build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончева енергија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 1489
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 22-Apr-2021 at 18:54
Bulgaria's Solarpro Holding wins 50 MWp power plant project in N. Macedonia

SKOPJE (North Macedonia), April 21 (SeeNews) - Bulgarian solar energy equipment supplier Solarpro Holding [BUL:0S8] said on Wednesday it was selected by North Macedonia's government to build a photovoltaic power plant with an installed capacity of up to 50 MWp at the location of an old mine in Oslomej, in the western part of the country......
....The company expects to reach over 80 MW installed capacity in North Macedonia in two years, Alexander Petreski, CEO of Solarpro's unit in North Macedonia said, noting that the company supplies over 450 companies in North Macedonia with electricity.

In 2020, Solarpro won a tender for the construction of a solar power plant of 10 MW in the village of Manastirec, Makedonski Brod.

Established in 2007, Solarpro Holding employs over 1,000 people....
...In Poland, Hungary, Bulgaria and North Macedonia, Solarpro operates complete renewable energy platforms, with over 150 MWp own projects in construction and 500 MWp + projects in development. The company is a leader in offering long term PPA's (Power Purchase Agreements), long term lease agreements for SaaS (Solar as a Service) and various other solutions for corporate sourcing of green energy and improving ESG (Environmental, Social and Governance) ratings.

As a general contractor and construction services provider, Solarpro Holding group is a global player with over 3000 MWp of installed capacity PV projects, completed on five continents to date. Particularly strong is the presence with construction services on some of the key EU markets - Netherlands, Germany, France and Portugal.

https://renewablesnow.com/news/bulgarias-solarpro-holding-wins-50-mwp-power-plant-project-in-n-macedonia-738651/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 15255
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 22-Apr-2021 at 20:03
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20830
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 29-May-2021 at 17:19
На местото каде требаше да има карго-аеродром во Штип, ќе се гради најголемата фотонапонска електрана на Балканот

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека на државното земјиште каде што требаше да се гради карго-аеродором во Штип, државата ќе инвестира 200 милиони евра во изградба на можеби најголемата фотонапонска централа на Балканот.

- На локацијата каде што имаше планови да се изгради карго-аеродоромот во Штип на државно земјиште од 477 хектари ќе се гради фотонапонска електроцентрала. Тоа е иделана локација за фотонапонска електрана од 300 до 350 мегавати, веројатно една од најголемите, ако не и најголема на Балканот. Тоа е колку два блока во РЕК Битола, колку да знае јавноста за колкав потенцијал се работи, рече Заев на денешната прес-конференција во Владата.

Тој додаде дека најверојатно централата ќе биде целосно во сопственост на државата и дека ќе се бара начин финансирањето да не влијае на зголемување на државниот долг.

„Ќе одлучиме дали тоа ќе биде 100 отсто наша инвестиција или ќе биде некое јавно-приватно партнерство, но впечатокот е дека треба да биде во целосна сопственост на државата“, рече премиерот.

https://faktor.mk/na-mestoto-kade-trebashe-da-ima-kargo-aerodrom-vo-shtip-kje-se-gradi-najgolemata-fotonaponska-elektrana-na-balkanot
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20830
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 30-Sep-2021 at 07:08
ЕСМ ЌЕ ЗЕМЕ ЗАЕМ ОД 25 МИЛИОНИ ЕВРА - ќе се градат две фотоелектрани, ТЕЦ Осломеј треба да престане да работи

Државните електрани на земјава ќе земат заем од 25 милиони евра, со кои ќе се градат фотонапонски електрани, а за него ќе гарантира државата. Кредитот ќе го одобри Европската банка за обнова и развој, а за изградба земјава ќе добие и инвестициски грант од ЕУ од пет милиони евра.

Ќе се изградат две фотонапонски електрани, едната во Осломеј, а другата во Битола.Тие се дел од проектот на државната ЕСМ, чија главна цел е производството на струја во земјава, од термоелектарните - се повеќе да се насочува кон соларни фотоволтаици, за да се намалат штетните последици врз животната средина.

