build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Храм Собор на сите македонски светители - Битола

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 29-Apr-2008 at 01:03
Previous Прогласена за најгрдо архитектонско здание БИЛО КОГА. Според мене, сосема заслужено.
    Не ми е јасна една работа: во еден текст вика дека Владата издвоила 150.000 евра за црквата, а во друг 650.000 евра? Question

  А  кога веќе се прогласуваме за секуларна држава, логично е така да се раководиме - тука ќе се сложиме. И јас мислам дека Владата треба да си ги донира парите во економскиот развој на градот, а не во верски објекти.
    @pbanks, мислам дека главна движечка сила на христијанството во Македонија е традицијата, не помодарството. 
    @cloverstack: Не разбирам, тебе ти пречи тоа што Владата се расфрла со државни пари по цркви, или тоа што верниците се одлучиле со изградба на волкава црква?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 29-Apr-2008 at 07:52
Originally posted by La Linea


    @cloverstack: Не разбирам, тебе ти пречи тоа што Владата се расфрла со државни пари по цркви, или тоа што верниците се одлучиле со изградба на волкава црква?


И едното и другото и редица други работи... Wallbash
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 29-Apr-2008 at 13:58
јас не сум религиски определен (=атеист), ама не ми пречат ни црквите ни џамиите - cè додека имаат архитектонска вредност, а не да се градат од инает! пример сега албанците градат џамии со минариња од 100 метри, а македонците да се покажат опасни градат цркви уште поголеми!? нема смисла, навистина црквата е дел од македонскиот дух и традиција, ама ова со мегаломанијата е... како и да е, ме интересира шо ќе испадни...

п.с. никој не им се пожалил на албанците за гигантските џамии, па не мислам дека ќе има некој шо ќе се пожали за ваква црква (ако се буниш ќе те напрат будала)


Edited by гитардемон - 29-Apr-2008 at 13:59
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 29-Apr-2008 at 16:47
Ima li nekoie renderi kako treba da lici Xramot vo Bitola. 
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 12-May-2008 at 14:13
ne be renderi sho e to? neznam dali imalo render javen za nekoja gradba vo bitola nekogash (osven za shetalishteto)... a i za ne-javen render, ne vervam deka firmite podgotvuvaat takvi neshta vo bt... samo ona skica i nacrt
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 02-Jan-2009 at 19:25
40 цркви се градат во Преспанско-пелагониската епархија
Петок, 02 Јануари 2009 17:41
natasa_crkva_001Околу 40 цркви во моментов се градат во Преспанско - пелагониската епархија, изјави митрополитиот преспанско-пелагониски и администратор австралиско- новозеландски, гсподин Петар. Тој се надева дека во текот на оваа година ќе биде поставена плочата на големиот соборен храм „Свети Апостол Павле".

-Во моментов при крај е изградба на долната црква посветена на Свети Апостол Павле каде е спомен храмот Собор на македонските светители кој се состои од две цркви. Едната е во просторот под олтарот, во завршна фаза е, а втората ќе биде од плочата па нагоре, тоа е таа голема црква - вели г.Петар.

Интензивната градба треба да продолжи ако се соберат доволно пари, најави митрополитот.

-Исто така радоста е голема што во самиот круг на црквата се најде разбирање односно се понуди еден донатор, ктитор поточно кој веќе при крај ја гради црквата посветена на Свети Атанасиј, тоа а Драган Герзовски - вели митрополитот Петар.

При крај се и градежните работи околу изградбата на манастирската црква „Свети Јован" кај германските гробишта, а повеќе цркви се градат и во прилепско. За една од поголемите цркви во Прилеп, посветена на Света Петка, на последната донаторска конференција биле собрани околу 55.000 евра. Цркви се градат и во австралиско-новозеландската епархија.

-Во завршна фаза е соборната црква посветена на раѓањето на Пресвета Богородица. Во текот на идната година се надеваме дека ќе биде завршена целоснота градба на, конаците се при крај, на црквата со иконостасот, тоа е манастриската црква „Свети Петка" во Порт Кембл - вели г. Петар.

Црковните и градските власти се уште не се договориле на која локација ќе се гради црквата посветена на светецот заштитник на Битола, Свети Нектариј. Според митрополитот Петар, таа црква треба да се наоѓа во централното градско подрачје.natasa_crkva_002

-Сметам дека кога веќе на таа локација доминираат две џамии и римокатоличката црква, тука треба да се најде и таа црква, да се види мултиконфесионалноста во Битола во смисла на тоа дека ако порано градот бил повеќе муслимански отколку христијански, денес е повеќе православен, па православната црква треба да има свој храм - додава митрополитот.

Изминатата година преспанско-пелагониската и австралиско-новозеландската епархија ја завршија и со плодна издавачка дејност. Издаден е првиот том од капиталното дело со празнични и месечни богослужби, а во печат е вториот том. Митрополитот Петар потсети дека досега епархијата успеала да си врати околу 80 проценти од имотот кој бил национализиран.


преземено од: http://tera.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2547&Itemid=106



Edited by гитардемон - 02-Jan-2009 at 19:26
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 08-Apr-2009 at 19:07
Здраво,има ли некои некоа слика како ке изгледа тој објект,веќе одамна ме занима,но неможам никаде да најдам како ке изгледа.Roll%20eyes

Фала


Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 01-May-2009 at 09:10
Izgleda nešto se mrdnalo vo Bitola,eve najdov slika od pomalata crkva koja spaga vo sklop na golemata,spored koordinatite na gitardemon.

