build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончева енергија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 24-Nov-2021 at 07:44
Ќе имаме стратешка инвестиција за соларен парк до 300 мегавати вреден 270 милиони евра

Одобрена е нова стратешка инвестиција за соларен парк до 300 мегавати вреден 270 милиони евра, соопштија од Владата.

На денешната 120-та седница Владата донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ - Скопје.

„Станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион“ вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз“ (Akuo Energy Sas Paris) од Франција, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегават часови“, стои во соопштението.

https://faktor.mk/kje-imame-strateshka-investicija-za-solaren-park-do-300-megavati-vreden-270-milioni-evra
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 29-Oct-2021 at 18:31
Дај бе нека не се брукаат со проектчиња на ниво на месна заедница во време на енергетска криза.

Да не зборувам дека покривов требаше да стане зелен како што беше најавата, што е поважно за централното градско подрачје отколку да стане извор на сончева енергија од стотина киловати.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 29-Oct-2021 at 17:01
На покривот на ГТЦ ќе се гради соларен систем за производство на електрична енергија

Систем за производство на електрична енергија од Сонце на покривот на Градскиот трговски центар ќе градат АД ЕСМ и АД ГТЦ. Фотоволтаиците ќе бидат поставени на покривниот простор, кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот, соопшти АД ЕСМ.

Со изградба на фотоволтаиците на покривот на Градскиот трговски центар, како што се посочува, ќе се овозможи инвестирање во нови обновливи извори на енергија, со што се постигнува одржлив развој и се намалува негативното влијание врз животната средина преку искористување на кров на деловен објект.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и извршниот директор на АД ГТЦ, Ѓоко Трајчевски. Зафатот е со цел реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и еден од врвните приоритети на енергетската политика на АД ЕСМ, а тоа е енергетска трансформација со проширување на производствени капацитети од обновливи извори на енергија, посебно на сончева енергија, стои во соопштението.

https://nezavisen.mk/na-pokrivot-na-gtc-kje-se-gradi-solaren-sistem-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 30-Sep-2021 at 07:08
ЕСМ ЌЕ ЗЕМЕ ЗАЕМ ОД 25 МИЛИОНИ ЕВРА - ќе се градат две фотоелектрани, ТЕЦ Осломеј треба да престане да работи

Државните електрани на земјава ќе земат заем од 25 милиони евра, со кои ќе се градат фотонапонски електрани, а за него ќе гарантира државата. Кредитот ќе го одобри Европската банка за обнова и развој, а за изградба земјава ќе добие и инвестициски грант од ЕУ од пет милиони евра.

Ќе се изградат две фотонапонски електрани, едната во Осломеј, а другата во Битола.Тие се дел од проектот на државната ЕСМ, чија главна цел е производството на струја во земјава, од термоелектарните - се повеќе да се насочува кон соларни фотоволтаици, за да се намалат штетните последици врз животната средина.

Во Собранието веќе стигна Предлог законот за гаранција на земјава на Договорот за заем, кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД ЕСМ во државна сопственост.

Првата фотоелектрана, Осломеј 2, ќе има инсталирана моќност од 10 мегавати, додека фотоелектраната Битола е предвидено да има инсталирана моќност од 20 мегавати. Проектот ќе го спроведува ЕСМ. Се тврди дека проектот ќе придонесе кон декарбонизација и создавање на портфолио од обновливи извори на енергија, како континуитет на фотоелектраната Осломеј 1, со моќност од 10 мегавати.

„Специфична цел на Проектот е намалување на јаглеродниот диоксид, емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот. Притоа, ќе се намали емисијата на CO2 за 39.000 тони, на годишно ниво. ФЕ Осломеј 2 од 10 мегавати ќе замени дел од постоечката ТЕЦ Осломеј, за која е предвидено да престане да работи. Воедно, набавката и поставувањето на ФЕ Битола со моќност од 20 мегавати ќе придонесе за намалување на производството на електрична енергија од постоечкиот РЕК Битола, и ќе биде прва инвестиција во соларна енергија во овој регион. Фотонапонската електрана Битола ќе претставува модел за декарбонизација и ги поттикне приватните инвеститори да вложуваат средства во одржлив развој и зелена економија“, се вели во наведените цели што треба да се постигнат со овој проект.