Во Собранието веќе стигна Предлог законот за гаранција на земјава на Договорот за заем, кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и АД ЕСМ во државна сопственост.

Првата фотоелектрана, Осломеј 2, ќе има инсталирана моќност од 10 мегавати, додека фотоелектраната Битола е предвидено да има инсталирана моќност од 20 мегавати. Проектот ќе го спроведува ЕСМ. Се тврди дека проектот ќе придонесе кон декарбонизација и создавање на портфолио од обновливи извори на енергија, како континуитет на фотоелектраната Осломеј 1, со моќност од 10 мегавати.

„Специфична цел на Проектот е намалување на јаглеродниот диоксид, емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот. Притоа, ќе се намали емисијата на CO2 за 39.000 тони, на годишно ниво. ФЕ Осломеј 2 од 10 мегавати ќе замени дел од постоечката ТЕЦ Осломеј, за која е предвидено да престане да работи. Воедно, набавката и поставувањето на ФЕ Битола со моќност од 20 мегавати ќе придонесе за намалување на производството на електрична енергија од постоечкиот РЕК Битола, и ќе биде прва инвестиција во соларна енергија во овој регион. Фотонапонската електрана Битола ќе претставува модел за декарбонизација и ги поттикне приватните инвеститори да вложуваат средства во одржлив развој и зелена економија“, се вели во наведените цели што треба да се постигнат со овој проект.

Уште во ноември 2020 година, откако Владата донела таква одлука, Министерство за финансии и ЕСМ доставиле барање до ЕБОР за обезбедување на 25 милиони евра за финансирање на проектот. Тогаш во игра биле две опции, од кои едната била ЕБОР да го одобри заемот без државна гаранција, а втората со гаранција. Но, од Банката инсистирале сепак државата да гарантира за овој заем, односно го условиле неговото давање со државна гаранција.

Од власта се уверени и дека оваа инвестиција ќе придонесе за нови вработувања, што позитивно ќе влијае врз социјалниот аспект во овие два региони.

„Овој проект ќе придонесе за намалување на трошоците на ЕСМ за ископ на јаглен, како и помали трошоци на друштвото во однос на даноците, за испуштање на стакленички гасови од термоелектраните. Изградбата на двете фотонапонски електрани е планирана во околината на веќе постоечки термоелектрани, што ќе донесе финансиска корист, бидејќи ќе се користи постоечката патна и енергетска инфраструктура“, се вели во владиното образложение.

Во овој момент проценката е дека проектот за изградба на двете фотоелектрани ќе тежи 25 милиони евра. Проектот се планира да се финансира со заем од ЕБОР и инвестициски грант од ЕУ - ВБИФ. Инвестицискиот грант од пет милиони евра, кој е позитивно оценет, треба да биде одобрен во декември 2021 година. „Во зависност од висината на одобрениот грант, заемот од ЕБОР ќе изнесува меѓу 20 и 25 милиони евра“, навеле од Владата која е предлагач на законот за гаранција.

Во Законот стои дека „земјава го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем кој ќе се склучи меѓу ЕБОР и ЕСМ, во износ до 25 милиони евра, доколку ЕСМ не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот за заем“. Сите финансиски обврски кои произлегуваат од Договорот за заем, како и неговото сервисирање, ќе ги намирува ЕСМ, од приходите кои ги остварува.

Рокот за отплата на заемот е 12 години, со вклучен грејс период од две години. Отплатата ЕСМ ќе ја врши во 21 полугодишна рата, кои пристигнуваат за плаќање на 8 март и 8 септември секоја година. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 отсто.

ЕСМ ќе и плати на ЕБОР и еднократна провизија во висина од 1 отсто од износот на заемот. На Банката нашите државни електрани ќе и плаќаат и провизија од 0,5 отсто, од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво.

https://faktor.mk/esm-kje-zeme-kredit-od-25-milioni-evra---kje-se-gradat-dve-fotoelektrani-tec-oslomej-treba-da-prestane-da-raboti
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20830
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 29-Oct-2021 at 17:01
На покривот на ГТЦ ќе се гради соларен систем за производство на електрична енергија

Систем за производство на електрична енергија од Сонце на покривот на Градскиот трговски центар ќе градат АД ЕСМ и АД ГТЦ. Фотоволтаиците ќе бидат поставени на покривниот простор, кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот, соопшти АД ЕСМ.

