build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ски центар Кожуф

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 33>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 03-Dec-2007 at 13:18
eve nekoi novi informacii za Kozuf. Cenata e seuste enigma no ako se zeme zdravo za gotov tekstov bi trebala da bide pomala od maksimalnite 1200 denari kolku sto kje kosta Mavrovo ovaa godina. Ete i odredeni informacii kolku stazi kje bidat spremni za godinava.  A ete i odredeni informacii za drugite skijacki centri.
 
Каде на скијање годинава?
КОЖУФ СЕ СПРЕМА ЗА БАЛКАНСКИ СЕНТ МОРИЦ

Вкупниот капацитет на сите зимски туристички центри во државата вклучувајќи ги покрај овие три најголеми и Крушево, Пелистер, Осоговските планини изнесува над 2.500 легла а на скијачките терени можат дневно да се рекреираат над 50.000 гости. Годинешната зимска туристичка сезона ќе биде обогатена со нов скијачки центар Кожуф, но за жал, и еден зимски скијачки центар поради нашата неорганизираност полека ќе згасне- оваа година - нема да има скијање на Пелистер


Според прогнозите на метеролозите не очекува долга и снежна зима со интензивни врнежи на снег веќе во првата половина на декември. Тоа конечно оваа зима ќе ги наполни трите најголеми зимски туристички центри во Македонија Маврово, Кожуф и Попова Шапка со што можеме да очекуваме богато зимско лето. Вкупниот капацитет на сите зимски туристички центри во државата вклучувајќи ги покрај овие три најголеми и Крушево, Пелистер, Осоговските планини изнесува над 2.500 легла а на скијачките терени можат дневно да се рекреираат над 50.000 гости. Годинешната зимска туристичка сезона ќе биде обогатена со нов скијачки центар Кожуф, но за жал, и еден зимски скијачки центар поради нашата неорганизираност полека ќе згасне- оваа година - нема да има скијање на Пелистер.

Нова убавица
Изградбата на најновиот и според најавите најатрактивен ски центар во Македонија - ски центарот Кожуф, или како што го нарекуваат Сент Мориц на Балканот, влегува во завршна фаза и оваа година ќе ги прими првите скијачи од Македонија и соседната Грција. “Промотивното скијање е најавено за 8 декември (ако има снег) вели Перо Таневски раководител на секторот за продажба на А.Д.Ски центар Кожуф.
Спрема најавите на Таневски тоа ќе биде најмодерен ски центар во Југоисточна Европа”.
Ски центарот е лоциран на 30 километри западно од Гевгелија на планината Кожуф на граница со Република Грција и подеднакво е оддалечен (100 км) од Скопје и од Солун.
“Оваа година ќе работиме како дневен ски центар, гостите ќе можат да дојдат на еднодневно скијање или прошетка за да ги видат убавините на Кожув и да го оценат квалитетот на скијачките патеки. За оваа зима се спремни девет ски патеки со вкупна должина од 25 километри и со ширина од 50 метри. Четири патеки се за почетници, а останатите за оние кои веќе го совладале скијањето. Ќе бидат пуштени во работа два ски лифта и една шестоседна жичница на познатиот австриски поизводител на опрема за оваа намена “Допелмаер”. Капацитетот на жичницата е 3200 скијачи на час со почетна станица на 1520 метри и крајната станица на 2070 метри надморска височина. Заедно со двата ски лифта на падините за скијање за еден час можат да се префрлат 5.400 скијачи, вели Таневски.
“Оваа зима на Кожуф ќе биде промотивно скијање, а на терените на гостите им нудиме два ресторана во форма на бачила со одлична храна.
Од Смрдлива вода до Ски центар Кожуф е изграден технички асфалтен пат но возачите ќе мораат да бидат внимателни бидејќи не е по стандардите за регионални патишта. Од ски центарот ветуваат дека цела зима редовно ќе го одржуваат патот”, вели Таневски.
Според Таневски цените на ски картите уште не се објавени и ќе бидат поефтини од другите центри бидејќи оваа зима скијањето на Кожуф е промотивно.
Во наредната 2009 година се најавува пуштање во употреба на меѓународниот хелиодром со кој се очекува тука да скија европскиот и регионалниот џет-сет. Во наредната фаза е предвидена изградба на хотели од висока класа со вкупно 400 легла, како и изградба на неколку помали хотелски капацитети со околу 200 легла.
Во текот на 2006 и 2007 година одреден број на наши граѓани купија локации за изградба на куќи и викендици на оваа локација со што се создаде едно македонско јадро кое ќе биде носител на туристичката населба. Од следната 2008 година најголем број на купувачи на готови викенд куќи се очекува да бидат Грците и гостите од Велика Британија. За идната година се планира изградба на уште две шестоседни жичници , проект за чаршијата и апартманска населба на 9000 квадратни метри.
Проектот е вреден 72 милиони евра, а во неговото финализирање ќе се вклучи и Владата на РМ. Во проектот Кожуф досега се вложени 12 милиони евра. Стопанска банка го обезбеди буџетот за 2007 година, а ветуваат дека ако владата покаже интерес спремна е да ги финансира следните фази од проектот. Инвеститорите се сигурни дека овој проект ќе допринесе за регионалниот развој, нови вработувања и зголемување на бруто националниот доход.

