build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончева енергија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 722
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 09-Nov-2011 at 13:25
ne se fiding tarifi tuku fid-in, orginal angliski (feed-in). Zolcna diskusija se vodi vo vesnikot Economist dali subvenciite za obnovliva energija nosat benefit ili ne. Posebno e kontroverzna soncevata energija koja e i najskapa. Mislam deka se bara poveke od 26 evrocenti po kilogram, sto e ke se soglasite premnogu. NIe nemame industriaj za soncevi kolektori so subvenciite samo ke im pomogneme na stranskite kompanii. A mnogu struja i enma da se dobne
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 09-Nov-2011 at 14:14
Kilowat?!
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 722
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 09-Nov-2011 at 14:33
Da kilowat, se izvinuvam, pisauvam na pauzi
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 10-Nov-2011 at 12:15

Сончевите централи неисплатливи во Македонија

Катерина Попоска
Сончевите%20централи%20неисплатливи%20во%20Македонија

Владата крои нова, најверојатно пониска повластена тарифа за откуп на струја од сончеви централи. Но, правилникот за повластени, односно фидинг-тарифи, кој го изготви Министерството за економија, сè уште не е усвоен од Владата.

Последната фидинг-тарифа по која инвеститорите можеа да добијат субвенција од државата изнесуваше 26 евроценти за киловат-час за електраните до 50 киловати и 30 евроценти до еден мегават. Лани важеа други, повисоки повластени тарифи од 40 до 34 евроценти. Во септември 2008 година пак, повластената тарифа до 50 киловати изнесуваше 46 евроценти за киловат-час предадена струја, а до еден мегават 41 евроцент.

 Од Агенцијата за енергетика велат дека честото намалување на повластената тарифа за производство на струја од сонце ќе значи и крај на влегувањето на нови инвеститори во обновливите извори на енергија

Потенцијалните инвеститори се сомневаат дека новата повластена тарифа ќе биде доволно атрактивна за да ги вложат парите во производство на струја од сонце. Негодуваат дека поради ниската откупна цена на енергијата од обновливи извори (сонце, ветер, вода и биомаса) и поради тоа што не се донесени подзаконски акти, веќе девет месеци ниту можат, ниту сакаат да инвестираат во соларни електрани.

“Ако Владата, односно Регулаторната комисија повторно ја спушти фидинг-тарифата, никој нема да биде заинтересиран да вложува во фотоволтаични централи. Атрактивно беше да се гради со повластена тарифа од 40 евроценти, па и од 34. Но, со последните 26 евроценти за киловат-час не е поволно. До 34 евроценти требаше да заврши намалувањето на повластената тарифа. Секој инвеститор си ги планира парите и секако, профитот. Планираме според едни цени, вадиме документи, се молиме да не заглавиме во административните лавиринти за побрзо да ја реализираме инвестицијата и пред самата цел добиваме уште една сопка - пониска тарифа за откуп на струјата“, велат за “Капитал“ потенцијални инвеститори во сончеви централи.

И од Агенцијата за енергетика, од каде што досега се издаваа употребните дозволи за инвеститорите, врз основа на кои Регулаторната комисија издаваше лиценца за повластен производител на струја, велат дека со намалувањето на фидинг-тарифите производството на струја од сончеви централи веќе не е исплатливо.

“Со новата уредба на Владата можно е новите повластени тарифи да овозможуваат поврат на инвестицијата за 11-13 години, а самиот период од 15 години, на колку што се дава лиценца за повластен производител, покажува дека инвеститорот веќе е на прагот на рентабилност. Ова ќе значи и крај на влегувањето на нови инвеститори во обновливи извори на енергија”, вели директорот на Агенцијата, Лазар Гечевски.

Државата ограничи дека ќе ја субвенционира цената на струјата од сончева енергија до вкупен капацитет од 10 мегавати. Во периодот 2007-2011 година се изградени само осум соларни централи со вкупен капацитет од само 1,4 мегавати. Регионот има различна политика од нашата. Инвеститорите велат дека Бугарија и Грција нудат најповолни услови за инвестирање.

“Со Србија и со Грција дојдовме на исто ниво. Но, едно е да се изедначиш кога имаш инсталиран капацитет од еден мегават, а друго е кога имаш меѓу 50 и 100 мегавати, како што е примерот со Бугарија. Австрија пак, до лани немаше ограничување на вкупниот капацитет за фидинг-тарифа, која изнесуваше 40 евроценти. Германија ја укина фидинг-тарифата, но има производство на струја од 12 гигават-часови од обновливи извори на енергија“, велат потенцијални инвеститори.

