Ски центар Кожуф |
Post Reply | Page <1 2324252627 33> |
Author | |||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #481 Posted: 24-Nov-2010 at 02:40 | ||||||
Во првото видео најдов одговор за едно претходно покренато прашање околу статусот на земјиштето. Имено 55 хектари (каде што е предвидена населбата) се во сопственост на Ски Кожуф, а 500 хектари од околните падини им се дадени на 40-годишна концесија. Инаку особено убаво изгледаше делот на населбата каде објектите беа во стил на традиционалната македонска архитектура Edited by Cloverstack - 24-Nov-2010 at 02:40 |
|||||||
toasumjas
Senior Member Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
Quote Reply #482 Posted: 24-Nov-2010 at 10:36 | ||||||
И мене ми изгледаше убаво посебно што нашиот традиционален стил е прикладен за у планина. П.С. Во последно време на маврово имам приметено две три згради кои личат ко бизнис згради у сред планина и се одвратни. Edited by toasumjas - 24-Nov-2010 at 10:36 |
|||||||
ovaj_stariov
Senior Member Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1315 |
Quote Reply #483 Posted: 24-Nov-2010 at 21:37 | ||||||
Еј ако не сме ние прилепчаниве да спасиме ситуација,нема кој
Во текстот нема којзнае какви информации за центарот,но барем подгрева недеж дека не е некоја фантомска фирма.
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=A8E3FE2BEAAE1C489259DA0A1104BEB5 |
|||||||
build.mk, гради форумска историја
|
|||||||
Makedonij
Senior Member Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2185 |
Quote Reply #484 Posted: 25-Nov-2010 at 08:53 | ||||||
Странци го превземаа Ски Кожуф Понеделник, 15 Ноември 2010 17:57 Интернационалната групација МЏ (ем-џи) од Дубаи стана доминантен сопственик на Скијачкиот центар Кожуф. Влегува со инцвестиција од 200 милиони евра, а има обврска за комплетна реализација на проектот Ски Кожуф. Ова вчера на прес конференција во Кавадарци го обелодени извршниот директор на Ски Кожуф, Ангел Наков, кој рече дека на развој на скијачкиот центар Кожуф ќе работи Селект Контракт, корпорација од Вислер, Канада чие постоење датира од 1978, специјализирана за развој, изградба оперирање на туристички дестинации, лидер на проектот. “Уверен сум дека Ски Кожуф ќе биде еден од најголемите скијачки центри пошироко, а со подршка од странските инвеститори се надевам дека овој проект многу брзо ќе се реализира“ рече директорот за развој на Селект контракт, Бен Баркер и потенцира дека во скијачкиот центар со кој го превземаа управувањето, гледаат огормен потенцијал за целогодишна понуда на туристички пакети кои би го привлекле интересот како на локалните туристи, така и на туристите од светот. Баркер вети дека во Кожуф ќе го имплементираат целото нивно меѓународно искуство, бидејќи биле воодушевени од природната убавина, климатските услови и можноста за летна и зимска туристичка понуда, а проектот Ски Кожуф ќе бил катализатор за убрзување и на други проекти во регионот. Првата фаза со активности што ќе ги инвестираат новите доминантни сопственици , беше најавено дека отпочнува веднаш, а ќе опфаќа изработка на проектна документација за населби, улици, спортски терени, воден пар и други објекти кои ќе се градат и изработка на маркетиншки пакети. Втората фаза со активности ќе отпочнела од март. Ќе се градел хотел со 60 соби, две нови жичници, паркинг простр, пречистителна станица. Странците не влегле во Кожуф привлечени од владината кампања за привлекување на странски инвестиции, туку преку лични контакти. Пред три години убавините на Кожуф ги запознал Блаже Пецески од Прилеп, кој дваесетина години живее и работи надвор од земјава во групацијата Ем-Џи. Убавините на Кожуф го натерале Пецески да лобира кај неговите претпставени за да инвестираат во изградбата на овој скијачки центар во Македонија. По долгите преговори сепак работата се завршила. Центарот ќе работи и годинава, но не во посакуваниот обем, бидејќи сеуште бил во изградба регионалниот пат Р-112 преку кој треба безбедно да се стигне до центарот. “Следната сезона ќе ги дочекаме и првите туристи, кога скијачкиот центар ќе има и богата комерцијална туристичка понуда. До пред нова година во јавноста ќе биде промовиран целиот проект“ нагласи Наков и додаде дека реактивирањето на активностите на Кожуф ќе значат вработување на над 1000 луѓе од Кавадарци и Гевгелија, но и работа за фирми од регионот. Задоволство од превеземањето на мнозинскиот пакет во Ски Кожуф искажа и градоначалникот на општина Кавадарци кој рече дека Скијачкиот центар Кожуф има големо значаење за Локалната самоуправа. “Сите сме единствени кога е во прашање Кожуф, и градоначалникот и советот, исто беше и во претходниот мандат. Мора да се почитува со посебен респект овој проект. Со одлука на советот скиајчкиот центар е ослободен од плаќање комуналии.