Уште во ноември 2020 година, откако Владата донела таква одлука, Министерство за финансии и ЕСМ доставиле барање до ЕБОР за обезбедување на 25 милиони евра за финансирање на проектот. Тогаш во игра биле две опции, од кои едната била ЕБОР да го одобри заемот без државна гаранција, а втората со гаранција. Но, од Банката инсистирале сепак државата да гарантира за овој заем, односно го условиле неговото давање со државна гаранција.

Од власта се уверени и дека оваа инвестиција ќе придонесе за нови вработувања, што позитивно ќе влијае врз социјалниот аспект во овие два региони.

„Овој проект ќе придонесе за намалување на трошоците на ЕСМ за ископ на јаглен, како и помали трошоци на друштвото во однос на даноците, за испуштање на стакленички гасови од термоелектраните. Изградбата на двете фотонапонски електрани е планирана во околината на веќе постоечки термоелектрани, што ќе донесе финансиска корист, бидејќи ќе се користи постоечката патна и енергетска инфраструктура“, се вели во владиното образложение.

Во овој момент проценката е дека проектот за изградба на двете фотоелектрани ќе тежи 25 милиони евра. Проектот се планира да се финансира со заем од ЕБОР и инвестициски грант од ЕУ - ВБИФ. Инвестицискиот грант од пет милиони евра, кој е позитивно оценет, треба да биде одобрен во декември 2021 година. „Во зависност од висината на одобрениот грант, заемот од ЕБОР ќе изнесува меѓу 20 и 25 милиони евра“, навеле од Владата која е предлагач на законот за гаранција.

Во Законот стои дека „земјава го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и ЕСМ, во износ до 25 милиони евра, доколку ЕСМ не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот за заем“. Сите финансиски обврски кои произлегуваат од Договорот за заем, како и неговото сервисирање, ќе ги намирува ЕСМ, од приходите кои ги остварува.

Рокот за отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс период од две години. Отплатата ЕСМ ќе ја врши во 21 полугодишна рата, кои пристигнуваат за плаќање на 8 март и 8 септември секоја година. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 отсто.

ЕСМ ќе и плати на ЕБОР и еднократна провизија во висина од 1 отсто од износот на заемот. На Банката нашите државни електрани ќе и плаќаат и провизија од 0,5 отсто, од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво.

https://faktor.mk/esm-kje-zeme-kredit-od-25-milioni-evra---kje-se-gradat-dve-fotoelektrani-tec-oslomej-treba-da-prestane-da-raboti
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 29-May-2021 at 17:19
На местото каде требаше да има карго-аеродром во Штип, ќе се гради најголемата фотонапонска електрана на Балканот

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека на државното земјиште каде што требаше да се гради карго-аеродором во Штип, државата ќе инвестира 200 милиони евра во изградба на можеби најголемата фотонапонска централа на Балканот.

- На локацијата каде што имаше планови да се изгради карго-аеродоромот во Штип на државно земјиште од 477 хектари ќе се гради фотонапонска електроцентрала. Тоа е иделана локација за фотонапонска електрана од 300 до 350 мегавати, веројатно една од најголемите, ако не и најголема на Балканот. Тоа е колку два блока во РЕК Битола, колку да знае јавноста за колкав потенцијал се работи, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата.

Тој додаде дека најверојатно централата ќе биде целосно во сопственост на државата и дека ќе се бара начин финансирањето да не влијае на зголемување на државниот долг.

„Ќе одлучиме дали тоа ќе биде 100 отсто наша инвестиција или ќе биде некое јавно-приватно партнерство, но впечатокот е дека треба да биде во целосна сопственост на државата“, рече премиерот.

https://faktor.mk/na-mestoto-kade-trebashe-da-ima-kargo-aerodrom-vo-shtip-kje-se-gradi-najgolemata-fotonaponska-elektrana-na-balkanot
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15041
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 22-Apr-2021 at 20:03
За сè има вторпат
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1349
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 22-Apr-2021 at 18:54
Bulgaria's Solarpro Holding wins 50 MWp power plant project in N. Macedonia

SKOPJE (North Macedonia), April 21 (SeeNews) - Bulgarian solar energy equipment supplier Solarpro Holding [BUL:0S8] said on Wednesday it was selected by North Macedonia's government to build a photovoltaic power plant with an installed capacity of up to 50 MWp at the location of an old mine in Oslomej, in the western part of the country......
....The company expects to reach over 80 MW installed capacity in North Macedonia in two years, Alexander Petreski, CEO of Solarpro's unit in North Macedonia said, noting that the company supplies over 450 companies in North Macedonia with electricity.

In 2020, Solarpro won a tender for the construction of a solar power plant of 10 MW in the village of Manastirec, Makedonski Brod.

Established in 2007, Solarpro Holding employs over 1,000 people....
...In Poland, Hungary, Bulgaria and North Macedonia, Solarpro operates complete renewable energy platforms, with over 150 MWp own projects in construction and 500 MWp + projects in development. The company is a leader in offering long term PPA's (Power Purchase Agreements), long term lease agreements for SaaS (Solar as a Service) and various other solutions for corporate sourcing of green energy and improving ESG (Environmental, Social and Governance) ratings.

As a general contractor and construction services provider, Solarpro Holding group is a global player with over 3000 MWp of installed capacity PV projects, completed on five continents to date. Particularly strong is the presence with construction services on some of the key EU markets - Netherlands, Germany, France and Portugal.

https://renewablesnow.com/news/bulgarias-solarpro-holding-wins-50-mwp-power-plant-project-in-n-macedonia-738651/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 22-Apr-2021 at 13:56
Congratulations to the management of Energo R company, who for a short time built and operated the photovoltaic center in Tenovo, the municipality of Brvenica.





https://www.facebook.com/MinisterKreshnikBekteshi
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 22-Apr-2021 at 13:54
Во Теново пуштена во употреба фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата

Втората фотоволтаична централа со моќност од 1,2 мегавата, која е дел од триделниот фотоволтаичен парк со 2,2 мегавати, денеска беше пуштена во употреба во селото Теново во Општина Брвеница. Таа е една од вкупно 27-те централи кои склучија договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост на јавниот повик што беше објавен во 2019 година.

Првата централа од 0,6 мегавати, како што истакна инвеститорот Владе Самарџиевски од „Енергоер груп“, веќе работи неколку години, а третата од 0,4 мегавати е веќе изградена и е подготвена за технички преглед. Трите централи се изградени на вкупна површина од 20 илјади квадратни метри, неплодно и некорисно земјиште кое е откупено од државата, каде се поставени 6.170 фотоволтаични панели со различен капацитет и три трафостаници. Вкупната вредност за изградба на овој парк изнесува 1,6 милион евра.

– Трите централи ќе дадат вкупно производство од околу 3,1 гигават часови што би ја задоволиле потрошувачката на електрична енергија за приближно околу 450 станови и домаќинства. Горди сме што централите ги изградивме во најкраток рок на тежок и непристапен терен на неупотребливо земјиште за други намени. Се надевам дека ова ќе биде добар пример и поттик за нови инвестиции во зелена енергија како на фирмите, така и на Владата, рече Самарџиевски и се заблагодари на Владата која, како што рече ги охрабрила да инвестираат во овој вид на објекти и им овозможила при продажбата на произведената електрична енергија да добијат премиум тарифа.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека ова е четвртата фотонапонска централа која се гради на приватно земјиште во нашата држава и потсети дека во 2017 година Владата го смени моделот и наместо фидин, сега нуди премиум тарифи за нивна изградба.

– Во континуитет се градат и другите локации и кон крајот на годинава ќе има над 10 фотонапонски централи кои ќе бидат изградени на приватно земјиште. Ако ги вклучиме и фотонапонските централи кои се градат на државно земјиште согласно првиот тендер преку јавно приватно партнерство и го објавивме за две години, иако во договорите е предвидено да се градат за три години, ќе имаме вкупна инсталирана моќност од над 60 мегавати со што за три години го надминуваме целосниот капацитет за трипати повеќе отколку што беше изградено до 2017 кога не надминуваше повеќе од 20 мегавати, рече Бектеши.

Со тоа, потенцира тој, покажуваме дека ги поттикнуваме сите инвестиции во делот на обновливи извори за енергија, го зголемуваме домашниот капацитет за производство и ја намалуваме зависноста од увоз на електрична енергија.

– Преку нашите јавни претпријатија, преку акционерските друштва во државна сопственост, но и преку Законот за стратешки инвестиции веќе сме во финални преговори за дополнителни капацитети кои ќе надминат над 300 мегавати инсталиран капацитет во нашата држава само од фотонапонските централи, истакна Бектеши.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини истакна дека фактот што фотоволтаичната централа се пушта во употреба токму на 22 април – Денот на планетата земја покажува како се грижиме за земјата, за декарбонизација и за намалување на емисијата на стакленички гасови во атмосферата.

Премиерот Зоран Заев посочи дека за новите 60 мегавати фотонапонски централи што се градат по принципот на јавно приватно партнерство премиумите што ги доделува државата ја чинат 450 илјади евра годишно, а наплатила три милиони евра од инвеститорите за нивната изградба.

Тој најави дека веќе завршил и огласот за изградба на 100 мегавати фотонапонски централи на местото на поранешниот рудник во Осломеј и оти локациите од по 50 мегавати ги добиле една турска и една бугарска компанија кои наместо предвидените 10 проценти од приходите за ЕСМ понудиле 18,5 отсто – турската и 18 отсто бугарската. Во завршна фаза е, додаде, и изградбата на 10 мегаватната фотонапонска централа во Осломеј што ја инвестира АД ЕСМ.

Како што истакна Заев на локацијата од 477 хектари во Штип каде требаше да се гради транспортен аеродром сега се предвидува да се градат фотоволтаични централи со инсталирана моќ од 300 до 350 мегавати, во Битола треба да се градат 120 мегавати, во Кавадарци 100 мегавати, а веќе изградени има во Кочани 8 мегавати и две од по 15 мегавати во Дебрца.

Дадени се и три лиценци на приватни компании за изградба на ветерни електрани во Богданци, Демир Капија и Свети Николе со вкупна инсталирана моќ од околу 100 мегавати, а интерес за изградба на ветерен парк од околу 400 мегавати во вредност од 520 милиони евра во Старо Нагоричане искажа и германската компанија WPD. Со тоа земјава е лидер во регионот во обновливите извори на енергија кои за една година ги има зголемено за 10,1 отсто, а просекот на развиените земји е 10,3 отсто, рече Заев.

Премиерот најави дека очекува во јуни успешно да заврши и повикот за изградба на хидроцентралата Чебрен во вредност од 600 до 800 милиони евра со инсталирана моќ од 300 до 330 мегавати по пат на јавно приватно партнерство и додаде дека првата фаза од 10-те пријавени ја поминале девет заинтересирани компании и конзорциуми.

https://nezavisen.mk/vo-tenovo-pushtena-vo-upotreba-fotovoltaichna-centrala-so-mokjnost-od-12-megavata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 20-Feb-2021 at 09:44
Сончевата енергија недоволно ја користат домаќинствата, потребни се повеќе субвенции за фотоволтаици

Со околу 280 сончеви денови во текот на годината во земјава, домаќинствата сѐ уште малку ја искористуваат бесплатната, чиста енергија од сонцето за добивање на електрична енергија во домовите, со што сметките за струја можат да се намалaт и до 50 отсто, особено во зимските месеци.

Иако има интерес кај граѓаните за поставување на фотоволтаични панели на покривите на домовите, досега реализацијата на оваа инвестиција во најголем дел е на нивна сопствена иницијатива со пари од џеб, а помалку со помош на субвенции од државата. Ова се случува и покрај гласната промоција за поголема искористеност на чистите извори на енергија, со цел намалување на загаденоста на воздухот, проблем со кој се соочуваме секоја грејна сезона.

Фотоволтаичните панели кои ја претвораат сончевата енергија во електрична за потребите во домаќинствата, можат да се приклучат на мрежата на ЕВН, или на друг избран снабдувач со струја, посочуваат од ЕВН за „Мета.мк“. Оваа компанија нуди комплетни услуги, од проект до монтажа и приклучување кон дистрибутивната мрежа и одржување на панелите.

„Електричната енергија што ќе се добие од овие панели може да се користи за секаква домашна употреба, но може и да се продава на слободниот пазар на струја, ако има вишоци. Тие се продаваат на снабдувачот на електрична енергија со кого ќе се потпише договор“, велат од ЕВН.

Најдобра опција за домаќинствата е доколку вишоците на струја ги има, тие да се вкалкулираат во сметките за струја, посочуваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ).

Според РКЕ, електричната енергија која ја произведува фотоволтаичен панел на домаќинството, треба да биде земена во предвид при изготвување на сметката за струја од страна на снабдувачот.

