build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меморијален центар на холокаустот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 24-Feb-2011 at 10:03
slucajno naletav na evrejski kulturen centar vo germanija. http://www.architizer.com/en_us/projects/view/jewish-community-center-mainz/19881/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 28-Feb-2011 at 14:40

На 10 март се отвора Меморијалниот центар на холокаустот


Со комеморативна седница во МАНУ во вторник, на 8 март ќе почне програмата за свеченото отворање на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

 
 
%20  
По овој повод ќе се одржи и излагање на урните во Битола, Штип и во Скопје, а ќе бидат отворени и изложби на фотографии во овие три града. За 9 март е планирано пристигнување на урните пред Музејот на град Скопје, а вечерта од 19 до 21 часот во Македонската опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на Македонската филхармонија. По концертот ќе се одржи прием на кој ќе присуствуваат претставници на македонскиот државен врв и почесни гости и достоинственици од Израел. Приемот ќе го отвори претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Следниот ден, по 9 часот, урните со гардиска придружба ќе бидат испратени од Музејот на град Скопје до Меморијалниот центар. Со нивното пристигнување, всушност ќе се означи и официјалното отворање на објектот. Одбележувањето на смртта на околу 7.148 Евреи од Македонија ќе заврши в петок, со посета и полагање цвеќиња на споменикот во Тутунскиот комбинат - Скопје, на градските гробишта „Бутел“, како и на споменикот на паднатите борци во НОБ.

Меморијалниот центар на холокаустот е мултимедијален центар, кој е составен од повеќе функционални делови. Лоциран во поранешното еврејско маало во Скопје и со неговата изградба им се оддава почит на Евреите депортирани од Македонија во нацистичкиот концентрационен логор Треблинка. Ова е четврти ваков центар во светот, по оние во Израел, САД и во Германија.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2281198526&id=9&prilog=0&setIzdanie=22218
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 28-Feb-2011 at 23:08
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 28-Feb-2011 at 23:51
Da vi kazam pravo vaka e poubav vo zivo od renderov. Vo renderov nekako mi e mnogu saren
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
MKballer View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Nov-2007
Location: Detroit
Online Status: Offline
Posts: 93
  Quote MKballer Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 01-Mar-2011 at 02:28
Znaete da li ke bide zavrseno proektov za otvoranje na 10 mart?
Back to Top
Plugger View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
  Quote Plugger Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 01-Mar-2011 at 06:56

MKBaller, Kako sto razbrav ke bide otvaranje na 3 fazi a ova sega ke bide prvata faza i ftorata faza ke bide vo 2012 godina pa tretata 2013 godina.


Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 07-Mar-2011 at 12:13
http://utrinski.com.mk/?ItemID=BCFC725EC995F84E9CEDB0BFA86FB85A

Да се залечат еврејските рани



Трагедијата на Евреите ги обединува сите на планетава. Македонија дава планетарен придонес со Меморијалниот центар

Љупчо Поповски


На 10 март Скопје и Македонија ќе бидат вметнати на една важна мапа на светот. Тогаш Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе ги отвори своите порти за да можат македонските граѓани и граѓаните на светот да ја видат тажната приказна за тоа како е можно нацистичкото лудило да ги убие речиси сите наши еврејски сограѓани.

Тоа ќе биде тажно сеќавање за мартовските денови од 1943 година, на бугарските окупатори, на занданите во Монополот, но и чувство на гордост дека Македонците никогаш нема да ги заборават своите Евреи, дека секогаш ќе се сеќаваат како на драгоцен дел на ова општество во кое заедно го делеле и доброто и лошото.

„Ова е само првата станица на долгиот пат што го почнавме пред десет години, кога се роди идејата за Меморијалниот центар и пет години откако беше ставен камен-темелникот. Големата работа – целосно да ја прикажеме вистината за Евреите од Македонија допрва не' чека“, малку изморено, но многу задоволно, зборува Лилјана Мизрахи, претседателка на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Можеби е тоа првата станица, но овој Меморијален центар, кога ќе се отвори, ќе биде дел од светската четворка – заедно со Јад Вашем во Ерусалим, Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон и Холокауст меморијалот во Берлин. Има уште стотици музеи во светот што се инспирирани од трагичната судбина на Евреите, но само четири се меморијални центри. Скопскиот меморијал ќе биде различен од другите и по тоа што ќе биде прв за Сефардите, додека другите три се за Ашкеназите.

