалникот Ивица Коневски дека не се однесува праведно кон сите кога станува збор за давање под закуп општински простории.
- Не е логично ние за трафика од осум квадрати да плаќаме по 400 евра, а за дуќан од 60 квадратни метри во трговскиот центар во Лисиче општината да и бара на приватната здравствена установа „Полимедика“ месечна

кирија од 200 евра. Како е можно тоа? - прашуваат револтираните трафиканти.
Тие наведуваат и дека општината дала деловен простор од 60 квадратни метри на користење на хуманитарното здружение на жени „Мимоза“, застапувано од Лилјана Бахчованска, без никаков паричен надомест и на неопределено време. Единственото објаснување за ова засегнатите го поврзуваат со наводна роднина врска на Лилјана со директорот на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, Владимир Бахчовановски.
Од општината велат дека овие деловни простории не се се уште официјално во нивна сопственост. Одлуката за нивната месечната кирија произлегува од делбениот биланс со општина Кисела Вода.
- Ова е преземена ситуација. Им дадовме рок на сегашните закупци да си бараат други простории додека не се среди документацијата - велат од општината и истакнуваат дека на нивна територија има повеќе вакви деловни простории за кои не се регулирани имотно-правните односи.
Кога ќе поминат катастарските процедури овие простории се планира да се пренаменат во месни и урбани заедници.


http://www.spic.com.mk/kat/skopje/novite-kiosci-otvorija-stari-maki.html
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 04-May-2010 at 15:27

Високата закупнина ќе го остави Аеродром без трафики?!

Корисниците на трафики досега плаќале најмногу 30.000 денари годишно, а според новата одлука треба да даваат од 400 до 800 евра месечно, односно 50 евра по квадрат, плус 14.000 евра за нов киоск

 

Последната одлука на советот на општината Аеродром за зголемување на киријата за времените објекти, односно за трафиките што се наоѓаат на нејзино подрачје, ги револтира сегашните кираџии. Покрај ова, постојните трафики ќе се менуваат со новодизајнирани, за што закупувачите на киосците ќе треба на општината да и платат по 14.000 евра. Закупувачите велат дека досега плаќале најмногу 30.000 денари годишно, а според новата одлука треба да даваат од 400 до 800 евра месечно, односно 50 евра од квадратен метар. Неможејќи да ги прифатат новите услови за работа што им ги понуди општината, сопствениците организираат и протести пред општинската зграда. Како што нé информираа претставниците на трафикантите, договорите за новите услови на изнајмување се подготвени на 12 април, а одлуката на советот е донесена еден ден подоцна. Некои од нив во времените објекти работат веќе 25 години. Во тоа време изгледот на трафиките во градот, а и во тогашната општина Кисела Вода, од која неодамна се одвои Аеродром, беа унифицирани во зелена боја, а производство на фирмата „Полипласт Струга“. За закупнината велат дека според сите законски прописи би требало да плаќаат од 8 до 15 евра за квадрат, колку што изнесува и цената за поставување урбана опрема во градот. Истовремено, сметаат дека со оваа одлука се повредени и Законот за градење, како и одлуката на градот за поставување опрема како што се и трафиките.

- Повеќе не знаеме што да правиме, испративме претставки до сите надлежни и ненадлежни институции и сега чекаме одговори. До Министерството за транспорт и врски испративме и писмо со наш предлог како овој проблем да се реши побезболно за сите. Киосците се на државно земјиште, па закупнина за користење на трафиките би требало да плаќаме не само на општината, туку и на градот- објаснуваа претставниците.

Во писмото испратено до Министерството за транспорт и врски се вели дека сегашните закупувачи сакаат да ги продолжат договорите склучени со оваа институција, практика каква што постоеше до 2005 година. Дуќанџиите додаваат дека уште пред пет години барале им се продолжат договорите, но дека тогаш и општината Кисела Вода, па и градот и Министерството за транспорт се прогласиле како ненадлежни за целата ситуација.

- Се согласуваме ако треба и ретроактивно да си ги платиме заостанатите кирии, па дури и да ги пребојуваме трафиките, но сé друго е тотално неприфатливо. Од овие трафики живеат многу семејства, а ако ни ги срушат сите ќе завршиме во Бирото за вработување. Дури и да се сложиме да плаќаме закупнина од 50 евра за квадрат, пак нема да можеме да се прехраниме затоа што во трафиките се продаваат производи од кои баш и нема некоја голема заработка. Многумина од нас нема да ги потпишат новите договори за закуп, но има и такви кои како партиски војници и послушници ќе потпишат - ни изјавија претставниците на закупците на трафики од Аеродром.

