build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меморијален центар на холокаустот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Меморијален центар на холокаустот
    Posted: 13-Nov-2007 at 00:19

Центарот на холокаустот бавно се гради поради ентериерот

Музејот ќе претстави артефакти за животот на Евреите во Македонија собрани од целиот свет


Зградата на Меморијалниот центар сега е во состојба на карабина, а отворањето на 11 март идната година е одложено

САЊА НАУМОВСКА

Координативно тело од стручњаци од повеќе држави, заедно со работната група составена од членови на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и стручњаци од Музејот на Македонија, државниот Архив и Музејот на национална историја ќе работат на осмислување на ентериерот и музејската поставка во музејот во рамките на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите. Меморијалниот центар досега е изграден до позиција на карабина и се очекуваат конечните решенија за ентериерот од што понатаму ќе зависи доработката на осветлението, инсталациите за загревање и ладење, како и други елементи на внатрешноста.

Тоа е една од причините за одложување на најавеното отворање закажано за 11 март идната година на 65-годишнината од депортацијата на над 7.000 Евреи од Македонија во логорот „Треблинка“ во Полска. Меморијалниот центар ќе биде четврти во светот по Берлин, Ерусалим и Вашингтон.

Како што нагласуваат во Управниот одбор на фондот, активно се работи и на пронаоѓање и прибирање артефакти кои го одбележуваат животот и прогонот врз Евреите од Македонија и кои треба да бидат изложени во музејот. Отворањето, веројатно, ќе се случи идната година, но малку подоцна од предвидениот термин.

Пред продолжувањето со изградбата треба да се решат и проблемите со новиот Детален урбанистички план за „Малиот ринг“, донесен неодамна, со што се менува дел од проектот за влезниот дел на музејот, кој сега, според новото решение, треба да биде врзан со сообраќајница. За локацијата на влезот има и имотно-правни проблеми.

Во Фондот велат дека станува збор за надминување на финансиските проблеми за да се обезбеди навремена реализација на Меморијалниот центар, бидејќи во тек се постапки за денационализација на еврејски имоти без наследници од кои се финансира фондот.

„Објектот е речиси готов и во моментов се работи на решенијата за ентериерот и музејската поставка. Бидејќи сакаме музејот целосно и најдобро да го претстави живеењето на Евреите во Македонија и нивниот прогон, на осмислувањето работат повеќе наши, а од скоро и стручњаци од странство“, вели Лилјана Мизрахи, претседател на Управниот одбор на фондот. Таа нагласува дека Фондот неодамна склучил договор со Факултетот за драмски уметности млади режисери да ги снимаат сведоштвата на преостанатите преживеани од холокаустот, кои понатаму ќе служат за истражувања, а и ќе можат да се прикажуваат на видеобимови во музејот.

Според проектот, Меморијалниот центар е поделен на четири функционални делови кои се врзуваат за случувањата што претходеле на депортацијата на Евреите во Треблинка. Неговата локација е во старото Еврејско Маало, на почетокот на Старата чаршија, заради што и асоцира на заедништво и соживот.

Во првиот дел ќе има постојана изложбена поставка како вовед во настаните, а на еден ѕид ќе бидат испишани имињата на сите кои заминале и не се вратиле. Во еден дел, според замислите на ентериеристите, ќе се сместат и компјутери со база на податоци во кои посетителите ќе можат да пребаруваат за информации што ги интересираат. Во вториот дел ќе бидат презентирани делови од историјата и културата на Евреите, а третиот дел има простор за истражувања, наука и едукација.

Извор: Утрински весник



Edited by Cloverstack - 02-Nov-2008 at 20:34
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 29-Dec-2007 at 18:37
Чудна вест поврзана со Еврејскиот меморијален центар. Овдека се споменува отварање на објектот во Март 2008 Question

Во ред тоа беше оригиналниот рок кога почнуваше изградбата на објектот пред некоја година. Но последнава година скоро да не мрднаа работите така да претпоставив дека е логично отварањето да се помести за Март 2009.

