Сончева енергија |
Post Reply | Page <12345 8> |
Author | |||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #41 Posted: 27-Jul-2010 at 18:06 | ||||||||
Шпанци сакаат да градат сончеви колектори во Струмица Шпанска компанија е заинтересирана за изградба на колекторски системи
за производство на електрична и топлинска енергија во Струмица.
Претставници на компанијата, која веќе била присутна на енергетскиот
пазар во нашава земја неколкупати ја посетиле општина Струмица и се
интересирале за условите за добивање земјишна парцела од околу 100
хектари во индустриската зона лоцирана меѓу селата Сачево и Градско
Балтовци. |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #42 Posted: 23-Aug-2010 at 11:24 | ||||||||
Во услови на криза пораст од над 100 проценти
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82310109194&id=10&prilog=0&setIzdanie=22066 |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #43 Posted: 07-Sep-2010 at 12:36 | ||||||||
Почеток на градежни работи на централа на соларна енергија во Демир Хисар07 септември 2010, 13:34 Извор: Макфакс
Демир Хисар
Фотоволтаична централа што ќе произведува еден мегават на електрична енергија ќе биде изградена за неколку месеци во месноста Суводол, Демир Хисар. Денеска беше поставен камен темелникот на новата централа, инвестицијата вредна околу 5 милиони евра. ,,Изградбата на една ваква инвестиција, и воедно стимулирање на енергија од обновливи извори, е нешто кое во другите земји се практикува со години. Со над 300 сончеви дена во текот на годината, Демир Хисар е исклучителен регион за искористување на сончевата енергија. Тоа е одличен податок што оди во прилог на изградба на централа на електрична енергија. Секако она што е најголемиот бенефит, е секако заштитата на човековата околина, која е неминовен и значаен фактор за целата држава’’ – изјави претставник на Компанијата АБ Солар. Зад инвестицијата се неколку македонски бизнисмени кои во производство на енергија од обновливи извори гледаат предизвик. Општината Демир Хисар, со оваа нова инвестиција станува енергетски и еколошки центар, кој освен што ќе произведува енергија, ќе се грижи за заштита на човековата околина. ,,Повеќе од задоволни сме дека токму во Демир Хисар, е местото каде се прави една значајна инвестиција, како што е изградба на централа на соларна енергија. Суводол е местото, и точната локација на оваа инвестиција. Место, за кое сметаме дека е идеално пред се заради временските услови, што значи претежно сончеви периоди во текот на цела година. Заштитата на човековата околина, е воедно најголемата придобивка во која гледаме голем позитивен ефект’’ – изјави Градоначалникот на Демир Хисар Г-дин Тони Ангелевски. Македонија е една од земјите што е високо рангирана во Европа, според потенцијалите за искористување на соларната енергија. Иднината на производство на електрична енергија , преку обновливи извори на енергија, допрва доаѓа. Експертите велат дека интересот за изградба на соларни централи во земјата е огромен и во споредба со другите енергенси, кои ги има помалку и стануваат сé поскапи, инвеститорите одлучија да се свртат кон македонското сонце, кое освен што трае бесконечно, го добиваат и бесплатно. Македонија котира високо со користењето обновливи извори на енергија. Сончевата енергија е нова технологија која допрва ќе започне да го опслужува пазарот на енергија. Според Проектот 20 - 20- 20 на ЕУ и Стратегијата за развој на енергетиката, до 2020 година дури 20 проценти од потребите за електрична енергија треба да се произведуваат од обновливи извори на енергија. Според експертските анализи, со користење на сончевата енергија во земјата, годишно може да се заштедат минимум 32 милиони евра, колку што чинат и давачките за отворање 6.874 нови работни места./крај/со http://www.makfax.com.mk/_home/home#115588 |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #44 Posted: 07-Sep-2010 at 12:38 | ||||||||
Edited by lslcrew - 07-Sep-2010 at 13:28 |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #45 Posted: 15-Sep-2010 at 20:36 | ||||||||
Во Радовиш се гради фотонапонска централа
Радовиш
- Фирмата „Алфа инжињеринг“ од Радовиш почна со изградба на
фотонапонска централа, која годишно ќе произведува од 70 до 80
мегаватчасови електрична енергија, инвестиција вредна 240.000 евра.
Сопственикот на фирмата Ацо Ристов изјави дека во моментов се поставува
металната конструкција над постоечкиот објект на фирмата. На покривот ќе
бидат поставени 256 сончеви панели.