Од општината велат дека веќе се потпишани дваесетина договори, а најверојатно ќе следат и нови.

Според најновата одлука на советот на општината Аеродром, за закуп на трафика ќе се плаќа 50 евра за квадратен метар со ДДВ, а новите киосци треба да се постават до средината на идната година.
 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 22-May-2010 at 00:48
Почна чистката на трафиките во Аеродром
 



Сопствениците на сите привремени објекти во Аеродром деновиве добиле решенија од Општината во рок од 15 дена да ги отстранат своите трафики од локациите каде што се поставени. Вакви решенија добиле сите сопственици на киосци, без разлика дали ги потпишале новите договори за закуп со Општината.

Тие се револтирани од, како што велат, нехуманиот однос на Општината, која ги брка на улица во период додека чекаат Уставниот суд да реши за нивната жалба на новите правила за поставување трафики во Аеродром.

- Добивме решенија за селење на киосците што досега ги користевме. Мораме да се иселиме во рок од 15 дена, иако ги поседуваме сите документи. Тие ни се издадени во различни периоди, но сепак во нив експлицитно е потенцирано дека киосците се привремени објекти кои остануваат на таа и таа локација се до реализација на детаљниот урбанистички план, а не додека на некој не му текне да си донесе одлука за поставување нов киоск на нашите места, ама со друга боја - вели еден од сопствениците на киосци.

Граѓаните, кои со години работат во киосците, велат дека околу 200 луѓе, односно 50 фамилии ќе останат без основни приходи, поради неразумната одлука на Советот на Општина Аеродром.

- Ни велат да се жалиме до Министерството за транспорт и врски, но ние знаеме дека и таму се нивни луѓе, па кое фајде од такво нешто. Веројатно нашите права ќе ги бараме на суд, но знаеме дека додека процесот заврши, ќе поминат години. И ако излеземе во право, обесштетувањето нема да го плати градоначалникот Ивица Коневски или советниците од свој џеб, туку ќе плати Општината со парите на граѓаните - велат револтираните граѓани.

Општина Аеродром неодамна најави дека ќе ја спроведе одлуката за поставување привремени објекти, според која сите трафики ќе бидат со унифициран изглед. Целта била да се стави ред во оваа област и да се разубави општината. Тие во новите договори за изнајмување на трафиките на сопствениците им бараат по 400 евра месечно за кирија. Од општината, кога ја носеа одлуката се пожалија и дека голем дел од сопствениците со години не плаќале закуп, оти работите не биле до крај регулирани.

Сепак, останува нејасно што ако навистина сите трафики во Аеродром бидат отстранети во следниве две недели. Општината не објасни каде граѓаните ќе купуваат списанија, цигари и дребулии додека не се изработат новите киосци.

Во Општината велат дека нема да отстранат ниту еден привремен објект се' додека не се испочитуваат сите законски рокови за жалба.

- На територијата на Аеродром има околу 50 трафики, а близу половина од нив ги потпишаа новите договори за закуп. Општина Аеродром донесе решенија за отстранување на привремените објекти, но не само на оние што не ги потпишуваат договорите за закуп, туку на сите, бидејќи старите решенија за поставување подолго време им се истечени - велат од одделението за односи со јавноста.

Според одлуката на Аеродром, новите киосци ќе имаат површина од 8 квадратни метри. Општината го утврди нивниот изглед, а сопствениците што потпишале договор за закуп треба самите да ги изработат на сопствен трошок. Поради оваа одлука и скапата кирија тие во минатиот месец излегоа и на протест.
 
Back to Top
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 30-Sep-2010 at 12:19

Киосците во Аеродром остануваат

 
Основниот суд го поништи решението на Општина Аеродром за отстранување на привремените објекти од нејзината територија. Општинарите пред неколку месеци побарале од сопствениците на привремените киосци да ги дислоцираат и во иднина да ги заменат со нови, унифицирани. Сопствениците ги обжалиле доставените решенија, а деновиве завршил и судскиот процес. Моментално пред Управниот суд се води и спор против решението на Општината Аердором за унификација на киосците на нејзината територија, а одлуката ќе биде позната наскоро.
 
 
Одлична вест Thumbs%20Up
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 30-Sep-2010 at 14:18
Вооптшто не е одлична. Неможе ред да се воспостави. Од трафики за цигари и весници се направија ресторани, ќебапчилници, сендвичари, кај мене во маало дури и шнајдер и адвокат има во вакви трафики.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 30-Sep-2010 at 14:43

Јас сум за унификација и ред на овие привремени објекти, нивно средување и уредување, а секако и прецизирање на намените кои можат да ги имаат.... Но мислам дека 400 евра месечно за квадрат е многу.... 