Од Соларната асоцијација на Македонија признаваат дека фидинг-тарифата е првата мамка, односно пречка за инвеститорот.

“Целта на фидинг-тарифата е да се стимулира производството на соларни централи, оти вложените пари не можат да се вратат при продажба на струјата по пазарни цени“, вели претседателот на асоцијацијата, Илија Насов.

Експертите коментираат дека со честото намалување на фидинг-тарифите државата само декларативно се залага за производство на струја од обновливи извори. Европската регулатива наложува до 2020 година 20% од вкупното производство на струја да биде токму од обновливи извори.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75965/sonchevite_centrali_neisplatlivi_vo_makedonija.aspx?iId=2441
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 722
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 10-Nov-2011 at 14:02
БРАВО ЗА ВЛАДАТА!

Иначе за појаснување, Европската регулатива наложува 20% вкупно за целата ЕУ, секоја земја посебно си го планира енергетскиот микс, ние ќе ги достигнеме со хидроенергија!

Друга нетошност е дека во регионот ќе најдат поповолни услови! Никој веќе не дава над 20 центи.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 11-Nov-2011 at 16:15

Ако се сака, може да се измисли и топла вода!

Викторија Милановска
Ако%20се%20сака,%20може%20да%20се%20измисли%20и%20топла%20вода!

ЕУРОТЕРМ ПРИЛЕП

ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СОЧЕВИ КОЛЕКТОРИ

 

Aко за некој во земјава може да се каже дека “измислил топла вода“, тоа дефинитивно е компанијата за производство на соларни колектори, Еуротерм од Прилеп. Со искуство кое влече корени уште од далечната 1986 година, денес триесетина вработени произведуваат, како што велат, македонска топла вода, од македонско сонце, во македонски сончеви колектори. Паралелно со напредокот на Еуротерм, низ годините растел и бројот на вработени, па почетниот тим од тројца луѓе, пред неколку години добил уште една нула од десно.

Предок на Еуротерм е првата приватна фирма во Прилеп, Гром, од каде што сопственикот Горан Спиркоски извлекол непроценливо искуство.

“Корен на Еуротерм е татко ми, кој до 1986 година работеше во фабриката за парни котли Димче Бањарот. Потоа започна приватен бизнис и новата фирма Гром беше прва и најголема приватна фирма за проектирање и монтажа на системи за греење и климатизација. Тимот на фирмата Гром која беше инженеринг-компанија без оддел трговија имаше огромно искуство во оваа област. По 2000 година ние почнавме одново, како Еуротерм. Знаејќи колкав недостаток е немањето оддел за трговија, уште на самиот почеток воведовме отсек за опрема за парно греење на мало и на големо. Секоја година напредувавме, стекнувавме сериозни клиенти, како Витаминка, хотел Дрим, Метропол, Белви и други. Паралелно ја зголемувавме и трговијата и во 2004 година се вселивме во свој објект“, раскажува Спиркоски.

Иако инженерингот функционирал добро низ годините, а трговијата неприкосновено напредувала, уште од самиот почеток неостварен предизвик на тимот на Еуротерм било производството. По неколкумесечно двоумење што да произведуваат, веќе во 2007 година, оваа компанија почнува со производство на соларни колектори.

“Направивме многу брза акција за што порано да почнеме да ја развиваме производната дејност. За кратко време знаевме и кој тип колектори ќе ги произведуваме и за шест месеци излеговме на саем со прототип. После тоа, со напорна работа успеавме за уште шест месеци да го завршиме оформувањето на машините и на технологијата. Интересно е што дури и самите машини се со македонско потекло. Направени се во погоните на фабриката Микросан и иако ниту тие не ја познаваа оваа технологија, сепак храбро влеговме во проектот, а од оваа дистанца можеме да кажеме дека ризикот ни се исплати“, објаснуваат од компанијата.

Вкупната инвестиција во технологијата, чинела околу 600.000 евра, иако велат дека ваквите машини произведени надвор од Макеоднија би чинеле околу два милиони евра. Од Еуротерм велат дека развивањето на овој бизнис и усовршувањето на машините се напорна работа и големи трошоци, па затоа првите месеци работеле по 20 часа дневно.

Колку повеќе конкуренција, толку поквалитетни производи

Според сопственикот Спиркоски, конкуренцијата дефинитивно е поттик во работата, а поголемиот бројот производители, значи и повисоко ниво на квалитет кај производите. Тој раскажува дека неодамна амбасадата на Австрија ги поканила фирмите за соларни колектори од Македонија да посетат неколку австриски производители. Тогаш сфатиле дека Македонија полека станува сериозна земја за производство на соларни колектори во регионот. Доказ за тоа им е што ниту Србија, ниту Хрватска и Словенија имаат т.н. “фул плејт“ технологија за производство.