Со изградба на фотоволтаиците на покривот на Градскиот трговски центар, како што се посочува, ќе се овозможи инвестирање во нови обновливи извори на енергија, со што се постигнува одржлив развој и се намалува негативното влијание врз животната средина преку искористување на кров на деловен објект.

Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и извршниот директор на АД ГТЦ, Ѓоко Трајчевски. Зафатот е со цел реализација на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година и еден од врвните приоритети на енергетската политика на АД ЕСМ, а тоа е енергетска трансформација со проширување на производствени капацитети од обновливи извори на енергија, посебно на сончева енергија, стои во соопштението.

https://nezavisen.mk/na-pokrivot-na-gtc-kje-se-gradi-solaren-sistem-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 29-Oct-2021 at 18:31
Дај бе нека не се брукаат со проектчиња на ниво на месна заедница во време на енергетска криза.

Да не зборувам дека покривов требаше да стане зелен како што беше најавата, што е поважно за централното градско подрачје отколку да стане извор на сончева енергија од стотина киловати.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20830
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 24-Nov-2021 at 07:44
Ќе имаме стратешка инвестиција за соларен парк до 300 мегавати вреден 270 милиони евра

Одобрена е нова стратешка инвестиција за соларен парк до 300 мегавати вреден 270 милиони евра, соопштија од Владата.

На денешната 120-та седница Владата донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ - Скопје.

„Станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион“ вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз“ (Akuo Energy Sas Paris) од Франција, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегават часови“, стои во соопштението.

https://faktor.mk/kje-imame-strateshka-investicija-za-solaren-park-do-300-megavati-vreden-270-milioni-evra
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20830
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 27-Nov-2021 at 14:50
Француска фирма в година ќе гради соларен парк кај Штип

Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегавати (MW). Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија, соопштуваат од Владата. Оттаму информираат дека соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на следната година на локацијата која била предвидена за карго аеродромот во Штип.

– Поради движењата на ветровите оваа локација не е погодна за изградба на аеродром, но согласно анализите на соларната радијација, карактеристиките на земјиштето како и оддалеченоста од преносната мрежа, оваа местоположба има одлични услови за изградба на фотонапонска електрана. За успешна реализација на инвестицијата, Владата донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје – информираат оттаму.

Проектот ќе го реализира француската компанија за производство на електрична енергија исклучиво од обновливи извори „Акуо Енерџи“. Ќе чини околу 270 милиони евра, за која во фаза на подготовка е посебен закон за реализација на оваа инвестиција, кој се очекува да се донесе во првиот квартал од 2022 година.

– Првите количини на електрична енергија ќе протечат во текот на 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024 година. Производство на електрична енергија е проценето на околу 650 (GWh) гигават часови на годишно ниво, што преставува 16% од годишното производство на електрична енергија од АД „ЕСМ“. Оваа фотонапонска централа ќе ги задоволува потребите на околу 116 илјади домаќинства – уверуваат во Владата.

https://meta.mk/francuska-firma-v-godina-kje-gradi-solaren-park-kaj-shtip/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20830
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 28-Nov-2021 at 13:58
СО 160 KM КВАДРАТНИ СОЛАРНИ ПАНЕЛИ БИ ЈА СПАСИЛЕ МАКЕДОНИЈА Тоа е површина од 13 по 13 километри

Простор поплочен со соларни панели со површина од 160 километри квадратни, или просто речено 16 илјади хектари, е доволен Македонија целосно да се префрли на сончева енергија и да стане независна од јагленот или каков било друг извор на струја, според сегашната потрошувачка и количината сонце што ја добиваме, пишува сајтот Фајндер (пребарувач).

Ако земеме дека централното јадро на Скопје, од населбата Ѓорче Петров до Ново Лисиче е некаде 13 километри, квадратен простор од 13 по 13 километри ќе ја заврши оваа работа. Неверојатно нели?