Доколку има нешто точно во објавава, не ми е јасно како мислат да завршат све за 3 месеци.

НА ОТВОРАЊЕТО НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ ВО СКОПЈЕ
Саркози доаѓа во Македонија?

Цветин Чилиманов

Еврејската заедница на Македонија и македонската дипломатија работат со цел да го донесат францускиот претседател Никола Саркози во Македонија, на 11 март 2008 година, кога во Скопје ќе се одбележат 65 години од погромот на македонските Евреи.
Саркози, чија мајка Андре Мала потекнува од еврејската заедница во Солун, би требало да биде најзначајниот гостин на одбележувањето на годишнината од Холокаустот. Се очекува до тогаш да биде готов и меморијалниот центар на Холокаустот, кој се гради во подножјето на Калето, во некогашното еврејско маало во Скопје.
Од еврејската заедница во Скопје не сакаа да потврдат дали се очекува посета на Саркози.
- Се уште е рано да се зборува за имиња. Се уште не се испратени ниту поканите - изјави генералниот секретар Жаклина Мучева.
Дознаваме дека покрај Саркози, се прават напори во Скопје да дојде и рабинот Ендрју Бејкер, директор во Американскиот еврејски комитет, кој е задолжен за одржување на односите на комитетот со разните еврејски заедници во светот. Се работи за водечки експерт за антисемитизам и за уништувањето на Евреите за време на Втората светска војна. Неговиот комитет неодамна се заложи за укинување на американските визи за низа источноевропски земји, меѓу кои и Македонија. Како една од главните причини зошто комитетот на Бејкер се залага за Македонија е наведена изградбата на меморијалниот центар во Скопје.
Одбележувањето ќе се организира во спомен на околу 7.000 Евреи од Скопје, Битола, Штип и од другите градови во Македонија, кои во март 1943 година биле собрани од бугарските власти и испратени во смрт во фашистичкиот логор Треблинка. Меморијалниот центар во Скопје ќе биде еден од низата вакви институции низ светот, од кои најпознати се центрите во Ерусалим, Берлин и Вашингтон. Се прават напори зградата да биде готова на време за одбележувањето на годишнината од погромот на македонските Евреи.
Доаѓањето на претседателот Саркози во Скопје е интересно бидејќи нецел месец подоцна се одржува самитот на НАТО во Букурешт, на кој Македонија очекува покана за членство во НАТО, но и стравува од грчко вето на поканата. Од европските земји, Франција досега најгласно застана на страна на Грците, со изјавата на францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер дадена при средбата со грчката колешка Дора Бакојани, дека Франција ќе ја поддржи Грција во спорот.

Солунската врска

Саркози потекнува од Солун, каде што неговиот дедо Бенедикт (Арон) Мала живеел до 14 година. Бенедикт Мала се преселил во Франција во 1904 година, каде студирал и станал познат париски лекар. Неговата ќерка Андре Мала се омажила со унгарскиот благородник Пал Саркози, кој побегнал во Франција пред налетот на руските комунисти во Унгарија и со него го добила Никола Саркози. Семејството Мала загубило вкупно 57 члена во Холокаустот.
Еврејската заедница во Солун била преполовена со големиот пожар предизвикан од француската војска за време на Првата светска војна, во 1917 година. Во 1922 година, по поразот во Мала Азија и протерувањето на тамошните Грци, грчките власти го преполниле Солун и другите градови од Егејска Македонија со грчки бегалци. Последниот удар на еврејската заедница во Солун & бил зададен истовремено со уништувањето на еврејската заедница во Македонија. Солунските Евреи биле одведени на 15 март 1943 година, со железнички композиции до логорите на смртта Аушвиц и Биркенау, а само малкумина преживеале.



http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1291&ArticleID=82963


Edited by pbanks - 29-Dec-2007 at 18:38
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-Dec-2007 at 18:43


