build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Природни убавини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кораб

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Кораб
    Posted: 24-Apr-2008 at 17:14
Бидејки се многу ретки слики од планините во Македонија ... ви пренесувам една фото сосеија која ја пронајдов на овој блог тука ...

  

--> сликите може да ги гледате и во полна резолуција ... со помош на малку кликање ...


Edited by pbanks - 29-Jun-2008 at 10:25
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 25-Apr-2008 at 03:32
Preubavo
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 25-Apr-2008 at 07:44
Super sliki Thumbs%20Up 
neznam zoshto ali vo slikava zjapav edno 20 minuti
 
 
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 25-Apr-2008 at 13:49
Oдлично! Овие слики се одличен материјал за правење на HDR слики на фотошоп. Ако се погодат сите Levels, сликата ќе изгледа невероватно добро, како оваа:

Edited by La Linea - 25-Apr-2008 at 13:52
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 25-Apr-2008 at 17:28
Милина! А има некој слушнато за тоа "меѓународно искачување" на кораб? Пред 2 години беше во весниците и направија едно групно искачување со 200-300 луѓе ама после тоа ништо не чув..
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 25-Apr-2008 at 18:26
Секоја година се организира групно искачување за денот на незавиноста (8-ми септември). Инаку вака неможеш да идеш кога ќе ти текне, зашто се работи за погранична област. У обични денови идат само магариња со оружје .
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Jun-2008 at 10:07
www.mkdmount.org
Најголемиот водопад во Македонија висок 136 метри - 70 метри директен пад

Пауза на место од каде веќе во далечината добро се гледа најголемиот водопад во Македонија
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 29-Jun-2008 at 10:12
Водопадот и кањоните на Длабока Река го одземаат здивот
Најубавиот и најимпресивен кањон се наоѓа над селото Жужње

ГОСТИВАР - Да се престојува во предели кои воопшто или малку се посетувани од човекот е неповторливо доживување, а впечатоците остануваат врежани во душата за вечност. Ова може да се почувствува по посетата на најголемиот водопад во Македонија и на Балканот, Длабока Река што се наоѓа под врвот Мал Кораб.

Планинарската тура ја организираа Здружението за културна афирмација на Мијаците - КАМ од Галичник и на ПД „Бистра“ од Гостивар. Дваесетина љубители на планината и природата престојуваа во пазувите на Кораб.

Маршрутата ја почнавме од населбата Маврови Анови. Со патнички моторни возила за малку помалку од еден час стигнавме во поткорапското село Нистрово. Десетина километри минавме по регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, а кај месноста Пилана скршнавме десно, по локалниот пат што води за селата Рибница, Тануше, Бибај, Грекај, Жужње, Нистрово.

Маршот од Нистрово до село Жужње траеше половина час. Таму се одморивме. Куќите се празни. На портите огромни катанци. Во селото ниту петел да пропее, ниту човек да помине. Тишината царува. Само повремено се слуша песната на осамените планински птица, како и жуборењето на водотеците. Вода блика од сите страни.

Продолживме да пешачиме низводно, по живописната Длабока Река, која е лева притока на Рибничка Река и водите од овие две реки кај месноста Пилана се влеваат во реката Радика.

„Пред три-четири децении, како момче, со татко ми Велимир доаѓавме во овие краишта да ги посетиме овчарите кои ги напасуваа стадата со шилежиња. Тогаш патеките беа проодни. Во крајот живот се живееше, на сите страни имаше овци, крави, коњи, магариња. А сега е пусто“, со тага во душата зборува Коста Граоркоски, роден во Галичник и активист во Здружението КАМ. Тој додава дека заедно со ПД „Бистра“ имаат цел на домашните и на странските туристи да им ги доближат прекрасните предели. Патеките се маркираат за сите заинтересирани без тешкотии да стигнат до водопадот.

Трите кањони, поредени во низа, ја прават атрактивна Длабока Река. Најубавиот, највпечатливиот, најимпресивниот се наоѓа веднаш над селото Жужње. Овој кањон е долг околу еден километар. На десната страна е висок повеќе од 100 метри, додека левата страна е трипати повисока, над 300 метри. На дното широчината на кањонот е меѓу два и три метри. Вториот кањон е на просторот меѓу селата Жужње и Нистрово, во должина од 1,5 километар, а широчината на дното се движи меѓу 10 и 20 метри. Третиот кањон е најмал, долг околу 600 метри, а височината на страните се движи меѓу 100 до 150 метри.