Од Еуротерм велат дека во моментов се први и единствени производители со ваква технологија на територијата на бивша Југославија и иако Грција е многу развиена во делот на соларната енергија, сепак, таму тешко може да се најде спој на квалитет и естетика како македонскиот. Еуротерм во 2009 година доби сертификат од реномираниот СПФ институт во Швајцарија, што значи дека нивните сончевите колектори можат да продаваат во која било европска земја и пошироко.

СОНЧЕВИТЕ КОЛЕКТОРИ БРЗО СЕ ИСПЛАТУВААТ

Заштедите со сончевите колектори се различни во зависност од објектот и самата намена. Според есапот на Еуротерм, за домашна употреба со нивен колектор, на годишно ниво се добива околу 85% санитарна топла вода со бојлер. Една ваква инвестиција адаптирана на потребите на едно семејство, чини од 600 евра до 1.000 евра.

“На пример, во луксузниот хотелски и спа-комплекс Аурора во Берово, загревањето на санитарната вода се реализира со колектори. Сега работиме и на проект за загревање на базенската вода со колекторите. Околу 60% од топлата вода се добива со колетори, а само 40% со дополнителни извори на енергија“, објаснува Спиркоски.

Сепак, во домовите заштедите се поголеми, затоа што количината на потрошувачка на вода во хотелите е многу голема, а за да се направи правилен извор на експлоатациони и инвестициони трошоци, мора инвестицијата да се заокружи на одредена сума, советуваат од Еуротерм. За да не се претера со вложувањето се оди на оптимално ниво, кое ќе им ги врати средствата за три до пет години на помалите хотели, а на поголемите хотелски комплекси од пет до седум години.

Како кризата може да биде и шанса

Иако Еуротерм најмногу продава во Македонија, извезува и во Србија и во Бугарија, а веќе три години како компанија е присутна на најголемиот светски саем за соларни колектори, Интерсолар. Од компанијата велат дека иако звучи неверојатно, сепак кризата им помогнала да останат единствени со ваква технологија во регионот долго време.

“Останатите компании немаа храброст во кризно време да влезат во инвестиции, а ние го фативме токму предкризниот период. Сега засега не сме презадоволни од извозот, но нè бодри тоа што на пазарите се пробиваме со квалитет. За големите компании сме ситна риба, па немаме некоја остварена соработка. На пример, најголемата компанија за производство на термални колектори во светски рамки, лоцирана во Австрија, има капацитет за производство до 3.000 колектори дневно. Тоа се осум или девет роботизирани, автоматизирани линии. Големите компании купуваат од такви фирми. Да не се залажуваме, ние направивме добар квалитет, во голем дел имаме автоматизирано производство, но не можеме да се споредуваме со тие компании. Сепак, во однос на регионот сме солидно конкурентни“, велат од Еуротерм.

Компанијата во моментов се бори да влезе во Хрватска, Словенија, Црна Гора и во Романија. Велат, овие четири земји им се предизвик кој планираат да го реализирааат наредната година.

Нареден предизвик на Еуротерм е да инвестира и во други технологии на соларни колектори, како, на пример, ласерско заварување и производство на професионални бојлери за соларни системи во комбинација со систем за греење.

ДА ИМАМЕ ДОМАШНИ РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ, ПРОИЗВОДИТЕ ЌЕ НИ БИДАТ 20% ПОЕВТИНИ

Од Еуротерм објаснуваат дека целиот репроматеријал им е увозен, затоа што во Македонија реално нема што да се купи.

“На времето Македонија имаше фабрика за алуминиумски профили, но веќе ја нема. Стакло воопшто немаме, изолација, бакарна фолија и силикон исто така. Единствено нешто што може да се купи од Македонија се пластичните и гумените делови. Ако ги имавме сите овие ресурси во земјава, на пазарот ќе настапувавме со 20% пониски цени. Работиме со термално стакло кое има многу мала содржина на олово и железо, го увезуваме од Германија и е калено, што пет до шест пати ја зголемува цврстината“, објаснуваат од компанијата.


http://www.kapital.com.mk/mk/magazin/76081/ako_se_saka,_mozhe_da_se_izmisli_i_topla_voda!.aspx
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Czech Republic
Online Status: Offline
Posts: 398
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 11-Nov-2011 at 17:29
Како тоа сончевите централи биле неисплатливи во земја каде што 300 дена од годината е сончево?! Неисплатливи за нив или за нас граѓаните?
ಠ_ಠ
Back to Top
accipiter82 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 02-Mar-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote accipiter82 Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 16-Nov-2011 at 10:57
Првите македонски фотоволтаици


Цената на струјата и останатите енергенси секојдневно расте во светски рамки. И во Македонија оваа година веќе поскапи, а се најавува ново поскапување од Нова година. Тоа е причина повеќе за луѓето да се свртат кон обновливите извори на енергија.