“ рече градоначалникот Панов и нагласи дека Локалната самоуправа и Владата ќе работат на пристапни патишта и најави дека во 2011 година треба да се среди патот до селото Крњево, а потоа и до селото Бохула, по што ќе следело и поврзување со скијачкиот центар. Панов не ги сокри очекувањата на општината дека во буџетот ќе се слеваат добри суми на персонален данок откако ќе професионално ќе проработи центарот, но и од можноста за вработување на многу луѓе од Кавадарци. Иако се рашири вест дека во Кожуф влегува шеик од Дубаи, ваквата информација не беше потврдена од Наков. Тој рече дека прималиво звучи за јавноста, но дека нема вистина во тоа. Поради проблем со финансиите во изминатиот период имаше застој во изградбата на центарот и истиот не работеше комерцијално. Но по превземањето на центарот се најавува интензивно градење. На надморска височина од 2.000 метри, на Кожуф Планина е распослан скијачки центар „Кожуф“. Само триесетина километри од најјужниот и најтоплиот дел на Македонија се крие новата македонска зимска атракција. Комплексот е лоциран на надморска височина од 1.500 до1.700 м, на локалитетот Момина Чука со планински врв Зелен Брег висок 2.208 м, а на 100 м оддалеченост од грчката граница. Комплексот се наоѓа на 33 км оддалеченост од Гевгелија, 148 км од Скопје и 99 км од Солун. Врз основа на периодичните мерења извршени во изминатите осум години, можат да се изнесат просечни податоци за условите на снег во ски-центарот „Кожуф“. Првите врнежи од снег започнуваат во ноември, многу поретко во октомври. Снежната покривка се задржува до средината на април, а во поретки случаи до првите 10 дена од мај. Бидејќи целиот ски-центар е на северна страна, има услови подолго да се задржи квалитетот на снегот, објаснуваат од ски-центарот „Кожуф“. Ангел Данов |
|||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #485 Posted: 14-Feb-2011 at 12:19 | ||||||
Ски „Кожуф“ - реалност или само идеја? Инвеститорите најавуваат официјален почеток со комерцијална работа во 2011 година Ангел ДановЌе биде ли нешто од скијачкиот центар Кожуф? Ова е прашањето што многу често е на дневен ред меѓу кавадарчани. Стана се' поактуелно откако во ноември во јавноста бомбастично се најавија милионски суми инвестиции од стратешкиот партнер, а, сепак, скијачкиот центар комерцијално не проработи ниту годинава. Стигнуваат нови најави дека ски-Кожуф станува реалност. Инвеститорите најавуваат комерцијален почеток на крајот од оваа година. Деновиве во Кавадарци пред советниците и градоначалникот беше промовиран бизнис- планот што опфаќа работење на центарот од 2011 до 2014 година. Извршниот директор, Ангел Наков, истакна дека бизнис-планот бил готов кон крајот на јануари, а во Кавадарци ја има и првата промоција. Го изработиле со своите стратешки партнери „Селект контракт“, компанија за која беше најавено дека ќе инвестира милионски суми евра во доизградбата на скијачкиот центар, а по таквите бомбастични најави, активностите, барем за јавноста, се чинеше дека замреа. „Овој проект се базира на реални основи и треба да биде завршен за пет години. Финансиските средства се веќе обезбедени. Голем дел од граѓаните ќе останат се' уште со сомнежи. Јас можам само да им порачам дека и пред пет години не веруваа дека ќе стигнеме до оваа ниво до кое сме денес. Морам да ги разочарам сите скептици и да им кажам дека по пет години ќе бидат сведоци на завршен проект, а уште ова година, кон крајот на 2011, ски-Кожуф ќе почне комерцијално да работи и ќе биде презентиран на меѓународниот туристички пазар“, уверува Наков. Тој за „Утрински“ открива дека проекциите им се до 2014 да бидат реализирани околу 800.000 ноќевања. За оваа година, т.