За да пристигнеме до целта, двапати мора да се помине реката. Коритото обилува со многу вода, а на места се прелева. Високи букови дрва кои паднале од снеговите и невремето послужија како природен мост. Љубиша Тасески, кој е професионален водач на ПД „Бистра“ од Гостивар, за безбедно да се префрлиме на другата страна од реката, постави ортома. Така се префрливме и ја минавме првата пречка. Тука изгубивме два часа, но и тоа беше задоволство и предизвик.

Напладне пристигнавме кај водопадот Длабока Река што се наоѓа под врвот Мал Кораб. Водопадот е активен во периодот кога се топи снегот, од крајот на март па се' до средината на летото, како и во денови кога има поројни дождови.

Враќањето го организиравме по друга патека, која минува низ планината Кабаш. Тоа беше покус и побезбеден пат, со исклучок на две-три стрмнини. Таму остатоците на снегот создале „снежни јазици“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F14927893EFE2341B02CDD4606CD32A6
 
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 29-Jun-2008 at 10:43
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 29-Jun-2008 at 10:44
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 01-Jul-2008 at 10:43
Originally posted by beTon

...ЖИВИ ВОДОПАДИ ВО МАКЕДОНИЈА...



одлични материјали бетон. За многу од овие воопшто немав претстава дека постојат :(
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-Nov-2008 at 05:25

AХ што Лезет било да е човек на Кораб планина, па уште на коњ(точак) да врви по висоиве и времето да е убо... ЕХ! 

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 10-Mar-2009 at 04:04

Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 07-Sep-2010 at 16:01
Оваа година, 2010, традиционалното организирано искачување на Кораб беше на 5 септември...на сите од форумов што не биле им препорачувам да отидат наредните години, целото опкружување е спектакуларно и треба да се доживее со сите сетила, ви треба само малку повеќе кондиција, вода и малку храна и добра воља...има поприлично многу пешачење, ама вреди „за сите пари“, посебно ако ви се погоди времето, како што тоа беше сега...

Мој мал придонес со слики...
















MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Korsis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 09-Feb-2010
Location: Бугарија
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote Korsis Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Sep-2010 at 23:45
Originally posted by Dave Gahan



Прекрасна планина! Една от особено привлекателните на Балканите. Вероятно изкачването би било още по-приятно ако не е толкова масово. Снимки от българско участие в акцията през 2006 година може да видите тук.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 13-Sep-2010 at 09:40
Originally posted by Korsis

Прекрасна планина! Една от особено привлекателните на Балканите. Вероятно изкачването би било още по-приятно ако не е толкова масово.


Во право си, знае малце и подосадно да биде слушањето лоши вицови и споро одење, ама тоа е тоа. Инаку и оваа година имаше голем број планинари и од Бугарија и од Србија.
Колку што знам и други планинарски клубови организираат искачувања во текот на годината во периоди кога е може и поинтересно...тогаш веројатно е и порелаксирано во однос на број на планинари...
Пред да одам, барав слики и налетав на оваа, ама ми кажаа дека водопадов го има само на пролет, кога се топат снеговите....



MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Jan-2013 at 19:26
Back to Top
gorco View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Google Maps: Regional Expert

Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
  Quote gorco Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 09-Sep-2013 at 10:43
Од вчерашното искачување на Кораб, по повод Денот на Независноста на Македонија:















Да не ставам 40 слики, другите се тука: http://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152164996249018.1073741828.38395344017&type=1 или тука: http://www.panoramio.com/user/85114/tags/golem%20korab%20-%20korabska%20vrata?photo_page=1
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-Jun-2014 at 06:13
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 987
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 20-Jun-2014 at 19:49
Не најдов тема за НП „Маврово“ или пак за планината Крчин, но сепак Крчин е продолжение на Корапскиот Масив, па Ви ја претставувам победничката фотографија на тукушто завршениот фотографски натпревар „Вики ја сака Земјата 2014“ во Македонија, кој се спроведуваше во текот на месец мај, на кој Македонија го освои првото место со подигнати над 12.500 фотографии од целата земја.



Автор: MartinDimitrievski

Сите наградени фотографии можете да ги погледнете тука

Edited by ehrlich - 20-Jun-2014 at 19:51
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.