build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

„Грандиозни“ зафати

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 4>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: „Грандиозни“ зафати
    Posted: 17-Sep-2007 at 19:33
Градоначалникот и покрај сите напади и опструкции, тивко но сигурно си ги остварува ветувањата. После ова најверојатно ќе се фати во костец со проширување на влезот во паркингот карши саем. Само напред!

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=1290&mid=24&tabId=1&tabindex=0





ПРОШИРЕН СООБРАЌАЈНИОТ ПРИСТАП КАЈ ГРАДСКА БОЛНИЦА


Град Скопје, како што вети Градоначалникот Трифун Костовски, привршува со проширувањето на сообраќајниот пристап кај Градска болница, со што ќе се реши проблемот со метежот кој се создава на овој простор, и со тоа ќе се обезбеди непречен пристап на болничките возила.
 
Проширен е делот од пристапната сообраќајница, од страна на источната фасада, за 1,5 метри, со што наместо досегашните две ленти за влез на паркингот и во Градската болница,  се добиваат три ленти.
 
Една лента води кон Градската болница, додека другите две ленти служат за излез и влез на паркингот. Лентата за влезот во Болницата е  физички одделена од другите две ленти со поставување на многу високи рабници.
 
Во моментов привршуваат градежните работи на сообраќајницата и поставувањето на новата сигнализација, со што Град Скопје ги завршува своите работи и останува, согласно со договорот, Градска Болница да постави рампа, со цел да се обезбеди поголема ефикасност во користењето на новоизведениот пристап. Рампата, според мислењето на сообраќајните експерти од Град Скопје, треба да се постави на почетокот од пристапната улица и дигитално да се управува.




Edited by pbanks - 20-Nov-2007 at 00:07
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 17-Sep-2007 at 19:50
Сега размислив и ми текна дека стварно ова е можеби најголемиот зафат кој го почнал и завршил Трифун Костовски. Добро сега не е баш завршен, ама ете привршувале луѓето. Кога на ваков комплициран и голем зафат веќе му се гледа крајот, не би сакал да ситничам околу тоа. Еве и овие од skopje.gov сметаат дека „привршувањето“ на вакви работи е доволно за да објават вест околу тоа. Што ли ќе изнапишат кога навистина завршат???

Dead


Е Господине градоначалник.... Да работеше како што треба, вакви вести воопшто немаше да стигнат да бидат објавени на насловната страна на официјалниот сајт на град Скопје.

Ај ќе те издржиме уште нешто повеќе од година. Само ти спиј и не работи ништо - подобро е така. Затоа што кога ќе се зафатиш со нешто, најчесто правиш штета. Да се надеваме дека во не многу далечна иднина некој многу поспособен градоначалник ќе ти ја урне и онаа неартикулирана клучка Континентал за таму да се направи долгорочно обмислено сообраќајно решение.
А што ни готвиш со трамвајот, страв ми е и да помислам Angry


Edited by Cloverstack - 17-Sep-2007 at 19:56
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 28-Sep-2007 at 20:57
Проектов очигледно продолжува го добива „заслуженото“ внимание од страна на медиумите:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9AC1BF5FBC94074783534ABFF8D6F484

Влезот во Градска болница со три ленти


Градот Скопје деновиве ќе ги заврши градежните зафати за проширување на сообраќајниот пристап кај Градската болница, со што ќе се реши проблемот со метежот што се создава на овој простор и ќе се обезбеди полесен пристап на болничките возила. Според проектот, се проширува делот од пристапната сообраќајница, од страна ГТЦ за 1,5 метри, со што наместо досегашните две ленти за влез на паркингот и во Градската болница, се добиваат три ленти. Една лента води кон Градската болница, додека другите две ленти служат за излез и влез на паркингот. Лентата за влезот во болницата ќе биде физички одделена од другите две ленти со поставување многу високи рабници. По завршување на градежните работи, ќе биде поставена и нова сигнализација, а Градска болница треба да постави рампа во почетокот на улицата со дигитално управување. (С.Н.)