- Идејата за изградба на фотонапонска централа е резултат на новите
текови и примената на алтернативната енергија. Сметам дека оваа
инвестиција ќе биде исплатлива, рече Ристов.
Тој додаде дека обезбедени се сите документи за привремена лиценца, а по
изградбата на фотонапонската централа ќе следи и добивање на трајна
лиценца за производство на електрична енергија. |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #46 Posted: 25-Sep-2010 at 18:14 | ||||||||
Голем интерес за инвестирање во соларна енергијаИако правилникот за повластени производители на електрична енергија предвидува изградба на соларни станици до максимум 8 мегавати, од регулаторна издадени се дозволи за капацитети од 8,7 мегавати. Според директорот на Агенцијата за енергетика интерес за вложување во секторот има и веќе се надминати предвидените квоти. Но незнае што ќе се случи со оние што веќе вложуваат по околу 3 милиони евра за изградба на соларна електрана, а на крај нема да влезат во регистарот и ќе останат без лиценца за повластен производител. Гечевски вели дека потребно е да се направи предрегистар за да се знае кој воопшто ќе може да започне со градба. И од советот за евроинтеграции велат иако декларативно се барат инвеститори, онаму каде што сакат да вложат не им се дозволува. Загарантираната цена неколкупати се намалува што делува демотивирачки врз бизнисот. Од започнатите 8, шест се градат со домашен а останатите две со странски капитал. Според елаборатите кога започнале имале загарантирана цена од 460 евра за мегават час во наредните 20 години при што инвестицијата ќе била вратена за 5 до 7 години. Сега цената е намалена на 260 евра и 15 години гаранција за повластен производител со што периодот за повратокот на средствата е двојно зголемен при што изградбата на соларни станици ја прави неатрактивна. http://www.time.mk/read/NONE/f503ec2f82/index.html |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #47 Posted: 10-Jan-2011 at 16:42 | ||||||||
Сонцето се враќа во македонските домови
|
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #48 Posted: 18-Feb-2011 at 13:58 | ||||||||
Наскоро соларна централа во Илинден
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21811921444&id=14&prilog=0&setIzdanie=22210 |
|||||||||
OCB
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
Quote Reply #49 Posted: 21-May-2011 at 13:41 | ||||||||
Италијански фирми ќе ги користат сончевите зраци во Кочанско
Во Кочани во тек се подготовките на теренот меѓу селата Горни и Долни Подлог каде треба да биде инсталирана опрема за искористување на сончевата енергија. Од сончевите зраци се планира производство на електрична енергија. Проектот е на неколку италијански фирми кои се подготвени за експериментално производство на електрична енергија од сончеви колектори, при што за кратко време се очекува да се сумираат остварените резултати за да можат да се изготват соодветни проекти за континуирано производство. Доколку се исполнат очекувањата, Италијанците најавуваат изградба на фабрика за сончеви колектори во Кочани. Ова е втор проект на општина Кочани за алтернативна енергија, по заокружениот систем за искористување на геотермалните води. Доколку очекувањата бидат исполнети, по забрзана постапка ќе следува потпишување на неопходните договори со општината, а потоа и со изградба на капацитетот за производство на сончеви колектори. Покрај Италијанците во овој проект е вклучена и домашна фирма која соработува со соодветни партнери во Украина од оваа област. Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски изјави дека општината забрзано ја работи постапката околу урбанизацијата на просторот меѓу Макпетрол и село Тркање каде се предвидува изградба на фабриката за сончеви колектори. http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/italijanski-firmi-ke-gi-koristat-sonchevite-zraci-vo-kochansko |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #50 Posted: 18-Jul-2011 at 07:59 | ||||||||
Инвеститорите најзагреани за вложување во соларната енергија18.07.2011 | Автор: Сител