Маврово
На планинската убавица Бистра се наоѓа еден од нашите најстари зимско рекреативни центри- Маврово. Етаблиран, убаво уреден спремен е да ги прими гостите. Се чека само снег. Ски центарот Маврово е во состав на истоимениот национален парк Маврово на планината Бистра а оддалечен е од Скопје 95 км.
Претседателот на Одделението за развој на туризам во Маврово Душко Шаревски вели: “Нашата цел е Маврово како туристички центар да заживее преку цела година. За таа цел е во подготовка физибилити студија која наскоро ќе се најде пред сите надлежни фактори во државата пред потенцијалните инвеститори како и сите дипломатски претставништва во земјава чии држави можат да бидат потенцијални инвеститори во Маврово. Овој туристички центар располага со 17 хотели од кои некои се комерцијални, а некои се се уште синдикални одморалишта со вкупен капацитет од над 1600 легла. Но само околу 500 легла ги задоволуваат критеримуите за висока туристичка понуда”, вели Шаревски.
“Скијачките терени се поврзани со 3 жичари (едносед и 2 двоседи) со вкупна должина од 4.766 метри и капацитет од 1.860 скијачи на саат. Има 12 ски лифтови, со вкупна должина 5.964 метри и капацитет од 10.106 скијачи на саат.
“Оваа година е поставено осветлување покрај главните ски стази и на четирите ски лифта Жолтиот, Детскиот Повратниот и Мирна Долина, со што ќе биде овозможено ноќно скијање. Центарот располага со неколку ратракти за одржување на стазите и со еден топ за снег. Во екот на сезоната на скијачките терени можат да се рекреират и над 10.000 скијачи. Цените за ски картата ќе останат на минатогодишното ниво од 15 евра дневно доколку не поскапи струјата”, вели директорот на ски центарот “Заре Лазарески во Маврово, Иван Симевски.
Во хотел “Бистра” и депандансите има место за 110 гости. Спиење со доручек се движи од 70 до 135 евра. Хотелот располага со базен, џакузи, сауна и фитнес центар. Хотелските гости овие услуги ги користат бесплатно.
Еден од поубавите хотели на Маврово е и хотелот “Фершепед”.
“Хотелот Фершпед оваа зима спремно ги дочекува гостите во реновираните и убаво уредени соби. “Цените се нешто пониски од минатогодишните со што овој хотел станува најпривлечен на Маврово. Полупансион во двокреветна соба чини 4000 денари (за две особи) а во апартман со 4 легла 6.800 денари. Тродневни новогодишни аранжмани се 12.500 денари по особа вели Лазе Симески, управник на хотелот “Фершпед”. Симески вели дека овој хотел има најдобра услуга која е на ниво на скопскиот “Александар Палас”, бидејки гостите преку зима ги опслужува истиот персонал.
Сопственикот на Хотелот “Срна” во Маврово, Ванчо Ѓорѓиев вели дека во неговиот хотел има место за 70 гости а спиење со доручек се движи од 30 до 40 евра зависно од собата.
Забава за сите посетители е обезбдена во Бачило и во дискотеката во хотелот Бистра.