е за почетокот на новата скијачка сезона, на крајот од 2011 година очекуваат 50.000 ноќевања. Наков нагласува дека ски-центарот „Кожуф“ ќе има сериозен придонес кон вкупниот туризам во Македонија. Како главни причини за забавената динамика за изградба на центарот, од компанијата ги наведуваат неизградениот пат и економската криза. „Патотот беше горчлив проблем. Ние почнавме во 2007, но и светската економска криза придонесе нивото на инвестиции да се намали. Во секој случај, патот ќе биде завршен во јуни годинава и ќе биде пуштен во употреба. Ова е еден од ретките примери каде што државата дава директна поддршка на приватниот бизнис, на приватната иницијатива и треба да послужи како пример за други проекти“, дециден е директорот на „Кожуф“. И градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, е оптимист дека кон крајот на оваа година скијачкиот центар може да стане реалност. Тој вели дека е траен интересот Кавадарци, преку пристапен пат од кавадаречка страна, да се поврзе со скијачкиот центар. „И во минатиот период, уште пред две години не изостана моето лобирање во Министерството за транспорт и врски да го преземе и да почне со проектирање на патот од кавадаречка страна за поврзување со ски-Кожуф. Минатата година на сопствен трошок го испроектиравме патот од Крњево до Бохула, независно што се работи за регионален пат. Остануваме со цврста определба како локална самоуправа да вршиме притисок врз Министерството да го заврши проектот од Бохула до ски-Кожуф. Ако не можеме да ги асфалтираме оние 20 км, барем по трасата што ќе ја утврди Министерството или Агенцијата за државни патишта да го пробиеме патот и во рамките на расположливите средства и механизација да го доведеме до состојба за да го користат џипови и други теренски возила од кавадаречка страна“, вели првиот човек на Кавадарци, кој ги спомна и бенефитите што ќе ги има општината од работењето на овој туристички комплекс. Панов смета дека секоја општина би посакала еден ваков потенцијал и е лично уверен дека во 2011 ски-Кожуф ќе ја има официјалната сезона, а со тоа и општината ќе почне да ги црпи бенефитите од таксите за ноќевање, данокот на промет и данокот на имот, а општината ќе добие и повеќе пари од ДДВ. Како што пишуваше „Утрински“, интернационалната групација МЏ со седиште во Дубаи од ноември и официјално стана доминантен сопственик на скијачкиот центар „Кожуф“. Странците на промотивниот прес најавија инвестиција тешка 200 милиони евра, што во наредните четири години ќе се реализирала. Беше речено дека амбициозниот проект за целогодишна туристичка понуда опфаќа простор од над 4.000 квадратни метри и површина од 55 хектари, каде што треба да се изградат апартмани, хотели, спортски терени, жичници, воден парк, спа-центар, пречистителна станица... Овие капацитети на Кожуф, според најавите на инвеститорите, треба да отворат илјада работни места, но и да обезбедат работа за фирми од регионот. Како што беше најавено, со проектот ќе менаџира канадската корпорација „Селект контракт“ од Вислер. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=38E70389D7DC70489D038D8A431A8F9C |
|||||||
Plugger
Senior Member Joined: 15-Sep-2008 Online Status: Offline Posts: 378 |
Quote Reply #486 Posted: 24-Feb-2011 at 04:13 | ||||||
Среда, 23 Февруари 2011 15:15
Советниците на општина Кавадарци и градоначалникот Александар Панов, денеска беа запознаени со стратегијата за осовременување на ски-центарот „Кожуф“ и придобивките од тоа. Покрај скијањето, на скијачкиот центар „Кожуф“, ќе биде овозможена шанса за планински туризам, велосипедски патеки и други активности за привлекување на поголем број туристи. - Проектот е реален и ќе заврши за пет години. Финансиските средства се веќе обезбедени и граѓаните не треба да се сомневаат, туку да очекуваат наскоро „Кожуф“ да стане атрактивно место за бројни домашни и странски туристи, изјави извршниот директор на „Кожуф“, Ангел Наков. Тој најави дека постепено ќе се зголеми бројот на ноќевања, а наскоро се очекува и изградба на модерна еколошка пречистителна станица. За проблемот со немањето пристапен пат до ски-центарот, градоначалникот Панов информира дека општината веќе има изготвен проект за тоа. Од ноември минатата година доминантен сопственик на ски-центарот „Кожуф“ стана интернационалната групација МЏ со седиште во Дубаи, која најави инвестиција од 200 милиони евра во наредните четири години.http://kurir.mk/republika/opstini/20206-Ski-centarot-Kozuf-naskoro-so-evropski-lik Edited by Plugger - 24-Feb-2011 at 04:15 |
|||||||
^Strela^
Newbiе Joined: 26-Dec-2008 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #487 Posted: 25-Feb-2011 at 01:10 | ||||||
Незнам колку имате забележано постојано се даваат исти изјави дека ќе се почне да се гради.Повеќе не верувам во ништо додека не се почне со работа, а и ме плаши податокот можеби позади овие странциве пак да стојат истите сопственици времето ќе покаже како е работата навистина но се изгуби премногу време и премногу пари залудно фрлени .
