build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Хотели и одморалишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ramada Plaza (Princess) - Gevgelija

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
GI View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GI Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 11-Oct-2009 at 05:32
http://forum.com.mk/#_tools/article/9898/view

Навистина не ми е јасно кај се информираат новинарите ?

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 11-Oct-2009 at 08:58

Фламинго доби конкуренција


Најголемото казино Принцес ќе проработи во март

Следната пролет со работа ќе почне најголемото казино во Македонија, кое се протега на површина од 30.000 квадратни метри. Во Гевгелија и околината каде што е лоцирано казиното Принцес веќе функционираат неколку казина од кои добро профитираат газдите, гевгеличани, но и државата

Текст и фотографии: Петре ДИМИТРОВ

На само неколку метри пред досега најпознатото македонско казино Фламинго, пред граничниот премин со Грција, Богородица, никнува ново, три пати поголемо казино - Принцес, зад кое стои турската компанија Принцес група на компании. Казиното се гради на површина од 30.000 квадратни метри. Во склоп на Принцес има и хотел од брендот Шератон (за кој турската компанија има купено лиценца) со 120 соби, неколку ресторани и шопинг-центар. Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов кој летово имаше средба со Суди Озкан, претседател на Принцес група на компании, за Форум вели дека казиното треба да почне со работа во март следната година.
“Работите се одвиваат со забрзано темпо и според планираното казиното ќе биде подготвено првите гости да ги прими во март следната година”, вели Франгов.
Градежните работи на новото казино од кое Форум објавува ексклузивни фотографии ги изведува македонската компанија Гема-груп .
Според Озкан, кој летово ја посети Гевгелија, овој инвестициски зафат ќе чини над 30 милиони евра, а во комплексот ќе се отворат нови 700 до 800 работни места.

КОИ МУ СЕ КОНКУРЕНТИ НА ПРИНЦЕС?

Лукзус, дискреција, забава, висок адреналин, одлична храна и чувство дека сте најбогатиот човек на светот. Тоа е светот на казината во Гевгелија, кој не се разликува многу од атмосферата во еден Лас Вегас, на пример. Богатиот свет што ве опкружува и односот на менаџметот и персоналот кон клиентите, ќе направат да се чувстувате опуштено и да заборавите каде сте, а оптимизмот дека ќе добиете на една од многуте игри на среќа е задолжителен. За врвниот професионализам на менаџерските тимови на казината и персоналот често пишуваат и грчките медиуми. Додека македонската јавност не знае многу за овој бизнис, грчките медиуми им препорачуваат на своите менаџери да одат во казината во Македонија за да научат што е добра услуга и менаџмент.
Фламинго, кое работи неколку години, важи за едно од најлуксузните казина на Балканот и едно од најубавите во Македонија. Странските и домашните инвеститори, кои во ова казино вложиле 30 милиони евра, внимавале и на најситните детали. Подвижни скали ве носат директно во главното казино. Коцкарницата е со позлатен плафон и кристални лустери. Наоколу ве опкружуваат скапи репродукции од дела на познати светски сликари, меѓу кои и сликата на големиот ренесансен мајстор Сандро Ботичели Раѓањето на Венера. Масите за рулет се од најпознатата италијанска фирма Абијати. Казиното е наменето исклучиво за странци, а во последно време среќата може да си ја пробаат и побогатите Македонци. Повеќе од 90 отсто од гостите доаѓаат од соседна Грција. Во казиното работат над 400 лица.
Во Гевгелија работи и казиното Аполонија во рамките на поранешниот хотел Југо, а за обичните смртници тука е и електронско казино Базен, а од пред извесно време и казиното Александар. 
Принцес има конкуренција и во Дојран каде што работат Хит Горица и Аполонија.
Неофицијално во текот на една вечер во овие казина се вртат и до еден милион евра. Понекогаш и повеќе, велат дискретно менаџерите.
Најчести гости се луѓе од средната грчка класа од Солун, Воден, Лерин и други градови од северниот дел на Грција. Во казината велат дека неретко имаат гости дури и од Атина. Сите поголеми казина функционираат на принципот на клуб-картички и во нив пристапот е дозволен само за членовите на клубовите. Кој ќе стане член на овие клубови е одлука на менаџерскиот тим на казиното. За менаџерите ваквата бизнис-стратегија значи постојана клиентела која сака дискреција и доверба. За да се олесни транспортот на клиентите, казината имаат сопствен возен парк со кој ги земаат гостите од граничните премини и ги пренесуваат до казината. За викендите, кога има најголема фреквенција, за гостите се ангажира и дополнителен транспорт.

