build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

„Грандиозни“ зафати

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 09-Nov-2008 at 14:41
Аиииии Crazy


Како можело ова да ми промакне?! Bash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 02-Dec-2008 at 12:36

Град Скопје изгради 18 пристапни рампи во 12 средни училишта во градот со цел создавање услови за вклучување на лицата со посебни потреби во воспитно образовниот процес.

Еден од главните приоритети на Град Скопје изминативе три години е да оствари социјална грижа на лицата со хендикеп, односно да го подобри квалитетот на нивното живеење и да им создаде услови за независен живот.
Со таа цел, Градот Скопје реализира Програми и активности кои овозможуваат олеснување на движењето и комуникацијата на лицата со посебни потреби во урбаната заедница, што подразбира нивна поголема мобилност, вклучување во општествените текови и можност за социјализација.

Градот Скопје веќе трета година по ред организира превоз со нископоден автобус за студентите и младинците со хендикеп од местото на живеење до факултетите во Скопје каде што студираат и до нивните домови, со што е направен значителен чекор во подобрување на квалитетот на живеењето на студентите и младинците со хендикеп.

Со цел олеснување на условите за остварување на секојдневните активности на лицата со посебни потреби, Градот Скопје изминативе години реализира Програма за повластено користење на јавниот градски превоз на подрачјето на Град Скопје, од страна на лица со специфични потреби. Корисници на легитимациите за повластен јавен автобуски превоз се лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со телесно оштетување, лица со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалиди на трудот, инвалидски пензионери и воени инвалиди организирани во соодветните здруженија на граѓани на подрачјето на Град Скопје.

Градот Скопје во текот на 2008 година даде финансиска поддршка на Дневниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост над 18 години – ПОРАКА, со цел обезбедување континуирано функционирање на Дневниот центар и социјализација и интеграција на лицата со умерени и тешки пречки во интелектуалниот развој во местото на живеење.

За реализирањето на овие проекти, од Буџетот на Град Скопје во 2008 година беа издвоени 24. 000. 000 денари. Пример за заедничка грижа за лицата со хендикеп, претставуваше финансиската поддршка на Програмите на Градот од страна на Министерството за образование и наука, Компанија ПЕТРОКОМ – ОИЛ и ДООЕЛ Дизајн Струмица.

 

     

www.skopje.gov.mk


Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 02-Dec-2008 at 14:22

 
Па не знам дали припаѓа тука, напротив вакви работи се и те како неопходни, стави се во нивна позиција човек комај не може да излезе од дома ако си со хендикеп во МК, уште потрагично е што и кај повеќето нови објекти не се внимава на ова. Браво за градот Cheers 
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 02-Dec-2008 at 14:34
na sekoj novo izgraden proekt treba da ima i pristap za invalidi t.e rampi a ne samo da gi stavaat samo po bolnicite sto kaj nas i tamo po nekoj ambulanti gi nema,kako sto gi pravat skalite odma i ova treba da se postavi,baska i na vreme ke ustedat polesno e rampa da se npravi otkolku skali.ama kaj nas ne se vodi smetka za tie raboti,mnogu retki se nekoj javni objekti sto imaat rampi za invalidi a i sekoja stanbena zgrada isto taka treba da ima,mesto da glasaat nekoj glupi zakoni mislam deka treba da se donese zakon kade sto ke mora vo sekoj objekt da se gradi i rampi da se postavuvaat bez toa da ne se dava pravo na gradba na toj objekt,zboram samo za stanbeni zgradi i javni objekti. 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 02-Dec-2008 at 14:47
Што се однесува до овие стандарди очигледно дека сите сме на иста линија. Факт е дека треба да се почитуваат, а мислам дека дури и е донесена законска регулатива само што не се почитува (се даваат одобренија за градба без изпочитувани стандардиво проектот, или па испочутувани ама на дело ги нема).

Вардар ти незнам како си ме сватил ама очигледно погрешно. Веста е тука ставена зашто не доликувава на градот да се фали со толку мал проект, 18 рампи, срамота е. Веста е тука исто како и сите вакви слични "скапи" проекти. Овакви вести треба да пројдат без ниту еднаш да се спомнат низ медиуми. Треба да се спроведат и да се ќути, а кај нас се дига џева околу секој коцка бекатон и секоја канта за ѓубре. Архиепископот го викаат за осветува тротоари. Мислам дека доволно ти ја разјаснив поентава на нишкава.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 02-Dec-2008 at 15:42
Originally posted by lslcrew


Вардар ти незнам како си ме сватил ама очигледно погрешно. Веста е тука ставена зашто не доликувава на градот да се фали со толку мал проект, 18 рампи, срамота е. Веста е тука исто како и сите вакви слични "скапи" проекти. Овакви вести треба да пројдат без ниту еднаш да се спомнат низ медиуми. Треба да се спроведат и да се ќути, а кај нас се дига џева околу секој коцка бекатон и секоја канта за ѓубре. Архиепископот го викаат за осветува тротоари. Мислам дека доволно ти ја разјаснив поентава на нишкава.
 
Целта на нишката ми е јасна но тебе очигледно не ти е јасна поентата од ваков проект,  воопшто не држи дека ваков проект не треба да се спомне, не е поентата дека политичар се фали со волку или онолку рампи туку за подигање на свеста околу ова значајно прашање. Политичарите претеруваат со фалење али во овој случај не се работи ниту за канта нит клупа па ниту една обична рампа туку за нешто многу поважно и посериозно и не припаѓа тука, тоа е сепак само мое мислење нема везе Smile
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 02-Dec-2008 at 16:25
Јес да е „грандиозен“ зафатов, но не сум против „фалењето“ затоа што е пожелно повеќе да ги спомнуваме ваквите работи ради будење на свеста + праќање прака дека општеството конечно почнува колку-толку да помислува на нашите сограѓани со посебни потреби.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 02-Dec-2008 at 18:37
Вардар и мене ми тотално јасна потреба од пристапните рампи, само што се осетив одповикан да одговорам на твоето "Па незнам дали припаѓа тука...."! Еве пак ќе кажам. Припаѓа тука веста, зашто 18 рампи не заслужуваат да се најдат на официјална страна на град скопје. Зашто ова треба да биде рутинска работа и да проаѓа најнормално без воопшто да се спомнува, исто како што секој ден се матат улици, како што секој ден се тресат контињери, како што секој ден се коси тревата од парковите, така треба и ова да биде, а не да се сервира у јавност како да е нешто којзнае што постигнато. Да не случајно беа 500 рампи па да се пофалат дека стварно нешто направиле. Толку години едвај три семафора што пискаат има низ градот.

НЕ САКАМ некој од градската администрација да ми се претставува како спасител поради тоа што си ги осполнува обврските што му се со закон обврзувачки. Ете затоа реагирам и затоа е ова во грандиозни. И секое слично малтерисдање ќоше што ќе се најде на официјална страна заслужува да биде токму тука, без разлика проектот за која социјална група е наменет.
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 03-Dec-2008 at 02:15
 
Да не случајно беа 500 рампи па да се пофалат дека стварно нешто направиле.
 
 
 
Или нејкеш или неможеш да ја сфатиш поентата од еден ваков проект, па да беа 500 ова за тебе немаше да биде грандиозен зафат??? Не се работи само за 18 рампи!!! Погледни го постот на Кловер.
 
 
 
 
Припаѓа тука веста, зашто 18 рампи не заслужуваат да се најдат на официјална страна на град скопје. Зашто ова треба да биде рутинска работа и да проаѓа најнормално без воопшто да се спомнува, исто како што секој ден се матат улици, како што секој ден се тресат контињери, како што секој ден се коси тревата од парковите, така треба и ова да биде, а не да се сервира у јавност како да е нешто којзнае што постигнато.
 
 

Па не се согласувам дека ова е исто ко косење трева но ако идеме по твоја логика тогаш пола форум ќе треба во оваа нишка да го ставиме, пошто нели менување сијалици (улични и за семафори) , ставање нов слој асфалт на стар пат, менување на стара сигнализација итн е ништо освен редовно сервисирање ...... 
 
 
 

НЕ САКАМ некој од градската администрација да ми се претставува како спасител поради тоа што си ги осполнува обврските што му се со закон обврзувачки. Ете затоа реагирам и затоа е ова во грандиозни. И секое слично малтерисдање ќоше што ќе се најде на официјална страна заслужува да биде токму тука, без разлика проектот за која социјална група е наменет.
 
 
 
Па пролистај малце низ форумов ќе видиш еден куп работи што припаѓаат тука, има голема разлика меѓу фалење и информирање (будење на свеста) на народот. И ја би сакал да некои работи да поминат без голема галама али за вакви работи треба што повеќе да се збори и не треба да се толкува само како фалење, без разлика на мотивацијата на надлежните.
 
 
 
Толку години едвај три семафора што пискаат има низ градот.
 
 
 
Да но тогаш и ова си требал тука да го ставиш а не во сигнализација....
 
 
Originally posted by lslcrew

На раскрсниците дваесет звучни сигнали за слепите

По повод Светскиот ден на слепите, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Градот му подари дваесет звучни сигнали. Тие ќе бидат поставени на фреквентните раскрсници, а за нивно одржување ќе се грижат градските власти. Со нив ќе се олесни интеграцијата на слепите лица и ќе се исполнат условите на Европската Унија за нивна безбедност.

Покрај оваа, Советот изминатиов период ја организира акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, а ја најави и „Поголема безбедност на пешаците и велосипедистите“, кои се една од најзагрозените категории на учесници во сообраќајот. Акцијата ќе се спроведува преку сообраќајно-воспитен и пропаганден материјал и организирани предавања за граѓаните.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=284546B391A2AB419B18B68D19504A8B

 
 
 
 

Ај очигледно различно го толкуваме овој проект и нема да се согласиме каде припаѓа, на крај краишта не мора за се да се согласиме не би бил интересен форумот  Thumbs%20Up 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 03-Dec-2008 at 07:48
Vardar Додека град скопје и сите други надлежни имаат читатели (во случајов ти) на нивните штури вести, се дотогаш нема да подобрат ништо во информирањето.

Јас веста комплетно ја сватив. Да за медиумски притисок и мотивација, не за дигање фама.

Не гледам причина повеќе да ја труеме нишкава со лични муабети.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 24-Jan-2009 at 18:02
Го уловив овој грандиозен зафат. Незнам од кога датира но се работи за нашљакан асфалт помеѓу железничкиот насип накај Кисела Вода и тамошната фавела или според зборовите на "инвеститорите" кои се дури три на број, Трим Патека, Спортско-рекреативен центар за лица со посебни потреби Crazy

Веројатно знаците за вулгарна самопромоција чинеле повеќе отколку целиот зафат.