„Можно е во летните месеци домаќинствата во оптек да пуштат повеќе струја на пазарот, отколку што ќе искористат од снабдувачот од каде ја добиваат електричната енергија. Инвестицијата за поставување на фотоволтаичен панел на покрив се движи од 600 до 700 евра по киловат. За да се инсталираат максималните 4 киловати, колку што се потребни во просек за одвоена куќа, потребна е инвестиција од близу 3 илјади евра“, вели за „Мета.мк“ Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Тој додава дека со 1.200 до 1.500 часа работење на фотоволтаикот на годишно ниво, за неколку години ќе може да се отплати инвестицијата. Според него, понеисплатливо е да се поставуваат фотопанели во станбени згради, освен во заедничките простории кои се користат, влез, подруми и лифтови, затоа што и броилата се одделни за секое домаќинство. Односно дека е поедноставна и поисплатлива оваа инвестиција за домаќинства како една станбена единица.

Голем интерес, а досега малку реализирани фотоволтаични проекти има кај домаќинствата со субвенциите на државата. Тоа го покажуваат податоците од Министерството за економија, надлежно во делот на енергетиката и активностите за промоција на обновливи извори на енергија.

Од таму посочуваат дека за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства (топла вода за греење), заклучно со 2019 година, субвенционирани се 7.301 домаќинства, од вкупно 17.435 апликанти и за тоа се исплатени приближно 106.000.000 денари (1,7 милиони евра) од буџетот на РСМ.

„Оваа година за прв пат се предлага мерката за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 киловати, за сопствена потрошувачка за домаќинствата, во износ од 30 отсто, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство. Вкупните средства за реализација на оваа мерка за 2021 година изнесуваат 8.000.000 денари“, велат од Министерството за економија.

Тие додаваат дека интересот кај граѓаните за субвенциите расте од година во година, а аплицираат баратели од речиси сите градови во државата. Критериумите за аплицирање за субвенции ќе бидат дефинирани во јавните огласи кои треба да се објават во периодот мaрт-април 2021 година.

Според анализите на „Еко-свест“ за можностите за инсталирање на фотонапонски панели, ако од 700.000 домаќинства во државава, 300.000 се во куќи и кај нив се инсталираат 4 киловолтни фотоволтаични панели, тоа е инсталирана моќност од 1.200 мегавати. Годишното производство на електрична енергија од нив би изнесувало 1,8 милиони мегават часови, а намалените емисии на јаглерод диоксид ќе бидат 3,2 милиони тони годишно. За ваквата инвестиција, субвенциите од државата би изнесувале околу 10 милиони евра.

„Ако државата сака да го развие овој дел од пазарот на енергетската ефикасност и да им даде можност на граѓаните да имаат корист од ОИЕ, освен субвенции, потребни се и измени во подзаконските акти и овозможување на потрошувачите кои се снабдуваат од универзален снабдувач, да можат да преминат во категоријата потрошувач-производител, како и да се олеснат сите административни процедури“, велат за „Мета.мк“ од „Еко-свест“.

https://meta.mk/sonchevata-energija-nedovolno-ja-koristat-domakjinstvata-potrebni-se-povekje-subvenczii-za-fotovoltaiczi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 06-Feb-2021 at 15:28
Тргнува од почеток проектот за изградба на фотонапонски електрани во РЕК Осломеј, ЕСМ го реобјави тендерот

Голем интерес од домашни и од странски инвеститори, но засега слаби резултати во врска со проектот за изградба на две фотонапонски електрани на местото на РЕК Осломеј, кои поточно треба да бидат лоцирани на местото на стариот рудник за јаглен, а да се градат како јавно приватно партнерство (ЈПП).

На тендерот кој беше распишан лани во февруари, а траеше до мај 2020, интерес покажаа многу компании од земјава, регионот и светот. Над 40 компании беа поканети да учествуваат на онлајн презентацијата за овој проект кон крајот на септември минатата година, а кои требаа потоа своите понуди да ги достават до крајот на октомври 2020. После тоа, Владата требаше да го избере најповолниот понудувач и изградбата на електраните да започне во текот на оваа година.

Сепак, само две компании од многуте кои учествуваа на презентацијата, доставиле и конкретна понуда. Но, поради тоа што имало грешки во нивната апликација, нивните понуди не биле прифатени. Имињата на компаниите, не се објавуваат, одговорија од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), на прашањето на Мета.мк.