Крушево
Единствениот град во државата кој може да понуди скијање е секако Крушево. Најпитомото и најуредено урбано место за скијање. Терените се протегаат од Бушова планина на надморска височина од 1.250 метри до градските улици на ова шармантно градче. Вкупниот капацитет на Крушево е онолку колку има куќи. Доколку падне снег сите куќи се спремни да примат туристи. Во комерцијалните легла во хотелот “Монтана” и во хотелот “Панорама” во Крушево има место за околу 270 гости. Управникот на “Монтана”, Ѓоко Николовски вели дека цените во нивниот хотел се на минатогодишно ниво и се движат околу 2.000 денари за полупансион. Коста Трајановски од хотел “Панорама” изјави за Капитал дека цена на полн пансион во “Панорама” се движи од 1380 до 1600 денари, полупансион е од 1100 до 1300 денари. Само ноќевање со доручек е 1000 до 1200 денари. Во над 2000 легла во приватен сместување цената за спиење се движи од 5 до 10 евра. Овој ски центар располага со жичница и два ски лифта, а дневна карта ќе биде околу 400 денари.

Шапка
Ски центарот Попова Шапка се чини дека и оваа година ќе остане во истата состојба како и претходните години. Иако најстар и најголем ски центар, со најдобрата ски патека во државата тој, и оваа година ќе го задржи стариот изглед без видливи инвестиции. Затегнатата безбедносно политичка ситуација која владее веќе подолг период во овој дел од државата, ги одбива гостите да дојдат на Попова Шапка. Иако ги има сите предиспозиции да се развие во голем ски центар, кој се наоѓа на извонредна локација, поради близината на автопат како и скопскиот и приштинскиот аеродром инвеститорите го заобиколуваат токму поради повремените инциденти. За време на конфликтот 2001 година голем дел од ски лифтовите беа уништени, но со напори на локалната самоуправа целиот комплекс е ставен во функција. Најчестите посетители се оние од Приштина и Тирана. Цените во хотелите за оваа година уште не се одредени бидејќи во секој миг се очекува нивна приватизација, а цената на билетите на жичарниците годинава ќе биде повисока од ланската за 100 денари и ќе изнесува 600 денари.

На Пелистер без скии
Годинешната скијачка сезона на Пелистер е доведена во прашање бидејќи нема соодветна опрема за одржување на скијачката патека. Машината со која се подготвуваше патеката за скијање, судски е доделена од туристичкиот центар “Копанки” на ЈП “Стрежево”, кое ги стопанисува ски-терените во Ниже Поле, од дугата страна на планината од овие причини концесионерот “Грандинг” од Скопје се откажа и од комплексот “Копанки” и од жичницата. Снег на Пелистер има но скијачката патека е обрасната со грмушки. Така туристичкиот центар “Копанки” практично нема можност да обезбеди скијање оваа сезона, зашто нема машина за набивање на снег.
Златко Стерјов, претседател на Здружението на планински спортови од Битола вели дека жичницата и патеката се формално нивна сопственост, но како здружение на граѓани немаат пари да ги одржуваат. Жичницата била набавена од пари од граѓански самопридонес, па нејзин сопственик била државата.

Пониква
Пониква е најмладиот зимски туристички центар во Македнија. Се наоѓа на надморска височина од 1640 метри на планината Осогово. За сега располага само со 2 мали мотела и едно детско одморалиште. Се уште се затворени и без телефонска врска. Во тек се подготовките за оваа зимска сезона и воочи Нова Година ќе бидат познати цените за зимување.


Наташа Црвенковска
 
Извор: Тотал
Back to Top
zutko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 29-Nov-2007
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote zutko Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 03-Dec-2007 at 14:48
Едно ме интересира  дали ке има скијање на 8 декември на Кожуф
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 03-Dec-2007 at 22:58
Со оглед на тоа што е релативно сончево и топло последниве 10тина дена не верувам дека има доволно снег. Но сепак да видиме, се работи за солидна надморска височина он над 1500 метри (почетна станица). Ако некој нешто дознае постирајте, а може и вака форумашки на едно скијање да отидеме.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 03-Dec-2007 at 23:25
епа да ве разочарам за 8ми



Економија


СКИ-ЦЕНТАР КОЖУФ


Отворање на 26 декември


Отворањето на туристичко-рекреативниот центар Кожуф ќе биде одложено за 26 декември бидејќи се уште не се завршени работите околу официјалниот старт на зимскиот комплекс. Претходно, веќе беше најавено дека на 8 декември центарот ќе биде отворен за љубителите на зимските спортови.

Во изминатиов период се работеше на фините подесувања на шестоседната жичарница, која веќе е монтирана. Во употреба наскоро ќе се пушти и 20-киловолтниот подземен далновод во вкупна должина од 14 километри и да се довршат уште три километри од асфлатниот пат од Смрдлива Вода до ски-центарот.