Од Агенцијата за енергетика велат дека досега во предрегистарот влегле компании кои сакаат да градат електрани со вкупен капацитет од 44 мегавати.Но според Лазар Гечевски со правилникот предвидени се лиценци за повластени производители на струја за само 8 мегавати. Тој очекува новата влада да ја зголеми квотата, бидејќи само досега издадени се решенија на 16 фирми кои веќе стартувале со градба. Најголем дел од заинтересираните се странски инвеститори. Но Гечевски додава дека во последниот период и домашните компании сакаат да инвестираат во обновливите извори на енергија. Од започнатите 16, дури 10 сончеви електрани се градат со странски, а останатите шест со домашен капитал. Според елаборатите кога започнале имале загарантирана цена од 460 евра за мегават час во наредните 20 години при што инвестицијата би била вратена за 5 до 7 години. Сега цената е намалена на 260 евра и 15 години гаранција за повластен производител со што периодот за повратокот на средствата е двојно зголемен при што изградбата на соларни станици според оваа математика ја прави неатрактивна. http://www.time.mk/read/NONE/69577c1a9f/index.html |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #51 Posted: 25-Jul-2011 at 18:33 | ||||||||
Штип ја чека првата централа на сончева енергија Привршува монтажата на фотоволтаичните ќелии на површина од 9.000 квадратни метри Иван Бојаџиски |
|||||||||
build.mk
Senior Member Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
Quote Reply #52 Posted: 03-Aug-2011 at 22:45 | ||||||||
|
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #53 Posted: 19-Aug-2011 at 14:52 | ||||||||
Петок, 19 Август 2011 14:56
Сподели16
Споделете ја веста со Вашите пријатели Во атарот на кочанското село Соколарци започна инсталирањето на системот за производство на електрична енергија. Се стартува со две единици со моќност од по 50 киловат часови електрична енергија.- Прво ја подготвуваме површината и ги изградивме бетонските подлоги. Тие ќе служат како основа или фундаменти на кои ќе се постават фотоволтажните рамки и ќе се инсталира системот кој практично ќе функционира автоматски. ќе стартуваме со две единици со моќност од по 50 киловат часови електрична енергија. Предностите се во тоа што струјата ќе се произведува во Соколарци, во непосредна близина на потрошувачите и ќе се избегне преносот и скапите далноводи. Освен тоа изобилството сончева енергија ќе се ефектуира на најнепосреден и профитабилен начин, вели Горанчо Јованов, еден од инвеститорите. Иако нема официјални податоци за пројавен интерес за нови вакви инвестиции, неколку локални бизнисмени се подготвуваат да ги вложат своите средства токму во вакви проекти. Според пресметките, вложеното се враќа за три до пет години, а потоа над десетина години се остварува солиден профит. http://kurir.mk/republika/opstini/39751-Vo-kocansko-ke-se-proizveduva-struja-od-Sonce- |
|||||||||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #54 Posted: 29-Aug-2011 at 17:33 | ||||||||
@ Makedon PV
Добредојде Оваа секција на форумот е за енергетскиот сектор, а со тоа и нишкава е за соларни електрани и слично. За искористување на сончевата енергија во индивидуални куќи, посоодветна е следнава нишка: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=342 Твоите постови и репликите кои следеа ги префрлив таму |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #55 Posted: 01-Sep-2011 at 07:50 | ||||||||
АндреЈ Мласко, сопственик и директор на „М-ЛАН СловениЈа“ Инвестирајте во сонцето Македонија има 1.400 сончеви часа годишно, односно има 50 отсто подобри услови во однос на Словенија или други земји на поранешна Југославија за инвестиции во алтернативни извори на енергија, вели Мласко Македонија не произведува ниту еден мегават електрична енергија од
соларни централи, а има поголем потенцијал од многу земји во регионот.
Вашата земја има 1.400 сончеви часа годишно, односно има 50 отсто
подобри услови во однос на Словенија или други земји на поранешна
Југославија за инвестиции во алтернативни извори на енергија - објаснува
Андреј Мласко, сопственик и директор на „М-ЛАН Словенија“ која планира
да инвестира во соларни централи во земјава. |
|||||||||
ATC@LWSK
Newbiе Joined: 12-Dec-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #56 Posted: 04-Sep-2011 at 19:02 | ||||||||
Два огромни соларни проекти се договараат северно и јужно од МакедонијаСеверно и јужно од Македонија, во Србија и Грција, и тоа во двата случаи прилично блиску до нашата северна и јужна граница, се подготвуваат два огромни проекти за изградба на енергетски капацитети за искористување на сончевата енергија. И двата проекти се големи и долгорочни инвестиции при што се спомнуваат суми од стотици милиони до милијарди евра. Во првиот проект, на југот на Србија, голема кинеска компанија ќе прави соларна електрана, а потоа и фабрика за производство на соларни панели за потребите на европскиот континент. Во вториот случај, кој се уште е во почетна фаза, во Грција, со германски