build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Сончева енергија
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончева енергија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 27-Jul-2010 at 18:06

Шпанци сакаат да градат сончеви колектори во Струмица

Шпанска компанија е заинтересирана за изградба на колекторски системи за производство на електрична и топлинска енергија во Струмица. Претставници на компанијата, која веќе била присутна на енергетскиот пазар во нашава земја неколкупати ја посетиле општина Струмица и се интересирале за условите за добивање земјишна парцела од околу 100 хектари во индустриската зона лоцирана меѓу селата Сачево и Градско Балтовци.

На таа тема се разговарало и за време на неодамнешната средба меѓу градоначалникот Зоран Заев со шпанскиот амбасадор во земјава Хозе Мануел Паз Агерас.

За парцелата кај Сачево, која се протега на околу 400 хектари, порано беше заинтересирана и грчката мултинационална компанија „Стијафилко“ за изградба на четири фабрики во кои требаше да се вработат околу 1.500 лица, но поради високите цени таа се откажала од овој проект. За изградба на сончеви колектори беа заинтересирани и компании од Словенија и од други европски земји.

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=970C478A261EBE47BD2F5FD3A52F85E9&arc=1
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 23-Aug-2010 at 11:24

Во услови на криза пораст од над 100 проценти


Во Македонија има потенцијал за отворање 3.000 нови работни места само во секторот на сончевата енергија, тврдат експертите

 
 
%20  
Додека глобалната економија е срушена на колена поради рецесијата, една индустриска гранка бележи енормен пораст и над 100 проценти во светски рамки. Во најновиот извештај на АЕЕ, германски институт за одржливи технологии, обновливите извори на енергија се посочуваат како најперспективна гранка на која очигледно економската кризата не и може ништо. Трендот на пораст во оваа дејност се зголемува од година во година, и освен во развиените земји, значителен пораст е забележан и во најсиромашните земји, како Кенија, Танзанија, Коста Рика, се вели во извештајот.

- Само минатата кризна 2009 година соларниот сектор бележи пораст од 53 проценти, ветерната енергија 32 проценти, колекторите за топла вода 21 процент, геотермалната енергија 4 проценти, хидроенергијата 3 проценти.

И финансиските институции го открија својот интерес и ги зголемија средствата за вакви проекти од 2 милијарди долари во 2008, на 5 милијарди долари во 2009 година- вели Вернер Веис од АЕЕ. Каде е Македонија во целата оваа приказна и каква е состојбата кај нас? Експертите се поделени. За дел од нив воопшто не заостануваме зад ваквите светски трендови, додека други пак сметаат дека сме сé уште далеку. Искористувањето на соларната енергија и кај нас бележи огромен пораст за што доказ се поднесените 57 барања за изградба на сончеви централи. Претежно се работи за странски инвеститори (35), но има и мешано домашно странски фирми, велат од Агенцијата за енергетика. До пред некоја година во земјава немаше ниту една сончева централа. Македонија, како и останатите развиени земји, има донесено повластени тарифи за производство на енергија од обновливи извори. Во земјава значително е зголемен и бројот на доделени локации за изградба на мали хидроцентрали.

- Во овој сегмент сме лидери во регионот и советодавна помош веќе побара Косово - вели министерот за економија Фатмир Бесими. Од ЕЛЕМ велат дека работат и на изградба на првиот ветерен парк во Богданци за што се извршени сите испитувања и анализи. Според Сања Поповска Василевска од здружението „Солар“ податоците за порастот не се однесуваат и за Македонија.

- Кај нас прво нема официјални податоци за оваа индустрија. Овие порасти во светот се резултат на финансиската поддршка за обновливата енергија. Во Македонија единствено постои интерес за фотонапонски централи за производство на струја, меѓутоа тој капацитет е веќе пополнет, што значи има ограничување на капацитетите. Ветерници досега нема инсталирано - нагласува Василевска. Таа смета дека во Македонија има потенцијал за отворање 3.000 нови работни места само во секторот на сончевата енергија. За ова треба поволни кредити, како и да се одземе од данокот на профит до 30 проценти, како на пример во Франција, додава таа. Потребна е и база за проверка и мерење на енергетската добивка. Таков систем не постои кај нас, појаснува Василевска. Наспроти поборниците на соларната и ветерната енергија, не е мал и бројот на оние што сметаат дека со поддршка на овие сектори државата троши народни пари за бадијала.

- Со субвенционирање си правиме лоша услуга. Тие пари ќе мора да се дадат од џебот на граѓаните, што ќе повлече и поскапување на струјата.

Кој ќе ја плати таа енергија што тие ќе ја произведат? Државата од џебот на граѓаните. Цената на произведен час енергија од сонце или ветер е доста поскапа во споредба со енергијата добиена од РЕК „Битола“ на пример - вели нашиот соговорник, кој преферира да остане анонимен. Државата во последните неколку месеци двапати ја намали повластената тарифа за добивање енергија од сонцето.
 
 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82310109194&id=10&prilog=0&setIzdanie=22066
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 07-Sep-2010 at 12:36

Почеток на градежни работи на централа на соларна енергија во Демир Хисар

Автор:
07 септември 2010, 13:34
Извор: Макфакс
Демир Хисар

Фотоволтаична централа што ќе произведува еден мегават на електрична енергија ќе биде изградена за неколку месеци во месноста Суводол, Демир Хисар. Денеска беше поставен камен темелникот на новата централа, инвестицијата вредна околу 5 милиони евра.

,,Изградбата на една ваква инвестиција, и воедно стимулирање на енергија од обновливи извори, е нешто кое во другите земји се практикува со години. Со над 300 сончеви дена во текот на годината, Демир Хисар е исклучителен регион за искористување на сончевата енергија. Тоа е одличен податок што оди во прилог на изградба на централа на електрична енергија. Секако она што е најголемиот бенефит, е секако заштитата на човековата околина, која е неминовен и значаен фактор за целата држава’’ – изјави претставник на Компанијата АБ Солар.

Зад инвестицијата се неколку македонски бизнисмени кои во производство на енергија од обновливи извори гледаат предизвик. Општината Демир Хисар, со оваа нова инвестиција станува енергетски и еколошки  центар, кој освен што ќе произведува енергија, ќе се грижи за  заштита на човековата околина.