(Р.Ј.Н)


Извор: Вечер
Back to Top
zutko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 29-Nov-2007
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote zutko Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 04-Dec-2007 at 12:52
26 Декември па тоа е среда. Па кој ке иде во среда.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 04-Dec-2007 at 12:59

Ова е од официјалниот сајт на СкиКожуф

Актуелности

04.12.2007
Промотивно скијање на Кожуф во Декември, оваа година!
Официјална покана до сите љубители на снежните спортови, како и до уживателите во зимските пејсажи и долги прошетки во природа, да го посетат Ски центар Кожуф на 26 Декември, 2007 година - датумот кога е закажано официјалното отварање на скијачката сезона за 2007/2008 година.
Сите заинтересирани ќе можат да присуствуваат на овој настан, а тимот на Ски Кожуф ќе направи се што е возможно за да можат сите присутни да уживаат во глетката, но пред се во скијањето по новите, свежо трасирани скијачки патеки кои се со вкупна должина од 25 километри.
На овој датум е закажано промотивно скијање кое ќе биде бесплатно за сите посетители, додека од следниот ден сите заинтересирани ќе можат да скијаат од четврток-недела секоја недела, од 09-16 часот, со што скијачкиот центар ќе функционира како дневен центар.
Оваа година, скијачкиот центар ќе располага со една жичара 6-сед, два ски лифта и два ресторан-бачила кои се поставени на двете крајни точки од жичарата.
Приодот до влезот на скијачкиот центар е овозможен преку Гевгелија, до месноста Смрдлива вода од каде започнува техничкиот пат, асфалтиран оваа година, во должина од 13 километри. Возачите ќе треба да бидат внимателни бидејќи техничкиот пат не соодветствува со стандардите за регионални патишта, па од тие причини на почетокот на пристапниот пат е планирано да има сообраќајна патрола која ќе ги известува возачите за состојбата на патот и евентуалната потреба од поставување на зимска опрема на возилата.
Убавините кои ги нуди Кожуф будат разни чувства и емоции - за некого предизвик, за некого очекување а за повеќето гордост што Македонија ќе може да понуди уште еден скијачки центар на европско ниво.
Уживањето во вкусните домашни производи и опојното вино од Тиквешијата, само ќе го комплетира впечатокот кој како белег останува кај секој посетител на Ски Кожуф.

Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 04-Dec-2007 at 16:10
До кога ќе го одложуваат ова прво скијање? Bonk
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 04-Dec-2007 at 17:04
Gotso, koga konecno ke otides ke ti bide poslatko Big%20smile
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 04-Dec-2007 at 19:57
batali poslatko, vekje mi skisna
Back to Top
zutko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 29-Nov-2007
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote zutko Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 04-Dec-2007 at 21:04
 Има ли информација за цената на дневните билети после промотивното скијање.
Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 08-Dec-2007 at 22:07
Decki zdravo!

Nemam nikakvi informacii vo momentov za gore, samo deka ima mnogu sneg.
Iaku ne se sekirajte, slikite ne se izgubeni.
Pozdrav.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 08-Dec-2007 at 22:10


oooo Akademik druze cestito popraven kompjuter Cheers
Back to Top
AKADEMIK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AKADEMIK Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 08-Dec-2007 at 22:19
Abe ne e popraven, nego sum na gosti, pozdrav )
Back to Top
zutko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 29-Nov-2007
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote zutko Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 13-Dec-2007 at 22:06
Луѓе има ли информација за цената на картата.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 13-Dec-2007 at 22:19

Јас сеуште не сум чул ништо. Во секој слушај мислам дека било кој од нас да ја добие таа информација веднаш би ја објавил на форумот Cheers

Back to Top
malir View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 14-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote malir Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 18-Dec-2007 at 21:42

???

Back to Top
malir View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 14-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote malir Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 18-Dec-2007 at 21:45
pozdrav do site ljubiteli na planinite i belite sportovi. ako ima nova informacija ili slika, pisete!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 18-Dec-2007 at 21:49
поздрав и добредојде Smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 18-Dec-2007 at 21:55
Cheers
Back to Top
rabotnicki View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 17-Dec-2007
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote rabotnicki Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 19-Dec-2007 at 11:53
Pozdrav do site bilderi.......
Eve i jas se vklucuvam,kako eden od postarite poznavaci na Kozuf.....
Za pocetok pogledajte ja reportazata na Kavadarecka tv(KTV41.com.mk) napravena na 25.03.2007 god.
Jas mozam da se pofalam deka poslednite dve zimi se skijav na Kozuf na 01.04.......(ne e aprililiApplause
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 33>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.