пари ќе се гради толку голем соларен капацитет што се очекува да ја замени изгубената енергија на Германија откако оваа земја се откажа од своите нуклеарки по јапонскиот земјотрес и инцидентот во атомската централа Фукушима. Најголема инвестиција во историјата на југот од Србија Голема кинеска приватна компанија планира во период од 10 години да го претвори Врање во еден од неколкуте големи центри за соларна енергија во Европа. Челниците на градот го држат во тајност името на компанијата, но тврдат дека инвестицијата е сигурна. Минатата недела, без присуство на јавноста, за оваа зделка беше потпишан протокол за намери од страна на градоначалникот Мирољуб Стојчиќ и претставникот Стивен Хоу, менаџер на кинеската компанија. Повеќе детали ќе бидат познати на 12 септември, јавуваат српските медиуми, кога во градот е договорено официјално потпишување на договор за зделката во која, само во првата фаза, ќе бидат инвестирани дури 300 милиони евра. Тогаш во Врање треба да пристигнат челниците на компанијата од Кина, претставници на Кинеската развојна банка, која ќе го финансира проектот, и претставници на Кинеската амбасада во Белград. - Ова ќе биде најголема инвестиција во историјата на Врање, која треба од темел да ја измени неговата стопанска структура и значително да влијае врз развојот на југот на Србија – изјави градоначалникот Стојчиќ по повод потпишувањето на меморандумот. Градоначалникот истакна и дека за српски поимања, станува збор за многу голема компанија, која вакви проекти успешно спроведува во Европа и светот. - Оваа компанија денес во неколку големи електрани произведува повеќе соларна енергија, отколку што Србија произведува електрична енергија – вели Стојчиќ. Тој додаде и дека иако самата вест, а особено сумата како бомба одекнале кога биле објавени, сепак, зделката со кинескиот партнер е подготвувана далеку од очите на јавноста во период од 15 месеци. Кинезите се заинтересирале за Врање откако откриле дека регионот има 276 сончеви денови годишно. - Во првата фаза, во следните 5 години, во Врање ќе биде изградена соларна електрана со вкупна моќ од 105 мегавати, која ќе ја сочинуваат соларни инсталации на површина од 500 хектари – изјави Бобан Станковиќ, помошник на градоначалникот за економски прашања за српските медиуми. Тој дополни и дека на изградбата на соларната електрана ќе работат 500 лица, а ќе ја градат српски градежни компании. Во втората фаза, која треба да започне веднаш откако соларната електрана ќе биде вклучена во енергетскиот систем, Кинезите во Врање треба да изградат голема фабрика за фото напонски панели, рече Станковиќ, додавајќи дека капацитетите на таа фабрика, бројот на вработените и цената на инвестицијата се се уште тајна, но Кинезите планираат фабриката да ги снабдува европските купувачи на соларни панели. За потребите на оваа зделка, која треба да трае барем 10 години, кинеските партнери од Пекинг, во Белград регистрирале 2 компании со седиште во Врање. Проект распослан на 200 километри квадратни И Грција гледа кон сонцето за да изнајде план кој би и помогнал да излезе од длабоките економски проблеми, а во ова би требало да и помогнат Германија и Европската унија. Дневниот весник „Та Неа“ објави дека огромен проект во вредност од дури 20 милијарди евра би можел да отвори неверојатни 60 илјади работни места во земјата преку искористување на насекаде достапната во Грција сончева енергија, која потоа би се се испраќала во Германија. Имено, на најголемата европска економија и се брза да ги замени изворите на енергија за своите потреби со оглед на одлуката за забрзано затворање на нуклеарните реактори по земјотресот во Јапонија и нуклеарната криза која следеше во тамошната атомска централа, „Фукушима.“ Весникот пишува дека за планот наречен „Проект Хелиос“ расправале грчкиот министер за животна средина, Јоргос Папаконстантину и германскиот заменик министер за економија, Штефан Капферер, во Атина неделава. Од друга страна, „Интернешнл Хералд Трибјун“ (ИХТ) објави дека проектот цели кон достигнување на производен капацитет од 10 гигавати електрична енергија, што би претставувало исто количество на енергија како она што го произведува Јавната корпорација за електрична енергија, главната грчка енергетска компанија, а кое изнесува 10,2 гигавати. За проектот, според ИХТ, ќе бидат неопходни 200 километри квадратни јавно земјиште. И, покрај субвенционираните цени за соларната енергија, таа досега споро се развиваше во Грција, со оглед на тоа што земјата се справува со долгови и