build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Храм Собор на сите македонски светители - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Храм Собор на сите македонски светители - Битола
    Posted: 10-Mar-2008 at 23:17
ако јас незнам, не очекувам не-битолчаните да знајте, ама сепак да прашам: ви текнува дека владата донираше 650.000 пред 4-5 месеци за довршвање на црквата (планирана најголема/највисока на балканот) чија изградба почна пред... добри 15 години, и не ги премина темелите. незнам кој од вас бил битола, и уште помалку кој ги видел темелите, арно ама изгледа ужасно грдо местото пошто е огромна парцелата наменета за изградба, а 650.000 евра за најголема црква на балканот? како и да е, не навлегвам во побудите на владата за донацијата, туку дали има надеж да свршат некаква работа 650.000 евра за доизградба (мислам за рушење најпаметна употреба би била, али ајде), и... кај се парите? (најчестото неодговорено прашање во македонија). на интернет нема ништо освен веста дека ќе бидат даени пари.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Mar-2008 at 23:29


имам читано за ова во весниците, но и мене сознанијата тука ми завршуваат. Најголема на балканот е некое наше претерување или? Не за друго ама стварно има големи конкуренти кои треба да се победат ако мегаломанијата е главен критериум.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Mar-2008 at 00:07
Нема теоретска шанса да биде поголема од Св. Сава, која е најголемиот православен храм во светот. Ако е најголема црква на Балканот, тогаш е и најголема православна црква во светот, а секако тоа е невозможно овде.  Можеби е највисока, ама тоа би изгледало па многу нескладно.

А Гитардемон, ај ако можеш да пратиш од Google Earth координати да видиме што е тоа чудо, прв пат слушам
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 11-Mar-2008 at 00:25
Добро бе, а русите немаат нешто поголемо од србите?!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 11-Mar-2008 at 00:45
Previous Епа со оглед на тоа што секој може да ја менува, Википедија не е баш најкредибилниот извор на информации, ама ова не може да е многу далеку од вистината. Црквава навистина е монументална, се гледа по сликите.


Cathedral of Saint Sava

From Wikipedia, the free encyclopedia

  (Redirected from Temple of Saint Sava)



The Cathedral of Saint Sava (Serbian: Храм светог Саве or Hram svetog Save) in Belgrade, Serbia is the largest Orthodox church currently in use.[citation needed] The church is dedicated to Saint Sava, founder of the Serbian Orthodox Church and an important figure in medieval Serbia. It is built on the Vračar plateau, on the location where his remains are thought to have been burned in 1595 by the Ottoman Empire's Sinan Pasha. From its location, it dominates Belgrade's cityscape, and is perhaps the most monumental building in the city. The building of the church structure is being financed exclusively by donations. The parish home is nearby, as will be the planned patriarchal building.



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 11-Mar-2008 at 11:11
41° 01' 33,99''
21° 18' 51,31''

на запад/лево е веро (значи голем супермаркет), исток/десно техничкото училиште (најголемо во битола)... незнам колку држи вода дека најголема на балканот ќе биди, ама знам дека за то се планираше, и зато стигна до донации од врата на врата работата и не ги помина темелите.

ко сме кај русите:

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81_%D0%A5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%81_%D0%A1%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%82_%28%D0%9C%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B2%D0%B0%29

највисоката прав. црква на светот - сум бил таму и е на 3-4 нивоа, приземје и подземни 2-3 ако не и појќе (руска работа). многу е интересна внатре, таман ко за нашите верници фанатици
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 12-Mar-2008 at 12:46
е вервале или црквата се гради со полна пареа (значи парите стигнале). денес (денот на дрвцето ) бев на садење и на тура низ градот и сликав и од шеталиштето слики вреди да се качат и на форумот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 12-Mar-2008 at 15:08
Originally posted by гитардемон

е вервале или црквата се гради со полна пареа (значи парите стигнале). денес (денот на дрвцето ) бев на садење и на тура низ градот и сликав и од шеталиштето слики вреди да се качат и на форумот.


Супер чекаме слики . Слободно отвори си нишка за Битола во Фото секцијата. Thumbs%20UpCheersА ако имаш слики од градилишта (на пример од црквата) се знае каде
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 12-Mar-2008 at 16:06
Гитардемон, ајде што направи!!!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 12-Mar-2008 at 18:27
е сега качени се видете то е најново шо иаме ако не ви се бендисат не сум јас крив

Edited by гитардемон - 12-Mar-2008 at 18:28
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Apr-2008 at 17:12


Ќе треба уште една деценија за завршување на битолскиот храм

Храмот „Собор на сите македонски светители“ ќе биде долг над 80 и широк над 50 метри

БИТОЛА - Битолскиот соборен храм „Собор на сите македонски светители“ кој треба да биде најголемото македонско светилиште на Балканот и по цели 15 години од почетокот на градбата и поставувањето на темелите се' уште срамежливо наѕира над земјата на огромниот градежен плац пред хотелот „Битола“. За да се поттикне изградбата на раскошното архитектонско решение, годинава првпат се ангажира и државата. Владата издвои 150.000 евра од буџетот за интервенции во градежните работи. „Ова е првпат државата да даде пари за црквата. Средствата стасаа во Битола и Црковниот одбор ќе има увид во трошењето на парите издвоени од буџетот“, рече митрополитот Петар.

Изградбата на храмот не се одвива според определената динамика. По долгогодишниот застој, епархијата минатата година едвај успеа да ја постави првата плоча. Сега единствената надеж да се охрабрат верниците и донаторите е да се осветат двете помали цркви на истата локација: „Свети Апостол Павле“ сместена под олтарот на соборниот храм и црквата „Св. Атанасиј Велики“, која минатата година по желба на ктиторот Драган Герзовски, бизнисмен од Битола, почна да се гради во дворот на големата црква.

„Црквата ’Собор на сите македонски светители’ е огромен проект за кој не можеме да се надеваме дека бргу ќе може да биде изграден. Најверојатно ќе треба уште една деценија ангажман додека не се заврши тоа импозантно здание. Но, мислиме ако се осветат двете помали цркви одделно, тогаш можеме да сметаме на редовни приходи од верниците во црковната каса што може да ја потпомогне градбата“, вели владиката Петар.

Изградбата на најголемата црква на овие простори запре 1997 само две години од почетокот на градежните работи во годината кога пропадна пирамидалната штедилница ТАТ. И додека православните битолски верници состојбите ги поврзуваа со гласиштата дека во ТАТ пропадна позначителна сума црковни пари, владиката Петар тврдеше дека стопирањето навистина е поврзано со ТАТ, но од сосема друг аспект. Своевремено бил направен начелен договор меѓу црквата и битолските фирми и бизнисмени да донираат сите по 500.000 денари за изградба на храмот. Меѓутоа, финансиската афера ја разнишала нивната економска моќ така што речиси сите големи газди без двоумење се откажале од ветувањето и ја запоставиле идејата да се подигне црквата. „Имавме застој зашто не можевме да ги намириме обврските спрема ГП ’Пелистер‘ од Битола. Сега тоа се разреши и продолжуваме понатаму. Сметаме дека кога ќе излеземе од првата плоча нагоре ќе има и поголем одѕив од донаторите, а со тоа и прилив на средства“, смета владиката Петар.

Проектот за раскошниот верски објект е дело на битолскиот архитект Јорго Константинов. Тој треба да биде со грандиозни димензии - должина над 80 метри и ширина над 50 метри. Само еден столб има пречник од 5 метри. Ќе ја носи највисоката купола на Балканот. Според нацртите, градбата треба да биде поголема и од белградскиот храм „Св. Сава“ и од софискиот Соборен храм „Св. Александар Невски“. Идејата е овој соборен храм да ја врати симболиката на Битола кога градот под Пелистер бил нарекуван Монастири со над 60 цркви и манастири.

Сепак, за да заземат работите сериозен тек, според овдешната епархија, потребни се најмалку 1,5 милиони евра. Битолчани како и другите православни христијани-верници, кои во годините наназад оставаат скромен прилог врз иконите на малите параклиси во дворот на храмот, се сомневаат дека со нивните пари, иако, како што велат, се подарени од срце, ќе бидат доволни соборниот храм да го огрее сонце. „Работите треба најсериозно да се насочат. Богатите бизнисмени да го одврзат кесето и истовремено да се поттикнат нашите по белиот свет да вложат во оваа македонска црква, затоа што на оној свет сите сме еднакви. Тука треба да покажеме кој колку може, колку ја сака верата и татковината“, вели Ѓорѓи Ѓорѓиевски, битолски верник. (Б.Т.)


преземено од: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4D90A12D1474254C903A6310E562927B

Edited by Cloverstack - 02-Nov-2008 at 20:59
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Apr-2008 at 17:16

миа ВЧЕРА

Македонија/миа МКД: Продолжува изградбата на спомен храмот „Собор на сите македонски светители“ во Битола

Битола, 25 април (МИА) - Во Битола на ексклузивна локација продолжува изградбата на Спомен Храмот „Собор на сите Македонски светители“.

- По пауза од десеттина години која меѓудругото беше предизвикана од нерешените имотно-правни односи во однос на земјиштето каде се гради црквата, продолжува градбата на Спомен Храмот „Собор на сите Македонски светители“ во Битола, потврди митрополитот на преспанско-пелагонискта епархија г. Петар.

Спомен Храмот „Собор на сите Македонски светители“ ќе биде најголем во Македонија и со исти или слични димензии со храмот „Свети Сава“ во Белград или Спомен Храмот на „Свети Александар Невски“ во Софија.

- Продолжувањето на градбата го овозможи Владата на Република Македонија која додели 150.000 евра, а имаме и дополнителен прилив на средства. Во моментов завршува градбата на црквата посветена на светиот апостол Павле кој го проповедал евенгелието на нашите македонски простори, а ќе се продолжи со олтарската апсида и столбовите се до карабина на Спомен Храмот „Собор на сите Македонски светители“ во Битола, предочи митрополитот г. Петар. мт/рп/15:08


преземено од: http://www.mia.com.mk/portal/page?_pageid=113,160569&_dad=portal&_schema=PORTAL&prikaz=24&VestID=43423348&cat=6
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 28-Apr-2008 at 17:17

СО ПАРИ ОД ВЛАДАТА


Изградба на најголема црква на Балканот


Македонската влада ни додели 650.000 евра, со кои ќе ја продолжиме изградбата на најголемата црква на Балканот "Собор на македонските светители", во Битола, рече на вчерашната традиционална Божикна средба со претставниците на медиумите, митрополитот на Преспанско-
Пелагониската епархија г. Петар.

Изградбата на црквата е започната пред 15 години и досега е во фаза на прва плоча. Во нејзиниот склоп се градат и двете помали цркви Св. Апостол Павле и Св. Атанасиј Велики.

(П.С.)


преземено од: http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1EAF0B05FD86E14AA1811D8B0582510A


Edited by гитардемон - 28-Apr-2008 at 17:18
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 28-Apr-2008 at 17:20
Бизнисмен гради црква во Нова Битола

Вчера во битолската населба Нова Битола, непосредно до црквата во изградба "Собор на сите македонски светители", започна изградбата на нова помала црква. Црквата ќе биде посветена на св. Атанасиј Велики, а целокупната изградбата се планира да биде завршена за една година. Ктитор на црквата е битолскиот бизнисмен Драган Герзовски, кој ќе ја финансира изградбата со сопствени средства.
Камен-темелникот за изградбата на оваа црква го освети митрополитот преспанско-пелагониски господин Петар.
М.П.

преземено од: http://www.vest.com.mk/default.asp?id=140178&idg=7&idb=2158&rubrika=Makedonija

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4418
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Apr-2008 at 17:31
штета што не можев да видам датуми на овие постови во весниците... како и да е, ќе се кандисам некој од овие дена и ќе одам да сликам, се градело ете... е сега дали е то малото црквиче за коешо станва збор во последниот пост, или се трошат 650.000 евра од владата, незнам, ама ќе сликам и ќе евидентираме

п.с. мислам дека има доволно постови за да има своја нишка ова, па не се лутите шо напрајв нова нишка
п.п.с. мораше насловот на латиница за да го собери цел, таман и ако пребарва некој на гугл од дијаспората да го најди. инаку не береше ништо со кириличните знаци.


Edited by гитардемон - 28-Apr-2008 at 17:35
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 28-Apr-2008 at 18:53
Абе цело време слушам "најголем", а овј е 50х80, а Св. Сава во Белград е 80х80. Ваљда да не биде нешто у висина?!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 28-Apr-2008 at 19:01
http://maps.google.com/maps?f=q&hl=en&geocode=&q=bitola&sll=41.221019,21.437073&sspn=0.724093,1.2854&ie=UTF8&ll=41.025993,21.314405&spn=0.002837,0.005021&t=h&z=18
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 28-Apr-2008 at 20:44
Колку што разбрав од текстот цитирам:
 
БИТОЛА - Битолскиот соборен храм „Собор на сите македонски светители“ кој треба да биде најголемото македонско светилиште на Балканот
 
Што значи најголемо МАКЕДОНСКО светилиште не воопшто светилиште.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12010
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 28-Apr-2008 at 21:58


Можеби се мисли на големината на куполата или висината:

Ќе ја носи највисоката купола на Балканот. Според нацртите, градбата треба да биде поголема и од белградскиот храм „Св. Сава“ и од софискиот Соборен храм „Св. Александар Невски“.


На што и да се мисли, јас не сум воопшто импресиониран... Ужасно се нервирам од опсесијата што се развива за изградба на верски објекти, а ваков мегаломански е само капак не сето тоа... Па добро да му се невиди, Битола може да доживее процут ако наместо за ова, тие пари се вложуваат во инфраструктурата на градот. Што ни е поважно? Перспективен град со брз економски и секаков развој, или град кој ќе има некаква огромна црква (прашање кога воопшто ќе се заврши изградбата...). А и ова што владата си го бутка носот во вакви работи, колку и да е нелегитимно, очигледно им преминува во навика...

Bash Bash Bash
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 28-Apr-2008 at 23:53


Точно така... ова воошто не се разликува од Ryugyong хотелот во Пјонгјанг кој кога почнал да се гради требал да биде најголемиот хотел во светот и демонстрација на моќта на комунизмот. Во нашиов случај идеологијата ја заменуваме со религија но мегаломанијата, фанатизмот, фундаментализмот се идентични. Ако го земам во предвид помодарството како главна движечка сила на христијанството во Македонија (без намера да ги навредам вистинските верници) ги имаме сите услови мегаломанската црква во Битола да ја доживее судбината на хотелот во Пјонгјанг и да остане како потсетник на тоа како не требало да се прави.


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.