Dunno
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Dec-2007 at 18:59
Статијава е полна со глупости и не вреди да се размислува околу неа. ПА поканата сеуште не е ни испратена!
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Dec-2007 at 23:14
Подобро да не ја испраќаат... и онака нема да има отварање оваа година, џабе ќе се изрезилиме. 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Jan-2008 at 00:01
еве нешто поконкретно за овој проект Cheers

Владата ќе одвои 17 милиони евра за Музејот на холокаустот

Американскиот еврејски комитет и' оддаде признание на Владата за враќањето на имотите без наследници

САЊА НАУМОВСКА

Владата на Македонија ќе одвои 17 милиони евра за доизградба на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Скопје. Владиниот портпарол Ивица Боцевски вчера ја потврди информацијата, а деталите кога и како ќе биде реализирана донацијата ќе бидат познати наскоро.

Според информациите од Американскиот еврејски комитет (АЕК), договорот за финансирање на изградбата на Меморијалниот центар бил постигнат на средбите на рабинот Ендрју Бејкер со претставниците на Владата на Светската конференција за меѓурелигиски дијалог, која во октомври се одржа во Охрид.

Претставници на американскиот комитет и на македонската еврејска заедница минатиот месец се сретнале и со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски.

АЕК и' оддава признание на македонската Влада и за начинот на решавање на враќањето на имотите на Евреите што немаат наследници. Македонија овој проблем го реши во 2002 година со измени на Законот за денационализација, со кои беше дозволено враќање имоти што останале без наследник. Благодарение на тоа, Фондот за изградба на Музејот на холокаустот стана сопственик на имоти на стотици семејства кои не ја преживеаја Втората светска војна.

На овие имоти во тек е изградбата на Меморијалниот центар на холокаустот, кој ќе ја одбележува трагичната судбина на над 7.000 Евреи од Македонија, кои го завршија својот живот во нацистичките логори. „Овој историски договор ќе затвори едно болно поглавје во историјата на еврејската заедница во Македонија“, истакнува рабинот Бејкер.

Како што соопштуваат од комитетот, парите ќе бидат наменети за довршување на објектот и за почетокот на неговото работење. Меморијалниот центар, сместен во центарот на Скопје, ќе биде музеј кој ќе ја раскаже приказната на македонските Евреи и ќе обезбеди простор за културни програми.

Меморијалниот центар е изграден до позиција на карабина, во очекување на конечните решенија за ентериерот, од што понатаму ќе зависи доработката на други елементи на внатрешноста. Активно се работи и на пронаоѓање и прибирање на артефактите кои ги обележуваат животот и прогонот на Евреите од Македонија и кои треба да бидат изложени во музејот.



Извор: Утрински весник
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Jan-2008 at 02:33
17 милиони евра? Тоа не е премногу?!

Инаку добар дипломатски потег, сите знаеме кој го врти светот...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Jan-2008 at 02:39


јас мислам дека нешто побркале новинарите како и обично. За 17 милиони евра се прават чуда а објектот е веќе во фаза на карабина. И да сака човек нема каде да ги потроши тие пари. Веројатно се работи за 17 милиони денари.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 03-Jan-2008 at 04:25
Originally posted by La Linea

17 милиони евра? Тоа не е премногу?!


Originally posted by pbanks


јас мислам дека нешто побркале новинарите како и обично. За 17 милиони евра се прават чуда а објектот е веќе во фаза на карабина. И да сака човек нема каде да ги потроши тие пари. Веројатно се работи за 17 милиони денари.


Тоа ќе да е...

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 07-Mar-2008 at 04:05
Свесен сум дека е малку касно, но дали е ова најдоброто место за вакво нешто? Но уште поважно прашање е како ќе изгледа центарот? И како ќе се вклопи со музејот на вмро и обновата на театарот?
 

