build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Привремени и напуштени објекти

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 20-Dec-2023 at 19:29
ОПШТИНА ЦЕНТАР ПОЧНА СО ОТСТРАНУВАЊЕ НА НЕЛЕГАЛНО ПОСТАВЕНИ ОБЈЕКТИ НА ЈАВНА ПОВРШИНА

Акцијата започна денеска со отстранување на бесправно изградена барака на ул. „Антоние Грубишиќ“ и ќе продолжи со отстранување на диви доградби и тераси.
Упатуваме апел до сите инвеститори, сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија и да го почитуваат Законот. Во спротивно, Општината присилно ќе ги отстрани.
Општина Центар до крајот на годината ќе спроведе шест Решенија за присилно административно извршување на нелегално поставени објекти и доградби.









https://www.facebook.com/OpstinaCentar
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 14-Jan-2024 at 15:43
20 ГОДИНИ ПРОПАЃА СТАРИОТ ОБЈЕКТ НА РАДИО ШТИП, ДОВЕРЕН НА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА



Кога ќе влезете во централното градско подрачје на Штип покрај реката Отиња од каде и да погледнете кон исток, на највпечатливото градско ритче кон месноста Св. Илија оддалеку ќе ја види старата зграда на поранешното Радио Штип.

Само на десетина метри од овој објект кон подножјето на градот се наоѓа новата зграда на Штипската библиотека, а на источната страна на иста далечина верскиот објект Св. Илија или Мухамедин пашина џамија .

Пред 20 години, напуштената зграда на радиото и просторот околу него биле дадени на управување на Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип, но до ден денешен ништо не е сторено за да се зачува објектот кој е напуштен и пропаѓа.

Во овој период од две децении, Штипската библиотека како национална установа претрпе голем број кадровски промени, посебно на раководната функција. На една или две години се менуваа директорите и никој во овие две децении не се зафати да го санира доверениот објект на старото штипско радио кое повеќе не постои.

Сите директори со кои разговаравме рекоа дека знаат за објектот кој е во непосредна близина и дека од државата е доверен на Библиотека „Гоце Делчев“. Но, според нив, поради посветеноста кон основната дејност – библиотекарството немале време ниту да потсетат на стариот објект во соседството, ниту да го информираат Министерството за култура кое исто така имало чести смени на водечките функции.

Новиот директор на Штипската библиотека,, Тамир Јамаковски вели дека тој за неполни два месеца, колку што е на новата функција само слушнал за доверената зграда на старото Радио Штип.

„За 2024 година проектите се завршени од моите колеги претходници и се однесувале на библиотекарството како основна дејност па овој стар објект допрва ќе биде предмет на некој нареден проект. Првата наредна средба со првите луѓе во Министерството за култура ќе биде искористена да се сврти вниманието кон овој проблем и се надевам дека ќе договориме некаков проект и динамика за негова реализација за зачувување на овој стар објект кој со години бил белег на Штип“, вели Јамаковски.

Од друга страна пак, Штипскиот музеј кој веќе има проект за реставрација на верскиот објект во месноста Св. Илија во Штип на десетина метри од старата зграда на радиото вели дека и двата објекта имаат заедничка околина, па тие истовремено направиле идеен проект и за старата зграда на Радио Штип.

„За верскиот објект веќе имаме проект за негово прераснување во Галерија, а соседниот објект на радиото со идејното решение треба да прерасне во културно катче каде ќе има и спомен соба на Радио Штип кое долги години беше главниот медиум во Општина Штип и пошироко“, вели директорот на Музејот, Митко Штерјов.

Старата зграда радиото кое повеќе не постои потекнува од 60-тите години на минатиот век кога од тоа место прв пат во етерот се огласи градското радио „Зборува Радио Штип“. Триесетина години подоцна радиото се пресели во централнот подрачје на градот на улицата „Ванчо Прќе“,а зградата во месноста Св. Илија беше во функција на Радио клубот Никола Тесла, а потоа и на Втората детска амбасада со седиште во Штип.