,,Повеќе од задоволни сме дека токму во Демир Хисар, е местото каде се прави една значајна инвестиција, како што е изградба на централа на соларна енергија. Суводол е местото, и точната локација на оваа инвестиција. Место, за кое сметаме дека е идеално пред се заради временските услови, што значи  претежно сончеви периоди во текот на цела година. Заштитата на човековата околина, е воедно најголемата придобивка во која гледаме голем позитивен ефект’’ – изјави Градоначалникот на Демир Хисар Г-дин Тони Ангелевски.

Македонија е една од земјите што е високо рангирана во Европа, според потенцијалите за искористување на соларната енергија. Иднината на производство на електрична енергија , преку обновливи извори на енергија, допрва доаѓа. Експертите велат дека интересот за изградба на соларни централи во земјата е огромен и во споредба со другите енергенси, кои ги има помалку и стануваат сé поскапи, инвеститорите одлучија да се свртат кон македонското сонце, кое освен што трае бесконечно, го добиваат и бесплатно.

Македонија котира високо со користењето обновливи извори на енергија. Сончевата енергија е нова технологија која допрва ќе започне да го опслужува пазарот на енергија. Според  Проектот  20 - 20- 20 на ЕУ и Стратегијата за развој на енергетиката, до 2020 година дури 20 проценти од потребите за електрична енергија треба да се произведуваат од обновливи извори на енергија.

Според експертските анализи, со користење на сончевата енергија во земјата, годишно може да се заштедат минимум 32 милиони евра, колку што чинат и давачките за отворање 6.874 нови работни места./крај/со

http://www.makfax.com.mk/_home/home#115588

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 07-Sep-2010 at 12:38



Edited by lslcrew - 07-Sep-2010 at 13:28
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 15-Sep-2010 at 20:36
Во Радовиш се гради фотонапонска централа fotonaponska-centrala.jpgРадовиш - Фирмата „Алфа инжињеринг“ од Радовиш почна со изградба на фотонапонска централа, која годишно ќе произведува од 70 до 80 мегаватчасови електрична енергија, инвестиција вредна 240.000 евра. Сопственикот на фирмата Ацо Ристов изјави дека во моментов се поставува металната конструкција над постоечкиот објект на фирмата. На покривот ќе бидат поставени 256 сончеви панели.

 

- Идејата за изградба на фотонапонска централа е резултат на новите текови и примената на алтернативната енергија. Сметам дека оваа инвестиција ќе биде исплатлива, рече Ристов. Тој додаде дека обезбедени се сите документи за привремена лиценца, а по изградбата на фотонапонската централа ќе следи и добивање на трајна лиценца за производство на електрична енергија.

- Придобивките од изградбата на централата се намалување на СО2, а со продажбата на електричната енергија, фирмата „Алфа инжињеринг“ инвестицијата ќе може да ја исплати за шест години, истакна Ристов и потенцираше дека фотонапонската централа ќе произведува електрична енергија, која годишно ќе може да ги покрие потребите на градот за уличното осветлување. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2586&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 25-Sep-2010 at 18:14

Голем интерес за инвестирање во соларна енергија

Иако правилникот за повластени производители на електрична енергија предвидува изградба на соларни станици до максимум 8 мегавати, од регулаторна издадени се дозволи за капацитети од 8,7 мегавати.

Според директорот на Агенцијата за енергетика интерес за вложување во секторот има и веќе се надминати предвидените квоти.

Но незнае што ќе се случи со оние што веќе вложуваат по околу 3 милиони евра за изградба на соларна електрана, а на крај нема да влезат во регистарот и ќе останат без лиценца за повластен производител.

Гечевски вели дека потребно е да се направи предрегистар за да се знае кој воопшто ќе може да започне со градба.

И од советот за евроинтеграции велат иако декларативно се барат инвеститори, онаму каде што сакат да вложат не им се дозволува. Загарантираната цена неколкупати се намалува што делува демотивирачки врз бизнисот.

Од започнатите 8, шест се градат со домашен а останатите две со странски капитал. Според елаборатите кога започнале имале загарантирана цена од 460 евра за мегават час во наредните 20 години при што инвестицијата ќе била вратена за 5 до 7 години.

Сега цената е намалена на 260 евра и 15 години гаранција за повластен производител со што периодот за повратокот на средствата е двојно зголемен при што изградбата на соларни станици ја прави неатрактивна.

http://www.time.mk/read/NONE/f503ec2f82/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 10-Jan-2011 at 16:42

Сонцето се враќа во македонските домови


Експертите бараат субвенциите за соларни колектори да се прошират и на другите извори на обновлива енергија

 
 
%20  
По едногодишна пауза Министерството за економија ги враќа субвенциите од 300 евра за граѓаните што ќе вградат сончеви колектори во своите домови. Оваа мерка беше окарактеризирана како една од најуспешните досега бидејќи побуди и најголем интерес меѓу граѓаните. Поради рецесијата, субвенциите лани беа укинати.
- За 2011 година се предвидени 6 милиони денари со кои треба да се опфатат над 300 семејства. Во моментот се работи на условите на јавниот оглас, според кој нема да може да конкурираат лицата што претходно добиле субвенција по оваа основа - ни изјави Селвет Барути, портпарол во Министерството за економија. Таа потврдува дека има многу заинтересирани граѓани од целата држава за користење на оваа мерка. Сепак, за разлика од 2009 година, кога беа одобрени 9 милиони денари, годинава субвенциите се намалени на 6 милиони денари. Со вградување на овие системи значително се намалува потрошувачката на електрична енергија и се заштитува животната средина од загадување. ЕУ веќе им наложи на своите членки и кандидати за членство до 2020 година најмалку 20 проценти од потребите за енергија да обезбедат од обновливи извори на енергија. Експертите ја поздравуваат одлуката на власта, но бараат нејзино проширување и на другите обновливи извори на енергија.

- Треба да се вклучат и другите извори на енергија. Зошто да се онеправда термалната енергија, каде што со геотермалните топлински пумпи може да се добие и поголем коефициент на искористување на енергијата - смета Константин Димитров, од Центарот за енергетска ефикасност.