ЕМАНЦИПАЦИЈА НА ГЕВГЕЛИЧАНКИ

Вработените во казината се претежно млади лица кои одлично зборуваат грчки, англиски и по уште некој странски јазик. Тие имаат и одлична можност за доусовршување на своите вештини. Сите казина инвестираат во дообразување на своите вработени. Вработените не сакаат да зборуваат за своите плати, но се шпекулира дека најниската изнесува околу 500 евра. Вработените се задоволни. Велат дека со казината се отвори можност да се најде работа во родното место. Високите плати и престижот на казината се доволна причина секој во овој регион да посака да работи во нив.
Вработувањето во казината има и родова димензија. Гевгличани на хумористечен начин велат дека откако се отворија казината, жените во Гевгелија станаа поеманципирани и независни.
“Веќе има и неколку растурени бракови. Жените се искурназија. Заработуваат добро, имаат одлична можност за дообразување, но и можност да запознаат пософистицирани типови мажи, па не секое момче или сопруг е среќен кога неговата девојка или сопруга ќе соопшти дека ќе работи во казино”, велат Гевгеличани.

ЌАРОТ ЗА ДРЖАВАТА

Освен сопствениците и вработените, корист од казината има и државата. Казината плаќаат фиксен надомест за секој апарат за коцкање. Колку повеќе маси и автомати има во едно казино, давачките кон државата месечно се повисоки. Според информации од Министерството за финансии, за секоја рулет маса се плаќа по 3.000 евра месечно, по 1.725 евра за други маси,
675 евра за автомат на кој истовремено може да играат повеќе играчи и
375 евра за автомат на кој може да игра еден играч. За секоја добивка над 10.000 денари се плаќа персонален данок од 10%. Сопствениците на казината ја полнат државната каса и по основ на давачки за вработените.
Лиценцата за отворање казино е 520.000 евра (лиценцата важи 6 години, со тоа што половина од изнозот се уплаќа веднаш, а останатиот дел од износот на шест месечни рати).
Менаџерите велат дека, и покрај тоа што со скепса се гледа на овој бизнис, во практика се покажува дека се работи за чиста ситуација каде што не се можни малверзации. Очигледно Македонија треба да ги искористи позитивните законски регулативи за коцкарскиот бизнис до влезот во Европската Унија, кога правилата за игри на среќа ќе се заострат.    

Ништо без добра храна
Добрата забава оди со добра храна, па магнет за соседите Грци, кои повторно почнаа да се враќаат во Гевгелија не само по коцката, се и добрите ресторани во градот каде што се нуди типична храна за ова поднебје. За еден од најдобрите важи ресторанот Јавор-Агапи, со кој раководи Агапи Ефтимова. Ресторанот има традиција од над 28 години. Овде се подготвуваат традиционални јадења, а надалеку е познато јагнешкото месо. Чести гости овде се познати политичари, грчки, српски бизнисмени… Без храната на овој ресторан, кој нуди и кетеринг, не поминува ниту еден коктел во Гевгелија.

http://forum.com.mk/#_tools/article/9898/view

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 11-Oct-2009 at 14:40
Originally posted by GI

http://forum.com.mk/#_tools/article/9898/view

Навистина не ми е јасно кај се информираат новинарите ?



GI, кои од информациите се грешни?
Back to Top
ilija View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 13-Oct-2009
Location: gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ilija Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 13-Oct-2009 at 20:29
ve molam za edno prasanje : koga ke se primaat aplikacii za vrabotuvanje?
Back to Top
GI View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GI Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 14-Oct-2009 at 05:49
Па има повеќе, како бројот на вработени во Фламинго, не е 400 туку нешто повеќе од 600. Најмногу ми смета што нон стоп се пишува и зборува за плати од 500 евра и повеќе, точно е дека има менаџери кои имаат плати и од 5000 евра, но најмногу од вработените во хотелите со се бакшиш се среќни ако дома однесат 300 евра.
Новинарот меша основни поими па се добива впечаток дека ова ќе биде најголемо казино во Европа а не во Македонија. Во секој случај важно е дека напредуваат иако се касни со работата на хотелот и тоа поприлично.
Back to Top
GI View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GI Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 14-Oct-2009 at 05:59
Илија, за тоа не се секирај кога ке дојде времето сите ке знаат. Важно е да бидеш добро подготвен за она што сакаш да го работиш. Препорачливо е да имаш барем минимални познавање на турскиот јазик. Имам работено за голема турско - америчка компанија која што имаше повеќе од 40 казина на сите континенти и не ти говорам на памет. 
Back to Top
MKD View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 14-Oct-2009
Location: gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MKD Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 14-Oct-2009 at 15:00
Da vi e jasno vo Gevgelija idat Grci da se kockat zatoa sto uslugata e poubava od grckite kazina i idat mnogu bogati i poznati luge koj ne sakaat da gi zboruvaa vo grcija i idat i se kockat vo gvg. Za kapacitetot na hotelite ima prevoz so kombinja od strana na kazinata a za oni koj  se stalni igraci smestuvanjeto vo hotelot e besplatno. Vo gevgelija se zivee najubavo a i drugo za personalot ke nemalo personal ke idat od drugi gradovi da rabotat vo gvg za 10 godini ke vidite kade ke bide gevgelija i kaj ke idete pozdrav do site i dojdete prvo vo gevgelija videte kako e i posle komentirajte  
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 14-Oct-2009 at 17:12