|
|||||||
gorco
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
Quote Reply #488 Posted: 25-Feb-2011 at 02:24 | ||||||
Жалосно е тоа што три општини зависат од ски центарот, а нашиве власти им е гајле.
Не знам колку сте приметиле ама ски - центарот Кожуф е сместен на територија на општина Кавадарци, а оддалеченоста е скоро од секаде иста, и од Гевгелија, и од Демир Капија и од Кавадарци. Селото Крњево како за пример, колку е оддалечено од Демир Капија, толку е и од Кавадарци, а е познато по винаријата ГРКОВ - која што го заживеа регионот. Буквално туризмот е второ име на областа, ама македончето нишо не прави, како по обичај! |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #489 Posted: 25-Feb-2011 at 20:00 | ||||||
Се очекуваат 900.000 ноќевања во ски-центарот Кожув
http://daily.mk/cluster3/ef61ae3ec83379cea1ad9cc29ab6f363/611792 |
|||||||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #490 Posted: 25-Feb-2011 at 20:57 | ||||||
Ова почнува да ми звучи на Милијардата на Циле, немањето слободни парцели во Бунарџик, Ауди во Македонија и сл. Мислам дека веќе никој не верува во вави најави, на мање ни више 900.000. Секоја чест за упорноста и ентузијазмот, но вакви пренапумпани бројки и очекувања а после крах, само допринесуваат уште толку да паднеме во апатија. Ај за почеток донесете 1000 ноќевања со вашите 20 легла па после ќе збориме. |
|||||||
Sale SK
Senior Member БАНИРАН Joined: 16-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 258 |
Quote Reply #491 Posted: 25-Feb-2011 at 21:22 | ||||||
Ангел Наков нема никаков компас,нити знае што зборува.Истата расипана плоча со години ја слушаме.Откога ја земаа цела планина за бадијала,направија тоа што направија и застанаа.Сега демек најдоа некои инвеститори од Дубаи,кои ги нашол некој прилепчанец кој живее во Лондон.Откога јавија дека немаат 200 милиона за вложување,се појавија Арапиве со 200 милиона,ама ги немаат сега,туку ќе ги вложат во наредните 5-6 години.И смешно и тажно.Кој више верува на вакви будалаштини?А немаат пари едно патче да направат.И тој пат го прави Владата.А и таа не може да го направи...Монти Пајтон.
