build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

„Грандиозни“ зафати

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 05-Nov-2010 at 12:44
Веста највеќе ја постирам поради двете слики од улицата Сава Ковачевиќ (Христо Татарчев). Оваа улица заедно со Вера Јоциќ се во едносмерен режим наизменично. Незнам дали може да примети во каква соостојба е улицата и ме чуди што ваква вест за овие закрпени неколку дупки заслужува воопшто да се објавува некаде. Оваа улица и Вера Јоциќ ако ве носи патот накај Кисела Вода избегнувајте ги. Тоа е како после бомбардирање. Кога ќе се направи Првомајска, долго време после тоа ќе се одложи од репертоар Кисела Вода, само незнам како ќе се издржи тоа со овие две улици. Мислам дека треба да станат приоритет на општината, особено што Сава Ковачевиќ е предвидена во профил од 4 ленти, а Расадник се гради и потребите ќе нараснат. Мора оваа улица да стане приротитет на општината, да се прошири (трасата е чиста) и да се воведе двосмерен сообраќај и да заврши веќе ова ипровизирање со сообраќаен режим и со крпење дупки. Незнам со што да споредам, еве ситуацијата е полоша него Ферид Бајрам пред реконструкцијата.
ПРОДОЛЖУВА САНИРАЊЕТО УДАРНИ ДУПКИ НА ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ    





Градот Скопје ја продолжува акцијата за санирање ударни дупки на градските улици. На сообраќајниците со оштетен асфалт изминатава недела е  извршено машинско гребење и е нанесен нов асфалтен слој.

Улиците Христо Татарчев, Глигор Прличев, Митрополит Теодосиј Гологанов, Октомвриска Револуција, 11.Октомври и Кеј Димитар Влахов, како и булеварите Александар Македонски, АСНОМ и Јане Сандански се сообраќајниците на коишто изминатава недела се пополнети ударните дупки и е нанесена асфалтна маса АБ-11 на површина од 550 квадратни метри.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ коишто работат на санација на оштетениот асфалт денеска ги пополнуваат ударните дупки на улицата Ацо Шопов.

Според програмата за санирање ударни дупки доколку дозволат временските услови, во наредните денови оштетениот асфалт ќе се санира на булеварот АСНОМ и на улицата Димо Хаџи Димов.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3756&mid=482&tabId=1&tabindex=0


Edited by lslcrew - 05-Nov-2010 at 12:45
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 05-Nov-2010 at 13:00
Вера Јоциќ е правецот кон Расадник?

Ако е таа, на една половина од трасата направија добра работа, не само крпење туку комплетно пресвлекување. Во секој случај и двете плачат за реконструкција темелна а раскрсницата со Народни херои ли се викаше (онаа што ги спојува Димо Хаџи Димов и Првомајска) е повторно недоволна и и треба проширување.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 05-Nov-2010 at 16:50
Да таа што јс преслекуваа поливина. Всушност првата половина се вика Иван Козаров, а втората половина е Вера Јоциќ. Имаше пред некоја година прекоп за канализација, сега се прават прекопи за парно, така да во скоро време мислам дека комплетните се-води ќе бидат готови и нема да им апотреби од понатамошни прекопувања или барем ќе бидат под тротоари. Сепак ова е улица второстепено значење, Сава Ковачевиќ е битната што треба да се прошири и реконструира од Првомајска до раскрсницата со Народни Херои со што ќе се врати двосмерен сообраќај и Вера Јоциќ ќе си остане маала улица. Во овој дел е најкритична, најпотребна и најискршена, а нема ни седумстоина метри преку сила на чиста траса. А проширувањето на раскрсницата беше некое импровизационо решение моментално само што чабе му е кога нема дополнително десно светло на семафор така и не намалило нешто значително гужва.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 05-Nov-2010 at 17:29
Раскрсницата инаку видов дека пак се прекопува (онаа со Народни херои)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 05-Nov-2010 at 18:13
Колку што знам низ Кисела Вода на една локација во непосредна близина и една малку подалеку на стотина метри се градат нови подземни коридори за парно. Па затоа може да е прекопано така нашироко. Не верувам дека е нешто поради сообраќајни режими.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 302
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 28-Nov-2010 at 13:51
ОБНОВЕНА ЧЕШМАТА ВО СТРИШАНИ