Оттаму нагласуваат дека е потребна поголема едукација на стопанските субјекти за користење на поволните кредитни линии од меѓународните институции. Да се вложи еден денар во енергетска ефикасност е исто како да се вложат два или три денари во производство на енергија, тврдат од МАЦЕФ. Компаниите што се занимаваат со вградување на сончеви колектори предлагаат субвенции да добијат сите граѓани што ќе се јаваат на огласот, а не само првите 500, како што беше досега. Просечната цена на чинење на еден сончев колекторски систем за едно домаќинство изнесува околу 650 евра, инвестиција што се враќа преку заштедите на сметките за струја. Според стручните анализи, доколку 500.000 домаќинства во Македонија вградат сончеви колекторски системи би се заштедиле близу 97 милиони евра годишно. Хаваи е првата држава во светот каде што со закон е регулирано искористувањето на сончевата енергија и секој новоизграден дом мора да има сончев колектор. Во Израел во 90 отсто од домовите се инсталирани вакви системи. Државите од ЕУ, пак, користат различни мерки за стимулирање на граѓаните и најчесто тоа се грантовите, поволни кредити, даночни олеснувања итн.
 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1101191077&id=10&prilog=0&setIzdanie=22177
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 18-Feb-2011 at 13:58

Наскоро соларна централа во Илинден


Фирмата „Алтернатив енерџи-М“, која е дел од германската „Блунергс АГ“, наскоро, во општината Илинден ќе почне да ја гради првата соларна централа со моќност од еден мегават

 

 
%20  
Централата ќе биде лоцирана во селото Ајвотовци, на површина од два хектара. Реализацијата на овој проект е од големо значење за општината, затоа што станува збор за чиста и алтернативна енергија. Со централата ќе се подобри и енергетската состојба во општината, а ќе се отвори и можност за тргување со „зелената енергија“, како што налагаат европските стандарди. Овој проект е дел од напорите на општината Илинден за заштита на животната средина, намалување на емисијата на штетни гасови, со примена на алтернативни обновливи извори на енергија.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21811921444&id=14&prilog=0&setIzdanie=22210
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 21-May-2011 at 13:41
Италијански фирми ќе ги користат сончевите зраци во Кочанско

Во Кочани во тек се подготовките на теренот меѓу селата Горни и Долни Подлог каде треба да биде инсталирана опрема за искористување на сончевата енергија. Од сончевите зраци се планира производство на електрична енергија.

Проектот е на неколку италијански фирми кои се подготвени за експериментално производство на електрична енергија од сончеви колектори, при што за кратко време се очекува да се сумираат остварените резултати за да можат да се изготват соодветни проекти за континуирано производство. Доколку се исполнат очекувањата, Италијанците најавуваат изградба на фабрика за сончеви колектори во Кочани.

Ова е втор проект на општина Кочани за алтернативна енергија, по заокружениот систем за искористување на геотермалните води.

Доколку очекувањата бидат исполнети, по забрзана постапка ќе следува потпишување на неопходните договори со општината, а потоа и со изградба на капацитетот за производство на сончеви колектори.

Покрај Италијанците во овој проект е вклучена и домашна фирма која соработува со соодветни партнери во Украина од оваа област.

Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски изјави дека општината забрзано ја работи постапката околу урбанизацијата на просторот меѓу Макпетрол и село Тркање каде се предвидува изградба на фабриката за сончеви колектори.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/italijanski-firmi-ke-gi-koristat-sonchevite-zraci-vo-kochansko
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 18-Jul-2011 at 07:59

Инвеститорите најзагреани за вложување во соларната енергија

18.07.2011 | Автор: Сител
Инвеститорите%20најзагреани%20за%20вложување%20во%20соларната%20енергија

Од Агенцијата за енергетика велат дека досега во предрегистарот влегле компании кои сакаат да градат електрани со вкупен капацитет од 44 мегавати.



Но според Лазар Гечевски со правилникот предвидени се лиценци за повластени производители на струја за само 8 мегавати. Тој очекува новата влада да ја зголеми квотата, бидејќи само досега издадени се решенија на 16 фирми кои веќе стартувале со градба.

Најголем дел од заинтересираните се странски инвеститори. Но Гечевски додава дека во последниот период и домашните компании сакаат да инвестираат во обновливите извори на енергија.

Од започнатите 16, дури 10 сончеви електрани се градат со странски, а останатите шест со домашен капитал. Според елаборатите кога започнале имале загарантирана цена од 460 евра за мегават час во наредните 20 години при што инвестицијата би била вратена за 5 до 7 години.

Сега цената е намалена на 260 евра и 15 години гаранција за повластен производител со што периодот за повратокот на средствата е двојно зголемен при што изградбата на соларни станици според оваа математика ја прави неатрактивна.

http://www.time.mk/read/NONE/69577c1a9f/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 25-Jul-2011 at 18:33

Штип ја чека првата централа на сончева енергија

Привршува монтажата на фотоволтаичните ќелии на површина од 9.000 квадратни метри

Иван Бојаџиски


Штип – Првата поголема фотоволтаична централа во Македонија, која сончевата енергија ја претвора во електрична, ќе почне со работа во текот на август. Штипската фирма „Актива“, чие проектантско студио го изработи проектот, ја привршува монтажата на фотоволтаичните ќелии на површина од 9.000 квадратни метри. Централата е лоцирана во близина на Штип на девет километри од патот кон Радовиш. Инвеститор е штипската компанија „Мавис“, која има разгранета стопанска дејност.

„На проектот и монтажата на челичната конструкција, а подоцна и на монтажата на фотоволтаичните ќелии, со мали прекини, работиме од август минатата година. Тоа е една новост кај нас што започна да предизвикува внимание во еден дел од бизнис-заедницата. Кај нас доаѓаа и бизнисмени од соседна Бугарија, земја што е отидена многу понапред во искористувањето на енергијата на сонцето за производство на електрична енергија. Тие пројавија интерес на ова поле да работиме и кај нив. Треба да се има на ум дека нашиот сосед веќе има инсталирано електрични централи на сончева енергија од кои добива сто мегавати и дека во тек на изградба се сончеви централи за производство на уште 200 мегавати електрична енергија“, вели Зоран Николовски од „Актива“.

Штипската централа на сончева енергија е со моќност од еден мегават. Таа ќе биде вклучена во државниот електроенергетски систем. Според договорот на инвеститорот со МЕПСО, ако централата биде пуштена до крајот на септември инвеститорот ќе добива цена од 0,38 центи по киловат произведена струја, а ако централата проработи по тој период цената се намалува на 0,26 центи.

