build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Катна гаража Илинден (Бисер)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 14-Aug-2010 at 19:01
Па како мислат овие да конкурираат на зонското? Уште немаат објавено неделни, месечни и годишни карти, а од толку население околу може да целат и кон дел од нив.
Back to Top
Damjanovski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 14-Sep-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Damjanovski Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 22-Sep-2010 at 14:11
Има ли некој информација зошто не ја отворија уште катната гаража? Прво беше објавено до крајот на јуни, после тоа рекоа 20ти август а еве го дојде и 20ти септември и уште не ја отворија. Не разбирам Question
Back to Top
damjanh View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 15-Jun-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote damjanh Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 29-Sep-2010 at 19:14
1.
2.
3.4.5.6.
7.
8.
9.


Edited by damjanh - 29-Sep-2010 at 19:17
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 29-Sep-2010 at 20:51
Thumbs%20Up
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 30-Sep-2010 at 06:11

Dobro go napravile nema sto
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2370
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 30-Sep-2010 at 08:12
ха. 50мкд/саат. со среќа нек им е. 
Back to Top
Tuvok View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 173
  Quote Tuvok Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 30-Sep-2010 at 15:28
^
АКо е така не се нормални. Па 10 мин ќе изгубиш само од колата до излез и обратно. Од алчност многу работи пропаќаат кај нас.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 25-Oct-2010 at 17:29

Катната гаража во Аеродром конечно во употреба

По повеќе од три години изградба пуштена е во пробна работа катната гаража „Илинден“, до Трговскиот центар „Бисер“

Катната гаража што жителите на Аеродром ја чекаа повеќе од три години конечно е пуштена во употреба. Од градежната фирма АГД „Илинден“, која ќе го стопанисува паркингот, велат дека доцнеле поради проблеми со инсталацијата. Свечено отворање ќе следува подоцна. Гаражата се наоѓа во близина на ТЦ „Бисер“. Цената за првиот час паркирање е 50 денари, а за секој следен - по 30 денари.

- Гаражата „Илинден“ има капацитет од 208 паркинг-места, а е изградена по најновите европски стандарди. Ќе работи нонстоп, 24 часа, во три смени, со повластени дневни, месечни и годишни билети. Имавме проблем со дислокација на слаба и јака струја, топловодна и канализациска инсталација - изјави Виолета Илиевска, финансиски директор во градежната фирма.

ЈП „Градски паркинг“ најавува дека деновиве во општината Аеродром ќе воведат зонско паркирање и наспроти Трговскиот центар „Бисер“ и новата катна гаража.

- Во договор со Општина Аеродром, граѓаните што живеат во зградите во чија близина се наоѓаат паркинзите ако сакаат да паркираат, ќе треба да платат по 100 денари месечно од возило. Вообичаено, цената е повисока, но во Аеродром е направен исклучок уште пред јас да дојдам на ова работно место. Треба само да се стабилизира времето за да може да ги обележиме местата за паркинг, очекувам дека ќе има повеќе од 150 места за паркирање - вели Борче Јакимовски, директор на ЈП „Градски Паркинг“. (М.Т.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=CAA7C6DC062F2D4680B1FBD8E5609925


Edited by Cloverstack - 25-Oct-2010 at 17:31
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 19-Nov-2010 at 13:49

Катната гаража кај "Бисер" празна

Првата катна гаража во Аеродром остана празна. Иако граѓаните го чекаа отворањето неколку години, сега внатре има по едвај десетина коли. Според граѓаните, причина за слабото паркирање во неа е високата цена.
"Еден час нè чини 50 денари и за нас е прилично скапо, зашто толку се плаќа паркингот во центарот на градот", коментираат граѓаните.
Инвеститорите на гаражата го оправдаа поскапото паркирање со европските услови што граѓаните ги добиваат во неа.
Гаражата е на три ката, висока е десет метри и зафаќа површина од 1.050 квадратни метри. Во неа има паркинг-места за 208 коли.
Работи нонстоп.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=8DDD4D2623C71E4BB93A7E575193D590
Back to Top
SpaceAge View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 11-Dec-2009
Location: SWEDEN
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote SpaceAge Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 19-Nov-2010 at 15:36
Stvarno skapo nema logika tolkava cena tolku daleku od centarot.Cena 30 den. bi bilo motivirano.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 19-Nov-2010 at 15:48
Od slikite sto gi gledam garazata navistina e gradena po svetski standardi no cenata na parkiranje mora da gi zadovolua makedonskite standardi za da profunkcionira osobeno ako se znae deka parkiranjeto na divo seuste e najomileno hobi na nasite vozaci.
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 20-Nov-2010 at 08:43
Multi-storey јас би multi-story ама сигурно е од навика.