Според Фајндер, повеќето земји во светот, имаат доволно пари за да направат вакви соларни паркови. На пример, 87 отсто од земјите би можеле да се напојуваат користејќи помалку од 5 отсто од површината на нивната земја. Тука отстапува Велика Британија, на која ќе ѝ требаат 12,3 отсто од нејзината површина да биде покриена со соларни панели.

За споредба, потребни се приближно 16 соларни панели за куќа од четири лица во Велика Британија. Само три места вклучени во анализата имаат потреба од повеќе соларни панели отколку што имаат земјиште: Сингапур (830 отсто), Хонг Конг (213 отсто) и Бахреин (156 отсто).

Ова има смисла бидејќи тие држави се многу мали, а густо населени. Севкупно, ни требаат околу 1,1 милион квадратни километри соларни панели за да ја напојуваат целата планета Земја, што е помалку од површината на Јужна Африка.

https://plusinfo.mk/so-16-il-adi-hektari-solarni-paneli-bi-a-spasile-makedoni-a-toa-e-povrshina-od-13-po-13-kilometri/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 15255
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 07-Dec-2021 at 18:00
Соларен парк ќе никне во близина на Штип каде што требаше да има карго аеродром



Од следната година ќе се гради соларен парк на потегот меѓу Свети Николе и Штип на местото каде што требаше да биде изграден карго аеродром. Според плановите, што денеска беа презентирани во Владата, соларниот парк треба да ги задоволува потребите за струја на 94.000 домаќинства.

Инвестицијата, која со одлука на Владата е прогласена за стратешка, е проценета на околу 270 милиони евра. Соларниот парк ќе го гради француската компанија „Акуо Енерџи“ преку Друштвото за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје. За реализација на инвестицијата треба да се подготви закон кој се очекува да биде донесен во првиот квартал наредната година.

Премиерот Зоран Заев на промоцијата на инвестицијата најави дека првите количини електрична на енергија ќе протечат во 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024 година. Производството на електрична енергија е проценето на околу 650 гигават часови на годишно ниво, што претставува 16 проценти од годишното производство на струја од АД ЕСМ.

Претседателот на француската компанија „Акуо Енерџи“ Ерик Ското рече дека уште од денеска неговите екипи ќе работат заедно со македонската администрација за да се реализира проектот. моите екипи ќе работат неуморно со вашата администрација и со вашите граѓани за да се изгради

Францускиот амбасадор во државава Сирил Бомгартнер истакна дека инвестицијата има големо стратешко значење бидејќи ќе придонесе да се зајакне енергетската независност на Северна Македонија, истовремено помагајќи и на земјата да го изоди својот амбициозен европски пат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Во Македонија се проценува дека има 280 сончеви денови, но само речиси еден процент од неговата енергија се користи за производство на струја.

Според извештајот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2020 година во земјата има 173 фотонапонски електроцентрали. Тие произвеле 0,72 проценти од вкупното производство на струја.      

https://www.slobodnaevropa.mk/a/31597682.html
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 15255
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 06-Apr-2022 at 12:40
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20830
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 16-May-2022 at 17:08
Нова закана за земјоделското земјиште – фотоволтаици (ВИДЕО)



https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/nova-zakana-za-zemjodelskoto-zemjishte-fotovoltaici-video
Carpe diem
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2031
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 16-May-2022 at 17:32
Каква закана бе?! За кое земјоделство? Па Киргистан не шие у цена за традиционални македонски прозиводи?! Крај крајева најважно на крајот од денот е колку евра прозиведува еден квадрат m^2! Се друго е џабе зборење! Македонија е со 40% обработено земјоделско земјиште, а и тоа што е обработено е сумљиво, све се некои неродни закржлавени сорти во substantial земјоделство! Правиме ефтин производ, да не се тие анти-капиталиситчките комуњарски субвенции за купување гласачи, едвај ќе опстојат на пазар. Боље барем струја да се произведува на тие површини!

Edited by user8642 - 16-May-2022 at 17:33
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1149
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 17-May-2022 at 22:09

На тема антикапиталистички општества... Нормални земји си штитат домашно производство на есенцијални сектори. За цена само ако се гледаше немаше ни шајка западно од Босфор да се произведува.