„Македонија има над 260 сончеви дена во годината, што е огромен, но неискористен природен потенцијал. Како држава имаме обврска со влезот во ЕУ, најмалку 20 проценти од домашните потреби на електрична енергија да ги обезбедуваме од алтернативни обновливи извори. Тука, пред се', се мисли на сонцето, ветерот, биогасот и геотермалните води. Сонцето е нашиот најголем потенцијал и ние упорно работиме на проекти од оваа област бидејќи сме убедени дека еден близок ден многу наши бизнисмени ќе инвестираат во овој сектор и од тоа ќе профитираат“, вели Николовски.

Штипски „Мавис“ пред две години на покривот од својата деловна зграда постави фотоволтаици од кои сега добива 250 киловат-часа електрична енергија.

Во источниот дел на Македонија, од 2006 година наваму доаѓаа многу бизнисмени од петнаесетина европски држави со идеја за искористување на алтернативните, обновливи еколошки извори на електрична енергија. Најголем интерес имаше за инсталирање полиња на ветерници. Најголемото ветување дојде од израелско–англиската компанија ЕИЏ, чиј прв човек Дејвид Браун во 2008 година во Свети Николе изјави дека на потегот од Свети Николе, преку Штип, Радовиш, Струмица, па се' до Богданци ќе вложат една милијарда евра. Браун и тогашниот градоначалник Слободан Даневски дури и потпишаа преддоговор за инсталирање на 90 ветерници во атарот на Овчеполието, кои, според Браун, ќе обезбедувале 200 мегавати електрична енергија. За ветерниците беше речено дека ќе бидат готови за шест месеци, но оттогаш досега не се случи ништо, а нема никакви најави ниту за инвестицијата од милијарда евра за која зборуваше Браун.

Според извор, кој во изминатите пет години имал многу контакти со странците за инсталирање ветерници и фотоволтаици во овој регион, странците нема да инвестираат поради законската нерегулираност на оваа област. „Кај нас не се знае ништо. Ниту на колку години се добива концесија бидејќи мислењата се менуваат дневно, ниту по која цена ќе се откупува електричната енергија од алтернативните извори каде што постојано се кажуваат различни бројки“, вели нашиот извор.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F3DA91C614054B45B3C1708C052FE76B
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 03-Aug-2011 at 22:45
ОСВРТ: Интересот за сончеви електрани огромен, готовите проекти малку


Странски и домашни инвеститори пројавуваат голем интерес за изградба на сончеви електрани, но многу мал дел од најавените ветувања се остваруваат преку готови проекти во Македонија. Земјава се наоѓа на последното место од регионот според искористеноста на соларната енергија, иако метеоролошките податоци покажуваат дека Македонија има од 250 до 300 сончеви денови во текот на годината со што сме на самиот европски врв според потенцијалот за искористување на овој вид енергија. Наспроти пионерските инвестиции во Македонија, според податоците на Меѓународната агенција за енергија соседните Турција и Грција се наоѓаат на самиот врв во светот во однос на користењето на обновливата енергија од сонцето.

 

*инсталираните фотонапонски панели во сончевата електрана  „Алфа парк“ во Радовиш

 

 

Агенцијата за енергетика на Република Македонија во Регистерот на постројки за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ) има вметнато 8 фотоволтаични постројки со вкупна инсталирана моќност од 1.468 kW и планирано годишно производство од 2.016 MWh. Во извештаите на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија се објавени барањата за одобрување на користење на повластена тарифа за продажба на електрична енергија од компаниите Фотон – Босилово, Интеграл – Тетово, Мега Солар – Скопје, Алфа Инженеринг – Радовиш, Петро М – Скопје и Мавис – Штип поднесени во последните неколку месеци, додека во истиот период единствено компанијата БТФ – Солар од Кичево поднела барање за лиценца за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија.

 

*Сончевата електрана „Алфа парк“ изведена на покрив од производна сала

 

 

Наспроти малиот број завршени проекти, најавите за изградба на сончеви електрани се неколкукратно поголеми, но голем дел од нив останаа нереализирани, особено оние што беа ветени од странските инвеститори. Домашните инвеститори сметаат дека гломазната администрација и приклучувањето на овие објекти од ЕВН се главните проблеми за премалиот број инвестиции во оваа област. „Технички овие проекти се многу едноставни и се градат во рок од еден месец, ако претходно сте ја нарачале сета потребна опрема, но административно барем досега беше ноќна мора“, истакнува сопственикот на „Алфа инжинеринг“ Ацо Ристов. Според електроинженерот Ристов, најголем проблем за сончевите електрани останува ЕВН, која треба да даде приклучок на овие објекти, а не е регулирана со никакви рокови. „Едноставно може да ви пропадне инвестицијата заради нивната монополска позиција и нерегулираност со рокови на нивниот дел од обврските“, вели за „Билд“ Ацо Ристов.

 

Во земјава постојат неколку позитивни примери за успешно завршени проекти за искористување на сонцето како обновлив извор на енергија. Еден од нив е „Алфа парк“ во Радовиш на инвеститорот „Алфа Инженеринг“, чија што инсталирана моќност изнесува 49,7 MWp и максимално годишно производство на енергија од 80 MWh. Сончевата електрана е составена од 255 фотонапонски модули со поединечна моќност од 195 Wp и трифазни мрежни инвертори секој со поединечна моќност од 15,6 KW. Фотонапонската електрана изведена на покрив од производна хала придонесува и за намалување на штетните емисии на јаглерод диоксид во атмосферата за 70.238 килограми годишно.

 

Спротивно на големите инвестиции во соседните држави, првата сончева електрана во Македонија беше изградена дури во 2009 година во скопското село Кадино од страна на компанијата „Сието“. „Сончев парк – Кадино“ е пионерски исчекор во искористувањето на сончевата енергија преку инсталираните 120 фотонапонски панели со поединечна моќност од 85 Wp.

 

Причината за малиот број изградени соларни електрани лежи и во државата, која дури во септември 2008 година создаде предуслови за изградба на вакви објекти преку утврдување на повластена откупна цена за струја произведена од фотонапонски панели, иако до денес цената по киловат час континуирано се намалува од страна на Регулаторната комисија за енергетика.  Сепак, за македонските претприемачи и ентузијасти пристигна позитивна вест од неодамнешната конференција „Бизнис – планирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на земјите од Југоисточна Европа“ оддржана во Скопје. Фонд од 250 милиони евра ќе им биде ставен на располагање на 12 земји од Југоисточна Европа, меѓу кои е и Македонија за проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Искористувањето на странските финансиски фондови е еден од начините за зголемен процент на остварување на планираните проекти за искористување на сончевата енергија.