рецесија. Сепак, во јануари земјата објави планови за изградба на 200 мегаватен фотоволтаичен соларен парк, кој се очекува да чини 807 милиони долари и тоа врз искористените рудници на лигнит во Кожани, гратче на северот на Грција. Инаку, и РЕК Битола го користи истото наоѓалиште на лигнит за својата термоцентрала, но посеверно, на македонска територија. Според извештајот на Европската асоцијација на индустријата за производство на фотоволтаици, (ЕПИА), Грција во моментов има инсталирано соларни енергетски капацитети од 206 мегавати. Владата има поставено цели за достигнување на количество од 2,2 гигавати до 2020 година, од кои 1,27 гигавати треба да бидат инсталирани и вклучени во електричната мрежа до 2015 година. Од друга страна, Германија на крајот од 2010 година имаше инсталирано соларни капацитети од 7,4 гигавати, но планира оваа бројка да се зголеми до високите 51 гигавати до 2020 година. Германско-грчкиот проект се смета како еден од начините да се засили грчката економија преку нова индустрија, додека истовремено и би и се помогнало и на Германија да ја обезбеди својата енергетска иднина без нуклеарна енергија. Извор: http://www.plusinfo.mk/vest/14033/Dva-ogromni-solarni-proekti-se-dogovaraat-severno-i-juzhno-od-Makedonija |
|||||||||
bojm
Newbiе Joined: 18-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #57 Posted: 13-Sep-2011 at 18:19 | ||||||||
Навистина е трагично ѕа пасивна кука ( која сама се греела и се ладела !!!) да ѕборува лице кое нема нити стручно обраѕование нити познаванје за темата!! Од новини и телевиѕија читање и гледанје таква тема не се учи. Учте потрагично е нивни мисленја да се објавуваат и на тој начин погречните информаци да стигаат до ѕаинтересираните лица. |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #58 Posted: 29-Sep-2011 at 13:54 | ||||||||
Словенечка соларна електрана во МакедонијаСоларна енергијаМариборската фотоволтажна фирма „М ЛАН“ наредната недела во управната зграда во скопскиот саем, пред почетокот на саемот „Технома“ ќе постави соларна електрана од пет киловати, вредна околу 15.000 евра. До крајот на годината претпријатието ќе опреми уште неколку објекти, а своето работење сакаат да го прошират и во другите држави на поранешна СФРЈ, најави директорот Андреј Мласко. „М ЛАН“ во Макдонија ја основа фирмата ќерка „М ЛАН СОЛАР“, низ која ќе се опремат и останатите згради на саемот со соларна енергија. Мласко појаснува дека Македонија годишно има 1.400 часа сонце со што за периодот од 15 години е осигурана „фид-ин“ тарифата. http://www.time.mk/read/8819232903/2e14272b2a/index.html |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #59 Posted: 19-Oct-2011 at 11:05 | ||||||||
Десет инвеститори чекаат да ги огрее сонце
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1018112130311&id=10&prilog=0&setIzdanie=22409 |
|||||||||
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #60 Posted: 09-Nov-2011 at 12:38 | ||||||||
Владата кочи изградба на приватни сончеви централи и ветернициКатерина ПопоскаВладата не дозволува да се инвестира во сончеви централи и ветерници затоа што девет месеци не носи уредба на Законот за енергетика, која треба да го стави новото законско решение во функција. Сега се стопирани сите инвестиции во оваа област. Подзаконските акти, кои ги носат Владата и Регулаторната комисија за енергетика, треба да прецизираат за колкава вкупна инсталирана моќност на соларни централи и ветерници државата ќе дозволи повластена тарифа за производителот. По донесувањето на Законот за енергетика во февруари годинава престанаа да важат старите правилници на Регулаторната комисија за енергетика, а нови не се донесени. Тоа значи дека новите инвеститори не може да градат енергетски објекти, а трите веќе изградени капацитети со вкупна инсталирана моќност од 2.300 киловати не може да станат повластени производители на струја од сончеви централи. Зошто надлежните државни институции создаваат ваков правен вакуум кога се знае дека домашното производство на струја е клучно за надминување на енергетската криза со која се соочува Македонија? По донесувањето на Законот за енергетика во февруари годинава престанаа да важат старите правилници на Регулаторната комисија, а нови не се донесени. Не се усвоени ни преодните одредби, кои ќе овозможат да продолжи изградбата на веќе почнатите енергетски капацитети, кои сега немаат лиценца за да бидат повластени производители. Новиот Закон за енергетика налага до 30 јуни годинава Владата да ги има донесено новите уредби за