Неколку години по нивното згаснување, долги години зградата остана нем сведок на едно време и до денес буквално се распаѓа. Пред две децении зградата е дадена на управување на Националната установа Библиотека „ Гоце Делчев“ која се наоѓа во непосредна близина на објектот..

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/20-godini-propaga-stariot-objekt-na-radio-shtip-doveren-na-gradskata-biblioteka/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 20-Feb-2024 at 19:41
Се чисти депонијата во дворот на поранешна „Ранка Милановиќ“



Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и министерот за труд и социјална политика во техничката влада Ѓоко Велковски денес беа во посета на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“.

„Започна решавањето на проблемот во поранешниот дом „Ранка Милановиќ“. Утрово заедно со министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски бевме во посета на поранешниот дом „Ранка Милановиќ“ каде што започна акција за чистење на комуналниот отпад од дворот на објектот. Како градоначалник по извршените консултации со министерот издадов налог на ЈКП Гази Баба со својата механизација да изврши чистење на дворот на објектот и собирање на големата количина на отпад“, соопшти Стефковски.

Вели дека заедно со министерот за труд и социјална политика ќе бараат трајно решение за овој објект, како и за лицата кои се сместени во него.

Домот „Ранка Милановиќ“ во кој порано се сместуваа деца без родителска грижа, беше раселен во 2019 година, според програмата која ја спроведе тогашната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска. Но, по заминувањето на децата, домот не се пренамени, па стана засолниште за бедомници.   

https://nezavisen.mk/se-chisti-deponijata-vo-dvorot-na-poraneshna-ranka-milanovikj/
Carpe diem
Back to Top
Bridgeburner View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Jan-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Bridgeburner Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 20-Feb-2024 at 21:02
Депонија која самите Цигани ја направија што носеа ѓубре...
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 876
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 21-Feb-2024 at 00:46
Originally posted by Bridgeburner

Депонија која самите Цигани ја направија што носеа ѓубре...


И?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 23-Mar-2024 at 19:20
ДЕПОНИЈА СТОИ СРЕДЕ СКОПСКИ КАПИШТЕЦ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА, НИКОЈ НЕ ЈА ЧИСТИ НИТУ НЕКОЈ Е КАЗНЕТ



Среде населбата Капиштец во скопската Општина Центар повеќе од една година стои депонија од градежен шут и никој не презема ништо. Станува збор за депонија создадена во и околу објект спроти Католичката црква. Во минатото, овој објект беше хостел, но неколку години не работи и оттогаш е претворен во депонија.

Објектот и надвор и внатре е затрупан со секаков вид градежен шут. Никој не го чисти, ниту пак инспекторите на Општина Центар го казниле сопственикот.

Од Општината не одговорија на нашите прашања зошто се дозволува да постои ваква депонија во центарот на градот, каде што секојдневно минуваат илјадници граѓани.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/deponija-stoi-srede-skopski-kapishtets-poveke-od-edna-godina-nikoj-ne-ja-chisti-nitu-nekoj-e-kaznet/
Carpe diem
Back to Top
Phiko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Aug-2020
Online Status: Offline
Posts: 206
  Quote Phiko Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 25-Mar-2024 at 18:33
Originally posted by stef4o

ДЕПОНИЈА СТОИ СРЕДЕ СКОПСКИ КАПИШТЕЦ ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА, НИКОЈ НЕ ЈА ЧИСТИ НИТУ НЕКОЈ Е КАЗНЕТ


Денешна, бекатонот каде што се паркирани колите беше поставен пред една или две недели:

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 07-Apr-2024 at 14:45
Герасимовски: Расчистена е дивата депонија во Капиштец, спроти Католичка црква

Општинските служби ја расчистија депонијата во напуштениот објект во Капиштец спроти Католичката црква. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека од локацијата во неколку наврати се отстрани смет, шут, кабаст и градежен отпад. Депонијата беше потенцијален извор на разни инфекции, но и опасност за безбедноста поради собирање бездомници кои палеа оган од насобраното ѓубре.

