build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ramada Plaza (Princess) - Gevgelija

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Ramada Plaza (Princess) - Gevgelija
    Posted: 07-Nov-2007 at 12:22
Шератон 100та клапа. Овој пат на ГП Богородица. Информацијава има одреден кредибилитет бидејќи инвеститорот (Турски Princess) ова го најави уште пред година дена. Дали ќе биде Шератон или не незнам а и не ми е гајле ама се надевам дека хотел таму ќе се изгради.
 
Ќе се гради “Шератон“ на преминот Богородица

Светскиот хотелски бренд “Шератон“, ќе започне изградба на хотел во непосредна близина на преминот Богородица, а инвеститор е турската компанија “Принцес“, дознава Нетпрес.

Според информациите, инвеститорот обезбедил одобрение за градба, а изведувач е македонската фирма “Гама инжињеринг“, јави дописникот на Нетпрес.

Изградбата ќе трае 20 месеци, а хотелскиот комплекс ќе располага со 200 легла, казино ресторан, бар и други објекти.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 07.11.2007 11:48:11



Edited by pbanks - 26-Apr-2008 at 14:41
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 07-Nov-2007 at 23:34
Originally posted by pbanks

Шератон 100та клапа. Овој пат на ГП Богородица. Информацијава има одреден кредибилитет бидејќи инвеститорот (Турски Princess) ова го најави уште пред година дена. Дали ќе биде Шератон или не незнам а и не ми е гајле ама се надевам дека хотел таму ќе се изгради.



Добро, што е финтата со Богородица? Ќе ја прават нешто како коцкарска дестинација? Па дури и да е така, не гледам баш некоја голема логика во овој проект... Скептичен сум, поготово за брендот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 07-Nov-2007 at 23:50
Originally posted by Cloverstack


Добро, што е финтата со Богородица? Ќе ја прават нешто како коцкарска дестинација? Па дури и да е така, не гледам баш некоја голема логика во овој проект... Скептичен сум, поготово за брендот.


ја не гледам ништо лошово во проектот. Фламинго работи ненормално добро, хотелот е топ многу добро изгледа и од внатре и од надвор. Колку што знам платите се пристојни и за Скопски стандарди што значи дека се суперпристојни за Гевгелија со оглед на животните трошоци во таму. Ако имаат Грците пари за трошење треба да им ги собереме.

За брендот сум и јас скептичен но тоа не е ни битно. И Фламинго не е бренд па.....




Edited by pbanks - 08-Nov-2007 at 00:10
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 08-Nov-2007 at 00:10

Мене пологично ми изгледа Дојран да стане некаква коцкарска Мека, но ни ова не е лошо. Ако на Грците им е до коцкање на сама граница, дај тоа ќе им го пружиме.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Nov-2007 at 01:23
Коцкањето во Грција забрането ли е?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 08-Nov-2007 at 08:54
Originally posted by Cloverstack

Коцкањето во Грција забрането ли е?
 
порано беше па од тогаш им влече навиката да доаѓаат кај нас да се коцкаат. Друга работа е што кај нас им е се поефтино... пиење, јадење, смештај и се друго што иде со коцкање.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 08-Nov-2007 at 11:04
Originally posted by pbanks

Originally posted by Cloverstack

Коцкањето во Грција забрането ли е?
 
порано беше па од тогаш им влече навиката да доаѓаат кај нас да се коцкаат. Друга работа е што кај нас им е се поефтино... пиење, јадење, смештај и се друго што иде со коцкање.


Епа сигурно нема вечно да им е толку многу поефтино што дури до тука ќе теглат за коцкање. Затоа сум малку скептичен - колкав пазар има? За уште колку хотели има место добро да работат подолгорочно?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 08-Nov-2007 at 11:09
Originally posted by Cloverstack


Епа сигурно нема вечно да им е толку многу поефтино што дури до тука ќе теглат за коцкање. Затоа сум малку скептичен - колкав пазар има? За уште колку хотели има место добро да работат подолгорочно?
 
jas mislam deka kje potrae toa.... Cenite vo Grcija so otideni u PM, kje ni treba nas vreme da stigneme na toa nivo... Osven toa zemi vo predvid deka koga se kockaat kaj nas (a i drugi stvari so idat so toa) nikoj ne gi glea. Sum slusnal (od Grci) deka edna od glavnite pricini sto se doagja tuka e i diskrecijata.
 