Dead Dead Dead



Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 29-Sep-2007 at 13:06
Zoshto Dead ??
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 29-Sep-2007 at 15:01
Zatoa sto sekoj vtor den se pisuva za pola kilo asfalt sto go turile tamu.

Proektot e totalno marginalen, ama nie dobivame breaking news sekogas koga ke postavat uste eden rabnik...

Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 30-Sep-2007 at 01:56
Aa ok i seeSmile
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 03-Oct-2007 at 11:11
Се пробива нова улица кај "Рамстор"

Градските власти почнаа со градежните работи за изградба на нова сообраќајница помеѓу трговскиот центар "Рамстор" и Музеј на Град Скопје. Во моментов екипите од ЈП "Улици и патишта" ги изведуваат земјените работи, по што ќе следи тампонирањето и асфалтирањето на улицата.
Со пробивањето на оваа улица, според надлежните од Градот, ќе се намали сообраќајниот хаос што се создава на Мити Хаџивасилев - Јасмин , а ќе се обезбеди и уште една врска на оваа улица со Јужен булевар.
Новата сообраќајница ќе биде долга 80 метри, а широка 5,5 метри. Покрај двете коловозни ленти, од двете страни на улицата ќе бидат изградени тротоари со широчина од 1,5 метар.
Новата улица треба комплетно да биде изградена и пуштена за сообраќај до крајот на октомври. Од Градот велат дека таа е само привремено решение додека не се изгради планираната нова улица кај Цветен пазар која, исто како и сообраќајницата што сега се гради, треба да ги поврзе Мито Хаџивасилев - Јасмин и Јужен булевар.




Edited by pbanks - 03-Oct-2007 at 18:22
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 03-Oct-2007 at 19:18
Уште еден грандиозен проект Confused

Најтрагично е што за оваа уличка слушам веќе неколку години. Ако за нешто вакво треба толку време да помине, тогаш... Подобро да не коментирам за друго.

Уште посмешно е тоа што ова било привремено решение (додека не го изграделе другото привремено решение - уличката кај цветен пазар)

Со вакво темпо, Јужен Булевар како што е планиран по ГУП ваљда ќе почнат да го градат во 2148 (пред тоагашните избори)
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 04-Oct-2007 at 00:40
Znachi ne e potrebna ovaa ulica??
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 04-Oct-2007 at 00:59
Ако се направи едносмерно вклучување/исклучување на  Јужен Булевар тогаш не е потребна. Ако се направи двосмерно, тогаш ќе создадат други проблеми.

Ама поентата ми беше дека улица долга нецели 80м (како капак и претесна со своите 5,5м ширина) е еден толку минорен проект, а тие сепак се чукаат во гради со нешто толку беначајно. Кога на тоа ќе се додаде фактот дека веќе неколку години ја најавуваа, не знам веќе што да речам. Ама сепак мизеријата продолжува - сиот овој циркус за нешто што и самите признаваат дека е привремено решение


Edited by Cloverstack - 04-Oct-2007 at 01:00
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 04-Oct-2007 at 01:07
Se sekjavam na toj del kaj ramstor, mi se chini deka tesno ke bide i kako sto rece minoren proekt...ama ako ke bide 5 metra shiroka. Jas neznam sto da recam poshto ne gi znam ovie ulici i sto e dobro i sto ne e:p ama ke se soglasam so tebe;)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8804
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 15-Oct-2007 at 22:17

еве уште еден грандиозен а и приоритетен проект Bash

 

На булеварот "Александар Македонски"


Се лие џиновска жардиниера


На булеварот "Александар Македонски" кон населбата Маџари ќе се постави жардиниера, која ќе се протега во должина од околу 800 метри. Елементите на џиновската саксија во моментов се изработуваат во фабриката Карпош. Активностите за доизградба се спроведуваат по налог на Град Скопје од каде информираат дека елементите ќе бидат готови за десетина дена.

- Елементите ќе бидат поставени во продолжение на постоечката жардиниера на средишниот дел од булеварот. Екипите на ЈП "Паркови и зеленило", кои се задолжени за извршување на хортикултурните активности, ќе ја облагородат со зеленило и цветни насади, а потоа ќе постават систем за полевање капка по капка, информираат надлежните од Градот.

(Е.А.)

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 03-Nov-2007 at 01:24
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A6D3F4A9BE3E5145A051D636688FAF02ш/


Од денеска во функција новата улица кај „Рамстор“

Денеска ќе биде ппредадена во употреба новата улица меѓу ТЦ „Рамстор“ и Музејот на Скопје. Улицата ќе биде единствената официјална привремена сообраќајна врска меѓу улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и Јужниот булевар. Со пробивањето на ова решение, возачите нема повеќе да ја користат уличката кој минува зад „Рамстор“ и се приклучува на „М.Х.Јасмин“, бидејќи таа ќе биде затворена за сообраќај. Со ова, сметаат во Градот Скопје, ќе се намали сообраќајниот метеж што се создаваше при приклучување на возилата од едната на другата фреквентна сообраќајница. Новата улица е долга околу 50 метри, а широка 5,5 метри и има две коловозни ленти. (С.Н.)


Супееееер! Crazy

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8804
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 20-Nov-2007 at 00:11
Каква калакурница со ингеренциите. Зар не е оваа улица под Општина Центар?! Незнам како ја смислија оваа глупост со посебни градоначалници со милион општини во Скопје. А сега е веќе касно барем во догледно време да се интервенира во територијалната организација на Скопје поради меѓуетнички причини. Но нема везе тоа е веќе офтопик во оваа нишка.

Во секој случај добро што им текна да го направат овој грандиозен зафат бидејќи ќе беше жално коловозот да остане таков за никаде а се околу реновирано.


Државата го притисна Градот да го санира коловозот на улица „Македонија“

Коловозот мора да биде дотеран најдоцна до крајот на неделава

Градските власти минатиот викенд се зафатија со прередување на коцката на третата делница од улицата „Македонија“. Неофицијално дознаваме дека интервенцијата се должи на барањето на одредени државни институции кои веќе не можеле да поднесат службените возила да им минуваат низ „кратерите“ на улицата. Наедно, функционерите се срамеле пред гостите од странските делегации кои за да стасаат до Собранието, неретко ја користат и оваа сообраќајница преполна со дупки и оштетувања.

За да ја ублажат очајната состојба на улицата, која во изминатите месеци кога Општина Центар вршеше неколку градежни активности стана една од најруинираните, градските власти почнаа да ја отстрануваат уништената коцка, која потоа ја исфрлаат. Неоштетената коцка, пак, ја прередуваат, а за пополнување на дупките користат од резервите што останаа од коцката што беше извадена од плоштадот и од улицата „Македонија“.

Градот добил ултиматум да ја поправи улицата најдоцна до петок.

Од Општина Центар не се вклучени во оваа активност, бидејќи, како што велат, сообраќајницата е под надлежност на Градот. Во Центар вчера дури и не беа информирани што се работи таму, ниту дека работат градските власти, иако практично станува збор за општинско подрачје и улица на која сите досегашни интервенции, и на поплочување на пешачките делови и на тротоарите на третиот дел, ги правеше токму Општина Центар. Во тој период, токму од градежните машини настанаа и најголемите оштетувања на коловозот. (Дс.Т.)



Извор: Утрински весник
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8804
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 18-Feb-2008 at 15:54
во недостиг на квалитетни информации денвоиве еве да го постирам ова

Запазете го моментот дека ова ќе се изведува во 5 фази Crazy

Надвозникот „Дијамант“ ќе добие нова ограда

Ќе се менува старата метална ограда на надвозникот „Дијамант“, во населбата Автокоманда, информираат градските власти. Активноста ќе ја спроведат екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“.