ЕУ: "In 2019, €38.2 billion was spent on direct payments to farmers and €13.8 billion on rural development".

Сончеви колектори и секаков вид комерцијални објекти, пожелно е да се градат на неземјоделско земјиште. Common sense.


Edited by <Fresno> - 17-May-2022 at 22:09
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 18-May-2022 at 20:30
Живеење во мирнодопски период и глобализација создаде услови дека секогаш се има, а во суштина видовме првин со пандемијата како наеднаш синџирите на снабдување се нарушуваат, а сега со војната во Украина и те како ќе почувствуваме зашто имаме преслабо производство на храна и енергија.

Фресно убаво кажа погоре, фотоволтаици треба да се градат на земјиште, кое не е погодно за земјоделство, а не на нивите да се градат.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 497
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 18-May-2022 at 21:44
Колку брда, ридови и планини имаме на кои што има неискористен потенцијал... сонце каде што фаќа највеќе. Таму треба да се гради...

Не ми е проблем и на ниви да се гради, не дека го нема тоа никаде, но секогаш е пожелно да се избегнат нивите и да се гради на далеку подобра локација.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20830
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 09-Jul-2022 at 17:07
Нивите кај Мустафино се уште го “чекаат“ соларниот парк “Стипион“



Се уште се чека на реализација на енергетските проекти што од Владата добија потпис врз основа на Законот за стратешки инвестиции. Таква е состојбата и со соларниот парк „Стипион“ кај Мустафино за чиј старт требаше да се донесе посебен Закон во првиот квартал од годината.

Доцнењето им влева надеж на земјоделците дека проектот нема да се реализира бидејќи се одземаат над 450 хектари од најплодното земјоделско земјиште во овчеполието. Соларниот парк „Стипион“ треба да се постави на местото каде требаше да се гради карго аеродром.

Нивите кај Мустафино се уште ги чекаат соларните панели на француската „Акуо Енерџи“. Осум месеци по владината одлука соларниот парк „Стипипон“ да стане стратешка инвестиција нема никакви активности на терен. Се чека на посебен Закон за да почне неговата реализација. Така е со сите седум проекти што добиле потпис од Владата врз основа на Законот за стратешки инвестиции. За земјоделците тоа е добар знак. Се надеваат дека проектот ќе се откаже. Велат штета е да се изгуби најплодното земјиште во овчеполието што е и под систем за наводнување.

Официјални информации околу статусот на соларниот парк „Стипион“ немаат ниту во општина Свети Николе. Велат до нив не се стигнати никави барања од инвеститорот, но и да стигнат нивната работа е само техничка, посебно кога станува збор за инвестиции кои имаат статус на стратешки.

Соларниот парк „Стипион“ треба да се постави на местото каде требаше да се гради карго аеродром. За намената на овие 452 хектари Владата постојано се премислува, но и повторно ќе плаќа пари од буџетот. Прво во 2006-та направи експропријација на земјиштето, тоа од земјоделско стана градежно, па од 2011 повторно склучи 90 договори со земјоделците кои до сега го обработуваат.

Проектот како стратешка инвестиција беше промовиран лани во Декември од тогашниот премиер Заев. Инвестицијата треба да се реализира преку Друштвото за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР” – Скопје. Планот е да вложат 270 милиони евра и да се произведуваат 620 GWh.

https://24.mk/details/nivite-kaj-mustafino-se-ushte-go-chekaat-solarniot-park-stipion
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20830
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 10-Oct-2022 at 17:14
Св.Николе

Електраната се состои од 31.772 сончеви панели на површина од 300.000 квадратни метри со 17 мегавати номинална инсталирана моќност и предвидено производство од 25.000 MWh зелена енергија годишно, што би можела да снабдува над 5.500 македонски домаќинства.





https://www.facebook.com/VladaMK

Edited by stef4o - 10-Oct-2022 at 17:15
Carpe diem
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 740
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 11-Oct-2022 at 07:42
kolku luge se vraboteni?
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 11-Oct-2022 at 14:23
Па сигурно 1-3
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5678>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.