Неделата беше вистински празник за жителите на „Стришани“. По низа години, од средства на Локалната Самоуправа и КЈП „Водовод“ – Кочани, на свечен начин беше пуштена обновената „Стришанска чешма“ која до почетокот на осумдесеттите години живот значеше за жителите од овој дел на Кочани.

На церемонијата се собраа и постарите генерации и нивните наследници кои со доза на вистинско задоволство го прославија осветувањето на новата, стара чешма.
http://komarec.com.mk/poveke.php?id=5643






Edited by FT - 28-Nov-2010 at 13:52
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 02-Feb-2011 at 02:17
СЕ ГРАДАТ СКАЛИ ДО ПАРК-ШУМАТА ГАЗИ БАБА    





Екипите на Градот Скопје деновиве ги реконструираат бетонските скали што водат од раскрсницата на улицата Цветан Димов со булеварот Џон Кенеди до парк-шумата Гази Баба. Скалите се долги 205 метри.

Досега, теренот е расчистен од земјените наноси, трасата е обележана, извршен е рачен ископ на земја и е поставен нов слој дробен камен. Деновиве скалите се бетонираат. Реконструкцијата на скалите до парк-шумата Гази Баба, до колку се поволни временските услови, се очекува да заврши до крајот на овој месец.

Заради безбедност на минувачите по должината на скалите ќе се постави метална ограда, а за полесно движење на велосипедите ќе се изгради и рампа.

По налог на Градот Скопје, на терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, а изградбата на скалите ќе чини околу 3,2 милиона денари.
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3960&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 14-Dec-2011 at 14:47
ПОСТАВЕНИ ЗАШТИТНИ СТОЛПЧИЊА НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ

Заради зголемување на безбедноста на пешаците екипите на Градот Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ изминативе денови поставија заштитни столпчиња по должината на неколку сообраќајници.

Деновиве се поставени 40 столпчиња на булеварот Крсте Мисирков, кај Поликлиниката „Битпазар“.

На крстосницата на булеварот Партизански одреди со булеварот Свети Климент Охридски се монтирани 6 столпчиња, а на булеварот ВМРО - 25 заштитни столпчиња.

Акцијата за поставување заштитни столпчиња ќе продолжи и во наредните денови, за да се зголеми безбедноста на пешаците и да се спречи недозволеното паркирање возила на јавните површини.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4730&mid=482&tabId=1&tabindex=0

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 14-Dec-2011 at 15:26
АСФАЛТИРАНА ПРИСТАПНА ПАТЕКА ПРЕД ОУ „АЦО ШОПОВ“

Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ изминатиов период ја уредија пристапната патека до спортските игралишта во дворот на ОУ „Ацо Шопов“ и го асфалтираа платото пред тениското игралиште.

Патеката води од тротоарот на улицата Радишанска до двете спортски игралишта, долга е 261 метар, а широка 3,5 метри. Покриена е со гребен асфалт на површина од 914 квадратни метри.

За асфалтирање на платото пред тениското игралиште во дворот на училиштето се употребени 40 тони асфалт.

Градот Скопје за овој зафат потроши околу 500 000 денари.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4731&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1875
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 15-Dec-2011 at 10:35
Град Скопје и јавното претријатие Улици и патишта поставија над 40 столпчиња за заштита на пешаците на неколку локации низ градов.

Веќе се поставени столпчиња на булеварот Крсте Мисирков и кај поликлиниката Битпазар. Шест столпчиња има на Партизанска, а дури 25 на булеварот ВМРО.

Акцијата на поставување на овие столпчиња ќе продоложи и во текот на наредните денови.Браво за акцијата, ако сметаат дека неколку столпчиња можат да ја сменат целата шоферска (не)култура и дека ќе обезбедат поголема заштита на пешаците. А да поставеа камери на сите семафори, казни за не застанување на пешачки премин и радари за мерење на брзината со која се вози по градов? Нели сето тоа многу повеќе ќе ја зголеми безбедноста на пешаците или се лажам?

Ивана Јариќ


wow! 40. ako vaka prodolzime so ova tempo, so novi 40 metri trotoar sekoj mesec, do 3010ta ke imame konecno trotoari shirum celiot grad

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 16-Dec-2011 at 16:10
Скопје

Обележана патеката за туристичкиот воз

Патеката за туристичкиот воз во паркот на Фракнофонијата беше обележана изминатава недела од екипи на ЈП „Улици и патишта“

 Патеката се протега од камениот мост до паркот на Франкофонијата, обележана е со жолта боја и ознаки од воз, а покрај патеката се поставени вкупно 21 сообраќаен знак.

Претходно при изградбата на патеката беа поставени и тампон слој и бекатон плочки.За да биде комплетна хоризонталната сигнализација, ќе бидат обележани и пешачки премини со бела боја.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=1677
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 16-Dec-2011 at 16:14
Дали некој знае каде може да се најде ваква боја за асфалт? Дали се работи за обична мрсна боја или е специјална? Ми треба да си ги обележам паркинг местата во двор.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3300
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 16-Dec-2011 at 17:44

Najeftina za taa namena ti e akrilnata boja
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 285
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 19-Sep-2012 at 13:33
Nie kupuvavme ASFALTON boja za asfalt koja e gusta i treba da se razrduva, se razreduva vo zavisnost od farbanjeto dali se farba prv pat ili e farbano prethodno 
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 763
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 08-Nov-2017 at 16:16

капиталец, кој со пенали заради ипсилон причини, веројатно ќе не чини утре и 400 м.е. ако не и повеќе ... него да не експериментираат и тука со асфалтот, на Гранит ли е асфалтната база!? камо да добиевме и ние ко хрватите слична писта ...

14.02.2017 - Изградбата на автопатот Кичево – Охрид, се уште во рана фаза

Изградба на нов автопат Кичево – Охрид, 57 км, вредност 375 милиони евра (ДУИ во 2011, 2014, 2016/Рок за изградба: 2018 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Изградбата на автопатот Кичево – Охрид (57 км), покрај ВМРО-ДПМНЕ, го ветуваше и нејзиниот коалиционен партнер во власта, партијата ДУИ, веќе трет пат во последните пет години (2011-2016). Овој проект беше ветен во три изборни циклуси, и тоа за предвремените парламентарни избори во 2011 година, за парламентарните избори во 2014 година и сега, за изборите кои што се одржаа на 11 декември 2016 година. Како последен рок за завршување на сите градежни работи околу изградбата на овој автопат беше дадена 2018 година, меѓутоа, досега, ова ветување e делумно исполнето.

Работите за изградбата на авотпатот Кичево – Охрид започнале на 22.02.2014 година.

Меѓутоа, работите не се одвиваа со потребниот интензитет. До 2016 година, беа завршени само 35% од планираните работитe. (Извор: Флака, 20.06.2016)

И на крај проектот беше повторно ветен во текот на последните парламентарни избори на 11 декември 2016 година.

Повторното ветување на исти проекти години по ред од страна на владеачките гарнитури не престанува. Проектот иако започна во 2014 година, никако да фати добар ритам. Според методологијата на Вистиномер, можеме да оцениме дека проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид е повторен неколку пати, и затоа ова ветување до сега го сметаме за делумно исполнето.

http://vistinomer.mk/izgradbata-na-avtopatot-kichevo-ohrid-se-ushte-vo-rana-faza/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.