- Оградата ќе биде заменета со нова, бидејќи старата е во многу лоша состојба. Менувањето ќе се одвива во пет фази и ќе трае неколку дена - информираат од Градот.Поради градежните зафати, на надвозникот ќе биде воведен посебен привремен режим на сообраќајот. Возачите за тоа ќе бидат навремено информирани со соодветна сообраќајна сигнализација.Градските власти апелираат до граѓаните да возат во согласност со новиот режим и да ја приспособат брзината кон условите на патот.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1B73D51512C1444AB08EA40F91E27C78

Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 19-Feb-2008 at 19:31
 LOLLOLLOLLOLLOLLOLLOL
Оф море мајко, ако им требаат неколку дена и неколку фази да сменат ограда, незнам што ќе им треба за да сменат сијалички на семафори? Сигурно би се одвивало тоа у едно три-четрнаесет фази кои ќе ги планираат тројца проект-менаџери.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8804
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Feb-2008 at 23:12
последниот крик на технологијата стигна и во Македонија Crazy

ЗА ПРВПАТ ВО КИСЕЛА ВОДА И ВО МАКЕДОНИЈА


Пешачките премини со светлосни сензори


На три пешачки премини на улицата Првомајска во Општина Кисела Вода, каде што нема семафори, поставени се светлечки тела кои ќе се палат на сензор, а ќе служат како предупредување за возачите да ја намалат брзината. Светлосните уреди, кои според надлежните, се први од ваков вид поставени во Македонија, се вградени во коловозот, но светилки се поставени и на метален столб над знакот за пешачки премин.

- Овие светлосни тела реагират на сензор доколку пешаците тргнат да ја преминуваат улицата. Се работи за пилот-проект кој се реализира со донација од Републичкиот сојуз за безбедност во сообраќајот, наменета за Град Скопје. Инаку, ваквиот уред се поставува од причина што според показателите што ги имаат надлежните институции, токму на оваа сообраќајница се случуваат најголем број на сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаците. Останува уште светлосните уреди да се поврзат на електрична мрежа и тие ќе бидат пуштени во функција, објаснуваат од Општината. Оттаму велат дека проектот е инициран од Општина Кисела Вода, а светлосните уреди ги поставува јавното градско претпријатие "Улици и патишта".

(Д.Т.)


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=04D269CFBD845C42A70F8FA129C0365C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 26-Feb-2008 at 23:15
Ако сакате утре ќе ви ги сликам од сите страни знациве. Под тераса ми се од прозор ги гледам. Исто како на наплатна кога идеш, таман три по ред.

Edited by lslcrew - 26-Feb-2008 at 23:16
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8804
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 26-Feb-2008 at 23:19
Сликај бе друже, што повеќе слики имаме тоа подобро. И јас ваљда викендов ќе направам една тура. Објектот на Скопски Пазар во Ѓорче на пример е обложен со профили, можда веќе и почнале да го застаклуваат. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11846
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 26-Feb-2008 at 23:26
Еве иако со задоцнување, да го ставиме и сферното огледало на општина Гази Баба, за кое се дигна огромна прашина дури и во електронските медиуми Crazy

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=28DFBBA9E1278944944D20ACAEF92146


НА ПАТОТ ЦРЕШЕВО-ВИНИЧЕ


Сферно огледало за поголема безбедност


На локалниот пат од населеното место Црешево кон Виниче, Општина Гази Баба, деновиве е поставено сферно огледало заради непрегледност и повеќе сообраќајни незгоди кои тука речиси секојдневно се случуваат. Од Општината објаснуваат дека огледалото се наоѓа на излезот од населеното место Црешево кон Винице.

- Овој пат секојдневно го користат повеќе од 1000 жители. И во иднина се планираат да бидат поставени сферни огледала на сите критични точки на територијата на Гази Баба, со оглед дека зголемуванјето на безбедноста на локалните патишта е еден од приоритетите на општината, велат надлежните од Гази Баба.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 4>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.