Во Република Македонија од поодамна се продаваат соларни панели, односно фотоволтаици, кои сончевата енергија ја претвораат во електрична. Меѓутоа, тие се сите увeзeни бидејќи ние немавме домашно производство на соларни фотонапонски панели. Сè до неодамна, кога фирмата МФЦ-93 од Прилеп не се зафати со предизвикот „први македонски соларни панели“. По тој повод разговараме со г-динот Звонко Димески, сопственик и управител на фирмата и дизајнер на соларните панели.

Повеќе...

Edited by accipiter82 - 16-Nov-2011 at 10:59
http://energetskaefikasnost.info
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 722
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 16-Nov-2011 at 12:47
Originally posted by Macedonicus

Како тоа сончевите централи биле неисплатливи во земја каде што 300 дена од годината е сончево?! Неисплатливи за нив или за нас граѓаните?


Цената на струја добиена од сончевите електрани е поскапа од таа добиена од јаглен на пример. Не е важно колку сончеви денови има, таа тазлика останува.Зависно од технологијата оди и над 1,2 евра по Киловат час. Причина за тоа е што технологијата е се уште скапа, треба да се иѕгради мрежа за дистрибуција, и не може да работи нон-стоп, кога е ноќ и облачно се намалува производството. Затоа треба таа цена да се сувенционира, т.е разликата од производствената и таа на пазарот. Во Германија таа субвенција е најдалеку отидена иаоко е северна земја, но идејата е така да се развива домашната индустрија за фото-колектори и со нејзин извоз да се надомести таа разлика.
Ние какомала земја со незначително производство не сме заинтересирани за такви сбвенции, ако се сака да им се помогне на тие малку компании, подобро директно да им се даде поволен кредит или донација
Back to Top
dimeski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Nov-2011
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dimeski Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 16-Nov-2011 at 21:40
Поздрав од мене , како нов член
Малку фалба , ако е дозволено ( се надевам дека ми е дозволено , а ќе видите и зошто)
Во Македонија СЕ ПОЧНА СО ПРОИЗВОДСТВО на сончеви фотонапонски панели !!! Мојата фирма , односно јас почнав со нивно производство. Првичната идеја беше да се направи соларна фотонапонска централа во Прилеп со сопствено произведени панели .Но по неколку месечно талкање во потрага по локација за централата , пропратено со непремостливи бирократски пречки , јас сум на прагот да се откажам !!! А сега кога и повластената тарифа се симнува ( или е веќе симната ) , изгледа дека ќе се откажам потполно. Но сепак се надевам дека производството ќе продолжи , зошто ќе бидам  поефтин од увезените панели .Повеќе инфо на мојата страна ( која се' уште е во доработка ) www.mfc-solar.webs.com

Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 16-Nov-2011 at 22:12
Дај боже да имаме вакви фалби повеќе, а не празни приказни.

Секоја чест dimeski и се надевам дека ќе не информираш како напредува а воедно би било уваво и некоја практична едукација.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 17-Nov-2011 at 01:11
Димески добредошол, Cheers почестени сме од твоето присуствона форумов! Деновиве се врти и реклама во ударни термини на ЕЛЕМ за овие обновливи еколошки извори на енергија, но праксата преку директен пример знае да покаже и вакво искуство. 
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 14-Dec-2011 at 00:21
ТЕМА: Соларните електрани се градат споро и со мноштво проблеми


Иако сме последни по искористеноста на сончевата енергија во регионот, изградбата на фотоволтаични постројки во Македонија претставува тешко остварлив зафат поради бројните пречки на кои наидуваат потенцијалните инвеститори. Официјалните податоци од Регистерот на постројки на Агенцијата за енергетика се непроменливи, па така во делот за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ) фигурираат 8 фотоволтаични електрани изградени на територијата на земјава со вкупно инсталирана моќност од 1.468 kW и планирано годишно производство од 2.016 MWh. Во последните неколку месеци до Регулаторната комисија за енергетика единствено 3 компании имаат поднесено барање за производство на електрична енергија од фотоволтаични електрани, и тоа „Енсол“ од Битола, „Солартек“ од Скопје и „Христов Електро“ од Скопје.