„Комисијата задолжена за конкретната јавна набавка, ги разгледа пристигнатите понуди. И кај двата понудувача имаше грешка-недостатоци во постапката за аплицирање. Комисијата го извести Управниот одбор на АД ЕСМ, по што тој ја информираше Владата на РСМ, а потоа Владата го задолжи АД ЕСМ да го реобјави тендерот, кој сега е со скратен рок, до 12 март 2021 година“, рекоа од ЕСМ за Мета.мк.

Од овие причини, односно поради грешките во апликацијата, како што посочија од ЕСМ, оваа државна компанија на 4 февруари годинава објави нов оглас за јавна набавка за договор, по принципот на ЈПП, за изградба на една фотонапонска електрана со инсталирана моќност од 2×40 мегавати (максимум 2×50 мегавати) во кругот на стариот рудник РЕК Осломеј, за што крајниот рок на доставување на понудите е 12 март годинава, со период на важност на понудата од 150 дена.

Според Огласот за јавна набавка, договорот за проектирање и изведување на градежни работи за електрични централи има времетраење од 420 месеци. Сега, постапката за доделување на договор за јавна набавка е со скратени рокови, а критериум е најниската цена. Изборот ќе се прави по пат на електронска постапка. Економскиот оператор треба да достави гаранција на понудата од 3 отсто од нејзината вредност и гаранција за квалитетно извршување на договорот од 15 отсто од вредноста на договорот.

„Висината на гаранцијата на понудата се утврдува врз основа на моќноста на фотонапонската електроцентрала и изнесува 20 евра по киловат, ако гаранцијата на понудата ја доставува странско правно лице, или 1.200 денари по киловат ако гаранцијата е од домашно правно лице“, стои во Огласот на Министерството за финансии, каде се наведува и дека периодот на важност на договорот е 35 години (420 месеци) што условува детално и во фази да се предвиди начинот и вредноста на банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот.

Економскиот оператор кој ќе го добие тендерот за изградба на фотоволтаична централа кај ТЕК Осломеј, меѓу другото, треба да достави документи за економска и финансиска состојба, кумулативно во последните три години да има вкупен приход од најмалку 30.000.000 евра, а просечниот годишен приход во последните три години да му изнесува 10.000.000 евра. Понатаму, да инвестирал во изградба, да изградил или да бил подизведувач во изградба на електроцентрала/и од обновлив извор на енергија со вкупна инсталирана моќност од најмалку 25 мегавати во последните 10 години и/или да управувал со електроцентрала/и од обновлив извор на енергија со вкупна инсталирана моќност од најмалку 25 мегавати во последните 10 години.

Инаку, како што соопштија од ЕСМ минатото лето, на површини во рудникот на РЕК Осломеј, предвидена е изградба на две фотоволтаични централи, а таков капацитет од ОИЕ треба да се гради и во РЕК Битола. Тој нов енергетски капацитет треба да произведува струја за 2.000 домаќинства во Кичево, да обезбеди транзиција на производството на струја од јаглен, во зелени извори на енергија, како и работни место за сега вработените во РЕК Осломеј.

https://meta.mk/trgnuva-od-pochetok-proektot-za-izgradba-na-fotonaponski-elektrani-vo-rek-oslomej-esm-go-reobjavi-tenderot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19705
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 18-Jan-2021 at 18:21
Субвенции за поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија



Електричната енергија од фотоволтаичните панели кои што ќе ги постават граѓаните на крововите од куќите и на зградите, ем ќе може да се користи за домашна употреба, ем ќе може да се продава на слободниот пазар на струја

Вишокот струја, граѓаните ќе може да ја продадат на снабдувачот на електрична енергија со кого ќе потпишат договор. Потоа компанијата на домаќинството ќе им ја намали сметката во висина на вредноста на струјата која е пуштена во оптек. Постои и опција граѓаните да ја продаваат струјата за пари, но искуствата од странство велат дека најдобро е да се калкулираат сметките на месечно или годишно ниво, во зависност од струјата која домаќинството ја пушта на пазарот.