 

 

Бојан Блажевски



#
Објавено на 03.08.2011 во категорија Вести. 

Тагови: Алфа Инженеринг, ЕВН, Енергетика, Инфраструктура, Кадино, Општина Илинден, Радовиш, Сието, Соларни електрани

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 19-Aug-2011 at 14:52
Петок, 19 Август 2011 14:56
Сподели16
Споделете ја веста со Вашите пријатели

Во атарот на кочанското село Соколарци започна инсталирањето на системот за производство на електрична енергија. Се стартува со две единици со моќност од по 50 киловат часови електрична енергија.

struja-sonce-500

- Прво ја подготвуваме површината и ги изградивме бетонските подлоги. Тие ќе служат како основа или фундаменти на кои ќе се постават фотоволтажните рамки и ќе се инсталира системот кој практично ќе функционира автоматски. ќе стартуваме со две единици со моќност од по 50 киловат часови електрична енергија. Предностите се во тоа што струјата ќе се произведува во Соколарци, во непосредна близина на потрошувачите и ќе се избегне преносот и скапите далноводи. Освен тоа изобилството сончева енергија ќе се ефектуира на најнепосреден и профитабилен начин, вели Горанчо Јованов, еден од инвеститорите.

Иако нема официјални податоци за пројавен интерес за нови вакви инвестиции, неколку локални бизнисмени се подготвуваат да ги вложат своите средства токму во вакви проекти. Според пресметките, вложеното се враќа за три до пет години, а потоа над десетина години се остварува солиден профит.

http://kurir.mk/republika/opstini/39751-Vo-kocansko-ke-se-proizveduva-struja-od-Sonce-
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 29-Aug-2011 at 17:33
@ Makedon PV

Добредојде
Оваа секција на форумот е за енергетскиот сектор, а со тоа и нишкава е за соларни електрани и слично. За искористување на сончевата енергија во индивидуални куќи, посоодветна е следнава нишка:

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=342

Твоите постови и репликите кои следеа ги префрлив таму  Smile
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 01-Sep-2011 at 07:50

АндреЈ Мласко, сопственик и директор на „М-ЛАН СловениЈа“

Инвестирајте во сонцето

Македонија има 1.400 сончеви часа годишно, односно има 50 отсто подобри услови во однос на Словенија или други земји на поранешна Југославија за инвестиции во алтернативни извори на енергија, вели Мласко

Македонија не произведува ниту еден мегават електрична енергија од соларни централи, а има поголем потенцијал од многу земји во регионот. Вашата земја има 1.400 сончеви часа годишно, односно има 50 отсто подобри услови во однос на Словенија или други земји на поранешна Југославија за инвестиции во алтернативни извори на енергија - објаснува Андреј Мласко, сопственик и директор на „М-ЛАН Словенија“ која планира да инвестира во соларни централи во земјава.

l Има ли интерес за соларни централи ?

- Во Словенија постои огромен интерес за алтернативни извори на енергија. Заради тоа, државата направи феед-ин тарифа, која постои во многу европски земји. Се разликуваат само цените и условите. Германија е земја со најдобар систем, бидејќи има најмалку сонце. Шпанија има повеќе сонце и има добар феед-ин систем, но проблем е квотата, оти многу е изградено. Во Словенија, на годишно ниво, се намалува квотата за овој систем за 10 проценти, но тоа оди многу бавно. По исполнувањето одредени квоти, не ќе може да се градат соларни централи.

l Зошто се одлучивте да инвестирате во земјава и кои се потенцијалите на Македонија во однос на алтернативните извори на енергија?

- Вашата земја има многу сончеви денови. Постојат добри услови. Работите по феед-ин системот, имате непотполнета квота. Ние сакаме да го пренесеме нашето знаење и искуства на тукашните партнери за правење и користење на вакви централи. Во Македонија годинава планираме да изградиме референтен дизајн, од 30 до 50 киловати на Скопскиот саем. Таа инвестиција чини околу 150 илјади евра. Македонија има голем неискористен потенцијал на ова поле. Вашата земја има 1.400 сончеви часови годишно, во зависност од регионот. Најдобро е на југ и на запад. Направена е соларна мапа на која најдобро може да се видат сончевите региони, места со најмногу сончеви часови енергија. Споредбено, Србија има помал потенцијал, Македонија е слично како во Далмација и на некои острови во Хрватска. Словенија има најмалку сончеви часови, од 1.050 до 1.150 годишно. Споредувањето покажува дека Македонија има 50 отсто подобри услови во однос на Словенија или други земји на поранешна Југославија.

l Дали „М-ЛАН“ инвестирал во други земји од регионот?

- Размислуваме за Хрватска, но огромната бирократска процедура ја закочува идејата за инвестирање. Кај вас, иако немаме практично искуство, сознанијата велат дека работите одат многу побрзо. Нормално е документите за работење да се обезбедат за околу половина година и тоа е поволно за инвеститорите. Дотогаш може да работите на идејата за прва соларна електрана паралелно со развојот на проектната документација. Може, и доколу се дозволи, да почне градбата на централа. Ова го договоривме во Словенија, иако на почетокот беше неопходно да се добие дозвола за вклучување во дистрибуциската мрежа или да се добие информација дека следните градби може да се вклучат во мрежата, односно дека се исполнети техничките услови.

l Кои се вашите потенцијални клиенти. Достапни ли се системите за индивидуални корисници?

- Според нас, во Македонија постојат три категории кои може да го спроведат овој систем. Едни се земјоделците-сопственици на фарми или стакленици. На покривите може да постават панели за производство на електрична енергија. Другиот сегмент е индустријата и многу важниот сегмент, домаќинствата. Вашето законодавство не прави разлика во монтирањето на панелите на покриви или на земја. Во Словенија тоа е поинаку, тешко е да се добие дозвола за монтирање на земја. Потребно е да се инвестира и да се гради. Тогаш кога ќе имате производство на електрична енергија, државата ќе ве субвенционира. Доколку во Словенија вложувате во земјоделство, може да добиете и до 70 проценти неповратни средства, но со смалена феед-ин тарифа. Меѓутоа, многумина изградија со земање кредит од инвестициска банка и примаат полни субвенции. И во Македонија постојат субвенции.

l Доколку некој вложува, значи дека очекува корист и заработка. Кои се предностите и времето за враќање на инвестицијата?