 

Причината за малиот број завршени енергетски објекти од овој тип лежи во проблемите и недореченостите кои ја успоруваат или оневозможуваат изградбата од страна на  заинтересираните компании. Звонко Димески, сопственик на првата македонска компанија за производство на соларни панели „МФЦ – 93“, за интернет – порталот „Билд“ ги појаснува бројните пречки со кои се соочува при изградбата на планираната фотонапонска постројка. Главната причина за неотпочнување со градба на неговата електрана е проблемот со пронаоѓање на приватна фабрика или хала на која би се поставиле фотонапонските електрани. Сепак, по добивањето на идеална локација во кругот на компанијата „Еурокомпозит“, господинот Димески бил непријатно изненаден од страна на локалната самоуправа во Крушево. „При барањето да извадам градежна дозвола, ми беше кажано дека фабриката мора да побара ново урбанистичко решение за да може воопшто да гради нешто на своја земја. Такво решение се издава ако јас си ги сносам трошоците за неговото издавање, кои се во големина од 2.000 евра и минимум чекање од 6 месеци“, истакнува сопственикот на прилепската компанија.

 

* Соларни панели на МФЦ-93

 

Недореченостите во урбанистичките планови претставуваат огромна пречка при изградбата на соларна електрана. „Како јас да добијам градежна дозвола, кога во самите детални урбанистички планови никаде, ама баш никаде, не е предвидена градба на таков објект. Дури постои во нивните планови дека енергетски објект не може да се гради во индустриска зона“, вели Звонко Димески. Причината за малиот број изградени фотонапонски електрани ја гледа и во бавноста на издавањето на лиценци и дозволи, но и во монополската поставеност на ЕВН – Македонија во однос на приклучувањето на веќе изграден објект.

 

Потенцијалните инвеститори се дополнително загрижени по информациите кои најавуваат намалување на повластената тарифа за откуп на електричната енергија од фотонапонски електрани. „Цената од 30 евроценти за киловат – час предадена електрична енергија е на прагот на рентабилност на ваков вид инвестирање. Јас, со 50 киловати сончева електрана можам да се надевам со оваа цена на враќање на инвестицијата за 7 – 8 години. Тоа и не е така долг период. Но ако, според најавите, таа цена се спушти на 25 или уште полошо на 20 евроценти за киловат – час, тогаш нема да се изгради ниту еден таков капацитет“, истакнува сопственикот на компанијата „МФЦ – 93“.

 

* Соларни панели на МФЦ-93

 

За бројните проблеми при изградбата на фотонапонска електрана порталот „Билд“ веќе пишуваше во текот на август годинава. „Технички овие проекти се многу едноставни и се градат во рок од еден месец, ако претходно сте ја нарачале сета потребна опрема, но административно барем досега беше ноќна мора“, напомена тогаш Ацо Петров, сопственик на радовишката компанија „Алфа инженеринг“. За жал, пречките со кои се соочуваат потенцијалните инвеститори при изведбата на фотонапонски постројки остануваат актуелни до денешен ден.

 

 

Локалните власти знаат и да помогнат

 

Општина Новаци е една од ретките македонски општини која сериозно се вклучува во партнерство со потенцијалните приватни инвеститори за изградба на енергетски објекти кои произведуваат електрична енергија од соларни електрани. Во завршените проекти на локалната самоуправа е наведена и успешната соработка во поддршката за прибирање на потребната документација за изградба на фотонапонска електрана од скопската компанија „Мега Солар“. Инвестицијата вредна 3 милиони евра беше промовирана во текот на изминатово лето, а енергетските параметри на изградената соларна електрана го прикажуваат инсталираниот капацитет од 0,95 MW и инсталираната моќност од 996, 7 kW.

