build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меморијален центар на холокаустот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 11-Mar-2011 at 22:39
na idividi se gleda deka memorijalniot centar od nadvor odnosno fasadata e osvetlena, mozebi gresam ako znae nekoj poveke neka napise
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 12-Mar-2011 at 01:20
Originally posted by Buliwyf

Originally posted by UrbanFreak

Најголемиот дел на Евреите во Македонија се од шпанско потекло дојдени после инквизицијата во Шпанија (крајот на 15 век), иако во Македонија се наоѓа и една од најстарите синагои во Европа во Стоби, која потекнува уште пред нашата ера.

Точно дека се наоѓа синагога во Стоби и тоа под Централната базилика и има две, една постара и една понова која била изградена над темелоите на постарата, но не се од пред новата ера туку некаде III век а поновата од почетокот на IV век. И се смета дека е изградена од Полихармос(таткото на еврејската заедница во Стоби).

Се извинувам за офф топик.
Thumbs%20Up
Благодарам за исправката.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 12-Mar-2011 at 05:55
Постои ли групација што се нарекува Мизрахи? Затоа што мислам дека ова е едно од овие групи што ги спомнувате, но е и презиме?!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 12-Mar-2011 at 10:50
@lsl Мизрахи е често еврејско презиме. Во Македонија се работело за големо и видно еврејско семејство кое речиси е целосно збришано во Холокаустот. Денеска од ова семејство потмоците се едни од највидните членови на Еврејскаата Заедница во РМ. Мирах знали исток, па највероватно од тука е и потеклото на ова презиме.
 
Постои и група на Евреи наречена Мизрахи Евреи (кои обично потекнуваат од земјите во Блискиот Исток) кои заедно со Ашкеназите и Сефардите ги сочинуваат главните групи Евреи.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 12-Mar-2011 at 14:43
.


Edited by mitatos - 12-Mar-2011 at 20:24
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 12-Mar-2011 at 15:47


www.vecer.com.mk
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 12-Mar-2011 at 16:28
Прекрасно е. Погледнете го и стадионот во позадина.

Се гледа и еден лав.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7240
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 12-Mar-2011 at 16:30
каков феноменален агол фатил фотографот тука, алал нека му е, Меморијалниот центар, со Кале и Градски стадион во позадина Applause
...сега малку ми паднаа во очи стклата и нивните рамки на покривот, што малку ќе штрчат гледани одозгора, но не е многу страшно
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4663
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 12-Mar-2011 at 16:38
Единствена замерка за екстериерот ми е што се користеле рамни стакла на места каде што заоблени би биле многу поелегантни (за жал и поскапи). Супер слики.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 626
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 12-Mar-2011 at 19:40
Фино ја потсредиле околината за отварањето.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 12-Mar-2011 at 21:13
Мислам дека проектов заслужува оценување, па модератори повелете со анкета па да гласаме. Јас сум на мислење помеѓу 7 и 8. За екстериерот веројатно не би одел на повеќе од 6, но внатрешноста, самата поставка, мултимедијалните содржини во музејот, важноста во светски рамки за Македонија и Еврејската заедница во Македонија би дал 9ка.

Edited by UrbanFreak - 12-Mar-2011 at 21:16
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 13-Mar-2011 at 01:47
А што со другиот дел што не е довршен?! Dunno
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 13-Mar-2011 at 02:55
Втората слика од лсл вреди да стои за разгледница од Скопје, горе кале, во позадина градски, малце се гледа еден лав, фино средениот меморијален центар и средената околина. Одлична слика!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 13-Mar-2011 at 03:18
Не се мои сликите, пишува од вечер се постирани.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2114
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 13-Mar-2011 at 08:11
Значи овој другиот дел очекуваме до годинина да биде готов?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12124
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 13-Mar-2011 at 14:21


Март 2013
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 13-Mar-2011 at 14:25
А можно ли е да е однапред испланирано. Сакам да кажам дека можаби не се работи за пари туку за распоред. Зашто карабината и така е готова, а работите на фасадата и внатрешноста можат за брзо време да се завршат. Па дали е намерно планирано да не се чепка ништо, и да се доработи во предвечерието на 70годишнината од Холокаустот.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 14-Mar-2011 at 16:24
Темпото на изградба е фасцинантно.За 3,5 години се направи ова што се направи.Да не е тажно би било смешно.
Back to Top
Buliwyf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
  Quote Buliwyf Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 14-Mar-2011 at 23:35
Интересни податоци
Над илјада посетители дневно во Меморијалниот центар на холокаустот

14.03.2011 - 20:18 | Македонија
Повеќе од 3.000 граѓани го посетиле Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје во првите три дена од неговото отворање.


Според одговорните, секој ден по околу илјада граѓани доаѓаат да ја видат поставката во центарот, кој официјално беше отворен во четвртокот.

- Посетителите најмногу се интересираат да ги видат трите урни со пепел донесена од концентрациониот логор во Треблинка, кои до изградбата на Меморијалниот центар се чуваа во Скопје, Битола и Штип. Вниманието на посетителите во Центарот го задржува и товарниот вагон кој бил само еден од многуте со кои нацистите ги депортирале македонските Евреи, соопшти агенцијата „Њу момент“ која учествуваше во организацијата на минатонеделниот настан.

Во Меморијалниот центар се претставени и други предмети за животот на Евреите на Балканот низ вековите, а во отворена книга деновиве голем број посетители ги запишале своите впечатоци за трагедијата на 7.148 македонски Евреи. Некои записи се од луѓе кои биле сведоци на депортацијата и кои во 1943 засекогаш загубиле пријатели и соседи во некогашното Еврејско маало.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/nad-iljada-posetiteli-dnevno-vo-memorijalniot-centar-na-holokaustot
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 15-Mar-2011 at 00:37
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B7B7308393544D47B8E98149A2CDD854


ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ПОСЕТА НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ


Другар ми Моис никогаш не се врати


Книгата на впечатоци што е отворена во Музејот е полна со потресни приказни на сведоците на страшната судбина и депортацијата на Евреите


"На тој ден, 11 март 1943 година, се сеќавам како денес, бидејќи околу нас имаше многу еврејски куќи, нашиот двор беше полн со бугарски војници. Беше некаде околу 5-6 часот. Имав другарче Еврејче, кога мајка му ја извадија од дома по пижами, боса, се сеќавам ми пријде, ме избаци и ми рече твоето другарче Моис нема да се врати. Татко ми и мајка ми стоеја на прозор и ми дадоа два леба да ги однесам кај другарчето, но бугарските крвници ми ги зедоа и ме удрија со кундакот". Оваа потресна приказна ја запишал Благој Успрцов од Штип во книгата за впечатоци во новоотворениот Меморијален центар на холокаустот. Томе Николоски, роден 1930 година во Еврејското Маало, и некогашен ученик во еврејското школо, запишал: Овој музеј предизвика кај мене, како современик на животот и депортацијата на Евреите, кој учеше и другаруваше со Еврејчиња, огромен гнев кон германските и бугарските окупатори на кои не може да им се прости, ниту заборави! Сето тоа емоционално ме потресе. Ако се заборави, тогаш може и да се повтори." Во книгата не се запишале само сведоци на депортацијата. Со овој музеј мојата земја Македонија покажува дека е дел од човештвото кое не го заборава злото, кој го почитува животот и хуманоста како единствени категории заради кои сме на оваа планета", запишала Гордана Белева.

Отворањето на Меморијалниот центар предизвика голем интерес кај посетителите. Одговорните информираат дека само во првите три дена од отворањето, го посетиле повеќе од 3.000 граѓани. Тие информираат дека најголем интерес предизвикуваат трите урни со пепел донесени од концентрациониот логор во Треблинка, кои до изградбата на Меморијалниот центар се чуваа во Скопје, Битола и Штип.
- Вниманието на посетителите во Центарот го задржува и товарниот вагон кој бил само еден од многуте со кои нацистите ги депортирале македонските Евреи. Не помала е заинтересираноста на граѓаните и за предметите од кои може да се осознае како живееле Евреите на Балканот низ вековите, како и нивното учество во економскиот, научниот и социјалниот развој на општеството, велат од Музејот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.