Има малку книги за историјата на животот на Евреите на македонските простори, но и од она што го има се' знае дека тие овде биле уште од времето на Александар Македонски (а веројатно и пред тоа); дека најстарата позната синагога надвор од Израел е во Стоби, од третиот век; дека кога Шпанија и Португалија со кралски декрети ги протерале Евреите во 1492 година, огромен број од нив го прифатиле гостопримството на турскиот султан Бајазит Втори и се населиле на балканските територии. Меморијалниот центар треба да го продолжи проучувањето на историјата и животот на овдешните Евреи, главно, населени во Скопје, Битола и во Штип.

Сета таа историја на преселбите и животот на Евреите ќе биде дел од големата постановка во Меморијалниот центар.

„Имавме неверојатна среќа човекот што ја направи постановката на музејот на холокаустот во Вашингтон, Мајкл Беренбаум, да ја прави и постановката во Меморијалниот центар во Скопје. Овој човек има 10 докторати, од кој посебно е ценет оној за концлогорот Треблинка“, вели Мизрахи. Сите 200 Евреи што живеат сега во Македонија беа одушевени зашто еден таков стручњак како што е Беренбуам со своите соработници ја направи постановката која треба да биде нешто сосема поинакво од сите други вакви центри во светот, која ќе го отслика животот и смртта на овдешните Евреи, но и да даде планетарна нишка во нашава земја за трагедијата која нема пример во историјата. „Беренбаум направи нешто што не е видено никаде во светот“, нагласува Мизрахи.

Од Фондот на холокаустот не сакаат да откриваат премногу детали како изгледа постановката, освен што е поделена во три фази. Некои детали се познати – ќе има дигитални рамки со фотографии како да се бараат исчезнатите луѓе, ќе биде направено симболичко погребување со три урни со пепел донесен уште во 1963 година од пеплосаните ниви во Треблинка (тие сега се во градските музеи во Скопје, Битола и во Штип), ќе има детски центар за едукација... Во Фондот велат дека сакаат постановката да биде изненадување за сите.

Трагедијата на Евреите ги обединува сите на планетава, сите сакаат да дадат свој придонес да не се заборави ниедно злосторство на лудилото што го зафати човекот. Затоа во 2009 година беше формиран Меѓународен борд од девет души за Меморијалниот центар во Скопје, во кој има неколкумина од најважните луѓе од еврејските заедници во светот. Претседател на бордот е Ендрју Бејкер, директор на Американскиот еврејски комитет, а негови членови се, меѓу другите, Авнер Шалев, први човек на центарот Јад Вашем во Израел, и Стефан Крамер, генерален секретар на Советот на Евреите во Германија. Сите деветмина, заедно со уште 150-ина други лица од 80 организации од целиот свет, ќе дојдат на отворањето на Меморијалниот центар на 10 март.

Лилјана Мизрахи вели дека воспоставиле одлична соработка со другите меморијални центри и фондации во светот: од Меморијалниот центар во Вашингтон добиле многу документи во дигитална форма; од американската фондација „Шоа“ им испратиле 40 сведоштва на Евреи што ги снимила во Скопје екипата на режисерот Стивен Спилберг; од Јад Вашем постојано добиваат совети. Особено се горди зашто во нивната акција за собирање стари фотографии за животот на Евреите во Македонија направиле една драгоцена колекција од околу 3.000 фотографии. Меѓу нив има 1.200 фотографии од жртвите од Македонија што ги снимиле бугарските окупатори кога ги испраќале во Треблинка. Во овој концлогор беа убиени 7.148 души (98% проценти од вкупната еврејска популација кај нас). „Ова е исклучително драгоцено сведоштво за нас“, вели Мизрахи.

Во Фондот се особено благодарни на сите луѓе во Македонија во овие 10 години откога се роди првичната идеја за изградба на Меморијалниот центар (идејата е тој да стане регионален центар) – од политичарите, преку историчарите, историските институти и особено на обичните луѓе без чија помош, поддршка и храбрење не ќе можеше да се стигне до отворањето на Меморијалниот центар. Центарот е сместен во срцето на некогашното Еврејско Маало, под скопското Кале. Проектот за него е македонски – автори се Мирко Андовски и Никола Бошку.

Овој Меморијален центар е еден од најсветлите придонеси на Македонија за светското наследство и треба да знаеме да го цениме.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 07-Mar-2011 at 17:48

По повод престојните активности за свечено одбележување на отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, што од утре и во наредните два дена ќе се одржуваат во Скопје, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека в среда и четврток ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците во близина на Меморијалниот центар.

rezim-soobrakaj

МВР соопшти дека задутре поради одржувањето на Комеморијална академија во сеќавање на холохаустот на Евреите од Македонија во објектот на Македонската опера и балет во периодот од 17 часот на улицата „Стив Наумов“ ќе се воспостави посебен режим на сообраќај на пристапот кон подземниот паркинг кај МНТ. Кон паркингот ќе се пропуштаат само возила на ВИП личности и возила на лица кои се поканети на свеченоста, а откако ќе се пополни наведениот паркинг простор, останатите гости ќе се упатуваат да паркираат на крајната десна сообраќајна лента на ул.„Стив Наумов“.