НЕРЕШЕНИ ИМОТНО-ПРАВНИ ОДНОСИ ЈА ЗАКОЧИЈА ИЗГРАДБАТА

Центарот на холокаустот готов до јануари

Според најавите, објектот ќе има маркантна фасада и ќе претставува украс на градот

И овој 11 март, кога Еврејската заедница ќе ја одбележи 65-годишнина од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка, Меморијалниот центар на холокаустот нема да биде довршен. Причината за одолжувањето на изградбата на музејот се нерешени имотно-правни односи. - Изградбата на овој монументален објект е попречена од определени нерешени имотно-правни работи, но во интерес на постапката не би сакал понатаму да прецизирам - вели Панде Лазаревски, потпретседател на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија. Тој се надева дека наскоро овој проблем ќе биде надминат и дека понатамошната изградба ќе тече според предвидената динамика. Објектот треба да биде готов до крајот на оваа или на почетокот на наредната година. - Засега овој објект е изграден до карабина, а архитектонското решение за внатрешното уредување е завршено. Во врска со архивските материјали и податоци, веќе се воспоставени контакти со меморијалните центри во Израел, Вашингтон и во Берлин, а остварена е и комуникација со други релевантни институции - вели Лазаревски и додава дека Владата цврсто стои зад што поскорото завршување на овој објект. Меморијалниот центар на холокаустот ќе се состои од музејски дел - во кој ќе има постојана музејска поставка и арт-центар - со артефакти што ќе зборуваат за животот на Евреите на Балканот, со посебен акцент на нивната депортација.

- Центарот ќе има и истражувачки оддел, каде што ќе се истражува животот, соживотот и интеракцијата на еврејската заедница со другите етнички, културни и верски заедници. Овој оддел ќе има цел да предупредува на опасностите што ги носат нетрпеливоста и антисемитизмот, ќе учи на толеранција и ќе придонесува во градењето на мултиетничкото општество - истакна Лазаревски.

Меморијалниот центар ќе се состои и од подземен дел од 5.500 квадратни метри, каде што ќе биде сместен паркинг-простор со капацитет за околу 120 возила. Објектот ќе има маркантна фасада и, според најавите, ќе биде украс на Скопје.  Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година полицијата на тогашната фашистичка влада на Бугарија уапси 7.200 македонски Евреи, односно 98 проценти од вкупната еврејска популација. Тие биле одведени во објектот на денешниот Тутунски комбинат, а по неколку дена биле натискани во сточни вагони и транспортирани во логорот на смртта Треблинка. Околу два процента од Евреите во Македонија ја избегнале депортацијата зашто биле во НОБ или успеале да се скријат. Сите 7.200 убиени македонски Евреи биле евидентирани. Списоците со податоците за секој од нив МАНУ ги објави во зборник во 1984 година.

Годишнината ќе се одбележи со цвеќе и со промоции

Еврејската заедница со повеќе активности ќе ја одбележи 65-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка. Чествувањето ќе почне во понеделник, 10 март, кога делегации ќе ги посетат Битола и Штип и ќе положат цвеќе на спомениците на депортираните Евреи. Во Штип ќе биде промовирана книгата „Исак Сион“, а во Битола ќе биде отворена изложба на експонати, фотографии и предмети од животот на Евреите во тогашна Битола.  Централната манифестација ќе се одржи во Скопје на 11 март, кога ќе биде положено цвеќе на спомениците во кругот на Тутунскиот комбинат и на гробиштата Бутел, каде што ќе биде одржана и молитва за мртвите - кадиш. Во МОБ ќе се одржи комеморативен концерт, на кој ќе настапи камерен хор. На 12 март свечено ќе биде отворен новиот објект на Фондот на холокаустот на улицата Самуилова, пред црквата „Свети Спас“, а потоа на Матка ќе бидат засадени 7.200 дрвца во спомен на жртвите. Одбележувањето ќе заврши на 13 март, кога во МАНУ ќе бидат врачени наградите за средношколци што ги доделува Фондацијата „11 Март“.

Анела Петрова



Edited by vardar - 07-Mar-2008 at 04:07
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Mar-2008 at 17:59
Прашањата ти се на место, но мислам дека одделно гледано е ОК. Нешто што највеќе може тамо да усере е музејот „Македонска Борба“... Одамна чекаме да видиме кој е победничкиот проект, па да можеме да коментираме.