А со кој коментар не се сложуваш од нишкава? Јас бев пред 2 недели во Гевгелија (и како критика кон Гевгеличани направив 10 пати повеќе слики отколку било кој од членовите од таму) и не видов дека некој од коментарите кои се погоре искажани не се на место. И они со позитивна и оние со негативна критика.
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 14-Oct-2009 at 17:35
Не сум во Гевгелија инаку ке ставам свежи фотки , еве наредната недела се враќам во Гевгелија па ке направам тура од некои активни градби во моментов
www.realmadrid-mk.blogspot.com
Back to Top
jug View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 13-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jug Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 15-Oct-2009 at 18:40
Stvarno hotelot poslednata nedela prekrasno izgleda bez skelinja i postavuvanje na lajsni na fasadata.
Me zagrizuva vlezot na Gevgelija odnosno pred nadvoznikot kade redovno e postavena BORDER POLICE i na sto metri od ne a i SOOBRAKAJNATA POLICIJA igi rasturaat Grcite. Premnogu losa slika za vlez vo gradot.
Back to Top
d_gvg_ View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Nov-2009
Location: gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote d_gvg_ Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 21-Nov-2009 at 23:18
Ova so policijata e vistina za sramota na 200 m policiski patroli mislam so e mnogu ,mnogu e
nabrzina gi procitav poveketo komentari i sum zacudena kako lugeto koi sto ne se od gvg mozat da komentiraat za gvg,za zivotot,za kazinata,pa duri i za frape ocigledno ne ste bile odamna vo gvg.Komentarite deka nema dr zabava za grcite osven kazinata se tocni no zaboravate eden mnogu biten fakt deka grcite se dojdeni da se kockaat a ne da se setkaat po gradot osven toa vo Flamingo imaat se sto im treba od jadenje do spa,fitness,masazi itn taka da ne gledam zosto bi odlele vo gradot za dr zabava da ne zaboravam imaat i noken bar kade sto se sviri buzuki i zabavata e odlicna vi go velam ova zatoa sto sinoka prisustvuvav na edna takva zabava i si pominav odlicno ko da bev vo solun na buzuki.Muabetite deka princess ke pocne da raboti do nova god se golema laga zatoa sto nemaat nisto zavrseno se e pocnato i ostaveno na pola od ne znam koi pricini tie gama group li kako bea ,nemaat rabotnici si otidoa site oti ne gi plakaat taka da mene ne mi e jasno kade gleda turcinov i so ne prezema merki zatoa sto pocnuva zaradi nekoi drugi da go bie los glas deka ne im plakaat na rabotnicite
Back to Top
zokidac View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Aug-2009
Location: MKD
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote zokidac Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 21-Nov-2009 at 23:53
kako prvo neshto kazinata vo gevgelija ne im se nitu do kolenici vo bilo koja smisla vo sporedva so onie vo USA. imam raboteno vo USA i znam kako e . drugo, ima shto poznavam baagi gevgelicani i gevgelicanki koi rabotat po t.n. kazina i se prechat bozem kojznae shto se ako rabotele vo kazino c c c c kompleksna naduenost. drugo neshto se smeshnite prikazni za visoki plati: diler(krupie) za pocetok vo GVG zema nekoi smeshni 12000den plata + baksis za pocetok od max 50 evra shto e navistina epteeen smeshno vo sporedba so kazinata nadvor od mkd, a ako te biva za diler ke najdesh rabota i stranstvo. na primer za da se dostigne plata od okolu 400/500 evra potrebna e rabota vo nekoe kazino od minimum godina/dve. ona shto i fali na GVG a i na kazinata vo MKD e atmosferata na zabava i opushtenost. kaj nas kazinata se beter od drzavna tajna, izgleda toa e rezultat na opshtiot mentalitet i rezultat na sfakjanjata vo opshtestvoto.

Edited by pbanks - 22-Nov-2009 at 15:41
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 22-Nov-2009 at 15:47
пак локал патриотски муабети Ohno   наместо на критиките (не се ни критики туку дискусија како работите да се подобрат) да се примат конструктивно и добронамерно, веднаш во дефанзива. Навистина неразбирливо... Но ајде да не бришам постови од прва.