Za kolkav pazar ima.... So ogled na toa deka i stranski privatni kompanii se interesiraat za ovoj biznis veruvam deka pazar ima. Privatna kompanija ne vleguva vo tolkav proekt bez prethodno da napravila analiza.
 
Plus toa iako dnevno ima i po 2000 grci sto progjaat preku Bogorodica toa e minorna brojka vo sporedba so potencijalot sto postoi. Na primer vo Sandanski vo Bugarija idat nesporedlivo povekje Grci i se trosat nesporedlivo povekje pari otkolku vo Gevgelija


Edited by pbanks - 08-Nov-2007 at 11:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 08-Nov-2007 at 11:12
Originally posted by pbanks

Osven toa zemi vo predvid deka koga se kockaat kaj nas (a i drugi stvari so idat so toa) nikoj ne gi glea. Sum slusnal (od Grci) deka edna od glavnite pricini sto se doagja tuka e i diskrecijata.


Ја коцкање не поштувам уопште, ама пак не ми е јасно зошто им треба дискреција. Во грција е срамно да се коцкаш?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Nov-2007 at 11:17
Originally posted by Cloverstack


Ја коцкање не поштувам уопште, ама пак не ми е јасно зошто им треба дискреција. Во грција е срамно да се коцкаш?
 
и ја не поштувам (да се коцкам) ама како бизнис воопшто не ми смета. Баш го подржувам не гледам ништо лошо во тоа кој има пари за фрлање бујрум
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Nov-2007 at 11:19


абе ок тоа Smile ама пак ме багира делот што го кажа за дискреција...
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Nov-2007 at 11:24
Originally posted by Cloverstack



абе ок тоа Smile ама пак ме багира делот што го кажа за дискреција...
 
кога хипотетички би бил коцкар веројатно би сакал дискреција
 
- не би сакал да знаат луѓе колку добивам а уште повеќе колку губам
- ако имаш жена на која и смета коцкањето секогаш е полесно да отидеш на службен пат во ФИРОМ него да те фатат жив во локалното казино
- постојат и разни други активности што можат да бидат комплементарни со коцкање и за нив е згодно да се има дискреција
 
овие три од прва ми паѓаат на памет а сигурно постојат и други причини


Edited by pbanks - 08-Nov-2007 at 11:25
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Nov-2007 at 14:00
Коцкањето само кај нас сеуште има третман меѓу населението како порок. Во современите општества на тоа се гледа повеќе како забава. Впрочем од истите причини Словенците во Ново Место изградија огромни казина и хотели, уште ако може да се комбинираат со Спа Центри, терени за голф, скијање, ефтин шопинг, уживање тоа многу доходовно. Да не зборуваме за Монако, Лас Вегас и слични дестинации кои што само од овој тип на бизнис заработуваат сигурно 50тина годишни буџети на РМ.
 
Значи идејата не е само идам да се искоцкам во Гевгелија, туку да прерасне целиот регион во поголем центар за забава, релаксација и сл. Друго таков ВИП третман таа класа на Грци (среден слој) во Грција никогаш нема да може да си ја приушти.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Nov-2007 at 14:11
 
se slagam... ja ova go gledam kako uste eden del od turistickata slagalica vo posirokiot region na jugoistocna makedonija
 
- kazino turizam
- soping turizam
- ski & planinski turizam voopsto (Kozuf)
- ezerski turizam (Dojran)
- banjski turizam
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Nov-2007 at 14:30
Originally posted by UrbanFreak

Коцкањето само кај нас сеуште има третман меѓу населението како порок. Во современите општества на тоа се гледа повеќе како забава.