Исто така, од среда вечерта ќе се воспостави пособен сообраќаен режим на улиците „11.Март“ и „Црвена Општина“ (кај старата автобуска станица), како и на паркинг просторот пред хотелот „Стоун Бриџ“, а во пресрет на настаните што следат во четврток (10.03). Притоа, на наведените улици нема да биде дозволено движење и паркирање на возила, а возилата кои ќе бидат затекнати ќе бидат отстранети со специјално возило “Пајак“.

Во четврток во периодот од 09,30 до 12 часот ќе се одржува централната свеченост на отворање на Меморијалниот центар, а сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Лазар Личеноски“, како и по Вијадуктот кои ги поврзува овие две сообраќајници. По улиците „11 Март“ и „Црвена Општина“ (кон Меморијалниот Центар) ќе се пропуштаат само возила на ВИП личности и возила на  лица кои се поканети на свеченото отворање.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/21602-Vonreden-soobrakaen-rezim-vo-Skopje-vo-sreda-i-cetvrtok

Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 10-Mar-2011 at 16:09
Еве некој слики од нет:


www.skopje.gov.mk

www.netpress.com.mk

www.utrinski.com.mk
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 10-Mar-2011 at 18:09
jas mislam deka i ne e mnogu los ispadnat memorijalniot centar sega za sega, i koga ke se zavrsi toj cel prostor so muzejot na vmro, teatarot i arheoloshki muzej/ustaven sud mislam deka ke bide mnogu ubav toj del, jas bi posakal poveke muzej i kulturni centri da se gradat nis gradov
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 10-Mar-2011 at 18:18
eve edna slika od del od fasadata

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 10-Mar-2011 at 19:11
Ovoj ni ne izgleda loše, može nekoja slika poubava Skopjani?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Alex View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jun-2009
Location: Paris / Ohrid
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Alex Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 10-Mar-2011 at 19:51
Eve uste edna slika od net  Cheers



Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7765
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 10-Mar-2011 at 20:05
објектот сам по себе е добар, не би го нападнал со негативни комнтари, но тоа што не ми чини е што воопшто не ми личи на некоја позначајна зграда, како меморијален центар или музеј, а и му недостигаат некои детали од рендерите

и стаклото не е рефлектирачко колку што можам да забележам и не е лошо како некои рефлектирачки стакла, така само личи поради силната светлина која удира директно во него
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 10-Mar-2011 at 20:06
Би било супер, останатиот дел да биде завршен што поскоро.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 10-Mar-2011 at 20:19
Ќе ги постирам сите слики што ги има на МИА од отворањето на музејот. Бе зразлика што се гледаат политичари, на многу слики има артефакти и делови од фасадата, огнот, возот и други предмети. Така да ве молам водржете се настрана од политиката, да не ги дискутираме тие делови, предмет на темата е музејот. Во интерес на што повеќе слики ќе постирам целосната фотосесија.

01.


02.


03.


04.


05.


06.


07.


08.


09.


10.


11.


12.


13.


14.


15.


16.


17.


18.


19.


20.


21.


22.



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 10-Mar-2011 at 20:28
Слика седумнаесет кој е човекот? Слика дваесетиеден што е тој предмет? Конечно колку вакви музеи има? Што е со тој муабет?
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 10-Mar-2011 at 20:28
ne e los muzejot, ama stvarno mi smetaa tie polukruznite izdatoci mislam deka epten go nagrduvaat i ic ne mu stojat
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 10-Mar-2011 at 20:46
Originally posted by lslcrew

Слика седумнаесет кој е човекот? Слика дваесетиеден што е тој предмет? Конечно колку вакви музеи има? Што е со тој муабет?
17. Незнам на кој човек мислиш, на тој што му објаснува на претседателот?
21. Предметот се вика мезуза, е традиционален предмет кој се закачува на влезната врата на секоја еврејска куќа, верски објект, канцеларија и сл. Во предметот се наоѓа мал пергамент на кои се испишани стихови од Тората. Повеќе тука: http://www.jewfaq.org/signs.htm


Edited by UrbanFreak - 10-Mar-2011 at 20:49
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 10-Mar-2011 at 21:28
На постерот на слика седумнаесет за тој човек кој е историска личност?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.