Мислам дека многу подобро може да биде со 50 евра или пак фиксна цена за целиот објект од 100-200 евра месечно....

Back to Top
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 30-Sep-2010 at 15:00
Ми пречеше по мене силеџискиот начин на кој се сакаше да се "среди" проблемот. Очигледно се направи само поголем проблем, во кој општината излезе губитник. За средување, унифицирање итн и јас сум, само со партнерски приод, заедничко решавање на проблем, со поволни можности за откуп и слично, а не со стап. Требаше да постигнат позитивен фидбек и добра воља од страна на трафикаџиите, а не тужби и пенали. Сега времето и парите фрлени во ветер ке бидат веројатно исти, со опцијата ако се пристапеше цивилизирано.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 30-Sep-2010 at 15:06
Мора понекогаш на мускули да се тераат работите. Тоа не е никакво силеџитво, иако така се сака да се прикаже од оние што имаат бизнис интерес во случајов. Не на тој начин е позната фраза што само ги одлага работите. Не верувам дека општината е будала да турка нешто на сила, ако имало начин да оди со лесно. Трафикаџиите во секој случај се врзани цврсто до статус кво-то. Немаат причина да сакаат да се среди нешто кога тоа во секој случај значи губење "освоена територија" со лимови, фрижидери, кафемати, изложена стока и слично. Цели супер-маркети и ресторани се имаат распослано. Еден фрижидер да сака да го отстрани општината, не поради друг, макар и да е само да се ослободи тротоар, пак ќе наиде на проблем.


Edited by lslcrew - 30-Sep-2010 at 15:08
Back to Top
NorthWind View Drop Down
Infraction Group
Infraction Group


Joined: 28-Sep-2010
Location: Neighborhood
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote NorthWind Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 30-Sep-2010 at 15:26
Не се слагам, признавам не сум суштински запознаен, само од медиуми, ама не гледам решение на проблем ако
 
 - наметнеш купување на трафики по цени од 9-14.000 евра (дали неможеше поефтини!?)
 - дали ако мора да биде таа цена, неможе да се обезбедат олеснителни околности за плаќање
 - зашто во исто време покрај споменатиот одлив на средства за набавка на трафики, драстично се зголемува цената на закупнината, која ако веќе не се намали во интерес на набавка на нови трафики, тогаш барем да остане иста.
 
Со мускули проблем не се решава, само се плаќаат отштетувања. За вакво нешто во цивилизирана земја се дава оставка, му падна одлуката/проектот. Еве еден добар пост Smile, само да не излезе да се вртиме во круг со коментариве.
 
Originally posted by SkyBoy

ама овака стварно е смешно и луѓево се во право.
 
1.Општината решава да ги смени киосците (океј)
2.Трговциве треба да си платат изработка (и ваљда со самото тоа преоѓаат во нивна трајна сопственост)
3. Да плаќаат кирија (добро, ваљда за местото)
4.На користење од 2 години (!?) не разбирам што е со двеве години и што после нив?
 
Па зар е можно да си платил све и после 2 години, не ти го продолжуваат договорот и доаѓа друг место тебе да го работи објектот, а ти си лупнал 10.000 евра, кои сите понатаму (нови сопственици на секои 2 години кога би се менувале на пр.) не би плаќале. Nuts
 
Па чекај ако е за 2 години тогаш зашто ја плаќаат изработката, нека ги плати општината, нека бидат во нејзина сопственост, а трговците нека плаќаат партиципација за користење на објектите, како што е киријата. Па макар бил тој износ додаден на тие 400. Не контам, не сум запознаен, коментирам на база на статијава (ама и нов е проблемов), ама најдискутабилен ми е временскиот рок 2 години.
 
Ова му доаѓа као ти градиш куќа со твои средства, живееш 2 години у нејзе и после ти си одиш, а во неа доаѓа да живее некој друг. Crazy
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 30-Sep-2010 at 16:17
Ако е ова добар пост, тогаш што со патиштата што треба после 30 години да станат државни, што со хидроцентрали што треба да станат државни, што со земјишта на 99 години? Логиката е дека ако има стопанственик што има економска исплатлива пресметка во две години да ја исплати изградбата и притоа да направи задоволителен профит да прифати. Ако нема интерес тогаш се намалуваат критериумите и се иде на нова понуда. Може да се сложиме дека може би општината немала сериозна пресметка и анализа што би било економски оправдано и за што би имало интерес кај стопанствениците и понудила превисоки стандарди, но дека нема логика нешто да се гради и после некој период да стане општествена сопственост тука неможеме да се сложиме. Проверено е тоа низ свет и функционира, не измислила Општина Аеродром топла вода. Допрва ние треба да навикнеме на вакви пазарни принципи што ни се апсолутно ново и непознато и тешко доаѓа на сцена.