 

 

 

Бојан Блажевски



#
Објавено на 14.12.2011 во категорија Вести. 

Тагови: Алфа Инженеринг, ЕВН, Енергетика, Инфраструктура, Крушево, МФЦ - 93,Новаци, Прилеп, Соларни електрани

http://www.build.mk/?p=10910
Back to Top
dimeski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Nov-2011
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dimeski Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 05-Jan-2012 at 12:32
На 13-12-2011 Министерството за економија на својот сајт ја објави старо-новата вест за повластената цена за откуп на ел.струја произведеа од соалрни фотонапоснки панели ..
За централи до 50 Квати  е останата 0.3 евра/KWh  , а за централа над 50 Квати , цената е 0,26евра/KWh .
Back to Top
dimeski View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 16-Nov-2011
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote dimeski Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 05-Jan-2012 at 12:35
Штета само што не ја поедноставија процедурата за станување на повластен производител на ел.енергија од фотонапонски панели .. Да можеше и обично приватно лице да инсталира неколку киловати панели  на својата куќа или во дворот и да продава струја на ЕВН , без притоа да вади еден куп документација , да потроши еден куп пари и месеци/години време.Пак заостануваме зад другите земји и тоа светлосни години. Па се чудиме оти тие имаат , а ние се давиме во сиромаштија..
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 17-Jan-2012 at 13:31

Во Илинден ќе се гради соларна електрана

Во селото Ајватовци, во општина Илинден на парцела со површина од 20.000 метри квадратни ќе се гради соларна електрана со сила од еден мегават.
„Илинден и натаму продолжува со реализација на еден од своите приоритети, а тоа е создавање на услови за примена на алтернативни и обновливи извори на енергија“, пишува во соопштението од Општината.
Во тој контекст, во делот на образованието и културата се применуваат модели на енергетско ефикасни системи за греење и ладење со користење обновливи извори на енергија, кои придонесуваат за заштеда на енергијата, а со тоа и на парите.

http://www.plusinfo.mk/vest/30010/Vo-Ilinden-kje-se-gradi-solarna-elektrana-

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 20-Jan-2012 at 14:00

Струјата ја менуваме со сонце

 
%20  

Постојаниот пораст на цената на струјата и на другите енергенти го зголеми интересот на граѓаните за системите за искористување на сончевата енергија. Фирмите што се занимаваат со оваа дејност велат дека почнале да монтираат соларни системи и во текот на зимата, а не како досега, само во пролет и во лето. Сепак, иако постои тренд на зголемен интерес за искористување на сончевата енергија, граѓаните сé уште не го користат доволно потенцијалот што го нуди географската положба на земјава.

Соларните системи кај нас граѓаните најмногу ги користат за загревање на водата за домашна употреба и велат дека инвестицијата се исплати. Сопствениците на хотелот „Вила Силија“ веќе искусиле дека заштедата во летниот период е голема, за разлика од зимските месеци.
- Минатово лето забележавме намалување на потрошувачката на струја за 50 отсто, што е навистина голем процент. Зимава, пак, водата мора да се догрева со електрична енергија, бидејќи сончевите системи не можат да постигнат - вели Силвана Коцева-Даскалова, сопственичка на хотелот.
Поради намалените сметки за струја, задоволни се и другите корисници на сончеви колектори.
- Презадоволен сум од ефектот. Откако го наместивме колекторот, бојлер за струја не е вклучен, а постојано имаме топла вода. Сметката за струја се движи меѓу 800 и 1.000 денари - вели Драгољуб Марковиќ, кој поставил колектори на својот дом во Кисела Вода.


Познавачите велат дека интересот меѓу граѓаните за монтирање сончеви колектори во домот се интензивирал во последниве две години.
- Интерес има дури и во текот на зимата. И сега имаме термини за монтирање, а во последниве две години инсталиравме рекорден број системи - вели Илија Чулев, сопственик на фирмата „Етерна солар“, кој смета дека интересот на граѓаните се должи на нивната поголема едуцираност.
Ако системот е успешно димензиониран и според реалните потреби, вели тој, инвестицијата има економска и енергетска логика.
- Намалувањето на потрошувачка на струја на годишно ниво може да биде и повеќе од 60 отсто - вели Чулев, кој нагласува дека во последниве месеци се јавува тренд соларен систем да се поставува уште при изградбата на нова куќа.

Според сознанијата на наши соговорници што ја следат состојбата во оваа сфера, досега најголем дел или 90 проценти од монтираните системи се за затоплување вода за домашните потреби. За разлика од тоа, интересот за затоплување на домовите преку сончеви колектори е многу мал. Тие велат дека една од причините за ваквата состојба е потребата од идеална изолација на домот, како и малиот процент на намалување на трошоците, кои достигнуваат до 30 отсто од енергентот за греење. Математиката покажува дека инвестицијата во соларен систем за топла вода се враќа за четири-пет години.
Географската позиција и климата во Македонија нудат многу добра перспектива за користење на сончевата енергија. Вкупното годишно сончево зрачење се движи од 1.250 киловат-часа на квадратен метар во северниот дел до 1.530 киловат-часа во југозападниот дел од земјава.