- Предноста, пред с`, значи добар бизнис. Парите се вложуваат за изградба на мали системи во Македонија и просечен период за поврат на инвестицијата е околу 8 до 9 години. Тие, со производството на ваква енергија, стануваат независен објект. Доколку произведуваат повеќе од што им е потребно, тие може вишокот да го продаваат во системот. Ноќе, кога нема сонце, може да користат акумулирана енергија од денот или да купат струја од системот. Секако, намалувањето на нивната сметка за потрошена електрична енергија и продавањето на вишок струја значи добивка. Трето, тоа значи дека нема дополнителни државни инвестиции во постојниот систем доколку напојувањето се обезбедува од алтернативни извори. Најголема корист е во областа на екологијата бидејќи се чуваат необновливите извори и не се произведува штетен јаглероден диоксид. Изразено во бројки, една куќа за свои потреби, троши до 5 киловати, а стан околу 3,5 киловати. На покрив од 60 квадратни метри може да се посават панели за производство на 7 киловати инсталирана снага, доколку работи, просечно, со 60 отсто од капацитетот. Доколку имате куќа од 150 квадратни метри, а сакате да е независна од енергетскиот систем на државата преку производство на 5 киловати, ќе биде потребно да се вложи околу 17.000 евра.

l Ваши очекувања од инвестицијата во Македонија?

- Направивме неколку стратегии. Како инвеститор, ќе почнеме да градиме своја фабрика како референца. Ќе ја направиме во Скопје, а потоа и некаде во Македонија. Потоа, ќе работиме со комерцијални клиенти - партнери. Знам дека досега се земени дозволи за градење, но малку е изградено. Во Словенија, лани, се изградија 35 мегавати, а само оваа година се направени уште 15 мегавати. Македонија не произведува ниту еден мегават. Споредбено, Германија, минатата година, од вакви извори произведе 30 гигавати, а Италија нешто помалку.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AC4BB6799A80CC40A3FF83BB74B987D7
Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 04-Sep-2011 at 19:02

Два огромни соларни проекти се договараат северно и јужно од Македонија


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/09/03/Vrawe%20Kozani.JPG

Северно и јужно од Македонија, во Србија и Грција, и тоа во двата случаи прилично блиску до нашата северна и јужна граница, се подготвуваат два огромни проекти за изградба на енергетски капацитети за искористување на сончевата енергија.


И двата проекти се големи и долгорочни инвестиции при што се спомнуваат суми од стотици милиони до милијарди евра.


Во првиот проект, на југот на Србија, голема кинеска компанија ќе прави соларна електрана, а потоа и фабрика за производство на соларни панели за потребите на европскиот континент. Во вториот случај, кој се уште е во почетна фаза, во Грција, со германски пари ќе се гради толку голем соларен капацитет што се очекува да ја замени изгубената енергија на Германија откако оваа земја се откажа од своите нуклеарки по јапонскиот земјотрес и инцидентот во атомската централа Фукушима.


Најголема инвестиција во историјата на југот од Србија


Голема кинеска приватна компанија планира во период од 10 години да го претвори Врање во еден од неколкуте големи центри за соларна енергија во Европа.


Челниците на градот го држат во тајност името на компанијата, но тврдат дека инвестицијата е сигурна.


Минатата недела, без присуство на јавноста, за оваа зделка беше потпишан протокол за намери од страна на градоначалникот Мирољуб Стојчиќ и претставникот Стивен Хоу, менаџер на кинеската компанија.


Повеќе детали ќе бидат познати на 12 септември, јавуваат српските медиуми, кога во градот е договорено официјално потпишување на договор за зделката во која, само во првата фаза, ќе бидат инвестирани дури 300 милиони евра. Тогаш во Врање треба да пристигнат челниците на компанијата од Кина, претставници на Кинеската развојна банка, која ќе го финансира проектот, и претставници на Кинеската амбасада во Белград.


- Ова ќе биде најголема инвестиција во историјата на Врање, која треба од темел да ја измени неговата стопанска структура и значително да влијае врз развојот на југот на Србија – изјави градоначалникот Стојчиќ по повод потпишувањето на меморандумот.


Градоначалникот истакна и дека за српски поимања, станува збор за многу голема компанија, која вакви проекти успешно спроведува во Европа и светот.


- Оваа компанија денес во неколку големи електрани произведува повеќе соларна енергија, отколку што Србија произведува електрична енергија – вели Стојчиќ.


Тој додаде и дека иако самата вест, а особено сумата како бомба одекнале кога биле објавени, сепак, зделката со кинескиот партнер е подготвувана далеку од очите на јавноста во период од 15 месеци. Кинезите се заинтересирале за Врање откако откриле дека регионот има 276 сончеви денови годишно.


- Во првата фаза, во следните 5 години, во Врање ќе биде изградена соларна електрана со вкупна моќ од 105 мегавати, која ќе ја сочинуваат соларни инсталации на површина од 500 хектари – изјави Бобан Станковиќ, помошник на градоначалникот за економски прашања за српските медиуми.


Тој дополни и дека на изградбата на соларната електрана ќе работат 500 лица, а ќе ја градат српски градежни компании.


Во втората фаза, која треба да започне веднаш откако соларната електрана ќе биде вклучена во енергетскиот систем, Кинезите во Врање треба да изградат голема фабрика за фото напонски панели, рече Станковиќ, додавајќи дека капацитетите на таа фабрика, бројот на вработените и цената на инвестицијата се се уште тајна, но Кинезите планираат фабриката да ги снабдува европските купувачи на соларни панели.


За потребите на оваа зделка, која треба да трае барем 10 години, кинеските партнери од Пекинг, во Белград регистрирале 2 компании со седиште во Врање.


Проект распослан на 200 километри квадратни 


И Грција гледа кон сонцето за да изнајде план кој би и помогнал да излезе од длабоките економски проблеми, а во ова би требало да и помогнат Германија и Европската унија.


Дневниот весник „Та Неа“ објави дека огромен проект во вредност од дури 20 милијарди евра би можел да отвори неверојатни 60 илјади работни места во земјата преку искористување на насекаде достапната во Грција сончева енергија, која потоа би се се испраќала во Германија.


Имено, на најголемата европска економија и се брза да ги замени изворите на енергија за своите потреби со оглед на одлуката за забрзано затворање на нуклеарните реактори по земјотресот во Јапонија и нуклеарната криза која следеше во тамошната атомска централа, „Фукушима.“


Весникот пишува дека за планот наречен „Проект Хелиос“ расправале грчкиот министер за животна средина, Јоргос Папаконстантину и германскиот заменик министер за економија, Штефан Капферер, во Атина неделава.


Од друга страна, „Интернешнл Хералд Трибјун“ (ИХТ) објави дека проектот цели кон достигнување на производен капацитет од 10 гигавати електрична енергија, што би претставувало исто количество на енергија како она што го произведува Јавната корпорација за електрична енергија, главната грчка енергетска компанија, а кое изнесува 10,2 гигавати. За проектот, според ИХТ, ќе бидат неопходни 200 километри квадратни јавно земјиште.


И, покрај субвенционираните цени за соларната енергија, таа досега споро се развиваше во Грција, со оглед на тоа што земјата се справува со долгови и рецесија. Сепак, во јануари земјата објави планови за изградба на 200 мегаватен фотоволтаичен соларен парк, кој се очекува да чини 807 милиони долари и тоа врз искористените рудници на лигнит во Кожани, гратче на северот на Грција. Инаку, и РЕК Битола го користи истото наоѓалиште на лигнит за својата термоцентрала, но посеверно, на македонска територија.


Според извештајот на Европската асоцијација на индустријата за производство на фотоволтаици, (ЕПИА), Грција во моментов има инсталирано соларни енергетски капацитети од 206 мегавати. Владата има поставено цели за достигнување на количество од 2,2 гигавати до 2020 година, од кои 1,27 гигавати треба да бидат инсталирани и вклучени во електричната мрежа до 2015 година.


Од друга страна, Германија на крајот од 2010 година имаше инсталирано соларни капацитети од 7,4 гигавати, но планира оваа бројка да се зголеми до високите 51 гигавати до 2020 година.


Германско-грчкиот проект се смета како еден од начините да се засили грчката економија преку нова индустрија, додека истовремено и би и се помогнало и на Германија да ја обезбеди својата енергетска иднина без нуклеарна енергија.


Извор: http://www.plusinfo.mk/vest/14033/Dva-ogromni-solarni-proekti-se-dogovaraat-severno-i-juzhno-od-Makedonija



Back to Top
bojm View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 18-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote bojm Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 13-Sep-2011 at 18:19

Навистина е трагично ѕа пасивна кука ( која сама се греела и се ладела !!!) да ѕборува лице кое нема нити стручно обраѕование нити познаванје за темата!! Од новини и телевиѕија читање и гледанје таква тема не се учи. Учте потрагично е нивни мисленја да се објавуваат и на тој начин погречните информаци да стигаат до ѕаинтересираните лица.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 29-Sep-2011 at 13:54

Словенечка соларна електрана во Македонија

Соларна енергија

сол
Мариборската фотоволтажна фирма „М ЛАН“ наредната недела во управната зграда во скопскиот саем, пред почетокот на саемот „Технома“ ќе постави соларна електрана од пет киловати, вредна околу 15.000 евра.
До крајот на годината претпријатието ќе опреми уште неколку објекти, а своето работење сакаат да го прошират и во другите држави на поранешна СФРЈ, најави директорот Андреј Мласко.

„М ЛАН“ во Макдонија ја основа фирмата ќерка „М ЛАН СОЛАР“, низ која ќе се опремат и останатите згради на саемот со соларна енергија. Мласко појаснува дека Македонија годишно има 1.400 часа сонце со што  за периодот од 15 години е осигурана „фид-ин“ тарифата.

http://www.time.mk/read/8819232903/2e14272b2a/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 19-Oct-2011 at 11:05

Десет инвеститори чекаат да ги огрее сонце


Најмалку 10 инвеститори со месеци чекаат одобрение за производство на електрична енергија од обновливи извори

 

 
%20  

Правилници го кочат развојот на обновливите извори на енергија

Дознаваме дека постапката заглавила во правните лавиринти, иако државата уште во почетокот на годинава го донесе новиот закон за енергетика и беше даден период до 30 јуни за приспособување. Сепак, и по истекот на рокот, подзаконските акти сé уште не се донесени. Од Агенцијата за енергетика појаснуваат дека станува збор за две уредби и еден правилник, и тоа уредбите за висината на повластените тарифи и за инсталираната моќност, како и правилникот за стекнување статус на повластен производител, кој треба да го изготви Регулаторната комисија за енергетика. Без нивно донесување не може да профункционира ниту новиот закон за енергетика, велат нашите извори.

- Постои застој кога станува збор за обновливите извори на енергија. Има 10 компани што чекаат, но уредбата и подзаконските акти сé уште не се донесени. Затоа и дојде до оваа кочница и еден вид бел штрајк - велат од Агенцијата за енергетика. Оттаму уште додаваат дека се работи за суптилни прашања за што веројатно е потребно повеќе време. Со повластените тарифи државата се обврзува да ја откупи сета произведена енергија од обновливи извори по однапред договорена цена, која е повисока од пазарната. Според државната стратегија за обновлива енергија, цената на енергијата добиена од обновливи извори, во зависност од моментот кога се произведува, ќе биде од 1,4 до 3,4 проценти поголема од пазарната.

Во Министерството за економија велат дека уредбата за повластени тарифи е изготвена, направени се компаративни анализи и таа е во владина процедура, од каде што најскоро треба да биде и усвоена. Дознавме дека и преостанатите подзаконски акти се веќе готови и само чекаат да бидат ставени на дневен ред. И од Регулаторната комисија за енергетика тврдат дека ги скратиле роковите за производство на струја од сончеви централи и биле потребни максимум 60 дена од аплицирањето до издавањето лиценца доколку инвеститорот достави уредна документација.