1

2

Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 24-Jan-2009 at 18:31
ќути барем сеа е асфалтирано колку толку,порано беше козја патека,имаше игралиште тоа оддамна си постои ама кога ке заврне оди па стигни до негоBig%20smileиначе еднаш пишав за оваа трим патека ама незнам каде,иначе патекава е долга 3км и е од амбулантата кај што се вадат санитарни книшки до подвозњакот кај лисиче.и е напраена колку да ја има ни е истанпонирано пред да се асфалтира ни се тревите исцистени,онака само колку да ја има и да секазе дека нешто се напраили,уште првите денови израснаа треви од под неа и испука цело.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 24-Jan-2009 at 18:44
Кај идело магарето, зад него колчеле и „асвалтирале“ „трим“ „пешачка“ „...“ патека.
Добро мора да се признае ставени се и едно 5 корпи за отпадоци и со издигнати бетонски плочи покриени се шахтите.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 24-Jan-2009 at 18:51
Имаше поставено канти и клупи ама има толку паметни луѓе што ги искршија и кантите и клупите,кантите си ги земаа за по дома.
Back to Top
dimme.von.macedonia View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 30-Jun-2008
Location: Hrvatska
Online Status: Offline
Posts: 78
  Quote dimme.von.macedonia Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 23-Apr-2009 at 10:51
PreviousTRIM PATEKA???!!!! WTF??!! BashBashBashBash Pa ja ne vjerujem!! Lele, vo Hrvatska najgolemite sela imaat pokvalitetno uredeni trim pateki, ovoa da ti e strav da vlezes i odes po nea!! Pogledni grmushkite i neuredenosta na okolisot. mene iskreno strav bi me bilo da krenam po nea, kucista i kojznae kakvi vandali da ne me napdantat!

Eve den primer od niskouredena trim staza vo nekoe selo vo Gorski Kotar mislam:




E, toa e TRIM PATEKA! Smile






Edited by dimme.von.macedonia - 23-Apr-2009 at 10:52
The beauty comes from within.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 16-Oct-2009 at 22:21
Поставени столпчиња под стоковната Мост
Екипи на ЈП "Улици и патишта" деновиве поставија шест столпчиња на пешачката патека на левата страна на булеварот Гоце Делчев, во близина на стоковната куќа "Мост". Столпчињата се поставени по три на две локации на патеката со цел да се оневозможи паркирање на моторни возила и безбедно движење на велосипедистите и на пешаците. Поставените метални столпчиња се во висина од еден метар и пречник Ф 100 милиметри. Претходно, ваков вид столпчиња, вкупно 12, беа дополнително поставени на булеварот Гоце Делчев, на влезот на паркингот кај споменикот на Скендербег.


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B43009EA9021334B83400C9670A63A29
Back to Top
YuGa View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Sep-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote YuGa Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 15-Nov-2009 at 12:22
Извинете може малку офф топик меѓутоа нели е малку глупо името грандиозен зафат за проширување на улици и реновирање на фонтани, ако е така тогаш кој ке се викаат мизерни и мали проекти...

Грандиозен зафат е градење на мостови како оној огромниот кој ја поврзува обиколницата со Скопје или браната Којзак, а не некои ситници со кои други градоначалници не се ни фалат...

Извинете на офф топик ама сметам дека треба да се промени името на темата...Yes
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 15-Nov-2009 at 12:27
Back to Top
46&2 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 348
  Quote 46&2 Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 15-Nov-2009 at 20:59
Originally posted by YuGa

Извинете може малку офф топик меѓутоа нели е малку глупо името грандиозен зафат за проширување на улици и реновирање на фонтани, ако е така тогаш кој ке се викаат мизерни и мали проекти...

Грандиозен зафат е градење на мостови како оној огромниот кој ја поврзува обиколницата со Скопје или браната Којзак, а не некои ситници со кои други градоначалници не се ни фалат...

Извинете на офф топик ама сметам дека треба да се промени името на темата...Yes
Добар си е насловот само што треба да се стави под наводници, вака губи смисла Big%20smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 12-Jun-2010 at 02:54
СКРАТЕН ПЕШАЧКИОТ ОСТРОВ НА УЛИЦАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА

Заради поголема безбедност во сообраќајот и поблаго свртување налево, екипи на Градот Скопје го скратија пешачкиот остров на раскрсницата на булеварот Свети Климент Охридски со улицата Железничка. Со скратувањето на пешачкиот остров проширена е коловозната лента на улицата Железничка.

  

На терен работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“. Тие во изминативе денови ги пополнуваа и ударните дупки на булеварот Свети Климент Охридски во близина на Домот на печат при што е санирана површина од 200 квадратни метри. Обновени се и делови од тротоарот на површина од 26 квадратни метри.

http://www.skopje.gov.mk/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.