ПС И све да направат како што планираат,тој скијачки центар нема да биде ни до колена на Банско.Се е ова ветер и магла. |
|||||||
Plugger
Senior Member Joined: 15-Sep-2008 Online Status: Offline Posts: 378 |
Quote Reply #492 Posted: 26-Feb-2011 at 17:43 | ||||||
Ne reci dva pati Sale, ako go napravat i pola od toa sto go vikaat Bansko ima da bide selsko bacilo u sporedba so Kozuf. Pa Bansko e mnogu malo kako prvo, a vo Kozuf ima i prirodni ubavini i baska ima zicara so 6 sedista toa go nema na Bansko. Edited by Plugger - 26-Feb-2011 at 17:44 |
|||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #493 Posted: 26-Feb-2011 at 17:46 | ||||||
koga kje pocnat da gradat makar najsitni detali so se vika vazno da cepnat nesto togas moze da pravime muabet a do togas nisto
|
|||||||
Andrej_LJ
Senior Member Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
Quote Reply #494 Posted: 26-Feb-2011 at 17:46 | ||||||
Съоръжения 27 километра бързи и удобни лифтове на разположение на гостите на зимен център Банско. 1 кабинков лифт, 6 четириседалкови, 1 шест-седалков, 1 триседалков, 3 котви, 2 панички и 10 детски влека. Значи: -една кабинска гондола -еден шестосед -6 четвороседа -еден тросед -3 котва ски-лифта -2 диск ски-лифта -10 влекови Вкупно 27 километри на превозни средства... Ај сега еден ријалити чек! Edited by Andrej_LJ - 26-Feb-2011 at 17:50 |
|||||||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||||||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #495 Posted: 26-Feb-2011 at 19:26 | ||||||
Дали гледаше денеска светски куп во Банско? Дали си бил воопшто на Кожуф и на Банско? Не пола, да се направи 5 пати повеќе од тоа што Наков го ветува, центарот нема да биде ни 20% од Банско. Затоа и алудирам, се работи за нова „милијарда“, „Ауди“, „Шишеџам“,„Искра“ и сл. Edited by UrbanFreak - 26-Feb-2011 at 19:26 |
|||||||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #496 Posted: 26-Feb-2011 at 19:28 | ||||||
Кожуф има:
- еден Шестосед (максимум 2км долг)
- 2 скилифти (од по 700 метри)
- ТОЛКУ
|
|||||||
toasumjas
Senior Member Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
Quote Reply #497 Posted: 27-Feb-2011 at 15:30 | ||||||
Ја незнам што го правите вие Банско??? Како за Кицбил да зборувате! Сум ја имал таа чест да скијам на неколку скијалишта во Австрија и Германија, а истотака и во Банско. Банско не е ништо посебно! И доколку се оствари целиот план за Кожуф што чисти сумљам али да речеме да се оствари Кожууф ќе биде во најмала рака рамо до рамо со Банско!
Во Банско има 70км стази по тоа што го тврдат Бугарите во реалност нема повеќе од 50 знаејќи дека во тие 70 го рачунаат и ски патот до градот и жичарата која се наога на десната планина (десно од бандеришка) наd вештачкото езерце која никад ама баш никад не работи! Андреј доколку живееш во Љубљана сигурно си бил на Крвавец и ако си бил ќе знаеш дека на Банско нема многу повеќе стази за Скијање, а Крвавец има 40км стази. Е сега што се однесува до Кожуф каде патем бев вчера и се извинувам на сите што не сликав али беше ладно имаше магла и ме мрзеше да го вадам мобилниот да сликам.: Патот не е ни блиску до завршување, само е пробиен! Ширината на патот во моментов е не повеќе од 3-4 метри, нема направено потпорни зидови. Значи да го видите во живо ќе ви стане јасно дека со нашето темпо на работа тешко дека оваа година ќе се заврши. Во центарот од мојата последна посета пред две години (лани не работеше нели поради патот) не е направен ништо,значи 0! Дури полошо е од што беше: пред две години имаше електронски(магнетни или какви и да се) карти сега веќе нема, сега се картонски, ги немаше и машините низ кој проагаш односно кој ја читаа таа електронска карта! Неќу да помислам али ништо чудно да ги продале (можда у Маврово, тамо сега има електронска наплата). Пред две години имаше куќарка за купување ски-билети, сега је нема! Сега за билет влагаш у ресторанот и на првата маса десно седи еден човек со петпарачка метална касичка за пари додуша морам да признаам дека имаше и фискална и продава билети! Потоа пред две години комбиња во смрдлива вода имаше на секој 15-20 минути, а сега ја дојдов у 9 и 15 и чекав до 11 сат да се симне комбето и кога се симна нормално го добив типичниот македонски одговор