Интересна е информацијата за стопирањето на работите на градилиштето на хотелот со оглед на тоа дека и во Скопје се застанати проектите кои ги изведува Гема. Дали можеби проблемот кај сите овие проекти лежи токму во Гема?
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 22-Nov-2009 at 16:20
Originally posted by pbanks

Дали можеби проблемот кај сите овие проекти лежи токму во Гема?
Не поштуем рекла-казала муабети, ама од повеќе луѓе сум слушнал дека се во тешка ситуација...може е грешка, за овој објект не смеам да зборам дека само летоска од кола го видов и не знам со која динамика се гради, ама скопскиве градилишта се останати само на ископани јами и некакви основни хидроизолации уште од летоска...голема штета ако е така, иако гледам со препуцавате од некакви локал-патриотски позиции, мене ме радуват инвестиции од овој тип (во место во државава што не се вика Скопје и генерално е наменето за прибирање странски пари)...

Edited by Dave Gahan - 22-Nov-2009 at 16:22
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Raisinloaf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2008
Location: Gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 227
  Quote Raisinloaf Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 22-Nov-2009 at 16:51
денеска непланирано поминав од кај хотелот , немав апарат но можам да кажам дека градежните работи на Гема се при крај  сега треба да настапат фирми за внатрешно уредување т.е гранит,мебел................... надворешно сите улички околу хотелот се асфалтирани , хортикултурното уредување е завршено
www.realmadrid-mk.blogspot.com
Back to Top
GI View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GI Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 25-Nov-2009 at 06:53
Интересна е информацијата за стопирањето на работите на градилиштето на хотелот со оглед на тоа дека и во Скопје се застанати проектите кои ги изведува Гема. Дали можеби проблемот кај сите овие проекти лежи токму во Гема?
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Дефинитивно се работи со многу споро темпо. По се изгледа дека се прецениле во можностите кога ги започнале сите објекти кои што во овој момент ги градат. Во хотелот во Гевгелија секојдневно се вршат исправки на веќе завршени работи од кои некои се од поголем обем. Како што изгледа сега еден од најголемите проблеми ке им биде огромната квадратура на плочки кои што треба да се залепат. Имаше и некои мајстори од Турција кои направија неколку купатила во собите но и тие си отидоа. Во Гевгелија цената на м2 плочки за лепење е прилично висока па тешко дека ќе најдат квалитетни мајстори од тука (малку се и нон стоп имаат работа).

Back to Top
jug View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 13-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jug Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 26-Nov-2009 at 00:36
More site znaeme kade e problemot ama nikoj ne saka da pisuva, problemot e tamu kade sto bese i za California resort samo sto ovoj se nafati da gradi .  Veke vo Grcija na golemo se zboruva deka proektot Sheraton krizira i toa kvalitetno. Pricinite mislam deka veke vo ovaa faza treba i javno da se prezentiraat zatoa sto ova ne e mala rabota. Ocekuvame site naskoro poveke informacii .  Za ovaa bi trebalo i lokalnata vlast da dade informacija koja sigurno ja imaat megjutoa mnoguverojatno deka ne e dobra i sigurno deka ne e od gradezen ili tehnicki karakter.Pozdrav do site na ovoj forum i da se nadevame deka najloso scenario na ovoj proekt ke se izbegne.
Back to Top
SJCF View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-Nov-2009
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SJCF Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 26-Nov-2009 at 14:24
Каде е проблемот?  Dunno
Back to Top
GI View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 08-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote GI Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 26-Nov-2009 at 23:01
More site znaeme kade e problemot ama nikoj ne saka da pisuva, problemot e tamu kade sto bese i za California resort samo sto ovoj se nafati da gradi .  Veke vo Grcija na golemo se zboruva deka proektot Sheraton krizira i toa kvalitetno. Pricinite mislam deka veke vo ovaa faza treba i javno da se prezentiraat zatoa sto ova ne e mala rabota. Ocekuvame site naskoro poveke informacii .  Za ovaa bi trebalo i lokalnata vlast da dade informacija koja sigurno ja imaat megjutoa mnoguverojatno deka ne e dobra i sigurno deka ne e od gradezen ili tehnicki karakter.Pozdrav do site na ovoj forum i da se nadevame deka najloso scenario na ovoj proekt ke se izbegne.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Од вчера е пуштен муабет меѓу оние што работат во хотелот дека ако Гема груп го заврши хотелот до нова година ќе бидат наградени со екстра 1.000.000 долари Thumbs%20Up
Back to Top
jug View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 13-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote jug Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 27-Nov-2009 at 00:29
vo glavata
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.176 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.