„Ваквите депонии мора да бидат расчистени од причина не само што ја нагрдуваат сликата во општината, туку поради тоа што најчесто се дувло на бездомници и потенцијални жаришта на зарази и нови пожари. Јавната хигиена и здравјето на граѓаните мора да биде на прво место“, вели Герасимовски.

Општина Центар пред три месеци ги повика граѓаните да пријавуваат диви депонии преку телефонскиот број 02 3203 693 или на веб сајтот на општината преку следниот линк https://www.centar.gov.mk/?page_id=6768. Општина Центар има за цел да ги расчисти сите диви депонии на целата територија на општината.



https://www.centar.gov.mk/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 11-Jun-2024 at 18:15
СТАОРЦИ, ЗМИИ И КУНИ ИЗЛЕГУВААТ ОД НАПУШТЕНА И РУИНИРАНА КУЌА ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП



На улицата Тодор Чучков во центарот на Штип, стотина метри од таканаречаната зграда промаја и градската автобуска станица, од напуштена и руинирана куќа со срушен покрив и таван и од непристапен двор целиот обраснат со грмушки, трња и разни дрвја, почнаа да излегуваат стаорци, куни, змии, велат жителите од реонот Тузлија. Велат дека дел од животните почна да преминува кај соседните куќи, па денеска во дворот на најблиската куќа сопственикот се соочил со еден смок долг повеќе од еден метар.

Тој и останатите жители од маалото велат дека често гледале како во дворот кај напуштената куќа претрчуваат стаорци и куни, а штом има смокови велат дека сигурно има и змии. Сметаат дека овие влекачи и глодари се потенцијална опасност за минувачите, посебно децата кои секојдневно одејќи или враќајќи се од школо поминуваат покрај напуштената куќа.

Проблемот бил пријавен во Општината од каде им рекле дека немаат надлежност затоа што станува збор за приватен имот, а имотот како што знаат жителите од овој реон бил на повеќе наследници кои биле раселени низ светот. Куќата повеќе години е оставена да пропаѓа и да се урива.

Жителите од Тузлија сега единствен спас гледаат во најавата дека за куќата веќе има оглас оти се продава, па идниот градител од темел да го расчисти теренот и да го реши проблемот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/staortsi-zmii-i-kuni-izleguvaat-od-napushtena-i-ruinirana-kuka-vo-tsentarot-na-shtip/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 15-Jun-2024 at 18:04
„Ефтиноќа во оваа скупоќа“



Општина Гази Баба е побогата за уште еден новоотворен див „отпат“ карши „Бриколаж“, во кој сите жители на Општината можат да го однесат ѓубрето од своите домови таму. Станува збор за „Ранка Милановиќ“, некогашната установа за сместување деца со проблематично однесување, која со години е во руинирана состојба, преполна со ѓубре и урнатини, каде што бездомните лица седат и палат оган.

– Во склоп на овој „отпат“, како спас од жештините, се очекува да биде пуштен новиот базен, кој е опремен со разни реквизити, а моментално се полни со питка вода за пиење од пукната цевка на ЈП „Водовод“. За сите социјалци, капењето во базенот ќе биде бесплатно, а за другите – само 50 денари за цел ден, како што би рекле Ромите: ефтиноќа во оваа скупоќа – пишува Весна Стојановска на „Фејсбук“.



Во февруари годинава, Општина Гази Баба, со механизација, го исчисти просторот. Во текот на акцијата присуствуваше тогашниот технички министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, кој најави трајно решение за овој објект, како и за лицата сместени во него.

– Со жалење можам да констатирам дека повеќе од две години Владата и Министерството за труд и социјална политика не постапуваа по моите иницијативи за решавање на овој проблем и покрај бројните петиции и барања од граѓаните и од компаниите што функционираат во овој дел од Општината – нагласи градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

https://www.vecer.press/eftinoka-vo-ovaa-skupoka/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 111213

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.164 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.