А тоа што паднала одлука не го земај многу за релевантно. Знаеме како функционира тоа. Прашање е колку има објективност во таква одлука. Може некоја повисока инстанца ќе ја преиначи таа одлука.

И уште една доста важна работа. Не мора истите што предходно ги држеле трафиките, да продолжат да бидат пак тие истите и општината се да направи само за нив да биде прифатливо. Ќе дојде некој што ќе може економски да го издржи тоа, а општината ќе наплати највеќе што може. Ова не е како јас предлагам дека треба да биде, ова е едноставна психологија на секоја општина.

Десетина илјади евра вака по слободна проценка и не изгледа многу за сериозен стопанственик што мисли трафиката да му биде примарна дејност на атрактивна прометна локација. Олеснителните околности за плаќање не се нешто што го дава државата, туку банките, лизинг компании и слично. И за закупнината исто, ќе се пресмета во севкупната слика за економска оправданост како и другите давачки.

Пак ќе повторам, тие што сега се сопственици немаат причина било каков потег да направат. Што и да се направи за нив е неповолно. Што и да се направи во себе вклучува расчистување на распослани елементи по зеленила, плочници и тротоари. Мускули се неизбежен алат.


Edited by lslcrew - 30-Sep-2010 at 16:22
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 04-Oct-2010 at 01:22

Остануваат старите трафики во Аеродром

Сопствениците се бунат поради кириите од 400, односно 800 евра, што им ги бара Општината

Сања Наумовска


Општина Аеродром нема да ги отстранува привремените објекти чии сопственици не се согласиле да потпишат нови договори со Општината. Решенијата за уривање на трафиките се ништовни, така одлучи Судот, а засега не се знае дали општинарите ќе понудат нови договори.

Сопствениците на привремени објекти се револтирани затоа што Општината ги условува да ги унифицираат трафиките и за нив во иднина да плаќаат огромни кирии. Во Аеродром постојат над 100 привремени објекти, најмногу сендвичарници, цвеќарници, тобако-трафики и други. Дел од нив имаат потпишано договори со Општината и веќе работат под новите услови. Но, повеќето се спротивставиле за новините поради што и побарале правна помош од адвокат. Упатени биле претставки до министерствата за транспорт и врски, за локална самоуправа и за финансии, до ЗЕЛС, како и до народниот правобранител. Решението за уривање на трафиките било обжалено до Второстепената комисија на Владата, од каде што не одговориле во предвидениот рок од 60 дена, по што бил поведен и судски спор пред Управниот суд.

Во Општината Аеродром засега не ја коментираат состојбата околу договорите за привремените објекти, бидејќи, како што велат, ќе почекале да завршат судските постапки.

Унификацијата на привремените објекти на територијата на целата општина ја потврдил Советот на Општината со одлука. Врз основа на одлуката, Општината понудила нови договори со кои бара сопствениците да си купат нови типизирани трафики. За нив во иднина треба да плаќаат месечна кирија од 400 евра за 8 квадрати, односно 800 евра ако користат 16 квадратни метри јавна површина. Сопствениците се револтирани, бидејќи од една страна им се наметнува кирија превисока за нивните можности, а од друга, Општината ги принудува да ги купат новите трафики без опција да ги изнајмуваат.

„Секогаш мора да постои можност кога се донесува одлука за унифицирање привремени објекти, сопствениците или да ги купат или да ги изнајмат, па во тој случај за објектот да плаќаат кирија. Исто така, и купувањето не смее да биде условено со една понуда, туку секогаш мора да има повеќе опции за да се постигне вистинската реална цена“, велат правниците.

За нив е проблематично и барањето да се наплатува кирија за земјиштето под киосците, кое се' уште е во државна сопственост. „Кога ќе биде спроведена децентрализацијата и општините ќе станат сопственици на јавната површина, тогаш ќе можат да размислуваат за наплатување кирија. Во овој случај се обидуваат да наплатат за нешто што не е нивно“, објаснуваат правници.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=353588C81AEDC343AB218A4F1D999BBE
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.153 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.