Со усвојување на европските директиви, Македонија се обврза до 2020 година 20 проценти од потребите за енергија да добива од обновливи извори. Во моментов околу 14 проценти се од обновливи извори. Во Македонија учеството на сончевата енергија во вкупната потрошувачка на енергија изнесува 7,4 гигават-часа, или 0,04 проценти.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1018112130311&id=10&prilog=0&setIzdanie=22409
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 09-Nov-2011 at 12:38

Владата кочи изградба на приватни сончеви централи и ветерници

Катерина Попоска
Владата%20кочи%20изградба%20на%20приватни%20сончеви%20централи%20и%20ветерници

Владата не дозволува да се инвестира во сончеви централи и ветерници затоа што девет месеци не носи уредба на Законот за енергетика, која треба да го стави новото законско решение во функција. Сега се стопирани сите инвестиции во оваа област. Подзаконските акти, кои ги носат Владата и Регулаторната комисија за енергетика, треба да прецизираат за колкава вкупна инсталирана моќност на соларни централи и ветерници државата ќе дозволи повластена тарифа за производителот.

 По донесувањето на Законот за енергетика во февруари годинава престанаа да важат старите правилници на Регулаторната комисија за енергетика, а нови не се донесени. Тоа значи дека новите инвеститори не може да градат енергетски објекти, а трите веќе изградени капацитети со вкупна инсталирана моќност од 2.300 киловати не може да станат повластени производители на струја од сончеви централи. Зошто надлежните државни институции создаваат ваков правен вакуум кога се знае дека домашното производство на струја е клучно за надминување на енергетската криза со која се соочува Македонија?

По донесувањето на Законот за енергетика во февруари годинава престанаа да важат старите правилници на Регулаторната комисија, а нови не се донесени. Не се усвоени ни преодните одредби, кои ќе овозможат да продолжи изградбата на веќе почнатите енергетски капацитети, кои сега немаат лиценца за да бидат повластени производители.

Новиот Закон за енергетика налага до 30 јуни годинава Владата да ги има донесено новите уредби за големината на инсталираните капацитети кои ќе произведуваат струја по повластена тарифа и за висината на фидинг-тарифата, која лани два пати се коригираше и се намали за дури 15 евроценти за инсталиран киловат.

Откако ќе се донесе уредбата, РКЕ треба да донесе правилници за производство на струја од сончеви централи, ветерници и биомаса по повластена тарифа. Со нив секој инвеститор ќе знае колкава е субвенционирата цена од државата. Токму фидинг-тарифата е одлучувачка дали некој инвеститор ќе гради соларна централа или ветерница во Македонија или во странство, бидејќи со неа ја пресметува исплатливоста на проектот.

Инвеститорите заглавени, парите заробени

Проблеми поради кои е неатрактивно производството на струја од сончева енергија

 девет месеци Владата не носи подзаконски акти со кои ќе се утврди фидинг-тарифа и вкупен капацитет кој ќе добие повластена тарифа за производство на струја од обновливи извори;

 често се менува повластената тарифа, па инвеститорите не можат да ја измерат исплатливоста на проектот;

 ниска повластена тарифа од 26 евроценти за киловат-час струја, со што инвестицијата се враќа за најмалку девет години;

 административни лавиринти, наместо едношалтерски систем.

Потенцијалните инвеститори кои сакаат да градат или веќе почнале постапка за добивање одобрение за градба негодуваат поради инертноста на државата. Се жалат дека веќе зеле кредит од банка, а инвестицијата им виси во воздух.

“Владата вели дека ќе поттикнува искористување на обновливи извори на енергија, а нема повластена фидинг-тарифа за соларни централи. И сега целата инвестиција ни виси. Не знаеме дали ќе се коригираат квотите за вкупната инсталирана моќност за повластени производители, која досега беше ограничена на 10 мегавати. Не знаеме ни дали ќе се коригираат повластените тарифи. Потребен е правилник во кој ќе се каже која е постапката за еден инвеститор да почне да гради за да знаеме дали да влегуваме во проектот или не. До донесувањето на новиот Закон важеше стариот правилник, според кој со одобрението за градба се стекнуваш со фидинг-тарифа“, вели за “Капитал“ потенцијален инвеститор во електрана од обновливи извори на енергија.

Кои услови треба да се исполнат за повластен производител на струја од обновливи извори?

 околу 20 документи;

 одобрение за градба од општината (за помал капацитет) или од Министерството за економија (за поголем капацитет);

 три лиценци од РКЕ - една за производител на струја, предлиценца и лиценца за повластен производител;

 употребна дозвола од Агенцијата за енергетика откако ќе се изгради централата;

 договор со МЕПСО за исплаќање повластена тарифа.

Во септември 2008 година Регулаторната комисија одлучи за сончеви централи до 50 киловати да важи фидинг-тарифа од 46 евроценти за киловат-час предадена струја. За електрани до еден мегават важеше повластена тарифа од 41 евроцент.

Лани двапати ја намали оваа тарифа на 26 евроценти за киловат-час за електрани до 50 киловати и на 30 евроценти до еден мегават. Со тоа ја намали атрактивноста на овие проекти.

Доказ дека државата ги попречува инвеститорите стигнува и од Агенцијата за енергетика. Директорот, Лазар Гечевски, вели дека поради законските проблеми, тројца инвеститори се заглавени во државните административни лавиринти и не може да добијат лиценца за повластени производители на струја од сончеви централи.

“Нема подзаконски акти, а не се донесени од неколку субјективни и објективни причини. Инвеститорите се доведуваат во заблуда. Со несреќно донесениот правилник од Министерството за економија и неносењето на подзаконските акти инвеститорите се спречуваат да инвестираат и не знаат која ќе биде повластената цена, со која за не повеќе од осум години треба да го вратат капиталот што го зеле од банка. Повластената тарифа неколку пати се намали, а има најави дека може уште да се намалува. Можно е со новите уредби новите повластени тарифи да овозможуваат поврат на инвестицијата за 11-13 години. Фактот дека лиценцата за повластен производител се дава за 15 години покажува дека инвеститорот веќе е на прагот на рентабилност. Ова ќе значи и крај на влегувањето на нови инвеститори во обновливи извори на енергија“, вели Гечевски.

Од министерството за економија велат дека со техничка помош од УСАИД изготвиле уредба за повластени тарифи за производителите на струја од обновливи извори и таа е во владина процедура. Немаат информација кога документот ќе помине на владина седница.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75932/vladata_kochi_izgradba_na_privatni_sonchevi_centrali_i_veternici.aspx?iId=2440
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.223 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.