Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#101 Posted: 12-Apr-2008 at 08:32 |
Добро бе мајкуму стара! Па може ли еден објект да остане у градов, а да не се доградува. Абе тоа ние е национална маана. Мора ли сега да се доградува оваа, може да се подигне нов објект до постојната библиотеке. Пак ќе се добие исти простор, за исти пари.
|
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#102 Posted: 12-Apr-2008 at 01:29 |
Почна изградбата на првата дигитална библиотека
Вчера напладне беше поставен камен-темелник на доградбата на НУБ
Новата дигитална библиотека ќе биде наменета за обработка, заштита,
чување, користење и презентација на книжните и друг вид специјални
фондови кои претставуваат национално културно наследство, како дел од
Европската дигитална библиотека. Библиотеката ќе се протега на површина
од 2.300 метри квадратни и ќе претставува продолжение на постојниот
објект, на потегот кон Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Судската
палата.
Камен-темелникот го положи директорот на библиотеката
Миле Бошески, кој во својата поздраван беседа меѓу другото истакна: „
Нема посоодветна порака кон светот од изградбата на духовен храм,
порака преку која еден народ може да ги етаблира сопствените
цивилизациски и хумани вредности. Преку изградбата на објекти со
длабоко хумани содржини намери и цели. Само се надградува богатата
македонска духовна и културна историја и се трасираат врвици за идните
поколенија кон европското семејство на народи, културни идентитети и
стручно научни вредности.“
Иако беше најавено дека
камен-темелникот ќе го постави премиерот Никола Груевски, тој не
присуствуваше на свеченоста. Од името на Владата на Република
Македонија пред присутните се обрати Елизабета Канчевска-Милевска,
државен секретар во министерството за култура, а темелите ги освети
Архиепископот г.г. Стефан. (Н.П.) Utrinski
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
|
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#103 Posted: 07-Apr-2008 at 23:07 |
Одлично за библиотеката. Внатре во биб. не сум бил ама однадвор изгледа доста напуштено, нечувано. Се надевам што поскоро ќе се подноват со нов објект.
Edited by pbanks - 26-Apr-2008 at 17:35
|
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#104 Posted: 07-Apr-2008 at 11:29 |
СО ПРОМЕНА НА ДЕТАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
По 60 години, ќе се реновира Универзитетска библиотека
Роза Петкова
До
Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ ќе се гради нов
комплекс. Градежните работи ќе почнат неделава, најавуваат од
Министерството за култура. Со усвојување на Деталниот урбанистички план
за локалитетот „Пресвета Богородица“, за првпат од постоењето на
библиотеката таа ќе се доградува и ќе се реновира. Со планот е
предвидено новиот дел да биде споен до старата зграда, а ќе има ниско и
високо приземје наменети за канцеларии, читалници и за депоа за книги.
Од Министерството за култура информираат дека се е подготвено за
почеток на градежните работи. - Сите потребни процедури се веќе
завршени. Идејниот и главниот проект се изработени. На тендер, за
изведувач на проектот е избрана градежната фирма „Бетон“ од Скопје.
Добивме градежна дозвола и сме подготвени да почнеме со реализацији на
проектот - вели Елизабета Канческа - Милевска, државен секретар во
Министерството за култура. Според ДУП „ Пресвета Богородица“ објектот
ќе се гради долж булеварот Крсте Мисирков, со максимална висина до 17,5
метри. - Новиот објект, кој е доградба на постојниот ќе се протега на
3.000 квадратни метри површина. Рокот за изведба е седум месеци, а ќе
чини 86 милиони денари - потврдија одговорните од „Бетон“. Во
согласност со планот беше предвидено новата градба да содржи и подземни
гаражи за вработените, но од фирмата што е изведувач велат дека тие не
се планирани со проектот. Инаку, народната и универзитетска библиотека
е формирана во ноември, 1944 година, во објектот на предвоениот
Филозофски факултет во Скопје. Таа го наследила просторот на
Централната библиотека и таму ја почнала својата работа, со 50 места за
чиѕатели и со дванаесет вработени. Осум години подоцна, кога Филозофски
факултет бил преселен од зградата во која го делел просторот со
библиотеката, таа е проширена и адаптирана. Со тоа добива и подобри
услови за работа. |
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1364&ArticleID=88442
|
|