„Електичната енергија која ја произведува овој фотоволтаичен панел на домаќинството треба да биде земено во предвид при изготвување на сметката за електрична енергија од страна на снабдувачот. Односно, само во делот на набавката на електрична енергија“, рече Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторот вели дека во летните месеци домаќинствата можно е во оптек да пуштат повеќе струја на пазарот, отколку што ќе искористат од снабдувачот од кој добиваат електрична енергија. Инаку, инвестицијата се движи од 600 до 700 евра по киловат, што значи за да се инсталираат максималните четири киловати потребни се близу три илјади евра. А, пред два дена од владата објавија дека ќе покриваат дел од трошоците на граѓаните кои ќе постават панели на домовите.

„Надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2021 година“, наведоа од Владата.

За оваа мерка обезбедени се вкупно 8.000.000 денари за субвенции. Бислимовски смета дека со 1.200 до 1.500 часа работење на фотоволтаикот на годишно ниво за неколку години ќе се отплати инвестицијата. Во станбени згради регулаторот вели дека не е исплатливо поставување на фотоволтаици бидејќи становите се на посебни броила и инвестицијата би била многу поголема. Но, постои можност да се намести фотоволтаик на станбена зграда, но струјата да се користи за заедничките простории, како влезот, лифтовите, подрумот.

https://alsat.mk/mk/subventsii-za-postavuvane-na-fotovoltaitsi-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15041
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 09-Dec-2020 at 23:18






За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 21-May-2020 at 09:58
Исто ко ,,либерализацијата на сончевиот пазар". Плукни-залепи квази корупција, без добра стратегија за затворање на ТЕЦ, стопирање нови ХЦ, придружување кон Белене и премин кон обновливи извори.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 21-May-2020 at 08:22
Ах бе со кирилицата, таму каде што треба не ја користат, во мерни единици ја користат. 200 мегабајти? Мегаволти или мегавати? Нека си се држат до 200 MW.

Туку огласов е само уште еден начин на се дадат пари на луѓе кои веќе имаат многу пари. Сите луѓе блиски до властите, со веќе договорени цени.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 21-May-2020 at 01:16
Бектеши: Почнува нов инвестициски циклус во обновливи извори на енергија, потпишани договори со 23 инвеститори за изградба на фотоволтаици на приватно земјиште со вкупна инсталирана моќност од 21 мегават

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информираше за успешната реализацијата на јавниот повик за изградба на фотонапонски централи на приватно земјиште, што ќе значи почеток на еден нов инвестициски циклус во делот на обновливите извори на енергија во Република Северна Македонија.

Како што информираше Бектеши, еден од главните приоритети на Владата е подобар квалитет на животот на своите граѓани, а овој приоритет се применува и во енергетскиот сектор преку политики кои овозможуваат промоција на обновливите извори на енергија, како и унапредување на енергетската ефикасност.

(...)

„Сакам да информирам исто така дека со оваа спроведена постапка за фотоволтаици на приватно земјиште и онаа претходно за изградба на 35 мегававати фотонапонски централи на државно земјиште во Свети Николе и Македонски брод која успешно ја спроведовме, во државава ќе се градат вкупно 56 мегавати електрична енергија од обновливи извори од овие два тендери. Дополнително во ноември минатата година АД ЕСМ го потпиша договорот за изградба на 10 мегавати фотоволтаична централа во ТЕЦ Осломеј со компанијата „Гиришим Електрик“, а во февруари годинава беше објавен јавен повик за изградба на фотоволтаична централа од 100 мегавати на просторот на некогашниот рудник за јаглен ТЕЦ Осломеј, која ќе испорачува електрична енергија за 20.000 семејства, кажа министерот.

Според него, со сите овие инвестиции, како и планираната фотоволтаична електрана во РЕК Битола која се проектира на 20 МВ, ќе се постигнеме инсталираната моќност од 200 МВ (...)

vlada.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 06-Jan-2019 at 02:41
Originally posted by

Потпишан договорот за изградба на фотонапонска централа Осломеј
04/01/2019 16:13

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска присуствуваа на потпишување на договор помеѓу директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер, и директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски, за изградба на фотонапонска централа Осломеј.

„Најавивме економска година, и од тој аспект, ова е прекрасна прилика да таа економска година ја ставиме во функција“, рече премиерот Заев на почетокот на своето обраќање по потпишувањето на договорот.