Искрено кажано, ебати забавата Smile

Мене воопшто не ми смета тоа што Грци идат да ги губат парите кај нас Big%20smile Нека дојдат што повеќе Грци, добродојдени се LOL

Ама дека коцкањето е само обична забава никако не можам да се сложам. Во секој случај сигурно не е нешто што треба да се промовира, па макар и зад таква парола.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Nov-2007 at 14:40

Eve primer na što mislam

 
 
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Nov-2007 at 16:09
Да се надоврзам за коцкањето: пред можеби година дена имаше во „Капитал„ цела репортажа околу овој тип на туризам што се развива во југоисточна Македонија. Имаше и слики од „Фламинго„ и интервјуа со вработените и со грчките коцкари. Баш како што кажа УрбанФрик, главна причина им е тоа што се чувтвуваат како дел од елитата тука и покрај тоа што се средна класа дома. Дискрецијата игра голема улога. Знам дека ниту вработените ниту коцкарите не ги даваа своите имиња. И најбитното што го спомнаа е дека државата зима големи суми на пари по маса за Блекџек или Рулет. Не се сеќавам точно за колкави суми стануваше збор битно бев шокиран колку тие казина ни го пунат буџетот. Така да само нека продужат грците да ги оставаат парите кај нас.

Кловер, се слагам... коцкање сакс ес
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9035
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 13-Dec-2007 at 20:53
Приказнава за казина, старечки домови, бањи итн во Гевгелија се разгорува. Да се надеваме на хепиенд.

Светски брендови ќе градат хотели во Гевгелија

 

 

Вака треба да изгледаат хотелите на светски познатите брендови „Шератон“ и „Калифорнија ресорт“ во македонскиот Лас Вегас, во близина на граничниот премин Богородица.

Брендот на „Шератон“ го откупила турската компанија „Принцес“, која веќе има одобрение за градба на хотел со казино.

Во хотелско трговскиот комплекс на „Калифорнија ресорт“, ќе инвестира австралиски бизнисмен со грчко потекло.

Словенечката „Терма Олимија“ е новото инвестиционо име во бањскиот туризам.

Трите инвестиции тежат вкупно 100 милиони евра, а ќе обезбедат нови 1.000 работни места.

Како локалната власт го реши проблемот со земјиштето, каде треба да се градат хотелските комплекси?

„Бидејќи се судривме со проблем, како да се дојде до државно земјиште, еден дел од инвеститорите веќе поседуваат, купија приватно земјиште и на тие локации се врши урбанизација“, изјави Драги Делев, градоначалник на Гевгелија.

Низ македонската јужна порта годишно транзитираат околу 4 милиони патници. Сегашниот хотелски капацитет од 700 легла е недоволен да ги задоволи потребите на гостите, меѓу кои најбројни се Грците.

Околу 5.000 од нив неделно го полнат гевгелиските казина и ресторани.




Извор: А1


Edited by pbanks - 04-Nov-2008 at 12:11
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12033
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 29-Dec-2007 at 01:33
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=20569&kategorija=2

Почна изградбата на хотелиерскиот комплекс „Шератон“ во Гевгелија

Турската компанија „Принцес“ официјално ја започна изградбата на туристичко-угостителскиот комплекс „Шератон“ во Гевгелија, во близина на граничниот премин „Богородица“, јави дописникот на Нетпрес.

Реномираниот хотелиерски бренд, кој требало да биде готов за 20 месеци, ќе располагал со двесте соби, казинио, ресторант, тераси и други придружни објекти.

Покрај вложениот странски капитал, со отворањето на овој хотел најавени биле и нови вработувања кои ќе придонеселе за зголемување на локалниот еконоски развој.

Градежните работи ги изведувала скопската фирма „Гама-инжинеринг“.



а?

Eeek2

како ова така тивко, без воопшто помпа?

Question





Edited by Cloverstack - 29-Dec-2007 at 01:34
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 29-Dec-2007 at 01:50
...Како и да е.. одлична вест. Криво ми е што толку внимание се обрнува само на случувањата во Скопје, и ништо од надвор, па многу тешко може да се дојде до некој добар проект надвор од Скопје по нет...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.123 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.