 

 


Има интерес, нема реализација

Законот за енергетика предвидува повластен статус за производителите на електрична енергија преку соларни системи или електроцентрали од обновливи извори. Досега во земјава осум компании произведуваат струја од обновливи извори на енергија, а нивното производство од јануари до октомври 2011 година изнесуваше 0,019 проценти од вкупното производство на електрична енергија во земјава. Во Регулаторната комисија за енергетика велат дека уште 12 компании побарале лиценца за производство на електрична енергија од соларни системи, но засега само една компанија има одобрение за употреба, другите сé уште се градат.
Потврда дека интересот на светот се врти кон искористување на сонцето како производител на електрична енергија е и веста дека луксембуршка компанија ќе гради соларна централа во соседна Србија. Таа ќе зафати простор од 3.000 хектари и ќе има инсталирана моќност од 1.000 мегавати. Ова ќе биде најголема централа во светот и ќе биде дупло поголема од најголемата досега, во Калифорнија.

 


Најмногу кредити за соларни централи

Банкарскиот сектор има посебни кредитни линии за искористување на обновливите извори на енергија. Комерцијална банка има една кредитна линија за финансирање проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија во соработка со Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) и Светска банка, но и програма за кредитирање на развојот од Италијанската кредитна линија реализирана преку МБПР. Според претставниците на банката, проектите сé уште се новина, но стануваат сé поприфатливи за компаниите.
- Најголем интерес има кај проектите за изградба на соларни централи, каде што еден проект е комплетно финансиран и завршен, а неколку се финансирани и во отплата - велат во Комерцијална банка.
За проекти од оваа област одобрените средства се движат од 500 илјади, до максимални 4 милиони американски долари. Од програмата за кредитирање на развојот од Италијанската кредитна линија средствата што се одобруваат се од 50 до 400 илјади евра. Рокот на отплата е од шест до десет години со грејс-период од една до три години.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=120121035584&id=10&prilog=0&setIzdanie=22484
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 07-Mar-2012 at 21:38
Среда, 07 Март 2012 12:58


m-lan%20solar%20logoОдличните предуслови со кои располага нашата држава, географската положба, економските услови и вечниот извор Сонцето, ја донесоа словенечката компанија за изградба на фотонапонски електроцентрали „М-ЛАН“ од Словенија во Македонија.
 

„Имате огромен потенцијал, но и потреба, како земја да изградите фотонапонски електроцентрали и да произведувате струја од природен ресурс. За разлика од Словенија, вашата земја има многу поголем број сончеви часови во текот на годината. Затоа, основавме ќерка-фирма во Македонија вели Андреј Мласко,

сопственик на компанијата М-ЛАН.

Огромниот потенцијал за кој зборуваат Мласко и институциите веќе е утврден како процент за учество на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на струја во 2020 година. Македонската влада одлучи тој процент на учество да е 21 отсто, објаснува Наташа Вељановска, стручен советник во техничко-енергетскиот сектор за електрична енергија во Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Со ова како земја членка на Енергетската заедница и идна земја членка на Европската унија ќе ги исполниме обврските кои произлегуваат од ЕУ директивата. Вкупното годишно сончево зрачење во Македонија варира од минимум 1250 kWh/m2 во северниот дел до максимум 1530 kWh/m2 во југозападниот дел, што доведува до просечно годишно сончево зрачење од 1385 kWh/m2, објаснуваат од Регулаторна комисија за енергетика. Ова го потврдуваат и од Агенцијата за енергетика, додавајќи дека Македонија има квалитетно сонце за производство и на топлинска и на електрична енергија.

Инвеститорот е задоволен од тимот со кој веќе работи на неколку актуелни проекти во Македонија, како и од огромната заинтересираност на луѓето да инвестираат или да разберат за придобивките од соларната енергија.

solar-1

„М-ЛАН Солар во своите развојни концепти за Македонија подеднакво се концентрира на проектирање на фотонапонски системи кои генерираат и ја предаваат електричната енергија во дистрибутивниот систем на операторот ЕВН и на фотонапонски системи кои генерираат електрична енергија која корисникот ја користи за сопствена потрошувачка (автономен систем)“, објаснува Цветанка Велкоска, дипломиран машински инжењер, технички консултант во компанијата.

Од неколку месечното присуство и работа со заинтересирани потенцијални инвеститори од компанијата велат дека има интерес за поставување на фотонапонски системи на веќе постоечки објекти (кровови), како и за поставување на фотонапонски системи на земја со соодветна носечка конструкција. Станува збор за инвеститори кои сакаат да добијат статус на повластени производители на електрична енергија, со гарантиран откуп од Операторот на пазарот на електричната енергија.