Edited by Cloverstack - 07-Mar-2008 at 18:00
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 07-Mar-2008 at 23:35
Originally posted by vardar

Свесен сум дека е малку касно, но дали е ова најдоброто место за вакво нешто? Но уште поважно прашање е како ќе изгледа центарот? И како ќе се вклопи со музејот на вмро и обновата на театарот?


Вадар мислам дека прашањето ти е обратно поставено треба да се прашаме дали Музејот на ВМРО и театарот одговараат со Еврејскиот центар. Мислам дека локацијата е добра, рендерот на проектот не ме одушевува но мислам дека ќе искочи добро во живо.

Динамиката на градба на театарот и развлекувањето на другите проекти ми дава надеж дека можеби ќе се спасиме од унаказување на центарот. Сепак да го почекаме април за кога е закажан стар на филхармонијата, мајка тереза и музејот на вмро Wallbash
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 07-Mar-2008 at 23:58
пбанкс, па тогаш и твоето прашање е погрешно поставено, треба да се прашаме како ќе игледа сето тоа во целина Poke Clown(шала). Сакав да кажам како тие три објекти ( а и целиот тој простор) ќе изгледаат, не дека не треба да се гради еврејскиот центар, туку да има некаква согласност, вака еден проект е реновирање на стара зграда, а другиве две се нови и којзнае како ќе изгледаат, можеби ќе бидат убави одделно, мене ми беше прашањето како ќе изгледа се заедно, во право си можеби треба театарот треба да се стави на друго место и да биде таму дел само со современа архитектура Dunno
рендерот на проектот не ме одушевува но мислам дека ќе искочи добро во живо.
Ај те молам пушти некоја слика ако имаш
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Mar-2008 at 00:04


Муабетот ми беше дека Еврејскиот центар се планира некаде од 1995та а овие другиве се новокомпонирани проекти. Меѓу другото затоа му давам на него и предност а против другите два проекта сум против и од повеќе различни други причини.

Но се слагам, треба да се уклопи сето тоа како урбана целина само што како што стојат работите ќе биде едно шаренило на "стилови" кое нема да личи на ништо (за жал).

Еве ти рендер од Еврејскиот центар Cheers


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 08-Mar-2008 at 00:30

Леле незнам што да кажам, тој дел на градот така празен не личеше на ништо  а сега ќе биде целосно трансформиран, само незнам дали ќе биде подобро или полошо. Рендеров не ми се допаѓа, очекував нешто повпечатливо/провокативно со оглед дека е музеј за едно од најголемите зла, нешто што ќе те натера да застанеш и да размислуваш.....  ја изгледа забегав малце

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 08-Mar-2008 at 00:32


Се сложувам рендеров е просечен, но сепак не го сметам како некакво зло за разлика од она што го слушам за музејот на ВМРО и за низа други објекти по центаров на чело со планираната црква секако за која не ми ни треба рендер за да ми биде згадена.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 08-Mar-2008 at 00:49

За жал има еден куп објекти што се градат или се во план да се градат во ЦЕНТАРОТ НА ГЛАВНИОТ ГРАД а се најголем кичерај, За црквата подобро да не почнам  Puke , офицерски со куполи, вакви онакви стакла (и омилените комбинации од 2-3 различни автори) нова нардона банка наводно инспирирана од старата Confused, секој има различно мислење како треба да изгледа еден град, кој стил итн...лично единствен нов објект од центарот кој стварно ми се допаѓа е новата филхармонија.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 08-Mar-2008 at 00:53


Мислењето комплетно ни се совпаѓа. Само филхармонијата треба да се гради ако јас се прашувам. Thumbs%20UpCheers


Edited by pbanks - 08-Mar-2008 at 00:56
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Mar-2008 at 00:55
Cheers
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Mar-2008 at 01:00
Само штета што не е на повидливо место
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.137 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.