се јавиле уште две коли дека доагаат треба да ги почекаме, па нема само за двајца да се качувам!!! ај почекав уште пола саат и на крај стигнав горе у 12 и 10!!! ееј од 9 и 15 до 12 и 10!!! Уште доле у смрдлива вода го слушав мајсторот што работи на информации Ски Кожуф(имаат кукарче у Смрдлива) како ми објаснува дека треба порано да си тргнам од дома. Засмислете идете у Аустрија негде на скијање и треба да ве носат со комбе до скијалиштето и вработениот у 9 саат сабајле ви вика: требаше порано да си тргнете!!! Па у Банско шатл басовите од сите хотели идат на секој 15 минути без разлика дали се празни или полни доага и одма трга и се врака за 15 мин!!! Лудило луѓе во моментов кожуф не е ни блиску до боровец за повеќе да не зборувам. А патот, боље да не ви го спомињам делот на патот од гевгелија до смрдлива вода е уште полош и од техничкиот само што е на рамен терен! толку од мене Edited by toasumjas - 27-Feb-2011 at 17:06 |
|||||||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #498 Posted: 27-Feb-2011 at 20:34 | ||||||
@toasumjas малку ти е контрадикторен постот. Точно Банско не е Кицбил, но јужно од Австрија нема подобар центар ни одблиску. А во големиот пасос во кој што го опишуваш Кожуф и состојбите во него, можеме да им завидуваме колку сакаме на Бугарите за Банско, но факт е дека Кожуф никогаш нема да биде ни Боровец, не па Банско. Далеку од тоа дека ние не сакаме. Само прочитај ги првите наши постови во оваа нишка далечната 2007/2008 кога и јас направив фото репортажа од тогаш. Прочитај и ќе видиш со колкав ентузијазам тогаш сите гледавме на Кожуф и види кај сме денес. Затоа и ти велам, гладна кокошка просо сонува.
|
|||||||
toasumjas
Senior Member Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
Quote Reply #499 Posted: 27-Feb-2011 at 20:40 | ||||||
Ја само кажав дека доколку се оствари планот за кожув каков што е на мапата од нивниот сајт Кожуф ќе биде во најмала рака рамо до рамо со Банско ако не и подобар а и би имало повеќе стази од тоа што го има Банско во моментов. Но нагласив ако се реализира планот каков што е(што ќе повторем лично сум скептик). А што се однесува до тоа што Кожуф го има во моментот е далеку од Банско па и боровец, а Банско е далеку од Китцбил и Шамони!
Edited by toasumjas - 27-Feb-2011 at 20:41 |
|||||||
UrbanFreak
Senior Member Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply #500 Posted: 27-Feb-2011 at 20:56 | ||||||
Ако си навистина скијач, знаеш дека многу битен параметар за развојот на еден ски центар е и висинската разлика помеѓу почетните и крајните коти како на стазите така и на највисоката и најниската точка од центарот. Дури и да ја изземеме гондолата во Банско (кое патем е на 936 метри нмв) и да почнемее со најниската кота од самиот центар, односно крајот на гондолата надморската висина е 1635 метри. Надморската висина на крајната кота на Тодорка е 2600 метри. Ова прави фантастични 965 метри висинска разлика, што е подобро и од голем број алпски центри. Да го споредиме со Кожуф. Највисоката кота е 2200 метри а најниската 1550, или 650 метри. Таа разлика од 300 метри колку за споредба е разликата помеќу крајот на двоседот во Маврово и почетната точка на жичарата. Ова доволно говори. Што се однесува до мапите и плановите, сега гледам дека и Кожуф ги ажурирале мапите и додале уште 6то седи и 4ро седи. Но според мне ова е само маркетиншки трик да се продадат како добар прокт, бидејќи според конфигурацијата на теренот воопшто не се работи за такво пространство. И конечно, доколку сакаме добар центар во Македонија, треба да се фокусираме на Шапка или нов центар на Пелистер. Само тамо има доволна висинска разлика и пространост за ширење на ваков центар.
Да не зборуваме и дека еден центар не го прават само скијашките терени. Колку други активности преку целата година има на Банско колку на Кожуф? Хотели од типот на Кемпински, големи настани како одржувањето на ски купот вчера, огромни сместувачки капацитети, познати ланци ресторани и слично. Кожуф е само обичен сон, кој дај боже да се реализира, но нема никогаш да биде ни приближно како Банско, едноставно е физички невозможно поради самата планина.
|
|||||||
Post Reply | Page <1 2324252627 33> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |