build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меморијален центар на холокаустот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 17-Mar-2012 at 12:40
е сега како се чуствуваш Урбан кога во европскиот парламент се осудува РМ поради филмот за евреите?сме лажеле дека е така,како овие луѓе што ги набројуваш биле измислени.нема логика на некои работи што ни ги прават

кога подлабоко би размислам мислам дека мојата подрша на сето ова што се прави во Скопје произлегува од внатрешниот револт кој го имам за нефер однесувањето на кутурните европјани врз нас(како Саркози што вчера нарече идиот еден новинар).

се извинувам за малу политика во постов,ама некои работи нервираат
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 17-Mar-2012 at 13:08
Originally posted by Block

Се работи за Евреи од 1/3 од Егејска,Вардарска Македонија и за источна и западна Тракија...Само евреите во Солун тогаш биле 50,000 но тој дел е под германска контрола...истотака во тогашна Бугарија немало фашистичка диктатура,тоа е сигурно,се работи за нацизам-иако во тоа не сум сигурен но сигурен су 100% дека нема фашизам никаде на друго место освен Италија и Шпанија.
Дај просветли ме мене што е разлика меѓу фашизам и нацизам.Јас знам што им е заедничко,ама ме интересираат разликите.
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 17-Mar-2012 at 13:57
На еврејската историја не и е место на форумов.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 17-Mar-2012 at 18:29
не се согласувам Кензо дека е така.ако немало етничко чистење на евреите во втората светска војна,како може да се прави Музеј за таа намена?едноставно е нецелисходно,нема логика
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 17-Mar-2012 at 22:00
Originally posted by gjoko

е сега како се чуствуваш Урбан кога во европскиот парламент се осудува РМ поради филмот за евреите?сме лажеле дека е така,како овие луѓе што ги набројуваш биле измислени.нема логика на некои работи што ни ги прават

кога подлабоко би размислам мислам дека мојата подрша на сето ова што се прави во Скопје произлегува од внатрешниот револт кој го имам за нефер однесувањето на кутурните европјани врз нас(како Саркози што вчера нарече идиот еден новинар).

се извинувам за малу политика во постов,ама некои работи нервираат

Европскиот парламент никогаш не го осудил филмот. Се обидоа пратеници од Бугарија да го осудат, но не и парламентот како институција. Верувај многу се добро запознаети сите големи светски еврејски асоцијации за филмот, за нашата заложба како држава да им одадеме почит на овие наши сограѓани, а осудата на филмот доаѓа од некои примитивни балкански умови. Таман работа Германија да ги осудуваше сите филмови кои се снимени за втората светска војна. Но се дрзнуваат балканските држави да негираат неоспорни факти, впрочем многу подобро од мене го срочи сето ова Виктор Мизрахи, во ова интервју кое погоре го постирав.

@Kenzo_fan, мислам дека оваа нишка и тоа како е погодна за дискусија од овој тип. Впрочем тоа е и намената на овој центар, да ги прикаже човековите лудила и ѕверства и да не потсети никогаш повеќе тоа да не го повториме. Доколку оваа тема ја правевме во било која друга нишка критиката ќе ти беше апсолутно на место.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 18-Mar-2012 at 01:14

Што ако се појави некој симпатизер на Ахмадинеџад и рече дека Холокаустот не се случил? За тоа ќе разглабаме со страни? Ајде сега во тема Музеј на македонската борба да распалиме за партизани, врховисти, Егејци, цела историја. Овде би требало да се зборува за архитектонските и слични аспекти, не за историја.  

Back to Top
makonix View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 08-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 520
  Quote makonix Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 18-Mar-2012 at 02:02
мислам дека премногу општи дискусии за еврејската историја сигурно е премногу во форум за архитектура, но има очигледно простор да се разговара за експонаттите, информациите и други елементи кои се презентирани во музејот и нивната функционалност
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 21-Mar-2012 at 00:50
Утре идам во Музејов и ќе ја однесам сликата со логото кое го користеле БДЖ за време на војната, па ќе видиме дали нешто понатака ќе се смени.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 22-Mar-2012 at 17:30

Во врска со внатрешноста, не сум нешто воодушевен, некако ми делува дека е направено ради реда, многу неискористен простор, едино што вреди е влезот и вагонот. Нема доволно експонати, има пар панели со информации и тоа е тоа. 

Во врска со логото на БДЖ, малце напнато одговори водичот, во стил дека се размислува да се промени и да се стави она вистинското, особено што вагонот сеуште не е официјален експонат. Интересно, ама дури и на документарецот кој го пуштија, на сликите се гледа сосема различно лого од она кое тие го имаат вметнато. Се на се, моја оценка 2.5/5. 

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 22-Mar-2012 at 18:46
Previous
па добро, таква е и природата на објектот, служи повеќе како меморијален центар, отколку како музеј, и самото име кажува
единствено не ми се допаѓа што не се потрудиле повеќе околу приказот на тие панели, онака како што се потрудиле да направат атмосфера во приземјето, можеби не изгледа катастрофално, но обични панели за плакати се прилично досадни за просечен човек
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 28-May-2012 at 17:30
Надворешниот изглед на вториот дел од Меморијалниот центар на холокаустот е речиси целосно завршен:












Edited by BOJAN - 28-May-2012 at 17:31
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 28-May-2012 at 18:04
se nadevam deka ke se soberat dovolno exponati da se napuni muzejov
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 30-May-2012 at 10:40
Интересно и необично здание. Како и филхармонијата архитектите барем се потрудиле да биде нешто ново, модерно и необично како што впрочем цел модерен свет се стреми
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 30-May-2012 at 17:48
ok e nisto posebno, ama go nema onoj wow efekt
Back to Top
Block View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 18-Dec-2011
Location: Карпошово
Online Status: Offline
Posts: 377
  Quote Block Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 09-Jul-2012 at 16:04
Originally posted by toasumjas

Интересно и необично здание. Како и филхармонијата архитектите барем се потрудиле да биде нешто ново, модерно и необично како што впрочем цел модерен свет се стреми


Филхармонијата е копирано бате
и јас таман мислев нешто и ние нормално да направиме кога копија

А во врска со ова задние колку што знам проектот е од Израел...


Edited by Block - 09-Jul-2012 at 16:06
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 09-Jul-2012 at 19:49
вториов дел повеќе ми се допаѓа, најверојатно поради присуството на уште една нијанса на сиво и поголемата (усогласена) разиграност на фасадата
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 09-Jul-2012 at 19:52
Originally posted by spaceman091

ok e nisto posebno, ama go nema onoj wow efekt
не мора секој нов објект да има некаков „wow ефект“
покрај тоа, „wow ефектот“ е нешто лично и се работи за вкусови, јас сум се импресионирал од далеку помонотони и постерилни објекти од овој на пример

исто така, за тој wow ефект потребна е некоја проширена џаршиска приказна, најголем дел од објектите во грдов кои се воспеваат, од архитектонска гледна точка не се некои големи постигнувања (во светски рамки)
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 09-Jul-2012 at 20:03
мене целиот комплекс ми дава прав впечаток:меморијален-значи не ми асоцира на ништо симпатично и убаво,туку ме тера да го тргам погледот од него.

вероватно е тоа од субјективни причини, и сивите бои

архитектурата и стилот ама баш ич ги немам ни размислувано
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 09-Jul-2012 at 20:57
Originally posted by zabegan


Originally posted by spaceman091

ok e nisto posebno, ama go nema onoj wow efekt
не мора секој нов објект да има некаков „wow ефект“покрај тоа, „wow ефектот“ е нешто лично и се работи за вкусови, јас сум се импресионирал од далеку помонотони и постерилни објекти од овој на примеристо така, за тој wow ефект потребна е некоја проширена џаршиска приказна, најголем дел од објектите во грдов кои се воспеваат, од архитектонска гледна точка не се некои големи постигнувања (во светски рамки)


a koj e arhitekt na ovoj objekt ?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9037
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 10-Jul-2012 at 12:07


Се работи за доста стара објава од времето пред да почне да се гради музејот (или кога ужасно бавно се градеше, не ми текнува). Мислам дека ти дава некои одговори.

Разговор со Мирко Андовски и Никола Бошку, главни архитекти на проектот Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија 
Сведоштво на ужасот, архитектонски пресек на старото и современото 
Во светот постојат низа музеи на холокаустот и јудеизмот, а центри на холокаустот има само во Ерусалим, Вашингтон и Берлин 






Александра Тодоровска
На 2 септември 2005 година, на местото на старата меѓуградска автобуска станица ќе се постави камен-темелникот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија (МЦХЕМ), под покровителство на претседателот на Владата, Владо Бучковски.  МЦХЕМ ќе се гради според урбанистички и архитектонски проект изработен врз основа на постојниот Детален урбанистички план за овој дел на Скопје, кој го опфаќа и поранешното Еврејско Маало. Автори на проектот се Мирко Андовски и Никола Бошку, со голема екипа соработници, меѓу кои и Александар Андовски и стручните консултанти Мимоза Томиќ-Несторова и Јасминка Намичева-Балабанова. Меморијалниот центар се состои од два поврзани објекта со вкупна површина од околу 8.000 квадратни  метри. Има и три надземни и две подземни нивоа.
Во светот постојат низа музеи на холокаустот и јудаизмот, а центри на холокаустот има само во Ерусалим, Вашингтон и Берлин. Во потрага по уникатна морфологија, на Меморијалниот центар (МЦ) во Македонија, управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите во Македонија, дојде до концепт со комбинирана функција на центарот: институциска, музејско-изложбена со услови за музичко-сценски перформанси, изведби и конференциски центар. МЦ ќе овозможува студии на јудаизмот (историја, холокауст, Талмуд, религија...), а од друга страна и иновативни студии за комплексните популации како овие на Балканот. 
За тоа како ќе изгледа овој Меморијален центар, разговаравме со Мирко Андовски и Никола Бошку главни архитекти на овој проект. "Беше потребно во рамките на дефинираниот детален план со дефинирани градежни и регулациони линии, да се совлада специфичната проектна програма. Самиот зафат, како сето тоа ќе функционира и како ќе изгледа комплексот е креација°, истакнаа Андовски. Без оглед на лимитирањата, Бошку и Андовски се задоволни од конечниот резултат, односно дека успеале да го направат токму тоа што го имале замислено.  "Ние практично проектиравме со акцент да се добие еден амбиент кој ќе кореспондира со тврдината и ќе претставува порта кон Старата скопска чаршија и ќе го интегрира тој дел, преку Камениот мост со десната страна на Вардар. Токму во таа точка е пресекот на старото и современото, па во тој стил го изработивме холокаустот. За негова изработка ќе ги користиме старите класични проверени материјали, како што е каменот комбиниран со високо вредни метали и стакло°, истакна Бошку. Според нив, самиот музеј по својот внатрешен карактер не бара многу отворени и светли површини. Гледачот, велат тие, треба да се концентрира на експонатите и затоа внатрешноста е направена со мали прозори. Во објектот доминираат полните маси што асоцира на тврдина, а старото Еврејско Маало од 15 до 16 век било изградено во ѕидини. Во самиот музеј има влез за посетителите, а на приземјето се предвидува аула во која може да се одржуваат разни перформанси, изложбен простор, кој е постојана поставка на холокаустот, а на другите нивоа предвиден е едукативен простор, музејска администрација, работилници и депоа. Музејот и арт-центарот се поврзани во меморијалниот центар. Во истиот комплекс е предвиден и хотел, кој е самостоен. Многунаменскиот арт-центар ќе биде со мултимедијални случувања, галерии на вредни слики, евентуални донации и стимулирање на стари занаети. Архитектите Андовски и Бошку потенцираат дека како сограѓани на починатите Евреи, во овој проект внеле многу длабоки емоции.
"Со овој објект ќе се поврзе десниот брег со левиот брег и тврдината на еден соодветен уметнички начин, со креирање нов амбиент°, објасни Андовски. Сепак, најголемо внимание му се посветува на изложбениот простор на холокаустот во кој се доловува сиот ужас од тоа време. Во изложбениот простор има внатрешен влез со своја капија, каде што е музејската поставка на холокаустот, а почнува во амбиент на Давидовата и Амаровата улица, со животот на Евреите пред војната, целосна сценографија од тој период и дигитален приказ на поранешната синагога. Од овие две улици се влегува во холокауст-амбиент кој инсценира гетоизација, депортација и гасни комори. 
"Бидејќи имавме мал простор за манипулација, направивме дел кој ќе го прикажува Монополот - местото каде што биле затворени Евреите. Видео-проекциите ќе ни помогнат во тоа. Ќе биде прикажан и транспортот на Евреите преку еден оригинален дрвен, товарен вагон. Оваа приказна на кус пат ќе биде тотално автентична, бидејќи терминацијата е извршена за три дена. Кога ќе се влезе во вагонот, вратите ќе се затвораат и ќе се добие впечаток дека и вас ве депортираат во логорот Треблинка°, вели Андовски. Излезот од просторијата каде што се прикажани печките, наедно е и излез од холокаустот и влез во просторија на адаптација со  голем екран-прозорец од кој се гледа и црквата "Св. Димитрија°. "Од овде веќе се адаптира посетителот и продолжува во една друга поставка, а тоа е историско-етнолошката. 
Вториот кат на објекот, во арт-центарот, пак, ќе има посебен лифт и ќе може да функционира комплетно независно. Планирана е и летна тераса, со амфитеатар, која ќе може да се користи за разни летни културни случувања, визуелно поврзани со Калето, бидејќи терасата е така поставена. Концепцијата на овој проект е да се негува еврејството, но и мултиетништвото во државата. Водена е сметка да се внесе најсовремена машинска и електрична опрема. "Сметам дека според концепцијата на комплексот, финалниот изглед на овој комплекс ќе биде готов најмногу за три години°, истакна Мирко Андовски.
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе претставува една комплексна функционална целина, која ќе биде посветена на споменот за сите настрадани во времето на фашизмот на територијата на Македонија, а преку мотото "Никогаш да не се повториии  ќе едуцира млади, здрави генерации.


http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1858&stID=41668&pR=23
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 15161718>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.121 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.