„Особено, изненадува фактот, што покрај интересот, општата јавност има доволно познавање за овој вид обновлив извор на енергија и придобивките од неговата употреба, што оди во прилог на зголемување на меѓусебната посветеност за користење на овој вид енергија, императив за земја со далеку повеќе сончево зрачење за разлика од Словенија“, објаснува Велкоска.

При изведба на фотонапонски електроцентрали, ќе се користат модули со голема ефикасност особено за подрачја со повисоки температури како што е нашето поднебје, а постигнувајќи го тоа со ќелии од кристален силициум. Инверторите и останатата електро опрема е со познат и проверен eвропски квалитет, поткрепена со сертификати и гаранции за квалитет.

http://www.time.mk/read/NONE/a870f35d44/index.html

Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1330
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 14-May-2012 at 16:25

Bulgarian Holding Starts Regional Expansion with Solar Park in Macedonia



Bulgarian company Solarpro Holding has signed its first contract for setting up a photovoltaic park in Macedonia, the company announced.

The 1 MW solar park will be built near the southern Macedonian city of Bitola. Solarpro's Macedonian branch will be in charge of the complete EPC (Engineering, procurement and construction) servicing of the project.

"The signing of this contract sets the start of the regional expansion of Solarpro Holding. The company's strategy is, after assuming a leadership position in Bulgaria's solar power sector, to taget the regional markets, with neighboring countries being the utmost priority," Solarpro said in a statement.

Solapro Holding notes that it has become the largest system integrator of photovoltaic parks in Bulgaria with a total of 32 solar power facilities at different stages of competition, and a total capacity of almost 100 MWp
novinite.com/view_news.php?id=139340
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 19-May-2012 at 10:09
Соларно дрво ќе никне до Јустинијан Први

Дрвото ќе работи со помош на фотонапонски панели и од него граѓаните бесплатно ќе може да ги полнат батериите на сите видови мобилни телефони



Најдоцна до крајот на месецов ќе се постави енергетското стебло
Нов проект во центарот на градот
Граѓаните веќе не треба да се грижат додека шетаат да останат без сигнал на мобилниот телефон поради празна батерија. Најдоцна до крајот на месецов, или почетокот на јуни, до споменикот на Јустинијан Први на кејот ќе се постави таканаречено енергетско стебло на кое граѓаните бесплатно ќе може да ги дополнат батериите на своите мобилни телефони. Носител на проектот е Агенцијата за енергетика во соработка со мобилниот оператор ВИП. Дрвото ќе работи со помош на фотонапонски панели и од него ќе може да се полнат батериите на сите видови мобилни телефони.

- Објектот ќе биде во форма на печурка и во долниот дел ќе има клупи за 5-6 луѓе да може да седнат и да ги полнат мобилните телефони. Енергетското стебло ќе работи како фотоволтаик, односно ќе се напојува од сонцето, но ќе има и батерии како дополнителен извор на енергија - ни изјави Лазар Гечевски, директор на Агенцијата за енергетика.

Тој вели дека со овој проект ќе избиеме меѓу првите во овој простор на регионот и Европа што имаат вакви инсталации во функција на граѓаните.

Од агенцијата додаваат дека иницијатива ќе придонесе и за едукација и зголемување на јавната свест за начините на користење на обновливите извори во секојдневниот живот, а градот Скопје ќе покаже дека се грижи за своите еколошки свесни корисници во урбаните средини. Освен стеблото за мобилни телефони, дознаваме дека општината Центар и ЈП “Паркинзи&рдљуо; се во преговори со Агенцијата за енергетика и за поставување полнач за електрични возила и велосипеди на пет локации во центарот на градот. Меѓу првите локации на која ќе биде поставен полнач за електрични возила и велосипеди ќе биде монтажниот паркинг во Капиштец. Во моментов на територијата на градот Скопје има многу малку таканаречени еко или хибридни возила (околу 15 автомобили) што не ја загадуваат животната средина и се движат на електричен погон.

Сепак, како што истакнуваат од Агенцијата за енергетика, мора да се размислува развојно и за странците што доаѓаат и го посетуваат градот. Оттаму додаваат дека почнале постапка за набавка на трицикл на електричен погон што ќе се користи за правење мали тури низ градот и за промоција на користење на новите технологии за намалување на емисијата на штетни издувни гасови.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51812918267&id=14&prilog=0&setIzdanie=22583
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.