„Значајно е што државата го повлекува првиот чекор, од она што следува, од преку 200 мегавати нови инвестиции во фотоволтаици или фотонапонска мрежа, којашто на повеќе локации низ државата, под раководство на министерството за економија, вицепремиерот Анѓушев и мојот кабинет, односно советниците за енергетика, подготвуваме неколку локации за јавно-приватно партнерство за 200 мегавати, и давање под концесија за сите заинтересирани кои ќе сакаат да инвестираат во ваквите енергетски обновливи извори на енергија“, појасни премиерот Заев.

Овој заем, како што појасни премиерот Заев е прв за ЕЛЕМ без државна гаранција и за него важат целосно пазарни параметри.

„Ова претставува пример како еден скоро заборавен објект, ТЕЦ Осломеј полека ќе го претвориме од загадувачки објект во еколошки објект, кој ќе произведува чиста електрична енергија. Ова се само првите 10 мегавати, за кои потпишуваме договор за финансирање, за да бидат изградени. Таму ќе продолжи градењето и во наредните години со повеќе инсталирана моќност до 30-40 мегавати, како што е предвидено во инвестиционата програма на ЕЛЕМ“, потенцираше вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Министерот за економија Крешник Бектеши подвлече дека имплементацијата на проектот „Фотонапонска централа Осломеј“ ќе го зголеми учеството на обновливи извори на енергија во Република Македонија, со што ќе се придонесе за исполнување на стратешките определби на Република Македонија, согласно меѓународните договори за учество на обновливи извори на енергија. Тој истакна дека ова е важна капитална инвестиција од ЕЛЕМ, која се совпаѓа со заложбите на владата но и со новиот закон за енергетика.

„Мора да се каже дека нема да застанеме тука, ова е само почетокот, ние како министерство за економија, во тесна соработка со кабинетот на премиерот и кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, при крај сме со подготовката на тендерската документација за дополнителна инсталација на 200 мегавати што претходната година ги најавивме и очекуваме да почнат аукциите од февруари оваа година“, рече министерот Бектеши.


https://tv21.tv/mk/potpishan-dogovorot-za-izgradba-na-fotonaponska-tsentrala-oslomej/







Edited by mirakuliks - 06-Jan-2019 at 02:44
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15041
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 26-Apr-2018 at 10:06
На Македонија ѝ се доволни 0,6 отсто од површината за да се снабдува со соларна енергија

Потребно е 160 квадратни километри да бидат прекриени со соларни панели за целосно да се задоволат потребите за струја на македонските граѓани, оценува британската веб-страница Finder.com. Тоа значи 0,6 отсто од површината на државата.



Од Finder.com проценуваат колкава површина секоја држава треба да одвои за поставување на соларни панели за да ги исполни своите енергетски потреби. Според нив, постојат два главни фактори: количината на сончева енергија што земјата ја добива и количината на енергија што ја користи.

„87 отсто од државите можат да се снабдат со електрична енергија користејќи помалку од 5 отсто од нивната територија“, покажува нивното истражување.

На само три места од нивната листа им се потребни повеќе соларни панели од површината што ја имаат: Сингапур (830 отсто), Хонг Конг (213 отсто) и Бахран (156 отсто), бидејќи како што наведуваат од Finder.com, станува збор за мали и густо населени држави.

„Во целост, би ни требале околу 1,1 милиони квадратни метри соларни панели за напојување на целата земја, што е помалку од површината на Јужна Африка. Иако, се разбира, не можеме да ја покриеме Јужна Африка со соларни панели, ако се прошири оваа површина низ светот изгледа како нешто што би можело да се постигне во иднина“, велат од Finder.com.

https://www.radiomof.mk/finder-na-makedonija-%D1%9D-se-dovolni-06-otsto-od-povrshinata-za-da-se-snabduva-so-solarna-energija/
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 19-Mar-2018 at 15:31
Неделава треба да излезе новиот закон за енергетика во кој како што вели Кочо Анѓушев ќе се укинат сите пречки поврзани со производство и продажба на електрична енергија од фотоволтаици.
Државата ќе даде земја и ќе плати за приклучок, а квоти за производство нема да постојат во прв план. Просто изгледа многу и вреди да се истражи и по можност инвестира.
Дали има некој повеќе инфо на оваа тема?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 01-Feb-2016 at 21:46
50kw околу 60к евра. А по која цена, која е постапката и со кого...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.182 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.