Eve slika na google earth od 22.02.2009:
http://www.panoramio.com//photo/19284891
http://www.panoramio.com/photo/19284980
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 06-Jan-2010 at 19:10
Изградбата на соборниот храм ќе продолжи континуирано
СРЕДА, 06 ЈАНУАРИ 2010 18:01



Се продолжува со изградбата на соборниот храм на македонските светители.

-Склучивме веќе договор со претпријатието „Гранит" за продолжување на изградбата. До првите столбови што ќе ја крепат од влезот кон иконостасот централната купола, подземно се направени простории за потребите на црквата. СЕ надеваме во текот на оваа година да се стави првата плоча, изјави владиката Петар.



Владиката очекува поддршка од верниците.

-Очекуваме прилив и од нашите верници како донации за да биде продолжено градењето континуирано, не очекуваме застој. Досега 50% помалку сме дале од она што е реално, фирмите, градежните претпријатие знаат дека црквата нема средства и 40-50% работат поефтино со желба побрзо да се изгради црквата, рече владиката.

Минатата година владата им додели 150.000 евра помош за изградба на црквата.



-Од кои ДДВ-то ни зеде 30.000 евра, така што 120.000 ни останаа, тоа беше инекција која ако не беше не ќе можевме да продолжием да работиме, изјави владиката.

Соборниот храм започна со изградба од 1993 година, но активно се почна со работа последните неколку години.

Маја Богоевска


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=16467&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 06-Jan-2010 at 21:06
Фала богу, едвај чекам да го видам ова како ќе изгледа на крај. Се работи колку што знам за најголема по површина црква во Македонија.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 06-Jan-2010 at 23:48
Уште многу вода ќе протече низ Драгор дур ја видиме оваа црква готова. Сумите се смешни за објект од ваков размер.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 09-Jan-2010 at 10:15
Originally posted by Makedonij

Izgleda nešto se mrdnalo vo Bitola,eve najdov slika od pomalata crkva koja spaga vo sklop na golemata,spored koordinatite na gitardemon.

Eve slika na google earth od 22.02.2009:
http://www.panoramio.com//photo/19284891
http://www.panoramio.com/photo/19284980


Vaka izgleda na google



A taa crkva se naoga nekade na toa mesto,verovatno na samoto koše,bidejki pozadi se gledat temelite,verovatno toa gitar ke go kaže točno





Se nadevam deka nekoj ke izvleče od nekade kako ke izgleda ova crkva nogu me interesira


Edited by Makedonij - 09-Jan-2010 at 10:17
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
S.P.Q.R. View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 210
  Quote S.P.Q.R. Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 30-Jan-2010 at 21:40
Многу мегаломански ми изгледа објектов
според мене како што се одвиваат "брзо" изградбиве во Македонија овај објект нема за 10 години да биди завршен
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 27-May-2010 at 16:36

По расчистувањето на долговите продолжува градбата на храмот „Собор на македонските светители“ во Битола

Црквата на Свети Апостол Павле, која е основата на живата црква што ја основал Свети Апостол Павле во Македонија, веќе е готова. Истата е поставена под олтарот како долна црква на храмот „Собор на Македонските светители“ во Битола. Градбата продолжува откако црквата ги расчистила долговите од досегашните градежни работи.

„Најдовме разбирање и решение со градежното претпријатие „Пелистер“ каде што должевме средства и нив им ги подмиривме обврските кои ги имавме. Сега кон никого не должиме. Склучивме веќе договор со претпријатието „Гранит“ за продолжување на градбата на црквата „Собор на Македонските светители“.-вели Митрополитот Петар.

Храмот „Собор на Македонските светители“ во Битола треба да биде една од најголемите цркви на Балканот.

„Посебно се направени простории кои ќе служат за потребите на црквата, простории за симпозиуми, семинари, за галерии. Се надеваме во текот на оваа година да се стави првата плоча и да се отпочне нагоре со градбата на црквата можеби десеттина метри нагоре.“-вели Митрополитот Петар.

Црквата се гради од 1993 година со повремени стагнации поради финансиски причини.



Анета Шијакова

www.kanal5.com.mk





Edited by Makedonij - 27-May-2010 at 16:38
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 27-May-2010 at 16:41
„Привршува изградбата на црквата ’Св. апостол Павле‘ во долниот дел на големиот храм ’Собор на македонските светители‘, под неговиот олтар. За големата црква средства донираше и Владата“, вели митрополитот преспанско-пелагониски Петар. На истата локација на улицата „Васко Карангелевски“ битолски донатор ја гради црквата ,,Св Атанасиј“.

http://preminportal.com.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 27-May-2010 at 16:57
Ајде бе Гитар направи некоја слика од таму, нема да кажеш дека ништо не се мрднало таму? Треба да има иѕградено две помали цркви.....Молам?
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 27-May-2010 at 17:45
Не сум бил Битола па да сликам, да ти кажам право. Ете го danielbtmk, нека сликне тој, и онака таму е
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 14-Jul-2010 at 19:39
Еве 2 слики од денес, колку да ја видите моменталната состојба ... Crazy
(клик на сликите за поголеми)








Edited by Danielbtmk - 14-Jul-2010 at 19:40
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2112
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 14-Jul-2010 at 20:37
Значи ништо..Ohno
Инаку според темелите не изгледа големо како шо кажуваа дека ќе е најголема на балканот....
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 690
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 14-Jul-2010 at 20:42
Најголема ќе биди. Ако треба доказ како ќе изгледа готова, има истакното таму, па да сликам... ама многу е мала сликата па незнам дали ќе излези добро...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.