.... а инаку е многу убава. (по мое де Applause)
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 364
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 20-Nov-2010 at 19:30
neam somnez deka e kulturno izvedena i seto drugo...samo kako velat hotelierite...praznata soba e najskapa soba i dodeka nekoj kuka kolku vlozil i za kolku vreme ke go vrati vlozenoto, neka se potvudi toa da go razraboti i site da bidat srekni. Sekako prv cekor e cenata / iako najskapite koli cesto se butaa po treva idr./ pa toa bi bilo otprilika bez filozofiranje. Si gi komplicirame edostavnite raboti do jaja, nema da im se izabe betonot ako pocesto se parkira za pomala para.
.....   .......
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 20-Nov-2010 at 19:40


Одлично сумирано.

Збунет сум каква политика решиле да тераат со таа цена, ваљда не чекаат стандардот на граѓаните преку ноќ да се утростручи... Мислам дека брзо ќе се корегираат, не гледам друг избор. А и навистина е штета во таа гунгула гаражава да стои неискористена.


Edited by Cloverstack - 20-Nov-2010 at 19:41
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 15-Jan-2011 at 02:46
Промашена инвестиција!!!


Сместена на просторот помеѓу трговскиот центар Бисер и Мекдоналдс, катната гаража беше најавувана како добро решение за сообраќајниот хаос и метежот на паркиралиштата во околината. Но, сепак катната гаража како приватна инвестиција на градежното претптијатие "Илинден" неколку месеци по пуштањето во употреба зјае празна


И покрај тоа што неколку години жителите на Општина Аеродром, како и честите гости во кафулињата на трговскиот центар Бисер", чекаа целосно да се изгради катната гаража во населбата Аеродром, таа сепак е празна. Сместена на просторот помеѓу трговскиот центар Бисер и Мекдоналдс, катната гаража беше најавувана како добро решение за сообраќајниот хаос и метежот на паркиралиштата во околината. Но, сепак катната гаража како приватна инвестиција на градежното претптијатие "Илинден" неколку месеци по пуштањето во употреба зјае празна.

Имено, катната гаража со простор од 1.050 квадратни метри и 3 ката нуди на располагање 208 паркинг-места. Откако беше пуштана во употреба катната гаража од градежното претпријатие "Илинден" се пофалија дека при изградбата се почитувале европските стандарди. Притоа паркинг-местата во согласност со законските измени и услови за функционирање на современите катни гаражи се поголеми за 27% во однос на другите постојни паркинг-места во градот, а има и 24-часовно обезбедување на објектот и камери кои снимаат нонстоп.

Според условите кои ги нуди катната гаража од АДГ "Илинден'' сакаат и квалитетно да се наплатат. Иако, првиот час паркирање чини 30 денари, а секој следен час чини дополнителни 30 денари, скопјани ја заобиколкуваат катната гаража и повторно бараат место на околните паркинзи каде што еден час зонско паркирање чини само 25 денари.

По се изгледа заложбата на градежното претпријатие за заживување на објектот не престанува и не вроди никаков плод. Катната гаража исто така не беше искористена дури ни за Бадник и Божиќ кога градежното претпријатие празнично ги отвори вратите за паркирање и истото беше бесплатно. Но, по се изгледа дека катната гаража ќе остане празна и недоволно искористена, а која е причинита, никој не знае.
http://vecer.com.mk/?ItemID=2E1086BF6853AA409C84D4C53F41E201
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 20-Feb-2013 at 23:24
Катнава гаража во моментов нуди надобра и најефтина паркинг услуга во тој дел на Аеродром, а и пошироко - цената е 20 ден за час што ја прави прв избор барем за мене кога имам потреба таму да паркирам.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 21-Feb-2013 at 15:21
Исто и јас, редовен сум во катнава кога одам во Бисер. Прво е најевтина, второ колата ти е на затворено
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.