големината на инсталираните капацитети кои ќе произведуваат струја по повластена тарифа и за висината на фидинг-тарифата, која лани два пати се коригираше и се намали за дури 15 евроценти за инсталиран киловат. Откако ќе се донесе уредбата, РКЕ треба да донесе правилници за производство на струја од сончеви централи, ветерници и биомаса по повластена тарифа. Со нив секој инвеститор ќе знае колкава е субвенционирата цена од државата. Токму фидинг-тарифата е одлучувачка дали некој инвеститор ќе гради соларна централа или ветерница во Македонија или во странство, бидејќи со неа ја пресметува исплатливоста на проектот. Инвеститорите заглавени, парите заробениПроблеми поради кои е неатрактивно производството на струја од сончева енергијадевет месеци Владата не носи подзаконски акти со кои ќе се утврди фидинг-тарифа и вкупен капацитет кој ќе добие повластена тарифа за производство на струја од обновливи извори; често се менува повластената тарифа, па инвеститорите не можат да ја измерат исплатливоста на проектот; ниска повластена тарифа од 26 евроценти за киловат-час струја, со што инвестицијата се враќа за најмалку девет години; административни лавиринти, наместо едношалтерски систем. Потенцијалните инвеститори кои сакаат да градат или веќе почнале постапка за добивање одобрение за градба негодуваат поради инертноста на државата. Се жалат дека веќе зеле кредит од банка, а инвестицијата им виси во воздух. “Владата вели дека ќе поттикнува искористување на обновливи извори на енергија, а нема повластена фидинг-тарифа за соларни централи. И сега целата инвестиција ни виси. Не знаеме дали ќе се коригираат квотите за вкупната инсталирана моќност за повластени производители, која досега беше ограничена на 10 мегавати. Не знаеме ни дали ќе се коригираат повластените тарифи. Потребен е правилник во кој ќе се каже која е постапката за еден инвеститор да почне да гради за да знаеме дали да влегуваме во проектот или не. До донесувањето на новиот Закон важеше стариот правилник, според кој со одобрението за градба се стекнуваш со фидинг-тарифа“, вели за “Капитал“ потенцијален инвеститор во електрана од обновливи извори на енергија. Кои услови треба да се исполнат за повластен производител на струја од обновливи извори?околу 20 документи; одобрение за градба од општината (за помал капацитет) или од Министерството за економија (за поголем капацитет); три лиценци од РКЕ - една за производител на струја, предлиценца и лиценца за повластен производител; употребна дозвола од Агенцијата за енергетика откако ќе се изгради централата; договор со МЕПСО за исплаќање повластена тарифа. Во септември 2008 година Регулаторната комисија одлучи за сончеви централи до 50 киловати да важи фидинг-тарифа од 46 евроценти за киловат-час предадена струја. За електрани до еден мегават важеше повластена тарифа од 41 евроцент. Лани двапати ја намали оваа тарифа на 26 евроценти за киловат-час за електрани до 50 киловати и на 30 евроценти до еден мегават. Со тоа ја намали атрактивноста на овие проекти. Доказ дека државата ги попречува инвеститорите стигнува и од Агенцијата за енергетика. Директорот, Лазар Гечевски, вели дека поради законските проблеми, тројца инвеститори се заглавени во државните административни лавиринти и не може да добијат лиценца за повластени производители на струја од сончеви централи. “Нема подзаконски акти, а не се донесени од неколку субјективни и објективни причини. Инвеститорите се доведуваат во заблуда. Со несреќно донесениот правилник од Министерството за економија и неносењето на подзаконските акти инвеститорите се спречуваат да инвестираат и не знаат која ќе биде повластената цена, со која за не повеќе од осум години треба да го вратат капиталот што го зеле од банка. Повластената тарифа неколку пати се намали, а има најави дека може уште да се намалува. Можно е со новите уредби новите повластени тарифи да овозможуваат поврат на инвестицијата за 11-13 години. Фактот дека лиценцата за повластен производител се дава за 15 години покажува дека инвеститорот веќе е на прагот на рентабилност. Ова ќе значи и крај на влегувањето на нови инвеститори во обновливи извори на енергија“, вели Гечевски. Од министерството за економија велат дека со техничка помош од УСАИД изготвиле уредба за повластени тарифи за производителите на струја од обновливи извори и таа е во владина процедура. Немаат информација кога документот ќе помине на владина седница. |
|||||||||
Post Reply | Page <12345 8> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |